Испечати | Затвори го прозорот

Киро Глигоров (1917-2012)

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=25332
Датум на принтање: 13.Декември.2024 во 08:57
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com

Тема: Киро Глигоров (1917-2012)
Постирано од: kultuzin
Наслов: Киро Глигоров (1917-2012)
Датум на внесување: 02.Јануари.2012 во 23:49

Политичкиот живот на Киро Глигоров

02.01.2012 - 16:47 | 
  • http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija" rel="nofollow - Македонија

По завршување на средното образование во скопје во 1936та Глигоров заминува во Белград каде се запишува на Правниот факултет, кој го завршува за три години. Во 41та се враќа во Македонија, а 43та се оженил со неговата сопруга Нада со која имаат две ќерки и еден син.

Глигоров во овој период двапати бил апсен, а членувал и во илегални македонски здруженија. 1941та се вклучува во подготовките на АСНОМ. На првото заседание на втори август 1944 го водел записникот а на истото е избран за член на АВНОЈ. На второто заседание е избран за член во президиумот на АСНОМ.

По формирањето на Југославија извршува голем број високи функции.

1945  до 1947 година работел како помошен генерален секретар на Претседателството на Владата на ФНРЈ.

1947 година,  Министерството за финансии на ФНРЈ,

Помошен министер за финансии до 1952 година.

1952 до 1953 година помошен претседател на Стопанскиот Совет на владата на Борис Кидриќ.

1953 до 1955 година заменик директор на Сојузниот завод за стопанско планирање

1956 Сојузната влада како секретар за стопанство-координатор.

1955 до 1963 година секретар на секретаријатот на СИС за општостопански работи.

1962 бил избран за член на Централниот комитет на СКЈ.

1962 до 1967  бил сојузен секретар за финансии.

Кога на 26 јули 1963 година, главниот град на СР Македонија, Скопје, го зафатил катастрофален земјотрес, Глигоров бил задолжен од страна на СИС за обнова на Скопје

1967 до 1969 станал потпретседател на Сојузниот извршен совет.

1969 до 1971 член на Претседателството на ЦК на СКЈ како и на Извршното биро.

1971 до 1972 член на Претседателството на СФРЈ.

1972 до 1974 член на Извршното биро на Претседателството на СКЈ

1974 до 1978 претседател на Собранието на СФРЈ

1978 до 1987 член на Советот на Федерацијата и член на ЦК на СКЈ.

Глигоров се пензионира во 1987 година, по што бил вклучен во тимот на претседателот на Сојузниот извршен совет, а во Македонија се враќа во 1989та.

27 јануари 1991 година со 114 гласови "ЗА", Киро Глигоров е избран за прв претседател на Република Македонија.

По референдумот на 8 септември 1991 година ја прогласи независност.

Во октомври 1994 година победува на првите претседателски избори во македонија со 52,4% од гласовите. 
На 8 април 1993 година Република Македонија стана 181 членка на Обединетите нации, за време на претседателскиот мандат на Глигоров.

На 3 октомври 1995 година врз Глигоров беше извршен неуспешен обид за атентат. Кој го преживеа атентатот со тешки повреди.
Случајот се уште не е затворен а МВР води истрага за откривање на атентаторот и по 16 години.

По атентатот Глигоров на функцијата се врати на 10 јануари 1996 година и ја извршуваше се до крајот на мандатот во 1999та.

Глигоров ја претставуваше државата на најзначајните светски настани.

Киро Глигоров не мируваше и во пензионерските денови, како активен публицист публицист. Во 2001 година ги објавува мемоарите „Македонија е се што имаме", а тој е  основач и на фондацијата Глигоров која поддржува проекти од културата и уметноста.

Глигоров е одликуван со:
Орден на југословенското знаме со лента
Орден на Републиката со златен венец
Орден Братство и единство со златен венец
Орден на трудот со црвено знаме
Орден 65 години од победата во големата татковинска војна 1941-1945.

Глигоров во 2005 година стана прв носител на „Орден на Република Македонија,,.

Иван Кузмановски

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/politichkiot-zivot-na-kiro-gligorov" rel="nofollow - http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/politichkiot-zivot-na-kiro-gligorov

Мислам дека Претседателот Киро Глигоров заслужи да има тема на овој подфорум. Иако дел од неговите дела не ми беа по ќејф особено изјавата дека Македонците се Словени и немат врска со Античките Македонци и Алекдандар Македонски, сепак го почитувам како политичар кој многу направи за Македонија. 

А за некој одлуки како промената на знамето и уставот и до ден денешен не ми е јасно колку тој бил директно виновен. Затоа мислам дека има добра основа да се продискутира за ликот на Киро Глигоров од историски аспект. 

Коментари:
Постирано од: SuisajdMesaja
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 00:56
Одлична тема,само ќе бидам краток,околу делот за знамето и името и не е баш кривицата на Киро т.е. вината паѓа на непопустливиот став на Грција.Тогаш мораше тоа да се направи за државата да добие место во ОН,Киро тоа го знаеше па за доброто на државата се сторило што се сторило...Одлуката беше тешка но некој мораше да ја донеси без оглед дали тоа бил Киро или некој друг.За некои одлуки во политиката се бара одлучност,храброст каква што впрочем и ја имал покојниот Глигоров.

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 07:41
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

 сепак го почитувам како политичар кој многу направи за Македонија. 

а да објаснеше малку што е тоа многу што тој направил за МК

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 03.Јануари.2012 во 12:27
Како што реков и погоре Глигоров не бил перфектен во кариерата направил многу грешки меѓу кој неговите ставови за потеклото на Македонците, бавното влечење на потези меѓу кој касното одцепување од Србија, потоа 150 илјади пасоши на Косовците покрај на Бране се препишуват и на негова сметка, премногу меката политика и кога треба и кога тука ќе ги наведам променат на уставот и знамето и тн.
Но кога му се препишуват овие грешки треба да се размисли кој од нив свесно ги направил а кој не , кој грешки нема да предизвикале последици по македонската држава а кој негативно ќе се одразиле врз нашиот суверенитет. 
Мора да се признае дека Македонија тогаш беше во многу комплицирана ситуација, требаше да се формира држава во која вриеше од југоносталгичари, срофили, бугарофили , држава опколена со соседи кои ни најмалку не ни мислеа добро. Држава во која живеат доолно Албанци за  да направат конфликт кога ќе им се укаже и најмалата можност за тоа. 
Во такви услови Киро Глигоров успеа да создаде држава и тоа по мирен пат со што овозможи нормално развивање на државата. 
За жал тоа развивање беше оневозможено од луѓето кој веројатно со негова подршка добија неколку мандати во кои успеаа можноста за нормално развивање да ја уништат.

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 14:28
Originally posted by Diogen Diogen напиша:

Можеби си во право, еве некои од неговите најголеми грешки:

Кога Македонија се бореше за независност, некој тврдеше дека само со крво може да се добие независноста. Тоа и ќе го добиевме, ЈНА беше на све спремна, но Глигоров успеа да договори мирно повлекување на ЈНА, без испукан куршум се прогласи независност. Можеби требаше да војуваме, да се лее крв, да се дели Македонија на кантони и зони....

Втора грешка е што го „продаде“ името. Името, кое со лисабонската декларација требаше да го смениме, за да бидеме признаени. Згреши што не го смени името , направи компромис, за да влеземе во ООН, и преку неа да влеземе во многу организации. Благодарејќи на тоа „предавство“ , влеговме во светските организации, дознаа за Македонија,под уставно име не признааа повеќе од 120 земји, меѓу нив и големите светски сили. Останаа да не уценуваат само авторите на лисабонската декларација, ама времето ги гази. Можеби требаше да тераме инат, да бидеме изолирана земја, надвор од сите организации,ама денес ќе немавме што да браниме.

Да, направил многу „гревови“, кои можеби ќе бидат разбрани покасно, ако реално се гледаат сите околности и што можело да биде поинаку. И да, многу угледни светски политичари ќе речат дека бил мудар политичар, но ние ќе плукаме по него, оти тоа ни е во гените.

Нека почива во мир, ќе биде запишан во Македонската историја како голем државник.

Толку од мене, продолжете со плукање.....

Секоја чест! Токму ова сакав да го кажам. Не сум партиски обоен, но ако оваа држава имала политичар - тоа бил токму Глигоров. Све ова друго, било од ВМРО, било од СДСМ е тешка ретарда. Да не говорам за Трајковски и неговите наредби да не се пук во Арачиново, да не се прави ова и она. Да не говорам за Бранко (дури и заборавив дека беше претседател), а видете го овој новиов како беше ... Иванов да. Па тој бре на улица да го видиш , да му фрлиш 10 денари оти е греота. Мислам дека поновите генерации не се свесни што беше ЈНА и кој беше Милошевиќ. Абре за своите интереси и за зачувување на ЈНА, токму таа ЈНА е одговорна за преку 500.000 животи и да не правам колкава деструкција. Ќе споделам со вас, татко ми е пензиониран генерал, имено во времето на распад на Југославија, тој лично ми има кажано дека во тоа време, во тој момент, ЈНА имала таква воена моќ, да може да држи и 5 ФРОНТА! Па сега види ти, дали постапките на Глигоров во тоа време( кога немаш ни ловечки пушки да се браниш) биле исправни или не. Не бил безгрешен, никој не е, но факт е дека формираше држава, под ПРИВРЕМЕНА референца. Се другото е објаснето во постот на Диоген. Тоа е единствениот ВИСТИНСКИ ПОЛИТИЧАР што оваа држава некогаш го имала.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: Tetratka
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 14:39

збунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетост

и понатаму остана голем збунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетостзбунетост

а за неговите “национални“ заслуги за да се коментира, тоа човек навистина треба да нема никакво достоинство. Неговото име е глас на “мракот“, звук од темнината во Македонија.

Уште многу години нема да се решат многу работи.

94 години зло на Македонија.
Останува уште споменик да му направат.

Како што тивко (демек скромно) се погреба (без крст и петокрака, кој знае можда тајно - со некој “масонски“ ритуал), така и Македонија полека но сигурно ја пикна в дупка.

Не заборавајте дека Јужниот сосед најмногу жалеше по него.

-------------
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 14:48
Да бе да... и баш тој Масон ете така се шеташе низ ГТЦ без обезбедување на 90 години, си правеше муабет со луѓето и беше облечен во одело шиено на маалски кројач. Абе не влагајте у филмови...

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 15:12
дека немаше крст на погребот немаше, тоа ни у сон не можеше да се случи, ама окорела комуњара како киро да не стави петокрака на онаа даската што му ја носеа тоа малку чудно ми дојде, мада од комуњарите се можеш да очекуваш.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 15:20
комуњарите не веруваат во Бог. И тоа си е нивно право! Ако некој сака и превртен крст ќе си стави на гробот и пентаграм. Ако е Киро и бил претседател, шо сега, нема право да биде погребан како што сака? И тоа е човек...

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 17:51
а знае ли некој киро во која партизанска единица учествувал, од кога станал партизан и комунист??????

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 20:01
Киро беше млад адвокат.

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 20:59
а да не беше истиот тој млад адвокат што како благонадежен блгарин пишеше молба до царот за да си отвори кантората во радомир, додека  партизанските единици водеа борби по Мк

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: pajser
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 21:06
 ej lugje dajte malku oladete ., nikoj ne e bezgreshen., no poentata ima druga sodrzhina.........
 
 prv pretsedatel na samostojna makedonija .,   vakov ili onakov never mind....neka pochiva vo mir
 
 za mrtvite se najdobro..........
 
 ke se ispoganite megjusebe za neshto minato zavrsheno vreme .....gledajte napred ,,,,,,,,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 04.Јануари.2012 во 21:27
Originally posted by pajser pajser напиша:

  ke se ispoganite megjusebe za neshto minato zavrsheno vreme .....gledajte napred ,,,,,,,,

Najdobroto kazhano do sega!   

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 05.Јануари.2012 во 07:50
Originally posted by pajser pajser напиша:

 ej lugje dajte malku oladete ., nikoj ne e bezgreshen., no poentata ima druga sodrzhina.........
 
 prv pretsedatel na samostojna makedonija .,   vakov ili onakov never mind....neka pochiva vo mir
 
 za mrtvite se najdobro..........
 
 ke se ispoganite megjusebe za neshto minato zavrsheno vreme .....gledajte napred ,,,,,,,,

па да бе пајсер, точно, поентата има друга содржина, само ако е според тебе пу пу неважи, за мене и за многу други не ќе да е така.

во право си и за мртвите, ама можам да кажам се најдобро за дедо ми, баба ми, еден куп комшии, пријатели, луѓе кои не се више меѓу живите, а цел живот го поминале чесно и достоинствено, домаќини луѓе.

можам ли такво нешто да кажам и за сатрапот кој со прст не мрдна, дури и беше активен учесник кога се продаваше името, знамето, уставот, кога се пљачкаше државата.

Има некои работи преку кои секој чесен и добронамерен човек не може да помине.

А дали ќе почива во мир, нема да почива, премногу зло има направено за овој народ со неговата црвена братија за неговиот живот а посебно десете години колку што беше власт.

-------------
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ

Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 05.Јануари.2012 во 09:04
Жал ми е што почина како човек, но ако се` се собере и одземе, мислам дека повеќе е негативна личност отколку позитивна. И во никој случај не бил борец од 1941, туку од 1943 -`44...
 
сега го едитирам постот... не можам да се сетам на ниту една позитивна работа која Бившиот Претседател на Бившата Југословенска Република Македонија ја направил... ако му ја сметате онаа за мирно повлекување на ЈНА од МК, тогаш грешите бидејќи ЈНА секако мирно ќе се повлечеше, затоа што веќе имаше отворено фронтови во Словенија и посебно во Хрватска...

-------------

Постирано од: pajser
Датум на внесување: 05.Јануари.2012 во 09:11
 dejanijata na pochinatiot se santa na mraz ., samo edna tretina ., e nad voda vidlivo., a 2/3 .,  politichka rabota .,   vo interes na makedonija .....a ona za koe najpoveke se krshat kopjata .,  promena na imeto.,    aktot za toa ne e potpishan od nego., i ako nekoj bil nagolem oponent vo sopstvenata partija ., toa vo taa partija bil on.,    mnogu raboti i dokumenti ., doprva ke iskachaat na videlina .kako onoj  kade ck na kpju ., go kritikuva .,   cela grupa  vkluchitelno i nego ., za poddrshka na makedonskata politichka emigracija .,  vo zapadna evropa ., i toa vednash po  konstituiranjeta na asnomska makedonija ...........mladi ste .,   mnogu raboti ., od vremeto na socijalizmot ne gi poznavate ., a mnogu se  i zadrzhani vo tajnost .,   za koi mislam .,   ako voopshto nekoj dozvoli ., slikata za ovoj chovek nema da bide i taka losha.,        ushte ednash ti kazhuvam ., on ne e potpisnik na dokumentot...............................i pak izedov trici..na politika .kraj

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 05.Јануари.2012 во 11:16
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Жал ми е што почина како човек, но ако се` се собере и одземе, мислам дека повеќе е негативна личност отколку позитивна. И во никој случај не бил борец од 1941, туку од 1943 -`44...
 
сега го едитирам постот... не можам да се сетам на ниту една позитивна работа која Бившиот Претседател на Бившата Југословенска Република Македонија ја направил... ако му ја сметате онаа за мирно повлекување на ЈНА од МК, тогаш грешите бидејќи ЈНА секако мирно ќе се повлечеше, затоа што веќе имаше отворено фронтови во Словенија и посебно во Хрватска...

И потоа отвори фронт и во Босна. Немаше да има проблем да отвори фронт и во МКД, во Хрватска и во Босна одеше потешко, зошто самите Хрвати и Босанци, две години пред да пукне, веќе имаа своја војска и свое наоружување. И покрај тоа, доживеаја неверојатна деструкција од ЈНА. Ние како Македонци, немавме ништо такво.
Туку Пајсер најубаво кажа, баталете сега, почина човекот, а ние пак ќе се разделуваме за нешто што било пред 20 години.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: pajser
Датум на внесување: 06.Јануари.2012 во 01:46
Originally posted by pHp pHp напиша:

 sosema tochno i objektivno sogleduvanje na sostojbite od strana na php shto vladeeja vo toj ., period kritichen za opstanokot na makedonija.,... ako ne beshe taka ., bosanskiot lonec ., ke beshe detska igrachka vo odnos na makedonskoto tavche gravche.,... bidejki vo toa vreme srpskoto rakovodstvo ., bilo ubedeno deka makedonija ke zastane na nivna strana ., a vamu se sluchi neshto sosema drugo., ., i jna so posebna zhestina ke se istureshe vrz shto veli php i tochna mu e konstatacijata ., makedonija ., koja imashe samo lovechki pushki .,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 06.Јануари.2012 во 02:20
Velat "posle vojnata site se generali".

Toa vazhi i za mene...

Vo spomnatite vreminja ne bev vo Makedonija i ne mozham od prva raka da govoram za tie zbidnuvanja, no potoa... mislam deka Gligorov napravi greshka shto sedna da pregovara so Grcija.

Rabotata e shto ne postoi zakon koj bi zabranil bilo koja drzhava da pokrene bilo kakva zhalba za nekoj svoj sosed. Vo osnova toa ne znachi nishto s'e dodeka sosedot ne priznae oti zhalbata ima nekakva osnova.

Vo momentot koga Gligorov sedna na masa da pregovara za grchkiot "problem" toj ekspicitno potvrdi deka navistina postoi realen problem.

Nie mozhevme slobodno da ja preneseme topkata, kako shto stori sega vladava, na megjunarodna arbitrazha povikuvajkji se na megjunarodni zakoni. Eventualnoto odbivanje na megjunarodniot sud da se nafati so takva arbitrazha treba da se koristi kako dokaz deka obvinenijata i zhalbite od strana Grcija se neosnovani... i taka natamu...

No Gligorov, so sednuvanjeto na stolicata, de fakto potvrdi deka grcite imaat polno pravo vo vrska nivnoto baranje.

E sega, otkoga si stavivme trn vo zdrava noga...

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 06.Јануари.2012 во 02:28
Да тоа гледиште е во ред. Но, има нешто што барем мене ми пречи во сето тоа. Мислам дека Израел имаше поддршка уште од самото основање како држава од В.Британија и САД. Ние такво нешто немавме од никого. Па, единствен излез беше да се срдужиме преку меѓународните заедници, кое Грција немаше намера во тоа време да попушти. Па, според тоа, токму тие преговори дозволија Македонија како БЈРМ да влезе во ОН и останатите организации.

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 06.Јануари.2012 во 02:31
Ne e samo Izrael... ima i drugi drzhavi koi ne se primeni vo Svetskite alijansi, koi postojat na "sivo", no sepak egzistiraat i sorabotuvaat so ostanatite drzhavi.

Mislam deka nie bevme isplasheni za nezvisnosta i mnogu izbrzavme so nametnatiot grchki "problem"....

... se raboti za neiskustvo. Voopshto ne go zemavme vo obzir vremeto kako nash sojuznik.

Toa go zneme denes...

P.S. Ne za badijala grcite zhalat za Gligorov. Vo pochetnite presudni momenti na nametnuvajeto na toj nepostoechki problem toj neochekuvano (ne sakam nitu da pomislam deka go stori namerno) im izleze kako najdobar sojuznik.

-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.

Постирано од: pHp
Датум на внесување: 06.Јануари.2012 во 02:34
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Ne e samo Izrael... ima i drugi drzhavi koi ne se primeni vo Svetskite alijansi, koi postojat na "sivo", no sepak egzistiraat i sorabotuvaat so ostanatite drzhavi.

Mislam deka nie bevme isplasheni za nezvisnosta i mnogu izbrzavme so nametnatiot grchki "problem"....

... se raboti za neiskustvo. Voopshto ne go zemavme vo obzir vremeto kako nash sojuznik.

Toa go zneme denes...

Good point

-------------
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство

Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 30.Јануари.2012 во 00:22
Originally posted by pHp pHp напиша:

Да тоа гледиште е во ред. Но, има нешто што барем мене ми пречи во сето тоа. Мислам дека Израел имаше поддршка уште од самото основање како држава од В.Британија и САД. Ние такво нешто немавме од никого. Па, единствен излез беше да се срдужиме преку меѓународните заедници, кое Грција немаше намера во тоа време да попушти. Па, според тоа, токму тие преговори дозволија Македонија како БЈРМ да влезе во ОН и останатите организации.

Ние не бевме планирани да суштествуваме како независна држава.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!

Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 30.Јануари.2012 во 00:42
Затоа и денеска другите плачат. :)

-------------
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев

Постирано од: ZoraNaSlobodata
Датум на внесување: 30.Јануари.2012 во 00:45
Уффф трн в око, ама се навикнаја.Сега си најдоја начини пак да бидиме корисни.

-------------
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!

Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk