|
11 причини да бидеш атеист! |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | ||||||||||||
THEPRINCESS
Сениор Регистриран: 29.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Јануари.2009 во 17:49 |
|||||||||||
1. Нема докази дека постои бог - неколку илјади години никој не успеал валидно да докаже дека постои бог. Зошто бог се крие? Најверојатниот одговор е - затоа што не постои.
2. Бог е несфатлив - Што е бог? Само едно сведоштво на непознавање на нештата. Како она што е несфатливо, необјасниво, може да ни го објасни тоа што не го знаеме. Ако бог постои, кој го создал? Според повеќето од светите записи тој многу личи на човек, значи може да се сомневаме дека тоа и е. 3. Религиските догми се во контрадикција со она што секојдневно ни се случува - Човекот знае дека ќе умре и нема ништо после смртта. Зошто да се обожува бог кој го казнил човекот само за еден грев, толку перверзно суштство кое создал човек, ама и јаболко за да го искушува. Зошто да се одбере оваа религија, а не некоја друга? Злото постои, а бог е сведок - пасивен е или немоќен? Страдање и смрт на деца - невини по дефиниција, зошто ништо не прави. 4. Она што го ветуваат религиите е преубаво за да биде вистинито - премногу лесно ни ветуваат се што ќе посакаме - вечност, да ги видиме повторно оние кои сме ги изгубиле, прошка за она што сме го згрешиле... 5. За да се чувствуваш слободен - да се нема илузии, кон која и да е догма. Да се одбијат готови решенија. Зашто да клечиш и да се понижуваш пред нешто чие постоење никогаш не е докажано е апсурдно, безвредно за Човек. За да не се биде манипулиран. 6. Поради негативното влијание на религиските организации - го поттикнуваат религискиот фанатизам и нетолеранцијата. Конзервативни се и против прогресот. Поради религиските војни и Инквизицијата. Христијанството учи на резигнација, на покорност. Сојуз со политиката за сопствен интерес на религиските водачи. Штетното влијание на религиите на секое општество. 7. Прогресот на науката - прогресот на науката секој ден отркива докази што ги објаснуваат појавите што човекот често им ги припишувал на божествата. Бог е оттурнат на маргините, таму каде што науката се уште не стапнала. 8. Има луѓе кои живеат добро, дури и без бог - Вербата спасува! Од што тоа спасува? Неверниците не се чувствуваат изгубени. Не им треба да бидат спасени. Бог нема практична употреба, не е потребен за да се биде среќен. 9. Поради хуманизмот - да се разбуди свеста дека основната грижа е човекот и иднината на човештвото, како тој да се направи задоволен, а не да се задоволува некоја илузија (бог). 10. Да се биде свесен дека не се подлегнува на полесни решенија - многу е потешко да се биде атеист и да се соочиш со проблемите, отколку да си верник. 11. Хумор тест - многу е полесно да се прават шеги за верници отколку за атеисти. Едвај чекам да чујам некој виц за атеисти што навистина може да ме насмее. __________________ |
||||||||||||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
1. Нема докази дека постои бог
А зарем треба доказ за да поверуваме во него? Изменето од Lithium - 25.Јануари.2009 во 18:07 |
||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Toa sto nekoi ne mozat da go razberat ne znaci deka go nema
|
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
zad dobar konj prasina se kreva temava e smeshna
|
||||||||||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||||||||||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
JAS MOZAM DA TI ODGOVORAM NA PRASAJNETO ZA BOG I DEKA ATEIZMOT E UTOPIJA
KE TI ZBORUVAM SO JAZIKOT NA MATERIJALISTITE SVETLINATA VO TEBE KOJA SE DOBIVA KAKO REZULTAT OD SOVRSENO RABOTEJNE NA NEKOI KLETKI VO MOZOKOT KOJA KAKO REZULTAT DAVA IDEALEN NACIN NA KARAKTER KOJA E I ISTA SO SEDMATA CEDTICKA OD STO E SOZDADENA CELATA MATERIJA{MATERIJATA STO NE OPKRUZUVA OKOLU NAS SITE UBAVINI,RAZNI BOI,.., SE E SOZDADENO OD EDNO ISTO A TOA SE 6 LESNI I 6 TESKI CESTICKI A SEDMATA E ONAA KOJA GI POVRZUVATA TIE CESTICKI JA POVRZUVA CELATA MATERIJA I JA PRAVI ONAKVA KAKVA STO E - TAA E CESTICKATA OD BOG KOJA E ISTA SO CESTICKITE NA SVETLINATA VO TEBE ZATOA NIE SNE EDNO ISTO STVOREJNE NA TAA CESTICKA SO SE OKOLU NAS ODNOSNO STVOREJNE NA BOG}-.-/- KOGA I SE OBRAJCAME NA TAA SVETLINA-KOGA SE MOLIME NIE SNE VO SOVRSENA HARMONIJA SO CELIOT UNIVERZUM - -ODNOSNO SE VELI DEKA SNE SO BOGA. Изменето од dejanpp - 25.Јануари.2009 во 18:43 |
||||||||||||
Lithium
Сениор Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
|
||||||||||||
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
kako i da e, veroispoved stanal mnogu podobar od porano |
||||||||||||
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Dejan ne mislis deka tvojot post bi bil podobar da e normalen font... ke moze polesno da se procita pa moze i ke te razberat drugite...
|
||||||||||||
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
||||||||||||
THEPRINCESS
Сениор Регистриран: 29.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Nekogas veruvav vo gospod i takvi stvari megutoa kolku poveke gi analiziram rabotite tolku poveke svakam deka takvo nesto NE POSTOI.
1. Neli toj e covekot sto propagira ednakvost megu lugeto? Zosto ne se site ednakvi? 2. Svetoto se poveke odi kon propast. Kade e taa bozja sila koja ke go spasi os site zla? 3. Gospod vi dava se. On vi dal pari? Vi dal hrana, zena/maz? Sto vi dal? NI6TO 4. Ima covek koj so fakti dokazal deka ne postoi Isus megutoa Vatikan ne dozvoluva da se objavat tie dokazi bidejki ako se objavat ovie 2000 godini od hristijanstvoto ke padnat vo voda. 5. Kako znaes deka si pripadnik vo nekoja religija? Bidejki otkako si roden tebe celo vreme nekoj ti ja polni glavata deka si hristijanin, musliman, evrein, a ne deka stvarno si. Ako si navistina pripadnik vo nekoja vera nema da mozis ni da ja menuvas taa vera, a barem denes ima bezbroj luge koi od edna preminale vo druga vera. I uste red drugi raboti ima aj da ne nabrojuvam se. Mene koga me boli nesto odam na doktor i toj se bori za mojot zivot, a ne gospod. Koga mi trebat pari sama se ma4am da gi specalam gospod ne mi gi frla odozgora, koga ke sakam dete ke go napravam so pomos na partnerot nema gospod da mi go prati preku strk. Znam deka ke predizvikam ostri reakcii i losi kritiki so ovoj post, ali takvo e moeto mislenje. |
||||||||||||
ZoraNaSlobodata
Сениор Регистриран: 03.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3392 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Првите 3 тврдења ти се толку глупави,што не се ни мачам да ти одговорам.а другите делумно.
|
||||||||||||
За нея ние живеемъ,за нея ние мремъ!
|
||||||||||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Кога ќе имам малку повеќе време, ќе ти одговорам точка по точка на првиот пост, а за сега, само на овој:
Секој има право на мислење и на лично убедување.
Затоа што на луѓето им е дадена слободна воља - да избираат какви ќе бидат самите. Соодветно - затоа постои системот на казна и награда за стореното. Многу едноставен модел на функционирање.
Нема потреба да го спасува Божјата Сила. Бог дал на човекот таква можност. Од чисто атеистички аспект тогаш - зошто има таква пропаст и страдања, ако човекот е толку совршено и само-доволно суштество?
Не, Бог дава можност за се. Погрешно разбирање.
Овие приказни се слушаат во последниве 50 години од стотици различни извори - многу од нив објавени (дури и документарни филмови има снимени многу на темава). Ниеден од тие "докази" не ја сменил верата кај луѓето, затоа што луѓето не веруваат затоа што го виделе Бога, а затоа што го почувствувале. Односно - не го виделе со очите, туку со душата.
Јас сум роден во семејство на атеисти. Дури и дедо ми (едниот, другиот почина кога бев многу мал), беше атеист (и тоа доста краен во тој поглед). Сам го одбрав православието како мој личен пат, иако првиот контакт со верата и религиозноста ми бил преку припадници на други вери и деноминации. Така што паѓа во вода тезата дека веруваме во нешто, само затоа што сме родени во таа вера.
Да, со ова се согласуваме. Од верски аспект гледано, сите овие работи и треба да бидат така како што ти ги опишуваш. Односно - ти имаш доста погрешно разбирање за Бог и за Неговата улога.
Напротив - секакви коментари се добредојдени! |
||||||||||||
Do what is right, come what may...
|
||||||||||||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
1. Neli toj e covekot sto propagira ednakvost megu lugeto? Zosto ne se site ednakvi?
Затоа што на луѓето им е дадена слободна воља - да избираат какви ќе бидат самите. Соодветно - затоа постои системот на казна и награда за стореното. Многу едноставен модел на функционирање. Ne razbiram! pa sekoj ke izbere da e bogat,ubav, dobar,harizmaticen,pameten...i aj,kako sega?koj e budala da odbere da bide sprotivno od ova pogore! dzaba ne rekle:"religijata e opijum za narodot" ima iljada nelogicnosti , ama i koja god da im se navede na vernicite nivniot odgovor e sekogas ist...i bez normalni argumenti...i kako so rekov i porano parno e da ne se ubeduvame...niti nie "nevernicite" ke ve ubedime vas niti vie nas... |
||||||||||||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
||||||||||||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
“Дали постои Господ?“ е прашање кои си го поставува секој, што во суштина е нормално, зашто се работи за клучно прашање, прашање над прашањата, кое пак во себе, на имплцитен или експлицитен начин ги содржи одговорите на СИТЕ прашања, кои еден човек може да ги има во својот живот. Одговорот на ова прашање е тесно поврзан со одговорите на прашањата: “Како дошло до постоењето на овој свет? Дали е создаден или е апсолутна случајност? Дали сум јас апсолутна случајност“. Размислувајќи со човечката логика и разум, сосема логично е да пристапиме на прашањето “Дали е светов апсолутна случајност?“ и доколку констатираме дека светов НЕ е апсолутна случајност, тогаш МОРА да постои Создател. Но, ова би држело САМО во случај доколку нашата логика, т.е. логиката на луѓето кои живеат во ТриДимензионалниот Универзум и во времето е универзална логика и важи СЕКАДЕ, т.е. и во нашиот Универзум и надвор од него. За да го појаснам ова, За да би дошле до одговори кои се легитимни и кои би можеле да ни дадат податоци, не само КОИ сме, туку и да одговорат на многу “Зошто?“, кои се од суштинско значење, нашите погледи, барања и размислувања мораме да ги насочиме на друга страна, во сосема друга димензија. Имено, науката многу пати одговара(ла) и се обидела/обидувала да одговори на прашањата: “Дали?, Како?, Што?, Кој?“ , но прашање е колку пати одговорила “Зошто?“ , а во одговорот на последново прашање се кријат не само одговорите на прашањата “Дали? Како? Што? Кој?“ туку и многу повеќе од тоа - во одговорот на прашањето “Зошто?“ се дава и одговор на клучното прашање “Која е Смислата?“ . А ако се прашаме “Која е Смислата?“ , тогаш би ни дошло на ум да заклучиме “Јас не сум апсолутна случајност и она што ме опкружува не е апсолутна случајност!“ . Размислувајќи, затворени ВО системот (Универзумот) и размислувајќи со нашиот човечки разум и логика, би дошле до многу нешта што би не’ бомбардирале со одговори (на човечката логика) дека не може да сме случајност или би ни фрлиле сериозно двоумење во врска со одговорот “Да, ние сме апсолутна случајност. Никој (Ништо) не не’ создаде. “. Да ја земеме за пример - симетријата. Дали тебе ти изгледа дека симетријата се појавила апсолутно случајно? Следно прашање, дали она совршенство (не го сфаќај во буквална смисла на зборот) што го гледаш секој ден во огледалото кога ќе се огледаш себеси, дали тоа е апсолутна случајност? Дали веѓите над твоите очи се апсолутна случајност или стојат да ти го штитат окото од потта од челото? Дали трепките на нашите очни капаци се апсолутна случајност или постојат за да го штитат окото од прашина, мушички,... ? Дали ресичката во твојата уста е чиста случајност или постои за да штити влегување на храна во системот за дишење? Дали сложениот систем за вид, како и целиот систем на сетила и нервниот систем се појавил случајно или се појавиле за да можеме да перцепираме она што е околу нас, потоа за да можеме да се заштитиме од она што може да биде опасност по нас? Зошто очите не ни стојат на колената или на стапалата? Дали во таков случај би можеле визуелно да ја перцепираме околината и колку би можеле да видиме? Дали очите стојат случајно, безмалку на врвот на телото или стојат таму за да можеме што поголем видокруг да имаме? Дали дојките на жената случајно имаат млеко кое е (по “случајност“) основната храна за новороденчето? Дали системот за размножување кој го имаат и луѓето и животните и растенијата се појавил апсолутно случајно или неслучајно постои за да се одржуваат човечкиот род, видовите на животни, видовите на растенија? Како се случило првото размножување? Случајно или ... ? Од каде знаел мажјакот кој ПРВ (НАЈПРВ) се размножил (случајно или неслучајно) дека неговиот орган за размножување треба да стапи во таков и таков контакт со органот за размножување кај женката ? ... Редицата на ваквите прашања би одела до бескрај... Сите овие прашања на прво место ја поставуваат СМИСЛАТА, односно прашуваат: “Која е Смислата на нештата?“ Ако е факт дека нештата, појавите, настаните, случувањата, опкружувањата - се’ што имаме и се’ што ни се случува имаат своја смисла (а ЈА ИМААТ), тогаш е недвосмислено дека не се апсолутна случајност туку дека Некоја Интелигентна Сила постои која им ја дало смислата!! ... |
||||||||||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Дали ќе бидеш ти атеист или теист, христијанин или муслиман, џаинист или хиндус, будист или шинтоист, или нешто друго - тоа е твое право на избор . Но еве како јас гледам на точките кои ти ги наброја:
Или постои но човекот одбива навистина да го види. Бог е се`присутен. Луѓето што велат дека бог не постои бидејќи не го гледаат се како риба што плива во водата а не ја гледа. Патем Бог не се крие, а не ни молчи... Тој денес по веќе кој знае кој пат преку пророчка уста сведочи дека постои и активно дава упатства за подобар и посвесен живот. Можеби некои не веруваат во Бога, но Бог верува во нив дека порано или подоцна ќе се разбудат, затоа им го нуди Внатрешниот Пат кон Него.
Што е и кој е Бог? На ова прашање примен е директен одговор преку пророчицата за денешно време, Божјиот инструмент - Габриеле од Вирцбург: Бог е Дух. Тој е енергетското поле на бескрајот од кој се разлева секадешниот живот. Бог е вечно струечка светлина која ги проткајува чистите духовни форми, но исто така делумно материјалните и потполно материјалните подрачја. Духот не е човек и не e личност. Духот самиот себе си си има дадено форма, тоа е: Бог - Отец. Може и да се каже дека Бог има своја безлична(Светиот Дух) и лична природа(Небесен Татко).
Секоја акција предизвикува одредена реакција. Реакцијата односно последицата меѓутоа не мора да додје до израз во овој живот, туку во некое наредно отелотворение на Земјата. Ако некој на пр. намерно учествувал во финансирање на оружје кое потоа било употребено за убивање, еден ден неговата душа ќе се реинкарнира во подрачје каде владее војна и ради тоа ќе мора да пати. Тоа не е Божја казна, туку последица од неговата постапка. Како човек сее, така и ќе си жнее. Бог меѓутоа нуди помоши и излез од заплетканоста во нашите сопствени причини, но наш е слободниот избор дали ќе ја прифатиме помошта која ни се нуди.
Со ова е се` кажано! Што има врска Бог со човековото незнаење? Човекот е тој кој се оттргнал од Бога и станал глув и слеп за неговиот светлосен глас во внатрешното на човекот. Поради тој хендикеп кој човекот самиот си го создал, Бог излегува во пресрет и говори преку просветлени мажи и жени кои можат во своето внатрешно непречено да ја примаат неговата Реч и имаат налог(мисија) истата да ја пренесуваат понатака до јавноста. Кога човекот би ги живеел божјите закони, Бог самиот би му ги открил сите наводни „тајни„ на постоењето.
Со суровиот и страшен бог за кој зборува Библијата(во прв ред стариот завет) и голем дел од тнр. христијански деноминации, морам да се согласам дека нема среќа! Напротив, има само: маниупалција, стагнација, чемер и јад. Историјата тоа го покажа и докажа. Но со вистинскиот Бог кој е вечна Љубов и Светлина може да има само трајна среќа и просперитет. Секој има слобода во која идеја за Бог ќе одбере да верува или не верува.
Па зошто тогаш на многумина им се чини дека нема иднина и задоволство?
Па тоа може со секој виц да се направи. Ја менуваш само именката Изменето од Majkl - 26.Јануари.2009 во 01:45 |
||||||||||||
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |