|
Америка ја бранеше Македонија од Бугарија |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Април.2010 во 22:03 |
|
Изменето од mungos80 - 02.Април.2010 во 22:05 |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму така, Македонците биле моќни, ама и многу суетни луѓе. Наместо да се обединат тие се делеле на леви и десни, па почнувајќи од убиството на Сарафов и Гарванов се истребувале меѓусебно, додека од тоа најмногу спечалиле Србите и Грците, посебно првите, кои успешно умееле да ги препознаат слабостите. Ванчо Михајлов ги обвинува звенарите дека биле поткупени од Србите....Добра статија која ги расветлува нештата од интересен агол.
Изменето од Pat - 02.Април.2010 во 22:24 |
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Статијата е супер ама до кога ќе треба да ги купуваам сите весници за да прочитаме нешто вакво?Зошто никој не се потруди оваа статија да ја види поголема маса на луѓе?
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа е од „Фокус“?
|
||
Zero Tolerance For Silence
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од Глобус
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Искрено, статиите во весниците, кои се однесуваат на историски прашања се крајно тенденциозни и не секогаш се претставени како што треба. Некогаш наведуваат извори, а јас кога ги барам, изворите ги нема, или се наведени на сосема другот место, а се на некое трето. Мој совет е многу да не се верува на вакви статии, или пак да се бараат изворите. Имаше статија ваква слична во ФОКУС за Иван Михајлов, а сите знаеме каков бил, сме го слушнале неговото интервју. Нема потреба да читаме ФОКУС, ГЛОБУС и слично.
|
||
да бе
Сениор О’ Дабштајн Регистриран: 10.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 5367 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
предоложувам мислиш на македонските весници |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Погрешно ме разбра. Не за фалсификат, ама за голема нестручност, особено при покажување на иворите. Сум се соочил со тоа во ФОКУС, едвај најдов тоа што ми требаше, ама сосема поинаку, отколку кажаното во весникот. Затоа и не сакам такви статии, повеќе сакам сериозни статии, од книги, не од политички магазини. Кога политиката се меша некаде- работите може на глава да излезат. |
||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И каде пишува дека Америка jа брани Македониjа од Бугариjа?
Jас такво нешто не видов во писмата на Барнс. Еве jа статиjата веке достапна во електронската варианта на "Глобус", само дека заглавието е друго: АМЕРИКАНЦИТЕ ЈА ОДВРАЌАЛЕ БУГАРИЈА ОД МАКЕДОНИЈА |
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Американскиот дипломат Барнс, на крајот на Втората светска војна требало, меѓу другото, да ги сопре бугарските претензии кон Македонија.
Ако оваа за тебе не значи дека Америка ја бранела Македонија од Бугарија,тогаш.... |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
lav4eto
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 1540 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не перефраза, туку во писмото на Барнс кое е приложено такво нешто НЕМА.
Имаку секаков извод можеш да ставиш. |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не не - нема,што беше тоа Жирафа,дали постои такво суштество воопшто
|
||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тоа го потврдува и еден од многуте извештаи што тој ги испратил од Софија до државниот секретар за надворешни работи во Вашингтон. Тој документ се наоѓа во одделот - САД, државаниот секретаријат за надворешни работи на Соединетите Држави, 1946, Источна Европа, Советскиот Сојуз, Том 60 (1946), Бугарија страна 46 -177. Документот е декласифициран.
874.006/6-1146: Телеграма Еве, што содржи тој документ, подготвен од американскиот дипломат. Представникот во Бугарија (Барнс) до Секретарот на Државата Тајна Софија, Јуни 11, 1946 Примено Јуни 12 - 1.28 попладне Македонското прашање од секогаш било таксиратот на современа Бугарија. За несреќа на Бугарија, повеќето од влијателните луѓе не само во политиката туку и во сите области од интелектуален карактер, како во армијата така и во редот на политичките радикали и ревулуционери, сите тие потекнуваат од Македонија, а не од самата Бугарија. Додека конците и предивото се од бугарската ткаенина, на нејзиниот измачен селанец, везот е претежно македонски. Оваа состојба е речиси иста дури и денес, за време на комунистичката доминација од страна на владата Отечествениот фронт. Ѓорги Димитров, Трајко Костов, Вулко Червенков и Антон Југов, сите тие се синови на Македонија, а ако се случи остварувањето на замислатата за заедница на Јужните Словени, што е и целта на комунистички настроениот Отечествен фронт, таа (Македонија) ќе биде обединета во автономна држава составена од српските, грчките и од бугарските делови на Македонија во федерацијата која ќе се протега од Трст до Егејското и Црното море. Затоа и не изгледа изненадувачки повампирувањето на македонската револуционарна организација, која, повторно ја дигна својата глава на бугарската политичка сцена. Обете крила на македонските политички револуционери, и десницата (Михаиловото крило) и левицата (Протоѓуревото крило), заговараат и се борат да ја припојат Македонија кон Голема Бугарија, ... а воената лига од која денеска потекнува политичката партија Звено (партија на премиерот и министерот за одбрана Велчев), се одлучи да ја прифати програмата на Земојделската партија за пријателство со Југославија. Ова никако не значи намалување или елиминирање на македонското влијаније во политичките работи на Бугарија, иако ова лево крило никогаш не беше подготвено да оди до такви крајности за да ја стави во еден „вагон“ политичката идеологија на комунистите и оние Македонци кои се со антинационални аспирации како што се Ѓорги Димитров, Трајко Костов, Вулко Червенков и Антон Југов. Десното крило се откажува од сите оние што би го жртвувале македонскиот дел од Бугарија за интересот на јужнословенска федерација. Според тоа не е неприридно што најсилната политичка опозиција на комунистите произлегува токму од Македонците. Таа опозиција сега почнува самоволно да се обелоденува во форма на политички убиства. Неодамна, двајца видни комунисти беа убиени во Свети Врач (македонски бастион), а 14 беа убиени на патот од Свети Врач кон Софија. На 7 јуни во Софија комунистите возвратија на овие убиства. Тие го убија синот на одамна покојниот полковник Дрангов кој беше македонскиот лидер во бугарската војска. Познато е дека неговиот син беше близок дури и со Михајлов и се претпоставуваше дека тој беше единствениот што ќе го продолжеше Михајловото револуционарно раководство во Бугарија. Исто е познато и тоа дека тој тајно влегол во државава пред три недели. На 7 јуни, неговото скривалиште во Софија (во самиот центар, само три улици оодалечен од канцеларијата на штабот) беше опкружено од полицијата. Започна пукање од пушки, кога Дрангов испука во тројца милиционери пред тој да го сврти пиштолот врз себеси и така се самоуби. Неговиот телохранител, Канголов, успеа да избега. Се верува дека Михајлов е надвор од Софија и веројатно е дека се наоѓа во блиските турските предели, но постои можност дека тој досега успеал или да се преферли во Бугарија или пак во некое српско засолниште. Тој се' до крајот на војната останал со Анте Павелиќ во Хрватска, а исто така се знае и тоа дека подоцна пребегал во Португалија. Но, сигурно се знае е и тоа дека тој пред извесно време ја напуштил Португалија. Сето ова укажува дека Македонците се надеваат оти ако кумунистите се одлучат што посилно да го напаѓаат Велчев (Ве молам видете го мојот телеграм 427 од 8 јуни) и Звено, тогаш Велчев би бил приморан да побара помош од Македонците. Македонското влијаније отсекогаш беше многу силно и во бугарската армија, особено во редовите на офицерскиот корпус. Во овој контекст не треба да се занемари и тоа дека сегашниот министер за надворешни работи е многугодишниот Македонец од десното крило, кој им се придружи на Велчев и на Георгиев во државниот пуч од 19 мај 1934 година. Сега тој е председател на Македонската банка, која беше запленета од државата на 9 септември 1944 година. Над 50 отсто од средствата на оваа банка им припаѓаат на старата внатрешна македонска револуционерна организација. Во последниве неколку дена стотина и повеќе Македонци од десното крило се уапсени во Софија и останатите места. Пратено до Вашингтон 435; го молиме департментот ова да го повтори на Москва како 187. |
||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |