|
Софи Караќаева |
Внеси реплика | страница 123 10> |
Автор | |
Ecy0
Група Регистриран: 03.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Октомври.2009 во 19:41 |
Што мислите за женава???
Ај да не ве држам вака,еве ви еден текст,станете поучени Непозната дама распродава цели тиражи Џетсетерка можеби не е најправилната дефиниција за Софија Караќаева, дамата чие име токму со таков предзнак неколку месеци циркулира во јавниот живот. Стана позната откако преку емисиите на А1 (особено преку „Фаци“), а и во списанието „Крема“ беше претставена како жена која ве остава без здив, со шарм, стил и убавина, една ретко негувана Македонка. Два пати, колку што досега се појави на насловната на ова списание, целиот тираж пламна многу брзо. Пријатно е изненадена од ова што и се случува и смета дека нејзина шанса е тоа што публиката секогаш сака нови лица. - Мојот пробив во јавната сфера се случи неочекувано. Гостував во некои емисии за убавина, најчесто заради силиконите што ги ставив на носот и усните. Во почетокот новинарите се осврнуваа само на мојата убавина, но со тек на време работите си дојдоа на свое место и сега под лупа е и мојот стил на живот. Ова не е Америка и себеси не се гледам како џетсетерка, повеќе како жена која сака убави нешта. Сметам дека душата е најважна од се. Многу набрзо ќе се појавам и во едно сосема природно издание. Со Зоран Василевски ќе подготвуваме циклус емисии на А1 „Живот на село“, во кој ќе снимаме на трактор, во трло со овци, меѓу луѓе кои нижат тутун - најавува Софија. Откако по втор пат беше објавена на насловна на „Крема“ интересот за неа е многу поголем. На профилот на Фејсбук, каде што веќе ја исполнила квотата и има 5.000 пријатели, доби уште 700 нови покани за пријателства. Во нејзиното сандаче за електронска пошта фрчат комплименти од типот „Ти си како италијанска кукла“, „Вауу женава е гром“, а неодамна на нејзиното ново бело „пежо 308 кабрио“ нашла оставено ливче со комплименти и цвеќиња. Самата нагласува дека сака да комуницира со публиката без да се создава лажна слика и лажна фама за неа. - Во овие тешки времиња навистина е привилегија да имаш убав автомобил, да бидеш дотерана, да живееш во луксуз. Јас сето тоа го поседувам. Но јас пред тоа би го истакнала што јас сум спокојна, умерена и почитувана личност, сакана сопруга и мајка. Со Перо дишеме како еден. Нашата љубов трае 11 години. Го запознав случајно, спонтано, „не сакајќи“, но да поминете само пет минути во наше друштво ќе ја почувствувате енергијата и флуидот што кружи меѓу нас. Велат убав сопруг е убав одредено време, а добриот е убав засекогаш. Меѓу двете јас го избрав ова второто, и поубавото. Пред неколку години се преселивме од Гевгелија во Скопје, ја отворивме кафеаната „Мрзенци“. Со нас живее мојот син од првиот брак Димитар, мојот „живот“, чие име неодамна го истетовирав на десната рака. Имам и одлични релации со децата од првиот брак на Перо. Семејната среќа и хармонија ми е пресликува на ликот, тука лежи целата магија, констатира таа. Телесната форма ја одржува секојдневно со трчање покрај Вардар, некогаш дури по осум километри, заедно со личен тренер. Не пие, не пуши, не пие дури ни кафе, поборник е за здрав живот. На коментарите дека е еден вид „македонската Парис Хилтон“ одговара дека е само среќна и исполнета жена, со чувство за естетика и уметнички дух, која слободното време го исполнува со цртање, сликање, изработка на накит од скапоцени и полускапоцени камења. Поседува и бутик во Гевгелија. Ги сака нештата кои се неодоливи и може да испровоцираат, но до одредена граница, а не со претерување. Вели, во иднина би се сликала во некое пооткриено издание, доколку некогаш добие добар мотив за тоа. |
|
• Come as you are, as you were
As I want you to be As a trend, as a friend, as an old enemy Take your time, hurry up The choice is yours, don't be late. Come As You |
|
aco_t
Нов член Регистриран: 27.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 36 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
daj slika da ja vidime
|
|
FeaR
Сениор False Evidence Appearing Real Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 5307 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
многу е фештачка воопшто не е мој тип
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Која ли е само фамознава? Слика молим, да имаме на што да коментираме |
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
и јас се прашувам која е?
прв пат слушам за неа...и со што заслужила цела тема? ама решив да го почекам авторот на темава да се изјасни |
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.
Изменето од blueprayer - 21.Ноември.2009 во 12:19 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Добро бе ставете слика да ја видиме која е, па да прокоментираме онака, женски
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Ecy0
Група Регистриран: 03.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е работата е што незнам да стаам слика Жална сум знам...Али можете ли да прогуглате малце...Кај најдете таму...Извинете вака...Али ако некој може да ми каже како да ставам,нека повели
|
|
• Come as you are, as you were
As I want you to be As a trend, as a friend, as an old enemy Take your time, hurry up The choice is yours, don't be late. Come As You |
|
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јас не успеав да ја најдам никаде низ пребарувачите...затоа и се прашав што е толку популарна...ако ја најдете споделете ја сликата со нас...ко што кажа Марија Магдалена -да ја прокоментираме
|
|
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ангелино мор, фејсбуко зошчо ти јет?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Ecy0
Група Регистриран: 03.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе идете само на фејцбук,и бобарајте Софи Караќаева...И ако можете или ако сакате,додадете ја за пријател...А за тоа,да еве и јас сега,добро кога забележав,нема слики од неа...
|
|
• Come as you are, as you were
As I want you to be As a trend, as a friend, as an old enemy Take your time, hurry up The choice is yours, don't be late. Come As You |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Well,...убава е. Беспрекорно убава би рекла. А што е таа, модел некој, манекенка, што?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Внеси реплика | страница 123 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |