|
Критика за свештениците |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
im happy
Сениор Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 136 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Април.2008 во 14:16 |
Убаво е да се чуе дека некои свештеници се свесни зошто им бегаат верниците. Ај па може и ќе се сменат работите.
Време е за критика врз нас свештенството Нам на свештенството, за жал, ни се многу поинтересни црковните треби и чинодејствија кои имаат парична тарифа, отколку оние кои немаат тарифа, како на пример, служењето Литургија, исповедта, причестувањето, проповедањето, духовното раководење Пишува: Митрополит Пимен Полека се приближуваме кон најголемиот христијански празник. Со тоа и кон последната седмица од Велигденскиот пост. Седмица во која верувам многу луѓе ќе се обидат да постат за да се причестат на крајот од постот односно на празникот на Воскресението Христово или народски кажано на Велигден. Ќе се обидат да постат и да не јадат мрсна храна, ама ќе заборават дека не треба да го јадат својот ближен. Ќе заборават дека постот е воздржување од лоши дела, лоши зборови, па и лоши помисли. Некои ќе се обидат и да симнат некој килограм, односно да го искористат постот како диета. Тие пак ќе заборават дека се пости од вера, а не од естетски причини. Некои ќе се обидат да го искористат постот за да направат некое добро дело пред Бога, за потоа да направат договор со Него во стилот, еве јас ќе испостам една седмица без масло, ама за сметка на тоа, Ти мене ќе ми дадеш здравје, пари, слава, успех... Ќе заборават дека Бог не им е должен ним ама баш ништо. Бог не е желботека. Некои ќе постат за да се докажат самите пред себе колку силен карактер имаат, а ќе заборават дека Бог не не учи да бидеме егоисти. Некои ќе постат за да добијат смирение и да ги избегнат искушенијата. Овие пак ќе заборават дека деновите на постот се благодатни денови и дека тука важи правилото колку поголема благодат толку поголеми искушенија. Една група ќе постат за други, односно за децата, за старите, за болните, но ќе заборават дека православната вера е личносна вера и дека секој може да има вера, и дека, дури и цел свет да се моли за некого, Бог нема да интервенира додека тој самиот не дозволи Божја интервенција. Сигурно ќе има и други мотиви поради кои ќе се пости. Нејсе. Убаво ги искритикував луѓето кои постат, но на погрешна основа, и не кажав дека се виновни за тоа. А, ако тие не се виновни за тоа тогаш кој е? Секако тој што не ги научил како треба, тој што не ги посоветувал. И сега некој ќе треба да не искритикува нас свештенството за пропустот, бидејќи, сепак, ние сме тие кои имаме обврска да го сториме тоа. Да не чекаме некој друг да го направи тоа додека сме кај темава, ќе ја почнам јас самокритички. Нам на свештенството, за жал, ни се многу поинтересни црковните треби и чинодејствија кои имаат парична тарифа, отколку оние кои немаат тарифа, како на пример, служењето Литургија, исповедта, причестувањето, проповедањето, духовното раководење. И сега сосема е “нормално” приоритет да им даваме на оние работи кои ни се поинтересни. Од тука зпочнува проблемот. Забораваме на Христовите зборови „бесплатно добивте, бесплатно давајте“. Потоа во случај на напад, на полето дека слабо се трудиме да допреме до народот, имаме спремен одговор дека народот не доаѓа во црква, па од таа причина не може да се допре до него, а забораваме дека Христијанството е мисионерска вера, забораваме дека светиот апостол Павле пеш го обиколил тогаш познатиот свет и покрстил толку многу народ. Не сакаме да се сетиме дека живееме во 21 век и дека денес има толку многу медиуми кои ни овозможуваат да пласираме се што сакаме да кажеме. Е, арно ама во последниве години медиумите ги користиме повеќе за да се оправдаме кога за нешто сме нападнати отколку за да кажеме нешто душеполезно и спасително. Па потоа не е ништо чудно што луѓе не не застануваат на улица за да не прашаат како може да постат или да се молат, туку се почесто не прашуваат што е со Вранишкоски, со Изгрев, со Австралија. А, како да не застанат и прашаат на улица кога не можат да препознаат свештеник. Па нели не му пишува на свештеникот на чело дека е свештеник, туку тој се препознава по неговата секојдневна свештеничка облека, по мантијата која треба да ја носи. А колкумина од нас надвор од храмот носиме мантија? Забораваме на канонот кој не обврзува надвор од својот дом да не се појавуваме без мантија. Ќе се согласиме сите верувам дека најчесто во црква одиме кога ќе не поканат на крштевка, венчавка и согласно тоа, не дај Боже за погреб. Тука имаме можност да го видиме и препознаеме свештеникот дека е свештеник, а тој пак има прилика тогаш да се обрати на народот и на момент да види дека има исклучок од правилото дека народот не доаѓа во црква. Но веднаш наидуваме на друг проблем. Поради тоа што е закажан термин, а по него има и друг термин, па и поради тоа што мораме на време да бидеме во расторанот и овие црковни треби поминуваат колку за адет, онака набрзина и повторно ја пропуштаме можноста нешто повеќе да кажеме за верата, за подвигот, за смислата и целта на животот, и да објасниме дека крштевањето, венчавањето и погребението не се само адети, и дека не треба тоа да се направи само поради форма, туку дека тоа има и длабока суштина и дека откако ќе се крстиме стануваме членови на Црквата со одредени права, но и обврски, пред се, заради нас самите. Дека улогата на кумот не е прв да заигра на свадбата, туку да се грижи за правилниот духовен развој на оние кои ги крстил и венчал. Сето ова не ќе стигнеме или ќе го заборавиме да го нагласиме, но тарифата никако да ја заборавиме. Тука е и проблемот на клирикализмот и институционализација на свештенството. Свештеникот не е веќе прв меѓу еднаквите, како што е определено според благодатта Божја и како што бил поставен во раната Црква, денес се гледа некако да се постави над народот. Сето тоа уште повеќе го оддалечува од народот. Забораваме на евангелските зборови на Христос, Синот Божји и Спасителот, дека кој сака да биде прв и најголем треба да им слугува на другите. И сега свештеникот не е препознат од верниот народ како еден од нив, а со тоа тешко дека ќе може да оствариме и личносен однос со нив. Ако пак не го оствариме тој личносен однос со мирјаните тие никогаш нема да се отворат кон нас и нашето слово нема да допре до нив. Штом не се отворат, нема да имаат ни доверба да се исповедаат и да се посоветуваат за правилата на духовниот живот. Кога е ваква ситуацијата каква што е, разбирливо е што луѓето почесто се советуваат со своите баби отколку со нас. И уште една работа знам дека им смета на луѓето. Не сите стоиме со дело зад зборовите, не сите го живееме она што го проповедаме. А штом не го живееме, словото наше побргу ќе биде технологија на зборови отколку теологија на живот. Забораваме на зборовите на светиот Григориј Палама дека „на секое слово можеме да се спротиставиме со збор, но не можеме да се спротиставиме на словото потврдено со живот“. Успешноста ја мериме со тоа што сме изградиле црква, а не со тоа што сме успеале некоја постоечка да ја наполниме со верници. Не размислуваме дека зданието е храм, а Црква е народот собран во името Христово на Евхаристија, на Света Литургија околу својот пастир. Има секако уште многу нешта за кои сме дале повод да не критикуваат, но сосема е доволно за почеток за да се поправиме и преумиме за овие веќе наброените. Ги наброивме пропустите и на едната и на другата страна, ни останува уште да почнеме да се поправаме на двете страни. Од тоа пак во најголема мера зависи нашата иднина како народ. Ако се поправиме сигурно и довербата и соработката ќе ни се продлабочат. Таква соработка и доверба сме имале низ вековите кога сме немале држава, ама сме имале Црква полна со Живот и затоа сме опстоиле. Споменав погоре дека искушенијата стојат правопропорционално со благодатта, бидејќи ако се нема благодат тешко се опстојува на искушенија, а пак нив ги имаме доволно слава Му на Бога, од проблемот со јужниот сосед до внатрешните проблеми и поделби. Сигурно сме Му мили на Бога па не дарува со нив. Е таков е патот на Христијаните, преку Крст до Воскресение. Ни останува кратко време до Велигден, па затоа апелирам да се свртиме кон себе, да погледнеме длабоко во нашето срце и да се покаеме за секој наш грев и со љубов да ја посведочиме нашата вера и пред Христијаните и пред Муслиманите и пред Евреите. Тогаш ќе чуеме пофалби од нив за многу години празникот комшија, а ние со радост ќе одговориме амин, со се вас. Тогаш дури ќе можеме по Крстот да го очекуваме и нашето воскресение со Воскресението Христово. |
|
middle is best... i believe in science
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Митрополитот Пимен заедно со Методија Златановски се
едни од најдуховно освестените православни свештеници. Секогаш ми е
задоволство да ги слушам.
И ова кажување на отец Пимен е за секоја пофалба |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Omer El Faruk
Сениор Регистриран: 31.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 997 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ko priznaje pola mu se prasta.
P.S. Se odnesuva na otecot Pimen |
|
Bronhi
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 348 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одличен текст
еве линк до изворот http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=4550 |
|
Земете БРОНХИ полесно се дише
|
|
mudzahid
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 818 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Таа е стара сега има нова Ko priznaje pola mu se dodaje |
|
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како би удрил една добра реплика на горниот текст, ама ај, нејсе, да не ви ја расипувам забавата
Сепак во горниов свештеник гледам искра на реформаторски дух, што е за пофалба... ИншАллах, можеби ќе биде еден од предвесниците на реформацијата во православието. Да се потсетиме дека и реформацијата во 16 век започна одвнатре, од самите свештеници т.е. калуѓери, бискупи.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dobar znak.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa ludje i vreme e za dobri znaci ide Veligden...
|
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Апсолутно се согласувам со ова. Крајно време е православната црква да се врати кон своите корени и прво свештениците да станат верници, а потоа сите други. Познавајки ги Пимен, Методиј и г.г.Стефан, мислам дека барем ќе почнат со таква реформа. Не знам до каде ќе стигнат, но... времето е пред нас... |
|
Kristin969
Сениор Регистриран: 01.Октомври.2007 Локација: Scotland Статус: Офлајн Поени: 340 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Dragi moi, site treba da se reformirame i da se promenime, ne samo svestenstvoto. Koga ke pocneme poveke da gledame sto nosime vo sebe, a ne kakvi se drugite okolu nas, ke razbereme zosto ni se slucuva se sto ni se slucuva. Verata vo Boga i zivoto ucenje na Isus Hristos treba da se posee i da fati dlabok koren vo nasata Dusa, zasto taa e vrskata , konekcijata so Kreatorot.....
Se soglasuvam so postot na otec Pimen, neka sekogas go sledi Bozjiot blagoslov, a site nie da pridoneseme i da si pomogneme edni na drugi za da ziveeme vo podobar svet. I samo togas ke razbereme deka nie sme tuka na Zemjata samo zaradi edno: da im sluzime na drugite lugje! A preku toa mu sluzime i na Boga! A ne toj nam!
Imajte prekrasen den!
|
|
Ljubov i Svetlina!
|
|
hristina72
Нов член Регистриран: 15.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 6 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Smeat li monasite da pijat viski....
|
|
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa ne se smeat koga pijat. A od kade znaeme dali ne pijat? |
|
fileo
Сениор Регистриран: 08.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 165 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |