Испечати | Затвори го прозорот

Поэнати Македонци

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19948
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 19:34
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Поэнати Македонци
Постирано од: Boogie
Наслов: Поэнати Македонци
Датум на внесување: 29.Август.2009 во 00:15
Првиот и најголемиот би бил Принц Македон, син на богот Деос и големата Мајка Земја.
По него денес Македонците го имаат Македонското име

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство



Коментари:
Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 29.Август.2009 во 11:18
Петар Карпош (16??-1689), попознат само како Карпош бил предводник на големото народно востание од 1689 година на македонскиот народ против Османлиската империја, познато во историјата како Карпошово востание. Пред востанието Карпош бил долгодишен ајдук, а подоцна и ајдутски арамбаша.
Додека корените на востанието лежеле во повеќе вековната потчинетост на македонскиот народ, како и неговата незавидна економска и општествена положба, под османлиска власт, непосреден повод била втората опсада на Виена од страна на Османлиската империја во 1683 година.

Уште пред востанието, кон средината на 1689 година Карпош предводел една ајдутска дружина во Доспат планина, а кога турските власти распишала потера по него, тој упеал да избега и да ја пренесе својата активност на Нишката, Лесковачката, Врањанската, Призренската и Пиротската каза. Меѓутоа, кон крајот на септември или во почетокот на октомври, Карпош добил амнестија од турските власти и бил назначен за мартолозбашија на мартолозите во казите Ќустендил, Сиришник и Радовиш и за старешина на мартолозбашиите во десет кази на македонска територија[10]. Историчарите се едногласни дека олку големата наклонетост на централната власт кон својот довчерашен непријател имала за цел да го придобие на своја страна и со тоа да се парализира ајдутското движење што во овие краишта зело застрашувачки размери. Но и овој потег останал без успех, зашто веќе кон средината на октомври Карпош се наоѓал на чело на народното востание против турската власт.
Сè на сè, има малку пишан материјал за Карпош, но според народните фолклорни преданија, бил син на сиромашен мелничар. Додека името му било Петар, прекарот Карпош, по кого и ќе остане запаметен во историјата, го добил од зборот “карпа”, поради наводната голема физичка сила. Исто така според преданијата, Карпош работел како рудар во рудниците во Кратово. По некое време се вратил во родното село, се оженил и имал две деца. Подоцна заминал за Влашко, во потрага по работа. Спечалил пари, но на пат за дома, бил пресретнат од Турци и целата заштеда му била ограбена. Наводно никогаш не се вратил во родното село, туку повторно заминал за рудниците близу Кратово. Кога се слушнало за напредувањето на австриските сили, ги мобилизирал селаните кои работеле во рудниците, постепено ги зголемувал своите сили и набрзо го имал под контрола северноцентралниот и северноисточниот дел на Македонија.

Карпошовото востание било најмасовното востание на територијата на Македонија од самото доаѓање на Турците во Македонија во последната четвртина на XIV век сè до крајот на XIX век.
Во чест на предводникот на востанието, Карпош, општина во градот Скопје го носи неговото име, додека плоштадот на левиот брег од Вардар пред Камениот мост го носи името “Карпошово востание”. Исто така на средина на Камениот мост е поставена плочa во негов спомен . Плочата го носи следниов текст:
КАРПОШ- ВОДАЧОТ НА ГОЛЕМОТО НАРОДНО ВОСТАНИЕ ОД 17 ВЕК, ЗНАЧАЈНА ЛИЧНОСТ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА, ПОГУБЕН 1689 ГОДИНА НА КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ.
Во тек е изработка на скулптура на Карпош, која е предвидено да се постави на источната страна од Камениот мост, на левиот брег на Вардар.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 17.Септември.2009 во 21:00
Јас Влашки не сретнав во текстот воопшто - како и да е темава не е за тоа туку за познати Македонци па да додадам еден таков

Филип V Македонски бил крал на Античка Македонија од династијата на Антигонидите. Син е на Деметриј II. Роден е околу 238 п.н.е. и имал едвај 9 години кога татко му умрел.
Во раните години бидејќи Филип бил премногу млад за да извршува кралската функција,бил заменет од неговиот роднина Антигон Досон кој владеел како регент. Кога умрел регентот тој станал крал.Кога станал крал првин тој успешно ги одбил нападите на Дарданците и со тоа ја обезбедил северната граница на Македонија
Прва Македонска Војна

Во Првата Македонска војна Филип сакал Македонското влијание да го прошири и на јадранското крајбрежје.Првин ги нападнал Римските поседи во Илирија од морето,а потоа од копно, по што успешно го освоил градот Лисус.По минималните успеси што ги направил во Илирија, тој направил сојуз со Ханибал каде што се договориле Филип на Ханибал да и испрати помош. Римјаните пак ја осетиле опасноста па Филип,и нивниот одговор бил нападот на Етолската лига и на римскиот сојузник Атал од Пергамон,со што Филип бил спречен да испрати помош на Ханибал,по што потоа Рим и Македонија потпишале мировен договор во Фојника град во Епир
Втора Македонска Војна

Откако Скипион Африканецот го поразил Ханибал кај битката кај Зама,Рим веќе станал господар на Средоземјето,па така се спремале за реванш со Македонија.Македонија пак значително зајакната и проширена особено кај Егејот и Хелеспонт.Така Македонија првин била нападната од Западот,но македонската армија успешно го одбила нападот.Потоа Римјаните заедно со сојузниците маршираат од Етолија се до Тесалија каде што дошло до решавачка битка кај Киноскефале ,каде што Македонците биле поразени,а со самото тоа Македонија била принудена на отстапи од својата флота,војската да ја намали на 5000 луѓе,но најболно им било тоа што биле принудени да се откажат од доминацијата во Грција.
 Последни години

Моќта на Филип била уништена,но тој сепак не се откажувал.Тој своите 5000 луѓе ги заменувал по здобиениот војнички тренинг со што така ја зголемил својата војска без да го прекрши договорот со Рим.Тој исто така го отрул својот син Деметриј бидејќи бил обвинет за проримска политика,а неговиот син Персеј го наследил.

На ова да го додадам и Америчкиот труд за борбата на Филип против Грците и нивната окупација од Македонците


Originally posted by Boogie Boogie напиша:


Еве интересно интервју
http://www.americanchronicle.com/articles/view/94555 - http://www.americanchronicle.com/articles/view/94555





-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Предраг
Датум на внесување: 17.Септември.2009 во 22:53
Ѓорѓи Кастриот-Искендер. . .

Уше ли е ова табу???

-------------
http://www.userbars.be">


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 17:02
Богомилството никна и се разви во Македонија а неговијот водач и организатор, поп Богомил, беше и сам Македонец. За негова чест и денеска едно село околу Велес се вика Богомила, а и сичките учени него го признавајат како прв славјански реформатор и прв борец во Средниот век за општи човечки правдини.

http://www.marxists.org/makedonski/racin/1939/bogomilite.htm - avtor Koco Racin

http://www.youtube.com/watch?v=N5MMnfZSBbY&feature=player_embedded - In the steps of the Bougres

-------------


Постирано од: Logos
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 17:56
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Богомилството никна и се разви во Македонија а неговијот водач и организатор, поп Богомил, беше и сам Македонец. За негова чест и денеска едно село околу Велес се вика Богомила, а и сичките учени него го признавајат како прв славјански реформатор и прв борец во Средниот век за општи човечки правдини.

http://www.marxists.org/makedonski/racin/1939/bogomilite.htm - avtor Koco Racin

http://www.youtube.com/watch?v=N5MMnfZSBbY&feature=player_embedded - In the steps of the Bougres

А против кого се борел во средниот век?


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 19.Септември.2009 во 18:30
...............


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Октомври.2009 во 11:15
Величко Димитров Керин, роден е на 19 октомври 1897 година во с.Каменица. Во Македонската историја е познат под двата псевдонима: Владимир Георгиев Черноземски и Владо Димитров Черноземски. Негови родители се Риса Христоскова Балтаджиева и Димитар Величков Керин. Образованието го започнува и воедно го завршува во с.Каменица со трет клас основно образование. Работи како возач на камион за тутунскиот трговец Каракостов во Дупница и со започнување на немирите во Ќустендил неговиот работен однос прекинува во 1922 година.

Неговата кариера во Македонската историја можеме да ја следиме од 1922 година кога станува член на ВМРО под псевдонимот Владо Димитров Черноземски. Тој во Македонија влегува со чети и се истакнува како многу храбар борец и учествувал во борби повеќе од 15 пати. Неговата способност за прецизност во стрелањето, интелегенција за извршување на особено важни задачи и неговиот карактер на ладнокрвен и бестрашен човек, го води до многу одговорни задачи кои ќе му бидат доверени.
Една таква задача е ликвидирањето на Димо Хаџи Димов кој е еден од најактивните комунистички и прокоминтерновски функционери во Македонија. Ликвидацијата ја извршува на 12 септември 1924 година.

12 декември 1930 година е датумот кога во Софија од заседа е убиен Наум Томалевски, македонски деец и граѓанин. Установено е дека убиството го направиле Владимир Георгиев Черноземски и Андреј Манов, кој починал утрдента од раните здобиени во престрелката.

Истакнувајќи се со своите подвизи и карактер на дисциплиниран борец решен на саможртва за успешно исполнување на планот, брзо ја стекнува довербата и уважувањата на Тодор Александров, на раководителите на четите во Македонија, а подоцна и на Иван Михајлов.

Во 1927 година, Владо Черноземски предлага на ЦК на ВМРО сам да се опаше со ремен од рачни бомби кои ќе експлодираат во главната заседувачка сала на друштвото на народите, како саможртва на овој потресен чин да го привлече вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеле со соодветна реакција од светската јавност.
Од 15 јули 1932 година, трагите на Владо Черноземски се губат. Организацијата раширила глас дека тој е убиен по нејзина заповед.
Меѓутоа, Владо Черноземски под директива на ВМРО бил испратен во Јанка Пуста - Унгарија. Таму, под инструкторство на Анте Павелиќ е подготвуван за подоцна изведениот атентат врз кралот Александар.

На 09.10. 1934 година Черноземски бил во Марсеј, тој периодот пред атентатот го минал в меана, јадејќи и пиејќи црно вино, вработениот таму, дал изјава дека Черноземски не оддавал никави симптоми на нервоза, бил сталожен и само на неколку пати станувал и ја следел ситуацијата за пречек на Кралот. Кога го напуштил локалот на вработениот му дал и голема напојница.

Според кажувањата, иако Владо Черноземски обучил поголема група луѓе кои кои биле распределени во три-четири групи, за секој случај некој да не успее да го убие Кралот. Сепак неговите сомнежи се исполниле кога ги видел растреперените раце на првоименуваниот атентатор, па самиот Черноземски го презел случајот во свои раце, го земал букетот со цвеќето во кој бил пиштолот и со образложение дека сака да го подари на Кралот, испукал неколку к*ршуми и така му пресудил за сите неправди што ги направил кон македонскиот народ.

Марсејскиот атентат е многу важен настан спроти Втората Светска војна. Во него се преплетени дипломатски и политички сплетки и интереси на големите држави и постоечките проблем меѓу државите од југоисточна Европа.

Овој настан е вечно запаметен во сеќавањата на Македонците како дел од борбата за својата слобода, а Владо Черноземски како уште еден бисер од ѓерданот на македонските херои и бескомпромисни борци.

Умира на 9 октомври 1934 година во Марсеј, неколку часа после атентатот врз Југословенскиот крал Александар, од здобиените повреди по атентатот во болница. Погребан е на марсејските гробишта, но местото не се знае.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 09.Октомври.2009 во 11:49
интересно ... Македонец од бугарија го убива кралот на СХС поради неправди врз Македонскиот народ додека за неправдите врз истиот тој народ во бугарија не станува ни збор  ....... а уште поинтересно е што влегува со чети од бугарија во Македонија и се бори против србите како во бугарија на Македонците да им цветале рози размислување

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 09.Октомври.2009 во 14:37
Темата е за познати Македонци - ве молам не излегувајте од темата - мислев дека на денешен ден кога Черноземски го убива Српскиот крал е засходно да се спомне неговото велико име - инаку Маршале Черноземски е исто учесник во Ќустендилското востание против Бугарските царски власти и немало потреба за останати активности бидејки Македонците биле држава во држава,Бугарите до Михајлов немале никаква контрола над Македонските градови - денес е друга приказнанамигнување

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 09.Октомври.2009 во 14:37
делот од историја во кој Македонците во бугарија се обесправени и угнетени па дури и злоупотребени за полза на бугарските интереси ........

-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 09.Октомври.2009 во 21:40
                        Гоце Делчев


еорги Николов Делчев е роден на 23 јануари (4 февруари, нов стил), 1872 во Кукуш, Егејска Македонија (грчки: Килкис, денешна северна Грција), како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви која имала вкупно девет деца. Делчев произлегува од релативно добро ситуирано семејство. Татко му Никола Делчев бил кукушанец, а мајка му Султана Нурџиева потекнува од блиското село Мурарци. Во 1879 - 1880, Гоце (Георги) Делчев започнува да го посетува прогимназијалното училиште во Кукуш. Гоце потоа го завршил средното образование во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Се запишал во Военото училиште во Софија во 1891. Подоцна, како питомец во военото училиште во Софија тајно ги посетувал социјалистичките кружоци и ја ширел социјалистичката литература, за што е исклучен од училиштето. Делчев станал учител во Бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново село), заедно со Туше Делииванов во 1894[2] каде што се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач.

Во летото 1896, во Солун се одржува конгрес на македонските и одрински револуционерни сили. На конгресот присуствува и Гоце Делчев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров се ополномошни да изработат Устав и Правилник, а изработениот устав носи наслов: „Устав на Тајната Македоно-Одринска Револуционерна Организација". Кон крајот на летото на 1896 година станува главен учител во бугарското[3] православно второкласно училиште во Банско, Разлошко.[4] На 1 ноември истата година поради здравствени проблеми си подава оставка.[5]

На почетокот на јануари 1898 год. се установува четничкиот институт, а Гоце Делчев е назначен за началник на сите чети во Македонија.

За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава.За да го отстрани, или барем да го неутрализира разбивачкото влијание на бугарскиот двор и неговата агентура тн. "Врховен македонски комитет", Гоце, и како задграничен претставник, активно дејствувал врз нивните претставници да се откажат од неповиканото мешање во внатрешните работи на Револуционерната организација, која претставува единствен легитимен претставник на македоно-одринското ослободително движење, и да дејствуваат само како помошна сила за материјално помагање на Организацијата. Во нивното отстранување, Гоце водел бескомпромисна борба против мешањето на бугарските влади и челниците на врховистичките македонски комитети. Најпечатливи одгласи од неговата борба за зачувување на единството од надворешните мешања имала неговата отворена реплика со претседателот на Врховниот комитет, генералот Николаев, кого го предупредил дека додека неговото рамо ја крепи пушката, нема да дозволи присуство на бугарски офицери во Македонија. Иста цел имала неговата Директива во 1902 година за забрана на влегување на врховистичките чети од Бугарија, како и предупредувањето до официјална Бугарија да не мисли за Македонија, туку да си ја чува Бугарија, зашто Македонците ќе си ја чуваат Македонија.


На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решаваат да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ Потоа Гоце оди на терен, а зад грб бугарскиот агент Иван Гарванов свикува јануарско советување, кое според В. Думев (кој работи со Иван Гарванов) "НЕ БЕШЕ СВИКАНО ДА РЕШАВА". (Зборник Илинден 1903-26, стр.114).

Во јануари 1903 година, Гоце Делчев се изјаснува отворено како прв против кревање на востание во Македонија таа година, познато потоа како „Илинденското востание“, како преран и неподготвен чекор. По негова иницијатива во Софија било организирано советување на група македонски револуционери меѓу кои биле: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Пере Тошев, Михаил Герџиков и други македонски револуционери од централистичкиот лагер на ВМОРО. Се разгледувал предлогот за подигање на востанието, кое пред се било заговарано од врховистичкиот лагер на ВМОРО, а најмногу од представниците на Организацијата во Костурско. На собирот свои излагања имале Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров и др. Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание; собирот се искажал против решението за подигање на востание.

    ...централна организација не била создадена, туку имало неколку мали организации. За неколку години, како и да е, една станала доминантна, таа која што го имала Делчев за лидрер (до убиство). Груев, сегашен шеф на битолскиот округ, Ѓорче Петров и Христо Татарчев како надворешни претставници, тие ги зеле зборовите на Гледстоун за нивно мото „Македонија на македонците“. Тие се изјасниле како различни од бугарите и македонците во Бугарија кои имале оформено постар комитет со центар во Софија.[6]


Постирано од: Vercingetorix
Датум на внесување: 09.Октомври.2009 во 21:49


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 13:25
Originally posted by Boromir Boromir напиша:

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/1/1b/NYT_Macedonia%27s_heroic_struggle_for_independence.PNG                         <---- Касаноски те молам копирај го линков,тоа се документи.


Тоа ми е познато,

Имам ги читано дури сите статии во Нјујорк Тајмс по македонското прашање.

Кога ги проучував (пред околу година) Буги сеуште не дозволуваше слободно да се дискутира на темата за странските весници и така ми седат во компутерот статиите.



-------------


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 10.Октомври.2009 во 18:09
познат Македонец .........
 
Киро Глигоров
Лазар Колишевски
Методија Андонов
Чеде Филиповски
Христијан Тодоровски
Коста Солев Рацин
и сите кои се изборија за слободна Република Македонија ............


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 01.Ноември.2009 во 17:32
Што пишува во германскиот весник од 1838 година за прогласениот на Македониум за голем етнички Македонец баронот Константин Белиос Македонецот




-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 01.Ноември.2009 во 17:39
не носам наочари дај го текстот


Постирано од: bairmalo
Датум на внесување: 14.Ноември.2009 во 20:38




Филип Втори




-------------


Постирано од: Каснакоски
Датум на внесување: 16.Ноември.2009 во 20:45
http://books.google.com/books?id=C1MEAAAAYAAJ&pg=PA15&dq=%D0%B1%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B5&lr=&as_brr=3&hl=bg#v=onepage&q=%D0%B1%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B5&f=false - http://books.google.com/books?id=C1MEAAAAYAAJ&pg=PA15&dq=%D0%B1%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B5&lr=&as_brr=3&hl=bg#v=onepage&q=%D0%B1%D1%8A%D0%BB%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B5&f=false

Еден од најпознатите Македонци - Рајко Жинзифов ја напишал ова книга во 1863 година. Интересна е, автентична.


Постирано од: ibobac
Датум на внесување: 16.Ноември.2009 во 23:09
Originally posted by МАРШАЛ МАРШАЛ напиша:

интересно ... Македонец од бугарија го убива кралот на СХС поради неправди врз Македонскиот народ додека за неправдите врз истиот тој народ во бугарија не станува ни збор ....... а уште поинтересно е што влегува со чети од бугарија во Македонија и се бори против србите како во бугарија на Македонците да им цветале рози размислување


Розата што ја "процветала" Бугарија во тие времиња се вика Величко Вељанов -Чичото Скопски војвода кој го ликвидира Бугарскиот премиер Стамболиски, а ние во Скопје дури ни споменик му немаме направено на тој голем син на Македонија !

-------------
Се молам за денот коа со мојот Т-72 ќе прошетам низ Солун


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 17.Ноември.2009 во 01:23
Голема грешка си - Војвода Величко Скопски има свој споменик во своето село,эначи кога одиш од кај Куманово према Скопје по автопат ке се исклучиш кај рафинеријата и само право ке одиш по патот,од лева страна ке го најдеш споменикот на Величко Скопски војвода

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 17.Ноември.2009 во 16:24
Велjaнов е роден во 1874 година во скопското село Црешево, тогаш во Отоманската империја, денес во Република Македонија. Во 1899 година влегува во ВМОРО.
Велjанов како долгогодишен регионален војвода во Скопско води упорита борба против српската вооружена пропаганда во Северна Македонија. По поразот на Бугарија во Првата светска војна, Велjанов е уапсен од српските власти и е затворен во скопскиот затвор, но успеал да избега и се вклучува во обновата на ВМРО.
Од 1922 до 1934 година повторно е скопски окружен војвода. Во српските затвори умираат татко му и двете малолетни деца.

Во 1941г. Велjанов се преселил во Скопје, каде што починал во 1943 година.

-------------
http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 17.Ноември.2009 во 17:01
Originally posted by lilica lilica напиша:

Императорот Никола Груевски, егеецот, со говорна мана, кој го промени грбот, на својата татковина,сегашен и иден, незаменлив, владатаел на Македонија.


За Груевски во политика, таму има и соодветна тема за него, ова е историја и се говори за историјата,  а не за иднината и владетелството!

Постот ќе ти биде префрлен таму.




-------------


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 17.Ноември.2009 во 17:41
Originally posted by lav4eto lav4eto напиша:

Велjaнов е роден во 1874 година во скопското село Црешево, тогаш во Отоманската империја, денес во Република Македонија. Во 1899 година влегува во ВМОРО.
Велjанов како долгогодишен регионален војвода во Скопско води упорита борба против српската вооружена пропаганда во Северна Македонија. По поразот на Бугарија во Првата светска војна, Велjанов е уапсен од српските власти и е затворен во скопскиот затвор, но успеал да избега и се вклучува во обновата на ВМРО.
Од 1922 до 1934 година повторно е скопски окружен војвода. Во српските затвори умираат татко му и двете малолетни деца.

Во 1941г. Велjанов се преселил во Скопје, каде што починал во 1943 година.


Зошто во ова богато резиме на Вељанов не си напишал дека најѕверски му ја исекол главата на Стамболиски и нормално напиши дека Александров по предупредувањето на Стамболиски да не си игра со чувствата и политиката на Македонците го пратил Вељанов да го убие Стамболискиголема%20насмевка


-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: lav4eto
Датум на внесување: 17.Ноември.2009 во 19:21
Засегаш се зошто се борил против србите?
И зошто точно 1941 се преселил во Скопjе?
Добро што починал во 1943, инаку што го чекаше...жална му маjка...

За Стамболиски и улогата на ВМРО-Георги Баждаров:

Колкав е уделот на ВМРО тогаш во симнувањето на земеделческиот режим, кога таа не даде воени сили за тоа? ВМРО во овој случај беше морален фактор и то од првенствено значење. На борбата против дружбашите требаше да се даде обштонароден карактер и превратот да нема изгледа на едно чисто воена "пропунциаменто", а да биде обштогражданско дело. Навистина превратот се изврши од војската како вооружена сила. Сепак, во случајот вооружениот народ - војската - и невооружениот народ, државјанството, во лицето на сите партии на редот дејствуваа солидарно. А лесно ли беше да подготви и спроведе една влада, во која ќе учествуваат социјалдемократи со либерали, радикали со народнjаци или обединисти и т.н. Ова кохезија, макар и привремено, на сите партии на законот и на постепениот развој може да го направи само еден авторитет национален, коj стои надвор од партиите, над партиите, кој сам после не ќе земе учество во власта и не ќе дели оданочување од власта со другите. ВМРО беше овој незаинтересован, така да се изразам, во управувањето фактор, кој идеше да ги убеди сите дека за спасение на нацијата - слободна и поробена - мора да се обединат сите партиски сили и да превземе антисоциалниот и антинационалниот режим на дружбашите. Тоа ние успеавме да го направиме и тоа никој друг, со оглед на бугарското партизанство, не можеше да направи. И кога по превратот во првите денови, многумина ме прашаа што беше учеството на ВМРО во превратот и јас, велeв дека тоа е само морално, оние кои прашаа, се подсмиваа и мислеа дека кријам што ВМРО учествувала и со човечки борбени сили . Имаше нешто такво учество на 9-и и следуштите дена, но и без него не можеше...



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=4oxKnX2GFbk&feature=index=3 - Востанички марш


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 17.Ноември.2009 во 19:49
Како тоа се борел против Србите а го убил Стамболиски,зар е Стамболиски Србинзбунетост

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство


Постирано од: Македон
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 15:58
За Груевски, Црвенковски и слично на политика, ова е историја и се говори за познати Македонци од историјата, а не од сегашната политичка елита.

-------------


Постирано од: mungos80
Датум на внесување: 19.Ноември.2009 во 17:03
Даме Груев од село Смилево


Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 18.Декември.2009 во 22:20

http://img199.imageshack.us/i/bannerilinden1.gif/">
http://img199.imageshack.us/i/bannerilinden1.gif/">

-------------


Постирано од: Boogie
Датум на внесување: 20.Декември.2009 во 17:13
Јордан Поп Јорданов - Орцето (познат и само под прекарот Орце) (Велес, 1881 – 17 април 1903) е македонски револуционер - анархист, член на илегалниот терористички кружок Гемиџии кој кон крајот на април 1903 година ги извршил познатите Солунски атентати врз објекти кои целосно или делумно биле во сопственост на западноевропските капиталистички земји и турските власти.

Роден е во Велес, како помлад брат на македонскиот револуционер Миле Поп Јорданов. Се школува во родниот град и Солунската машка гимназија. Како шестокласник го прекинува образованието и заминува во Софија од каде се префрлува во Солун.

Спаѓа меѓу првите членови на кружокот - Гемиџии, а подоцна и негов водач. Претходно среќавајќи се со С.Мерџанов во Цариград (1899), ја прифаќа неговата идеја за минирање на Отоманската банка во Солун и настојува да ја реализира. Договорено е подземниот тунел до банката да се копа од изнајмениот дуќан берберница на Владимир Пингов. Тунелот ќе биде прокопан во одредениот рок, но акцијата ќе биде одложена. На 29 април 1903 тој ќе го активира динамитот во прокопаниот тунел и ќе ја крене во воздух Отоманската банка. Потоа фрла бомби пред хотелот „Салоник“. Загинува херојски на 30 април 1903 во куќата во која што живеел, фрлајќи ги последните бомби врз турските војници кои го држеле под опсада.

-------------
http://www.TattooArtists.org/boogie" rel="nofollow - Борбата продолжува,поробениот за слобода а слободниот за совршенство



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk