Испечати | Затвори го прозорот

Дали има поголем Бог од Совршениот во Христа Исуса

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: Право на личен избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25991
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 22:31
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Дали има поголем Бог од Совршениот во Христа Исуса
Постирано од: spiros
Наслов: Дали има поголем Бог од Совршениот во Христа Исуса
Датум на внесување: 02.Септември.2012 во 12:12





Пријатели, дали има поголем, посветол и почист БОГ од Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој што - за спасение на сите - во Исус Ја отелотвори својата најљубена, највредна и највистинска Мудрост (Милост), Која што лично е Вечното Евангелие?


Јас сум потполно уверен во тоа, дека секој друг “бог“, “ангел“, “пророк“, “мудрец“, “светец“, “човек“ ... кој што го негира или девалвира погоре споменатото Евангелие, всушност не е (и не Го познава) Единствениот Вистински и Совршен БОГ, туку е само една духовна карикатура која се’уште Му се противи Нему!


Многу би ме интересирало вашето гледање, муслење, (у)верување, ... и би се радувал кога тука би го споделиле со нас.    



Бидете благословени со благословот на Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Кој што од љубов кон сите луѓе - и за нивно спасение - во Христа ни го дари највредното одсебе!



Амин



















-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!






Коментари:
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 02.Септември.2012 во 15:49
Е нема де, нема.

Ако има Единствен Бог како може да има други Богови ? И како може тогаш Единствениот да биде поголем, посветол и почист од нешто што не постои ?

Ама штом ти си потполно уверен дека тој сепак е поголем и почист од другите и дека се отелотворил единствено во Исуса тогаш тоа за тебе е само тоа.


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Нембус
Датум на внесување: 02.Септември.2012 во 16:08
Јас сум поголем Бог од твојот


Постирано од: Pica pica
Датум на внесување: 02.Септември.2012 во 16:17
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Е нема де, нема.
Ако има Единствен Бог како може да има други Богови ? И како може тогаш Единствениот да биде поголем, посветол и почист од нешто што не постои ?

Можеби се мисли на нешто друго.
Не постои поголем,почист,посветол од бебето.
Ако си родител знаеш,ако не си прашај некој родител кој е најголем во неговите очи.
И со право Spiros вика дека е Единствен.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Ама штом ти си потполно уверен дека тој сепак е поголем и почист од другите и дека се отелотворил единствено во Исуса тогаш тоа за тебе е само тоа.

Ќе биде и за тебе!
Освен ако смртта не царува над тебе,во тој случај ќе го создадеш Адам.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 02.Септември.2012 во 23:52



Originally posted by Messenger Messenger напиша:



...

Ако има Единствен Бог како може да има други Богови ?

...







Нема друг бог освен Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Името и Срцето Исусово!


Во уводниот пост се мисли на оној лажен “бог“ и оние лажни “богови“ кои што Го испревртуваат, девалвираат или негираат во Исус Христос отелотвореното Вечно Евангелие на Единствениот Вистински и Совршен БОГ!


Сфаќаш?




   




   


Originally posted by Pica pica Pica pica напиша:



Можеби се мисли на нешто друго.
Не постои поголем,почист,посветол од бебето.
Ако си родител знаеш,ако не си прашај некој родител кој е најголем во неговите очи.
И со право Spiros вика дека е Единствен.





   

Без Единствениот Вистински и Совршен БОГ - Творецот на Небото, земјата и се’ што е во ними - не би постоело нити едно бебе, нити едно дете, нити еден човек ... кои што (според Вечното Евангелие) се од Него надприродно љубени !














-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 03.Септември.2012 во 00:54
Originally posted by spiros spiros напиша:




Originally posted by Messenger Messenger напиша:



...

Ако има Единствен Бог како може да има други Богови ?

...







Нема друг бог освен Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Името и Срцето Исусово!


Во уводниот пост се мисли на оној лажен “бог“ и оние лажни “богови“ кои што Го испревртуваат, девалвираат или негираат во Исус Христос отелотвореното Вечно Евангелие на Единствениот Вистински и Совршен БОГ!


Сфаќаш?



Ма сфаќам, само сакам да те натерам да мислиш надвор од кутијата... ако можеш да ме сфатиш што правам сето време со реплицирањата на твоите коментари. среќа

Бог е Еден и Единствен и тој не ексклузивира никоја од Своите креации. А тоа, кој како го презентира е само рефлексиjа на личното осознавање за Него, вклучивајќи те и тебе.

Јас не верувам дека фаризеите или било кој друг измислувале некакви лажни богови кои го испревртуваат било кого, туку биле уверени, како што си и ти, во оноа што можеле тие да осознаат до тој момент.

Секој верува до нивото на својот капацитет во даденото време.

Затоа Исус вели дека секој збор не е за сечии уши - едноставно свеста (или ако сакаш - умот) не е на такво ниво да го осознае вистинско (езотерично) значење, па затоа го зема здраво за готово само номиналното (егзотеричното, надворешно) значење на тие зборови.

Па, не треба да си просветлен за да го разбереш номиналното и да веруваш во него, бидејќи тоа звучи толку едноставно и привлечно. Но тоа не е ТОА! Не за бадијала Исус рече оти портата е тесна и малкумина ќе се протнат низ неа.

Токму затоа тој вели оти отпосле многумина ќе се јават во негово име претендирајќи дека го презентираат токму него.

И тоа е навистина така. Милиони се јавуваат во негови име, милиони ги презентираат нивните сопствени разбирања за суштината на Исусовите зборови и милиони плукаат, се исмејуваат, фрлаат клевети и превземаат сташни реперкусии по сите други кои не веруваат како нив.

Уште повеќе луѓе се јавуват на форуми, во цркви, преку радио и ТВ програми, како и на улица тврдејќи дека оние кои не се сложуваат токму со нивното разбирање за оноа што прочитале во Новиот Завет дека се здружиле со ѓаволот во испревртувртувањето, девалвирањето и негирањето на  Еднородниот Божјиот син Исус Христос.


Сфаќаш ?




-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: mkd76
Датум на внесување: 03.Септември.2012 во 09:09
Ке започнам со една убава Мисла
Барајќи го Бог ќе се најдеш Себеси, Барајќи се себеси ќе го најдеш Бог
Бог е се и сешто Бог е сеприсутен во целиот универзум во тебе во мене во воздухот во каменот во тревката, во пеперутката насекаде.
Ако сакате одговор на Тоа прашање ќе го најдете потребно е само да ги побараш одговорите во Себе седни сам во својата соба во тишина и мир и постави си го прашањето сам на себеси, само биди искрен сам со себе и сите одговори ќе ги добиете.
Верувајте Бог ќе ви ги даде одговорите ќе најде начин како дали преку искуства, дали преку случајна книга , статија филм документарец, дали преку случајна средба било како Одговорот ќе го добиете.

Благодарам
Ви посакувам се најубаво во Животот


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 03.Септември.2012 во 14:55
Амин!

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 03.Септември.2012 во 18:39




Originally posted by Messenger Messenger напиша:




Ма сфаќам, само сакам да те натерам да мислиш надвор од кутијата... ако можеш да ме сфатиш што правам сето време со реплицирањата на твоите коментари. среќа

Бог е Еден и Единствен и тој не ексклузивира никоја од Своите креации. А тоа, кој како го презентира е само рефлексиjа на личното осознавање за Него, вклучивајќи те и тебе.

Јас не верувам дека фаризеите или било кој друг измислувале некакви лажни богови кои го испревртуваат било кого, туку биле уверени, како што си и ти, во оноа што можеле тие да осознаат до тој момент.

Секој верува до нивото на својот капацитет во даденото време.

Затоа Исус вели дека секој збор не е за сечии уши - едноставно свеста (или ако сакаш - умот) не е на такво ниво да го осознае вистинско (езотерично) значење, па затоа го зема здраво за готово само номиналното (егзотеричното, надворешно) значење на тие зборови.

Па, не треба да си просветлен за да го разбереш номиналното и да веруваш во него, бидејќи тоа звучи толку едноставно и привлечно. Но тоа не е ТОА! Не за бадијала Исус рече оти портата е тесна и малкумина ќе се протнат низ неа.

Токму затоа тој вели оти отпосле многумина ќе се јават во негово име претендирајќи дека го презентираат токму него.

И тоа е навистина така. Милиони се јавуваат во негови име, милиони ги презентираат нивните сопствени разбирања за суштината на Исусовите зборови и милиони плукаат, се исмејуваат, фрлаат клевети и превземаат сташни реперкусии по сите други кои не веруваат како нив.

Уште повеќе луѓе се јавуват на форуми, во цркви, преку радио и ТВ програми, како и на улица тврдејќи дека оние кои не се сложуваат токму со нивното разбирање за оноа што прочитале во Новиот Завет дека се здружиле со ѓаволот во испревртувртувањето, девалвирањето и негирањето на  Еднородниот Божјиот син Исус Христос.


Сфаќаш ?











Денот доаѓа кога сите луѓе ќе излезат од сопствените кутии - дури и оние коишто самите не се свестни дека се’уште се во кутии - и ќе увидат дека секоја свест (инклузивно твојата и мојата свест), секое сознание (инклузивно твоето и моето сознание), секоја вера (инклузивно твојата и мојата вера), секоја љубов (инклузивно твојата и мојата љубов), не се ништо повеќе од http://www.homepagestart.de/userdaten/000074/17/bilder/2375-ein-lachen.jpg" rel="nofollow - “мачји кашаљ“ во споредба со
Онаа на Единствениот Вистински и Совршен БОГ во Името и Срцето Исусово!

    





ХалелуЈАХ!!!       










-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 03.Септември.2012 во 20:00
Тоа никогаш не било прашање. да

А бидејќи работите се движат кон подобро, без да се поставуваат непотребни прашања чиј бог е поголем, почист и посовршен (што не прават ништо друго туку само ни го храни егото и создава тензии и непријатности меѓу Божјите чеда) може да послужи ова видео оригинално постирано од ekszi88 во друга тема:


Амин!

ТОА е вистинско Христијанство, ТОА е вистинско Исусово следење. љубов





-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 04.Септември.2012 во 00:22





Луѓето коишто - наместо да Му дадат Слава само на Единиот Вистински и Совршен БОГ Творец - го одбиваат или девалвираат Евангелието на Милоста Негова гордеејќисе со своето сознание, својот ум, својата сила, својата култура, својата конфесија, својата вера, својата религија, своите дела, својата љубов, ... докажуваат дека се’уште (свестно или несвестно) се заробени во темнината на егоизмот, кој што им пречи да да Го видат најважното и да поминат низ тесната врата!


За жал, од овој синдром не се инфицирани само антихристијаните (тоа се сите оние коишто свестно или несвестно го одфрлаат Евангелието за Милоста БОЖЈА), туку и сите горделиви христијански заедници и верници коишто - наместо да Му дадат Слава само на Единиот Вистински и Совршен БОГ Творец - тие самите себеси се преставуваат и постулираат како единствените прави и вистински.



п.с. Сите оние коишто мислат дека работите одат на подобро и затоа не би требало Единиот Вистински и Совршен БОГ Творец - како што во Исус ни се представи - да се почитува и слави, се’уште се во робството на темнината и неможат да ги видат знаците на времето!


п.п.с. Сиот незаситен, неверен и кривоверен свет во последните децении ја причинува најголемата катастрофа во историјата на човештвото, во споредба со која катастрофите на првата и втората светска војна се една обична кивавица.



И додека уште велат: „Мир и безбедност!”, ненадејно ќе ги снајде пропаст и не ќе можат да избегнат!
(1 Солун. 5:3)   














   

-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 04.Септември.2012 во 03:07
ОК , нека биде по твое. среќа

Само немој повторно да отвараш теми со барање мислења од членовите... нека ти е срам




-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 05.Септември.2012 во 00:05
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

ОК , нека биде по твое. среќа





По мое?           Што се’ не ти паѓа напамет?    





Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Само немој повторно да отвараш теми со барање мислења од членовите... нека ти е срам





Секој има право да отвори тема и да праша за мислење, како што секој има право на свое мислење, исто како што секој има право и да го одфрли истото ако нее (според негово мислење) во ред!

Но, ако обратиш малу внимание во форумов и животот, засигурно ќе видиш дека мислењата на луѓето се прилично релативни, непостојани и несовршени, додека Единствениот Вистински БОГ во Името и Срцето Исусово е потполно Совршен!




БОГ е потполно Вистинит, а (во споредба со Него) секој човек (повеќе или помалку) лажливец !

      (Еп. Римј. 3:4)





-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!





Постирано од: ekszi88
Датум на внесување: 18.Октомври.2012 во 11:51
Нема големи и мали богови. Зашто да правиме делби меѓу луѓето повикувајќи се на книги, цитати, приказни? 



-------------
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!


Постирано од: spiros
Датум на внесување: 21.Октомври.2012 во 23:56



Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Нема големи и мали богови. Зашто да правиме делби меѓу луѓето повикувајќи се на книги, цитати, приказни? 





Толерантноста кон нетолерантните и крвопроливните светогледи, кои што со своите пророци, учители, професори, филозофии, сознанија, книги, приказни, адети, учења, пракси, ... го негираат или го девалвираат во Исус Христос отелотвореното Евангелие на Милоста БОЖЈА - без Која воопшто не е возможен нити живот, нити било какво постоење - всушност не ја подржува коегзистенцијата, туку се борат против Мудроста на Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Се’држител!


Во Него е и совршеното еврејство, и совршеното христијансво, совршениот ислам, совршениот будизам, совршениот комунизам, совршениот хуманизам, ... и многу многу повеќе од тоа,
бидејќи Единствениот Вистински и Совршен БОГ, Се’држител, е лично во Него!






Тој е слика на невидливиот Бог, првороден пред секое создание;
бидејќи преку Него е создадено се’ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо;
било престоли, било господства, било началства, било власти -
се’ е преку Него и за Него создадено.
Тој е пред се’, и се’ во Него стои!



(Кол. 1:15-17)




   




-------------
https://www.youtube.com/watch?v=IYjUGBIpD8I" rel="nofollow - Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!
БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!






Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk