Испечати | Затвори го прозорот

Паонците основен столб на македонизмот

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Историја
Опис на форумот: Александар, Кирил, Самоил, Мисирков, Делчев
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=19328
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 22:17
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Паонците основен столб на македонизмот
Постирано од: vesnap
Наслов: Паонците основен столб на македонизмот
Датум на внесување: 06.Јуни.2009 во 21:08
Почнал со бројката еден, кое броено од сега наназад би била 7512 кога се појавил кралот Полифем, односно од која година, не е утврдено, но приближно доста одмерено може да се каже дека неговата родословна гранка продолжува со неговите и синовите на сопругата му Галатеа, ќерка на Нереј, а правнука на Етер.                                                                           
Значи Полифем и Галатеа изродиле три сина на кои им дале имиља Илириј, Гал-Галат и Келт кои по заминувањењто на татко им стануваат родоначалници на три големи територии и три народи кои по нивното име го добиле името Илири, Гали и Келти, односно ги нарекле териториите Илирија, Галија (Галатеа) и Келтида.
Од изнесеното се гледа дека кралството на Полифем се дели на три дела, а тоа е главно денешна Европа, бидејки и сега таа е населена со потомците на тие три народи, иако сега се јавуваат со нови имиња. Продолжуваме со следење на родословното стебло на кралот Илириј и неговата жена Електра, бидејки тој е крал на Балканот, во чиј состав сме и ние, додека што се се одвивало на просториите на останатиот дел на Европа ќе добие свој епилог само по себе.
Илириј и Електра под своја власт ги имале териториите на денешна: Сбија, ЦрнаГора, Словенија, Хрватска, Македонија, Ромaнија, Бугарија, Молдавија, Украина, Албанија, Босна, јужниот дел од Русија и населениот дел од денесна Грција.                 
Дека е тоа навистина така потврдува податокот што освен во Албанија, Грција и донекаде во Романија, се зборува на ист или сличен јазик, се пишува на исто или слично писмо, распро- странети се исти или слични обичаи, на новороденчињата им ставаат исти или слични имиња, се негува ист или сличен фолклор и разни други нешта.
Времето како и за другите жители на Земјата, така и за кралот Илириј, и кралицата Електра минело, и тие изродиле голем пород - девет синови и една ќерка. На синовите им ги дале следните имиња:
Автариј, Јасон(Јасион) Дардан, Таулат, Перхеб, Дарт, Парт, Енхелај и Дисар. Единствената ќерка ја нарекле Хармонија.    



Коментари:
Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 06.Јуни.2009 во 21:09
Имињата на синовите на Илириј не се наведени по редослед на раѓањето. Кралот Илириј постапил како и неговите пре- тходници, така што на своите потомци им доделил дел од своето кралство така што стасувале со годините, и се стекнувале со способност да владеат. По смрта на кралот                                                    Илириј своите територии над кои имале воспоставено влад- ение ги нарекле по своето име, но и народот бил наречен соодветно, пр:Дарданија-Дардани, Автариј-Автаријати,и.т.н                                                    


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 06.Јуни.2009 во 21:10
Веројатно кралот Илириј не го поделил кралството Илирија на своите синови одеднаш, туку кој како стасувал и созревал во личност што може да управува и раководи со делот од кралството што ќе му биде доделено, но тешко да се најде пишан матерјал за тој процес во постоечката литература. Во главно од постоечките пишани матерјали може да се види дека кралските наследници во своето владение ги добиле овие територии:                                   
Зетот Кадмо, кој за жена ја зел Хармонија ќерка на кралот Илириј, ја добил територијата околу денешна Будва во Црна Гора, каде гради еден град,кој го нарекува раководејќи се од своето име Кадмеја. Жителите на таа територија стану- ваат Кадмејци, кралството Кадмеја.
Автарие во владение ги добива териториите што денес ги имаат во владение Србите, дел од Р.Бугарија по венецот на планината Родопи и реката Места се до Егејско море.
Парт добива територија околу реката Дрина и тоа по југ од нејзиното течение. По таа територија и народите се наре- куваат Партинија и Партини.                           
Северно од Партинија териториите околу Сава ги добива Дарт, јужно од Дарданија кон Јадранско море се териториите на Дисар.                                                      
Таул добива територија јужно од Кадмо, покрај Скадарското езеро, во дел од денешна северна Албанија, јужно од него се териториите што се под влијание на Анхелеј, што значи поголемата територија на денешна Албанија.
Северниот дел од Епир и дел од денешна Македонија, нејзиниот југозападен дел го добива на владение Перхеб, јужно од него тогаш населениот дел од денешна Грција го добива Јасон, кој народ што живеел на тие териттории го нарекува Јаси или Јасонци.
Дардан добил дел од кралството Илирија меѓу териториите на Автариј, источно од Таул, Перхеб и Јасон, односно дел од северна Македонија, Косово и дел од јужна Србија. Исто и тој го нарекол делот што го добил Дарданија, а народот Дарданци.
Така било запишано во некои писанија од кои историчарите се труделе да извлечат несоборливи вистини врз основа на постоечките докази и ни го презентираат нашето минато исполнето со што поприсатната објективност.
Мораме притоа да признаеме дека постоеле, постојат и ќе постојат потешкотии за потврдување на вистината со обзир на се низ што минала оваа цивилизација.                                                                            
Како што ни сите прсти на рацете не се исти, така и сите чеда на кралот Илириј и Електра не биле обдарени со еднакви способности да владеат и да го сочуваат своето кралство. Во случајов Илирија.                                                               
Во некои пишани матерјали стои дека Дардан уште во животот на кралот Илириј го шири своето кралство на сметка на своите браќа одземајќи делови од нивните територии. Одземањето територии од послабите кралства подразбира и војни меѓу браќата наследници, така што новосоздадените држави час станувале помали, час поголеми.                                                                   


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 06.Јуни.2009 во 21:12
Со тек на времето на балканските простори под силната рака и карактерот на кралот Дардан се создава кралството познато како Хетитиско кралство,од кое подоцна се создава и државата наречена Троја или Троада.
Хетитиското кралство, подоцна Троја-Троада или Илион(Илја,Илија),
Илион, имаат своја историја, која во овој момент не е пре- дмет на нашата работа. Тие кралства,кои по се изгледа го менувале само кралот, териториите и народите си оста- нувале исти, ја доживуваат судбината на поранешните, што е сепак прилично тешко сето ова да се забележи и прикаже во олку мал простор.                                          
Во понатамошното наше писание, или да го наречиме обид да спознаеме еден процес, што пообјективно ја презентираме нашата историја (македонска) како и на соседите, од времето на самиот почеток на формирање на посебностите на народите кои се издвојуваат од целината, процес кој траел многу години за кои се одвивале разни нешта, што по вина на човекот, но и од дејствија од самата природа за кои можеме да потврдиме дека и денес не сме далеку од тие процеси кои водат кон уништување на придобивките од минатото.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 06.Јуни.2009 во 21:12
Автариј и Автаријатите имаат своја историја од која заклучуваме дека неговото кралство го остава на синот Паон, кој го нарекува Паонија. Во подоцнежните години им одредува територии на своите синови Трибал и Скодар кои синови успеале да донесат такви закони што нивните наследници да ги сочуваат тие имиња на државите Трибалија и Скодрија, но и територијата да им остане цела, што се гледа и од пишаниот матерјал кога Филип Македонски, кра- лот на Македонија, го шири своето кралство војувајќи со овие народи.
Кралството Трибалија и Скодрија имале свои потомци, од кои во ова прилика ќе спомениме дека кралот Трибал го имал синот Миној кој стапил во брак со Трачанката Тарса и имале два сина, Адрија и Оксил. Според Адрија денешното Јадранско Море го добило името. Кралот Адрија го имал синот Јонион, според кого јужниот дел од Јадранското Море е именуван како Јонско Море, а народот наречен Јонјанци или Јонци и така натаму.
Западно од кралството на Паон до Понтското Море денешно Црно Море постоело кралство Тракија.
Према податоците кои сведочат, териториите на Паон се во денешна Србија, Црна Гора, Бугарија на исток до Родопскиот масив и по реката Места до Еѓејското Море и Македонија источно од течението на реката Вардар. За себе го задржал кралството западно од денешна Србија.
Делот кој го отстапил на Паон, кој станал крал на споменатите територии и ги прогласил за кралство Паонија, а народот кој живеел таму за паонци кои покасно низ времето се стекнале со своите посебности кои и ден денес се присатни меѓу жителите на тие територии но и во записите кои сведочат за нивното минато.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 06.Јуни.2009 во 21:42
абораваме исто така дека историјата од тоа време на овие простори познава три големи етнички супстрати-Елини, Траки и Илири. Значи, ако Античките Македонци не биле Елини, тие најверојатно биле блиски до Пеоните што значи најверојатно се од Тракиско потекло. Самата династија на Александар Македонски потекнува од Пелопонез. Митовите за доаѓањето на Античките Македонци го опишуваат нивното движење од традиционоалните Грчки земји кон нивната локација околу Солун и Пела. Александар И 170 години пред Александар Македонски јасно ја декларирал Македонија како Елинска земја барајќи допуштение за сопствено учество на Олимписките игри и во исто време вклучувајќи и масовно дополнително зајакнување на елинизирањето на својата земја. Од тогаш Македонците активно учествуваат во сите договори, расправи и собири на елинскиот свет. И на Филип и на Александар главна цел им била да го обединат Елинскиот свет и да им се одмаздат на главните непријатели на Елините-Персијците. Сегде ширум светот кадешто Александар допрел, сведочат споменици за Грчката култура и јазик. Таму кадешто оставал записи за себе почнувал вака:"Јас Елинот Александар..." Конечно, по неговата смрт политичкото и културното наследство што го оставил, светската историја го дефинира под името Елинизиција на Медитеранот, а Грчкиот јазик и култура станале доминантни во тогашниот познат свет. Не знам Александар каква ДНК носел во своето тело, но недвосмислено јасно е дека сè што работел и сè што оставил зад себе било во името на Елините, така што ја направил најголемата услуга на грчката политика од тогаш па до денес. Односно, преведено на современ Македонски јазик, Александар Македонски е најголемиот бугарофил што го познава Македонската историја, под услов ако потекнуваме од иста крв.



типичен фалсификата кои го застапуваат грците и денечна Е.У.бидејки тие вистината за Македонија ни ја доставија како мит со цел да биде заборавена,а истата вистина си ја префрлуваат на нив послем смрта на Александар Македонски позната како хеленизам.Па нели и цела Европа е заснована на хеленистичката цивилизација.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 06.Јуни.2009 во 21:51
Значи, ако Античките Македонци не биле Елини, тие најверојатно биле блиски до Пеоните што значи најверојатно се од Тракиско потекло. Самата династија на Александар Македонски потекнува од Пелопонез.


Паоните се разликувале од траките и биле блиску да ако мисли граничеле со траките,бидејки Дунав ги делел.Околу формирањето на македонското царство највероватно ,,војводата ,,мисли на аргестидите,од Пердика први (тој највероватно мисли на Каран - затоа и така доставува како што тоа е еден обичен фалсификат кој и тој наш македонец го подржува највероватно)за кои има докази дека не потекнуваат од Пелапонез,бидејки формирањето на градот Арг,Архелај,Водена,Пела се засновани во Ематија(Арголида или Микена за време на тројанската војна).Горе напоменав де3ка оваа област била во Паонија.Ако ми докаше шизикот,хипикот,квази војводата дека и Пелапонез припага во Паонија јас ке му поверувам,вака може само Снешка дома да си ја лаже и заведува денес бидејки очигледно до денес не успеа неа да ја заведе камоли народот македонски во оваа 2009год.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 07.Јуни.2009 во 22:50
Bi sakala da ja otvaram ovaa tema bidejki mislam deka klucot na resavanjeto na problemite na makedonskiot narod e tokmu vo drzavata Paonija i paonskiot narod koj ke bide zabelezan kako licna garda,stitonosci (agrijancite),logistika,konjanica,strelci...na Aleksandar Makedonski (najslavniot).pozdrav


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 14:09
Mozhe, ubavo ti tekna! намигнување
 
Tuku imash li nekoi web-strani kade bi se prochitale, promovirale a i videle nekoi (arheoloshki pronajdoci od toa vreme, zapisi...i sl.) od ovie tvoi iznesuvanja. големо%20гушкање
 
 


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:15
Da imate poveke soznanija za paoncite i aktivnostite na Blek Point ovie godini na www.peonija.org.pozdrav.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:23
Dodeka del od dokazite i atrtefaktite se isprateni do Boogie,pa ostavivme na nego toj da gi prefrli slikive od ova zdruzenie na forumot pa da debatirame za paoncite.Jas ke dostavam uste nekoi dokazi od Herodot,Kvint k*rtij Ruf,Justin i dr.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:29
Како најпрво една орентација за Тракија,бидејки гледаме дека некој ги мешаат поимите Паонија и Тракија во случајот нашиот ценет ,,војвода,,Лјупчо Георгиевски.

,,Западно од кралството на Паон до Понтското Море денешно Црно Море постоело кралство Тракија,,.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:31
Према податоците кои сведочат, териториите на Паон се во денешна Србија, Црна Гора, Бугарија на исток до Родопскиот масив и по реката Места до Еѓејското Море и Македонија источно од течението на реката Вардар. За себе го задржал кралството западно од денешна Србија.
Делот кој го отстапил на Паон, кој станал крал на споменатите територии и ги прогласил за кралство Паонија, а народот кој живеел таму за паонци кои покасно низ времето се стекнале со своите посебности кои и ден денес се присатни меѓу жителите на тие територии но и во записите кои сведочат за нивното минато.
Кралството Дарданија со својот основоположник Дардан изгледа дека е еден од најпредузимливите синови на Илириј(Илја,Илија), така што успеал на сметка на своите браќа да го прошири своето кралство и преку своите потомци како што се: Шипилијан, Мувтал, Хатушнаиш,и др. ја изградат големата империја наречена од многу историчари Хетитиско царство или Илирско(Илјадиско) – Дарданска – Тројанска империја, која ќе има одраз во историјатата на народи и држави на Балканот.
Додека на крајот на југ на Балканскиот полуостров кралство создал синот на Илириј(Илја,Илија) и Електра, Јасион или Јасин кое како што рековме го нарекле Јасонија со народ Јасонци или Јаси кои можат и денеска да се сретнат на просторот околу Крстина, Хрватска населени од Епир во денешно време.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:32
Многу автори во своите дела напишани за подемот на македонската држава особено под раководство на кралот Филип втори Македонски и неговиот син Александар трети Македонски споменуваат дека со своите војски војувале со соседните народи како што се: Перхеби, Тауланти, Дардани, Паонци, Трибали и Трачани.                     
Знаеме дека Филипа дошол на кралска позиција во Македонија во 361 год. п.н.е, а тоа е податок дека и покрај тоа што за неколкуте милениуми години пред него се измениле многу кралеви како во овие држави така и во неговата, народот под раководство на тие кралеви го менувал името, и името на својата територија, но сепак успевал и да си го врати некогашното.                                   
По смрта на Филип втори Македонски при средувањето на приликите во земјите што ги придодал неговиот татко на кралството Македонија, кралот Александар Македонски,како што стои во делото на Аријан:                     
,,Александрови војни,,
Првин сакал да го осигура владеењето во тие земји, и презел одредени активности на тој план.
Во почетокот на пролета 335 год. п.н.е.тргнал со војската во Тракија кон Трибалите и Илирите бидејќи дознал дека се јавил бунат, а воедно и затоа што му се чинело дека е незгодно кога ќе тргне на далечна војна во Персија да ја остави својата заднина, а да не ги покори тие бунтовни племиња.
Како што вели Аријан илирските племиња престојувале во пределот на денешна јужна Хрватска, Далмација, Босна и северна Албанија, додека Трибалите пребивале меѓу плани- ната Хембалкан и реката Истар, т.е. Дунав.                               
Во борбите на македонската војска против Трачаните учествувале и Агријаните, за кои Аријан вели дека биле паонско племе, соседи на Трибалите, кои служеле во македонската војска како коњаница, и кои порано ги покорил кралот Филип Македонски.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:33
о поглавје 5 книга еден ,,Александрова војна - Анабаза,,
Аријан вели: Aлександар со војската се движел по земјата на Агријаните и Паонјаните, каде стасале гласници, кои јавиле дека Клито, Бардилов син и Глвкиј, крал на Таулантите, му биле сојузници. Гласниците кажале дека и Автаријатите ќе навалат на војската на Александар Македонски по пат.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:33
Аријан во истото поглавје вели: ,,дека Александар со војската се движел по реката Еригон, денешна Црна Река во Паонија - кон градот Пелиј, град во Илирија, кој кралот Клито го држел во свои раце како најдобро утврден во тоа време, со обѕир на неговата локација во планината Пелиј. Кога Александар ста- сал до реката Еордика, сега Девол, се улогорил.
Реката Еордика била во Илирија,,.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:35
Квинт к*ртиј Руф во своето дело: ,,Историја на Александар Македонски,, во книга прва, глава 5 наведува:
,,Кога се враќал Филп од Скитија со голем воен товар, минувал низ земјата на Трибалите, а тие ги зафатиле погодните места и не му допуштале да премине ако не им даде од пленот,,.
Во војската на Филип втори Македонски имало и Грци како наемна војска, кои тешко ги поднесувале неволјите, како и лишувањето од привилилигиите што ги уживале. Поради тоа се јавил бунт во кој изгинале многумина од двете страни, а кралот Филип бил ранет во бедрото. Раната била многу тешка и му остава трага се до неговата смрт.
Во истата книга во гл.7 меѓу другото Квинт к*ртиј Руф пишува за говорот на Демонстен во градот Олинт и рекол:                                                                      
,,Јас пак, Тебанци, ќе престанам да им се протиставувам на тие што мислат така, се придржувам на нивното мислење.                                                                       Но вас со сета можна сила Ве наговарам, Ве молам, Ве колнам, Ве преколнувам да мислите на Вашиот спас и општиот спас на Грција, за да ја прифатите оваа нивна одлука,,.
,,Ако постапите така, Вие сами ќе допуштите да дојдете заради овците и добиток, Вашите полиња нема да бидат исполнети со робови, а самите Вие ќе служите меѓу остана- тите робови на Филипа, на Паонците и на Трибалите. Зошто тие ќе заповедуваат Вие да ги чувате стадата и робовите и тоа ќе Ви биде одлична привилегија од ропството, ќе Ви запо- ведаат да си ги презирате сопругите, децата, родителите, слободата, добриот глас и довербата,,.
Во глава 12 од истата книга Квинт к*ртиј Руф меѓу другото пишува:                   
,,Принцовите на Тракија и сите што се чинело дека се можни учесници во преврат, а немаат средства и смелост за тоа, ги отстрани со тоа што божем укажувајќи им чест, ги зел со себе како свои соборци против Персијците.Откако ги отстра- нил главешините на разни партии верувал дека оста-        натите нема да се осмелат да преземат нешто без своите првенци. Кога се враќал во Македонија, преку Агријанците и Паонците му било јавено за бунтот на Илирите.Бардил,крал на многубројни народи од пределите во коишто имало јаглен, исто така многу жестоко напаѓал на Македонија се додека не бил победен од Филипа во една голема битка - тој бил тогаш веќе кон крајот на животот, кон деведесетата година. Неговиот син Клит зборувал дека токму сега дошло погодно време повторно да се стекне слободата, и додека Александар е задржан со оружјето на најжестоките племиња отаде Истар-Дунав, тој ги потикнувал водачите на народот да земат оружје и да склучат сојуз со Главкиј, кралот на Илирија, и народот што се нарекува Тавланти,,.                  
Еден друг народ, Автаријати, тргнал исто така да ги напаѓа Македонците, но Лангар кралот на Агријанците, кој му бил верен на Александар побарал нему да му биде допуштено таа грижа, го убедил дека тој ним во татковината ќе им создаде толкави грижи така што ќе престанат да ги вознемируваат Македонците. Кралот го пофалил и почестил со величествени дарови младичот Лангар и го пуштил да замине, дури му ја ветил за жена сестра си Кина, која кралот Филип откако ја зел од Илирија му ја беше дал на Аминта. Агријанецот Лангар го исполнил ветеното, но се разболел и не можел да ужива во договорената награда зашто набргу потоа умрел.
Така, бидејќи Автаријатите биле задржани, без војување се дошло до Пелиј, град во Илирија, област Десаретија, надвиснат над реката Еордика!
Но кога намерувал да замине, му се заканила голема опасност: Овде река, таму ридишта му го попречувале патот, кој одвај можел да пропушти четири вооружени војници. А Клит по- ставил големи чети тешко вооружена војска на планинските ридови.
Во книга два глава 3 Квинт к*ртиј Руф наведува:                                                       
,,Пролета 335 год .п.н.е.Александар ги собрал от секаде војските и ги префрлил во Азија. Оваа војска била посилна по дух одошто по бројност. Парменион водел 30 000 пешаци, од кои 12 000 биле Македонци. Останатиот број ги испратиле сојузниците и федератите. Оклу 5 000 Илири, Тракијци и Трибали ја следеле оваа војска, кон нив се приклучиле и 1 000 стрелци Агријанци. Македонската коњица, која се состоела од 1 800 луѓе, кој ја предводела флотата, а Калас предводел исто толку коњаница од Тесалија. Од останатата Грција дошле се на се 600 коњаници на чие чело бил Еригиј. Клеандер ја водел претходницата, која ја сочинувале оклу 900 луѓе, и која била составена од Тракијци и Паонци,,.              
Во своето дело ,,Филипова Историја,, Јустин за овој период на македонската држава под раководство на кралот Филип втори Македонски и кралот Александар трети Македонски раскажува во книга осма глава 6 наведува:                    
,,Едни народи ги противставил на непријателите на самите граници на своето кралство, некои заробени од војната, ги распоределил како дополнување на градовите и така од многу племиња и народи создал едно кралство и еден народ. Кога ги средил работите во Македонија, ги покорил Дарданците и останатите соседи со измама,,.
Во книга осум глава 3 раскажува:
,,Додека кралот Филип Македонски со својата војска се вра- ќал од Скитија, Трибалите го нападнале и одбивале да му дадат премин ако не добијат од пленот,,.
Поради ова настанала расправија, а наскоро и битка, во која Филип бил така ранет во бедрото што преку неговото тело бил убиен коњот. Бидејки сите мислеле дека тој е убиен, го загубиле пленот.                                                              


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:36
Еве што пишува таканаречениот татко на Историјата, Халикарнишанин Херодот, во своето дело:
,,Херодова,Историја,,.                                                                            
,,Од моето време до Тројанската војна има најмногу осумстотини години,од моето време до Дионис, синот на Кадмовата ќерка Самела, има илјада и шестотини години,,.                                                                                                  
Дионис, запишан во многу истории како најславен и најголем освојувач, живеел и творел приближно пред повеќе од четири илјади год. п.н.е. Тој имал син по име Македон, кого по враќање од Медија го поставил за крал на Тракија и Ематија (област во Паонија) и по кого подоцна своето пошироко кралство го нарекува Македонија.
Поаѓајки од овој податок може да се заклучи откога потекнува името на Македеонија и колку време го носи тоа име, како и дека пред тоа народот бил и останал со исконско потекло од родоначалникот Илириј(Илја,Илија).
Наведеното нека послужи како вовед во она што значи ориентација за времето во кои настаните подоцна добиваат свои димензии.                                                        


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:48
Originally posted by vesnap vesnap напиша:

Како најпрво една орентација за Тракија,бидејки гледаме дека некој ги мешаат поимите Паонија и Тракија во случајот нашиот ценет ,,војвода,,Лјупчо Георгиевски.

,,Западно од кралството на Паон до Понтското Море денешно Црно Море постоело кралство Тракија,,.
 
Vesnap...ako vo pogorniot del od tvoeto izlaganje napisha deka;
 
"Продолжуваме со следење на родословното стебло на кралот Илириј и неговата жена Електра, бидејки тој е крал на Балканот, во чиј состав сме и ние, додека што се се одвивало на просториите на останатиот дел на Европа ќе добие свој епилог само по себе.
Илириј и Електра под своја власт ги имале териториите на денешна: Сбија, ЦрнаГора, Словенија, Хрватска, Македонија, Ромaнија, Бугарија, Молдавија, Украина, Албанија, Босна, јужниот дел од Русија и населениот дел од денесна Грција."   
 
Togash mene voopshto ne mi jasno kade spagaat Trakijcite? збунетост
 
I tie li se nekoja posle odvoena "granka" od Ilirij i Elektra, pleme narecheno spored  ime na nekoj vladetel  ili se tie nekoja posebna granka od drugite "Evropski narodi", shto gi nabroi prehodno, shto podocna ja zazela teritorijata na Ilirij i negovite potomci.  збунетост
    


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:51
Тој имал син по име Македон, кого по враќање од Медија го поставил за крал на Тракија и Ематија (област во Паонија) и по кого подоцна своето пошироко кралство го нарекува Македонија.

Од овој текст секој може да забележи по Херодот дека нашето име Македонија го добиваме од кралот Македон - родоначалник на името Македонија.Клучна работа денес за македонскиот народ е токму Ематија област која се навогала во Паонија.Областа се вика Ематија по Ематион син на Македон кој му ја отстапува неговиот татко.Ематија се викала исто така и во времето на Херодот.Инаку Ематија е истата област Арголида,но и пред Македон синот на Дионис оваа област се викала Микена.Па така според Херодот Микена или од порано Арголида се навогала област во Паонија.Понатаму истата оваа област е поврзана со градовите древни Арг,подоцна Водена но и престолнината Пела или Бела.Овој доказ днес и те како е битен во решаванјето на спорот за името Македонија на ова здружение,но морам да напоменам дека институциите се уште молчат да се произнесат по овој доказ на Блек Поинт,но во прилог на Ематија,од пред неа Микена односно Арголида ни оди и камената клесана фигура на грифин (пола лав,пола орел)која е преставена како земја на грифините.На жалост и овој значаен артефакт кој е тежок околу 300кг е занемерен повторно од институциите во р.Македонија.Ова е еден мал дел во доказите за Паонија а со неа докажуваме и за Македонија.Каде е проблемот останува да почекаме,да увидиме да сознаиме зошто толку многу се молчи за овие докази на ова здружение.


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 15:59
A zoshto taa oblast se vikala Trakija ushte pred toj Makedon da stane niven kral i go proshiri kralstvoto Makedonija, znaesh li? збунетост
 
 


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:00
Да тракијците се посебна заедница од поколонието на Илириј,(Илја,Илија)но од секогаш биле поврзани со балканскиот народ,односно Македонскиот,Тројанскиот,Илирскиот (Ијадискиот)народ.Како што пишува Херодот Тракија била во состав на Троја,која по завршувањето на тројанската војна оваа територија е под раководство на кралот Дионис кој по вракањето од Медија ја доделува на неговиот син Македон заедно со Ематија (област во Паонија).Во погорните текстови можете да ги пронајдите сите синово на Илириј (Илја,Илија)кои имал девет сина и една керка,и бидејки по кралот цезарот територијата го добивала името не е сретнат син по име Трак на Илириј,односно Илја.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:04
Името Македонија и име од поново време во споредба со Микана (Ематија),Паонија,Дарданија,Перхебија,Трибалија,Јасонија,Тракија и др.Значи постоеле овие држави пред да го имаме добиено името Македонија,но се работи за приближно исти територии и ист народ кој пред Македонија го имал заедничкото име Троја,пред Троја Илјада или Илирија како што сегде денес ке ја пронајдите.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:06
Инаљку Илја или Илириј е крал на тогашната територија која денес ја знаиме како Балкан,брат на Келт и Галат, а син на првиот крал на Европа Полифем.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:08
Поаѓајки од овој податок може да се заклучи откога потекнува името на Македеонија и колку време го носи тоа име, како и дека пред тоа народот бил и останал со исконско потекло од родоначалникот Илириј(Илја,Илија).
Наведеното нека послужи како вовед во она што значи ориентација за времето во кои настаните подоцна добиваат свои димензии.                                                        
Херодот во својата Историја во прва книга насловена ,,Терписихора,, пишува:              
Персијците што биле оставени од Дареј во Европа, а на чие чело бил оставен Мегабиз, најпрвин ги потчиниле Периќан- ците на Хелеспонт. Со нив порано сурово постапиле Паонците што живеат на Стримон-Струма. Откако Периќанците победиле во два двобоја: маж со маж, коњ со коњ и куче со куче радосно запеале пајан. Паонците помислиле дека пеењето пајан е знак за пророштво, ги нападнале Периќаните и извојувале победа.                                                 
Авторот на Историјата за која станува збор во делото наведува дека конечно Паонците, односно племињата паонски што живееле околу езерото Прасијада, Сиропаонци, Пајоплите и др. биле протерани од своите живеалишта додека тие што живееле околу планината Паонгај, Доберите, Агријаните, Одоманите, како и тие што живееле на самото езеро, не биле покорени.                                                                                                                   
Кога сме кај планината Паонгај да спомениме дека градот Амфипол опфаќал еден огранок од оваа планина, сместен на 4км. од Белото Море, кој се префрла на на десниот брег на реката Стримон-Струма. Сместен на Виа Игнација, главен пат за комуникација меѓу Рим и Истокот. Овој град господарел над единствениот лесен премин за да се продре од бреговите на заливот Контеса во низината Македонија. Стримин-Струма прави еден полукруг околу него и го заштитува на тој начин од север, запад и од југ. На исток градот се поврзува со планината. Понатаму Херодот раскажува: ,,Откако ги покорил Мегабиз Паонците-Пеонците испраќа пратеници во Македонија кај кралот Аминта да бараат земја и вода за кралот Дареј. Од езерото Прасијада има еден сосема краток пат за Македонија .Прво нешто што е до езерото е рудникот од кој подоцна Александар први Филхеленот секојдневно му доаѓало по еден талант сребро. По рудникот зачекоруваме на планината што се вика Дисарон и веќе сме во Македонија,,
.                                                                                                                                  Се обидовме преку овие извадоци-цитати од делата на Аријан, Јустин или Помпеј Трог, Квин к*ртиј Руф, Херодот да ја прикажеме состојбата на Балканот врзана со настаните што се случувале непосредно пред и за време на почетокот на создавање на македонската империја.
Постојат и други авттори како што се Плутарх, Тукидит, Страбон, Псевдо, Калистен од античкиот свет, кои главно пишуваат за идентични состојби. Нивниот пример е следен и од поновите автори на античката историја, бидејќи тие им се извори, но со присуство на субјективизам и невистини што најверојатно доаѓаат од политички причини. Не е напразно ако се обидеме некои работи што се изнесени во овој матерјал ги дообјасниме, и бидеме поблиску до читателите.
Херакле, античкиот јунак од Арголида – синот на Амфитрион и Алкамена е историска личност која завзема видно место во престројувањата меѓу народите пред и по Тројанскатса Војна. Ние немаме намера да се занимаваме со неговите патешествија, но преку нив доаѓаме до сознанија интересни за нашето писание.
Чичкото на Херакле, Евристие бил крал на тогашната држава Арголида. Самиот Херакле се стекнувал со голема храброст од која дури и Евристие се плашел и сакал внукот да му биде што подалеку од неговото кралство, и од тие причини му давал задача како војсководец да војува надвор од Арголида за да не изврши удар во кралството.
Од тие причини јунакот Херакле ги направил подвизите во тогаш познатиоѕ свет.


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:09
Znachi sepak I TIE se potomci na ISTIOT narod, koj podocna se dvoel i formiral posebni zaednici.  Taka da bilo kakva vrska i da se najde....nema da bide nitu malku greshka ako se napravi nekoja sporedba. Znachi tie sepak NE SE POSEBEN NAROD...tuku se potomci na istiot narod shto i Makedoncite. намигнување  Pa odtamu i slichnostite vo jazikot na celiot Balkan a i poshiroko a i genetskata struktura  na SITE BALKANSKI NARODI e mnogu slichna edna so druga...samo mali nijansi na razliki postojat. намигнување
 
Tuku, ne mi e jasno ZOHSTO na stranata od vashata zaednica shto ni ja prati stoi MASONSKIOT ZNAK? збунетост
http://www.peonija.org/ - http://www.peonija.org/
 
 
 
 


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:13
Од горниот пост можеме да дојдеме до заклучок за областа Арголида која е поврзана со Херакле и кој според легендите овде ги уништил кентаурите.Заклучок дека со Ематија областа која го добива името Македонија подоцна со првиот родоначалник Македон е поврзана и со Херакле па од тука кралевите македонски се сматрала за поколение на Херакле,Аргеменон и др.од Троја,и ке бидат препознатливи по лавјата кожа кој ја носат на главата.Ке бидат забележани подоцна Пердика први,Архелај,Филип втори,Александар трети и др.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:15
Ако тврди Херодот дека од него до Дионис имало разлика во време од илјада и шестотини години, тоа се заедно со тие читиристотини години пред појавата на Херодот два миле- иума. Ако е точно, а треба да веруваме дека е така, должината на владеењето на тогашните кралеви е седумдесет години, тоа значи дека треба да се додадат годините на Дионис, околу дваесет, на Самела, неговата мајка, како и годините на Кадмо, од тоа произлегува дека се работи за околу четири илјади и двесте години на држави како што се: Автарија, Дарданија, Македонија, Перхебија, Паонијa, Тавлантија, Кадмеја, Тракија ,чии родоначалници произлегува дека се нивните први кралеви, синови на Илириј.
Додека кралот Дионис во историјата на тогашниот свет се појавува во разни имиња како што се: Рамзес први, Рамзес втори, Озирис ,Амон Ра, Ороталт, Рампсинит, Загреј, Апид, Серапис, Бекхос, Усире и др.
Овој крал – бог Дионис познат како најголем освојувач во тогашно и сегашно време кој во својот долг живот, изродил со своите вонбрачни жени, љубовници многу машки потомци меѓу кои и самиот Македон. Македон го имал со својата немажена свеска.
Постојат и други предпоставки дека родоначалникот на македонците потекнува од други родители, но спрема: Домазетовиќ ,,Античка Македонија,,            
Како најприфатлива предпоставка која се совпаѓа со времето кога и јасите се преименуваат во македонци како што и бил обичај во тогашно време се ставаат имиња на држави и народи спрема името на кралот во случај со Македон крал на трачаните и македонците.
Понатаму Македон има два сина Пиер и Емат по чие име биле именувани териториите со кои владееле.
Авторите на тврдењата дека Македон е основоположник на името на Македонија делимично се разидуваат во времето на појавувањето на Македон, но како и да е, се птретпоста- авува дека времето може да се лоцира помеѓу 1 500 год.п.н.е Што значи дека оваа територија на денечна Македонија, денешна Грција и Тракија некогаш имале заедничко име Македонија.
Историјата како наука не може точно да даде одговор кога и каде се одиграла Тројанската Војна, со што многу се отежну- ваат работите околу утврување на последователните настани од тој временски период, што навистина само по себе претставува чудо. Некои научни работници од таа свера тврдат и застапуваат едно мислење, а на спроти нив други го тврадат спротивното, односно целосно го негираат претходното тврдење, од што произлегуваат несигурности кај обичните читатели на историјата од тој период.
Кнкретно нам ни се наметнува да бираме меѓу сите научно историски тврдења дека највистини се оние кои нудат логичност помеѓу нештата како на пр: дека Јонското Море е меѓу Грција, Албанија и Италија, а не покрај бреговите на Мала Азија, каде што некои историчари ја лоцираат Јонија како држава, или пак таа е настанала по одвивањето на граѓанска војна како еден вид светска војна.
Од постојаната историска литература до колку истата внимателно и објективно се прочита и протолкува ќе се заклучи дека кралот Дионис со своите дејствија на воен и економски план, како да бил предвесник за случувањата врзани пред и после Тројанската Војна.
Споменатата војна спрема мислењето на некои историски истражувачи навистина била светска војна со оглед дека во тоа време го зафатила познатиот свет исфрлајќи протагонисти од типот на Херакле, Пријам, Хелен и др.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:16
Македонија во тоа бурно време како и останатите држави ја зафатила борбата за опстојување што е многу тешко да се опише во еден ваков временски и просторен теснец.
Ќе напомениме дека таа не можела да ги одбегне настаните на процесите кои траеле повеќе десетици години и каде доаѓало до менување на кралеви и територии како на филмска лента.
Било како било историјата како наука ќе истражува и ќе докажува некои тврдења ќе ги потврдува, а некои ќе ги негира и така во недоглед, но сепак евидентно е дека Македонија е држава која менувала кралеви, кои и го менувале името раководени од нивното име, но народот кој живеел во неа од некои па до сега останува со исти или слични традиции, особености и посебности во однос со сите од подалечното соседство.
Ќе ни треба многу време и простор да ја презентираме историјата на Македонија и нејзините соседи во времето од Тројанската Војна па до појавата на македонските кралеви од династијата Темениди почнувајќи од Пердика први но затоа пак ќе се потрудиме да напоменеме за периодот во кој се појавува кралот Хелен, син на Пријам кралот на Троја.
Хелен како уважен и голем антички пророк имал бурен патешествен живот кој го довел во ситуација да стане крал на Хелада, денешна Грција, но територијата и народот кој живеел во неа не биле така именувани од самиот Хелен како што досега било обичај, туку од неговиот наследник – синот Кестрин кој по смрта на неговиот татко земјата ја нарекол Хелада, а нородот хелени. Кои се територии од тогашниот свет влегувале во кралството на Хелен и во кои држави сега се наоѓаат е тема за друго списание, но за нас е важно дека хеленизамот се појавува на историската сцена многу подоцна од колку македонизамот кој те се појавува, те се губи како некоја река подморница се до доаѓањето на власт на новата династија на кралеви Аргеади – Темениди од како што рековме Пердика први.       
Секоја од овие држави има своја историја, време низ кое нејзините народи минеле, проткаено со добро или лошо, со војни и мир и со градење на своја култура, која пак сведочи за нивната самобитност.                                                             
Од изнесеново преку извадоците од споменатите автори јасно се гледа каква била геополитичката состојба на Балканот, кои народи биле присутни и со кои народи се судрил таткото на тогаш современата Македонија, кралот Филип втори Македонски.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:16
Секоја од овие држави има своја историја, време низ кое нејзините народи минеле, проткаено со добро или лошо, со војни и мир и со градење на своја култура, која пак сведочи за нивната самобитност.                                                             
Од изнесеново преку извадоците од споменатите автори јасно се гледа каква била геополитичката состојба на Балканот, кои народи биле присутни и со кои народи се судрил таткото на тогаш современата Македонија, кралот Филип втори Македонски.
Од ова читателот може сам да ги извади заклучоците што му се потребни за да ја утврди вистината за генезата на тогашните жители на балканските држави и на крај да се убеди дека на тие територии живееле народи што потекнуваат од ист корен.
Преку изградената култура и нејзините сведочења можеме да ја следиме и судбината на државата. Тоа ќе ни одземе многу време и простор во овој случај но во ова сегашно време, со обѕир на повампирените националисти на Балканот, потребно е да им се каже на таквите дека се на крив пат.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:17
Времето течело за соменатите народи, но течело и за останатите за нивните соседи, па ние во понатамошното наше излагање ќе се обидеме преку историјата на Македонија да ги следиме и фактички состојби на останатите народи на Балканот. Споменавме дека . Основа на ова истажување би требало да биде изворот Пела.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:19
Рековме и дека од самото конституирање на државата Европа во денешниот континент главно на три дела, три родоначелства Гали, Келти и Илири.
Родоначалството на Илириј видовме дека се додржало до Тројанската војна и од самиот почеток на создавањето на македонската империја. Речиси иста таква геополитичка состојба е затекната при навлегувањето на Римјаните.           
Дали денес ние македонците како една од најстрите цивилизации дојдовме до ситуација да граѓанините на Македонија, и нејзините животи владее историска борба за опстанок на фамилијата, градовите, селата.
Во ваква ситуација на ,,беда,, која неслучајно на македо- нскиот народ е наметната со кој се ограничува и често онемогучува македонецот да ја шири македонската култура во јавноста, а воедно да даде голема подршка на културните делатности, во случајот со нас, каде и весниците, медиумите, новинарите се контролирани.
Зошто!                                 
Дали само затоа што треба македонецот да ја докаже вистината за постоењето на Македонија ,а со неа и нашето постоење, нашата историја, нашиот културен апарат.
Кој се плаши од нашата вистина!                          
Дали денес со докажување на нашата вистина галеничето на Е.У. Грција ке остане без своја култура, историја, културен апарат, бидејки денешна Грција е земја која вештачки е створена, со украдена историја од македонскиот народ.                                                                             
Зарем нашиот живот денес треба да ни помине некој друг да ни се меша во се.
Потребна ли ние на нас македонците и денес миграција!                                          
Дали миграцијата не го спасила македонецот од изумирање многу пати во историјата.
Кога римјаните ги освоиле овие простори, најголемиот дел од македонската популација бива протерана.
Големо патишествие било тоа.                                                                                                  
Рим кој бил во својот нагорен подем за време на кралувањето на кралот Филип пети во Македонија се замешал во работата т.н. Виграл - илирска држава на Балканот каде владеела кралицата Теутта.
Теутината држава Илирија се простирала на териториите кои денес се воглавно во Албанија и зафаќале дел од тетовската околија.
Таа како кралица - владетел на тоа кралство на своите поданици им дозволила да крстосуваат по Јадранското Море но, и да ги напаѓаат, вознимеруваат и пљачкаат соседните држави Дарданија, Епир, Елда, Месанија и.т.н. Таквиот однос на Теута не можеле да го поднесат околните држави, а посебно островите на Јадранот и по еден нејзин напад на островот Иса – Вис граѓаните побарале помош од Рим, по што римјаните полека но сигурно и постепено за неколку десетина години си ги остваруваат своите интереси на Балканот.
За време на владение на Рим со народот македонски е доста пишувано и од нашите автори, но и од римски автори и речиси е позната нивната цел за секого, како и нивните методи за постигнување на таа цел, која македонецот ја насетува преку влијанието што го наметнува нашиот јужниот сосед и обединета Европа.
Ако ја погледнеме денес ѓеополитичката карта на Балканот, многу нешта ќе ни бидат јасни зошто така постапувал Рим,а денес Е.У.                                                             
Се наметнува прашањето дали се навистина овие народи што го населуваат Балканот дојденци од Карпатите под името Славјани-Словени, или пак тоа е постепено вградувано во свеста на нашиот човек додека се уште бил под власт на источното-римско царство, односно Византија порано, а и континуирано до денешни дни од грчките власти и нивните ментори.                                                        


Постирано од: Popi
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:21
Vesnap....ne mi odgovori na prashanjeto!? збунетост
 
Znachi sepak I TIE se potomci na ISTIOT narod, koj podocna se dvoel i formiral posebni zaednici.  Taka da bilo kakva vrska i da se najde....nema da bide nitu malku greshka ako se napravi nekoja sporedba. Znachi tie sepak NE SE POSEBEN NAROD...tuku se potomci na istiot narod shto i Makedoncite. намигнување  Pa odtamu i slichnostite vo jazikot na celiot Balkan a i poshiroko a i genetskata struktura  na SITE BALKANSKI NARODI e mnogu slichna edna so druga...samo mali nijansi na razliki postojat. намигнување
 
Tuku, ne mi e jasno ZOSHTO na stranata od vashata zaednica shto ni ja prati stoi MASONSKIOT ZNAK? збунетост
http://www.peonija.org/ - http://www.peonija.org/
 
 
 
 


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 16:24
Теутината држава Илирија се простирала на териториите кои денес се воглавно во Албанија и зафаќале дел од тетовската околија.


Доказ од кога настанува фалсификатот за Илирија и Илирите,кој им помага на оние кои денес се сматраат за илири.Инаку епитетот е токму присвоен од Илја или Илија и царството Троја,кој некој денес си го присвојува за свој и нашата древна историја ПРЕД ИМЕТО МАКЕДОНИЈА СИ ЈА ПРЕПИШУВА ЗА СЕБЕ.НО ЗА ОВА ПРОБЛЕ3МАТИКА БИ САКАЛ ДА ОТВОРИМЕ НОВА ТЕМА КОЈА Е ПОВРЗАНА СО АЛБАНСКИОТ НАРОД ДАЛИ СЕ ТИЕ ПОТОМЦИ НА ИЛЈА ИЛИ ИЛИРИЈ КАКО ТИЕ ШТО ГО НАРЕКУВААТ.


Постирано од: vesnap
Датум на внесување: 08.Јуни.2009 во 18:46
Piramidata so oko e atribut na kralot Dionis,koj pred Aleksandar Makedonski ja ima priblizno istata teritorija i ke bide zabelezan kako covek koi narodite gi osloboduval od tiranijata na vlastodrscite za vreme na negoviot zivot.Znaci se raboti za makedonsko obelezje,za masonite tacno,sepak nie si go pocituvame naseto.


Постирано од: dj_didi
Датум на внесување: 01.Декември.2016 во 13:41
ne vi funkcionira web stranata  http://www.peonija.org/" rel="nofollow - http://www.peonija.org



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk