|
Дали има поголем Бог од Совршениот во Христа Исуса |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Септември.2012 во 12:12 |
|
Пријатели, дали има поголем, посветол и почист БОГ од Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој што - за спасение на сите - во Исус Ја отелотвори својата најљубена, највредна и највистинска Мудрост (Милост), Која што лично е Вечното Евангелие? Јас сум потполно уверен во тоа, дека секој друг “бог“, “ангел“, “пророк“, “мудрец“, “светец“, “човек“ ... кој што го негира или девалвира погоре споменатото Евангелие, всушност не е (и не Го познава) Единствениот Вистински и Совршен БОГ, туку е само една духовна карикатура која се’уште Му се противи Нему! Многу би ме интересирало вашето гледање, муслење, (у)верување, ... и би се радувал кога тука би го споделиле со нас. Бидете благословени со благословот на Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој што од љубов кон сите луѓе - и за нивно спасение - во Христа ни го дари највредното одсебе! Амин Изменето од spiros - 02.Септември.2012 во 12:33 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е нема де, нема. Ако има Единствен Бог како може да има други Богови ? И како може тогаш Единствениот да биде поголем, посветол и почист од нешто што не постои ? Ама штом ти си потполно уверен дека тој сепак е поголем и почист од другите и дека се отелотворил единствено во Исуса тогаш тоа за тебе е само тоа.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Нембус
Група Регистриран: 31.Август.2012 Локација: Скопје Статус: Офлајн Поени: 46 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас сум поголем Бог од твојот
|
||
Pica pica
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 1488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Можеби се мисли на нешто друго. Не постои поголем,почист,посветол од бебето. Ако си родител знаеш,ако не си прашај некој родител кој е најголем во неговите очи. И со право Spiros вика дека е Единствен.
Ќе биде и за тебе! Освен ако смртта не царува над тебе,во тој случај ќе го создадеш Адам. |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема друг бог освен Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Името и Срцето Исусово! Во уводниот пост се мисли на оној лажен “бог“ и оние лажни “богови“ кои што Го испревртуваат, девалвираат или негираат во Исус Христос отелотвореното Вечно Евангелие на Единствениот Вистински и Совршен БОГ! Сфаќаш?
Без Единствениот Вистински и Совршен БОГ - Творецот на Небото, земјата и се’ што е во ними - не би постоело нити едно бебе, нити едно дете, нити еден човек ... кои што (според Вечното Евангелие) се од Него надприродно љубени ! |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма сфаќам, само сакам да те натерам да мислиш надвор од кутијата... ако можеш да ме сфатиш што правам сето време со реплицирањата на твоите коментари. Бог е Еден и Единствен и тој не ексклузивира никоја од Своите креации. А тоа, кој како го презентира е само рефлексиjа на личното осознавање за Него, вклучивајќи те и тебе. Јас не верувам дека фаризеите или било кој друг измислувале некакви лажни богови кои го испревртуваат било кого, туку биле уверени, како што си и ти, во оноа што можеле тие да осознаат до тој момент. Секој верува до нивото на својот капацитет во даденото време. Затоа Исус вели дека секој збор не е за сечии уши - едноставно свеста (или ако сакаш - умот) не е на такво ниво да го осознае вистинско (езотерично) значење, па затоа го зема здраво за готово само номиналното (егзотеричното, надворешно) значење на тие зборови. Па, не треба да си просветлен за да го разбереш номиналното и да веруваш во него, бидејќи тоа звучи толку едноставно и привлечно. Но тоа не е ТОА! Не за бадијала Исус рече оти портата е тесна и малкумина ќе се протнат низ неа. Токму затоа тој вели оти отпосле многумина ќе се јават во негово име претендирајќи дека го презентираат токму него. И тоа е навистина така. Милиони се јавуваат во негови име, милиони ги презентираат нивните сопствени разбирања за суштината на Исусовите зборови и милиони плукаат, се исмејуваат, фрлаат клевети и превземаат сташни реперкусии по сите други кои не веруваат како нив. Уште повеќе луѓе се јавуват на форуми, во цркви, преку радио и ТВ програми, како и на улица тврдејќи дека оние кои не се сложуваат токму со нивното разбирање за оноа што прочитале во Новиот Завет дека се здружиле со ѓаволот во испревртувртувањето, девалвирањето и негирањето на Еднородниот Божјиот син Исус Христос. Сфаќаш ? Изменето од Messenger - 03.Септември.2012 во 00:57 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
mkd76
Група Регистриран: 02.Февруари.2012 Статус: Офлајн Поени: 45 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ке започнам со една убава Мисла
Барајќи го Бог ќе се најдеш Себеси, Барајќи се себеси ќе го најдеш Бог Бог е се и сешто Бог е сеприсутен во целиот универзум во тебе во мене во воздухот во каменот во тревката, во пеперутката насекаде. Ако сакате одговор на Тоа прашање ќе го најдете потребно е само да ги побараш одговорите во Себе седни сам во својата соба во тишина и мир и постави си го прашањето сам на себеси, само биди искрен сам со себе и сите одговори ќе ги добиете. Верувајте Бог ќе ви ги даде одговорите ќе најде начин како дали преку искуства, дали преку случајна книга , статија филм документарец, дали преку случајна средба било како Одговорот ќе го добиете. Благодарам Ви посакувам се најубаво во Животот |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Амин!
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(1)
|
|
Денот доаѓа кога сите луѓе ќе излезат од сопствените кутии - дури и оние коишто самите не се свестни дека се’уште се во кутии - и ќе увидат дека секоја свест (инклузивно твојата и мојата свест), секое сознание (инклузивно твоето и моето сознание), секоја вера (инклузивно твојата и мојата вера), секоја љубов (инклузивно твојата и мојата љубов), не се ништо повеќе од “мачји кашаљ“ во споредба со Онаа на Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Името и Срцето Исусово! ХалелуЈАХ!!! |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа никогаш не било прашање.
А бидејќи работите се движат кон подобро, без да се поставуваат непотребни прашања чиј бог е поголем, почист и посовршен (што не прават ништо друго туку само ни го храни егото и создава тензии и непријатности меѓу Божјите чеда) може да послужи ова видео оригинално постирано од ekszi88 во друга тема: Амин! ТОА е вистинско Христијанство, ТОА е вистинско Исусово следење. Изменето од Messenger - 03.Септември.2012 во 20:07 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Луѓето коишто - наместо да Му дадат Слава само на Единиот Вистински и Совршен БОГ Творец - го одбиваат или девалвираат Евангелието на Милоста Негова гордеејќисе со своето сознание, својот ум, својата сила, својата култура, својата конфесија, својата вера, својата религија, своите дела, својата љубов, ... докажуваат дека се’уште (свестно или несвестно) се заробени во темнината на егоизмот, кој што им пречи да да Го видат најважното и да поминат низ тесната врата! За жал, од овој синдром не се инфицирани само антихристијаните (тоа се сите оние коишто свестно или несвестно го одфрлаат Евангелието за Милоста БОЖЈА), туку и сите горделиви христијански заедници и верници коишто - наместо да Му дадат Слава само на Единиот Вистински и Совршен БОГ Творец - тие самите себеси се преставуваат и постулираат како единствените прави и вистински. п.с. Сите оние коишто мислат дека работите одат на подобро и затоа не би требало Единиот Вистински и Совршен БОГ Творец - како што во Исус ни се представи - да се почитува и слави, се’уште се во робството на темнината и неможат да ги видат знаците на времето! п.п.с. Сиот незаситен, неверен и кривоверен свет во последните децении ја причинува најголемата катастрофа во историјата на човештвото, во споредба со која катастрофите на првата и втората светска војна се една обична кивавица. И додека уште велат: „Мир и безбедност!”, ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат! (1 Солун. 5:3) |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ОК , нека биде по твое.
Само немој повторно да отвараш теми со барање мислења од членовите... |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
По мое? Што се’ не ти паѓа напамет?
Секој има право да отвори тема и да праша за мислење, како што секој има право на свое мислење, исто како што секој има право и да го одфрли истото ако нее (според негово мислење) во ред! Но, ако обратиш малу внимание во форумов и животот, засигурно ќе видиш дека мислењата на луѓето се прилично релативни, непостојани и несовршени, додека Единствениот Вистински БОГ во Името и Срцето Исусово е потполно Совршен! БОГ е потполно Вистинит, а (во споредба со Него) секој човек (повеќе или помалку) лажливец ! (Еп. Римј. 3:4) Изменето од spiros - 05.Септември.2012 во 00:08 |
||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нема големи и мали богови. Зашто да правиме делби меѓу луѓето повикувајќи се на книги, цитати, приказни?
|
||
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |