IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Птици во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Птици во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
bond....james b Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bond....james b Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Птици во Македонија
    Испратена: 21.Февруари.2009 во 23:34
slavej e sosema drug vid na  ptica! sum primetil i na drugi mesta,

koj uste videl slavuj vo kafez?






Изменето од mamamd - 22.Февруари.2009 во 07:22
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 07:18
Дилемата славеј ли е билбилј ли во Македонски литературен јазик ми даде идеја да ги ставиме тука текстови и слики за да се запознаеме со птиците во Македонија а и да немаме дилеми во препознавањето голема%20насмевка

Белоглавиот орел

Белоглавиот мршојадец, попознат како белоглав орел  е еден од загрозените животински видови во Македонија.Во Македонија, од четирите вида мршојадци кои некогаш се гнезделе, брадестиот и црниот мршојадец се веќе исчезнати, а другите два - белоглавиот орел и египетскиот мршојадец се пред истребување. 







Паганини од гранките


Дваесет грама пердуви, а толку силен глас - од каде ли доаѓаат оние децибели? Со малку внимание и без нагли движења, во некое од овие мајски утра, може да се забележи малата птица, кантавторот на мелодиите што се пријатни за нашето уво. Без оглед на карактерот, некој ќе застане и ќе рече: "Слушај!" Дури и неколкумина познајници, кои си имаат обичај вечерната доза пиво или ракија да ја пијат покрај река, покажуваат извесен музички рафинман: најголемо уживање е, велат, шишето да се празни додека се слуша како пеат птиците.



 



Изменето од mamamd - 22.Февруари.2009 во 07:36
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 10:01
Mnogu vi blagodaram za ubavata tema - ve molam, dokolku ste vo moznost prodolzete so istata!

Изменето од Majkl - 22.Февруари.2009 во 10:02
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 20:19
Еве  што убаво напишале на ...www. Ловство... , само треба да прочитама
Еребица камењарка PDF Печати Е-пошта


 

 

Царство:
Animalia 
Тип:Chordata 
Класа: 
Aves 
Ред:     
Galliformes 
Фамилија: Phasianidae 
Род: 
Alectoris 
Вид:    
Alectoris graeca Meisner, 1804 

        
               

Еребицата камењарка е жител на Евроазија. Таа ги населува претежно подрачјата што се под влијание на медитеранската клима. Во Европа се среќаваат два вида камењарки и тоа: обичната еребица камењарка (Alectoris graeca (Meisner, 1804). и црвената еребица камењарка Alectoris rufa (Linnaeus, 1758).

Во нашата држава е распространета обичната камењарка. Нејзиниот ареал истотака се протега и во Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Албанија, како и во делови на Грција и во Бугарија.

Овој вид на птици живее во мали јата и не припаѓа на групата на птици селици. Воглавном е присутна во карпестите предели со малку вегетација.

Еребицата камењарка во средбата со сите други диви кокошки што живеат во нашата земја е најубава. Горниот дел на телото, заедно со главата по боја и се пепелави. Под клунот и на предниот дел од вратот пердувите и се бели и обрабени со црна пруга, која се протега преку очите се до коренот на клунот. Стомакот и е жолтеникав, a од страните се ишарани со темно-кафеави попречни дамки. Клунот, нозете и венецот околу очите и се црвено-корално обоени.

По надварешните белези, мажјакот се разликува од женката само по мамузата што ја има на задната страна од писката.

 

Голема е околу 36 см, а распонот на крилата и достигнува до 60 см. Во тежина, мажјакот може да израсне од 570 до 650 грама, а поретко и преку 800 грама. Женките се полесни од мажјаците за околу 100 грама.

Таа е голем избирач на храна. Се храни со надземните сочни делови на тревите, пупки, семиња, капини, разни видови на инсекти, полжави и сл.. За опстанок на младите еребичиња неопходно е да има и доволно количество на инсекти, бидејќи во првите денови од животот речиси исклучително се хранат со храна од животинско потекло.

Еребицата камењарка е моногамен вид. Кон крајот на февруари и во почетокот на март се двои во парови. Таа прави едноставни гнезда на земјата, во кои женката снесува од 8-14 бели јајца ишарани со црвенкасти пеги. Периодот на лежење на јајцата трае 24-26 денови. За цело време, додека женката лежи на јајцата, мажјакот се наоѓа во непосредна близина и во случај на опасност го одвлекува вниманието на непријателот.

За младите еребичиња се грижат и двата родители. Тие живеат во јато се до идната пролет кога се издвојуваат во парови. 

Еребиците камењарки можат да живеат и до 8 години, но имаат голем број на природни непријатели: лисици, куни, творови, мачки, разни птици грабливци и др. Нејзините јајца истотака страдаат и од овчарите кои при напасувањето на стадата ги пронаоѓаат нејзините гнезда. За време на долги и снежни зими, голем број од еребицата камењарка умираат поради недостиг на храна.


Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 20:25
Некои дополнувања кои се прилично интересни...
Белоглав мршојадец (Gyps fulvus)

Најмногу го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка. Мариово е еден од пределите каде што белоглавиот орел живее непопречуван од ударот на цивилизацијата. Најчесто одбира карпести предели со пештери за гнездење, какви што има во изобилство на кањоните на Градешка, Бела и Црна Река. Тој има посебен начин на исхрана, јаде само мрши. Бидејќи не мора да ловат, немаат снажни канџи како преостанатите грабливци, но затоа имаат широки големи крилја кои им овозможуваат да прелетаат огромни простори користејќи ги воздушните термали и ветерот. Од четирите видови мршојадци кои некогаш се гнезделе во Македонија, брадестиот и црниот мршојадец веќе се исчезнати, а преостанатите два, белоглавиот и египетскиот, се пред истребување. 



Демиркаписката клисура е еден од најбогатите орнитолошки резервати во Европа според застапеноста на ретки птици, каде што можат да се сретнат бел и египетски мршојадец, златен орел, орел-змијар, лисест глувчар, најразлични соколи, како и други ретки видови птици. 

Белоглавиот орел е трајно заштитен со закон. Во Македонија веќе се реализираат проекти за заштита на мршојадците финансирани од Франкфуртското зоолошко друштво и Фондацијата за заштита на црниот мршојадец. Во клисурата на Градешка Река, Мариовско пронајдени се 16 мртви примероци на строго заштитениот белоглав орел. Според непотврдени информации, птиците јаделе затруени мрши кои овчарите ги поставувале за труење на волците. Ова е голема природна катастрофа. Според прстените на нозете и маркерите на крилјата, тоа се птици што доаѓаат и на хранилиштето во Витачево, на терен биле пронајдени и мрши од животни кои најверојатно се хранеле со затруените птици.

Повеќе за тоа на:
http://www.mes.org.mk/Proekti/mrsojadci.htm





Изменето од mamamd - 22.Февруари.2009 во 20:26
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 20:27
 И овој убавец го има кај нас...

Царски орел во Сопот


Повеќепати досега бил пуштан на слобода, но по неколку крукчиња во воздухот, повторно се враќал кај луѓето што се грижат за него веќе шест години

Царскиот орел, светски ретка грабливка, шест години живее во дворот на семејството Филипови во кавадарското село Сопот. Орелот од бебе живее во волиера од околу 16 квадратни метри, а името Роналдо го добил според бразилската фудбалска ѕвезда. Неколкупати досега бил пуштан на слобода, но по неколку крукчиња наоколу, повторно се враќал во дворот. Грабливецот иако по природа е убиец, станал миленик и атракција за посетителите. Филипови велат дека го чуваат од љубов и не би го продале за никакво богатство, иако имале понуди за трговија. Зоолошката градина од Битола се обидела да го купи Роналдо, но понудата им била одбиена.

Претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање исто така безуспешно се обиделе ретката птица да ја однесат во Зоолошката градина во Скопје. Но, како што тврдат сопствениците на птицата, на крајот сите сфатиле дека нејзиниот дом е во Сопот. Стручни лица постојано го надгледувале орелот, кој во дворот на Филипови стигнал по една палава детска игра.

Пред шест години, кога Роналдо немал се' уште доволно пердуви, деца го зеле од гнездото, кое го пронашле во близина на селото. Тие не можеле да претпостават дека со тоа ја осудуваат птицата да биде отргната од дивиот свет и законите што владеат во природата. Многу од животните и птиците во дивината не ги сакаат своите малечки ако на нив осетат траги од човек. За жал, токму тоа се случило со малиот грабливец. Се обиделе да го вратат во гнездото, но тоа веќе било пусто. Царските орли засекогаш го напуштиле гнездото и оттогаш им се губи трагата. Не знаејќи што да прават со малата птица, децата ја донесле кај Ангел Филипов, кој е ловец и љубител на животните и на птиците. Роналдо немал среќа родителите да го научат да лета и да се брани од непријателите во природата. Сега се шета во дворот во Сопот, може да лета само стотина метри и повторно се враќа.
- Припитомен е, но нема кондиција за летање и да се одржува во висина. Не знае да лови и да се брани од природните непријатели. Дури и да го пуштиме сам во дивината, нема да може да опстане и многу лесно ќе стане плен на предаторите - објаснува Филипов.
Според него, стручни лица може да го обучат сам да се снаоѓа во природата и во тој случај би го пуштил во дивината.
- Најстрашно за животните и за птиците што човекот се обидел да ги припитоми е кога ќе му помине меракот и ги пушта во природата. Тоа за нив е еднакво на убиство - вели Филипов.

Царскиот орел, според стручњаците, е педесет проценти ловец, а педесет проценти мршојадец. Секоја грабливка е убиец освен мршојадците, кои немаат органи за убивање.
- Овој орел може да убие срна, лисица, јагне, јаре, зајак и птици. Опасен е. Ако те зграпчи со развиените канџи, кои се долги и српести, со многу јаки жили и мускули, не можеш да се ослободиш - објаснува тој.
Филипов открива дека Роналдо си го знае името и е мирен се' додека другите се фини со него. Веднаш напаѓал со канџите ако некој се обидел да му се приближи на негова територија.
- Испушта специфични крикови кога го менува расположението. Ние ги научивме тие крикови. Со нив ни кажува дали некој е пријател или непријател. Нас не не' напаѓа кога влегуваме во волиерата. Со текот на годините, станавме пријатели. Ни го познава гласот, а најмногу ги сака моите две малолетни деца, но и другите деца - раскажува Филипов, додека слободно му го подава прстот во клунот.
Стручњаците велат дека грабливките во зоолошките градини, каде што има доволно храна, живеат до 70 години, а во дивината околу 50. Децата од Сопот се надеваат дека Роналдо ќе живее долго и дека ќе им прости што го зеле од гнездото и го оттргнале од неговото царство во дивиот свет. Македонија, заедно со Бугарија, Србија и со Грција, беше една од земјите во кои неодамна се спроведе меѓународен проект за заштита на царскиот орел.


Царските орли, како и лавовите, се симболи во повеќе кралства. Тие имаат распон на крилјата и до три метри. Можат да достигнат тежина најмногу до четири килограми. За орелот во Сопот не може да се каже дали е мажјак или женка. Велат дека овие птици се исти и се разликуваат само ако се една до друга. Тогаш, поголемата птица е женката. Тоа значи дека само кога се во двојка, може да се знае која е женка. Кај овие птици полот не се разликува по надворешниот изглед, велат стручњаците.

http://www.mes.org.mk/Proekti/Vulture/mrsojadci.htm


Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 20:29
 А овие ноќни убавциголема%20насмевка...

Лилјаци- Chiroptera

Во енциклопедиите е запишано дека лилјаците се безопасни суштества, дека се хранат со инсекти и не ги напаѓаат луѓето. Оние што ги проучуваат тврдат дека лилјаците се плашат од луѓето барем исто толку колку и тие од нив. Препорачуваат да се запали светло и да се отворат прозорците за да се вратат повторно во темнината.


Лилјаците не смеат да се уништуваат. Нашето Собрание има донесено и законска регулатива за тоа, Македонија е потписничка на Лондонскиот договор за заштита на овие животни. Во Европа има 30 вида лилјаци, а кај нас во Македонија 24 вида. Сите тие припаѓаат на групата микрохиропатера, мали лилјаци кои се хранат со ситни инсекти. Од македонските, дури шест вида се вклучени во заштитата на глобално загрозени животни. Тоа се животинки кои живеат во темни места, пештери, шуми, а сега, со деградирањето на шумите, бараат алтернативно решение и се вселуваат на темните тавани и во урбаните средини.

Стручњаците што ги проучуваат овие цицачи велат дека не се опасни за луѓето. Лилјаците се хранат само со инсекти и се сметаат за многу корисни членови на екосистемот. Поради својството на „природен инсектицид“ во борбата против штетните инсекти, лилјаците во светски рамки се заштитени животни. Со Бернската конвенција од 1998 година, чиј потписник е и Македонија, заштитени се и кај нас.

Нивната активност во урбани средини е сосема нормална, зашто покрај во пештери и во шупливи дрвја, лилјаците живеат и на тавани, напуштени потпокриви и ролетни. Последниве децении нивниот број во светот драматично опаѓа, најмногу поради загрозувањето на природните живеалишта. Со се' поголемата експанзија на градежништвото во урбаните средини, лилјаците ги губат изворите на храна и местата за криење.

Лилјаците се единствените цицачи што имаат способност да летаат. Најчесто ловат ноќе, користејќи го одекнувањето на звукот. Низ носот и устата произведуваат пискав звук со висок тон, кој се одбива од предметите и ги ориентира во просторот. За да се заштити популацијата на лилјаци во Македонија и во Европа приоритет треба да биде проширувањето на шумите долж реките, враќањето на природниот воден режим, подобрувањето на подрачјата за исхрана преку развој на шуми богати со автохтони видови дрвја.

Листа на видиви во Македонија.

1. Rhinolophus hipposideros 2. Rhinolophus ferrumequinum 3. Rhinolophus euryale 4. Rhinolophus blasii 5. Rhinolophus mehelyi 6. Myotis mystacinus 7. Myotis myotis 8. Myotis daubentonii 9. Myotis blythi 10. Myotis emarginatus 11. Myotis capaccinii 12. Myotis nattereri 13. Nyctalus noctula 14. Nyctalus leisleri 15. Eptesicus serotinus 16. Vespertilio murinus 17. Pipistrellus pipistrellus 18. Pipistrellus nathusii 19. Pipistrellus kuhlii 20. Hypsugo savii 21. Plecotus austriacus 22. Barbastella barbastellus 23. Miniopterus schreibersi 24. Tadarida teniotis

Локалитети каде ги има.

Бадер, Пчиња, Крајници, Велес, Ајватовско Езеро, Ајватовци, Извор, близу Велес, Побожје, Скопска Црна Гора, Конопиште близу Кавадарци, Бањане, 8 км од Скопје, Асан Чешма, на Кожуф, Рашче, 10 Км од Скопје, Нов Дојран, Дојран, Раброво близу Валандово, Нерези до Скопје, Анска Река, 2,5 км  до Валандово, пештерите во Матка,  близу Скопје,  Резвик близу Банско, Струмица, Волковија, на Бистра, Убавица - пештера до Госивар, Слатина - пештера до Македонски Брод, Трифуново Брдо на Пепелистер, Белица - пештаера кај Македонски Брод, пештерите до Штип, Кочани, Јаворец - пештера  близу Велмеј, Бела Вода - пештара, близу Демир Капија, Мечкина Дупка - пештера близу Охрид, Дреновска Клисура - кањон , Дреново, Трпејца близу Охрид, Драчево, близу Скопје, Лескоец, Отешево - Преспа, Водно - Скопје, к*рбиново, Асамати - Преспа, Гази Баба, ПМФ, Скопје, Голем Град (остров), - Преспа, ОХИС, Скопје, Пештерица (пештера), Ореовец - Прилеп, Тунел, Дрење близу Крива Паланка, Петрани близу Велес, Љуботен, Шар Планина, Макаровец, близу Велес, Гипсана Пештера (пештера) близу Маврово.
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2009 во 21:23
Eve ja i ovaa ubavica, ama vo vistinskata smisla na zborot. Ukrasot na ohridskoto ezero. Fascinira so svojot izgled i so pesnata se razbira, steta sto taa go oznacuva nivniot kraj.







Изменето од bluebell - 22.Февруари.2009 во 21:27
always look on the bright side of the life!
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 20:35


Паун
Најгорделивата птица
што се перчи пред женскиот паун
само за да и се доближи
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 22:54


Ova e fazan
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2009 во 22:59


Kukavica
Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 14:43
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

 А овие ноќни убавциголема%20насмевка...<p align="justify"><span ="WB_KRALEMARKO_Naslov" id="ArticleTitle">Лилјаци- Chiroptera</span>Во
енциклопедиите е запишано дека лилјаците се безопасни суштества, дека
се хранат со инсекти и не ги напаѓаат луѓето. Оние што ги проучуваат
тврдат дека лилјаците се плашат од луѓето барем исто толку колку и тие
од нив. Препорачуваат да се запали светло и да се отворат прозорците за
да се вратат повторно во темнината.


<p align="justify"><span ="WB_KRALEMARKO_Podnaslov" id="ArticleSummary">Лилјаците
не смеат да се уништуваат. Нашето Собрание има донесено и законска
регулатива за тоа, Македонија е потписничка на Лондонскиот договор за
заштита на овие животни. Во Европа има 30 вида лилјаци, а кај нас во
Македонија 24 вида. Сите тие припаѓаат на групата микрохиропатера, мали
лилјаци кои се хранат со ситни инсекти. Од македонските, дури шест вида
се вклучени во заштитата на глобално загрозени животни. Тоа се
животинки кои живеат во темни места, пештери, шуми, а сега, со
деградирањето на шумите, бараат алтернативно решение и се вселуваат на
темните тавани и во урбаните средини. </span>Стручњаците
што ги проучуваат овие цицачи велат дека не се опасни за луѓето.
Лилјаците се хранат само со инсекти и се сметаат за многу корисни
членови на екосистемот. Поради својството на „природен инсектицид“ во
борбата против штетните инсекти, лилјаците во светски рамки се
заштитени животни. Со Бернската конвенција од 1998 година, чиј
потписник е и Македонија, заштитени се и кај нас.Нивната
активност во урбани средини е сосема нормална, зашто покрај во пештери
и во шупливи дрвја, лилјаците живеат и на тавани, напуштени потпокриви
и ролетни. Последниве децении нивниот број во светот драматично опаѓа,
најмногу поради загрозувањето на природните живеалишта. Со се'
поголемата експанзија на градежништвото во урбаните средини, лилјаците
ги губат изворите на храна и местата за криење.Лилјаците
се единствените цицачи што имаат способност да летаат. Најчесто ловат
ноќе, користејќи го одекнувањето на звукот. Низ носот и устата
произведуваат пискав звук со висок тон, кој се одбива од предметите и
ги ориентира во просторот. За да се заштити популацијата на лилјаци во
Македонија и во Европа приоритет треба да биде проширувањето на шумите
долж реките, враќањето на природниот воден режим, подобрувањето на
подрачјата за исхрана преку развој на шуми богати со автохтони видови
дрвја.Листа на видиви во Македонија.


<p ="Msonormal" style="margin: 0cm 0cm 0pt;" align="justify"><font face="Times New Roman"><span ="WB_KRALEMARKO_Normal" id="ArticleText">1.
Rhinolophus hipposideros 2. Rhinolophus ferrumequinum 3. Rhinolophus
euryale 4. Rhinolophus blasii 5. Rhinolophus mehelyi 6. Myotis
mystacinus 7. Myotis myotis 8. Myotis daubentonii 9. Myotis blythi 10.
Myotis emarginatus 11. Myotis capaccinii 12. Myotis nattereri 13.
Nyctalus noctula 14. Nyctalus leisleri 15. Eptesicus serotinus 16.
Vespertilio murinus 17. Pipistrellus pipistrellus 18. Pipistrellus
nathusii 19. Pipistrellus kuhlii 20. Hypsugo savii 21. Plecotus
austriacus 22. Barbastella barbastellus 23. Miniopterus schreibersi 24.
Tadarida teniotis</span>


Локалитети каде ги има.


Бадер, Пчиња, Крајници, Велес, Ајватовско Езеро, Ајватовци, Извор, близу Велес, Побожје, Скопска Црна Гора, Конопиште близу Кавадарци, Бањане, 8 км од Скопје, Асан Чешма, на Кожуф, Рашче, 10 Км од Скопје, Нов Дојран, Дојран, Раброво близу Валандово, Нерези до Скопје, Анска Река, 2,5 км  до Валандово, пештерите во Матка,  близу Скопје,  Резвик близу Банско, Струмица, Волковија, на Бистра, Убавица - пештера до Госивар, Слатина - пештера до Македонски Брод, Трифуново Брдо на Пепелистер, Белица - пештаера кај Македонски Брод, пештерите до Штип, Кочани, Јаворец - пештера  близу Велмеј, Бела Вода - пештара, близу Демир Капија, Мечкина Дупка - пештера близу Охрид, Дреновска Клисура - кањон , Дреново, Трпејца близу Охрид, Драчево, близу Скопје, Лескоец, Отешево - Преспа, Водно - Скопје, к*рбиново, Асамати - Преспа, Гази Баба, ПМФ, Скопје, Голем Град (остров), - Преспа, ОХИС, Скопје, Пештерица (пештера), Ореовец - Прилеп, Тунел, Дрење близу Крива Паланка, Петрани близу Велес, Љуботен, Шар Планина, Макаровец, близу Велес, Гипсана Пештера (пештера) близу Маврово.
лиљациве се офф топик тука, ама нема сила што ке ги тргне.
каква врска имаат летечките цицачи со птици, освен што и тие летаат?
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 14:47
Е ако толку сметаат или ако некому  прави ќејф да ги нема ајде ќе ги тргниме деголема%20насмевка
Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2009 во 15:04
сите ставиле некои, за повекјето, ретки птици во земјава, а на никој , досега, не му текнало да го стави најраширеното( и низ цел свет!), неугледно птиченце- домашното врапче. А си лета тоа , на небото над сите континенти , освен , јасно антарктикот.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,105 секунди.