Птици во Македонија
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Општо
Име на форумот: Животински и растителен свет
Опис на форумот: Раси, одгледување, ветеринарска заштита...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=18029
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 14:41 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Птици во Македонија
Постирано од: bond....james b
Наслов: Птици во Македонија
Датум на внесување: 21.Февруари.2009 во 23:34
slavej e sosema drug vid na ptica! sum primetil i na drugi mesta,
koj uste videl slavuj vo kafez?
|
Коментари:
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Февруари.2009 во 07:18
Дилемата славеј ли е билбилј ли во Македонски литературен јазик ми даде идеја да ги ставиме тука текстови и слики за да се запознаеме со птиците во Македонија а и да немаме дилеми во препознавањето
Белоглавиот орел
Белоглавиот мршојадец, попознат како белоглав орел е еден од
загрозените животински видови во Македонија.Во Македонија, од четирите вида
мршојадци кои некогаш се гнезделе, брадестиот и црниот мршојадец се
веќе исчезнати, а другите два - белоглавиот орел и египетскиот
мршојадец се пред истребување.
Паганини од гранките
Дваесет грама пердуви, а толку силен глас - од каде ли доаѓаат оние
децибели? Со малку внимание и без нагли движења, во некое од овие мајски утра,
може да се забележи малата птица, кантавторот на мелодиите што се пријатни за
нашето уво. Без оглед на карактерот, некој ќе застане и ќе рече: "Слушај!" Дури
и неколкумина познајници, кои си имаат обичај вечерната доза пиво или ракија да
ја пијат покрај река, покажуваат извесен музички рафинман: најголемо уживање е,
велат, шишето да се празни додека се слуша како пеат птиците.
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 22.Февруари.2009 во 10:01
Mnogu vi blagodaram za ubavata tema - ve molam, dokolku ste vo moznost prodolzete so istata!
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Февруари.2009 во 20:19
Еве што убаво напишале на ...www. Ловство... , само треба да прочитама
Еребица камењарка |
http://www.lovstvo.com.mk/index.php?view=article&catid=36%3A2009-01-31-14-01-24&id=69%3A2009-02-11-20-52-04&format=pdf&option=com_content&Itemid=54"> |
http://www.lovstvo.com.mk/index.php?view=article&catid=36%3A2009-01-31-14-01-24&id=69%3A2009-02-11-20-52-04&tmpl=component&print=1&layout=default&page=&option=com_content&Itemid=54"> |
http://www.lovstvo.com.mk/index.php?option=com_mailto&tmpl=component&link=aHR0cDovL3d3dy5sb3ZzdHZvLmNvbS5tay9pbmRleC5waHA/b3B0aW9uPWNvbV9jb250ZW50JnZpZXc9YXJ0aWNsZSZpZD02OToyMDA5LTAyLTExLTIwLTUyLTA0JmNhdGlkPTM2OjIwMDktMDEtMzEtMTQtMDEtMjQmSXRlbWlkPTU0"> |
|
|
Царство:
| Animalia | | Тип: | Chordata | | Класа:
| Aves | | Ред:
| Galliformes | | Фамилија: | Phasianidae | | Род:
| Alectoris | | Вид:
| Alectoris graeca Meisner, 1804 | | Еребицата
камењарка е жител на Евроазија. Таа ги населува претежно подрачјата што
се под влијание на медитеранската клима. Во Европа се среќаваат два
вида камењарки и тоа: обичната еребица камењарка (Alectoris graeca (Meisner, 1804). и црвената еребица камењарка Alectoris rufa (Linnaeus, 1758).
Во
нашата држава е распространета обичната камењарка. Нејзиниот ареал
истотака се протега и во Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Албанија,
како и во делови на Грција и во Бугарија. Овој
вид на птици живее во мали јата и не припаѓа на групата на птици
селици. Воглавном е присутна во карпестите предели со малку вегетација. Еребицата
камењарка во средбата со сите други диви кокошки што живеат во нашата
земја е најубава. Горниот дел на телото, заедно со главата по боја и се
пепелави. Под клунот и на предниот дел од вратот пердувите и се бели и
обрабени со црна пруга, која се протега преку очите се до коренот на
клунот. Стомакот и е жолтеникав, a од страните се ишарани со
темно-кафеави попречни дамки. Клунот, нозете и венецот околу очите и се
црвено-корално обоени. По надварешните белези, мажјакот се разликува од женката само по мамузата што ја има на задната страна од писката. Голема
е околу 36 см, а распонот на крилата и достигнува до 60 см. Во тежина,
мажјакот може да израсне од 570 до 650 грама, а поретко и преку 800
грама. Женките се полесни од мажјаците за околу 100 грама. Таа
е голем избирач на храна. Се храни со надземните сочни делови на
тревите, пупки, семиња, капини, разни видови на инсекти, полжави и сл..
За опстанок на младите еребичиња неопходно е да има и доволно
количество на инсекти, бидејќи во првите денови од животот речиси
исклучително се хранат со храна од животинско потекло. Еребицата
камењарка е моногамен вид. Кон крајот на февруари и во почетокот на
март се двои во парови. Таа прави едноставни гнезда на земјата, во кои
женката снесува од 8-14 бели јајца ишарани со црвенкасти пеги. Периодот
на лежење на јајцата трае 24-26 денови. За цело време, додека женката
лежи на јајцата, мажјакот се наоѓа во непосредна близина и во случај на
опасност го одвлекува вниманието на непријателот. За младите еребичиња се грижат и двата родители. Тие живеат во јато се до идната пролет кога се издвојуваат во парови. Еребиците
камењарки можат да живеат и до 8 години, но имаат голем број на
природни непријатели: лисици, куни, творови, мачки, разни птици
грабливци и др. Нејзините јајца истотака страдаат и од овчарите кои при
напасувањето на стадата ги пронаоѓаат нејзините гнезда. За време на
долги и снежни зими, голем број од еребицата камењарка умираат поради
недостиг на храна. |
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Февруари.2009 во 20:25
Некои дополнувања кои се прилично интересни... Белоглав мршојадец (Gyps fulvus)
Најмногу
го има во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина
на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка.
Мариово е еден од пределите каде што белоглавиот орел живее
непопречуван од ударот на цивилизацијата. Најчесто одбира карпести
предели со пештери за гнездење, какви што има во изобилство на кањоните
на Градешка, Бела и Црна Река. Тој има посебен начин на исхрана, јаде
само мрши. Бидејќи не мора да ловат, немаат снажни канџи како
преостанатите грабливци, но затоа имаат широки големи крилја кои им
овозможуваат да прелетаат огромни простори користејќи ги воздушните
термали и ветерот. Од четирите видови мршојадци кои некогаш се гнезделе
во Македонија, брадестиот и црниот мршојадец веќе се исчезнати, а
преостанатите два, белоглавиот и египетскиот, се пред истребување.
Демиркаписката
клисура е еден од најбогатите орнитолошки резервати во Европа според
застапеноста на ретки птици, каде што можат да се сретнат бел и
египетски мршојадец, златен орел, орел-змијар, лисест глувчар,
најразлични соколи, како и други ретки видови птици.
Белоглавиот
орел е трајно заштитен со закон. Во Македонија веќе се реализираат
проекти за заштита на мршојадците финансирани од Франкфуртското
зоолошко друштво и Фондацијата за заштита на црниот мршојадец. Во
клисурата на Градешка Река, Мариовско пронајдени се 16 мртви примероци
на строго заштитениот белоглав орел. Според непотврдени информации,
птиците јаделе затруени мрши кои овчарите ги поставувале за труење на
волците. Ова е голема природна катастрофа. Според прстените на нозете и
маркерите на крилјата, тоа се птици што доаѓаат и на хранилиштето во
Витачево, на терен биле пронајдени и мрши од животни кои најверојатно
се хранеле со затруените птици.
Повеќе за тоа на: http://www.mes.org.mk/Proekti/mrsojadci.htm - http://www.mes.org.mk/Proekti/mrsojadci.htm
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Февруари.2009 во 20:27
И овој убавец го има кај нас...
Царски орел во Сопот
Повеќепати
досега бил пуштан на слобода, но по неколку крукчиња во воздухот,
повторно се враќал кај луѓето што се грижат за него веќе шест години
Царскиот
орел, светски ретка грабливка, шест години живее во дворот на
семејството Филипови во кавадарското село Сопот. Орелот од бебе живее
во волиера од околу 16 квадратни метри, а името Роналдо го добил според
бразилската фудбалска ѕвезда. Неколкупати досега бил пуштан на слобода,
но по неколку крукчиња наоколу, повторно се враќал во дворот.
Грабливецот иако по природа е убиец, станал миленик и атракција за
посетителите. Филипови велат дека го чуваат од љубов и не би го продале
за никакво богатство, иако имале понуди за трговија. Зоолошката градина
од Битола се обидела да го купи Роналдо, но понудата им била одбиена.
Претставници на Министерството за животна средина и
просторно планирање исто така безуспешно се обиделе ретката птица да ја
однесат во Зоолошката градина во Скопје. Но, како што тврдат
сопствениците на птицата, на крајот сите сфатиле дека нејзиниот дом е
во Сопот. Стручни лица постојано го надгледувале орелот, кој во дворот
на Филипови стигнал по една палава детска игра.
Пред
шест години, кога Роналдо немал се' уште доволно пердуви, деца го зеле
од гнездото, кое го пронашле во близина на селото. Тие не можеле да
претпостават дека со тоа ја осудуваат птицата да биде отргната од
дивиот свет и законите што владеат во природата. Многу од животните и
птиците во дивината не ги сакаат своите малечки ако на нив осетат траги
од човек. За жал, токму тоа се случило со малиот грабливец. Се обиделе
да го вратат во гнездото, но тоа веќе било пусто. Царските орли
засекогаш го напуштиле гнездото и оттогаш им се губи трагата. Не
знаејќи што да прават со малата птица, децата ја донесле кај Ангел
Филипов, кој е ловец и љубител на животните и на птиците. Роналдо немал
среќа родителите да го научат да лета и да се брани од непријателите во
природата. Сега се шета во дворот во Сопот, може да лета само стотина
метри и повторно се враќа. - Припитомен е, но нема
кондиција за летање и да се одржува во висина. Не знае да лови и да се
брани од природните непријатели. Дури и да го пуштиме сам во дивината,
нема да може да опстане и многу лесно ќе стане плен на предаторите -
објаснува Филипов. Според него, стручни лица може да го обучат сам да се снаоѓа во природата и во тој случај би го пуштил во дивината. -
Најстрашно за животните и за птиците што човекот се обидел да ги
припитоми е кога ќе му помине меракот и ги пушта во природата. Тоа за
нив е еднакво на убиство - вели Филипов.
Царскиот орел, според
стручњаците, е педесет проценти ловец, а педесет проценти мршојадец.
Секоја грабливка е убиец освен мршојадците, кои немаат органи за
убивање. - Овој орел може да убие срна, лисица, јагне, јаре, зајак
и птици. Опасен е. Ако те зграпчи со развиените канџи, кои се долги и
српести, со многу јаки жили и мускули, не можеш да се ослободиш -
објаснува тој. Филипов открива дека Роналдо си го знае името и е
мирен се' додека другите се фини со него. Веднаш напаѓал со канџите ако
некој се обидел да му се приближи на негова територија. - Испушта
специфични крикови кога го менува расположението. Ние ги научивме тие
крикови. Со нив ни кажува дали некој е пријател или непријател. Нас не
не' напаѓа кога влегуваме во волиерата. Со текот на годините, станавме
пријатели. Ни го познава гласот, а најмногу ги сака моите две малолетни
деца, но и другите деца - раскажува Филипов, додека слободно му го
подава прстот во клунот. Стручњаците велат дека грабливките во
зоолошките градини, каде што има доволно храна, живеат до 70 години, а
во дивината околу 50. Децата од Сопот се надеваат дека Роналдо ќе живее
долго и дека ќе им прости што го зеле од гнездото и го оттргнале од
неговото царство во дивиот свет. Македонија, заедно со Бугарија, Србија
и со Грција, беше една од земјите во кои неодамна се спроведе
меѓународен проект за заштита на царскиот орел.
Царските
орли, како и лавовите, се симболи во повеќе кралства. Тие имаат распон
на крилјата и до три метри. Можат да достигнат тежина најмногу до
четири килограми. За орелот во Сопот не може да се каже дали е мажјак
или женка. Велат дека овие птици се исти и се разликуваат само ако се
една до друга. Тогаш, поголемата птица е женката. Тоа значи дека само
кога се во двојка, може да се знае која е женка. Кај овие птици полот
не се разликува по надворешниот изглед, велат стручњаците.
http://www.mes.org.mk/Proekti/Vulture/mrsojadci.htm - http://www.mes.org.mk/Proekti/Vulture/mrsojadci.htm
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 22.Февруари.2009 во 20:29
А овие ноќни убавци...
Лилјаци- Chiroptera
Во
енциклопедиите е запишано дека лилјаците се безопасни суштества, дека
се хранат со инсекти и не ги напаѓаат луѓето. Оние што ги проучуваат
тврдат дека лилјаците се плашат од луѓето барем исто толку колку и тие
од нив. Препорачуваат да се запали светло и да се отворат прозорците за
да се вратат повторно во темнината.
Лилјаците
не смеат да се уништуваат. Нашето Собрание има донесено и законска
регулатива за тоа, Македонија е потписничка на Лондонскиот договор за
заштита на овие животни. Во Европа има 30 вида лилјаци, а кај нас во
Македонија 24 вида. Сите тие припаѓаат на групата микрохиропатера, мали
лилјаци кои се хранат со ситни инсекти. Од македонските, дури шест вида
се вклучени во заштитата на глобално загрозени животни. Тоа се
животинки кои живеат во темни места, пештери, шуми, а сега, со
деградирањето на шумите, бараат алтернативно решение и се вселуваат на
темните тавани и во урбаните средини.
Стручњаците
што ги проучуваат овие цицачи велат дека не се опасни за луѓето.
Лилјаците се хранат само со инсекти и се сметаат за многу корисни
членови на екосистемот. Поради својството на „природен инсектицид“ во
борбата против штетните инсекти, лилјаците во светски рамки се
заштитени животни. Со Бернската конвенција од 1998 година, чиј
потписник е и Македонија, заштитени се и кај нас.
Нивната
активност во урбани средини е сосема нормална, зашто покрај во пештери
и во шупливи дрвја, лилјаците живеат и на тавани, напуштени потпокриви
и ролетни. Последниве децении нивниот број во светот драматично опаѓа,
најмногу поради загрозувањето на природните живеалишта. Со се'
поголемата експанзија на градежништвото во урбаните средини, лилјаците
ги губат изворите на храна и местата за криење.
Лилјаците
се единствените цицачи што имаат способност да летаат. Најчесто ловат
ноќе, користејќи го одекнувањето на звукот. Низ носот и устата
произведуваат пискав звук со висок тон, кој се одбива од предметите и
ги ориентира во просторот. За да се заштити популацијата на лилјаци во
Македонија и во Европа приоритет треба да биде проширувањето на шумите
долж реките, враќањето на природниот воден режим, подобрувањето на
подрачјата за исхрана преку развој на шуми богати со автохтони видови
дрвја.
Листа на видиви во Македонија.
1.
Rhinolophus hipposideros 2. Rhinolophus ferrumequinum 3. Rhinolophus
euryale 4. Rhinolophus blasii 5. Rhinolophus mehelyi 6. Myotis
mystacinus 7. Myotis myotis 8. Myotis daubentonii 9. Myotis blythi 10.
Myotis emarginatus 11. Myotis capaccinii 12. Myotis nattereri 13.
Nyctalus noctula 14. Nyctalus leisleri 15. Eptesicus serotinus 16.
Vespertilio murinus 17. Pipistrellus pipistrellus 18. Pipistrellus
nathusii 19. Pipistrellus kuhlii 20. Hypsugo savii 21. Plecotus
austriacus 22. Barbastella barbastellus 23. Miniopterus schreibersi 24.
Tadarida teniotis
Локалитети каде ги има.
Бадер, Пчиња, Крајници, Велес, Ајватовско Езеро, Ајватовци, Извор, близу Велес, Побожје, Скопска Црна Гора, Конопиште близу Кавадарци, Бањане, 8 км од Скопје, Асан Чешма, на Кожуф, Рашче, 10 Км од Скопје, Нов Дојран, Дојран, Раброво близу Валандово, Нерези до Скопје, Анска Река, 2,5 км до Валандово, пештерите во Матка, близу Скопје, Резвик близу Банско, Струмица, Волковија, на Бистра, Убавица - пештера до Госивар, Слатина - пештера до Македонски Брод, Трифуново Брдо на Пепелистер, Белица - пештаера кај Македонски Брод, пештерите до Штип, Кочани, Јаворец - пештера близу Велмеј, Бела Вода - пештара, близу Демир Капија, Мечкина Дупка - пештера близу Охрид, Дреновска Клисура - кањон , Дреново, Трпејца близу Охрид, Драчево, близу Скопје, Лескоец, Отешево - Преспа, Водно - Скопје, к*рбиново, Асамати - Преспа, Гази Баба, ПМФ, Скопје, Голем Град (остров), - Преспа, ОХИС, Скопје, Пештерица (пештера), Ореовец - Прилеп, Тунел, Дрење близу Крива Паланка, Петрани близу Велес, Љуботен, Шар Планина, Макаровец, близу Велес, Гипсана Пештера (пештера) близу Маврово.
|
Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 22.Февруари.2009 во 21:23
Eve ja i ovaa ubavica, ama vo vistinskata smisla na zborot. Ukrasot na ohridskoto ezero. Fascinira so svojot izgled i so pesnata se razbira, steta sto taa go oznacuva nivniot kraj.
------------- always look on the bright side of the life!
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 05.Април.2009 во 20:35
Паун
Најгорделивата птица
што се перчи пред женскиот паун
само за да и се доближи
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 05.Април.2009 во 22:54
Ova e fazan
|
Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 05.Април.2009 во 22:59
Kukavica
|
Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 06.Април.2009 во 14:43
mamamd напиша:
А овие ноќни убавци...<p align="justify"><span ="WB_KRALEMARKO_Naslov" id="ArticleTitle">Лилјаци- Chiroptera</span>Во
енциклопедиите е запишано дека лилјаците се безопасни суштества, дека
се хранат со инсекти и не ги напаѓаат луѓето. Оние што ги проучуваат
тврдат дека лилјаците се плашат од луѓето барем исто толку колку и тие
од нив. Препорачуваат да се запали светло и да се отворат прозорците за
да се вратат повторно во темнината.
<p align="justify"><span ="WB_KRALEMARKO_Podnaslov" id="ArticleSummary">Лилјаците
не смеат да се уништуваат. Нашето Собрание има донесено и законска
регулатива за тоа, Македонија е потписничка на Лондонскиот договор за
заштита на овие животни. Во Европа има 30 вида лилјаци, а кај нас во
Македонија 24 вида. Сите тие припаѓаат на групата микрохиропатера, мали
лилјаци кои се хранат со ситни инсекти. Од македонските, дури шест вида
се вклучени во заштитата на глобално загрозени животни. Тоа се
животинки кои живеат во темни места, пештери, шуми, а сега, со
деградирањето на шумите, бараат алтернативно решение и се вселуваат на
темните тавани и во урбаните средини. </span>Стручњаците
што ги проучуваат овие цицачи велат дека не се опасни за луѓето.
Лилјаците се хранат само со инсекти и се сметаат за многу корисни
членови на екосистемот. Поради својството на „природен инсектицид“ во
борбата против штетните инсекти, лилјаците во светски рамки се
заштитени животни. Со Бернската конвенција од 1998 година, чиј
потписник е и Македонија, заштитени се и кај нас.Нивната
активност во урбани средини е сосема нормална, зашто покрај во пештери
и во шупливи дрвја, лилјаците живеат и на тавани, напуштени потпокриви
и ролетни. Последниве децении нивниот број во светот драматично опаѓа,
најмногу поради загрозувањето на природните живеалишта. Со се'
поголемата експанзија на градежништвото во урбаните средини, лилјаците
ги губат изворите на храна и местата за криење.Лилјаците
се единствените цицачи што имаат способност да летаат. Најчесто ловат
ноќе, користејќи го одекнувањето на звукот. Низ носот и устата
произведуваат пискав звук со висок тон, кој се одбива од предметите и
ги ориентира во просторот. За да се заштити популацијата на лилјаци во
Македонија и во Европа приоритет треба да биде проширувањето на шумите
долж реките, враќањето на природниот воден режим, подобрувањето на
подрачјата за исхрана преку развој на шуми богати со автохтони видови
дрвја.Листа на видиви во Македонија.
<p ="Msonormal" style="margin: 0cm 0cm 0pt;" align="justify"><font face="Times New Roman"><span ="WB_KRALEMARKO_Normal" id="ArticleText">1.
Rhinolophus hipposideros 2. Rhinolophus ferrumequinum 3. Rhinolophus
euryale 4. Rhinolophus blasii 5. Rhinolophus mehelyi 6. Myotis
mystacinus 7. Myotis myotis 8. Myotis daubentonii 9. Myotis blythi 10.
Myotis emarginatus 11. Myotis capaccinii 12. Myotis nattereri 13.
Nyctalus noctula 14. Nyctalus leisleri 15. Eptesicus serotinus 16.
Vespertilio murinus 17. Pipistrellus pipistrellus 18. Pipistrellus
nathusii 19. Pipistrellus kuhlii 20. Hypsugo savii 21. Plecotus
austriacus 22. Barbastella barbastellus 23. Miniopterus schreibersi 24.
Tadarida teniotis</span>
Локалитети каде ги има.
Бадер, Пчиња, Крајници, Велес, Ајватовско Езеро, Ајватовци, Извор, близу Велес, Побожје, Скопска Црна Гора, Конопиште близу Кавадарци, Бањане, 8 км од Скопје, Асан Чешма, на Кожуф, Рашче, 10 Км од Скопје, Нов Дојран, Дојран, Раброво близу Валандово, Нерези до Скопје, Анска Река, 2,5 км до Валандово, пештерите во Матка, близу Скопје, Резвик близу Банско, Струмица, Волковија, на Бистра, Убавица - пештера до Госивар, Слатина - пештера до Македонски Брод, Трифуново Брдо на Пепелистер, Белица - пештаера кај Македонски Брод, пештерите до Штип, Кочани, Јаворец - пештера близу Велмеј, Бела Вода - пештара, близу Демир Капија, Мечкина Дупка - пештера близу Охрид, Дреновска Клисура - кањон , Дреново, Трпејца близу Охрид, Драчево, близу Скопје, Лескоец, Отешево - Преспа, Водно - Скопје, к*рбиново, Асамати - Преспа, Гази Баба, ПМФ, Скопје, Голем Град (остров), - Преспа, ОХИС, Скопје, Пештерица (пештера), Ореовец - Прилеп, Тунел, Дрење близу Крива Паланка, Петрани близу Велес, Љуботен, Шар Планина, Макаровец, близу Велес, Гипсана Пештера (пештера) близу Маврово.
| лиљациве се офф топик тука, ама нема сила што ке ги тргне.
каква врска имаат летечките цицачи со птици, освен што и тие летаат?
|
Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 06.Април.2009 во 14:47
Е ако толку сметаат или ако некому прави ќејф да ги нема ајде ќе ги тргниме де
-------------
|
Постирано од: abnormalen
Датум на внесување: 06.Април.2009 во 15:04
сите ставиле некои, за повекјето, ретки птици во земјава, а на никој , досега, не му текнало да го стави најраширеното( и низ цел свет!), неугледно птиченце- домашното врапче. А си лета тоа , на небото над сите континенти , освен , јасно антарктикот.
|
Постирано од: IdiBegaj
Датум на внесување: 06.Април.2009 во 16:30
------------- Zivi bili pa videli,.......
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 04:01
Фамилија: Tetraonide
Род: Tetrao
Вид: Tetrao urogalus
Живее во шумските предели на надморска височина над 1000 метри. Мажјакот во должина може да израсне до 75 см., а во тежина до 5 кг.
Главата кај мажјакот е покриена со црни пердуви, а над очите, во облик на полумесечина, има јасно изразена црвена кожа. Клунот му е силен и малку свиткан, а под него има перчин од подолги пердуви во облик на мала брада. Градите и вратот му се црни, а на горната страна од крилата, во висина на рамото, има бели дамки во големина на пет денарки. Во опашот на мажјакот има 16-20 црни пердуви долги околу 35 см. кои се бело испрскани. Кога ја пее љубовната песна на пролет, опашката му се шири во вид на лепеза.
Женката е помала од мажјакот за околу една третина и е со 'рѓесто жолтеникава боја испрскана со црни точки, додека 'рѓестиот опаш и е долг околу 20 см.
На сликата се претставени мажјак и женка од видот Tetrao urogallus
Тетребите ноќеваат на дрво, а взори се спуштаат на земја да бараат храна (разни инсекти, пупки, шумски семиња и плодови).
Се пари рано на пролет (кон крајот на март), што зависи од временските услови. Во овој период, тетребите се собираат во помали јата, а ако кон нив се доближат повеќе тетреби, тогаш петлите меѓу себе водат борба, која повеќе личи на закана отколку на вистинска борба. Најсилниот станува господар над целото јато. Спарените женки носат 6-8 јајца во гнезда што ги прават на земја. Инкубацијата трае 26-28 дена.
Вообичаено, тетребот за време на парењето ноќева на дрво и в зори започнува да пее песна, што далеку заостанува зад песната на различните појни птици. Таа се состои од неколку делови, кои заедно претставуваат една целина. Отпрвин се слуша јасен звук што личи на звукот што се добива при удирање на два молива, 10-15 пати едноподруго. Потоа се слуша јасен краток звук, сличен на звукот што се создава при вадење на тапа од запечатено шише. На крајот следува т.н. „брусење“ кое повеќе личи на с'скање на гусак. По брусењето, тетребот молкнува, а по подолга или покуса пауза, почнува да ја пее песната по истиот редослед. Брусењето, односно с'скањето кое трае неколку секунди, е најважниот дел од песната - бидејќи тетребот тогаш, ниту слуша ниту гледа. Тој момент ловците го користат за доближување до тетребот и негово ловење.
Всушност, песната на тетребот ги повикува женките под дрвото на кое ноќевал. Кога ќе изгрее сонцето, мажјакот слетува на земјата и тука го врши парењето.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 08.Април.2009 во 04:25
Фамилија: Tetraonide
Род: Tetrao
Вид: Tetrao tetrix
Малиот тетреб, е втор по големина претставник на нашите шумски кокошки. Живее во највисоките планини, меѓу 1000-1500 м.н.в.
Голем е како домашен петел и во тежина може да израсне до 2 кг. Клунот му е кус и црн, а над очите има рожеста маса, во облик на полумесечина, црвено обоена. Кај возрасен мажјак, главата и вратот се со темносина боја, грбот и крилјата се црни. На рамената од крилата има бела дамка голема колку петденарка. Опашката му има 18 перја. Средните перја се покуси од надворешните кои спирално се свиткани. Пердувите под опашката се сосема бели. Нозете му се обраснати со пердуви се до прстите. Женката е помала, а бојата на пердувите и е заштитна - слична со бојата на шумскиот листинец.
На првата слика е претставен мажјак од видот Tetrao tetrix, а на втората женка од истиот вид
Малиот тетреб живее во јата. Има извонредно развиено сетило за слух и вид. Плашлив е и многу е внимателен. Се храни со иста храна како и големиот тетреб. Се пари во април и мај. Во ова време доаѓа до дуели меѓу мажјаците.
Дуел на два мажјака
Парењето трае 3-4 недели. Во мај, женката носи 6-16 јајца, на кои лежи 21 ден.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 12:14
Фамилија: Tetraonide
Род: Bonasa
Вид: Bonasa bonasia - Лештарка
Лештарката во тежина може да израсне до 450 грама. Мажјакот и женката се речиси еднакво обоени (во основа пепелаво-'рѓесто со попречни дамки), а меѓу себе се разликуваат единствено по бојата на подбрадокот. Кај мажјакот тој е црн.
Мажјакот на темето има подолги пердуви, кои може да ги накостреши. Нозете, се до ноктите, им се обраснати со пердуви, а меѓу прстите имаат рожести ресички.
Се храни со растителна, како и со храна од животинско потекло (разни семиња и шумски плодови, инсекти, ларви и сл.). Во зимскиот период ги јаде ресичките на леските, па веројатно од таму и дошло и името.
Живее во парови. Во зимскиот период се здружуваат во јато што е составено од родителите и подмладокот. На пролет се двојат во парови. Се пари кон крајот на април. Женката носи до 15 јајца, на кои лежи 22 дена.
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 13.Април.2009 во 12:42
Фамилија: Phasianidae
Род: Coturnix
Вид: Coturnix coturnix - Потполошка
Потполошката може да израсне во тежина најмногу до 130 грама. Основната боја на пердувите и е жолтеникаво-кафена, со темни жолто-црвени попречни и светли бледо-жолтеникави надолжни дамки.
Како преселна птица, потполошката во нашите краишта доаѓа во април и веднаш се одделува во парови, кои најчесто во младо жито си прават гнезда. Некои автори сметаат дека потполошката е полигамен вид и мажјакот живее во многуженство.
Во многу едноставно гнездо, женката снесува од 8-14 јајца, со крушовидна форма и на нив лежи 19-20 дена.
Во почетокот на септември, потполошките се собираат во големи јата и ноќно време се селат на југ. При селидбата, потполошките најмногу страдаат, а особено ако временските услови не се поволни за прелетување на Средоземното Море кон Африка.
Одделни примероци (најверојатно што не можеле сосема да израснат до почетокот на септември) остануваат кај нас, а во поволни услови ја преживуваат и зимата.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 02.Мај.2009 во 09:00
Фамилија: Columbidae
Род: Columba
Вид: Columba palumbus - Гулаб гривнеж
Гулабот гривнеж е најголем од сите три вида гулаби и во тежина може деа израсне до 500 грама. Основната боја на пердувите му е пепелава (како и кај другите гулаби). Повозрасните примероци околу гушата (странично) имаат бели пердуви поредени како ѓердан, по што го добиле и името. Бела боја има и по рабовите на крилјата. Кај женките белиот ѓердан е помал и побел. Нозете и клунот им се црвени.
Гривнежот населува подрачја обраснати со шума во чија близина има земјоделски обработливи површини.
Се храни со растителна храна: тревни и житни семиња, борови семиња, јаготки, капини, пупки и др.За време на топли зими презимува во Македонија собирајќи се во големи јата.
Како моногамен вид, уште во април се одделува во парови и се повлекува во планините или во крајбрежните шуми. Во едноставни гнезда, женката носи 2 белузлави јајца, врз кои лежи 17-18 дена. По правило се гнезди 2 пати во годината ( во мај и во јули). Малите се изведуваат слепи и голи.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 02.Мај.2009 во 09:08
Фамилија: Columbidae
Род: Columba
Вид: Columba oenas - Гулаб дупкар
Името го добил оттаму, што своите гнезда ги прави во дупките на дрвјата. Тој е значително помал од гривнежот. По целото тело бојата на пердувите му е пепелаво-сина, додека краевите од крилјата му се потемни.
Живее во парови, а женката снесува по две бели јајца, на кои лежи 17 дена. Се размножува два пати во годината.
Откако ќе ги одгледа младите, тие се собираат во поголеми јата и се спуштаат кон полињата на кои остануваат се додека острата зима и длабокиот снег не ги принуди да се повлечат кон југ. Се храни со истата храна како и гулабот гривнеж.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 02.Мај.2009 во 09:18
Фамилија: Columbidae
Род: Columba
Вид: Columba livia - Див гулаб
По големина е ист како и гулабот дупкар, а во тежина може да израсне од 270-300 грама. Дел од шијата и градите
му се со сино-метален одблесок. На крилата има истакнати две темни пруги, а и самиот раб на опашот му е потемен.
Во горниот дел на коренот на опашката има бели пердуви во вид на поголема дамка.
За време на блага зима не ја напушта нашата држава.
Живее во парови и се гнезди по карпести терени.
За ноќевање ги избира пештерите, а понекогаш и гнездата ги прави во нив. Одбраните пештери ретко ги напушта,
бидејќи во нивните шуплини се чувствува безбеден.
Родителите подеднакво се грижат околу одгледувањето на подмладокот.
Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 09:39
Фамилија: Columbidae
Род: Streptopelia
Вид: Streptopelia turtur - Грлица
Грлицата е птица преселничка. Кај нас доаѓа во почетокот на мај, а веќе
во почетокот на септември, собирајќи се во поголеми јата, ја
напушта нашата земја и се сели на југ во Африка.
Бојата на пердувите и е потемна отколку кај гулабите, бидејќи по грбот и по крилјата има поголем број потемни дамки.
Од обете страни на шијата има шарени пердуви во бела и потемна боја.
Се храни со тревни и житни семиња, но јаде и сончогледово семе, а со тоа може да причини и извесни штети врз оваа култура.
Се гнезди два пати во годината. Женката снесува две јајца врз кои лежи 14 дена.
|
Постирано од: OUST
Датум на внесување: 04.Мај.2009 во 09:47
Фамилија: Columbidae
Род: Streptopelia
Вид: Streptopelia decaocto - Гугутка
Гугутката не е преселна птица и од грлицата е нешто поголема. Во тежина може да израсне до 250 грама. Според бојата на пердувите таа е многу поедноставно обоена отколку другите гулаби. Во основа е брашнесто-пепелава, а на задниот дел од шијата има темен околувратник, според кој лесно се распознава од останатите гулаби.
Во Македонија гугутката е многу честа птица. Најмногу се среќава покрај населбите и внатре во нив, а особено во зимските месеци. Превземено од Ловство - Проф. Д-р. Борис Трпков
|
Постирано од: Паланчански
Датум на внесување: 06.Мај.2009 во 11:09
Ме изненадува потполошката. Не ми изгледа како добар летач. А мора да го прелета Средоземното Море.
Дали некој има податоци за зелениот клукајдрвец? Ме интересира неговата биологија.
------------- Не знаев што е среќа, додека не се оженив. Но сега веќе е доцна.
|
Постирано од: elektro
Датум на внесување: 12.Мај.2009 во 22:39
jas imav porano papagali,kanarinci i sto uste ne ama nekoj mi kidnaa drugi crknaa treti gi dadov i toa e ama so da ti kazam koga ke stanev sabajle samo slusav kako svirkaat po cel den imav papagal4e mnogu go sakav malecko bese ama najdosadno bese od sabajle do navecer samo bal bala se heh
------------- >< POLICE LINE DO NOT CROSS ><
Полиција =D
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 19.Октомври.2010 во 00:24
bond....james b напиша:
slavej e sosema drug vid na ptica! sum primetil i na drugi mesta, koj uste videl slavuj vo kafez?
| ova e tvojot slavej vo kafez?
kako ne ti e zal?
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 14.Февруари.2012 во 01:57
bond....james b напиша:
slavej e sosema drug vid na ptica! sum primetil i na drugi mesta,
koj uste videl slavuj vo kafez?
| zalno...me potsetuva na tekstot od Lenin
------------- Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|