IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Никола Карев
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Никола Карев

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Никола Карев
    Испратена: 05.Јули.2009 во 18:10
Интервју со Мише Карев, внукот на Никола Карев

Прекрасно, но и многу тажно интервју за судбината на семејството Кареви, во текот на српската,бугарската окупација и комунистичката власт, како и за сите документи кои ги поседувале.

Интересно е што поседувале копии од интервјуто на Карев за грчкиот весник каде што тој кажува дека е Македонец, со што се исклучува можноста истото да е фалсификат.

Благодарност до мојот голем пријател Зора на Слободата за интервјуто!големо%20гушкање


Изменето од macedon_alex - 05.Јули.2009 во 18:23
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 18:18
гледам дека соработвал со окупаторот
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 18:20
Толку разбираш. Каде прочита тоа жити се? Напротив, во интервјуто внукот на Никола Карев тврди дека  не соработувале со окупаторот. Прочитај до крај.
Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 18:24
прочетов го целото бе приателе
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2009 во 18:35
„Чувам и некои фотокопии на документи до кои имам дојдено последниве неколку децении, како што е неговото интервју за грчкиот весник 'Акрополис', дадено на грчки новинар на 8 мај 1903 година во Битола.“

Значи не е од пред 100 г.
А и интервјуто го знаеме. Никаде не кажал дека не е Блгарин.
Па вели дури дека според историјата Александар е Грк.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2009 во 21:18
Ако толку му верувате на Нушиќ дали му верувате и на Карев

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2009 во 13:47
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Ако толку му верувате на Нушиќ дали му верувате и на Карев



Карев ништо не напишал. Гркот раскажал за сретбата своја со Карев (дури не е сигурно дека е токму тој Карев, а не некој друг)

Τά τετράδια τού Їλιντεν

© Утрински Весник, сите права задржани

Сабота, 22.07.2000 Архивски Број 329.


По откривањето на интервјуто на Никола Карев за 'Акрополис' во 1903

Одважноста на претседателот на Крушевската Република


Грчкиот новинар разговарал токму со Никола, најпознатиот борец за
Македонија од семејството Кареви - сето вклучно во Движењето



Интервјуто на Никола Карев за грчкиот весник Акрополис, објавена на 8
мај 1903 година, е првото, досега познато интервју на член на
најтесното раководство на ВМРО пред Илинденското востание. Тоа го
предизвикува љубопиството на современите читатели и поради погледите на
Карев за борбата на Македонците за ослободување и поради односот на
Грците кон Востанието и кон Македонија и Македонците.

Овој исклучителен, слободно ќе може да се нарече, историски документ го откри и го преведе на македонски јазик г-ѓа Елефтерија Вамбаковска,
вработена во Институт за национална историја. ПРИ ВЧЕРАШНАТА СРЕДБА СО
Г-ЃА ВАМБАКОВСКА ВО РЕДАКЦИЈАТА НА 'УТРИНСКИ ВЕСНИК'НАЈНАПРЕД НЕ
ИНТЕРЕСИРАШЕ НАЧИНОТ НА КОЈ ТАА ДОШЛА ДО ИНТЕРВЈУТО.


- Пред извесно време од соседна Грција добивме неколку мошне интересни
историографски изданија. Меѓу нив е и делото со наслов Та тетрадја ту
Илинден, (Атина 2000) подготвена за печат и публикувана од Георгиос
Пецивас што претставува еден вид независно издание и претпоставува
заобиколување на силно присутната селекција, па и цензура (да ја
наречеме), на официјалната грчка историографија. Книгата е поделена на
два дела. Во првиот дел е поместен дневникот на првиот секретар на
грчкиот конзулат во Битола Јон Драгумис, а во вториот дел Г.Пецивас има
поместено цела збирка разни документи кои се однесуваат на Илинденскиот
период.

Авторот на „тетратките” Ј. Драгумис е познат националистички борец за
голема Грција. Во Битола дошол 1902 година и меѓу првите започнал да
организира борба против Внатрешната организација, која, ете, успеала да
ги привлече во своите редови речиси сите македонски патријаршисти, со
што ги загрозувала грчките Винтереси' во Македонија.

Прелистувајќи ја книгата, особено делот Прилози, бев пријатно
изненадена кога на стр.553 (документот бр.21) пред мене се појави
наслов „Интервју со член на Комитетот“. Со љубопитност го барам името
на членот на Комитетот, но и на новинарот.

Новинарот, чиј идентитет на крајот е означен со иницијали, ни ја открива личноста со која се сретнал, со следниот краток осврт: Во Битола ја имав среќата и честа да
се запознаам СО ЕДЕН БУГАРИЗИРАН МАКЕДОНЕЦ - учител, член на Комитетот
кој се вика Карев. Со овој човек случајно се запознав во хот.
„Монастирион“, односно „Отел Монастир“, како што го викаат во Битола.
Карев се држеше многу резервирано кон мене се до оној момент кога
„Гркот од Крушево, по име Папагудас“ не ми го претстави. ПОТОА СЕ
ОСЛОБОДИ И ОТКАКО ПОГЛЕДА ЛЕВО-ДЕСНО МИ ПРИЗНА ДЕКА БИЛ „БУГАРОФРОН” И
ЧЛЕН НА КОМИТЕТОТ.


Дали елементите што ги дава грчкиот новинар биле доволни за да се тврди
со сигурност дека станува збор за Никола Карев?


Уште на почетокот пред мене се поставија повеќе прашања и дилеми: прво,
се споменува презимето, но не и името, а Кареви имало повеќе и сите
биле во Движението. Но, меѓу нив само еден бил учител и раководител од
повисок ранг, тоа бил Никола. Значи, нема сомневање дека тој е Никола
Карев.

Второ, и можеби најважно: можно ли било во тие тешки години на
конспирација, особено во времето пред Илинден кога во Македонија
особено во Битолскиот округ, имало чести и жестоки судири меѓу четите и
аскерот (период на т.н. непрокламирано востание) а будноста на турските
власти била подигната на многу високо ниво, повторувам, можно ли било
во едно такво време, во битолски хотел без разлика што бил сопственост
на еден крушевски Влав, Карев да се открие пред еден Грк (и не само
пред него), а се знаело дека Грците соработувале со турската власт во
борбата против македонското движење?

Трето, на документот стои „Атина четврток 8 мај“. По се изгледа тогаш
било објавено интервјуто. Кога се водел разговорот не се знае, но
сигурно тоа морало да биде неколку дена пред 8 мај, по солунските
атентати. Карев само што беше минал во илегала по враќањето од
Смилевскиот конгрес.

Четврто, познато е дека раководителите на Македонската организација не
контактирале со новинари во земјата и надвор од неа. Исклучок е
интервјуто на Јане Сандански и, веројатно, на Д.Груев дадени во друго
време и поинакви услови. Дали интервјуто на Н.Карев е единствено дадено
од еден раководител на Организацијата пред Илинденското востание,
останува допрва да се потврди.


КАКО ЈА КОМЕНТИРАТЕ СОДРЖИНАТА НА ИНТЕРВЈУТО. ШТО ЗНАЧИ ТЕРМИНОТ
БУГАРОФРОН?


ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО СОДРЖИНАТА НА ИНТЕРВЈУТО ОСТАВАМ ДА СУДИ НАУКАТА И
ЧИТАТЕЛИТЕ. МОЕ МИСЛЕЊЕ Е ДЕКА ТОА СОДРЖИ КОНТРАДИКТОРНОСТИ И
НЕЛОГИЧНОСТИ. ИНТЕРВЈУТО ВСУШНОСТ И ЗАПОЧНУВА СО ЕДНА НЕЛОГИЧНОСТ.
КАРЕВ ИЗЈАВУВА ДЕКА Е **БУГАРИН ПО УБЕДУВАЊЕ**, А НА ПРВОТО ПРАШАЊЕ НА
НОВИНАРОТ: „ДАЛИ Е МАКЕДОНЕЦ”, ОДГОВАРА СО „ДА”!


Самиот новинар ГО ПРОГЛАСУВА КАРЕВ ЗА МАКЕДОНЕЦ, НО БУГАРИЗИРАН, а го
започнува интервјуто со прашањето што е (по националност)? Се гледа
дека за него поважно било етничкото потекло - дали бил Македонец, што
за Грците било синоним за Грк. Инаку, тоа „по убедување“ за нив не било
важно - убедувањето се стекнувало и било менливо.


БУГАРОФРОН, ВО БУКВАЛЕН ПРЕВОД БИ ЗНАЧЕЛО - ЧОВЕК ШТО МИСЛИ НА БУГАРСКИ
НАЧИН, КОЈШТО МИСЛИ КАКО ШТО МИСЛАТ СИТЕ БУГАРИ. Денес Грците имаат
сличен термин - етникрофрон кој има слично значење, имено - човек што
мисли на својата нација, односно Грк кој мисли на Грција. Денес
Македонците во Егејска Македонија своите сонародници кои се погрчиле ги
нарекуваат - етникофрони.

За нив во 50-те и 60-те години се издаваа и
посебни уверенија дека се етникофрони, а заедно со нив се издаваа и
уверенија за подобност, наречени - пистопиитикон киноникон фрониматон
кои беа потребни дури и за полагање на приемните испити на факултетите.

Како го објаснувањето поврзувањето на територијата Македонија со
етничкиот карактер на населението кое живее во неа?

Новинарот, и не само тој, Македонија ја смета за грчка територија и
оттука и луѓето кои тука живеат, според нив, мора да се Грци, потомци
на Александар Македонски. Затоа и тој толку настојчиво се обидува да го
убеди Карев дека Грк. А, ако не е Грк тогаш
е 'бугарофрон', 'бугаризиран Македонец' и тн. Инаку, лесно се воочува
дека ИНТЕРВЈУТО ВО Е 'МАЛКУ ДОТЕРАНО', приспособено за грчките читатели
во 1903 година.


Разговорот на грчкиот новинар со Никола Карев:

Јас сум Македонец!

Комитетот не е бугарски. И Грција да сакаше да ни помогне ќе ја
прифатевме со целото срце

- Македонец ли си? Го прашувам

- Да.

- И следователно Грк

- За ова не знам, ми одговори, јас сум Македонец

- Директен наследник на Александар Велики? Му велам иронично

- Да.

- И Александар Македонски што беше, ве молам?

- Не знам, но историјата вели дека бил Грк.

- Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк.

- Не, ми одговори.

- Значи, тогаш го прашувам пак, зошто кога веќе сте Грк сакате да се
ослободите преку (со помош) на Бугарија?

- Која Бугарија, мислиш на Комитетот?

- Да.

- Ти одговарам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме
наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни
помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото
наше срце.

- Бугарската заштита ја гледате само површински, Бугарија не сака да ве
ослободи од турското ропство, туку да ве (потчини) пороби.

- Хм! Ако Бугарија мисли да не претвори во нејзина провинција си
направила лоша пресметка. Инаку, нас не не интересира што мисли
Бугарија туку обрнуваме внимание само на следново: „Си ја постигнуваме
ли целта“? Си ја добиваме ли нашата слобода? Не не интересира дали ќе
не ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја
една од нив е само наша благодарност.

- Добро, ако се ослободите, што сакате да бидете, автономија?

- Да, како што е во Швајцарија, во која три различни племиња живеат во
крајна хармонија и љубов.

- Да, но, знаете дека на таков начин вршите услуга на интересите на
Панславистичката Етерија, чиј огранок е и Комитетот?

- Каква услуга вршиме?

- Како што се изјасни погоре Македонија е грчка земја, а ако секоја
грчка земја бара да биде автономна тогаш доаѓа до ослабнување на
Грција, а тоа го бара Панславистичката Етерија.

- Зошто го бара?

- За еден ден да не пороби и нас и вас и затоа сака да не најде слаби
за да го постигне тоа полесно.

Карев за момент изгледаше замислен. Јас побрзав да го прекинам
молчењето.

- Зошто не сакате да се обедините со Грција?

- Затоа што ако не земе Мора (Грција) ќе стане една голема држава и
следователно монархија. Во таков случај ќе произлезат многу зла - прво
монархијата и тоа што произлегува од неа, а второ, Грција ќе не натера
да војуваме со Бугарија нешто што (ние) не го сакаме.

- Вие што сакате?

Ми ја покажа капата:

- Сакаме република.

- Демократија и пријателство со Бугарија?

- Не само со Бугарија, туку со секој што ќе ни помогне да се ослободиме.

- Со Бугарија сакате да се обедините?

- Не!. Не!.

- И ова ви го проповеда (учи) Комитетот?

- Да.

- Тогаш овој Комитет кој толку многу се грижи за вашата независност
зошто не бара заштита од Грција која има повеќе должности да ве
ослободи, туку клоните кон варварите?

- Да ви одговорам веднаш. Ние личиме на човек кој паднал во морето и се
наоѓа во опасност, секој момент да се удави. Е, не ми велите, ве молам,
овој човек за да се спаси ќе се фати ли за се што ќе најде во тој
момент пред себе, дури и за змија? Во таква положба сме ние, дури и
Турчин да ни пружи рака за спас ќе ја грабниме со благодарност.

- Но, грчките првенци, свештеници и учители зошто ги убивате кога
немате ништо посебно против никој?

- Ова се лаги. Комитетот не убива само Грци, туку и Бугари и Срби и
Турци и секого кој предава.

- Ова се изговори за гревовите, уништивте многу грчки патриоти затоа
што не даваа пари за вашиот Комитет.

- Овие работи ги измислувате вие Грците како и другите.

- Кои други?

- Ете, тие во Солун, поставивте вие луѓе да го направат тоа што го
направија за да го оцрните Комитетот (станува збор за Солунските
атентати, б.м.).

Не можев да се воздржам и страшно се насмеав што предизвика љубопитност
кај сопственикот Таску Квата, кој ми се приближи.

- Што ти вели? Ме праша.

- Тоа и тоа.

- Хм! Ама како ќе се види дека е Бугарин дебелоглавец, ако не беше
Бугарин не ќе кажуваше такви зборови, особено сега кога и ѕидовите
имаат уши.

- Да, да ова што ви го велам јас повтори Карев - едно дрво кое ја проби
земјата и изникна, зошто да не го вадат сите за да порасне?

- Да.

- Да, но знаете со што го вади Бугарија. Со отров на омраза кон
грцизмот.

- Како и да е ова вадење (полевање), не освежува и не натера да ги
завртиме гранките кон онаа страна кон која, признаваме дека ништо не не
поврзува и да бегаме од вас со кои немаме иста крв и иста историја; ова
е на некој начин протест против грчкото интересирање (за нас).

- Ова што го велиш е резултат на бугарското вадење, зашто Грција
никогаш не престанала да ве поддржува и со писменоста и со оружје.

И пак Карев не ми одговори.

- И сега, по последните настани што мислите да правите? - Го прашав.
(се мисли на т.н. Горноџумајско востание од есента 1902 б.м.)

- Ништо друго освен да ја продолжиме борбата.

- Да, но зар не знаете дека зад таа борба се крие борба подла и нечесна?

- Тоа нас не не интересира, доволно е да си ја постигнеме нашата цел.

- Значи и со убиства?

- Штом се вршат за доброто на еден народ.

- Имате право какви учители имавте такви лекции научивте...

Карев пак не ми одговори, само стана и полека тргна кон неговата соба,
додека зад него сите гости на хотелот на разни начини ги коментираа
неговите зборови.

С.Т.Стам.

(Акрополис, бр.7608, Библиотека - Стар Парламент)
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2009 во 18:00
Бидејќи се отвори дебата за Карев, сметам дека треба да биде отворена нова тема за овој голем македонски револуционер. Сите дискусии од другите теми поврзани со Карев ќе бидат пренесени овде.


Никола Јанакиев Карев (Крушево, 23 ноември 1877 - Рајчани, Кочанско, 27 април 1905) е истакнат македонски социјалист и револуционер. Учесник во Илинденското востание и раководител („Претседател“) на Крушевската република.


Никола Карев е роден како четврто дете во сиромашното јагленарско семејство Кареви. Во 1892 година е принуден да го прекине школувањето и да се вработи како столарски чирак. Во 1895 година го напушта своето родно огниште и како 16-годишно момче заминува на печалба во Бугарија. Во прво време работи како помошник ѕидар, а потоа станува столарски работник во работилницата на велешкиот столар и основач на Македонската работничка социјалистичка група во Софија, Васил Главинов.

Во Крушево се враќа во септември 1899 година и се зафаќа со докомплетирање на своето образование. Поради полагањето на завршниот испит во јуни 1900 година, Карев не учествува на Првата социјалистичка конференција. Сепак ги прифаќа нејзините одлуки, во прв ред одлуката за влегување на македонските социјалисти во редовите на ТМОРО. Социјалистите во ТМОРО се примени во февруари 1901 година, а со тоа и Карев станува дел од ТМОРО.

Во јуни 1901 година завршува четврти клас во Битолската гимназија и во учебната 1901/1902 станува учител во крушевското село Горно Дивјаци. Следната учебна година е префрлен на работа во Крушевската прогимназија.

На чело на Крушевскиот револуционерен комитет застанува во јануари 1903 година. На Смилевскиот конгрес во мај истата година се спротивставува на решението за кревање на Илинденското востание, сметајќи дека народот сè уште не е доволно подготвен да се крене на востание. Сепак, по одлуката за кревање востание, во својство на началник на Горскиот крушевски штаб, Карев активно учествува во подготовка и организација на востанието. Спроти Востанието, тој, во име на Штабот, објавува Проглас во кој го повикува народот на востание. Ноќта на 2 август 1903 година околу 750 востаници, предводени од горскиот начелник Никола Карев, го нападнале и го ослободиле Крушево.

За време на востаничката власт во Крушево, Карев е на чело на Штабот на крушевските востаници и не врши ниту една од функциите во новоизбраните цивилни органи на востаничката власт. Сепак, фактички, тој бил на чело на новата востаничка власт во Крушево, поради што обично му се припишува функцијата претседател на Крушевската република, иако за тоа нема формална основа. Како што напиша Кочо Топузоски:

„Беспредметни се сите дискусии, дури и во научната јавност за тоа дали Никола Карев бил или не бил 'избран' за 'Претседател на Крушевската република'. Тоа прашање воопшто не соодветствува на тогашните прилики, зашто таква 'функција' во деновите на крушевската слобода воопшто не постоела и не можела да постои.“ (Топузоски, 126 стр.).

Помеѓу поважните одлуки што ги донесе Карев е упатувањето на Крушевскиот манифест до околното муслиманско население го кое братски се повикуваше да ја поддржи и да ја помогне светата борба на сите обесправени во Македонија.

Под негово водство востанието во Крушево станало најголемиот успех на Илинденското востание.

Со паѓањето на градот во турски раце, тој со своите соработници се повлекува во околните планини на Крушево, а кон средината на ноември 1903 година се префрла во Белград, а оттаму во Софија. Во Софија ја обновува својата активност и учествува во формирањето на Македонско-одринската социјалистичка група во 1905 година, како огранок на Бугарската работничка социјалдемократска партија.

По неуспешните обиди легално да се врати во Македонија, Карев во пролетта 1905 година решава да го стори тоа нелегално. На 26 април неговата чета на пат за Крушево преноќува во селото Рајчани, помеѓу Кочани и Пробиштип. Но, тука се предадени и веднаш сардисани од турската војска. Следниот ден, на 27 април во нерамна борба со турскиот аскер кај месноста Свиланово загинува Никола Карев, заедно со многу борци од неговата чета.

Посмртните останки на Карев во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, се пренесени во Крушево. На 11 април 1990 година тие се пренесени во Македониумот.





Кон врв
да бе Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
О’ Дабштајн

Регистриран: 10.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5367
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај да          бе Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 04:43
- Со Бугарија сакате да се обедините?

- Не!. Не!. - рече посетнешниот член на бугарската работническа социалдемократичестка партиа
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 06:48
Взето назаем:





Но, да се вратам на интервјуто.
Во истиот миг Карев кажува две нешта кои се противречни едно на друго:
1. На прашањето што е тој, одговара - Македонец.
2. На прашањето дали е потомок на Александар Македонски вели - да.
3. На потпрашањето дали е Грк, вели - не, НО изјавува дека знае оти историската наука го смета Александар за грк.

И што можеме да разбереме од ова?
Значи, Никола Карев бил МАКЕДОНЕЦ, потомок на Александар Велики кој бил ГРК, но Карев не бил ГРК, туку МАКЕДОНЕЦ иако бил потомок на Александар. Каде е логиката овде? И што Никола Карев подразбирал под Македонец?

Дали можеби подразбирал жител на Македонија, без разлика на етничката припадност, а со тоа припадник на македонска нација која се стремеле да ја создадат преку создавање на држава Македонија?!

Да разјасниме нешто, нација и народ (етнос) не е исто. Нациите можат да се состојат од повеќе етноси, па и раси. А, Никола Карев никаде во ова интервју не кажува дека е етнички Македонец, т.е. припадник на македонски народ. Од ова интервју повеќе од очигледно е дека кога Карев вика дека е Македонец, мисли на нација која треба да се создаде со востанието и новата држава Македонија, отколку на етнос.

Изменето од Boogie - 29.Септември.2009 во 11:39
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 11:40
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 13:52
Originally posted by чоли чоли напиша:

Взето назаем:





Но, да се вратам на интервјуто.
Во истиот миг Карев кажува две нешта кои се противречни едно на друго:
1. На прашањето што е тој, одговара - Македонец.
2. На прашањето дали е потомок на Александар Македонски вели - да.
3. На потпрашањето дали е Грк, вели - не, НО изјавува дека знае оти историската наука го смета Александар за грк.

И што можеме да разбереме од ова?
Значи, Никола Карев бил МАКЕДОНЕЦ, потомок на Александар Велики кој бил ГРК, но Карев не бил ГРК, туку МАКЕДОНЕЦ иако бил потомок на Александар. Каде е логиката овде? И што Никола Карев подразбирал под Македонец?

Дали можеби подразбирал жител на Македонија, без разлика на етничката припадност, а со тоа припадник на македонска нација која се стремеле да ја создадат преку создавање на држава Македонија?!

Да разјасниме нешто, нација и народ (етнос) не е исто. Нациите можат да се состојат од повеќе етноси, па и раси. А, Никола Карев никаде во ова интервју не кажува дека е етнички Македонец, т.е. припадник на македонски народ. Од ова интервју повеќе од очигледно е дека кога Карев вика дека е Македонец, мисли на нација која треба да се создаде со востанието и новата држава Македонија, отколку на етнос.



Ајде ќе те молам да ни објасниш што има нешто што вам како бугари ќе ви одговара во овај одговор на Карев:

- Хм! Ако Бугарија мисли да не претвори во нејзина провинција си направила лоша пресметка. Инаку, нас не не интересира што мисли Бугарија туку обрнуваме внимание само на следново: „Си ја постигнуваме ли целта“? Си ја добиваме ли нашата слобода? Не не интересира дали ќе
не ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност.


Ќе ти бидам благодарен доколку ми дадеш одговор и на следниве две прашања:

1. Вие бугарите за што се сметате, за нација или народ?
   (Се разбира според твоите поимања за овие два термина)

2. Дали Александар Македонски бил грк? Колку што мене ми е позанто тој небил грк, а бил образуван на грчки. Тоа што бил образуван на грчки (ако и тоа е вистина) сигурно не го прави грк.


Мислам дека не барам многу.

Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 14:08
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Ајде ќе те молам да ни објасниш што има нешто што вам како бугари ќе ви одговара во овај одговор на Карев:

- Хм! Ако Бугарија мисли да не претвори во нејзина провинција си направила лоша пресметка. Инаку, нас не не интересира што мисли Бугарија туку обрнуваме внимание само на следново: „Си ја постигнуваме ли целта“? Си ја добиваме ли нашата слобода? Не не интересира дали ќе
не ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност.



Во никој документ организацијата не бара обединување со Бугарија, целта е на секаде Автономија, „Македонија на Македонците“.

Ти што сакаш да му одговори на Гркот?

На прашањето кон Чоли, контра прашање - а што не ни одговара? Тоа се познати работи.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2009 во 14:32
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Ајде ќе те молам да ни објасниш што има нешто што вам како бугари ќе ви одговара во овај одговор на Карев:

- Хм! Ако Бугарија мисли да не претвори во нејзина провинција си направила лоша пресметка. Инаку, нас не не интересира што мисли Бугарија туку обрнуваме внимание само на следново: „Си ја постигнуваме ли целта“? Си ја добиваме ли нашата слобода? Не не интересира дали ќе
не ослободи Грција или Бугарија. Единствено што може да добие секоја една од нив е само наша благодарност.



Во никој документ организацијата не бара обединување со Бугарија, целта е на секаде Автономија, „Македонија на Македонците“.

Ти што сакаш да му одговори на Гркот?

На прашањето кон Чоли, контра прашање - а што не ни одговара? Тоа се познати работи.



Јас што сакам да му одговори на гркот?! Воопшто не е битно што јас сакам битно е што подполно сум задоволен со одговорите на Карев.

Иако е недолично на прашања со прашање да се избегнува одговорот еве уште еднаш ќе го цитирам Карев за тоа што вам не ви одговара:

Хм! Ако Бугарија мисли да не претвори во нејзина провинција си направила лоша пресметка. Инаку, нас не не интересира што мисли Бугарија....за повеќе прочитај го интервјуто, ама онака, потемелно.

А прашањата што му ги поставив на Чоли, би можел и ти да се обидеш да ги одговориш?

Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.