|
Турска кујна и рецепти од турската кујна |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 17.Септември.2013 во 02:49 |
Се зборува дека во светот постојат три главни кујни: турската, кинеската и француската. Сосема во согласност со својата репутација, турската кујна секогаш претставува пријатно изненадување за сите оние што ја пробале.
Кулинарската традиција во Турција има преживеано повеќе од 1300 години и тоа поради повеќе причини кои ја вклучуваат и нејзината поволна географска положба и Медитеранска клима. Турците потекнуваат од номадски племиња од Монголија и Западна Азија кои се населиле во областа околу 600 п.н.е. Раните влијанија на Кинезите и Персијците се сеуште присутни во облик на фиде и манти – кнедли полнети со сирење или месо, слични на италијанските равиоли, кои често се служат во сос од јогурт. Околу 1000 година од нашата ера, Турците започнале да се движат западно кон поплодните региони каде започнале да одгледуваат пченица и јачмен. Тенки кори од тесто наречени јуфки тогаш почнале да се комбинираат со толчени зрна за креирање на слатки. Влијанието на Персијанците станало видливо преку внесувањето на оризот, различните јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници), а за возврат, Турците нив ги научиле да користат пченичен бунгур. Со понатамошното движење на запад, турската кујна се збогатила со додавањето на маслиновото масло, различните видови на овошја, како смоквите, и морските плодови. Генерално, турската кујна претставува спој на прочистени и поедноставени карактеристики на кујните од Централна Азија, Блискиот Исток и Балканот. Таа изобилува со дамнешна и богата традиција која ги влече своите корени од Отоманската империја. Исклучително влијателната Турска кујна била поставена во средината на 13-тиот век, со почетокот на 600-годишното владеење на Отоманската империја. До крајот на 14-тиот век, Отоманскиот дворец бил дом на повеќе од 1400 готвачи, и се појавиле и првите закони за регулирање на свежината на храната. Во тој период биле дефинирани нутриционистичките правила и високите стандарди што се однесуваат на свежината и квалитетот на продуктите што се користат и на нивното приготвување. Кујните во палатата Топкапи имаат измислено милиони рецепти, почнувајќи од наједноставните супи па се до богати и софистицирани јадења, а се што било доволно добро за султанот, било доволно добро и за народот, па овие рецепти брзо се прошириле. Како илустрација, постојат 40+ начини да се подготви модриот патлиџан, и уште безброј други начини за подготвување на зеленчук и овошје во турската кујна. Турската кујна се разликува во различните региони од земјата. Готвењето во Истанбул, Бурса и Измир, на пример, наследило многу елементи од кујната на Отоманскиот дворец, со намалено користење на зачини, претпочитање на ориз во однос на бунгурот и со широка употреба на морски плодови. Кујната во Црноморскиот регион, од друга страна, се потпира на риба, била повеќе под влијание на Балканските и Словенски кујни и вклучува мезиња. Кујната во јужноисточниот дел, Урфа, Газиантеп и Адана е прославена по своите ќебапи, мезиња и десерти базирани на тесто, како баклавата и кадаифот. Убавината на турското готвење е во едноставноста на основните готвачки техники, импресивната различност на рецептите и искреноста на крајниот производ – храна која не е сокриена под сосови или маскирана со употреба на големи количини на тревки и зачини. Секогаш главната состојка излегува во прв план, па пилешкото има вкус на пилешко, модриот патлиџан има вкус на модар патлиџан. Се друго паѓа во втор план. Покрај апсолутната свежина и квалитетот на продуктите на кои се заснова турската кујна, таа претставува и одлична рамнотежа меѓу состојките кои се избрани за секое поединечно јадење. Така на пример, турската домаќинка секогаш ќе избере да користи свежи домати наместо готов доматен сос. Најчесто користените состојки во турските специјалитети вклучуваат јагнешко, телешко и пилешко месо, риба, модар патлиџан, пиперки, кромид, лук, грав и домати. Јаткастите плодови, особено фстаците, костените, бадемите и лешниците исто така имаат посебно место во турската кујна. Зачините се користат спорадично и тоа најмногу нане, магдонос, ловоров лист, кумин и копар. Ориганото и мајчината душичка, кои се неизбежни во скоро секое јадење во Грчката кујна, овде скоро и да не се користат. Од останатите зачини поважни се црниот и црвениот пипер и циметот. Потоа доаѓа главното јадење кое обично се состои од пилав, различни зеленчуци и месо или риба. Сите јадења се служат истовремено, а вообичаено секогаш е присутно и јадењето zeytinağlı (маслиново масло со печени пиперки, домати, грав или модар патлиџан) кое се служи на собна температура. Оброкот завршува со свежо овошје. Десертот вообичаено се состои од свежо овошје или диња и лубеница. Често се јадат и суви кајсии полнети со сирење кои се потопени во сируп и испрскани со фстаци, а нашироко познати се и слатките од кори или тесто потопени во шербет. Сите слатки се служат со турско кафе. Иако турците конзумираат (и произведуваат) вино и пиво, национален алкохолен пијалок е Raki, кој се прави од анис и е познат уште и како “пијалок на лавовите“ бидејќи човек мора да е силен како лав за да може да го пие. Но, она по што Турците се навистина познати се безалкохолните пијалоци. Црниот чај, на пример, се пие во текот на целиот ден, започнувајќи со доручекот. Се подготвува во специјални двојни чајници, при што во горниот дел е самиот чај, кој потоа се разредува со врела вода од долниот дел на чајникот. Ајранот (солен јогурт) е многу популарен пијалок кој може да се пие буквално со секое јадење. Потоа, тука се кефирот, бозата и салепот кои се популарни зимски пијалоци. Конечно, шербетот е уште еден пијалок карактеристичен за турската кујна. Се прави од ралични состојки како крушки, јаболка, јагоди, мандарини, портокали, латици од ружи, па дури и од некои зачини. Се служи растворен со ладна вода. Изменето од evangeline - 17.Септември.2013 во 02:50 |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еден од турските традиционални рецепти е лахмаџун или уште попознат како турска пица.
Има повеќе рецепти за подготовка на истиот, добро би било да се запознаеме со некои од нив. СОСТОЈКИ
ПОДГОТОВКА
Изменето од evangeline - 17.Септември.2013 во 02:55 |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ШишќебапСостојки: 500 гр. говедско За маринада: 2 главици кромид 3 домати 1/4 литар црвено вино 2 лажици оцет 2 лажици црвен пипер 2 лажици масло Лажичка мајчина душица бибер сол ПОДГОТОВКА: Во сад ставете го виното, оцетот, црвениот пипер, мајчината душица, биберот, сецканиот кромид, маслото, сецканите домати и солта. Исечете го месото на мали парчиња и ставете ги во маринадата. Држете ги 24 часа во фрижидер. Потоа парчињата месо нанижете ги на жица печете ги на скара или во загреана рерна. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ашуре Ашурето се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста. Се споделува со комшиите, пријателите и роднините. Тоа изобилува и со многу витамини. Според експертите тоа е многу здраво јадење, особено за зимските периоди. Таа е извор на енергија, исто така зголемува отпорот на телото. Житариците кои се користат при правењето на ашурето содржат растителни протеини. Ќе ви требаат: 1 кг. пченица, 2 чаши наут, 2 чаши грав, 500 грама суви кајсии, 2 кори од портокал, 3 јаболки, 2,5 чаши суво гројзе, 7 чаши шеќер во прав, 5 супени лажици ориз, 2 чаши млеко, 1 изрендана кора од лимон и вода Како додатоци се користат: калинка, орев, лешник, рибизли, цимет, смоква, ф`стаци и други работи по желба Процес на подготовка: Како прво се вари пченицата. Потоа врз пченицата се додаваат наутот и гравот, кој што претходно треба да бидат полу варени. Откако ќе зоврие смесата од трите елементи се додаваат исецканите суви кајсии и корите од портокалот. После еден периот откако ќе се варат се додаваат оризот и водата истотака претходно варени до одреден степен. За да не остане талог во дното смесата потребно е постојано да се меша. Потоа во ашурето кое се вари се додава исецканата јаболка и сувото гројзе, кое што претходно ставено е во вода. Потоа се додава млекото. Откако ќе зоврие еден период се додава и шеќерот. Количината на шеќерот зависи од вашиот вкус. На крајот се постепено се додава скробот за поврзување на смесата и за добивање на густина. Потоа се зема дел од смесата за да се контролира густината. Ако пченицата е многу квалитетна и добро варена нема потреба од скроб. Печеното ашуре се става во шолји. Откако ќе се олади врз смесата се додаваат калинката, оревот, лешникот, рибизлите, циметот, смоквата, ф`стаците. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
İMAM BAYILDI
Во превод ова значи - Имамот се онесвести (или можеби, полнети модри патлиџани) Постојат голем број на приказни за тоа од каде потекнува името на ова вкусно јадење, имам бајилди. Иако се разликуваат помеѓу себе, сите завршуваат на ист начин, на крајот на приказната имамот се онесвестува. Според некои гласини имамот се онествестил од вкусот на јадењето подготвено од неговата сопруга, според други од разновидноста на сосотојките, според трети пак имамот се онесвестил поради тоа што се прејал од вкусното јадење. Потребни состојки: 6 парчиња модар патлиџан, 1 чаша маслиново масло, 3 коцки шеќер, 1 чаша вода, малку сол За внатрешниот дел: 3 кромида бели со средна големина, 3 зелени пиперки, 3-4 домати, 5-6 чешниња лук магдонос, по желба, 1 лажичка маслиново масло Подготовка: Модрите патлиџани исечете ги на половина и издлабете ги. Во еден сад исечете го кромидот во долги и тенки парчиња. Исецкајте ги доматите и пиперките. Потоа и магдоносот. Додајте го и лукот и потоа измешајте ги сите состојки. На крајот модриот патлиџан наполнете го со измешаниот состав. Потоа наполнетите модри патлиџани ставете ги во садот за печење. Во садот прелијте ги со маслиновото масло, шеќерот, водата и солта. Затворето го садот со поклопецот и оставете го да се готви на тивок оган околу 30 минути. Изменето од evangeline - 17.Септември.2013 во 13:00 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Булгур пилав со зеленчук Потребен материјал: 2 главици кромид 4-5 зелени пиперки 2-3 супени лажици путер (или масло) 4 средни домати 2 средни компири 1 сад со шок булгур пилав 2,5 сад варена вода 1 лажичка шеќер Подготовка: Двете главици кромид и 4-5 те исечкани пиперки варете ги со 2-3 те лажици путер. 4-те домати исечкајте ги на помали парчиња и ставете ги во сад за готвење. На истиот начин исечкајте го и компирот и додадете го во садпт за готвење.Околу 5 минути промешајте со дрвена лажица и варете. Додадете го садот со сварена вода. Компирот да биде полу печен (да не биде печен до крај), додате го исчистениот и измиен булгур пилав. Потоа, додадете 1 лажичка сол и печете се додека булгурот не ја впие водата. Откако ќе ја впие водата под капакот на садот за готвење ставете една крпа да постои 5 минути додека да испари. Изменето од Valerija - 18.Септември.2013 во 15:50 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Полнето турско ќофте=Icli Kofte Потребно е:(за фил) 300 гр мелено говедско месо 1 главица кромид, стино исечкана пола рака ореви, исечкани пола лажиче црвен пипер сол, бибер пола лажиче буковец (за школката) 400 гр говедско месо, исечкано на коцки 1 црвена пипрка, исечкана на коцки 230 гр булгур 1 главица кромид, ситно исечкана 3 лажички пире од домати сол, бибер Подготовка: Прво, подгответе го филот. Во тавче загреано со малку масло, ставете го кромидот да се пропржи. Кога ќе омекне, ставете го меленото месо да се испржи. Кога месото ќе биде кафено и испржено , додајте ги зачините и измешајте ја целата смеса. Сега, почнете со подготовка на школката за ќофтето. Во просецор за храна, ставете ги месото и пипрката и миксајте додека да сето се претвори во паста. Булгурот ставете го во сад и полијте го со врела вода (исто како кус-кус). Кога ќе набабри, убаво исцедете го, ставете го во чист сад и додајте ги пирето од месо и пиперка, пирето од домати, кромидот и зачините. Со рака измесете ја целата смеса околу 10 минути за да се соедини се. Процес на полнење: Со мало лажиче земете од смесата (за школката) и ставете ја на дланката. Со лажичето убаво израмнете ја смесата, а потоа со прст направете дупче во израмнетата смеса, како на сликата. Празнината наполнете ја со едно лажиче од филот со мелено месо и потоа, убаво затворете го ќофтето, така што треба да биде мазно и со мали шпицови на краевите, како на сликата. Готовите ќофтиња наредете ги во чинија, притоа да не се допираат едно со друго и ставете ги во замрзнувач да се стегнат. Кога убаво ќе се замрзнат, извадете ги од замрзнувач, оставете ги само 5 минути да се опуштат и пржете ги во поголема количина врело масло. Тие ќе бидат пржени кога ќе почнат да добиваат убава темно кафена боја. Готовите полнети турски ќофтиња, ставете ги на чинија со кујнска хартија, за да ја впијат вишокот маснотија. Од овој рецепт ќе ви излезат 22 ќофтиња. Сервирајте ги со малку лимонов сок и буковец. Совети: Полнењето на ќофтињата треба да биде многу брз, затоа што ако булгурот многу се работи со рака, тој ќе почне да се распаѓа. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Раванија со млеко Потребни состојки: 6 јајца 1 чаша шеќер 2 чаши брашно 1 пециво За шербетот: 1 литар млеко 1 чаша вода 1 чаша шеќер 1 пакет ванилин шеќер Подготвување: - Јајцата и шеќерот се матат со миксер 5 минути. Потоа се додава брашното и пецивото. - Смесата ја истураме во тепсија подмачкано со зејтин и јас ставаме во рерна на 180 степени. - Се пече додека да добие светло кафена боја. Потоа се остава на ладење. - Од друга страна се вари 1 литар млеко - Посебно се вари 1 чаша вода со 1 чаша шеќер. - Откога ќе го тргнете од шпорет, мешавината од шеќер и вода, заедно со 1 ванилин шеќер се додава во млекото - Се чека да се олади шербетот а потоа се додава во исто така оладената реванија. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Живо Ќофте (непечено) Потребни состојки:* 1 / 2 кг. телешко мелено место (посно) * 1 кг. Ситен булгур (има во Рамстор и на Бит Пазар) * 2 средни кромида * Буковец * Салца од домати * 2 лимони (сецкани мали) * 1 / 2 чаша зејтин * Магданос, нане * Ким, црн пипер * Сол Подготвување: - Булгурот се става во голема тепсија. Се додава салца, изрендан кромид, лимон и се мешаат. - Се додава меленото месо и се почнува со месење. - Потоа се додаваат мирудиите и солта, и се продолжува со месење. Повремено се додава зејтин. - Се меси додека не омекне булгурот (околу 40 минути). - Се дава форма на ќофте, се служи со марула и лимон. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Истанбулски „леб“ - Politiko ekmek
СОСТОЈКИ
ПОДГОТОВКА
Изменето од evangeline - 18.Септември.2013 во 16:26 |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 лажица шеќер 350 мл тпло млеко 450 г брашно 1 лажица сол 1 лажица маслиново масло 1 жолчка 2 лажици млеко |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
½ шолји брашно ½ лажици маслиново масло ½ лажици сол Oвој рецепт потекнува од Средна Анадолија во Турција. Измешајте ги сите состојки и додадете ½ шолји вода, и месете 5 минути, потоа тестото оставете го да отстои пола саат. Поделете го на 6 топчиња и месете ги потенко што можете. Добиените палачинки печете ги додека не примат златно боја. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
½ кг пилешки филети, 10 крупни шампињонии, 6 тврдо кувани јајца, 2 свежи јајца, 2 кромида, неколку цветови на карфиол, 2 бел лук, 100 г брашно, сол, масло, магдонос, оригано, вегета, бибер и кари. За смесата ви се потребни 25o г грашок, 259 г пченка, 1 кромид, 1 бел лук, 2 домати, 2 моркова, 50 г кокосово брашно, 250 г ориз, 3 лажици мајонез, сол масло и вегета. Подготвување Филетите скувајте ги и во машина за мелење, сомелете ги заедно со цветовите на карфиолот, кромидот и белиот лук. Ќе додадете 2 свежи јајца, оригано, сол, кари, бибер, магдонос и вегета. Од оваа смеса ќе направите ќофтиња, посипајте ги со брашно и пржете ги на врелото масло.Исечете ги шампињоните и 2 домати. Tврдо куваните јајца преполовете ги и извадете ги жолчките.Во нив додадете го исечениот кромид, 100 г пченка и три лажици мајонез. Скувајте го оризот така да биде на крај сув и растресит. На чинијата за сервирање ставете го оризот кој пред тоа сте го посолиле и по желба зачинете го. Преку него ставете го магдоносот. На секоја гранка од магдоносот од страна и преку неговата должина ставете по една лажица од смесата на жолчката, мајонезот, пченката и белиот лук. На тоа ставете ги белките од јајцето и шампињоните, кои претходно малку сте ги испржиле и зачиниле, а со нив ставете ги и ќофтињата. Ќофтињата најубаво би било да ги ставите во доматите, од кои средината сте ја отстраниле. Врз секое ќофте сипајте кокосово брашно. Средината на доматите и шампињоните измешајте ја со кромидот, малку масло, сол, вегета и една чаша со вода. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |