IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дефтероканонските книги
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дефтероканонските книги

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дефтероканонските книги
    Испратена: 05.Август.2008 во 17:20
 
Дефтероканонските Книги во православната Библија
 
 
 
Православната Библија, како и католичката, се разликуваат од другите Библиии по тоа што покрај стандардните 66 протоканонски книги имаат и дополнителни апокрифни/дефтероканонски книги во Стариот Завет.
Во православната Библија тоа се книгите: 2 и 3та Ездра, Товит, Јудита, 1ва, 2ра и 3та Макабејска, Мудрост Соломонова, Мудрост Сирахова, Послание Јерменино и книгата Барух.
 
Овие книги вооптшо не се измислица на православните, туку се наследство од грчката книга т.е. компилација - Септуагинтата.
Бидејќи православните ја преведуваат Библијата од неа, така тие ги наследиле и овие книги. Ајде да кажеме збор два за Септуагинтата...
 
Септуагината е превод на еврејските свети книги од хебрејски и арамејски јазик на грчки јазик, извршен во 3век пред Христос, по порачка на египетскиот цар Птоломеј 2ри за потребите на библиотеката во Александрија. Птоломеј 2ри не бил верник и тој не се грижел за и околу каноничноста на старозаветните книги. Тој едноставно сакал во Александриската библиотека да си направи што е можно побогата енциклопедија на книги, на мудрости, интелектуални богатства. Така тој не водел голема сметка околу тоа кои се боговдахновени книги на евреите, а кои се само од историско значење. На овој начин се вметнале и 11те апокрифни книги во Септуагинтата, а потоа и во православната Библија.
 
Но дали тие се дел и од Божјиот Збор?
Мојот одговор е НЕ и сега ќе ги наведам моите аргументите за мојот став, а оваа тема ја отворам за и вие другите да дадете свое мислење и уште повеќе, да дадете АРГУМЕНТИ за вашиот став.
 
Дефтероканонските (апокрифните) книги не се канонски (боговдахновени) затоа што:
 
  1. Христос и апостолите не цитирале ниту една книга од нив, ниту еден дел од нив.
  2. Тие не се признати од евреите т.е. од оние од кои ние го наследуваме Стариот Завет.
  3. Кумранските списи (кои датираат од 2-3 век пред Христос) не ги содржат овие книги, а од друга страна содржат делови и цели книги од 38 од вкупно 39 книги на протоканонскиот Стар Завет (сите освен книгата на Естер)
  4. Пророкот Малахија (4век пне) го претскажува следниот Божји пророк - Јован Крстител (Малахија 4:5) (1ви век) и не остава простор за дополнителни Божји пророци, откровенија меѓу него и Јован Крстителот.
  5. И според Ерусалимскиот Талмуд, Светиот Дух си заминал од Израел после пророкот Малахија.
  6. Рабинскиот концил во Јамнија (90год) не ги вклучил овие книги.
  7. Ниеден црковен концил до 4 век не ги вклучува овие книги.
  8. Римокатоличката црква ги канонизирала апокрифите на концилот во Трент дури во 1546 год.
  9. Многу црковни отци (Ориген, Атанасие, Кирил Ерусалимски) зборувале против овие книги.
  10. Овие книги содржат еретички и контрадикторни учења, како што се:
  • Молитви и жртви принесени за мртви, чистилиште (2 Макабејска 12:39-45)
  • Спасение преку милостини (Товит 12:9)
  • Создавање на светот од материја (Мудрост Соломонова 11:18)
  • Магии и суеверија (Товит 6:1-9)
  • И други работи кои ќе ги наведам подоцна...


Изменето од EvAngelos - 05.Август.2008 во 23:04
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2008 во 18:16
Само на последниве неколку ќе одговорам, затоа што не си во право за нив (според мене)...
- Жртвата не се принесува за мртвите, а се принесува со молитва кон Бога да се прости на војниците кои умреле, а носеле идоли со себе.
- Не гледам ништо спорно во идејата дека милостињата ќе те исчисти од грев
- Не е спорно - затоа што Генезисот вели: Земјата беше безоблична и празна; И тоа е се додека Бог таа безобличност не ја претвора во светот кој го познаваме. 11:18 вели - Твојата сесилна рака, која го создаде светот од невообличена материја... Што сосема се вклопува со Генезисот. (иако многумина погрешно го толкуваат овој стих, повикувајќи се на сличноста со поемата на Овидиј)
- Тоа ти го толкуваш како магија и суеверие... инаку може да се протолкува како лечебен метод (не сум проверил, не знам дали помага).
Do what is right, come what may...
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2008 во 22:35
Не е можно христијаните да спиеле и вегетирале до појавата на Џон Весли и Мартин Лутер.
Абе не може мене некој амерички пулени да ме учат што да правам кога мојот пат е убаво трасиран.
За милостината, па нели и бог вели Милост а не жртва? Точно, делата не спасуваат сами по себе но ако се плод на верата зошто да не бидат изразени во вид на правење милостина?
Ако некој чувствува дека треба да го направи тоа? Како добриот Самаричанец на пример...и куп примери. Вредноста на делата е важна и неоспорна.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2008 во 23:31
              
Живото СЛОВО БОЖЈЕ е повеќе од секоја Света Книга
Преку Него Живиот БОГ, мртвите од смртта ги дига!

77 Свети Книги, 7 печати и само Еден може да ги отвори
Прекрасна е Мудроста БОЖЈА, преку неа вечниот се створи!

ВЕРУВАЈ НА ОНОЈ ЧИЈА ШТО МУДРОСТ ВО ИСУС СЕ ОТЕЛОТВОРИ!


Изменето од zidarski - 05.Август.2008 во 23:33
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 01:09
Одлична тема

Изменето од Nikki - 06.Август.2008 во 01:27
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 01:15
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


- Жртвата не се принесува за мртвите, а се принесува со молитва кон Бога да се прости на војниците кои умреле, а носеле идоли со себе.
 
Војниците се молеле и принеле жртва за гревот на веќе починатите војници...
 
"... па почнаа да се молат направениот грев да биде наполно опростен.. Тогаш собраа околу 2000 сребрени драхми, според бројот на убиените војници, ги испрати во Ерусалим, за да се принесе жртва за грев, со тоа направи убаво и благородно дело, зашто мислеше за воскресението на мртвите"
(2 Макабејска 12:42-43)
 
Овој стих подоцна стана основа за индулгенциите и доктрината за чистилиште на римокатоличката црква. Познато ми е дека и православните се грозат од тие индулгенции и бизнисот што го правела римокатоличката црква, но ако го земете овој стих за боговдахновен, тогаш таквата нешто се оправдува со овој стих т.е. од него следи дека вие можете да платите со пари (жртва) за чистење на нечиј грев.

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

- Не гледам ништо спорно во идејата дека милостињата ќе те исчисти од грев
 
Ти не гледаш спорно, ама останатите 66 протоканонски книги на Библијата гледаат спорно на тоа. Учењето дека доброто дело го анулира лошото дело е учење застапено во Македонските народни приказни. Таму Св. Петар на кантар ги вага гревовите и добрите дела и кое од нив ќе надтежне, тоа одредува дали починатиот ќе оди во рајот или пеколот среќа
Но во христијанството тоа не е така. Христијанството учи дека казната за гревот е смрт и дека само со пролевање на крв се очистуваме од гревот, било тоа дали ќе биде нашата, или некоја друга застапничка крв. Во Стариот Завет тоа беа жртвите на јагнињата, овците, гулабите, но тие немаа сила да го исчистат човековиот грев целосно бидејќи нивната цена беше помала од човечката па само го покриваа гревот и го стивнуваа Божјиот гнев се до жртвата на Христос која конечно, како совршена човечка жртва, го исчисти човековиот грев.
 
Значи да сумирам:
Библијата, наспроти апокрифите, учи дека религиозните дела не можат да не очистат од гревовите, туку ние се очистуваме од нив единствено преку благодадниот дар - Христос
 
"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој."
(Ефесјаните 2:8-9)
 
Милостините не можат да очистат од грев, туку само жртвите.
 
"И по Законот речиси сè се чисти со крв, и без пролевање на крв нема проштавање."
(Евреите 9:22)
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


- Не е спорно - затоа што Генезисот вели: Земјата беше безоблична и празна; И тоа е се додека Бог таа безобличност не ја претвора во светот кој го познаваме. 11:18 вели - Твојата сесилна рака, која го создаде светот од невообличена материја... Што сосема се вклопува со Генезисот. (иако многумина погрешно го толкуваат овој стих, повикувајќи се на сличноста со поемата на Овидиј)
 
Библијата учи дека Бог ги создаде Небесата и Земјата со Својот Збор, но ок, се согласувам, може тука да не се мисли на самиот почеток на создавањето, туку на втората етепа, откако веќе била создадена материјата.
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

- Тоа ти го толкуваш како магија и суеверие... инаку може да се протолкува како лечебен метод (не сум проверил, не знам дали помага).
 
Епа провери го следниов метод, па ќе правиме муабет голема%20насмевка
 
"Тогаш ангелот му рече: Улови ја таа риба... распори ја рибата, извади и ги срцето, црниот дроб и жолчката и чувај ги! ... Ако некого го измачува демон, односно лош дух, тогаш пред таков маж или жена треба да се кади со срцето и црниот дроб и веќе нема да се измачува"
(Товит 6:4-8)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 01:27
1. Христос и апостолите не цитирале ниту една книга од нив, ниту еден дел од нив.
Првата точка од Евангелос е тотално погрешна
Еве доказ дека не е така
Од која книга го цитира следниот стих Јуда ?
Ајде одговори ни Евангелос

9 А Архангелот Михаил, кога се расправаше и препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те искара!”

Ова е цитирање на ептен еретичка дури строго забранета книга да се чита меѓу верните, бидејќи во неа се зборува за многу чудни и окултни философии

Не е точно дека во новиот завет не се цитираат дефтероканонски книги. Тоа е ГОЛЕМА ЛАГА

АЛИЛУИА


Изменето од Nikki - 06.Август.2008 во 02:06
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 01:54
ЕвАнгелос - мешаш две работи. Тоа што католичката црква злоупотребува со стихот, не значи дека е самиот стих неисправен. Едноставно - погрешно протолкуван (или намерно злоупотребен).
Самиот знаеш како се прави жртвувањето во тоа време во Израел - преку принесување на јагне како жртва, на пример.
Парите се собрани за да се испратат во Ерусалим, за да може таму да се принесе жртва (односно да се принесе јагне) за загинатите војници. Не се даваат парите во жртва, не знам од каде е таа идеја. И се разбира дека делото е благородно - затоа што се молат за спасение на душите на паднатите војници - на начин на кој тоа се правело во тоа време - со принесување на жртва. Самиот подолу го објаснуваш тоа. Што е тука спорно, сериозно?

Давањето на милостиња е добро дело, затоа што е помагање на оние кои имаат неопходна потреба од истото. Делата се составен дел од верата, а верата е дел од спасението. Никој не зборува за мерење на кантар (патем ова е пример кој ти го имам кажано и јас, но чисто за сликовит приказ на идејата). Само делата, сами по себе, не се доволни за спасението. Да, има опасност така да се разбере тој стих, и тоа не е добро, но само ако се извади од целосниот контекст на Библијата. Ако се гледа во контекст на целата Библија - тогаш е јасно дека не е тоа единствен начин, ниту пак доволен.

За последното - пак никаде не гледам магија или суеверие. Во минатото имало доста чудни методи на лечење кои се применувале, не заради тоа што биле суеверие, а заради тоа што имале ефект... ти го толкуваш како суеверие, може чадот од горењето на тие органи да има смирувачко дејство... денес обично користиме дијазипами за таа работа...

Не брзај со осуди... се може да се дискутира и да се анализира... не велам дека она што го кажувам е точно - само изнесувам сопствено видување. Со твојот став (денес), не си во состојба да ме убедиш дека си во право...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 02:07
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Еве доказ дека не е така
Од која книга го цитира следниот стих Јуда ?
Ајде одговори ни Евангелос

9 А Архангелот Михаил, кога се расправаше и препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те искара!”

Ова е цитирање на ептен еретичка дури строго забранета книга да се чита меѓу верните, бидејќи во неа се зборува за многу чудни и окултни философии

Не е точно дека во новиот завет не се цитираат дефтероканонски книги. Тоа е ГОЛЕМА ЛАГА

АЛИЛУИА
 
Јуда го цитира наведениот стих од протоканонската библиска книга на пророкот Захарија...
 
"Господ му рече на сатаната: 'Господ да те укори сатано!' "
(Захарија 3:2)
 
Не знам за кое цитирање зборуваш, но како што гледаш сепак во Новиот Завет не се цитираат дефтероканонските книги намигнување Тоа е ГОЛЕМА ВИСТИНА големо%20гушкање
 
АЛИЛУЈАХ! <-- Вака е правилно.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 02:14


АЛЕЛУЈАХ
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 02:25
Зошто постојано лажете вие протестанти овде на форумов

1 Потоа ми го покажа Исуса, велесвештеникот, Кој стоеше пред Господовиот ангел, и сатаната, што му стоеше оддесно за да го обвинува.

2 Господ му рече на сатаната: „Господ да те прекори сатано! Господ, Кој го избра Ерусалим, да те прекори! Не е ли Тој гламна извадена од оган?”

3 А Исус беше облечен во валкани облеки додека стоеше пред Господовиот ангел.

4 Ангелот им се обрати на оние кои што стоеја пред него и им рече: „Соблечете ги од него тие валкани облеки!” И му рече: „Еве, ја симнувам од тебе твојата вина и те облекувам во скапоцена облека!”

Ова нема врска со тоа што го цитира Ап Јуда, за мртвото тело на Мојсеј, кое Михаил го воскреснал, според Еврејските Апокрифи


Јуда 9 А Архангелот Михаил, кога се расправаше и препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те искара!”

Ова е цитирање на ептен еретичка дури строго забранета книга да се чита меѓу верните, бидејќи во неа се зборува за многу чудни и окултни философии
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 02:32
Ники - од која книга е тоа што Јуда го цитира?
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 02:36

Nikki, на многу места во Библијата кога Господ зборува преку ангел тој зборува во прво лице еднина. Дури и кога Господ му се јави на Мојсеј од распламнетата капина, сепак тоа беше ангел кој зборуваше во името на Бог. Но сепак, не сакам да бегам од темата и да ти докажувам дека Јуда го цитира Захарија, сметам дека тоа не е потребно на темава.

Јас реков дека ни Христос, ни апостолите не цитирале ниту еден цитат од дефтероканонските книги. Ти рече дека тоа е лага, но не наведе аргумент за тоа. За да докажеш дека тоа е лага ти треба да ми најдеш цитат од Новиот Завет каде е цитирана некоја од дефтероканонските книги што ги има во православната Библија и да ми кажаш кој цитат е тоа. Се додека не го сториш тоа, мојот аргумент останува да важи плазење
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 02:39

Книгата се вика
THE ASCENSION OF MOSES

Таа е дел од повеќе еврејски легенди
Еве Линк

Уште Еден

Еве Уште

Изменето од Nikki - 06.Август.2008 во 02:50
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.