|
Традиционални занаети |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 31.Декември.2009 во 13:12 |
НОСИИ
До ден денес, најкарактеристични носии во велешкиот крај останале носиите од северните велешки села.
Машката носија била изработена од бело платно,а ја сочинувале кошула, гаќи, елек од клашна (пругасто домашно ткаено платно), шалвари со широки ногавици, бечви со капаци од бел и црн шајак, копоран од клашна и памуклија антерија која се носела преку елекот. На нозете се носеле чорапи врз кои се обмотувала волнена објала или калци (вид потколеници од клашна што се навлекувале на нозете). Во летните периоди мажите на појасот или на главата носеле бела крпа бришалка.
Жените на глaватa носеле
шмии, а на нозете „чејли“.
Карактеристика на
мијачкиот вез е неговиот колорит во кој доминира црвената боја. Црната боја
доминира во везовите што потекнуваат од Скопска Црна Гора и Долни Полог. Во
колоритот на македонските везови се застапени и други бои како зелената, жолтата
или темно сината. Карактеристика на македонските везови се густо извезените
површини и специфичните орнаменти и мотиви. Традиционално за изработка на
македонските везови се користеле претежно волнени конци и конци обоени со
природни средства за боење. Во некои области како Полог и Порече за изработка на
везовите се користела срма. TRADICIONALNI ZANAETI ГРНЧАРСТВО
Глината се обработува
мануелно, со помош на грнчарско колце. Потоа изработените бардаци, стомни, тави,
грниња и други грнчарски производи се сушат и се печат во специјални печки. На
крајот се украсуваат со цртежи со специјални керамички бои и се заштитуваат со
тенок слој на транспарентен флукс. Наспроти развојот на керамичката индустрија,
традиционалните велешки грнчарски производи сеуште се барани на пазарот. Тоа ја
одржува традицијата, но и занаетот. Секој од грнчарските производи е уникатен и
сам по себе има единствена вредност. Денеска, покрај за потребите на
домаќинствата, грнчарските производи служат и како украс во домовите на
вљубениците во традицијата каде сведочат за историјата на македонската умешност.
Доколку расните коњи повеќе
се употребувале за јавање или за влечење пајтони и чези, тогаш и сарачите имале
повеќе работа. Ако коњите повеќе се користеле за носење товари или за орање,
сарачите останувале без работа. Предизвиците на новото време и воведувањето на
современи сообраќајни средства сосема го избришале овој занает од лицето на
Велес. Но, долго по неговото исчезнување, чаршијата сеуште се нарекувала Сарачка,
во спомен на мајсторите-сарачи.
Особено потребите на имотните граѓани и претставниците на еснафот кои имале желба да се облекуваат по најнова европска мода и да носат костуми од квалитетни материјали. Терзиите за својата работа најмногу користеле ,,Singer,, машини за шиење кои се сметале за најквалитетни. Денеска голем број велешки семејства, во своите домови чуваат и сеуште користат вакви машини. Наспроти брзиот развој на текстилната индустрија, терзискиот занает преживеа до денеска. Во Велес сеуште работат 18 мајстори-терзии кои произведуваат облека по мерка .
TRADICIONALNI PREDMETI
Изработени од глина, тавите, грнците, тенџерињата се предмети во кои и денеска се приготвува традиционалната македонска храна. Не помалку вредни се ваганите и толчниците направени од дрво, како и лажиците во разни големини. Меѓу садовите во кои се чува водата предничат надалеку познатите стомни, бардаци и ибрици.
Особено впечатливи за туристите
се бакарните тепсии, ѓумови и украсни послужавници. Занаетчиите и домаќинките
порано ги употребувале пеглите изработени од месинг, но денеска тие се користат
само како украси. Изменето од Tetratka - 31.Декември.2009 во 13:13 |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Покуќнина од метал
Со брзиот развој на индустриското производство се напуштале старите традиционални форми на живеење. Освен мебелот од метал, од метални свиткани цевки и профилирано железо, со федери и сл., од метал биле изработени и постаменти за ламби, потоа послужавници, мангали од месинг, ибрици, чашки за кафе и ракија, мали кутии за чување накит, пепелници од бакар итн. [1] 37.13. Часовник од метал, МГС инв. бр. 2291 37.14. Рамка за слика, метална, МГС инв. бр. 497
Бронзата, месингот и среброто служеле за украсување на покуќнинските предмети или предмети за дотерување. Кујунџиите правеле кутии, табакери за тутун и цигари, мастилници, кандила, вазни, садови за слатко, пудриери за дами, садови за чување и послужување на ситни колачиња и бонбони, послужавници и слично. Многу предмети од метал биле со натписи, посвети, благослови или биле изгравирани и датирани. За гравирање биле користени познатите граверски техники “флах”, “тиф” и “ерхабен”.” [2] Скопските трговци во својата работа користеле печати, “мурови”, во кружна, овална или четвртеста форма. Понекогаш тие биле и во вид на прстен и истовремено служеле и како накит и како печат. Секоја градска куќа имала голем број покуќнински предмети од метал, наменети за огништето, за перење и одржување на личната хигиена, за послужување на храна и пијалаци, за затоплување на просториите, за осветлување и слично. Од метални садови, во градските куќи се употребувале тави, бакарни котлиња, тепсии, чинии, зарфови, прибор за јадење итн. Нив ги изработувале и ги калаисувале калајџиите. Одделни предмети биле изработени од ковано железо, како пирустии, маши, држачи за борина и слично. Во секоја градска куќа имало свеќници, вазни за цвеќе, авани за толчење, домашни кантари, чукала за порта, ѕвонци за врата што ги изработувале леари и кантарџии. Во металната покуќнина спаѓале и ѓумовите, сааните, ибриците, мангалите, казаните, котлињата, чиниите, чашите за пиење и друго. 37.15. Чајник од метал, МГС инв. бр. 795 37.16. Метален послужавник, МГС инв. бр. 2532 37.17. Свеќник, шандан, МГС инв. бр. 1175
Предметите од метал се одликувале со богатство на форми и оригинални линии, а нивната орнаментика била изведена со техника на “грави” или “плитко” релјефно ковање. Голем број покуќнински предмети од метал биле увезени од странство, а најчесто се увезувале мангали, самовари, држачи за свеќи итн. Поради многубројните посебности на предметите од бакар, како и поради нивната широка домашна употреба, тие останале само спомен за еден одреден временски период, додека насекаде се појавувале производи од стакло, порцелан, уметнички обликувана керамика, емајлиран метал. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Народните носии се едно од главните обележја на нашата
култура и традиција. Носиите ја претставуваат инвентивноста и
мајсторството на народните креатори-Македонските жени, кои сами ги
изработувале носиите од суровини кои самите ги произведувале (најчесто
волна, лен, памук, коноп) со помош на традиционални алатки (разбој,
вретена, игли).
До почетокот на 20 век, кога народните носии беа се уште во употреба и популарни, на територијата на Македонија постоеја околу 70 различни видови на богато украсени народни носии. Секој регион во земјата има свои главни стилски, естетски и функционални обележја по кои се разликува од другите. Причината за мноштвото различни народни носии, најмногу женските, пред се лежи во географската изолираност на етничките региони, како и честите миграции и едничкиот диверзитет на населението. На територијата на Македонија се разликуваат два главни типови на носии: Западно-македонски и Источно-македонски. Западните се поделени според етнографските региони, Горниот тек на Вардар, Дабарско-Мијачки и Брсјачки. Источните се поделени на Средниот тек на Вардар и Шопски регион. Главни карактеристики на македонските народни носии се везот (со раскошни геометриски и цветни шари), апликациите, плетените шари, бордури, срмата и плетенките, како и накитот, главно изработен од метал, монистра и плодови од природата. |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Охридско Поле Дебарско Поле Пијанец Преспа Прилепско Горна Река Скопско |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од Tetratka - 08.Јануари.2010 во 19:42 |

Свадбена женска носија од с.Куфалово, Солунско |
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |