|
Завеси... |
Внеси реплика | страница 123 6> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 28.Февруари.2010 во 09:16 |
Завесите се украс на прозорците...
и на некој начин..го потврдуваат ...стилот и карактерот...
на секоја домаќинка... ја чуваат приватноста...и создаваат
одредена топлина......
..Повелете со Вашите мислења....
Дали користите завеси...од кои материјали најчесто...
...или пак сте повеќе за ... венецијан ролетни...венецијанки.....?
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Госпожата дома што си ја викам мајка, у дневна стаила завеси црвени.
Со кремаста гарнитура убаво одговараат. Кај мене у соба немам. Фала богу. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Porano imav zavesi, ama sega sum so venecijanki. Zavesite imaat odredena ubavina ama se teski za odrzuvanje.
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имам црвени завеси во дневната, оти имам црвена гарнитура.
Многу се убави и многу си ги сакам. Поклон ми се од многу добра пријателка.
Во спаланата соба имам крем завеси со крупни розе цветови, зашто целата спална е у тој фазон на пастелни бои и бело
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да одберете завеси Завесите освен естетските вредности, имаат и голема функционална вредност, за која често и не размислуваме. Компактните завеси овозможуваат одлична топлинска изолација, посебно кога се поставени пред големи стаклени површини. При изборот на завесите, би можеле да го примениме правилото, а истовремено и поговорката “ За вкусовите не се расправа ” . Некој ќе се одлучи за лесни, провидни завеси со ведри бои и дезени, додека други ќе сакаат да ја заштитат својата интима со тешки, непроѕирни завеси, со потемни и загасити бои кои ќе ја смират атмосферата во домот. Сигурно е дека завесите со голем удел го дефинираат карактерот на просторот. Тие влијаат на количеството на сончева светлина што ќе влезе во домот, па затоа е добро за дневните соби и кујните да се бираат завеси од полесни, проѕирни материјали.
Густите, непровидни завеси просторот ќе го направат потемен, но нивна предност е што овозможуваат одлична топлинска изолација. Поради своите карактеристики нивната примена е пожелна во спалните соби, каде добро ќе ги заменат ролетните и да ја сочуваат интимата на просторот од љубопитните погледи од надвор. Поради ефектот на затемнување, полесно може да се одмориме и да спиеме во текот на денот, да кажеме после одработена ноќна смена.
Тешките завеси згодно е да се применат и во големите простории, односно на големите ѕидни и застаклени површини како втори завеси, односно во комбинации со тенките, проѕирни завеси. Тие се превлекуваат преку тенките завеси кога во просторот сакаме да направиме поинтимна атмосфера, или пак во студените зимски вечери, како би се задржала топлината во просторот и би се заштедило на трошоците за загревање. Повлечените густи завеси во комбинација со тенките имаат и дополнителен декоративен удел, посебно ако се со декоративна лента или украсни копчиња. Завеси во кујните Ако завесите можат да се перат во машина или ако не се многу подложни на валкање, одржувањето ќе биде олеснето. Овие завеси се погодни во кујна каде што се изложени на маснотии и пареи од готвење, па е потребно нивно почесто чистење. Завесите истотака треба да може да се перат во топла вода, а пожелно е и да се проѕирни за да пропуштат доволно дневно светло во кујната и така на домаќинката или на домаќинот да им ја олеснат работата во кујната. Ткаенините во кои се присутни повеќе од 50% синтетички материјали, како и ткаенините од памук се подложни на собирање од перење, па затоа на ова треба да се размислува при купувањето, особено ако се скроени според димензиите на просторот. Добро е завесите од вакви материјали да се кројат после првото перење. Истотака, добро е да се знае дека корнизата, исто како и завесата би требало да биде барем 20 cm подолга од ширината на просторот која би го покрила, за да убаво стои и да овозможи идеална топлинска заштита на просторот. Поставување на завесите Некогаш многу вообичаените корнизи, со пластична или дрвена предна маска и водилки од пластика или метал по кои лизгаат пластичните водилки закачени за завесата, се заменети во корнизи во облик на шипка со лизгачки прстени. Изведбата е во различни варијанти, од дрвени, пластични до метални, во различни бои. Краевите на шипките се украсени со декоративни материјали во топчест облик спирални тродимензионални облици, листови итн.
Со примена на телескопска шипка загарантирана е поголема флексибилност, односно можност за развлекување на корнизот на саканата должина. Такви се и малите прозорски корнизи на кои може да се навлече завеса преку целиот или половина прозорец, а се прицврстуваат со помош на мали куки на внатрешната рамка на прозорецот. Овие завеси претежно се поставуваат во кујните или во долгите застаклени површини на ходникот или верандата. Кај балконските врати интересна е изведбата со корнизи кои се преклопуваат, како и корнизи со повеќе канали (два, три или четири). Интересни се и новите решенија за поставување на завеси со помош на ленти со чички. Овој вид на поставка наречена е “Break-A Way систем ”, а нејзината примена е препорачлива во детските градинки, во бањите, каде ако случајно завесата се зафати, би можело да дојде до повреда или пад на корнизата и целиот систем што ја држи завесата. Духот на старината на прозорците Штиркањето, хеклањето, кукичењето се стари техники на ткаење кои биле практикувани во вечерните часови, кога уште немало телевизија. Штета е да се изгуби смислата и традицијата, па размислете како би било со ракотворби да ги украсите своите прозорци!
Дрвото е градежен материјал кој повторно се враќа во мода. На прозорците од дрвена куќа, како и во новоградбите кај прозорци од монтажни куќи украсени со цвеќе, убаво ќе се вклопат завесите од ленен материјал чии рабови се опшиени со чипка. |
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од pagane - 22.Мај.2010 во 22:13 |
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
pagane
Сениор Регистриран: 21.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 13044 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внеси реплика | страница 123 6> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |