IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Поэнати Македонци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поэнати Македонци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Поэнати Македонци
    Испратена: 29.Август.2009 во 00:15
Првиот и најголемиот би бил Принц Македон, син на богот Деос и големата Мајка Земја.
По него денес Македонците го имаат Македонското име
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2009 во 11:18
Петар Карпош (16??-1689), попознат само како Карпош бил предводник на големото народно востание од 1689 година на македонскиот народ против Османлиската империја, познато во историјата како Карпошово востание. Пред востанието Карпош бил долгодишен ајдук, а подоцна и ајдутски арамбаша.
Додека корените на востанието лежеле во повеќе вековната потчинетост на македонскиот народ, како и неговата незавидна економска и општествена положба, под османлиска власт, непосреден повод била втората опсада на Виена од страна на Османлиската империја во 1683 година.

Уште пред востанието, кон средината на 1689 година Карпош предводел една ајдутска дружина во Доспат планина, а кога турските власти распишала потера по него, тој упеал да избега и да ја пренесе својата активност на Нишката, Лесковачката, Врањанската, Призренската и Пиротската каза. Меѓутоа, кон крајот на септември или во почетокот на октомври, Карпош добил амнестија од турските власти и бил назначен за мартолозбашија на мартолозите во казите Ќустендил, Сиришник и Радовиш и за старешина на мартолозбашиите во десет кази на македонска територија[10]. Историчарите се едногласни дека олку големата наклонетост на централната власт кон својот довчерашен непријател имала за цел да го придобие на своја страна и со тоа да се парализира ајдутското движење што во овие краишта зело застрашувачки размери. Но и овој потег останал без успех, зашто веќе кон средината на октомври Карпош се наоѓал на чело на народното востание против турската власт.
Сè на сè, има малку пишан материјал за Карпош, но според народните фолклорни преданија, бил син на сиромашен мелничар. Додека името му било Петар, прекарот Карпош, по кого и ќе остане запаметен во историјата, го добил од зборот “карпа”, поради наводната голема физичка сила. Исто така според преданијата, Карпош работел како рудар во рудниците во Кратово. По некое време се вратил во родното село, се оженил и имал две деца. Подоцна заминал за Влашко, во потрага по работа. Спечалил пари, но на пат за дома, бил пресретнат од Турци и целата заштеда му била ограбена. Наводно никогаш не се вратил во родното село, туку повторно заминал за рудниците близу Кратово. Кога се слушнало за напредувањето на австриските сили, ги мобилизирал селаните кои работеле во рудниците, постепено ги зголемувал своите сили и набрзо го имал под контрола северноцентралниот и северноисточниот дел на Македонија.

Карпошовото востание било најмасовното востание на територијата на Македонија од самото доаѓање на Турците во Македонија во последната четвртина на XIV век сè до крајот на XIX век.
Во чест на предводникот на востанието, Карпош, општина во градот Скопје го носи неговото име, додека плоштадот на левиот брег од Вардар пред Камениот мост го носи името “Карпошово востание”. Исто така на средина на Камениот мост е поставена плочa во негов спомен . Плочата го носи следниов текст:
КАРПОШ- ВОДАЧОТ НА ГОЛЕМОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ОД 17 ВЕК, ЗНАЧАЈНА ЛИЧНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ПОГУБЕН 1689 ГОДИНА НА КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ.
Во тек е изработка на скулптура на Карпош, која е предвидено да се постави на источната страна од Камениот мост, на левиот брег на Вардар.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 21:00
Јас Влашки не сретнав во текстот воопшто - како и да е темава не е за тоа туку за познати Македонци па да додадам еден таков

Филип V Македонски бил крал на Античка Македонија од династијата на Антигонидите. Син е на Деметриј II. Роден е околу 238 п.н.е. и имал едвај 9 години кога татко му умрел.
Во раните години бидејќи Филип бил премногу млад за да извршува кралската функција,бил заменет од неговиот роднина Антигон Досон кој владеел како регент. Кога умрел регентот тој станал крал.Кога станал крал првин тој успешно ги одбил нападите на Дарданците и со тоа ја обезбедил северната граница на Македонија
Прва Македонска Војна

Во Првата Македонска војна Филип сакал Македонското влијание да го прошири и на јадранското крајбрежје.Првин ги нападнал Римските поседи во Илирија од морето,а потоа од копно, по што успешно го освоил градот Лисус.По минималните успеси што ги направил во Илирија, тој направил сојуз со Ханибал каде што се договориле Филип на Ханибал да и испрати помош. Римјаните пак ја осетиле опасноста па Филип,и нивниот одговор бил нападот на Етолската лига и на римскиот сојузник Атал од Пергамон,со што Филип бил спречен да испрати помош на Ханибал,по што потоа Рим и Македонија потпишале мировен договор во Фојника град во Епир
Втора Македонска Војна

Откако Скипион Африканецот го поразил Ханибал кај битката кај Зама,Рим веќе станал господар на Средоземјето,па така се спремале за реванш со Македонија.Македонија пак значително зајакната и проширена особено кај Егејот и Хелеспонт.Така Македонија првин била нападната од Западот,но македонската армија успешно го одбила нападот.Потоа Римјаните заедно со сојузниците маршираат од Етолија се до Тесалија каде што дошло до решавачка битка кај Киноскефале ,каде што Македонците биле поразени,а со самото тоа Македонија била принудена на отстапи од својата флота,војската да ја намали на 5000 луѓе,но најболно им било тоа што биле принудени да се откажат од доминацијата во Грција.
 Последни години

Моќта на Филип била уништена,но тој сепак не се откажувал.Тој своите 5000 луѓе ги заменувал по здобиениот војнички тренинг со што така ја зголемил својата војска без да го прекрши договорот со Рим.Тој исто така го отрул својот син Деметриј бидејќи бил обвинет за проримска политика,а неговиот син Персеј го наследил.

На ова да го додадам и Америчкиот труд за борбата на Филип против Грците и нивната окупација од Македонците


Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Еве интересно интервју
http://www.americanchronicle.com/articles/view/94555





Изменето од Boogie - 17.Септември.2009 во 21:00
Кон врв
Предраг Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 224
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Предраг Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2009 во 22:53
Ѓорѓи Кастриот-Искендер. . .

Уше ли е ова табу???
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 17:02
Богомилството никна и се разви во Македонија а неговијот водач и организатор, поп Богомил, беше и сам Македонец. За негова чест и денеска едно село околу Велес се вика Богомила, а и сичките учени него го признавајат како прв славјански реформатор и прв борец во Средниот век за општи човечки правдини.

avtor Koco Racin

In the steps of the Bougres
Кон врв
Logos Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 67
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Logos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 17:56
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Богомилството никна и се разви во Македонија а неговијот водач и организатор, поп Богомил, беше и сам Македонец. За негова чест и денеска едно село околу Велес се вика Богомила, а и сичките учени него го признавајат како прв славјански реформатор и прв борец во Средниот век за општи човечки правдини.

avtor Koco Racin

In the steps of the Bougres

А против кого се борел во средниот век?
Кон врв
Popi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Popi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2009 во 18:30
...............

Изменето од Popi - 14.Ноември.2009 во 03:27
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 11:15
Величко Димитров Керин, роден е на 19 октомври 1897 година во с.Каменица. Во Македонската историја е познат под двата псевдонима: Владимир Георгиев Черноземски и Владо Димитров Черноземски. Негови родители се Риса Христоскова Балтаджиева и Димитар Величков Керин. Образованието го започнува и воедно го завршува во с.Каменица со трет клас основно образование. Работи како возач на камион за тутунскиот трговец Каракостов во Дупница и со започнување на немирите во Ќустендил неговиот работен однос прекинува во 1922 година.

Неговата кариера во Македонската историја можеме да ја следиме од 1922 година кога станува член на ВМРО под псевдонимот Владо Димитров Черноземски. Тој во Македонија влегува со чети и се истакнува како многу храбар борец и учествувал во борби повеќе од 15 пати. Неговата способност за прецизност во стрелањето, интелегенција за извршување на особено важни задачи и неговиот карактер на ладнокрвен и бестрашен човек, го води до многу одговорни задачи кои ќе му бидат доверени.
Една таква задача е ликвидирањето на Димо Хаџи Димов кој е еден од најактивните комунистички и прокоминтерновски функционери во Македонија. Ликвидацијата ја извршува на 12 септември 1924 година.

12 декември 1930 година е датумот кога во Софија од заседа е убиен Наум Томалевски, македонски деец и граѓанин. Установено е дека убиството го направиле Владимир Георгиев Черноземски и Андреј Манов, кој починал утрдента од раните здобиени во престрелката.

Истакнувајќи се со своите подвизи и карактер на дисциплиниран борец решен на саможртва за успешно исполнување на планот, брзо ја стекнува довербата и уважувањата на Тодор Александров, на раководителите на четите во Македонија, а подоцна и на Иван Михајлов.

Во 1927 година, Владо Черноземски предлага на ЦК на ВМРО сам да се опаше со ремен од рачни бомби кои ќе експлодираат во главната заседувачка сала на друштвото на народите, како саможртва на овој потресен чин да го привлече вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеле со соодветна реакција од светската јавност.
Од 15 јули 1932 година, трагите на Владо Черноземски се губат. Организацијата раширила глас дека тој е убиен по нејзина заповед.
Меѓутоа, Владо Черноземски под директива на ВМРО бил испратен во Јанка Пуста - Унгарија. Таму, под инструкторство на Анте Павелиќ е подготвуван за подоцна изведениот атентат врз кралот Александар.

На 09.10. 1934 година Черноземски бил во Марсеј, тој периодот пред атентатот го минал в меана, јадејќи и пиејќи црно вино, вработениот таму, дал изјава дека Черноземски не оддавал никави симптоми на нервоза, бил сталожен и само на неколку пати станувал и ја следел ситуацијата за пречек на Кралот. Кога го напуштил локалот на вработениот му дал и голема напојница.

Според кажувањата, иако Владо Черноземски обучил поголема група луѓе кои кои биле распределени во три-четири групи, за секој случај некој да не успее да го убие Кралот. Сепак неговите сомнежи се исполниле кога ги видел растреперените раце на првоименуваниот атентатор, па самиот Черноземски го презел случајот во свои раце, го земал букетот со цвеќето во кој бил пиштолот и со образложение дека сака да го подари на Кралот, испукал неколку к*ршуми и така му пресудил за сите неправди што ги направил кон македонскиот народ.

Марсејскиот атентат е многу важен настан спроти Втората Светска војна. Во него се преплетени дипломатски и политички сплетки и интереси на големите држави и постоечките проблем меѓу државите од југоисточна Европа.

Овој настан е вечно запаметен во сеќавањата на Македонците како дел од борбата за својата слобода, а Владо Черноземски како уште еден бисер од ѓерданот на македонските херои и бескомпромисни борци.

Умира на 9 октомври 1934 година во Марсеј, неколку часа после атентатот врз Југословенскиот крал Александар, од здобиените повреди по атентатот во болница. Погребан е на марсејските гробишта, но местото не се знае.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 11:49
интересно ... Македонец од бугарија го убива кралот на СХС поради неправди врз Македонскиот народ додека за неправдите врз истиот тој народ во бугарија не станува ни збор  ....... а уште поинтересно е што влегува со чети од бугарија во Македонија и се бори против србите како во бугарија на Македонците да им цветале рози размислување

Изменето од МАРШАЛ - 09.Октомври.2009 во 11:51
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 14:37
Темата е за познати Македонци - ве молам не излегувајте од темата - мислев дека на денешен ден кога Черноземски го убива Српскиот крал е засходно да се спомне неговото велико име - инаку Маршале Черноземски е исто учесник во Ќустендилското востание против Бугарските царски власти и немало потреба за останати активности бидејки Македонците биле држава во држава,Бугарите до Михајлов немале никаква контрола над Македонските градови - денес е друга приказнанамигнување
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 14:37
делот од историја во кој Македонците во бугарија се обесправени и угнетени па дури и злоупотребени за полза на бугарските интереси ........
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 21:40
                        Гоце Делчев


еорги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија (грчки: Килкис, денешна северна Грција), како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Се запишал во Военото училиште во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), заедно со Туше Делииванов во 1894[2] каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач.

Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". Кон крајот на летото на 1896 година станува главен учител во бугарското[3] православно второкласно училиште во Банско, Разлошко.[4] На 1 ноември истата година поради здравствени проблеми си подава оставка.[5]

На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.

За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.


На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Иван Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов) "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).

Во јануари 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на ВМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на ВМОРО, а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско. На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

    ...централна организација не била создадена, туку имало неколку мали организации. За неколку години, како и да е, една станала доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев, сегашен шеф на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно мото „Македонија на македонците“. Тие се изјасниле како различни од бугарите и македонците во Бугарија кои имале оформено постар комитет со центар во Софија.[6]
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2009 во 21:49
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 13:25
Originally posted by Boromir Boromir напиша:

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/1b/NYT_Macedonia%27s_heroic_struggle_for_independence.PNG                         <---- Касаноски те молам копирај го линков,тоа се документи.


Тоа ми е познато,

Имам ги читано дури сите статии во Нјујорк Тајмс по македонското прашање.

Кога ги проучував (пред околу година) Буги сеуште не дозволуваше слободно да се дискутира на темата за странските весници и така ми седат во компутерот статиите.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.