Америка ја бранеше Македонија од Бугарија
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22146
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 18:34 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Америка ја бранеше Македонија од Бугарија
Постирано од: mungos80
Наслов: Америка ја бранеше Македонија од Бугарија
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 22:03
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Коментари:
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 22:19
Токму така, Македонците биле моќни, ама и многу суетни луѓе. Наместо да се обединат тие се делеле на леви и десни, па почнувајќи од убиството на Сарафов и Гарванов се истребувале меѓусебно, додека од тоа најмногу спечалиле Србите и Грците, посебно првите, кои успешно умееле да ги препознаат слабостите. Ванчо Михајлов ги обвинува звенарите дека биле поткупени од Србите....Добра статија која ги расветлува нештата од интересен агол.
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 22:21
Статијата е супер ама до кога ќе треба да ги купуваам сите весници за да прочитаме нешто вакво?Зошто никој не се потруди оваа статија да ја види поголема маса на луѓе?
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Pat
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 22:24
Тоа е од „Фокус“?
------------- Zero Tolerance For Silence
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 02.Април.2010 во 22:31
Од Глобус
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 13:25
Искрено, статиите во весниците, кои се однесуваат на историски прашања се крајно тенденциозни и не секогаш се претставени како што треба. Некогаш наведуваат извори, а јас кога ги барам, изворите ги нема, или се наведени на сосема другот место, а се на некое трето. Мој совет е многу да не се верува на вакви статии, или пак да се бараат изворите. Имаше статија ваква слична во ФОКУС за Иван Михајлов, а сите знаеме каков бил, сме го слушнале неговото интервју. Нема потреба да читаме ФОКУС, ГЛОБУС и слично.
-------------
|
Постирано од: да бе
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 13:28
Македон напиша:
Искрено, статиите во весниците, кои се однесуваат на историски прашања се крајно тенденциозни и не секогаш се претставени како што треба. Некогаш наведуваат извори, а јас кога ги барам, изворите ги нема, или се наведени на сосема другот место, а се на некое трето. Мој совет е многу да не се верува на вакви статии, или пак да се бараат изворите. Имаше статија ваква слична во ФОКУС за Иван Михајлов, а сите знаеме каков бил, сме го слушнале неговото интервју. Нема потреба да читаме ФОКУС, ГЛОБУС и слично.
|
предоложувам мислиш на македонските весници
------------- http://www.youtube.com/watch?v=cG_uWZxKaoU - ¡ʎɐp ʎɯ ǝʞɐɯ 'pɐǝɥɐ oƃ
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 23:07
Македон напиша:
Искрено, статиите во весниците, кои се однесуваат на историски прашања се крајно тенденциозни и не секогаш се претставени како што треба. Некогаш наведуваат извори, а јас кога ги барам, изворите ги нема, или се наведени на сосема другот место, а се на некое трето. Мој совет е многу да не се верува на вакви статии, или пак да се бараат изворите. Имаше статија ваква слична во ФОКУС за Иван Михајлов, а сите знаеме каков бил, сме го слушнале неговото интервју. Нема потреба да читаме ФОКУС, ГЛОБУС и слично.
| Апсолутно не се согласувам со тебе.Секоја статија треба да се види и анализира,инаку како ќе знаеш дали е вистина или фалсификат ако не го видиш нештото?
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 23:10
mungos80 напиша:
Македон напиша:
Искрено, статиите во весниците, кои се однесуваат на историски прашања се крајно тенденциозни и не секогаш се претставени како што треба. Некогаш наведуваат извори, а јас кога ги барам, изворите ги нема, или се наведени на сосема другот место, а се на некое трето. Мој совет е многу да не се верува на вакви статии, или пак да се бараат изворите. Имаше статија ваква слична во ФОКУС за Иван Михајлов, а сите знаеме каков бил, сме го слушнале неговото интервју. Нема потреба да читаме ФОКУС, ГЛОБУС и слично.
| Апсолутно не се согласувам со тебе.Секоја статија треба да се види и анализира,инаку како ќе знаеш дали е вистина или фалсификат ако не го видиш нештото? |
Погрешно ме разбра. Не за фалсификат, ама за голема нестручност, особено при покажување на иворите. Сум се соочил со тоа во ФОКУС, едвај најдов тоа што ми требаше, ама сосема поинаку, отколку кажаното во весникот. Затоа и не сакам такви статии, повеќе сакам сериозни статии, од книги, не од политички магазини. Кога политиката се меша некаде- работите може на глава да излезат.
-------------
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 13:54
И каде пишува дека Америка jа брани Македониjа од Бугариjа? Jас такво нешто не видов во писмата на Барнс. Еве jа статиjата веке достапна во електронската варианта на "Глобус", само дека заглавието е друго:
http://www.globusmagazin.com.mk/?ItemID=0DE5B74E074F7E4AA7F110C52076C169 - АМЕРИКАНЦИТЕ ЈА ОДВРАЌАЛЕ БУГАРИЈА ОД МАКЕДОНИЈА
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 15:45
Американскиот дипломат Барнс, на крајот на Втората светска војна требало, меѓу другото, да ги сопре бугарските претензии кон Македонија.
Ако оваа за тебе не значи дека Америка ја бранела Македонија од Бугарија,тогаш....
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 16:10
Не перефраза, туку во писмото на Барнс кое е приложено такво нешто НЕМА. Имаку секаков извод можеш да ставиш.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 16:45
Не не - нема,што беше тоа Жирафа,дали постои такво суштество воопшто
------------- http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 16:45
Тоа го потврдува и еден од многуте извештаи што тој ги испратил од Софија до државниот секретар за надворешни работи во Вашингтон. Тој документ се наоѓа во одделот - САД, државаниот секретаријат за надворешни работи на Соединетите Држави, 1946, Источна Европа, Советскиот Сојуз, Том 60 (1946), Бугарија страна 46 -177. Документот е декласифициран.
874.006/6-1146: Телеграма
Еве, што содржи тој документ, подготвен од американскиот дипломат.
Представникот во Бугарија (Барнс) до Секретарот на Државата
Тајна
Софија, Јуни 11, 1946
Примено Јуни 12 - 1.28 попладне
Македонското прашање од секогаш било таксиратот на современа Бугарија. За несреќа на Бугарија, повеќето од влијателните луѓе не само во политиката туку и во сите области од интелектуален карактер, како во армијата така и во редот на политичките радикали и ревулуционери, сите тие потекнуваат од Македонија, а не од самата Бугарија. Додека конците и предивото се од бугарската ткаенина, на нејзиниот измачен селанец, везот е претежно македонски.
Оваа состојба е речиси иста дури и денес, за време на комунистичката доминација од страна на владата Отечествениот фронт. Ѓорги Димитров, Трајко Костов, Вулко Червенков и Антон Југов, сите тие се синови на Македонија, а ако се случи остварувањето на замислатата за заедница на Јужните Словени, што е и целта на комунистички настроениот Отечествен фронт, таа (Македонија) ќе биде обединета во автономна држава составена од српските, грчките и од бугарските делови на Македонија во федерацијата која ќе се протега од Трст до Егејското и Црното море.
Затоа и не изгледа изненадувачки повампирувањето на македонската револуционарна организација, која, повторно ја дигна својата глава на бугарската политичка сцена. Обете крила на македонските политички револуционери, и десницата (Михаиловото крило) и левицата (Протоѓуревото крило), заговараат и се борат да ја припојат Македонија кон Голема Бугарија, ... а воената лига од која денеска потекнува политичката партија Звено (партија на премиерот и министерот за одбрана Велчев), се одлучи да ја прифати програмата на Земојделската партија за пријателство со Југославија. Ова никако не значи намалување или елиминирање на македонското влијаније во политичките работи на Бугарија, иако ова лево крило никогаш не беше подготвено да оди до такви крајности за да ја стави во еден „вагон“ политичката идеологија на комунистите и оние Македонци кои се со антинационални аспирации како што се Ѓорги Димитров, Трајко Костов, Вулко Червенков и Антон Југов.
Десното крило се откажува од сите оние што би го жртвувале македонскиот дел од Бугарија за интересот на јужнословенска федерација. Според тоа не е неприридно што најсилната политичка опозиција на комунистите произлегува токму од Македонците.
Таа опозиција сега почнува самоволно да се обелоденува во форма на политички убиства. Неодамна, двајца видни комунисти беа убиени во Свети Врач (македонски бастион), а 14 беа убиени на патот од Свети Врач кон Софија.
На 7 јуни во Софија комунистите возвратија на овие убиства. Тие го убија синот на одамна покојниот полковник Дрангов кој беше македонскиот лидер во бугарската војска. Познато е дека неговиот син беше близок дури и со Михајлов и се претпоставуваше дека тој беше единствениот што ќе го продолжеше Михајловото револуционарно раководство во Бугарија. Исто е познато и тоа дека тој тајно влегол во државава пред три недели. На 7 јуни, неговото скривалиште во Софија (во самиот центар, само три улици оодалечен од канцеларијата на штабот) беше опкружено од полицијата. Започна пукање од пушки, кога Дрангов испука во тројца милиционери пред тој да го сврти пиштолот врз себеси и така се самоуби. Неговиот телохранител, Канголов, успеа да избега.
Се верува дека Михајлов е надвор од Софија и веројатно е дека се наоѓа во блиските турските предели, но постои можност дека тој досега успеал или да се преферли во Бугарија или пак во некое српско засолниште. Тој се' до крајот на војната останал со Анте Павелиќ во Хрватска, а исто така се знае и тоа дека подоцна пребегал во Португалија. Но, сигурно се знае е и тоа дека тој пред извесно време ја напуштил Португалија.
Сето ова укажува дека Македонците се надеваат оти ако кумунистите се одлучат што посилно да го напаѓаат Велчев (Ве молам видете го мојот телеграм 427 од 8 јуни) и Звено, тогаш Велчев би бил приморан да побара помош од Македонците. Македонското влијаније отсекогаш беше многу силно и во бугарската армија, особено во редовите на офицерскиот корпус. Во овој контекст не треба да се занемари и тоа дека сегашниот министер за надворешни работи е многугодишниот Македонец од десното крило, кој им се придружи на Велчев и на Георгиев во државниот пуч од 19 мај 1934 година. Сега тој е председател на Македонската банка, која беше запленета од државата на 9 септември 1944 година. Над 50 отсто од средствата на оваа банка им припаѓаат на старата внатрешна македонска револуционерна организација.
Во последниве неколку дена стотина и повеќе Македонци од десното крило се уапсени во Софија и останатите места.
Пратено до Вашингтон 435; го молиме департментот ова да го повтори на Москва како 187.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 18:52
Што докажуваш со повторно постирање на телеграмата? Во неа пишува за состоjбите во Софиjа, за ОФ, за десница и левица, за политички убиства, за Ванчо Михаjлов, за илjадите македонци во бугарската армиjа ( за кои вие пишувате дека били присилно рекрутирани)...
Само никаде не видов да се спомнува како и каде Америка ке брани Македониjа од Бугариjа?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 19:01
lav4eto напиша:
за илjадите македонци во бугарската армиjа ( за кои вие пишувате дека били присилно рекрутирани)...
Само никаде не видов да се спомнува како и каде Америка ке брани Македониjа од Бугариjа?
|
Во Втората Светска војна, Македонците многу добро знаеш дека се присилно регрутирани во бугарската војска. Пример ќе ти дадам. Зошто од Егејскиот дел нема толку многу доброволци, како што и се запишувани по бугарските списоци?! Зошто ОХРАНА има едвај 3000 души од Егејска Македонија, кои при прва прилика ја напуштаа, а ОХРАНА вложи и многу средтства, ама резултат нема?! Зошто само онаму каде беше воспоставена бугарска администрација има многу регрутирани?! Одговорот е јасен...
-------------
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 19:03
lav4eto напиша:
Што докажуваш со пвторно постирање на телеграмата?Во неа пишува за состоjбите во Софиjа, за ОФ, за десница и левица, за политички убиства, за Ванчо Михаjлов, за илjадите македонци во бугарската армиjа ( за кои вие пишувате дека били присилно рекрутирани)...Само никаде не видов да се спомнува како и каде Америка ке брани Македониjа од Бугариjа?
|
A зошто има Македонци во телеграмата.Зошто не бугари,македонски бугари?
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 19:07
Не ми одговараш на прашањето- каде во извештаjот на Барнс се спомнува нешто поврзано со насловот на темата?
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 19:18
А што има врска насловот со телеграмата?
Нема спомнато дирекно но со самото оделување на Македонците од бугарите авторот прави разлика помеѓу вас и нас.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 19:41
mungos80 напиша:
А што има врска насловот со телеграмата?
Нема спомнато дирекно но со самото оделување на Македонците од бугарите авторот прави разлика помеѓу вас и нас. |
Дали случаjно бугарите се со мала буква? Мислам дека не, но тоа е нормално сепак... Та еве и jас се чудам, Мунгос...што има врска насловот со телеграмата?
И дали вие ги почитувате тие македонци, кои се "македонскиот вез" на бугарската ткаенина? Тие кои се "кремот на бугарското општество", а вие дури не ги спомнувате, а ги имате за предавници...за тие зборува Барнс.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 19:42
mungos80 напиша:
А што има врска насловот со телеграмата?
Нема спомнато дирекно но со самото оделување на Македонците од бугарите авторот прави разлика помеѓу вас и нас. |
...Ѓорги Димитров, Трајко Костов, Вулко Червенков и Антон Југов , сите тие се синови на Македонија...
---
Не знам доколку е прав автарот. Ѓорги Димитров и http://bg.wikipedia.org/wiki/Антон_Югов - Антон Југов - двамата министер-претседатели са наистина со произход од Македониjа. http://bg.wikipedia.org/wiki/Трайчо_Костов%20 - Траjчо Костов Джунев е роден во Софиjа. Може да е дете на преселници од Македониjа. http://bg.wikipedia.org/wiki/Вълко_Червенков - В'лко Червенков e од Златица. Така што авторот не е сосем коректен.
---
И што е кажал авторот? Што Македонците са крем на бугарското општество? Цитат:
...Додека конците и предивото се од бугарската ткаенина, на нејзиниот измачен селанец, везот е претежно македонски...
Овоj вез ни докара национални катастрофи, ама тоа е друга тема.
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 19:58
lav4eto напиша:
mungos80 напиша:
А што има врска насловот со телеграмата?
Нема спомнато дирекно но со самото оделување на Македонците од бугарите авторот прави разлика помеѓу вас и нас. | Дали случаjно бугарите се со мала буква? Мислам дека не, но тоа е нормално сепак...Та еве и jас се чудам, Мунгос...што има врска насловот со телеграмата?И дали вие ги почитувате тие македонци, кои се "македонскиот вез" на бугарската ткаенина?Тие кои се "кремот на бугарското општество", а вие дури не ги спомнувате, а ги имате за предавници...за тие зборува Барнс. |
Телеграмата е поводот за насловот.
А тоа другото е прашање до поединец кој од кој се има откажано.
Бугарија не е смислено со мала,има и во вашата држава добар народ.
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 20:00
чоли напиша:
mungos80 напиша:
А што има врска насловот со телеграмата?
Нема спомнато дирекно но со самото оделување на Македонците од бугарите авторот прави разлика помеѓу вас и нас. |
...Ѓорги Димитров, Трајко Костов, Вулко Червенков и Антон Југов , сите тие се синови на Македонија...
---
Не знам доколку е прав автарот. Ѓорги Димитров и http://bg.wikipedia.org/wiki/Антон_Югов - Антон Југов - двамата министер-претседатели са наистина со произход од Македониjа. http://bg.wikipedia.org/wiki/Трайчо_Костов%20 - Траjчо Костов Джунев е роден во Софиjа. Може да е дете на преселници од Македониjа. http://bg.wikipedia.org/wiki/Вълко_Червенков - В'лко Червенков e од Златица. Така што авторот не е сосем коректен.
---
И што е кажал авторот? Што Македонците са крем на бугарското општество? Цитат:
...Додека конците и предивото се од бугарската ткаенина, на нејзиниот измачен селанец, везот е претежно македонски...
Овоj вез ни докара национални катастрофи, ама тоа е друга тема. |
Самите си садевте тикви со шаволот,вие им дававте позиции на Македонците за да се истакнуваат како Бугари,е од таа ваша политика дојдовте на тоа ниво.Истото и сега се повторува со происходите.Ама тоа е друга тема
------------- “Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 20:11
mungos80 напиша:
lav4eto напиша:
mungos80 напиша:
А што има врска насловот со телеграмата?
Нема спомнато дирекно но со самото оделување на Македонците од бугарите авторот прави разлика помеѓу вас и нас. | Дали случаjно бугарите се со мала буква? Мислам дека не, но тоа е нормално сепак...Та еве и jас се чудам, Мунгос...што има врска насловот со телеграмата?И дали вие ги почитувате тие македонци, кои се "македонскиот вез" на бугарската ткаенина?Тие кои се "кремот на бугарското општество", а вие дури не ги спомнувате, а ги имате за предавници...за тие зборува Барнс. |
Телеграмата е поводот за насловот.
А тоа другото е прашање до поединец кој од кој се има откажано.
Бугарија не е смислено со мала,има и во вашата држава добар народ. |
Види jaс го читам "Глобус", има интересни материали, затоа се изненадив на ваква "сензациja". Целата статиjа е интерпретациjа на авторот, нема никаде ништо поврзано со насловот "Америка да jа брани Македониjа од Бугариjа". Поскоро има факти кои се извесни- за Г.М.Димитров ( денешната Анастасиja Moзер од БЗНС му е внука), за расправата со опозициjата и влегувањето во орбитата на Москва. Jас сфакам дека таков наслов отеднаж го зголемува реjтингот, ама малце е претерано.
Секако, тоа не е кон тебе директно, не си ти крив.
------------- http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш
|
Постирано од: Македон
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 20:22
lav4eto напиша:
Jас сфакам дека таков наслов отеднаж го зголемува реjтингот, ама малце е претерано.
|
Токму поради тоа и го напишав ова.
Македон напиша:
Искрено, статиите во весниците, кои се однесуваат на
историски прашања се крајно тенденциозни и не секогаш се претставени
како што треба. Некогаш наведуваат извори, а јас кога ги барам, изворите
ги нема, или се наведени на сосема другот место, а се на некое трето.
Мој совет е многу да не се верува на вакви статии, или пак да се бараат
изворите. Имаше статија ваква слична во ФОКУС за Иван Михајлов, а сите
знаеме каков бил, сме го слушнале неговото интервју. Нема потреба да
читаме ФОКУС, ГЛОБУС и слично.
|
Не се однесува токму на Глобус, туку и на други наслови. Неколкупати се излажав и јас така, мислев дека е којзнае што, па дури и извори имаше наведени, ама кога отворив да барам во изворите, нешто сосема друго, да, во сличен контекст, ама не беше достојно презентирано, ниту поткрепено.
-------------
|
Постирано од: чоли
Датум на внесување: 13.Април.2010 во 20:38
Дури заглавието не треба да биде Америка ја бранеше Македонија од Бугарија, а требеше да биде Америка ја бранеше Македонија од ВМРО
Зоштото четиримата "Македонци":Ѓорги Димитров, Трајко Костов, Вулко Червенков и Антон Југов са сакали Пиринска да се припои кон Обединета Македониjа. Против таа работа са скокнали и левото (протогеровисти) и десното ВМРО (михаjловисти):
Оваа состојба е речиси иста дури и денес, за време на комунистичката доминација од страна на владата Отечествениот фронт. Ѓорги Димитров, Трајко Костов, Вулко Червенков и Антон Југов, сите тие се синови на Македонија, а ако се случи остварувањето на замислатата за заедница на Јужните Словени, што е и целта на комунистички настроениот Отечествен фронт, таа (Македонија) ќе биде обединета во автономна држава составена од српските, грчките и од бугарските делови на Македонија во федерацијата која ќе се протега од Трст до Егејското и Црното море.
Затоа и не изгледа изненадувачки повампирувањето на македонската револуционарна организација, која, повторно ја дигна својата глава на бугарската политичка сцена.
Обете крила на македонските политички револуционери, и десницата (Михаиловото крило) и левицата (Протоѓуревото крило), заговараат и се борат да ја припојат Македонија кон Голема Бугарија, ...
|
|