Испечати | Затвори го прозорот

СП во ракомет - Катар 2015

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Спорт
Име на форумот: Кошарка и ракомет
Опис на форумот: Нашите најуспешни национални спортови
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27203
Датум на принтање: 22.Јули.2024 во 20:20
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: СП во ракомет - Катар 2015
Постирано од: Blue Scarlet
Наслов: СП во ракомет - Катар 2015
Датум на внесување: 12.Јуни.2014 во 13:07
Светското првенство во ракомет за мажи 2015 година ќе биде 24-то по ред организирано од IHF (International Handball Federation) . За домаќин е избран Катар, а се гласаше на 27 јануари 2011 во конК*ренција со Полска, Франција и Норвешка. Натпреварувањето ќе се одржи од 15 јануари до 1 фебруари 2015 година. Ова е втор пат СП да се одржи во земја од Средниот Исток по Египет во 1999 година. Ќе учествуваат 24 репрезентации, Шпанија е автоматски квалификувана како светски шампион. 

Европските квалификации се одржуваат од 7 до 15 јуни. 

Она што нас не интересира е Македонија. На првиот натпревар во Атина против Грција извојувавме минимална победа од 27-25. Како по обичај Борко Ристовски растури со 17 одбрани, Ренато Вугринец постигна само1 поен на својот деби натпревар за нашата репрезентација а капитенот Кире Лазаров имаше 7 погодоци. Свесни се дека не играа на нивото на кое се очекуваше и се надевам дека тоа ќе се поправи на реваншот во Скопје. 

Карите за натпреварот во недела се пуштени во продажба од среда (се надевам дека досега се распродадени) и во недела очекувам вистински пекол за грците во СЦ „Борис Трајковски“ ... голема насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Коментари:
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 12.Јуни.2014 во 14:12
мислам дека Грците коректно се однесуваа во ΑΘΗΝΑ со македонските репрезентативци.. треба и ние пристојно да навиваме, и онака сме за класа подобри..

-------------

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 12.Јуни.2014 во 15:25
Тоа дека сме за класа подобри и не го покажавме баш во Атина. Дури и натпреварите како тој во кој сме фаворити мораат да бидат драматични ... охголема насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Јуни.2014 во 15:29

Сега во недела играат во Скопје?

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 12.Јуни.2014 во 15:30
Да бе шефице, ако не можам да те заинтересирам за фудбал за ракомет знам дека заедно навиваме ... голема насмевкаголемо гушкање

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 12.Јуни.2014 во 15:36

За ракомет и кошарка, кога можам одам и на лице место да ги гледам.големо гушкање
Овојпат за малку ќе ги пропуштам.

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 12.Јуни.2014 во 15:53
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Тоа дека сме за класа подобри и не го покажавме баш во Атина. Дури и натпреварите како тој во кој сме фаворити мораат да бидат драматични ... охголема насмевка

намерно изиграа со 43,48% сили за во ревншот да биде полна салата..

-------------

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 11:42
http://grid.mk/read/news/507851935/7610894/shto-se-sluchi-vo-grcija-i-zoshto-mirkulovski-sakashe-da-go-tepa-borko" rel="nofollow - - Што се случи во Грција и зошто Миркуловски сакаше да го тепа Борко?
Што се случувало во Атина, вистина налетале еден на друг да се тепаат???
изненадување

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 11:45
Да, нешто се спречкаа после крајот

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: Орка
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 12:06
Не ме чуди што се спречкале...Од деца раснат во исто маало.
И се знаат.Не би рекол дека се дружеле,многу се различни.
А маалото знае да биде сеирџиска работа...
Борко е јак и пис на вилица,овој со помалце трпение.
И толку треба.

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 12:08
Колку што разбрав проблемот бил затоа што Борко се обиде да даде гол од гол, а Миркуловски бараше да му биде додадена топката. Всушност и во право беше Миркуловски затоа што резултатот не оставаше простор за такви „испади“ ... 

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 12:11

Ама Борко често знае да изиритира со тие негови егзибиционистички шутирања од гол на гол.
И мене понекогаш ме нервира со тоа, посебно кога не е момент.
Ама не би го тепала. плазење

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: Орка
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 12:38
Џабе тепањето...
Скоро и да немаше ден на игралиште
со некој да не се затепаше,ама ете
умот не му дошол.

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 12:42

Ми нема ни да му дојде.
Таков си е он, евергрин. голема насмевка

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: Орка
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 19:29
Мило ми е и за двајцата,и уште
неколку ајде ќе речам деца што
од оваа средина успеаа во спортот.
И двајцата од просечно и со различни
проблеми семејства се на некој зенит
во спортот.И жално за нив што тие
демони на минатото успехот кај
нив не направил да исчезнат.Но ги
потхраниле та сега само си се
девалвираат,сметајќи дека тие се
центарот,а не дресот што го носат.
Но ајде тука е победата,сигурно
тренерот е добар психолог и
социолог да ги потсреди работите.
Па ова ќе им остане само приказна за
маало кој поголем фраер испаднал.

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Јуни.2014 во 17:09
Апелирам за сериозно сфаќање на натпреварот од страна на мк репрезентативци..

..бидејќи и Србија имаше 8 голови предност против Чешка па сепак во реваншот
изгубија со 12 разлика...

-------------

Постирано од: fiks
Датум на внесување: 15.Јуни.2014 во 18:53
Не верувам дека нашите репрезентативци би си дозволиле нешто слично како србите.
Моја процена е дека ќе победиме со минимум 9 голови разлика

-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 15.Јуни.2014 во 22:19
Originally posted by fiks fiks напиша:

Не верувам дека нашите репрезентативци би си дозволиле нешто слично како србите.
Моја процена е дека ќе победиме со минимум 9 голови разлика

Море јас мислев ќе тепаме со 6-7, они дупло разлика направија....Србите ќе ги нема во Катар, но затоа Босанците и Словенците направија изненадувања против Исланд и Унгарија па балканот пак ќе има голем број претставници.

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 15.Јуни.2014 во 22:47

Не го гледав натпреварот, ама можам да замислам што атмосфера било во салата.
Значи се пласиравме на светско и пак ќе гледаме добар ракомет.забава

Се знае ли конечна листа на пласирани или има уште натпревари?

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: gonzo
Датум на внесување: 16.Јуни.2014 во 10:52
Европа, Азија, Африка се веќе познати, уште три тима од Америка треба да изборат учество.

Катар, Алжир, Египет, Тунис
Бахреин, Иран, Емирати, Австралија
Шпанија, Хрватска, Данска, Франција, Австрија, Белорусија, Босна, Чешка, Македонија
Полска, Русија, Словенија и Шведска
и плус три тима од Панамерика најверојатно Бразил, Аргентина и Чиле

-------------
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 16.Јуни.2014 во 11:28
Е ова е резулатот кој покажува дека навистина сме класа за грците. Со 12 разлика и атрактивен натпревар момците и се раздолжија на публиката и си обезбедија место на СП во Катар. 
Многу ми е мило и за изненадувањето на денот, Босна го исфрли Исланд .... голема насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Јуни.2014 во 14:13
Без Унгарија и Исланд на СП (на кои сме им редовни муштерии),
МК би можела да се надева дека ќе стигне можеби и до полуфинале...

-------------

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 02.Јануари.2015 во 18:30
Ситно броиме ... искрено едвај чекам ... забаваголема насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 07.Јануари.2015 во 13:58
Распоред на натпреварите:

16. 15:00 Тунис (губиме 2 разлика)
17. 17:00 Иран (тепаме 4)
19. 17:00 Б и Х (тепаме 1)
21. 17:00 Хрватска (губиме 4)
23. 17:00 Австрија (тепаме 2)

во заградите се моите прогнози..

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 12.Јануари.2015 во 14:33
Блу се јавува на коментаторското место. Ќе си пишувам јас бе што ми лежи на душа па што е битно дали некој ќе чита и ќе коментира. 

По контролниот натпревар со Алжир и една победа со резултат 32:20 ( за реазлика од „драма“ натпреварите со можност за срцев удар на кои сме навикнати) момците од ракоментаната репрезентација ме направија горда со реакцијата на референцата „FYR“ испишана на автобусот кој ги дочека во Катар. Се снајдоа организаторите де и откако нашите ракометари одбија да се качат во автобусот ги покрија „вишокот“ букви со селотејп и се заврши работата. голема насмевка

П.С. Колку да се знае иако Вугринец е "sexy as hell" јас и понатаму најмногу си го сакам Борко Ристовски ... голема насмевкаплазење

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 13.Јануари.2015 во 09:10
јас секако ќе коментирам за ракометов, еве еден малициозен коментар за почеток:

во Обединети Нации може FYROM, а на автобусот не може...

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 13.Јануари.2015 во 13:52
Колку за инфо го нема селотејпот веќе со кои беа покриени буквите на автобусот, но ги нема и буквите бе ... голема насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 13.Јануари.2015 во 14:02
Еј стварнозадоволство

Едно поранешно комшивче замина со нив во Катар, медицинска поддршкаголема насмевка Ми вика, Лина ма, кога го видовме тоа Фиром рековме - ги нема грците, сега или никогаш!!! 

Инаку едвај чекам да почнат, јас спорт гледам само МК кога игра, инаку не ми е интересно. Ама нашите не ги пропуштам никогашголема насмевка

-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 15.Јануари.2015 во 22:27
И ете го започна СП во ракомет - Катар 2015. Отварањето во полза на домаќините. 
Катар - Бразил  28:23

Салата празна. Имаат пари ама ја немаат љубовта кон ракометот. Имаше една интересна група на „навивачи“ која секогаш кога ќе ја покажаа во кадар ќе ме насмееше слатко. Се прашувам по колку пари им дале да мафтаат со знаменцата? збунетост

И уште еден МНОГУ БИТЕН момент ( и колегата Ли ќе се сложи со мене плазење) - Златко Калински како коментатор на МТВ газење од смеењеѓавол

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Јануари.2015 во 22:53
во СФРЈ (колку што се сеќавам) Златко беше задолжен за ракомет, Таско за фудбал и покојниот Иван Мировски за кошарка...

сигурно Калински ќе биде на висина на задачата уште да го земе и Дарко Панчев за стручен соработник...

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 15.Јануари.2015 во 22:59
Секако дека ќе биде колега ... само тој може толку поетично да ја опише драмата која не очекува деновиве ... голема насмевкаплазење

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 15.Јануари.2015 во 23:04
против Хрватска ни е загарантиран поразот, против Иран победата,
а против останатите 3 екипи се` може да се случи, дури и Тунис да го
победиме, но и од Австрија да изгубиме...

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 15.Јануари.2015 во 23:09
Нема да претпоставувам. 
Ќе си седам, ќе си гледам, ќе викам, ќе колнам, ќе вреѓам, ќе плукам и ќе се надевам дека нема да ме фркне срцето ...ете до толку сум .... голема насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Јануари.2015 во 16:15
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Ќе си седам, ќе си гледам, ќе викам, ќе колнам, ќе вреѓам, ќе плукам и ќе се надевам дека нема да ме фркне срцето ...ете до толку сум .... голема насмевка

Vo momentov te zamisluvam, ne pcuesh bash
A jas pa, tolku zanesena bev prvo poluvreme, mi ostana cela rabota nezavrshena. Stoejkji gledav
Iskreno me iznenadija malku, ochekuvav za nijansa polosha igra.
Iako pak, kako sekogash od gotovo veresija si pravat, ama ako, toa im e zashtiten znak

-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Јануари.2015 во 16:33
I na kraj me iznenadija maksimalno
Bravo be!

33:25

-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Јануари.2015 во 16:49
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

против Хрватска ни е загарантиран поразот, против Иран победата,
а против останатите 3 екипи се` може да се случи, дури и Тунис да го
победиме, но и од Австрија да изгубиме...

сега уште фали од Австрија да изгубиме...

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Јануари.2015 во 16:52
Искрено не очекував токлу лошо Тунижаните да изиграат, ние не бевме толку добри колку што покажува резултатот...

Се надевам дека вака ќе продолжат, само да не се кренат во облаци после оваа победа..

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 16.Јануари.2015 во 16:55
Ти што промаши, промаши колега јас сум си ваква голема насмевкаголема насмевкаголема насмевкаголема насмевка

Уште еднаш се докажа зошто Борко ми е омилен, му ја сакам насмевката бе и кога ќе прими и кога ќе одбрани ... голема насмевка
Пак се провлекува прашањето дали Миркуловски има бенифициран стаж во репрезентацијата се чини дека и на ова СП тој пак најмногу ќе јаде ќотек.

Дечките беа СУПЕР. Јас си викав, рацете ме болат од ракоплескање и ми се допаѓа тоа што не избрзуваа како што знаат и се гледа коначно дека се добар и уигран тим.... аплауз

Македонија - Тунис 33:25 без многу драма

Само напред, јас не сум од оние со Македонскиот Синдром и нема да очекувам пораз туку само нови победи ... плазење злонамерноголема насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 16.Јануари.2015 во 17:03
какви Македонци сме ако и после победа и после пораз не почнеме да плукаме...

Постирано од: svetosparki
Датум на внесување: 16.Јануари.2015 во 18:09
HOW YES NOW...KE se razvedam od zena mi i ke go zeam Mirkuloski

Постирано од: ANA_MARIJA
Датум на внесување: 16.Јануари.2015 во 22:07
http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=59073" rel="nofollow">Браво момциголемо гушкање

-------------
Mи е гајле
И за универзумот и законите кои го движат,
Гајле ми е ако утре запре светов

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 17.Јануари.2015 во 18:37
Е ова е веќе македонската репрезентација што ја знаеме, арно ама оти вчера ме разгалија денеска сум во прединфаркта состојба .... ух

Па тоа Садамовите браќа нели аутсајдери па едвај ги победивме бе. Вчера 33, денес 33 но денеска разликата беше само 2. 

Класични грешки, избрзување, експериментирање, опуштеност ...... Победа си е победа бе, што ни е гајле ... голема насмевка

Македонија - Иран 33:31

П.С. Заборавив многу битен момент кој дефинитивно треба да се прибележи. 

Златко Калински Непознат ирски коментатор : Балерината што наликува на мечка ( За Стојанче Стоилов) газење од смеење

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 17.Јануари.2015 во 19:26
Иранците Садамови браќа??? Садам е од Ирак и е Сунит, а Иранците се Шиити,
се сакаат отприлика како Србите и Хрватите, дури и уште повеќе...

За Стојанче Стоилов мислам дека не искоментира Златко туку Драган Николовски (од А1),
и тоа цитираше некој ирски новинар што се разбирал во ракомет, не е негово.

Инаку ова беше античко дерби, македонската фаланга уште еднаш
ги порази Персијците овојпат во битката во Доха...

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 17.Јануари.2015 во 20:55
Аууууу ситничар .... изненадувањеголема насмевка

Јас не навлегував во ТОЛКУ детална анализа .... 

1. Ги нареков „Садамови браќа“ по изгледот без да ги анализирам односите 
2. Натпреварот го гледав без тон на WEB Max Tv а коментарот дека е на Калински го прочитав на Твитер (моја грешка - непроверена информација) ох

А и што е битно бе буквалист, победивме и толку. голема насмевкаплазење

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 17.Јануари.2015 во 21:00
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Аууууу ситничар ....

добро е и што жените барем следат ракомет

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 17.Јануари.2015 во 21:02
Следат,следат и ракомет и фудбал. Кошарка не од времето на последната Југославија, тенис повремено и така .... газење од смеењеголемо гушкање

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 18.Јануари.2015 во 23:41

Со Тунис не можев, ама вчера си ги гледав. Иако не беше возбудлив и адреналински натпреварот, сепак победа си е победа. Па дури и со втор состав, мудро од Обрван.... Одбраната само дупка-до-дупка, ама ај да не ситничариме голема насмевка ... а и не смеам да кажам ништо лошо за Борко, оти Блу ќе ми се скара плазење
Утре ќе бидат подобри.да

Еве и http://ekipa.mk/fotogalerija-katarskite-sheitsi-pochnaa-da-navivaat-za-makedonija/" rel="nofollow - катарските шеици навивале за нас. Освен ако не се некои наши камуфлирани навивачи...голема насмевка

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 19.Јануари.2015 во 18:49
Победа не е победа ако не е драматична. кубење коса

Се знаеше дека ќе биде тешко, но со почетокот на натпреварот се понадевав предвреме дека можеби и нема да имам причина повеќе за инфаркт. Е ништо од тоа, џабе се надевав. 
И се си велам ќе се навикнам и нема да се нервирам до толку ама ете не бидува. 

Кире беше во аут, Борко исто (признавам), Ренато се обидува да си го најде местото во репрезентацијата а Прибак не извади... 

Мислам дека ни украдоа еден поен на 18 мин. и 42 сек. ( оние со t home потврдија со враќање назад на снимката). Босанците паѓаа како круши 5+ за добрата глума. А судиите се посебна приказна ( се ми се чини дека се учеа на нас замисленост )

Како и да е ХЕТ ТРИК за Македонија на ова СП

БиХ - Македонија 22:25

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: svetosparki
Датум на внесување: 19.Јануари.2015 во 19:05
SE pismaniv...TEBE ke te zeam-ne Mirkuloski

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 19.Јануари.2015 во 19:14
мислам дека имаме квалитет за 1/2 финале, дури потајно се надевам
и Хрватска да ја победиме, не ми изгледаат нешто пресилни како порано...

Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 20.Јануари.2015 во 00:28
http://panika.be/koga-bosna-ke-ni-dadese-gol/#sthash.YzyRbXEw.dpbs" rel="nofollow - http://panika.be/koga-bosna-ke-ni-dadese-gol/#sthash.YzyRbXEw.dpbs

-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Јануари.2015 во 10:47

Прибак не извади завчера, ама денес изгледа нема да игра. Морал ли баш сега да јаде сладолед бе...

Кире имаше лош ден завчера, ништо страшно. Денес има да се распука како што знае тој, ќе бидат подобри... пакголема насмевка

Некако созреани се ова првенство, тоа ми се допаѓа. Искуството си го прави своето.
Што и да направат со Хрватска, сакам како и секогаш само да гледам добра и жестока борба на теренот. да

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 21.Јануари.2015 во 18:35
Barem se obidovme, shto vika Blue srcevo kje me stegneshe. Odamna ne sum gledala nekoj natprevar bez zbor da izustam
Imaa dobra odbrana hrvative, (plus mu go udriv merakot na golmancheto ) nas koncentracijata ni odleta nekako...
Vazno e da se igra, neli povekje srekja sledniot natprevar...

26:29

-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 21.Јануари.2015 во 18:40
Наздравје нека ни е!

Македонија - Хрватска 26:29

Првото полувреме срцето големо како планина (лавовско де голема насмевка), второто полувреме дијазепам на маса и чаша вода газење од смеење

Знаевме дека нема да биде лесно, претпоставуваме дека ќе изгубиме ама се надевавме на победа (леле колку поетично охголема насмевка). Како и да е, не знам за вас ама сепак ова беше добар натпревар. Да не им беше голманот решето ќе ги направевме. 

Е сега не е дека и нашите се за сите пофалби. Не ми е јасно зошто Филип Лазаров, зошто Наумче Мојсовски, зошто и (мојот плазење) Борко Ристовски не се менуваат од селекторот кога не им е денот бе? Зошто на клупа се држат Вугринец, Прибак, Диви ... Ете не знам.

Ќе одмориме па во петок ќе се бориме за втората позиција во нашата група. 

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 21.Јануари.2015 во 20:20
Изгледа треба уште фурни крух да изедеме па да ги тепаме Хрватите,
се гледа дека се подобри... мене не ми беше јасно зошто кога имавме можности
за контри запиравме и одевме на долг напад...

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 22.Јануари.2015 во 03:12
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Изгледа треба уште фурни крух да изедеме па да ги тепаме Хрватите,
се гледа дека се подобри... мене не ми беше јасно зошто кога имавме можности
за контри запиравме и одевме на долг напад
...
не се разбирам многу во ракомет ама одејќи според кошаркарска/фудбалска логика, и јас се чудев (и пцуев) на истото

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 22.Јануари.2015 во 13:26

Добар беше натпреварот, посебно првото бомбастично полувреме. Паднаа во второто, како и секогаш психолошки, ама не им се лутам. Изгубивме од Хрватска, не од Иран или Тунис. Изгубивме поради наши грешки, ама барем се бореа машки. Па и со тие судии, да не знаеш што гледаш, балет или ракомет, претеруваат...вртење со очи

А можно е и да им попуштивме...плазење

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 23.Јануари.2015 во 18:48
Официјален победник на мечот Македонските Навивачи во последните минути на натпреварот. голема насмевкада

Подпросечно прво полувреме на нашите ракометари. Имавме еден тон грешки но како по обичај едното полувреме секогаш е лошо, добро е што тоа беше првото. А и нивниот голман не уби.
Е сега да имавме вакви судии и против Хрватска и нив ќе ги победевме голема насмевкаплазење
Мило ми е што Обрван коначно го смени Борко и Диви како за инает се расцепи од бранење, наградата требаше да отиде кај него а не кај Кире. Со Мојсовски не знам што ќе правиме и зошто се форсира толку многу кога не му оди баш најдобро. 
Натпревар со многу искучувања, во еден момент помислив дека сите ќе бидат исклучени .. голема насмевка

Како и да е втори во групата по победата

Македонија - Австрија 36:32

Не чека Словенија во 1/8 

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 23.Јануари.2015 во 19:32
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Македонија - Австрија 36:32

Мала помош од асистентот ... 36:31

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 23.Јануари.2015 во 22:38
Затоа си тука ти .... голема насмевкаплазење

бакнежголемо гушкање

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 24.Јануари.2015 во 01:06

Јас па си реков првото полувреме, ко што играа лабаво, решиле да им попуштат на Австријците, за да не играат со Словенците.
Браво за сите, посебно за Дивиот. И за Миркуловски. Душичка, сигурно е најтепан играч на првенството...загриженост

Ај и со Словенија така. Па да видиме чив е ајварот... ѓавол

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 18:14
И стигнавме до крајот!

Словенија - Македонија 30:28

Ако зборуваме реално со толку промашени пенали не се оди во 1/4 финале бе. Каде беше среќата? Во стативите на противничкиот гол, ете каде. А и за разлика од нашите ДВАЈЦА голмани нивниот еден не изеде за појадок. Го немаше тимот, немаше ниту напад од бековите ниту одбрана од голманите. Да не ни беа крилата ќе го јадевме повеќе.

Македонија се сака и кога победува и кога губи. Јас ќе кажам БРАВО момци.

Ако ништо друго ќе заштедам на нервите повеќе. 

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 23:47
Сепак Словенија е поголемо ракометно име од Македонија. Уште на мечот со Хрватска
се виде дека ама ич не ни одговара брзиот центар што го форсира противничката
екипа против нас. Тоа Словенците убаво го забележале и го применија во пракса денес.
Плус факторите голмани и среќа играа пресудна улога, но и покрај тоа изгубивме
со само 2 разлика. Штета што нема да одат на ОИ во Рио и да гледаат убави
бразилски женски газиња во бикини.

Постирано од: Орка
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 23:53
Молчев кога победуваа,ќе си молчам и сега.Само штета ќе речам.

Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 25.Јануари.2015 во 23:57
Можеше и подобро, ама ако, следниот пат.
Важно е да се учествува детанцување

-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 01:53

Не ми се ни пишува од што ми е жал, ама тоа а тоа. Лоша спортска среќа, слаба игра, голмани нула, и заврши приказната.
И покрај поразот, јас можам само да им кажам едно БРАВО и благодарам за убавите спортски моменти. големо гушкање

На крај завршивме на 9-то место на Светско првенство, што е наш најдобар резултат.

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 03:42
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Не ми се ни пишува од што ми е жал, ама тоа а тоа. Лоша спортска среќа, слаба игра, голмани нула, и заврши приказната.
И покрај поразот, јас можам само да им кажам едно БРАВО и благодарам за убавите спортски моменти. големо гушкање

На крај завршивме на 9-то место на Светско првенство, што е наш најдобар резултат.

сега чекаме да видиме дали ќе има прослава на плоштад голема насмевканамигнување

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 07:36
A zoshto pa da nema, 9to mesto zarem e za frlanje
Zamislete voopshto i da ne stignevme do Katar

-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 20:04
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

A zoshto pa da nema, 9to mesto zarem e za frlanje
Zamislete voopshto i da ne stignevme do Katar
а зошто па да славиме?

грандиозно славење за осмо, четврто или друго xxx место на некое првенство и дочекување на група спортисти (кои некако едвај се доклепале до првенството, а не па до фамозниот пласман во самото првенство), како да се национални херои кои штотуку се вратиле од голема битка, е крајно патетично
ако бевме на 10 место, сигурно ќе викаа како било супер што сме најдобри од најлошите

што ќе биде следно, ќе славиме затоа што воопшто не примиле на квалификации да учествуваме?

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 22:10
за држава во која ракометот е спорт бр.1 и која има 2 екипи во ЛШ ова 9. место воопшто не е
добар пласман.. меѓутоа, првичната цел беше пласман во квалификации за ОИ во Рио, а се` уште
има шанси за тоа дури и како деветтопласирани... така што..

@забеган, се гледа дека доволно не го следиш ракометот и ми се чини дека сево
ова го гледаш низ партиска призма. И мене ми се сК*рчува кога некои елити
успехот на спортистите си го препишуваат себеси.

Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 23:09
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

кои некако едвај се доклепале до првенството, а не па до фамозниот пласман во самото првенство), како да се национални херои кои штотуку се вратиле од голема битка, е крајно патетично

Незнам зошто едвај се доклепале изненадување
Сонот на секој спортист е да достигне што повисок резултат, со максимално вложување и желба за успех. 
Можеби проблемот е во повисокото спортско раководство и условите кои им ги нуди нашата чудесна земја Македонија.
За мене успех беше и настапот на Ѓоко Диневски, кој весникот Вест го вброи меѓу 5-те најсрамни настапи:
Во предвечерието на првиот настап на Македонија на зимските олимписки игри, во Нагано 1998, нашиот најпознат нордиец едвај ја пронајде на целта на трката на 50 километри на Светското првенство во Трондхајм. Пристигна час и десет минути по победникот, кога веќе најдобрите се искачуваа на подиумот. Се сожали тогаш легендарниот Бјерн Дели, па го собра во Норвешка да потренираат малку заедно голема насмевка
http://www.vest.mk/?ItemID=C8A48AF31B23F64ABD2F6EFB6CA296EE" rel="nofollow - http://www.vest.mk/?ItemID=C8A48AF31B23F64ABD2F6EFB6CA296EE

-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 28.Јануари.2015 во 00:45
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

за држава во која ракометот е спорт бр.1 и која има 2 екипи во ЛШ ова 9. место воопшто не е
добар пласман.. меѓутоа, првичната цел беше пласман во квалификации за ОИ во Рио, а се` уште
има шанси за тоа дури и како деветтопласирани... така што..

@забеган, се гледа дека доволно не го следиш ракометот и ми се чини дека сево
ова го гледаш низ партиска призма. И мене ми се сК*рчува кога некои елити
успехот на спортистите си го препишуваат себеси.
искрено, не го следам ракометот, јас сум од онаа група на луѓе кои почнуваат да се интересираат за одреден спорт само кога игра репрезентација/репрезентативец или било кој што е пишан како Македонец...

само се нервирам како сите се возбудуваат одеднаш толку за нешто за кое немаат ама баш никаков интерес... за некој, тоа е чисто прилика да се сликаат со знаме за на фејсбук... ама после сите имаат некоја јака позитивна или негативна критика кај што или спортистите се прават подолу од г*мна (случај со фудбалот) или се форсираат како национални херои (случај со кошарката... среќа што ракометов е некоја дисциплина измеѓу трепкање

...ја барем останувам рамндушен на резултатот, иако постои таа внатрешна емоција која те тера да веруваш во чуда и која те разочарува кога нема да се исполнат... не се издигам од земја ко сите други
прилично лојален фан сум ,тоа сакам да го кажам

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 28.Јануари.2015 во 09:56
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

Originally posted by evangeline evangeline напиша:

A zoshto pa da nema, 9to mesto zarem e za frlanje
Zamislete voopshto i da ne stignevme do Katar
а зошто па да славиме?

грандиозно славење за осмо, четврто или друго xxx место на некое првенство и дочекување на група спортисти (кои некако едвај се доклепале до првенството, а не па до фамозниот пласман во самото првенство), како да се национални херои кои штотуку се вратиле од голема битка, е крајно патетично
ако бевме на 10 место, сигурно ќе викаа како било супер што сме најдобри од најлошите

што ќе биде следно, ќе славиме затоа што воопшто не примиле на квалификации да учествуваме?

А зошто да не бе? Нели ги бранеа боите на Македонија? Нели ја претставуваа Македонија?
Па нели е тоа доволна причина да им кажеме едно фала што не преставивте во светски рамки, рамо до рамо со едни од најдобрите земји во светов?
Ми изгледаш како ептен рамнодушно човечеголема насмевка
Ама се надевам дека еден ден и ти ќе ја претставиш Македонија некаде и ќе видиш каква гордост е тоа. Дури и да не победиш, дури и да не си во топ 3. Ти ја исполнува душата.

-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.

https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 28.Јануари.2015 во 23:26
Браво бе колешке .. ела големо гушкањеголема насмевка

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 00:34
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

Originally posted by evangeline evangeline напиша:

A zoshto pa da nema, 9to mesto zarem e za frlanje
Zamislete voopshto i da ne stignevme do Katar
а зошто па да славиме?

грандиозно славење за осмо, четврто или друго xxx место на некое првенство и дочекување на група спортисти (кои некако едвај се доклепале до првенството, а не па до фамозниот пласман во самото првенство), како да се национални херои кои штотуку се вратиле од голема битка, е крајно патетично
ако бевме на 10 место, сигурно ќе викаа како било супер што сме најдобри од најлошите

што ќе биде следно, ќе славиме затоа што воопшто не примиле на квалификации да учествуваме?

А зошто да не бе? Нели ги бранеа боите на Македонија? Нели ја претставуваа Македонија?
Па нели е тоа доволна причина да им кажеме едно фала што не преставивте во светски рамки, рамо до рамо со едни од најдобрите земји во светов?

Ми изгледаш како ептен рамнодушно човечеголема насмевка
Ама се надевам дека еден ден и ти ќе ја претставиш Македонија некаде и ќе видиш каква гордост е тоа. Дури и да не победиш, дури и да не си во топ 3. Ти ја исполнува душата.

е добро де, играле во репрезентација и во некој момент од натрпеварот изгубиле/победиле.... и сеа што?
сакам да кажам дека еуфоријата која се создава кај нас е претерана и нереална...

уствари да не се објаснувам, прочитај ми го претходниот пост

-------------
размисли пред да напишеш глупост

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 11:10
Ние како држава можеме да се вадиме само уште на вакви спортови што сериозно ги
играат 7-8 држави (а ние сме деветти)... вистинската еуфорија треба да биде ако
бидат меѓу 10 најдобри во фудбал.

Ова ме потсетува на Србите со ватерполото. Ги плукаат фудбалерите велејќи им
да се угледаат на ватерополистите, а ватерполо играат 4 држави: Србија, Хрватска,
Црна Гора и Унгарија...

ПС: Инаку се радувам на сите спортови во кои нашите постигнале позначаен успех,
особено за кошаркарите во Литванија

Постирано од: KING35
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 11:14

da ne gresis slucajno....vo evropski ramki igraat vaterpolo i Italija,Spanija,Grcija...a za svetski da ne nabrojuvam...patem postestise i Makedonija koe mesto bese vo vaterpolo....kako i da e edno golemo BLAGODARAM na nasite rakometni heroi..koi pokazaa kako treba da se igra za MAKEDONIJA...

-------------
zivotot pisuva romani...a lugeto citaat stripovi

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 11:17
Македонија ватерполо = Катар ракомет.

Патем 99% од финалињата во ватерполо се Србија - Унгарија...

За Грција, Шпанија и Италија не сум слушнал дека направиле во поскоро време
позначаен успех на ОИ, ЕП и СП...

Постирано од: KING35
Датум на внесување: 29.Јануари.2015 во 11:19
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Македонија ватерполо = Катар ракомет.

so pametno vlozuvanje se e mozno...zasto da ne...

-------------
zivotot pisuva romani...a lugeto citaat stripovi

Постирано од: Орка
Датум на внесување: 30.Јануари.2015 во 22:23
Од тоа малце што го гледав... https://www.youtube.com/watch?v=JwekSsZbS74" rel="nofollow - Заслужен аплауз.

Постирано од: Орка
Датум на внесување: 30.Јануари.2015 во 23:06
Сега ми стана појасно...После толку наместени избори,од 1991 навака
во светски рамки не сметаат за професионалци.

http://www.sitel.com.mk/sp-katar-nachevski-i-nikolov-sudat-katar-germanija" rel="nofollow - - Четвртфинале

http://sitel.com.mk/sp-katar-polufinaleto-za-sudii-od-slovenija-i-srbija" rel="nofollow - -Полуфинале

Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 30.Јануари.2015 во 23:16
Originally posted by Орка Орка напиша:

Сега ми стана појасно...После толку наместени избори,од 1991 навака
во светски рамки не сметаат за професионалци.

http://www.sitel.com.mk/sp-katar-nachevski-i-nikolov-sudat-katar-germanija" rel="nofollow - - Четвртфинале

http://sitel.com.mk/sp-katar-polufinaleto-za-sudii-od-slovenija-i-srbija" rel="nofollow - -Полуфинале

дагазење од смеење

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk