|
Паонците основен столб на македонизмот |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 06.Јуни.2009 во 21:08 |
Почнал со бројката еден, кое броено од сега наназад би била 7512 кога се појавил кралот Полифем, односно од која година, не е утврдено, но приближно доста одмерено може да се каже дека неговата родословна гранка продолжува со неговите и синовите на сопругата му Галатеа, ќерка на Нереј, а правнука на Етер.
Значи Полифем и Галатеа изродиле три сина на кои им дале имиља Илириј, Гал-Галат и Келт кои по заминувањењто на татко им стануваат родоначалници на три големи територии и три народи кои по нивното име го добиле името Илири, Гали и Келти, односно ги нарекле териториите Илирија, Галија (Галатеа) и Келтида. Од изнесеното се гледа дека кралството на Полифем се дели на три дела, а тоа е главно денешна Европа, бидејки и сега таа е населена со потомците на тие три народи, иако сега се јавуваат со нови имиња. Продолжуваме со следење на родословното стебло на кралот Илириј и неговата жена Електра, бидејки тој е крал на Балканот, во чиј состав сме и ние, додека што се се одвивало на просториите на останатиот дел на Европа ќе добие свој епилог само по себе. Илириј и Електра под своја власт ги имале териториите на денешна: Сбија, ЦрнаГора, Словенија, Хрватска, Македонија, Ромaнија, Бугарија, Молдавија, Украина, Албанија, Босна, јужниот дел од Русија и населениот дел од денесна Грција. Дека е тоа навистина така потврдува податокот што освен во Албанија, Грција и донекаде во Романија, се зборува на ист или сличен јазик, се пишува на исто или слично писмо, распро- странети се исти или слични обичаи, на новороденчињата им ставаат исти или слични имиња, се негува ист или сличен фолклор и разни други нешта. Времето како и за другите жители на Земјата, така и за кралот Илириј, и кралицата Електра минело, и тие изродиле голем пород - девет синови и една ќерка. На синовите им ги дале следните имиња: Автариј, Јасон(Јасион) Дардан, Таулат, Перхеб, Дарт, Парт, Енхелај и Дисар. Единствената ќерка ја нарекле Хармонија. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имињата на синовите на Илириј не се наведени по редослед на раѓањето. Кралот Илириј постапил како и неговите пре- тходници, така што на своите потомци им доделил дел од своето кралство така што стасувале со годините, и се стекнувале со способност да владеат. По смрта на кралот Илириј своите територии над кои имале воспоставено влад- ение ги нарекле по своето име, но и народот бил наречен соодветно, пр:Дарданија-Дардани, Автариј-Автаријати,и.т.н
|
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Веројатно кралот Илириј не го поделил кралството Илирија на своите синови одеднаш, туку кој како стасувал и созревал во личност што може да управува и раководи со делот од кралството што ќе му биде доделено, но тешко да се најде пишан матерјал за тој процес во постоечката литература. Во главно од постоечките пишани матерјали може да се види дека кралските наследници во своето владение ги добиле овие територии:
Зетот Кадмо, кој за жена ја зел Хармонија ќерка на кралот Илириј, ја добил територијата околу денешна Будва во Црна Гора, каде гради еден град,кој го нарекува раководејќи се од своето име Кадмеја. Жителите на таа територија стану- ваат Кадмејци, кралството Кадмеја. Автарие во владение ги добива териториите што денес ги имаат во владение Србите, дел од Р.Бугарија по венецот на планината Родопи и реката Места се до Егејско море. Парт добива територија околу реката Дрина и тоа по југ од нејзиното течение. По таа територија и народите се наре- куваат Партинија и Партини. Северно од Партинија териториите околу Сава ги добива Дарт, јужно од Дарданија кон Јадранско море се териториите на Дисар. Таул добива територија јужно од Кадмо, покрај Скадарското езеро, во дел од денешна северна Албанија, јужно од него се териториите што се под влијание на Анхелеј, што значи поголемата територија на денешна Албанија. Северниот дел од Епир и дел од денешна Македонија, нејзиниот југозападен дел го добива на владение Перхеб, јужно од него тогаш населениот дел од денешна Грција го добива Јасон, кој народ што живеел на тие териттории го нарекува Јаси или Јасонци. Дардан добил дел од кралството Илирија меѓу териториите на Автариј, источно од Таул, Перхеб и Јасон, односно дел од северна Македонија, Косово и дел од јужна Србија. Исто и тој го нарекол делот што го добил Дарданија, а народот Дарданци. Така било запишано во некои писанија од кои историчарите се труделе да извлечат несоборливи вистини врз основа на постоечките докази и ни го презентираат нашето минато исполнето со што поприсатната објективност. Мораме притоа да признаеме дека постоеле, постојат и ќе постојат потешкотии за потврдување на вистината со обзир на се низ што минала оваа цивилизација. Како што ни сите прсти на рацете не се исти, така и сите чеда на кралот Илириј и Електра не биле обдарени со еднакви способности да владеат и да го сочуваат своето кралство. Во случајов Илирија. Во некои пишани матерјали стои дека Дардан уште во животот на кралот Илириј го шири своето кралство на сметка на своите браќа одземајќи делови од нивните територии. Одземањето територии од послабите кралства подразбира и војни меѓу браќата наследници, така што новосоздадените држави час станувале помали, час поголеми. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со тек на времето на балканските простори под силната рака и карактерот на кралот Дардан се создава кралството познато како Хетитиско кралство,од кое подоцна се создава и државата наречена Троја или Троада.
Хетитиското кралство, подоцна Троја-Троада или Илион(Илја,Илија), Илион, имаат своја историја, која во овој момент не е пре- дмет на нашата работа. Тие кралства,кои по се изгледа го менувале само кралот, териториите и народите си оста- нувале исти, ја доживуваат судбината на поранешните, што е сепак прилично тешко сето ова да се забележи и прикаже во олку мал простор. Во понатамошното наше писание, или да го наречиме обид да спознаеме еден процес, што пообјективно ја презентираме нашата историја (македонска) како и на соседите, од времето на самиот почеток на формирање на посебностите на народите кои се издвојуваат од целината, процес кој траел многу години за кои се одвивале разни нешта, што по вина на човекот, но и од дејствија од самата природа за кои можеме да потврдиме дека и денес не сме далеку од тие процеси кои водат кон уништување на придобивките од минатото. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Автариј и Автаријатите имаат своја историја од која заклучуваме дека неговото кралство го остава на синот Паон, кој го нарекува Паонија. Во подоцнежните години им одредува територии на своите синови Трибал и Скодар кои синови успеале да донесат такви закони што нивните наследници да ги сочуваат тие имиња на државите Трибалија и Скодрија, но и територијата да им остане цела, што се гледа и од пишаниот матерјал кога Филип Македонски, кра- лот на Македонија, го шири своето кралство војувајќи со овие народи.
Кралството Трибалија и Скодрија имале свои потомци, од кои во ова прилика ќе спомениме дека кралот Трибал го имал синот Миној кој стапил во брак со Трачанката Тарса и имале два сина, Адрија и Оксил. Според Адрија денешното Јадранско Море го добило името. Кралот Адрија го имал синот Јонион, според кого јужниот дел од Јадранското Море е именуван како Јонско Море, а народот наречен Јонјанци или Јонци и така натаму. Западно од кралството на Паон до Понтското Море денешно Црно Море постоело кралство Тракија. Према податоците кои сведочат, териториите на Паон се во денешна Србија, Црна Гора, Бугарија на исток до Родопскиот масив и по реката Места до Еѓејското Море и Македонија источно од течението на реката Вардар. За себе го задржал кралството западно од денешна Србија. Делот кој го отстапил на Паон, кој станал крал на споменатите територии и ги прогласил за кралство Паонија, а народот кој живеел таму за паонци кои покасно низ времето се стекнале со своите посебности кои и ден денес се присатни меѓу жителите на тие територии но и во записите кои сведочат за нивното минато. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
абораваме исто така дека историјата од тоа време на овие простори познава три големи етнички супстрати-Елини, Траки и Илири. Значи, ако Античките Македонци не биле Елини, тие најверојатно биле блиски до Пеоните што значи најверојатно се од Тракиско потекло. Самата династија на Александар Македонски потекнува од Пелопонез. Митовите за доаѓањето на Античките Македонци го опишуваат нивното движење од традиционоалните Грчки земји кон нивната локација околу Солун и Пела. Александар И 170 години пред Александар Македонски јасно ја декларирал Македонија како Елинска земја барајќи допуштение за сопствено учество на Олимписките игри и во исто време вклучувајќи и масовно дополнително зајакнување на елинизирањето на својата земја. Од тогаш Македонците активно учествуваат во сите договори, расправи и собири на елинскиот свет. И на Филип и на Александар главна цел им била да го обединат Елинскиот свет и да им се одмаздат на главните непријатели на Елините-Персијците. Сегде ширум светот кадешто Александар допрел, сведочат споменици за Грчката култура и јазик. Таму кадешто оставал записи за себе почнувал вака:"Јас Елинот Александар..." Конечно, по неговата смрт политичкото и културното наследство што го оставил, светската историја го дефинира под името Елинизиција на Медитеранот, а Грчкиот јазик и култура станале доминантни во тогашниот познат свет. Не знам Александар каква ДНК носел во своето тело, но недвосмислено јасно е дека сè што работел и сè што оставил зад себе било во името на Елините, така што ја направил најголемата услуга на грчката политика од тогаш па до денес. Односно, преведено на современ Македонски јазик, Александар Македонски е најголемиот бугарофил што го познава Македонската историја, под услов ако потекнуваме од иста крв.
типичен фалсификата кои го застапуваат грците и денечна Е.У.бидејки тие вистината за Македонија ни ја доставија како мит со цел да биде заборавена,а истата вистина си ја префрлуваат на нив послем смрта на Александар Македонски позната како хеленизам.Па нели и цела Европа е заснована на хеленистичката цивилизација. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи, ако Античките Македонци не биле Елини, тие најверојатно биле блиски до Пеоните што значи најверојатно се од Тракиско потекло. Самата династија на Александар Македонски потекнува од Пелопонез.
Паоните се разликувале од траките и биле блиску да ако мисли граничеле со траките,бидејки Дунав ги делел.Околу формирањето на македонското царство највероватно ,,војводата ,,мисли на аргестидите,од Пердика први (тој највероватно мисли на Каран - затоа и така доставува како што тоа е еден обичен фалсификат кој и тој наш македонец го подржува највероватно)за кои има докази дека не потекнуваат од Пелапонез,бидејки формирањето на градот Арг,Архелај,Водена,Пела се засновани во Ематија(Арголида или Микена за време на тројанската војна).Горе напоменав де3ка оваа област била во Паонија.Ако ми докаше шизикот,хипикот,квази војводата дека и Пелапонез припага во Паонија јас ке му поверувам,вака може само Снешка дома да си ја лаже и заведува денес бидејки очигледно до денес не успеа неа да ја заведе камоли народот македонски во оваа 2009год. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bi sakala da ja otvaram ovaa tema bidejki mislam deka klucot na resavanjeto na problemite na makedonskiot narod e tokmu vo drzavata Paonija i paonskiot narod koj ke bide zabelezan kako licna garda,stitonosci (agrijancite),logistika,konjanica,strelci...na Aleksandar Makedonski (najslavniot).pozdrav
|
|
Popi
Сениор Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mozhe, ubavo ti tekna!
Tuku imash li nekoi web-strani kade bi se prochitale, promovirale a i videle nekoi (arheoloshki pronajdoci od toa vreme, zapisi...i sl.) od ovie tvoi iznesuvanja.
|
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Da imate poveke soznanija za paoncite i aktivnostite na Blek Point ovie godini na www.peonija.org.pozdrav.
|
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dodeka del od dokazite i atrtefaktite se isprateni do Boogie,pa ostavivme na nego toj da gi prefrli slikive od ova zdruzenie na forumot pa da debatirame za paoncite.Jas ke dostavam uste nekoi dokazi od Herodot,Kvint k*rtij Ruf,Justin i dr.
|
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како најпрво една орентација за Тракија,бидејки гледаме дека некој ги мешаат поимите Паонија и Тракија во случајот нашиот ценет ,,војвода,,Лјупчо Георгиевски.
,,Западно од кралството на Паон до Понтското Море денешно Црно Море постоело кралство Тракија,,. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Према податоците кои сведочат, териториите на Паон се во денешна Србија, Црна Гора, Бугарија на исток до Родопскиот масив и по реката Места до Еѓејското Море и Македонија источно од течението на реката Вардар. За себе го задржал кралството западно од денешна Србија.
Делот кој го отстапил на Паон, кој станал крал на споменатите територии и ги прогласил за кралство Паонија, а народот кој живеел таму за паонци кои покасно низ времето се стекнале со своите посебности кои и ден денес се присатни меѓу жителите на тие територии но и во записите кои сведочат за нивното минато. Кралството Дарданија со својот основоположник Дардан изгледа дека е еден од најпредузимливите синови на Илириј(Илја,Илија), така што успеал на сметка на своите браќа да го прошири своето кралство и преку своите потомци како што се: Шипилијан, Мувтал, Хатушнаиш,и др. ја изградат големата империја наречена од многу историчари Хетитиско царство или Илирско(Илјадиско) – Дарданска – Тројанска империја, која ќе има одраз во историјатата на народи и држави на Балканот. Додека на крајот на југ на Балканскиот полуостров кралство создал синот на Илириј(Илја,Илија) и Електра, Јасион или Јасин кое како што рековме го нарекле Јасонија со народ Јасонци или Јаси кои можат и денеска да се сретнат на просторот околу Крстина, Хрватска населени од Епир во денешно време. |
|
vesnap
Сениор Регистриран: 21.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 293 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу автори во своите дела напишани за подемот на македонската држава особено под раководство на кралот Филип втори Македонски и неговиот син Александар трети Македонски споменуваат дека со своите војски војувале со соседните народи како што се: Перхеби, Тауланти, Дардани, Паонци, Трибали и Трачани.
Знаеме дека Филипа дошол на кралска позиција во Македонија во 361 год. п.н.е, а тоа е податок дека и покрај тоа што за неколкуте милениуми години пред него се измениле многу кралеви како во овие држави така и во неговата, народот под раководство на тие кралеви го менувал името, и името на својата територија, но сепак успевал и да си го врати некогашното. По смрта на Филип втори Македонски при средувањето на приликите во земјите што ги придодал неговиот татко на кралството Македонија, кралот Александар Македонски,како што стои во делото на Аријан: ,,Александрови војни,, Првин сакал да го осигура владеењето во тие земји, и презел одредени активности на тој план. Во почетокот на пролета 335 год. п.н.е.тргнал со војската во Тракија кон Трибалите и Илирите бидејќи дознал дека се јавил бунат, а воедно и затоа што му се чинело дека е незгодно кога ќе тргне на далечна војна во Персија да ја остави својата заднина, а да не ги покори тие бунтовни племиња. Како што вели Аријан илирските племиња престојувале во пределот на денешна јужна Хрватска, Далмација, Босна и северна Албанија, додека Трибалите пребивале меѓу плани- ната Хембалкан и реката Истар, т.е. Дунав. Во борбите на македонската војска против Трачаните учествувале и Агријаните, за кои Аријан вели дека биле паонско племе, соседи на Трибалите, кои служеле во македонската војска како коњаница, и кои порано ги покорил кралот Филип Македонски. |
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |