IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Пред масакрот на 45 Тракијци (Карнеги Извештај)
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пред масакрот на 45 Тракијци (Карнеги Извештај)

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Пред масакрот на 45 Тракијци (Карнеги Извештај)
    Испратена: 04.Јануари.2008 во 21:12
За бугарскиот маскар на 45 Тракијци кај реката Арда, сведочат независни извори објавени во западниот печат. Дури и Карнегиевиот поткомитет не можел да не го спомне, иако пристрасен кон Бугарите.





45 Тракијци ликвидирани од Бугарите и фрлени во реката Арда

За она што претходи на овој масакар во Извештајот од Карнеги поткомитетот во Глава 3 под “Едрене” и поднаслов “Последните денови на окупацијата”, се вели:

“На 6/19 јули административните службеници во Едрене добиле наредба да се вратат во Бугарија. Телеграмата пристигнала во 11,30 ч. ноќе, јавноста не знаела ништо за тоа. На полноќ паркот Решадие се уште бил полн со луѓе, неизбежните кинаметографски филмови минувале пред очите на гледачите. Заминувањето на Бугарите било НЕНАДЕЈНО. Затоа тие ги оставиле своите топови, своите складови со муниција и другите материјали затоа обвинувањата за грабеж и силување искажани против нив ОТПАЃААТ, бидејќи самите услови на нивното заминување ги направиле НЕВОЗМОЖНИ.“ (?! – з.н)

- авторот ги вади Бугарите од сведоштвата за дивеењата со наводното НЕНАДЕЈНО им заминувањ од што со ПРЕТПОСТАВКА си вади ЗАКЛУЧОК дека немале време за дивеење! (се оставиле а камо ли да грабат и силуваат!)

- ако се оди со ПРЕТПОСТАВКИ, токму повлекувањето е поверојатен мотив за грабежи и силувања. Знаејќи дека нема да се враќаат, растат апетитите за грабежи и силувања оти други прилики ќе нема.

Дали и колку заминувања има на Бугарите од Едрене

Во понатамошното пишување од овој поднаслов се вели:

“Властите го напуштиле Едрене ноќта 6 и 7 (19 и 20) јули. Меѓутоа Турците не пристигнале. Во самиот град мајорот Морфов со своите 70 жандарми и командантот Манов, го претставувале законот и редот, но немало регуларни власти на станицата или во квартот Карагач и тука се случил инцидент КОЈ Е ЗА ЖАЛЕЊЕ (?!-з.н).

На 7 јули осум воени возови ја напуштиле станицата Карагач, само што заминал последниот воз, мародерите веќе биле на работа и МОРАЛО ДА СЕ ПУКА ПО НИВ ОД ПОКРИВИТЕ НА ВАГОНИТЕ. Пожар избувнал во магацините, потпален, КАКО ШТО ВЕЛАТ ОЧЕВИДЦИТЕ ГРЦИ од одред бугарска пешадија на пат од југ кон Мустафа Паша“.

- со ваквата пристрасност во извртувањето на бугарските злодела во Тракија се компромитира целиот Извештај и се губи секаква сериозност. На пример:

• првин се тврди дека Бугарите заминале ОДЕДНАШ ноќта 6/7 јули и се оставиле (топови, магацини и се др.) а за да ги “снема” воопшто во градот и во мигот на злоделата.

• потоа се побива самиот автор на Извештајот кога вели дека останале “70-тина жандарми на чело со мајорот Морфов и командантот Манов” кои “го претставувале законот и редот во градот”! Како кога нели сите отидоа уште ноќта 6/7 јули!?

• за да се оттргне нивната пак одговорност, се прави нова конструкција дека токму на станицата во квартот Карагач каде се случил “инцидентот”, немало “нивни регуларни власти (има бугарски “закон и ред во градот”, но само каде нема инциденти?!)

• новите случувања пак се “инцидент” (небаре нешто мало и попатно!) но и само се “за жалење”, за разлика од злоделата на Грците, Србите,Турците и др. (банди, четите и др. кои авторот ги опишува со сведоштва и подробно).

• иако се замина “НАБРЗИНА” ноќта на 6/7 јули и “НЕВОЗМОЖНИ” беа бугарските дивеења, авторот дополнително се демантира и кога вели дека утредента на 7 јули осум воени возови ја нaпуштиле станицата Карагач! Од каде пак сега овие војски кога сите отидоа уште ноќта 6/7 јули?!

• иако и тие заминале па почнале наводни пљачки од месни селани, се појавува бугарска пешадија од југ кон Мустафа Паша која врши палежи но кај авторот тоа е според Грци-сведоци! Од каде пак оваа бугарска пешадија ако нивните војски заминаа а останаа 70-те жандарми и мајор Морфов?!

Железничката станица во Едрене и пошироката околина

- Ако ноќта 6/7 јули се клучните сведоштва за силувањата и пљачкањата од Бугарите па и разбирливо е ова “снемување на Бугари” токму ноќта, зошто е потребата утредента авторот пак да појавува нови осум воени возови?!

• по пљачкосувањата и силувањата, следувале палежите и убиствата од Бугарите врз Тракијците, за што има нови бројни сведоштва низ западниот печат. За да ги оправда и нив авторот мора да ги појави но колку пак да ги вади на севозможни други околности.

• така, конфузно и без други објасненија само вели дека “мародерите веќе биле на работа и МОРАЛО ДА СЕ ПУКА по нив од покривите на вагоните”?! Не само што избегнува да каже дека Бугарите пукале, но со ова авторот преќутно ги одобрува кога вели “МОРАЛО да се пука”!

• палежите пак авторот ги поврзува со “Грците“ - сведоци (всушност Тракијци - под грчка црква или пропаганда, заради и што ги нарекува целовремено “Грци“). Затоа и вели: “потпален, КАКО ШТО ВЕЛАТ ОЧЕВИДЦИТЕ ГРЦИ од одред бугарска пешадија..”. Со ова читателот треба да се наведе на заклучок дека така се случило според очевидци “Грци “, а не оти навистина истото и се случило, (сведоци не-Грци може друго да кажат!).

Дрвените куќи биле лесна цел за опожарување при повлекувањето на Бугарите од Едрене

• не можејќи да ги негира бројните сведоштва за палежите и пљачките од Бугарите, авторот се обидува нешто друго. Заобиколено ја врти работата во стилот дека Бугарите биле на местото на случување т.е на станицата, но не можеле да “помогнат”, оти ПАК биле во заминување, а извршители биле селаните?!

• вешто уфрла “нема сомневање дека ограбувањето почнало пред очите на Бугарите (з.н- за читателот да дојде до заклучок, штом е пред нивни очи не се тие, но други!) кога тие биле качени на возовите (з.н - и да се финишира дека не се тие - биле качени на возовите!)“.

• со ова како увод,се уфрла пљачкање на магацините од страна на селани! Имиња на селани, бројност, начини и околности или друго сведоштво, авторот на “независниот” Извештај не нашол за потребно да посочи. Само “селани од Карагач и од блиските околии Чаурек - Кеуи и Долу - Ѓарос” и се довел во релација со неговата произволност од почетокот “нема сомневање “ (дека се селаните!).

• во овој контекст е и последното од оваа реченица, кога без никакви аргументи а со единственото од него “нема сомневање” е и дека војниците се ОБИДЕЛЕ да пукаат по селаните (да спасуваат магацини!) но тргнувањето на возовите ги оставило слободни да грабаат?! Треба сега да веруваме во растегливост од типот “нема сомневање” покрај конкретни сведоштва!

- Но следува нов заплет кај авторот. Иако војниците НАБРЗИНА заминале ноќта 6/7 јули, за пак НАБРЗИНА да заминат веќе заминатите војници утредената на 7 јули (?!), интересно е и последното. Покрај волку БРЗИ заминувања, наредниот ден на 8 јули Бугарите пак се во градот?! Според авторот – се вратиле!

- Преочигледна е интенцијата кај авторот да ги “снемува” Бугарите во време на дивеења, пљачки, силувања и палежи но само ден потоа пак се тука.

• следуваат убиствата наредните денови. Пак Бугарите требаат на сцена зашто сведоштвата за убиствата барем се јасни ако пљачкањата и палежите како поматни некако и можат да се скријат како и целата бугарска војска!

Од сокаците на Едрене, Бугарите апсат идни жртви за наводните кражби

- Значи не кажувајќи каде Бугарите заминале така набрзина оставјќи се и сешто и ноќта 6/7 и утредента на 7 јули, уште понејасно е како се нашле во градот на 8 јули,од кој правец дојдоа со кои сили, средства, бројност и други околности?! Зошто итното заминување ако пак се враќале? За се ова авторот само продолжува:

“Времето поминувало, а Турците не се појавувале. Затоа Бугарите се вратиле во понеделник наутро, на 8/21 јули. Почнале со разоружувањето на турските заробеници. Сцената што ја опиша г.Богоев, кога Бугарите стрелале во заробениците и убиле најмалку десетмина од нив МОРА да се случила во оваа фаза. Според ОБЈАСНЕНИЕТО дадено во тоа време од бугарскиот офицер кој ја држел станицата, заробениците се обиделе да избегаат верувајќи дека турската војска е веќе во Едрене. Кога Бугарите прашале од каде можеле турските заробеници да добијат оружје, биле известени дека ги снабдило населението. Од тоа време Бугарите внимателно ги надгледувале жителите на Карагач.“

- Авторот иако не посочува никакво сведоштво, пак продолжува со неговите претпоставки како готов факт. Така слично на она “нема сомневање” сега уфрла “мора да се случило” во фаза кога нему тоа му се видело за погодно, а за пак да се подоправдаат Бугарите сега за убиставата.

- Сведок за невиновноста на Бугарите и убиствата извршени од нив ни е бугарски офицер(?!), кој го кажува најстариот изговор за ликвидации на заробеници – “обид за бегство”! За да е поуверлив овој “обид”, се дополнува со наводното верување на заробениците дека турската војска е во Едрене.

- Читателот треба да се наведе на заклучок дека и навистина овие се обиделе да избегаат штом им се толку блиску нивните. Испаѓа дека е оправдано и нивното убиство, што е очигледна мисла на авторот да ја ампутира кај читателот



http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=1&pid=3&ppid=71&tid=880







Изменето од Vladimir88 - 04.Јануари.2008 во 21:19
Кон врв
bulgarian_mk Кликни и види ги опциите
Група
Група

ТуркоМонголски Бугар

Регистриран: 28.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 47
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bulgarian_mk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2008 во 21:47
Читај официални извори:

Карнегиева фондация за международен мир
ДОКЛАД НА МЕЖДУНАРОДНАТА КОМИСИЯ
за разследване причините и провеждането на БАЛКАНСКИТЕ ВОЙНИ


Таму пишува jасно: грците (не тракиjци :) ) краделе од скалдовите, намериле во куките им оружие и боеприпаси и ги застрелувале - ова е воен престап! Не е убаво во воено време да крадеш от армиjата ;)

Не се споменуват Тракијци во докладите на мегународната комисиjа!!! Поголемиот дел на Тракија во тоа време е во Царство Бугариjа, тракиец е географски поим, исто како мизиец, добруjанец и македонец.
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2008 во 22:03
Originally posted by bulgarian_mk bulgarian_mk напиша:

Читај официални извори:

Карнегиева фондация за международен мир
ДОКЛАД НА МЕЖДУНАРОДНАТА КОМИСИЯ
за разследване причините и провеждането на БАЛКАНСКИТЕ ВОЙНИ


Таму пишува jасно: грците (не тракиjци :) ) краделе од скалдовите, намериле во куките им оружие и боеприпаси и ги застрелувале - ова е воен престап! Не е убаво во воено време да крадеш от армиjата ;)

Не се споменуват Тракијци во докладите на мегународната комисиjа!!! Поголемиот дел на Тракија во тоа време е во Царство Бугариjа, тракиец е географски поим, исто како мизиец, добруjанец и македонец.


Абе поголем поим од тебе нема

Али тоа ти е ..
Бугарски информации не ми требаат..

Сме ги виделе и бугарските информации


Него ајде уште нешто...










За “Сведоштвото” од пробугарката бароница
Printprijatel

Гледајќи дека работата со западниот печат и дипломатските стеги е отидена предалеку, Бугарите трескавично бараат нешто во своја одбрана за терорите низ Тракија.

Нешто посигурно, некој авторитет или личност што ќе влева доверба, зашто само такво нешто може да ги подизвади.

- И ете, една не било која - но “бароница”, извесна Варвара Искул (?!). Зошто им била потребна бароницата (читај титулата)?

Едноставно и 100 “обични” сведоштва се топат во “величието” од сведоштвата на една бароница(?!). Сеедно моралните и карактеристики кои јавноста толку и не мора да ги знае. Зошто е психолошко - пропагандниот ефект секогаш на страната на титулираниот, на жалост од обичните смртници е друго прашање. Но Бугарите со ова сведоштво - се дозакопале.

- Писмото бароницата го пишува наводно до Г-динот Максим Ковалевски и е датумирано со 29 август 1913 год. (од Салсомаџоре). Првата реченица на бароницата е за Бугарија од која таа и “пријателот и” Максим очигледно биле ИМПРЕСИОНИРАНИ поодамна иако не знаеме од кои причини?! Ова се увидува веднаш кога почнува со:

“Драг мој пријателе, толку многу ти зборував за Бугарија и ти секогаш толку многу се интересираше за таа тема, што не се колебав да ти пишам, зашто вистината е моја обврска“.

- Таа “толку многу му зборувала“, а тој “толку многу се интересирал“, што дава целосно пристрасни личности кон Бугарија уште многу пред настаните, па од нив и не се очекува друго.

- По ова веднаш врши напад на написот од Лондонскиот весник како “измислен” од дописникот, но чудно неговите истражувања во врска со теророт ги нарекува “повеќе или помалку измислени“. И веднаш за да се објасни во оваа своја констатација вели:

“Велам, повеќе или помалку вистинити, зашто ми изгледа дека post faktum, со оглед на ставот на бившите воинственици, националните карактеристики и заедничките страсти, речиси е невозможно да се дојде до целата вистина“.
Бугарите под притисок од бројните сведоштва објавени во западниот печат за дивеењата низ Едрене бараат свои „сведоци“

- Иако вели “речиси е невозможно да се дојде до целата вистина“, бароницата тргнала во мисија да не доведе до – целата вистина?! (но нејзината). Почнува со идилична слика на Едрене, град стратешки важен за сите инволвирани та не малку борби се водени, но од описот на бароницата ќе се помисли дека тука небаре немало ништо.

- Од сето нејзино искажување се спознава уште еден факт за нејзиното бугарофилство. Имено дека таа таму влегова со Бугарите и нивните војници, како медицинска (милосрдна) сестра која токму нив ги лекува, преврзува носи и сл. Овој дел го објаснува вака:

“Отидов во Адрианополе на третиот ден од бугарската окупација и мојот прв впечаток при влегувањето во градот беше длабока зачуденост за редот во владеењето, наспротив фактот дека полицијата тогаш броела 30 луѓе“.

Бароницата во Едрене влегува со бугарските војски

- Зачудува овој “факт” - само 30 полицајци на толкав град, но фактот и е од втора рака што се осознава од она “броела“, што укажува дека и самата не е сигурна (?!). А “случајно”ја заборавила војската која во сведоштвата ги прави злосторствата, па е јасна потребата од ова пренасочување со полицајците. Може да се толкува и дека е намерно мал бројот на полицајците, колку да се рече (?!).Ова што бароницата го заборавила па самата си ја руши тезата токму со нејзиното натамошно сведоштво се осознава веднаш од продолжението:

“Улиците БЕА БУКВАЛНО ПРЕПЛАВЕНИ СО ТРУПИ што одат ваму - таму, очигледно радувајќи и се на победата, но без ништо што би можело или би имало намера да ги навреди победените“( ?!-з.н, јасно е и зошто веднаш брзањето да се нагласи дека тие кон победените се “хумани” за разлика од другите сведочењата). Но што прави оваа војска? За ова самата бароница пак вели:

“Кај џамијата Султан Селим имаше голема толпа, која се обидуваше да влезе, но вратите беа затворени, а стражарите одбија секакво влегување. Кога ме видоа облечена како милосрдна сестра, придружена од лесно ранет бугарски полицаец, тие не пуштија внатре преку една странична вратичка каде што немаше гужва. Кога прашав зошто не ги пуштаат луѓето внатре без посебна дозвола, стражарот одговори дека војската направила некакви штети во првиот ден,за што веднаш биле превземени мерки.“

Џамиите во Едрене цел на бугарското варварство

- Иако по ова бароницата ќе ни дава некој чуден и “совршен ред” на околината кога таа барала некакви оштетувања и пљачки од Бугарите та нашла само една дупка на покривот ( ?!-з.н), јасно е зошто војската не го пушта народот. Што ќе видат кутрите Тракијци кога Бугарите се испљачкале, но јасно е и дека додека за нив нема приод, за бароницата која лесно ранет Бугарин води, се и е дозволено. Особено во пропагирањето наводна бугарска хуманост и милостие кон несреќните Тракијци.

Изменето од Vladimir88 - 04.Јануари.2008 во 22:04
Кон врв
bulgarian_mk Кликни и види ги опциите
Група
Група

ТуркоМонголски Бугар

Регистриран: 28.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 47
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bulgarian_mk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2008 во 22:50
Докладот е од МЕГУНАРОДНАТА комисиjа. Или мегународната комисиjа е исто пробугарска? :)

Статиjата е од yellow pages на „Daily Telegraph" :)

Радувам се дека во форумот Историjа (Македонија и Свет) - наjпосештаваниот от ИДИВИДИ се сборува основно за Бугарска историjа, както требе да биде :)

Поздрав!
http://www.vbox7.com/play:2071aa89

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2008 во 22:59
Мора да се пишува за Бугарската историја за да биде појасно дека додека грците ја крадат историјата на Македонија од создавањето па до 6 век а Бугарите пробуваат да наметнат Бугарска историја за периодот од 6 век па до 19 век.Среќа што не продолжуваат во 19-20 век и да ни кажуваат дека сме се ослободиле самите од себесиголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2008 во 23:29
Originally posted by bulgarian_mk bulgarian_mk напиша:

Докладот е од МЕГУНАРОДНАТА комисиjа. Или мегународната комисиjа е исто пробугарска? :)

Статиjата е од yellow pages на „Daily Telegraph" :)

Радувам се дека во форумот Историjа (Македонија и Свет) - наjпосештаваниот от ИДИВИДИ се сборува основно за Бугарска историjа, както требе да биде :)

Поздрав!
http://www.vbox7.com/play:2071aa89



А јас се радувам што на секој бугарски форум се зборува за политиката на Македонија

И се радувам на тоа што на секој бугарски форум има потфорум
Република Македонија.

Тоа за мене значи дека неможете да се помирите со тоа што ние создадовме држава и не можете да се помирите со фактот дека веќе не сме под ваше ропство

Драго ми е што се јадосувате

Изменето од Vladimir88 - 04.Јануари.2008 во 23:31
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2008 во 23:36
Не заборавај Владимир дека сеуште имаме поробени делови од Србија,Бугарија,Грција и Албанијалутина
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2008 во 23:43
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Не заборавај Владимир дека сеуште имаме поробени делови од Србија,Бугарија,Грција и Албанијалутина


http://www.vbox7.com/play:2071aa89

Не се зафркавај се спремаат нивните им "корифеи" да ја прават Македонија Блгарска...

Само истиве овие знаат минатата година што им се случи на Градски
Ги пееа истите песни и завршија со ДУПНАТИ ГЛАВИ

Идниот пат носете си кациги..

А ако носите жени кажете да ги понесам "Червените" пари
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 02:17
И од напред и од позади ги ........ Бугарите и сега Македонија е на Македонцитеголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 12:25
Здраво ТАТАР_МК еве да прочиташ нешто што правеле твоите братја



Ѕверства над Тракијци-немуслимани
Printprijatel

На крајот од оваа мартирологија, сакам да споменам податок за едно неверојатно злосторство.

По првите вести за приближувањето на Турците, недела 7 кули, Бугарите го запалија складот за храна кај железничката станица во Карагач.

Некои Грци спасија неколку вреќи со храна. Во следниот понеделник, Бугарите се вратија, уапсија 45 бедници, ги врзаа по четворица и ги фрлија во Марица, а пукаа во секој што ќе се обидеше да избега. Само еден, Пантелејмон, успеа да избега така што потона во водата и се преправаше дека е мртов. Неколку дена подоцна ги извадија телата. Ќе испратам фотографии од нив.
Тоа што жените од Адрианполе мораа да го издржат е надвор од она што може да се замисли. Гркинките, Еврејките па дури и Ерменките и покрај тоа што Ерменците им беа наклонети на Бугарите, беа обесчестени. Се разбира, најголеми насилства доживеаја Турчинките. Не се почитуваше ни рангот, ни годините. Меѓу нив имаше многу млади девојки и стари жени. Повеќето од тие девојки сега се со деца. Тие што можеа да го поднесат тоа, отидоа во далечните предели за да го скријат својот срам. Повеќето полудеа. Многу од нив молчеа за нивната зла судбина, од разбирливи причини.“
- Со овој поднаслов продолжува статијата од “Daily telegraph“, всушност Извештај од Рускиот полицаец, кој конкретизира сведоштва, велејќи:

“Eве неколку примери: Хамид Нури, муфтија од Адрианполе, со солзи во очите ми ја раскажа следнава приказна:

“Неколку дена пред да заминат Бугарите, многу луѓе ја поминале ноќта под неговиот покрив поради заканите на Бугарите дека ќе го уништат градот и ќе го искоренат населението. Спроти него живееле жена на некој турски мајор, кој бил задржан како затвореник во Бугарија, со нејзините две млади ќерки. Еден час по зајдисонце од оваа куќа се слушнал голем плач:
“Земете се што сакате само не допирајте ги моите ќерки. Зарем нема муслимани што ќе ја одбранат нашата чест?“

Муфтијата го испратил бугарскиот војник, кој властите го одредиле да го штити неговото многу пати ограбувано живеалиште, да им помогне на жените. Еден момент подоцна, војникот се вратил и со огорченост му рекол дека сите бугарски војници ги силувале трите жени, но оти тој не можел ништо да стори, бидејќи му се заканиле дека ќе го убијат со мускетите. По три часа престанале очајничкиот плач и липањето на жените. Мајката и ќерките лежеле избезумени, откако војниците заминале. Сите што таа ноќ побараа уточиште кај муфтијата тврдеа дека се сведоци за вистината на таа приказна.“

Друг пример.

Истиот ден 4 бугарски полицајци влегле во куќата на богатиот Израелец, Саломон бен Басат. Жените и младите девојки избегале во соседните куќи прекачувајќи се преку оградата, но децата останале на првиот кат. Служавката, 18-годишна, која се вратила по нив, била силувана од двајцата полицајци. На крајот, кажувајќи им дека на горниот кат ќе ја најдат убавата ќерка на домаќинот, таа избегала. Службениците тргнале горе, а девојката избегала оставајќи крвави траги зад себе. Таа се уште е во болница. Муфтијата, осврнувајќи се на горново, како и сите жители без оглед на религијата, рекоа дека неколку дена по влегувањето, Бугарите ги затвориле сите џамии што предходно биле осквернавени и се користеле како нужници. Бугарските војници си олеснувале себеси од минарињата со цел да ги навредат муслиманите. Тие го имитирале повикот на Мезините и кажувале вулгарни непристојности за Мухамед, за религијата, за Султанот и за Чукри паша, претходниот Управник на тврдината. Кога муфтијата се пожалил, бугарскиот командант, Генерал Велчев, побарал да му ги посочат злосторниците. Кога муфтијата од прозорецот му го покажал бугарскиот војник како задоволува природна потреба на минарето, Генералот Велчев саркастично одговорил “После се, не можете кутриот војник да го лишите од ненавредлива разонода”.




- Со овој поднаслов продолжува статијата од “Daily telegraph“, всушност Извештај од Рускиот полицаец, кој конкретизира сведоштва, велејќи:

“Eве неколку примери: Хамид Нури, муфтија од Адрианполе, со солзи во очите ми ја раскажа следнава приказна:

“Неколку дена пред да заминат Бугарите, многу луѓе ја поминале ноќта под неговиот покрив поради заканите на Бугарите дека ќе го уништат градот и ќе го искоренат населението. Спроти него живееле жена на некој турски мајор, кој бил задржан како затвореник во Бугарија, со нејзините две млади ќерки. Еден час по зајдисонце од оваа куќа се слушнал голем плач:
“Земете се што сакате само не допирајте ги моите ќерки. Зарем нема муслимани што ќе ја одбранат нашата чест?“

Муфтијата го испратил бугарскиот војник, кој властите го одредиле да го штити неговото многу пати ограбувано живеалиште, да им помогне на жените. Еден момент подоцна, војникот се вратил и со огорченост му рекол дека сите бугарски војници ги силувале трите жени, но оти тој не можел ништо да стори, бидејќи му се заканиле дека ќе го убијат со мускетите. По три часа престанале очајничкиот плач и липањето на жените. Мајката и ќерките лежеле избезумени, откако војниците заминале. Сите што таа ноќ побараа уточиште кај муфтијата тврдеа дека се сведоци за вистината на таа приказна.“





Изменето од Vladimir88 - 05.Јануари.2008 во 12:26
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 12:27
Самосвеста на Тракијците
Printprijatel

САМОСВЕСТА подразбира и - оформена и утврдена - СВЕСТ за своите но и туѓите обележја , како и границите помеѓу нив.

- Тракијците на пример во голем степен ги имаат зачувано нивните обележја како - ЈАЗИК и КУЛТУРА но не стигнаа до - формирање на - САМОСВЕСТ за Тракијска народност.Тракијска самосвест имало но во многу малку народ , без критична маса.

- Авторот на Рибниот буквар” - др. Петар Берон , ги имал сите обележја ,дури и букварот го пишува на тракиски јазик.Тој и се самоопределил за - Тракиец, бил - САМОСВЕСЕН - но , во негово време - НЕМАЛО ПОГОЛЕМА ЗАЕДНИЦА која тоа би го прифатила, организирала и обединила во – ОПШТА
Кон врв
Oho Boho Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Tatarin-Dragalevchanin

Регистриран: 14.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 336
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Oho Boho Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 12:43
Момче, вземи да си измериш температурата! Ако показва нормално, значи термометъра е развален.
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 13:29
Originally posted by Oho Boho Oho Boho напиша:

Момче, вземи да си измериш температурата! Ако показва нормално, значи термометъра е развален.



Бугарите се вадат за теророт


Така командантот на резервистите Келибаров и воениот судија во Лоценград и Адрианополе Топалџиков, од името на штабот упатуваат Извештај до редакцијата на “Daily telegraph“, во кој ги смалува жртвите и ѕверствата. Ова вадење како Додаток Ѓ и насловено со – Одбрана и Документи поврзани со Глава 4 е и во извешатајот од Карнеги Балканскиот поткомитет (во преводот од “Култура” -2000 год.).





- Особено манипулираат со околностите и бројките иако и редакцијата на Лондонскиот весник поседува фотографии и сведоштва од сите инволвирани страни но и националности. На пример иако за бројот на жртвите кај р. Арда е 44, посведочено со единствениот преживеан, потоа комесарот на Извештајот и сведоци - “бугарофили“ и “гркофили “, овој Келибаров ја смалува на 20-тина, но и плетка со околности и причини (?!). А тие се сведуваат на тоа дека било по нивна кривица (демек тие си се криви што загинале со најчестиот изговор – бегале а биле и арамии?!).

- За масовниот број изгинати Турци пак, тоа било од болест – колера што изгледа само меѓу нив завладеала па и за ова не се криви Бугарите но пак – умрените?!

- За пљачките и грабежите од страна на бугарските војници, нив не ги вршеле војниците но локалното население – самото си се ограбувало, особено Грците и Евреите ограбувале. Нејасно зашто токму нивните се најскапоцените продавници и накити за што во сведоштвата на Лондонскиот весник имаше конкретни имиња, дуќани, количини од кого и како е тоа извршено.- За разлика од прецизноста на тие сведоштва, во Извештајот на Келибаров само стои една фуснота “Ако треба ќе потврдат (Турците или др.)“, но ниту се осудиле, ниту нашле конкретно сведоштво поткрепено од повеќе независни извори.

- Ако и дале Бугарите нешто, тоа се некои Наредби од нивни Бугарски Команди (преписка меѓу мајор Васов и Генерал Волков) со кои се наредува да се намали од храната на бугарската војска за да се даде на затворениците – Турци?! И не е човек ниту да се смее ниту да плаче на ваквата детска болест но и безобразие на Бугарите при поигрувањето со на новинарите од “Daily telegraph“ интелигенција (но и со нашата, т.е. на читателот).

- Зашто ај што ништо конкретно не докажуваат ваквите наредби но тие во секој миг можат да се прилагодат, допишуваат или натпишуваат – тие се само нивни! Но и да се вистински од тогаш, на терен колку и како се спроведува е друга работа, за која овој документ не може ништо да докаже.




За масовните бугарски грабежи, силувања и други дивјаштва низ улиците на Едрене, особено се заинтересирале и странските претставници





- Гледајќи ја лавината од осуди низ странскиот печат и дипломатии, овој Извештај завршува со некое оправдување, всушност осуда - дека се на Бугарите им зготвиле Грци по род кои по сите странски амбасади биле секретари (дури и во руската) во Адрианополе(?!)

- Демек тие амбасади немаат конзули и др. персонал кој и самиот е во можност да види што се случува (не малку страдалници токму кај нив доаѓаат за спас при бугарскиот пир), но се оставаат на секретарите (?!).

- Уште поглупаво завршува овој Извештај со последната реченица за овие секретари кои небаре знаеле уште пред војната што ќе биде, та се криеле што се по националност! Последната реченица од ова писание вели:

“Овој факт буди љубопитност за Извештаите на секретарите од некои странски конзулати во Адрианополе, кои внимателно се воздржуваа од признавањето на нивната националност, скриена зад превезот на нивното претставување на странските сили“.
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2008 во 15:11
http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/glava3_1.html#Posled..

Еве го сштиот епизод от Карнегиевата анкета (во превод на бугарски. А дали има македонски превод на таа анкета?
Штото ми се јавува сомнеж во избирателност на цитиранијта.
Времето е воено, мародерите се казнуват но целиот свет.
А ти подобре прочети целит доклад на Карнегиевата комисија. Па после кажи - турците, грците и србите са ангели небесни, само бугарите колеја и бесеха.
Как немаш срам Владко од коските на твоите прадедовци и прабаби (чукундедовци мај се казваше на македонци). Земи прочети првом за злодејанијта на србите и грците...
Пријатно четене:
http://www.kroraina.com/knigi/karnegi/index.html
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.