Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
kultuzin
Сениор
Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Киро Глигоров (1917-2012) Испратена: 02.Јануари.2012 во 23:49 |
Политичкиот живот на Киро ГлигоровПо завршување на средното образование во скопје во 1936та Глигоров заминува во Белград каде се запишува на Правниот факултет, кој го завршува за три години. Во 41та се враќа во Македонија, а 43та се оженил со неговата сопруга Нада со која имаат две ќерки и еден син. Глигоров во овој период двапати бил апсен, а членувал и во илегални македонски здруженија. 1941та се вклучува во подготовките на АСНОМ. На првото заседание на втори август 1944 го водел записникот а на истото е избран за член на АВНОЈ. На второто заседание е избран за член во президиумот на АСНОМ. По формирањето на Југославија извршува голем број високи функции. 1945 до 1947 година работел како помошен генерален секретар на Претседателството на Владата на ФНРЈ. 1947 година, Министерството за финансии на ФНРЈ, Помошен министер за финансии до 1952 година. 1952 до 1953 година помошен претседател на Стопанскиот Совет на владата на Борис Кидриќ. 1953 до 1955 година заменик директор на Сојузниот завод за стопанско планирање 1956 Сојузната влада како секретар за стопанство-координатор. 1955 до 1963 година секретар на секретаријатот на СИС за општостопански работи. 1962 бил избран за член на Централниот комитет на СКЈ. 1962 до 1967 бил сојузен секретар за финансии. Кога на 26 јули 1963 година, главниот град на СР Македонија, Скопје, го зафатил катастрофален земјотрес, Глигоров бил задолжен од страна на СИС за обнова на Скопје 1967 до 1969 станал потпретседател на Сојузниот извршен совет. 1969 до 1971 член на Претседателството на ЦК на СКЈ како и на Извршното биро. 1971 до 1972 член на Претседателството на СФРЈ. 1972 до 1974 член на Извршното биро на Претседателството на СКЈ 1974 до 1978 претседател на Собранието на СФРЈ 1978 до 1987 член на Советот на Федерацијата и член на ЦК на СКЈ. Глигоров се пензионира во 1987 година, по што бил вклучен во тимот на претседателот на Сојузниот извршен совет, а во Македонија се враќа во 1989та. 27 јануари 1991 година со 114 гласови "ЗА", Киро Глигоров е избран за прв претседател на Република Македонија. По референдумот на 8 септември 1991 година ја прогласи независност. Во октомври 1994 година победува на првите претседателски избори во македонија со 52,4% од гласовите. На 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации, за време на претседателскиот мандат на Глигоров. На 3 октомври 1995 година врз Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Кој го преживеа атентатот со тешки повреди. Случајот се уште не е затворен а МВР води истрага за откривање на атентаторот и по 16 години. По атентатот Глигоров на функцијата се врати на 10 јануари 1996 година и ја извршуваше се до крајот на мандатот во 1999та. Глигоров ја претставуваше државата на најзначајните светски настани. Киро Глигоров не мируваше и во пензионерските денови, како активен публицист публицист. Во 2001 година ги објавува мемоарите „Македонија е се што имаме", а тој е основач и на фондацијата Глигоров која поддржува проекти од културата и уметноста. Глигоров е одликуван со: Орден на југословенското знаме со лента Орден на Републиката со златен венец Орден Братство и единство со златен венец Орден на трудот со црвено знаме Орден 65 години од победата во големата татковинска војна 1941-1945. Глигоров во 2005 година стана прв носител на „Орден на Република Македонија,,. Иван Кузмановски
http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/politichkiot-zivot-na-kiro-gligorov
Мислам дека Претседателот Киро Глигоров заслужи да има тема на овој подфорум. Иако дел од неговите дела не ми беа по ќејф особено изјавата дека Македонците се Словени и немат врска со Античките Македонци и Алекдандар Македонски, сепак го почитувам како политичар кој многу направи за Македонија. А за некој одлуки како промената на знамето и уставот и до ден денешен не ми е јасно колку тој бил директно виновен. Затоа мислам дека има добра основа да се продискутира за ликот на Киро Глигоров од историски аспект. |
|
|
SuisajdMesaja
Нов член
Регистриран: 28.Декември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јануари.2012 во 00:56 |
Одлична тема,само ќе бидам краток,околу делот за знамето и името и не е баш кривицата на Киро т.е. вината паѓа на непопустливиот став на Грција.Тогаш мораше тоа да се направи за државата да добие место во ОН,Киро тоа го знаеше па за доброто на државата се сторило што се сторило...Одлуката беше тешка но некој мораше да ја донеси без оглед дали тоа бил Киро или некој друг.За некои одлуки во политиката се бара одлучност,храброст каква што впрочем и ја имал покојниот Глигоров.
|
|
Zeksi71
Сениор
Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јануари.2012 во 07:41 |
kultuzin напиша:
сепак го почитувам како политичар кој многу направи за Македонија. |
|
а да објаснеше малку што е тоа многу што тој направил за МК
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
kultuzin
Сениор
Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Јануари.2012 во 12:27 |
Како што реков и погоре Глигоров не бил перфектен во кариерата направил многу грешки меѓу кој неговите ставови за потеклото на Македонците, бавното влечење на потези меѓу кој касното одцепување од Србија, потоа 150 илјади пасоши на Косовците покрај на Бране се препишуват и на негова сметка, премногу меката политика и кога треба и кога тука ќе ги наведам променат на уставот и знамето и тн. Но кога му се препишуват овие грешки треба да се размисли кој од нив свесно ги направил а кој не , кој грешки нема да предизвикале последици по македонската држава а кој негативно ќе се одразиле врз нашиот суверенитет. Мора да се признае дека Македонија тогаш беше во многу комплицирана ситуација, требаше да се формира држава во која вриеше од југоносталгичари, срофили, бугарофили , држава опколена со соседи кои ни најмалку не ни мислеа добро. Држава во која живеат доолно Албанци за да направат конфликт кога ќе им се укаже и најмалата можност за тоа. Во такви услови Киро Глигоров успеа да создаде држава и тоа по мирен пат со што овозможи нормално развивање на државата. За жал тоа развивање беше оневозможено од луѓето кој веројатно со негова подршка добија неколку мандати во кои успеаа можноста за нормално развивање да ја уништат.
|
|
pHp
Сениор
Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 14:28 |
Diogen напиша:
Можеби си во право, еве некои од неговите најголеми грешки:
Кога Македонија се бореше за независност, некој тврдеше дека само со крво може да се добие независноста. Тоа и ќе го добиевме, ЈНА беше на све спремна, но Глигоров успеа да договори мирно повлекување на ЈНА, без испукан куршум се прогласи независност. Можеби требаше да војуваме, да се лее крв, да се дели Македонија на кантони и зони....
Втора грешка е што го „продаде“ името. Името, кое со лисабонската декларација требаше да го смениме, за да бидеме признаени. Згреши што не го смени името , направи компромис, за да влеземе во ООН, и преку неа да влеземе во многу организации. Благодарејќи на тоа „предавство“ , влеговме во светските организации, дознаа за Македонија,под уставно име не признааа повеќе од 120 земји, меѓу нив и големите светски сили. Останаа да не уценуваат само авторите на лисабонската декларација, ама времето ги гази. Можеби требаше да тераме инат, да бидеме изолирана земја, надвор од сите организации,ама денес ќе немавме што да браниме.
Да, направил многу „гревови“, кои можеби ќе бидат разбрани покасно, ако реално се гледаат сите околности и што можело да биде поинаку. И да, многу угледни светски политичари ќе речат дека бил мудар политичар, но ние ќе плукаме по него, оти тоа ни е во гените.
Нека почива во мир, ќе биде запишан во Македонската историја како голем државник.
Толку од мене, продолжете со плукање.....
| Секоја чест! Токму ова сакав да го кажам. Не сум партиски обоен, но ако оваа држава имала политичар - тоа бил токму Глигоров. Све ова друго, било од ВМРО, било од СДСМ е тешка ретарда. Да не говорам за Трајковски и неговите наредби да не се пук во Арачиново, да не се прави ова и она. Да не говорам за Бранко (дури и заборавив дека беше претседател), а видете го овој новиов како беше ... Иванов да. Па тој бре на улица да го видиш , да му фрлиш 10 денари оти е греота. Мислам дека поновите генерации не се свесни што беше ЈНА и кој беше Милошевиќ. Абре за своите интереси и за зачувување на ЈНА, токму таа ЈНА е одговорна за преку 500.000 животи и да не правам колкава деструкција. Ќе споделам со вас, татко ми е пензиониран генерал, имено во времето на распад на Југославија, тој лично ми има кажано дека во тоа време, во тој момент, ЈНА имала таква воена моќ, да може да држи и 5 ФРОНТА! Па сега види ти, дали постапките на Глигоров во тоа време( кога немаш ни ловечки пушки да се браниш) биле исправни или не. Не бил безгрешен, никој не е, но факт е дека формираше држава, под ПРИВРЕМЕНА референца. Се другото е објаснето во постот на Диоген. Тоа е единствениот ВИСТИНСКИ ПОЛИТИЧАР што оваа држава некогаш го имала.
|
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|
Tetratka
Сениор
Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 14:39 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
pHp
Сениор
Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 14:48 |
Да бе да... и баш тој Масон ете така се шеташе низ ГТЦ без обезбедување на 90 години, си правеше муабет со луѓето и беше облечен во одело шиено на маалски кројач. Абе не влагајте у филмови...
|
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|
Zeksi71
Сениор
Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 15:12 |
дека немаше крст на погребот немаше, тоа ни у сон не можеше да се случи, ама окорела комуњара како киро да не стави петокрака на онаа даската што му ја носеа тоа малку чудно ми дојде, мада од комуњарите се можеш да очекуваш.
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
pHp
Сениор
Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 15:20 |
комуњарите не веруваат во Бог. И тоа си е нивно право! Ако некој сака и превртен крст ќе си стави на гробот и пентаграм. Ако е Киро и бил претседател, шо сега, нема право да биде погребан како што сака? И тоа е човек...
|
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
|
|
Zeksi71
Сениор
Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 17:51 |
а знае ли некој киро во која партизанска единица учествувал, од кога станал партизан и комунист??????
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
mungos80
Модератор
АНАРХИСТ
Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 20:01 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Zeksi71
Сениор
Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 20:59 |
а да не беше истиот тој млад адвокат што како благонадежен блгарин пишеше молба до царот за да си отвори кантората во радомир, додека партизанските единици водеа борби по Мк
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
pajser
Сениор
kloshar
Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13922
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 21:06 |
ej lugje dajte malku oladete ., nikoj ne e bezgreshen., no poentata ima druga sodrzhina......... prv pretsedatel na samostojna makedonija ., vakov ili onakov never mind....neka pochiva vo mir za mrtvite se najdobro.......... ke se ispoganite megjusebe za neshto minato zavrsheno vreme .....gledajte napred ,,,,,,,,
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Messenger
Администратор
Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet
Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јануари.2012 во 21:27 |
pajser напиша:
ke se ispoganite megjusebe za neshto minato zavrsheno vreme .....gledajte napred ,,,,,,,,
| Najdobroto kazhano do sega!
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|