IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Фрлањето на КРСТОТ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Фрлањето на КРСТОТ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Фрлањето на КРСТОТ...
    Испратена: 21.Јануари.2010 во 09:52
kako i sto rekov posle ,ocenite i komentarite, za pravoslavnite obicai i tradicija za badnik ,odnovo ,,dobronamernite ,i cistite komentatori vo mediumite pokrenuvaaat kampanja---za ,,pogresnoto razbiranje na praznikot,i motiviranosta,,vodici.........
 
sega samo obinuvanjata se poinakvi,se cestvuva poradi,toa sto ucesnicite i sponzorite---pravat profit........
-
 
 
uzivajte vo tekstot od dnevnik:

Богатото наградување на тој што ќе го фати крстот на Водици и' дава многу приземна димензија на религијата и на верата, бидејќи материјалното го става над духовното, оценуваат социолозите

Сребрен крст тежок еден килограм, вреден 2.000 евра, лаптоп, дивиди-сараунд, златник, клима-уред, телевизор и фрижидер, се само дел од подароците што ги добија оние што на Водици ја имаа среќата да го фатат светиот крст.

Од година во година, се чини, верниците во желбата да го фатат крстот се' повеќе се водени од материјалното отколку од духовното. Наместо верата во бога, мотив за учеството во „трката“ по крстот им стануваат вредните подароци од моќни бизнисмени, кумови и спонзори на манифестацијата, кои на тој начин го користат празникот за да се промовираат себеси и своите фирми. На тој начин прославата на Водици од духовна манифестацијата се претвора во комерцијална.

Социолозите велат нема ништо христијанско во комерцијалната димензија, која се' повеќе се протежира за овој верски празник.

- Тоа што оној што ќе го фати крстот е богато наградуван им дава многу приземна димензија на религијата и на верата. Не е во ред и треба да се најде начин тоа еднаш засекогаш да се реши - вели професорот по социологија Илија Ацески.

Тој смета дека е непристојно кон другите верници еден да се дарува толку многу.

- Поинаку би било кога тие подароци или средства би им се отстапиле на дом за сиромашним на социјално загрозени семејства. Од друга страна, на пример, во Скопје, во фаќањето на крстот учествува и маратонец, професионален пливач, што е малку симптоматично - коментира Ацески.

Даниел Димевски, аналитичар на состојбите во МПЦ, се согласува дека овие духовни манифестации се' повеќе добиваат комерцијален карактер.

- Духовниот сегмент се губи пред напливот на комерцијални и маркетиншки моменти. Да се даде подарок е во ред, но сето тоа да се рекламира на големи платна распнати на Камениот мост не е убаво. Со тоа се губи самата суштина на давањето подарок, на подарувањето, кое треба да претставува индивидуално чувство. Кога се работи за духовен настан, треба да доминираат духовни моменти чија одлика и суштина е скромноста, без многу помпа. Главното богатство на манифестацијата треба да биде присуството на што повеќе верници, а не тие да се деморализираат со премногу комерција - истакна Димевски.

И граѓаните сметаат дека непотребно се трошат пари за толку многу подароци.

- Многу пари се фрлаат на подароци. Тие средства може да се искористат за други цели. Има многу луѓе без работа, стечајци на кои им е потребна помош. Ако не ги доделуваат овие подароци, се прашувам дали некој би скокал по крстот - вели скопјанецот Јордан Станковски, невработен машински техничар.

Негова сограѓанка вели дека давањето вредни подароци на тој на што ќе го фати крстот е спротивно на верата.

- Кога бев мала, баба ми ме носеше да го гледам фрлањето на крстот од Камениот мост. Се сеќавам дека тогаш имаше петмина или шестмина што влегуваа во студената вода по крстот, но барем беше достоинствено. Сега откако бизнисмените даваат подароци сакајќи на тој начин да се искупат за своите нечесно заработени пари, се пријавуваат многу повеќе „верници“. Сметам дека сиромаштијата си го направи своето. Кога луѓето го допираат дното, принудени се да трчаат по телевизори и фрижидери и да стануваат „религиозни“ - вели нашата соговорничка.

Од друга страна, Црквата не се согласува со ваквото тврдење и смета дека тоа е резултат на атеистичкиот пристап на настанот.

- Можеби мотивацијата за некои верници да се фрлат по крстот е материјалното, но за поголемиот број од нив тоа е верата. Тие влегуваат во студените води со длабока вера дека ништо не може да им наштети. Се' друго е декор, надворешно обележје на настанот. Во црковната традиција нема случај некој по фрлањето во студените води да се пожалил дека се разболел - вели отец Драги Костадиновски од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

Според него, дарувањето на оној што ќе го фати крстот, не е погрешно.

- Оној што на Водици ќе успеел да го фати осветениот крст, ако станувало збор за парохија од затворен тип, одел од куќа во куќа и бил даруван од семејствата. Во селата се дарува со месо, паричка, волна, гравче, ориз... А, бидејќи Скопје е поголем град постои борба за престиж, па донаторите сакаат што повеќе да даруваат. Не гледам дека е грешно тоа што некој сака да дарува. Тоа е погрешна теза - дециден е Костадиновски.



Изменето од aladin - 21.Јануари.2010 во 09:56
Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 20:29
Ова со фрлањето на крстот е чист паганизам и под итно треба да се искорени од христијанството ( православието).
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2010 во 23:41
А фрлањето камења врз камењ во мина и клањањето (бакнувањето, додирнувањето, ...) кон каба каменот, не е ли нечист паганизам?   

Колку ние нам луѓето лесно прлавштината да ја видиме кај другите, а кајсебе воопшто не!




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
deshad Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1350
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај deshad Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 00:31
Originally posted by spiros spiros напиша:

А фрлањето камења врз камењ во мина и клањањето (бакнувањето, додирнувањето, ...) кон каба каменот, не е ли нечист паганизам?   

Колку ние нам луѓето лесно прлавштината да ја видиме кај другите, а кајсебе воопшто не!






Не е! А знаеш зошто?Затоа што тоа е една симболика со која го каменуваме ѓаволот (злото) за да биде понастрана од нас, и ја оживуваме традицијата на Ибрахим а.с. кој на истите тие три места во Мина му се појавил шејтанот и Ибрахим а.с. го каменувал. Не е исто! Затоа што ние тие камчиња не ги земаме дома за да ни носат среќа и здравје, за тие фрлени камчиња кралот не ни дава телевизори и други вредни награди Каменот го бакнуваме затоа што и Мухаммед а.с. го бакнал, но секако не го обожаваме нити правиме култ од него, за разлика од вашиот крст и уште еден куп други иконопоклонства и паганизми кои сте ги удомаќиниле.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 12:00

Богојавление - Атонијада - Света Гора 2009

Фрлање на светиот Крст на Света гора и литија со иконата “Аксион ести“

Θεοφάνεια ΑΘΩΝΙΑΔΑ 2009


има безброј клипови од целиот свет...

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2010 во 18:07
Originally posted by deshad deshad напиша:


Не е! А знаеш зошто?Затоа што тоа е една симболика со која го каменуваме ѓаволот (злото) за да биде понастрана од нас, и ја оживуваме традицијата на Ибрахим а.с. кој на истите тие три места во Мина му се појавил шејтанот и Ибрахим а.с. го каменувал. Не е исто! Затоа што ние тие камчиња не ги земаме дома за да ни носат среќа и здравје, за тие фрлени камчиња кралот не ни дава телевизори и други вредни награди Каменот го бакнуваме затоа што и Мухаммед а.с. го бакнал, но секако не го обожаваме нити правиме култ од него, за разлика од вашиот крст и уште еден куп други иконопоклонства и паганизми кои сте ги удомаќиниле.




дешаде, Св.Авраам ( БОГ да го благослови него и неговото потомсво) никогаш не фрлал камења по шејтанот (изворот на егото) - кој е и противникот на СОВРШЕНАТА ВОЛЈА БОЖЈА (Христос) - туку го победи внатрешно !
Притоа треба да се примети дека случката околу жртвувањето на првороденото чедо од прво и единсвенољубената жена на Св. Авраам (Ибрахим) е најава за СОВРШЕНАТА ЖРТВА од страна на БОГА !

Поради Тој БОГ Св. Авраам (Ибрахим) го напушти дури и својот татко и својата поранешна традиција која беше залутала во идолопоклонсво и каменопоклонсво!
За мене лично симболиката на жртвениот камен Авраамов е убава, а симболиката на Крстот Христов уште поубава, иако – преку Милоста БОЖЈА – ритуалноста на истите веќе повеќе децении не ја практицирам, нити пак мие оддалеку толку важна како внатрешноста на која таа всушност упатува.

Се надевам дека набрзо одозгора ќе се родат души (Bистински вернички) кои критично – а пред сè самокритично – ќе ја сватат суштината на ритуалите и во Светол Дух ќе ја видат Вистината!

АМИН





Изменето од spiros - 25.Јануари.2010 во 18:16
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2010 во 22:41
Само околу два часа после што вчера го пишав погорниот пост, мојот син го извади крстот што му беше на гуша - а го има од летоска во крушево - и му го даде за благослов на еден многу близок човек, кој денеска имаше една голема операција!

Јас за малку што не се излетав и не почнав да објаснувам ..., кога одеднаш ми стана јасно дека се наоѓам во христијанска клиника и дека сме опкружени со стручњаци и медицински алати кои скоро сите имаат (во некоја форма) еден крст насебе.

Во таа клиника доаѓаат луѓе од најразлични култури да ја учат медицината - изградена врз БОЖЈАТА Љубов - и да се лечат.


БОГУ Фала и Слава што Тој ме воздржа, за да не си го нападнам детето со дешадови логики !


п.с. На вчерашен ден, Тоше имаше роденден.











Изменето од spiros - 26.Јануари.2010 во 23:37
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
vlad0 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Титула нема поради неплатени сметки

Регистриран: 18.Ноември.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 2263
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vlad0 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2010 во 17:23
ova so frlanjevo na krstot nekako barem ovde vo ohrid izgleda kako da e izmama zosto toj so go fati povekje godini mu e vnuk na vladikata
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2015 во 08:44


Светата православна црква е децидна по ова прашање. Брегалничката епархија се води според каноните и преданијата поврзана со традицијата за овој обичај стар повеќе од 2.000 години. голема насмевка








Изменето од Messenger - 17.Јануари.2015 во 08:45
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
outlook123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maya

Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај outlook123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2015 во 09:09
e dobro de, nema da skokam!

ama ne Isus, tuku onie koi skokaat.. a i onie koi go frlaat..

bi gi prashala: - shto simbolizira krstot?!

kuj znae shto kje dobijam za odgovor?!   

Изменето од outlook123 - 17.Јануари.2015 во 09:27
едно е - не се две
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2015 во 06:47

Бог да чува!



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2015 во 17:58
Жално е кога гледам оние кои ги имаат
сите информации и борбата само со постарите
за да излеземе од паганството,истото го
дигаат на повисоко ниво.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2015 во 21:15
Originally posted by outlook123 outlook123 напиша:

e dobro de, nema da skokam!

ama ne Isus, tuku onie koi skokaat.. a i onie koi go frlaat..

bi gi prashala: - shto simbolizira krstot?!

kuj znae shto kje dobijam za odgovor?!   
тој што ќе го фати е алфа мажјак во наредните година дена намигнување
ако има соборено рекорд во фаќање на крстот, тогаш може и за претседател да го ставиме


инаку... очигледно не е канонски жена да учествува во овој настан, ама канонски е да се тепаат ко стоки сите по крстот, како што се тепаат ко стоки на секое друго неадекватно место... не знам дали беше минатата година, ама се сеќавам дека баш на една девојка и го грабнаа од раце крстот
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2015 во 23:15
Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Бог да чува!




Не знам зошто се чудиш..
Ова е само уште еден доказ дека има многу примитивни "племиња" во земјава.
Како симнати од планина, пуштени од синџири..
Некогаш жалам што сум македонка кога ќе видам вакви специјалки.
Требаше да ги остави во вода уште барем пола час и на крај да си замине без да го фрли крстот!
Какво непочитување, збеснувам кога ќе видам вакви работиизнервираност
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.