IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Љубов и Простување
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубов и Простување

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Љубов и Простување
    Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:25
Длабоката значење на Личноста и Крстот Христов е Љубов (вертикално) што е Неговото Свето Тело и Простување (хоризонтално) Неговата Света Крв, а според учењето на Вистинските Пророци и Апостолите, тоа е единствениот спас за сите нас!


Денес - источна Прочка и западно Валентиново воеднаш - кога за првпат (без некоја посебна намера) го отворив Писмото, тоа беше баш на страната кадешто почнува Посланието до Колосјаните, а моите очи несвесно отидоја и се “заковаја“ баш на местото кадешто стои следново: Тој ... не’ избави од власта на темнината и не воведе во царството на Својот возљубен Син, во Кого имаме откуп преку крвта Негова и опростување на гревовите, и Кој е образ на невидливиот Бог.


Јас во оваа тема би сакал да ве запрашам што вам лично - во вашиот живот - ви значи надприродната Љубов и Простување БОЖЈЕ во Христа ?
Исто така многу би ми значело вашето мислење за природата на следнава случка.

Од минатата сабота па до вчера (сабота вечер) не зборував со мојата 16 годишна ќерка. Причината за тоа беше една нејзина тајна која на крајот прерасна и во лага. Имено, таа ни кажуваше за едно момче - со кое се дружеа - дека е симпатија на нејзината другарка а минатата сабота мојата жена ја “фати“ на дело дека тоа било всушност нејзина симпатија. Одтогаш ... штама!

Неделата наутро - без свестно да знам дека набрзо е Прочка - бев во една блиска слободна Евангелиска заедница која е сместена во склоп на една дрводелска работилница. Одвреме навреме (1-5 пати годишно) човек може да ме види и во таа малечка заедница.
Таму, без тие да знаат дека во православнтата црква (значи таму кадешто сум роден по тело) е денот на простувањето, имаа баш тема простување!
Еден млад дечко објаснуваше - поткрепувајќи со Писмото - колку е важно да се прости одсесрце и што покскоро, а наведе и еден случај како некој маж и простил на својата жена дури и браколомство. Таа жена до ден денешен преку книгата во која го запишала начинот на нејзиното каење и неговото простување, сведочи за верата и љубовта на нејзиниот маж, кој повеќе никогаш во животот – дури и во конфликтни ситуации – не и го принел и прекорил нејзиното злодело или неговото простување на истото.
Теоријата звучи прекрасно, но во праксата ми се стврдна срцето дури и за една ваква “ситница“ та девојчето го игнорирав како да не постои. Де ќе ми објаснува дека ништо повеќе не е од една платонска симпатија, дека тој немал нити можност да се приближи до неа, дека ништо телесно немало помеѓу ними ... но јас и покрај сите тие уверувања – останував камен !
Девојчето почна многу да тагува зошто јас ја игнорирам, да бледнува, апетит да снемува, ... да плаче.
Тоа така беше се’ до вчера (сабота) после зајдисонце (значи Библиски гледано Недела), кога одкако и мојата жена поради мојата каменитост кон ќерками почна да плаче - а и на мојот син (кој што беше цело време ја штитеше и потврдуваше вистинитоста на сестраму) очите му беа исто така полни со солзи - јас и простив а целата породица бевме загрнати ...

Денеска дознавам од мојата жена дека детето е родено скоро на ист датум како и јас (а може*и Библиски гледано и на истиот ден) и дека скоро секоја недела оди баш во таа заедница кадешто јас (после незнам колку време) минатата недела повторно бев, дека се моли за љубовта и дека е спремен дури 1000 години да чека ...

Што мислите? Дали оваа случка - термински и тематски - е случај (?) или пак еден понатамошен израз на Љубовта БОЖЈА, за Која јас бев поприлично слеп?


Шалом до сите


Изменето од spiros - 14.Февруари.2010 во 23:03
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:34
spiros, штом детето е родено на ист датум со тебе, ја мислам да му ја дадеш ќерката и ич да не му ја мислиш голема%20насмевкаљубов
Love is in the air mmmmm love is in the air танцување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:35
Чекај Евангелосе, многу рано е!
















Изменето од spiros - 14.Февруари.2010 во 22:35
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:43
Имаш право, уште ти е малолетна ќерката. Само немој да го мачиш малиот да ја чека 1000 години како што обеќал. Ако и после две години се сакаат (кога ќе наполни 18 твојата малечка) тоа значи дека навистина се сакаат и дека се спремни да одат на долги стази. Ја мислам во потоа да ги пуштиш да си го играат тангото на раат голема%20насмевка
А до тогаш, држи ги под надзор. Има една поговорка која вели: Љубовта е како искра. Ако е мала, ветерот ќе ја угасне, ако е голема, ќе ја разгори.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 22:52
Ти благодарам за советот!

Без Милоста БОЖЈА сум потполно изгубен дури и по ова прашање, но со БОГА во ГОСПОДА Исуса Христа, верувам дека се’ ќе биде во ред и тоа во Неговиот ред!

АМИН

Но Евангелосе, што мислиш за терминското и тематското совпаѓање ?








Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:06
Мислам дека малиот се распрашал во која црква идеш и немарно отишол таму за да освои поени кај тебе голема%20насмевка хаха, се шалам, не знам, коинциденција, искрено мислам дека не е никаков знак од Бог тоа што детето е родено на ист ден како тебе. Тоа е мое мислењ, субјективно нели. Мислам дека ред други фактори треба да се земат тука предвид. На ќерка ти, а и на детето им треба христијанско советување на темите љубов, врска, брак. Има убави книги на оваа тема кои и ним би им биле интересни. Распрашај се, ако сакаш и ќе ти предложам некоја.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:26
Јас би продолжил во врска со Простувањето ...

Пред повеќе години (може*и 5,6,7 години), излегувам во дворот и ја гледам ќерками во комшискиот двор како плаче а “опколена“ со други девојчиња, меѓукои едното како книжнички судија се извикува нешто на неа.
Се приближив и прашав дали би можел да помогнам некако, но “оштрото“ девојче ме направи партал.   
Како две возрасни распуштени жени со долгогодишно карачко искуство, вербално ме “изрешета“.
Моето девојче беше (лажно) оптужено за некое издавање на нивни тајни, а тоа пак (сирото душиче) да ја смири работата си препиша на себеси нешто што не го сторила.

Јас во таа ситуација ја повикав дома. Со месеци и дури години мојата ќерка беше од неа матретирана и навредувана. Еден од најомилените објекти на нејзиното вреѓање, бев јас .    Нејзиниот татко (поточно втор маж на мајкаи и нејзин притатко) беше доста ситуиран човек на висока позиција во фирма која произведува (според непроверени информации) и оружје.

Арно ама, после неколку години девојчето што навистина ја издало тајната признало пред сите “другарки“ дека е таа. Но после и тоа сознание, дрската малечка карачка немаше нити на крај памет да се извини кај ќерками.
Тоа беше така се’ до едно неделно утро - кое се беше разденило со една новонаврната прилично голема покривка на снег - и во кое после нечието газење по снегот во дворот, го слушнавме куќното ѕвонче.   Јас отворив и за мое изненадување на вратата стоеше баш тоа девојче со своето кученце.
Најљубезно ме замоли за да и го простам нејзиното однесување кон ќерками и мене, што од сесрце и го сторив. Тие заедно и среќни си ојдоја да си играат со снегот.

Кога појдовме кај моите родители на неделен ручек, мајками рече: Денес е прочка!    



Случај ...?









Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:46
Јас би продолжил пак во контекст на мојот предходен пост.



Две години одкако девојчето заѕвони на врата - без да знам дека дента е Прочка - ја прашувам ќерками што е со “другарката“ а таа ми вели: незнам! Многу е некако чудна. Може*и поради новиот развод на мајкаи ?

Возејќи кон моите на неделен ручек, точно пред месната државна црква, ја гледам неа во “вампи“ стил на облекување.

После ручекот се враќаме дома, а во сандачето една книга од еден брат (со кого може*и несум достоен да се наречам брат). Корицата на книгата: Слика од Рембрант кадешто таткото го прегрнува изгубениот син (повратник) според Лука 15. Темата на книгата: Простување!   


Случај ...?

п.с. Братот беше тогаш полновремен проповедник баш во таа малечка заедница за која пишував во уводниот пост, а денеска работи како градинар (или нешто слично) во школото - 20км оддалечено - кадешто учи ќерками.


   




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2010 во 23:55
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Мислам дека малиот се распрашал во која црква идеш и немарно отишол таму за да освои поени кај тебе голема%20насмевка хаха, се шалам, не знам, коинциденција, искрено мислам дека не е никаков знак од Бог ...



Повеќе од секој човечки ум и мисла е Оној БОГ, Кој Небото, Земјата и се’ што е во ними ги создаде - а и Највредното го даде - од Љубов кон своите чеда!


Одам да спијам. Лека ноќ на сите и знајте дека Некој надприродно ве Љуби



Шалом!   


Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 15:47


   Prostevanjeto e prekrassna rabota, vprocem sekoj od nas e gresnik, i vo Biblijata na mnogu mesta Isus ni veli da si prostuvame eden na drug.
Prostuvanjeto kako sto spomnav e prekrasna rabota,,no da se opredeli den vo godinata vo koj treba da prostuvame!!
Toa licno za mene e nesvatlivo i ne Bibliski.
Prostuvanjeto e sekojdnevno , kako sto i greskite se sekojdnevni.
Zar treba da cekame edna godina za da nekogo mu prostime ili ni prosti.???
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 21:33
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:



...   

Zar treba da cekame edna godina za da nekogo mu prostime ili ni prosti.???



Потполно се сложувам дека простувањето секогаш треба да е што поскоро!

Со секој поминат ден на кој што не сме простиле, дружината шејтанска - со нашата среќа - сме ја нагостиле.






... сонцето да не зајде над гневот ваш! (Еф.4:26 + 27)











Изменето од spiros - 15.Февруари.2010 во 21:35
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 22:01
Originally posted by spiros spiros напиша:

... со кое се дружеа - дека е симпатија на нејзината другарка а минатата сабота мојата жена ја “фати“ на дело дека тоа било всушност нејзина симпатија. Одтогаш ... штама!
Што ако била нејзина симпатија? И што ако ти и жена ти сте дознале за тоа Ако ќерка ти има 16 години тоа е сосема најнормално да ја интересира спротивниот пол и да другарува со момчиња, па и со оние кон кои чувствува симпатија. Белким не очекуваме сите симпатии да ни ги пријавуваат со молба и таксена маркица 50 ден.
Originally posted by spiros spiros напиша:

Теоријата звучи прекрасно, но во праксата ми се стврдна срцето дури и за една ваква “ситница“ та девојчето го игнорирав како да не постои. Де ќе ми објаснува дека ништо повеќе не е од една платонска симпатија, дека тој немал нити можност да се приближи до неа, дека ништо телесно немало помеѓу ними ... но јас и покрај сите тие уверувања – останував камен !
А зошто чувствувала потреба да ти објаснува она такви работи? Не ти е она сопругата па да ти се правда што било како било, таа ти е ќерка. Ќерка ти ако сака може да има дечко или само симпатија, или ако моментално не сака нека нема. Тоа не треба да го одлучуваш ти или жена ти, туку таа самата. Твое е како родител љубезно да ја посоветуваш да внимава на работи како што се несакана бременост, здравствена состојба и сл., да не избрзува со брак и слично ако не се познаваат доволно добро, да не го запоставува поради тоа образованието и тн... Ако се најде во неволја да и помогнете и сл. Ама не биди тиранин кон своите телесни чеда.
Originally posted by spiros spiros напиша:

Девојчето почна многу да тагува зошто јас ја игнорирам, да бледнува, апетит да снемува, ... да плаче.
Тоа така беше се’ до вчера (сабота) после зајдисонце (значи Библиски гледано Недела), кога одкако и мојата жена поради мојата каменитост кон ќерками почна да плаче - а и на мојот син (кој што беше цело време ја штитеше и потврдуваше вистинитоста на сестраму) очите му беа исто така полни со солзи - јас и простив а целата породица бевме загрнати ...
Прости но замоли и ти за прошка што се бил таков! И повеќе не греши душа за такви работи! Спомни си за зборовите на либанскиот христијанин Халил Џибран кои токму ти ги постираше пред некое време во една од темите:

Your children are not your children.
They are the sons and daughters of Life's longing for itself.
They come through you but not from you,
And though they are with you yet they belong not to you.

You may give them your love but not your thoughts,
For they have their own thoughts.
You may house their bodies but not their souls,
For their souls dwell in the house of tomorrow,
which you cannot visit, not even in your dreams.
You may strive to be like them,
but seek not to make them like you.
For life goes not backward nor tarries with yesterday.

You are the bows from which your children
as living arrows are sent forth.
The archer sees the mark upon the path of the infinite,
and He bends you with His might
that His arrows may go swift and far.
Let your bending in the archer's hand be for gladness;
For even as He loves the arrow that flies,
so He loves also the bow that is stable.

Originally posted by spiros spiros напиша:

Денеска дознавам од мојата жена дека детето е родено скоро на ист датум како и јас (а може*и Библиски гледано и на истиот ден) и дека скоро секоја недела оди баш во таа заедница кадешто јас (после незнам колку време) минатата недела повторно бев, дека се моли за љубовта и дека е спремен дури 1000 години да чека ..
Каква врска има тоа на кој датум е тој роден? Каква ќе беше твојата реакција да беше на сосема друг датум роден? И каква ќе беше твојата реакција да дознаеше дека тој наместо во таа христијанска заедница скоро секоја недела оди во на пр. во некој Харе Кришна храм или некаков клуб на атеисти&скептици?
Originally posted by spiros spiros напиша:

Што мислите? Дали оваа случка - термински и тематски - е случај (?) или пак еден понатамошен израз на Љубовта БОЖЈА, за Која јас бев поприлично слеп?
Ваквите случки секогаш сакаат нешто да ни кажат но не во таа смисла која може*и понекогаш си замислуваме(на пр. некаква божествена мистерија, провидение и сл).

Случката ти кажува многу. Имено каков си ти кон своите ближни, какви последици има твоето однесување по нив и дека спремноста за прошка и толеранцијата можат да ублажат многу нешто. Исто така ти дава можност да ги преиспиташ своите досегашни ставови во врска со воспитувањето деца, ставот кон бракот, спротивниот пол и тн. Менувај ги тие работи благовремено. Она што ти го сметаш за исправно живеј го за пример, но никогаш не очекувај и не ги присилувај ближните да го прават истото ако самите немаат желба за тоа.

Ако сакаш чистата милост Божја, која како што и самиот правилно велиш, се отелотвори во Христа, тогаш требаш и самиот да бидеш подготвен да бидеш милозлив и да имаш разбирање за своите најблиски.

Изменето од Majkl - 15.Февруари.2010 во 22:01
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 22:27
Мајкл, признавам дека јас од целата фамилија цели 7 дена бев (најверојатно) најдалеку од СОВРШЕНАТА ЉУБОВ БОЖЈА и наместо да живеам со непоколе6ива доверба во Неа, во мене зацарува недовербата и стравот дека карневалското влијание може6и почнало да контаминира и ...
Затоа таква беше и моја реакција!

Но за моја голема среќа - драг пријателу - Живиот БОГ имаше многу поголемо разбирање замене (несовршениот) одколку што имаш (на пример) ти. Та, на чудесен начин ТОј ми помогна, отворајќи ми ги очите за Неговата надприродна Љубов и се’пристаност!

Мајкл, јас познавам луѓе кои (барем) јавно изјавуваат дека воопшто не им е грижа што прават и со кого одат нивните малолетни чеда.
Тие луѓе - ако навистина се такви - тогаш тие воопшто не наликуваат на мојот Небесен ОТЕЦ и БОГ Кој поради Љубов и грижа за своите чеда, Го даде и Најскапоценото!


Сваќаш ли ме?


п.с. Луѓето кои критично ги споменав, земаат слободен ден од работа за да би учествувале на карневалите, додека ...



   

Изменето од spiros - 15.Февруари.2010 во 22:33
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 22:54
Originally posted by spiros spiros напиша:

Но за моја голема среќа - драг пријателу - Живиот БОГ имаше многу поголемо разбирање замене (несовршениот) одколку што имаш (на пример) ти. Та, на чудесен начин ТОј ми помогна, отворајќи ми ги очите за Неговата надприродна Љубов и се’пристаност!
Слава му на Бога за тоа! Имај разбирање така и ти за потре*ите и размислувањата на твоите деца.
Originally posted by spiros spiros напиша:

Мајкл, јас познавам луѓе кои (барем) јавно изјавуваат дека воопшто не им е грижа што прават и со кого одат нивните малолетни чеда.
Тие луѓе - ако навистина се такви - тогаш тие воопшто не наликуваат на мојот Небесен ОТЕЦ и БОГ Кој поради Љубов и грижа за своите чеда, Го даде и Најскапоценото!

Сваќаш ли ме?
Те сфаќам. Не е добро родителот за ништо да не му е гајле, добро е што се грижиш, но одбери вистински начин тоа да го покажеш. Неразговарањето и одбивањето не води никаде(за среќа тоа си го спознал и си го променил - ), ниту пак забраните и викањето. Ако децата(зборам воопшто) не можат искрено да разговараат со своите сопствени родители, тогаш ќе најдат некој друг со кој ќе можат. Ако имаат среќа тој некој ќе биде добронамерен и од помош, ако не... е тогаш дел од вината си ја имаат и родителите.
Originally posted by spiros spiros напиша:

п.с. Луѓето кои критично ги споменав, земаат слободен ден од работа за да би учествувале на карневалите, додека ...
... додека ти седиш дома или на работа во страв од контаминација? Зошто не појдеш и ти на карневал?(без да се опиваш и без да земаш учество во развратните дејности). Покани ги и своите најблиски(ако сакаат, се разбира) и забавувајте се. Не сите луѓе кои лумпуваат на карневалот се заблудени и развратни, има таму и мирољубиви и добронамерни особи како што си и ти. Со нив ќе си се подружиш и кога ќе појдеш дома ќе му се заблагодариш на Бога за пријатната вечер. А сабајле ќе станеш свеж за разлика од оние кои карневалот си го имаат сфатено како славење на алкохолот.


Инаку, навистина ме интересира твојот одговор на прашањето:
Цитирај Каква врска има тоа на кој датум е тој роден? Каква ќе беше твојата реакција да беше на сосема друг датум роден? И каква ќе беше твојата реакција да дознаеше дека тој наместо во таа христијанска заедница скоро секоја недела оди во на пр. во некој Харе Кришна храм или некаков клуб на атеисти&скептици?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.