IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Мултиплекс склероза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мултиплекс склероза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
Автор
Порака
Shpela Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Shpela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мултиплекс склероза
    Испратена: 03.Август.2009 во 15:17
Македонија - земја со висок ризик за мултиплекс склероза
Бројот на заболените во земјава е повеќекратно зголемен во изминативе 30 години

>Во 1976 година, кога се објавени првите епидемиолошки податоци, кај нас бројот на заболените од мултиплекс склероза бил 7,9 на 100.000 жители, а според последните официјални студии од минатата година, тој број е преку 30 заболени на 100.000 жители. Со тоа, Македонија е на листата земји со висок ризик за мултиплекс склероза, вели професорот Ристо Љапчев, шеф на одделението за невроимунологија при Клиничкиот центар во Скопје.

Бројот на заболените од мултиплекс склероза и во светот во последните пет години расте. Во некои региони на Западна Европа тој број е зголемен на повеќе од 150 на 100.000 жители. Според најновите истражувања, бројот на заболените во Европа расте со зголемување на географската оддалеченост од екваторот. Висока преваленција (повеќе од 30 случаи на 100.000 жители) е утврдена меѓу 44. и 64. степен географска ширина. Во региони со висок ризик за мултиплекс склероза се и поголем дел од Европа, САД, Нов Зеланд, Русија, Израел и Канада. Република Македонија се наоѓа меѓу 40. и 50. степен и 42. и 20. степен северна географска ширина и 20. и 27. и 23. и 5. степен источна географска должина. Болеста исклучително ретко се јавува во Африка, во поголем дел од Азија, Јапонија, како и меѓу црното население и Јапонците во САД. Тоа укажува на можност дека таа е "товар на белиот човек" што од Западна Европа се распространил низ светот.

Утврдено е дека човекот си го носи ризикот за болеста од местото од каде што живее до 15-тата година.

- Ако живеете во земја со висок ризик за мултиплекс склероза и до 15. година се преселите на друго место, со себе го носите ризикот за болеста - вели д-р Љапчев.

Од мултиплекс склероза почесто заболуваат жените отколку мажите, а соодносот е околу 2:1. Болеста најчесто се јавува во третата и четвртата декада од животот, со најголема застапеност меѓу 31. и 33. година. Многу ретко може да се јави пред пубертет и по 60-годишна возраст. Со повеќе епидемиолошки студии се заклучува дека генетските фактори се одговорни за наклонетост кон мултиплекс склероза кај одредени индивидуи. Ризикот од мултиплекс склероза за луѓе во чија семејна историја се појавува болеста е 0,2 отсто, а кај роднини на заболените од прво колено може да се искачи до пет отсто. Мултиплекс склерозата е многу почеста кај еднојајчените близнаци. Освен генетските, влијаат и факторите на околината, меѓу кои најмногу се истражувани инфективните агенси, начинот на исхрана и на живеење, физичка траума, психички стрес, вакцинациите, инсолацијата во одредени географски региони.

- Енигмата за причинителите на болеста се уште не е откриена. Зголемувањето на бројот на заболените во Македонија би можело да се должи и на напредокот во дијагностичките постапки, особено на примената на магнетната нуклеарна резонанца. Иако многубројни вирусни агенси се обвинувани како предизвикувачи, ниту еден не е идентификуван. Некои истражувачи сметаат дека за болеста е одговорен инфективен агенс на кој болниот од мултиплекс склероза е изложен во пубертетот или краток период подоцна. Некои научници претпоставуваат дека заболуваат луѓето што помалку се движат, не спортуваат и престојуваат во затворени простории. Со повеќе студии се испитува и поврзаноста на болеста со начинот на исхрана - објаснува д-р Љапчев.

Истражувањата покажуваат дека исхраната на Ескимите со риби - односно присуството на витамин Д, можеби ги штити луѓето од оваа болест. Во Норвешка се споредува честотата на болеста кај рибарите и фармерите и е констатирано дека кај фармерите е почеста оти повеќе внесувале животински масти во исхраната.

Многу е важно да се постави точна дијагноза и навреме да се исклучи постоење на други заболувања што личат на мултиплекс склероза.

- Во дијагностицирањето на болеста се поаѓа од историјата за болеста и невролошкиот преглед, а потоа следуваат дијагностички постапки - лабораториски испитувања на крвта и мозочната течност, неврофизиолошки испитувања, како и "имагинг-техниките - магнетната резонанца на мозокот и рбетниот мозок - вели д-р Љапчев.

На Клиниката за неврологија се следат и се применуваат светските трендови за современо дијагностицирање и лекување. Наглите влошувања се лекуваат со високи дози кортикостероиди, а надеж дава лекот интерферон, кој има позитивни ефекти за одложување на нападите и намалување на нивната јачина. Кај оние што имаат тежок и лош тек на болеста, се применуваат комбинации и со цитостатици.

- Физикалната терапија е од особена важност за пациентите. Бидејќи станува збор за болест што за секоја земја е здравствен, економски и социјален проблем, треба да се покрене иницијатива за отворање специјализиран центар за рехабилитација, каде што со мултидисциплинарен приод ќе се постигне повисок квалитет на живеење на болните - подобрување на физичката, психолошката адаптација на онеспособеноста и хендикепот предизвикани од болеста - додава Љапчев
Кон врв
Shpela Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Shpela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 15:18
Нутриционизам
Мултиплекс склероза

Мултиплекс склероза е автоимуно заболување, при што имунолошкиот систем непотребно постапно ја разурнува миелинската обвивка на нервните влакна. Заболувањето има многу различни симптоми, кои различно се манифестираат кај луѓето. Тие може да бидат: слабост на едната рака или нога, невообичаено пецкање или чудно чувство во различни делови на телото, дуплирање на видот, губење на видот, проблеми во говорот или одењето, зголемено уринирање, прекинување во мислењето или проблеми со помнењето. Дијагнозата на заболувањето се поставува исклучиво во специјализираните клиники врз основа на детални анализи. За причините за ова автоимуно заболување постојат повеќе теории, меѓу кои не се исклучува и неправилниот начин на исхрана, влијанието на загадената средина, последици од тешки трауми, па дури и вирусните фактори. Од некои причини луѓето што живеат подалеку од екваторот почесто заболуваат од ова заболување. Некои како причина го наведуваат и различното дејство на сончевата светлина, но и исхраната во која има поголеми количества заситени масти (масти од животинско потекло).

Човековиот имунитет најефикасно се подобрува со правилна исхрана, што подразбира дека храната треба да се џвака темелно, да се јаде умерено три до пет пати дневно, да не се јаде меѓу оброците како ни во ноќните часови, освен понекогаш овошје. Човекот не се храни со она што ќе го голтне туку со она што ќе влезе во клетките - ќе се искористи. Ако не сме информирани како да му помогнеме на организмот правилно и оптимално да ги искористи компонентите од сварената и разложената храна, ние можеме залудно да јадеме најквалитетна и еколошки најчиста храна, а од неа да немаме никаква корист туку само штета. Храната што е внесена на неправилен начин главно се претвора во токсичен отпад и ја зголемува киселоста на организмот што е основа за развој на дегенеративни заболувања.



Ензими

од свежата храна

Основата на човековиот живот не се витамините туку ензимите, кои се наоѓаат во свежата храна. Точно е дека витамините (растворливи во вода и витамини растворливи во масти) се битни фактори за човековото здравје, но ако предозираме, може да предизвикаме спротивен ефект. Неконтролираното земање витамини, особено липосолубилни (витамини Д, Е, К и А) може да доведе до тешки нарушувања на здравјето. Од витамините, без последици по здравјето, можеме да го предозираме само витаминот Ц, бидејќи многу одамна е констатиран авидитет (глад) на клетките за тој витамин. Ако термички обработената храна не ја комбинираме со храна што содржи ензими (свеж зеленчук, свежо исцедени сокови од свеж зеленчук или свежо овошје), органските компоненти од сварената и апсорбираната храна од крвта не може да влезат во клетките и да учествуваат во размената на материите, туку се претвораат во неоргански компоненти - во токсичен отпад, кој е причина не само за непотребната дебелина, туку и за појава на многу здравствени проблеми.

За оваа нутриционистичка порака треба да размислат болните од мултиплекс склероза како и сите што обожаваат исклучиво варена, пржена и печена храна, а забораваат да јадат свежи салати и овошје. Тие луѓе не можат никогаш да бидат оптимално здрави дури и ако редовно консумираат медикаменти. Приказната дека кога Ескимите, кои консумираат неварено месо и неварена риба, а не консумираат свеж зеленчук и овошје (бидејќи го нема на почва со вечен снег), би јаделе варено месо и риба, би изумреле од ацидоза за многу кус временски период, е апсолутно точна. Тие би изумреле од ацидоза бидејќи вареното месо и риба не содржат ензими што се предуслов за искористувањето на органските компоненти од храната. За среќа другите луѓе јадат варено или печено месо и риба и термички обработена храна, но секогаш ја комбинираат со свежи сезонски салати, кои имаат базна реакција и се богати со егзогени ензими. Можеме да претпоставиме што ќе се случи и дали можеме да бидеме оптимално здрави ако не консумираме свеж зеленчук и свежо овошје заедно со термички обработената храна.

Во исхраната на болните од дегенеративни болести и на болните со мултиплекс склероза треба да преовладува свежата храна. Егзогените ензими, а не дигестивните, кои ги лачи главно панкреасот, се предуслов за надминување на тегобите и услов за појава на таканаречена ремисија (значително подобрување на здравствена состојба), која треба да трае што подолго време.



Природни додатоци

во исхраната

Во исхраната треба да се внесат и разни природни додатоци, а да се исфрлат заситените масни киселини, кои се наоѓаат и во црвените меса, сите хемикалии (конзерванси, адитиви, вештачки засладувачи, ароми и бои), газирани напитоци, хидрогенизирани масла (маргарини) и рафинирани прехранбени производи. Според долгогодишните испитувања на д-р Свонко, кој ги проучувал и бележел резултатите од променетиот начин на исхрана, кај заболените од мултиплекс склероза востановил дека исхраната е пресуден фактор за подобрувањето на здравствената состојба кај заболените. Тој препорачува 20 г ладно цедено нерафинирано маслиново масло дневно наместо сончогледовото, лукот во свежа и обработена форма, витаминот Ц (3 до 6 грама дневно), селен со витаминот Е, но само со 600 интернационални единици дневно, коензим Ку 10 (до 200 мг), витамини од Б-групата преку пивскиот квасец (3 пати по 3-6 таблети дневно) и други додатоци што ќе ги предложат лекарите-специјалисти.

Минералните и витаминските антиоксиданси се неопходни заради заштита на миелинската обвивка од агресивното и штетно дејство на оксидансите (слободните радикали) - кислород во молекулска форма, како и од другите агресивни компоненти.

Од додатоците во исхраната ќе го споменам и матичниот млеч во лиофилизирана форма, кој со редовно консумирање е во состојба да ја запре прогресијата на заболувањето. Свежиот зеленчук и свежото овошје, како и другите прехранбени производи треба да ги јадеме според препораките за исхрана во согласност со крвните групи.

Присуството на ензимите од свежата храна во исхраната на болните од мултиплекс склероза се пресуден фактор, а особено ќе ги истакнеме папаинот од папајата, која се смета како најлековитото овошје, и ензимите од брокола, која се смета за најлековит зеленчук покрај лукот и кромидот. Додатоците и антиоксидансите ќе ја подобрат мозочната циркулација кај заболените од мултиплекс склероза, и ќе го оптимализираат снабдувањето на мозокот со кислород.
Кон врв
Shpela Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Shpela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 15:23
Мултиплекс склероза е болест на речиси сите делови на централниот нервен систем. Таа се карактеризира со дисиминирани промени-жаришта од различна големина, најчесто распоредени во белата маса на мозокот, а поретко во сивата маса. Нервните клетки се заштитени со миелинска обвивка која им помага на нервните влакна да ги пренесуваат импулсите. Ако е оштетен миелинот, настануваат пречки во способноста на спроведување на електричните импулси во мозокот и од мозокот. Се смета дека жариштата настануваат на места, каде што под дејство на некоја супстанција се раствора миелинот, па така настанува демиелинизацијата.

Причините зошто настанува мултиплекс склероза се непознати. Има повеќе претпоставки, но главно се поделени на две групи, и тоа демиелинизацијата е последица на имунолошки нарушувања и мултиплекс склероза има вирусна етиологија од засега непознати вируси.

И едната и другата теорија во себе содржат како основа, нарушување на имунолошкиот систем. Според некои сфаќања, мултиплекс склероза е последица на автоимунизација. Се претпоставува дека во мултиплекс склероза постојат антитела на нервното ткиво. Поранешна инфекција создава преосетливост на инфективниот агенс или автоген антиген. Кога се повторува инфекцијата, се ослободува оваа компонента, па може да се создаде автоимуна реакција, а на местото на нејзиното ослободување се создава демиелинизација. Во прилог на тоа оди наодот на гама-глобулините во ликворот.

Болеста почнува најчесто помеѓу третата и четвртата деценија, поретко подоцна, а уште поретко кај деца од 9 до 15 години. Текот на болеста е со ремисии и егзацербации - подобрувања и влошувања. Клиничката слика обично почнува со класичниот тријас на симптоми: нистагмус (ненамерно мрдање на шареницата на очите), интенционен тремор, скандиран говор како четврт знак се придодава и отежнато одење (спастично атаксичен од). Бидејќи зависи кои подрачја од централниот нервен систем се зафатени, симптомите на болеста ќе се манифестираат различно. Меѓу првите знаци е појава на нејасен вид и двојни слики, кој по извесно време се подобрува. Болеста може да почне со моторни знаци, како ишијас, или делумна одземеност на едната нога, рака, или двете нозе. Симптомите опфаќаат: вознемиреност, трпнење, слаба координација, измореност, проблеми со рамнотежата, згрченост на мускулите, неразбирлив говор, несигурно одење, тешкотии со цревата и мочното бабуле, пречки во краткотрајно помнење, расудување или логично резмислување (конгнитивни пречки - болниот може да биде еуфоричен или депресивен). Тетивните рефлекси се засилени, постојат патолошки рефлекси, а стомачните рефлекси се азгубени.

Дијагнозата се поставува лабораториски, клинички, и со магнетна резонанца. Текот на болеста е различен, а ремисиите може да траат и со години. Сепак, по 10 години, 33 отсто од болните се способни за нормален живот и работа, а по 20 години 20 отсто.

Во САД има 400.000 заболени, во Словенија повеќе од 2.000, во Македонија околу 200 заболени во 2001 година. Почеста е појавата на мултиплекс склероза кај жените отколку кај мажите. Болеста се јавува кај жени често по породување, додека кај мажите се појавува по некоја занемарлива заразна болест. Во светски размери, болеста е почеста во другите климатски подрачја отколку во тропските. Луѓето од бела раса, кои живеат од природни производи, не знаат за мултипна склероза. Оваа болест се смета за болест на цивилизацијата. За жал, науката с? уште не ја открила причината за нејзиното настанување.

Лекувањето треба да биде медикаментозно, како и задолжителна рехабилитација со витаминска терапија и со антиоксиданти. Многумина болни утврдиле дека алтернативните терапии им помогнале подобро, па и значително подобро се чувствуваат. Според тоа, лично право е на секој болен од мултипна склероза да избере и да одлучи на кој алтернативен метод и техника ќе се изложи.

Мултиплекс склероза се лекува и со диета. Храната треба да биде таква како што јаделе примитивните народи кои не знаеле за таква болест. Храната треба да биде свежа, а варено треба да биде само она што не може да се јаде свежо. Интегрален ориз со свежо сирење и рен, треба да биде основен оброк. Месото треба да се избрише од менито, а се заменува со белковини од соја. Треба да се јаде помалку леб, а треба да биде само од црно и интегрално брашно. Конзервирана храна не треба да се јаде. Овошјето треба да се јаде свежо. Од благото, дозволено е мед и гроздов шеќер.

Заболените од мултиплекс склероза би требало редовно да земаат препарати од папаја која содржи папаин, кој го отстранува штетното дејство на пченичниот глутен. Покрај папаинот, во млекото од папајата се изолирани и следните ензими: кимопапаин А, кимопапаин Б, липаза, ликозим, фитостерини, фоспнолипиди, цаласа, глутамин-циклотрансфераза, како и 19 аминокиселини. Од нив, седум се есенцијални аминокиселини, кои човечкиот организам не може сам да ги синтетизира, а би морал да ги земе со секојдневната храна. Тоа се: ИЗОЛЕУЦИН, ЛЕУЦИН, ЛИЗИН, МЕТИОНИН, ФЕНИЛАЛАНИН, ТРИПТОФАН, ВАЛИН. Тие ја имаат следната задача:

ИЗОЛЕУЦИН - важен за растот и за интелектуалниот развој на човекот. Важна улога има и во синтезата на некои неесенцијални аминокиселини.

ЛЕУЦИН-ги помага мозочните функции и овозможува нивна стимулација; ја зголемува енергијата во мускулното ткиво.

ЛИЗИН - го овозможува создавањето на антитела во крвта на човекот, го зголемува растот на клетките и ја подобрува циркулацијата во организмот.

МЕТИОНИН - овозможува подобро разградување на мастите, го подобрува функционалниот состав на црниот дроб и го смирува нервниот систем.

ФЕНИЛАЛАНИН - го овозможува производството на тироксинот во штитната жлезда.

ТРЕОНИН - им помага на цревата при варење на храната.

ТРИПТОФАН - го подобрува искористувањето на витаминот Б, ја поддржува емоционалната стабилност и го смирува нервниот систем.

ВАЛИН - помага при координацијата на мускулнот систем, па е важен во одржувањето на концентрацијата.

Ензимската терапија дава многу добро резултати кај мултиплекс склероза, што можеби е поврзано со вирусите како една од причините на настанување на истата, и може да ги објасни успесите на лекување со ензимските препарати.
Мултиплекс склероза
Кон врв
Shpela Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Shpela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2009 во 15:29
Почитувани,

ја отворам оваа тема со цел да развијам дискусија на истата и да споделиме различни искуства со МС. Ова е само еден мал дел за оваа болест која што е сеуште табу тема (барем кај нас). Поздрав!
Кон врв
scream4help Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 66
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај scream4help Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2009 во 15:27
БРАВО! КОНЧНО НЕКОЈ ДА ЈА ОТВОРИ ОВАА ТЕМА ЗА ОВАА ДИЈАГНОЗА!ТОКМУ ТАКА ОВАА ДИЈАГНОЗА (ЈАС НЕ ЈА СМЕТАМ ЗА БОЛЕСТ - НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДОЗВОЛИ ДА СЕ БОЛЕДУВА) Е ТАБУ ТЕМА КАЈ НАС.КОГА КЕ СЕ НАВЕДЕ НЕВРОЛОГИЈА И ИМЕТО СКЛЕРОЗА ЛУЃЕТО СОСЕМА ПОИНАКУ МИСЛАТ.ДЕКА ТОА Е ОНАА СТАРЕЧКА СКЛЕРОЗА, А НЕВРОЛОГИЈАТА ЈА ИДЕНТИФИКУВААТ СО ПСИХИЈАТРИЈА.ЈАС ИМАМ МС 16 ГОДИНИ...ДА,ТОМУ ТАКА ЈАС ЈА ИМАМ МС,НО НЕ ТАА МЕНЕ...НЕ ДОЗВОЛУВАМ НЕГАТИВНИ МИСЛИ ДА ВЛАДЕАТ СО МЕНЕ...СЕГА ЗА СЕГА ТОЛКУ ЗА МЕНЕ..ВО СТАТИЈАТА ГО СПОМЕНУВАТЕ ПРОФЕСОР ЉАПЧЕВ,НО ЗА ЖАЛ ТОЈ СО ГОДИНИ Е ВО ПЕНЗИЈА И НЕ Е ПОВЕЌЕ НА ОДЕЛОТ ЗА НЕВРЛОГИЈА.
СЕ Е ОДЛИЧНО НАВЕДЕНО ВО ВАШЕТО ИЗЛАГАЊЕ...
ГОЛЕМ ПОЗДРАВ ДО ВАС Shpela ШТО ИМАВТЕ ХРАБРОСТ ДА ЈА ЗАПОЧНЕТЕ ОВА ТЕМА
Кон врв
Shpela Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Shpela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2009 во 13:03
Sream4help drago mi e sto se vkluci vo temava. Ispaga kao vo Makedonija da nema MS borci, a vsusnost se sramat da pomislat na MS, a ne da govorat.
Izvadocite sto gi postaviv se edni od retkite sto uspeav da gi najdam na makedonski. Za mojava sostojba se informiram na internet, no za zal, na drugi jazici i zatoa mislam deka e vreme da se informiraat site malku poveke za da nema razno razni predrasudi.
Inaku, dijagnozata mi e postavena pred recisi edna godina, simptomi vrtoglavica i nistagmus, a prethodno trnenje na levata dlanka i slabost vo ekstrenitetite. za ovaa nepolna godina doznav mnogu poveke istrazuvajki sama, otkolku sto mi kazaa doktorite. Inaku, ziveam recisi normalno, da ne nepravev MR na mozokot, nemase ni da znam sto mi e.
lek seuste nema, no nadezta postoi. Ima samo lekovi za ublazuvanje na simptomite i za usporuvanje na progresijata. Biten e pozitivniot stav i zdraviot nacin na zivot.
Bi sakala ovoj del od forumot, da bide nase katce kade sto ke si razmenuvame mislenja zosto sepak zaedno sme posilni.
za sega tolku, se sto ve interesira moze da me prasate, a se nadevam i jas vas.

Pozdrav i drzete se.
Кон врв
scream4help Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 66
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај scream4help Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2009 во 15:37
Ne ima mnogu borci,samo sto zdruzenieto za MS vo nasava drzava ne funkcionira ...imase obidi pred nekolku godni no prikaznata e dolga ....Tokmu Taka ,zaedno sme posilni...Mnougu sum informirana vo vrska so MS.Postojat poveke vidovi na MS i sekoj slucaj za sebe e poseben.Kaj mene zapocna so trnenje na levata strana i vednas resiv da otkrijam sto e zatoa sto simptomot se pojavi vednas po poruduvanjeto i po mnogu silna glavobolka...Vo toa veme pred 16 godini vo Makedonija nemase magnetna rezonansa i po mnogu ispituvanja,sepak po sovet na eden od nevrolozite vo klnika otidov na snimanje vo Sremska Kamenica i dijagnozata se vospostavi-MS.Posetuvam mnogu forumi i grupi za multipleks,da za zal nema na makedonski,no sreka ja imam knigata od d-r Ljapcev i d-r Gogovska i vo nea gi ima site informacii...no,ne e se taka crno kako sto se misli...Dijagnozata ja odrzuvam so Rebif Interferon B-1-a. Ovoj interferonski preparata zapocnav do go zememam uste vo 1994 i vo toa vreme bese ekspirementalen lek i ne bese dozvolen i priznat od fondot za zdravstvo.Rbifot go kupuvav privatno so preporaka na d-r Daskalovska i d-r Mira od Hrvatska vo Serono(svajcarska famacevstska kuka).Znaci pocnav da go primam uste na samiot pocetok na MS i fala mu na boga do den denesen nikoj nemoze da primeti deka jas voopsto imam nekoj problem,a relapsot go smetam kako edna obicna nastinka koja sto doaga se leci i pominuva..toa e toa,ne smee da se padne vo depresija i da se ima crni misli vo sebe..ziveam normalen zivot,so smejstvo so dete tinejdjer ,vrabotena sum,imam visoko obrazovanie i vo tek e moeto ponatamosno obrazuvanje..

Bolesta za zal pocnuva najcesto od 20-40 godini vo najproduktivniot period....postojat nacini za odrzuvanje i prolongiranje na MS ,a toa se mnoguuuuuuuu..a eden od najvetuvacikiot nacin e so maticni kletki...i da mngi vitamini,a osobeno vitamin E od 400 edinici ,b-kompleks,leticin i omega 3...Nikako tusiranje so topla voda i izbegnuvaj infekcii,a osobeno begaj od luge koj kivaat i kaslaat imaat visoka temperatura i nedaj boze grip da te fati vednas ke imas vlosuvanje na sostojabata ..tolku sega za sega..cuvaj se i se najdobro i tuka sum ...ke govorime na ovaa tema ...pozdrav
Кон врв
scream4help Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 66
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај scream4help Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2009 во 23:10
vremeto pominuva i nikoj ne komentira na temata za MS.ocigledno e deka nema borci,dovolno hrabri licnosti da komentiraat za makata kako ziveat so MS i da gi spodelat svoite iskustva...ili pak ne se vo moznost da tipkaat na tastaturata ,zatoa sto mozebi imaat slabost,trpnenje,odzemenost na gornite ekstremiteti i da si ja iskazat svojata bolka ili licno iskustvo ... no ocigledno e deka temava pretstavuva TABU ili pak neznaenje ili strav na forumdjiite na IdiVidi..
Кон врв
Shpela Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Shpela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 10:54
Stvarno, i jas sum razocarana od odzivot. Nikoj nikade, no dobro, mozebi statistikata e pogresna.

Kako i da e, jas malce da se pozalam i voedno da spodelam iskustvo za ovaa bolest so 1000 lica. Eve, sega se vrativ od more, nekako mi prijase, osven sto ne se izlozuvav na sonce mnogu bidejki vazno e kaj MS teloto da ne se pregreva zosto se vlosuvaat simptomite. Sega sum na rabota i nekako denes mnogu mi se vrti i imam cuvstvo deka goram. No, se naviknuvam veke, no ziveam vo postojan strav da ne me udri na nepredvidliv nacin, na eden od 1000 nacini.
Koga ke se zamoram, pocnuva nogata da mi otkazuva, osekam slabost. No, posao zove, moram da se vratam. Imam uste mnogu da pisuvam, pa makar da vodam diskusija sama so sebe.
Sream4help, se nadevam deka ke prodolzis i ponatamu so diskusii, bez ogled na se. Pozdrav!
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 12:32
nema da te udri nepredvidlivo, bolesta progresira postepeno i se usporuva so avtosugestii, uporni vezbanja, vitamini. Bev so drugar mi celo vreme site tie godini, bolesta naglo progresira koga se otkaza i prestana da se bori.
Кон врв
Shpela Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Shpela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2009 во 13:47
Kako mislis so avtosugestii?? Da si vikas ne mi e nisto, odlicno se cuvstvuvam a svesen si deka ne e taka?? Sto se sluci so tvojot drugar? Raskazi ni poopsirno. Kade e i kako e sega toj?
Pozdrav!
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 00:22
Ne te cini nisto da probas so avtosugestija, postoi i literatura vo bibliotekite, skepsata nema da pomogne. Kolku sto mozev da svatam i e ocigledno, disfunkcijata na centarot za motorika predizivkuva atrofija na muskulnata masa. Infuziite mu pomagaa privremeno so vidno podobruvanje i fizikalnata terapija, akupuntura. Vezbavme cesto zaedno zatoa sto sam ne mu teknuvase...20 god veke e bolen, no se opusti premnogu i ne bese discipliniran, atrofijata progresira. I zdrav covek ako e neaktiven ke se razboli, teloto e bioloska masina koja mora da se dvizi po sekoja cena.

scream4help  dava dragoceni soveti i na internet ima dosta forumi na taa tema.


Изменето од zbunet - 28.Август.2009 во 00:27
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 00:42
Originally posted by Shpela Shpela напиша:

Kako mislis so avtosugestii?? Da si vikas ne mi e nisto, odlicno se cuvstvuvam a svesen si deka ne e taka?? Sto se sluci so tvojot drugar? Raskazi ni poopsirno. Kade e i kako e sega toj?
Pozdrav!


Prvo go isfrlas stravot (nesmee da ostane potisnat vo tebe)
Go zamisluvas najlosoto nesto sto moze da ti se sluci
Potoa odis vo sprotivna nasoka
Go zamisluvas najubavoto nesto
Pozitivnite afirmacii pisuvani na hartija mnogu pomagaat (dvoen udar na energija)
Jas sum sportist ,od nastinka ne sum imala pogolemo zaboluvanje
No,na drugi polinja imam raboteno so afirmacii i vizualizacija i navistina tie metodi davaat cudesni rezultati

~Live the life you love, love the life you live~
Кон врв
Shpela Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Shpela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2009 во 16:19
Originally posted by zbunet zbunet напиша:


Kolku sto mozev da svatam i e ocigledno, disfunkcijata na centarot za motorika predizivkuva atrofija na muskulnata masa. . scream4help 
   dava dragoceni soveti i na internet ima dosta forumi na taa tema.

Zbunet, MS ne go napaga centarot za motorika, tocno e deka leziite na mozokot moze da se najdat bilo kade, no degeneracijata na motornite neuroni se slucuva kaj edna druga bolest, ALS (amiotroficna lateralna skleroza) koja sto e uste postrasna od MS i vekot na zaboleniot e pokratok.

Ako mozes stavi go linkot kade sto scream4help dava dragoceni soveti, nemozev da gi najdam.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.