IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 146>
Автор
Порака
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 22:58
...dobrodojde vodolija 1977...mnogu ubavo, imash stil kako na Zak Prever slichen vo poezijata tvoja...:)
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 23:14
сефтосување на англиски

Before

Before the ruins start telling stories about my city,
i want to pass it by with the strenght of an ant.
Before my home turns into a spiders' kingdom,
i want to gouge my signature in every corner of it.
Before our looks stay captured on old pictures,
i want to invent eyes who won't close up
in the middle of those terrifying winds of time.
Where are we headed to?
Every new sunrise is a step towards the final sunset.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 23:28
Ti si poveke od se
i ne sakam nikoj da doznae
zosto ke te ukradat volci vo nokta,
a takva tajna da se deli
so nikoj ne smee.
A sepak ladno mi lazi niz rbet
od misla izdajnicka
deka ti ke spoznaes
deka oci ke otvoris
i togas dobro ke me zagledas
so prezir ke me poglednes
i zasekogas ke zamines.
A jas megu bubalki ke legnam
kon zvezdi ke gledam
so zelba zasekogas da zaspijam.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 23:35
Воинствените јавачи го најавија денот
Никогаш толку сенки друг пат немало на едно место
Солзите не капеа зашто тој ги задржа
туку немо во сивилото во внатрешноста се сливаа
толку длабоко, во недопрената убавина.


На главите на тие што судеа
висеше клетва,
заради една забранета љубов
многу солзи и пар затворени очи.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 00:38
Средба со болката
на сите што изгубиле сакан

Во рани мугри, ја сретнав болката
на старата патека што води до твојот дом.
Во рацете држеше црни цветови.
На вратот имаше алка од човечки солзи.
Ме гледаше со провиден поглед.
Беше тоа вчудовиден поглед,
близнак на ноќната сенка.
Мирно стоев спроти болката
и јасно го гледав нејзиниот издлабен лик.
А таа полека ги пружаше кон мене
своите ковчести раце испреплетени со трње.
Како да сакаше да ме допре,
да се увери во моето постоење.
Во тој миг се распара небесната утроба
и силни дождови ја полија патеката
што води до твојот дом.
Со чекори кои повеќе наликуваа на лет,
болката ме напушти пред една голема бара,
да го проколнувам дождот што не ми дозволува
да дојдам кај тебе.
И тогаш го видов својот лик во барата.
Во рацете држев црни цветови,
а на вратот имав алка од човечки солзи.
Дождовите секнаа.
Со калливи чекори, стигнав до твојот дом.
Го оставив моите црни цветови на твојот гроб
и потрчав назад за да избегам од изгрејсонцето.
Не сакав другите да видат дека сум се престорил во болка.
      

Изменето од Quentin - 15.Март.2008 во 00:44
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 01:31
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Горчлива е смрттакога притаено блискиотв прегратка цврсто ќе го зграби...Боли болката и душа раздирадлабоко и мачнов градите продира...И чудно, наеднаш ништо повеќе исто не ениту некогаш ќе е.И повеќе важно не еона што се рекло и сторилоне рекло, ил заминало...Останува само непресушниотпелин-извор на болкатакој протекува низ коритото на душататага


А јас, небаре стар и опитен алхемичар
сакав да и' вдахнам здив на душата
што како дим од цигара,
брза да се прегрне со небесата.
Попрво, од катран - злато ќе сочинам.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 01:35
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Горчлива е смрттакога притаено блискиотв прегратка цврсто ќе го зграби...Боли болката и душа раздирадлабоко и мачнов градите продира...И чудно, наеднаш ништо повеќе исто не ениту некогаш ќе е.И повеќе важно не еона што се рекло и сторилоне рекло, ил заминало...Останува само непресушниотпелин-извор на болкатакој протекува низ коритото на душататага


А јас, небаре стар и опитен алхемичар
сакав да и' вдахнам здив на душата
што како дим од цигара,
брза да се прегрне со небесата.
Попрво, од катран - злато ќе сочинам.


ОВА МИ ЛИЧИ НА ЕДНА СИМПАТИЧНА ИГРА „ПРОДОЛЖИ ЈА ПЕСНАТА“
КОЛКУ МИ Е ЖАЛ ШТО НЕ СУМ ВО ФОРМА, АЈ УТРЕ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 01:43
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Originally posted by Quentin Quentin напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Горчлива е смрттакога притаено блискиотв прегратка цврсто ќе го зграби...Боли болката и душа раздирадлабоко и мачнов градите продира...И чудно, наеднаш ништо повеќе исто не ениту некогаш ќе е.И повеќе важно не еона што се рекло и сторилоне рекло, ил заминало...Останува само непресушниотпелин-извор на болкатакој протекува низ коритото на душататага


А јас, небаре стар и опитен алхемичар
сакав да и' вдахнам здив на душата
што како дим од цигара,
брза да се прегрне со небесата.
Попрво, од катран - злато ќе сочинам.
На КвентинМе погоди во длабочинитеза кои мислев дека ми се само мене знајни.Ме разобличидушата ми ја соголикако војник заробен ме разоружа.Како славеј птицано не со к*ршум, а со сладок збор ме придоби.Слетав на твоитеотворени дланки, за навекпесна да ти пеам


Кон врв
alan ford Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Techno thief

Регистриран: 02.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 10782
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alan ford Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 01:47
Учам...



Учам да пуштам долга коса

учам да пуштам брада учам да

исчезнувам во општеството од време

на време ме посетуваат службите

за бричење и службите за шишање

ме подбричуват ме потстрижуваат ме

учат да ги исфрлам од употреба

зборовите што значат чисто

самољубие ме подбричуваат

со уверувањето дека насекаде

ме следат невидливи растенија



Ме потсетуваат дека во

автобусот со број 24 до

мене седи еден безгрижен

бог

потоа останувам во општеството

во автобусот во природата недоучен

како се пушта коса или воопшто

како се пушта брада во

мислите ми останува

сликата на нож вбоден во

парче овчо сирење
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 02:15
Нотите на тишината

Те познавам по тивкиот чекор,
глува балерина која тивко се искрадува зад спуштената завеса
и сака да ги наслушне меките звуци
на кавалот кој одекнува од далечната пуста гора.
Твојата мелодија во немиот простор,
исполнет со погледи нанижени на ѓердан,
која ја исполнува празнината
претставува огледало на премолчените работи
кои танцуваат на облаците заедно со сонцето.
Прекрасна мелодија, посакав вечно да трае,
но лажните зборови ја уништија,
распука огледалото на вистината.
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 02:46
A DREAMER


Her reach falls short and yet she reaches
to gasp that which she cannot hold
yearning for those stardust skies
and seeking for those suns of gold.

She knows in truth it can't be done
and yet she wont give up her quest
she runs a race that can't be won
pursues her goal with a dream she cleaves.

Joyful to the stars she flees
to land on shores she'll never see
believing what she cannot see
and seeing all that she believes.

She basks in warmth from foreign suns
and breathes air with scents of night
caresses silver sands at dawn
and bathes in rivers flowing bright.

Now, who can tell what may yet be
possible for you to see?

...what dream ?...what goal ?...what victory ?...

...Yet first you must a dreamer be.

Изменето од ...Well... - 15.Март.2008 во 02:51
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 03:05
PATOT NA NADEZTA

Kako ptica sto od kafez moli za slobodata svoja
vreme e da se smenat patishtata bezkrajni
ostavi gi tie temni snishta
da izcheznat so maglata.

Te drzat predolgo zarobena denovite ispolneti so bolka
samo sto pristignati i ke minat
i nokta samo sto pochna
a zorata seushte ne e dojdena.

Prodolzi malecka poeteso
po patot svoj da chekorish...

Ke se soochish so srekata vo zivotot
koja doagaa od sekade naokolu
i ke dojde i momentot da svatish
deka zivotot e samo na chekor od tebe.

Ako se setish na idninata
i zaboravish na minatoto
ke dojde i vremeto na sonceto posle dozdot
i proshetkite po bezgriznite pateki.

Prodolzi malecka poeteso
po patot svoj da chekorish...

Mina vremeto koga beshe budna cela nok
i gi izgubi site tvoi slatki snishta
dojde vreme da se oblechesh vo strasta
i da ja raspushtish taa kosa
novi vetrishta duvaat
i mirisot na promenite se chustvuva naokolu.

Prodolzi malecka poeteso
po patot svoj da chekorish...
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 10:10
ЦЕР

Во фустан од најчиста светлина
Стокми ја тагата,

Накинџури ја, истафри ја како мома
За мажење,
Нека блескаат од неа монистрите
На спомените
Како очи на млада пуполка
Што гушка бара од новиот ден...

Од срма и свила извези вез
На одразот стивнат
Во времето зад,
Кај што волчји заби бразди сечат
А зборовите не можат да се доречат,
Низ мигот сќутучен да се провлечат,
Па месишта кинат, ко жарој печат,
Ја парталат кожата,
По стрништа паламидни ја влечат...

Собери бронза од првата зора
Дури сонот уште не истинал в черги,
Дури мислата трње не пошла да гази,
Троа бронза саде нацрпи
Со солзата бисер бигоросан
На насмевката на последната надеж –
Кога стивнуваше плачот на закланите срни...

Стокми ја тагата
Во фустан од најчиста светлина...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
doriangray Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Опсесивен компулсивец

Регистриран: 03.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1460
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај doriangray Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2008 во 12:55
За освежувачот на оловниот воздух

Илуминација на неосветелноста,
контраст на црнината,
спротивност на неискреноста,
патоказ на раскрсницата.
Ти благодарам што постоиш!
Don't tell me what to do 'cause I'll never be uptight like you.
Don't look at me that way 'cause I ain't never gonna change.
And if you're talking about my life you're only wasting your own time!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4142434445 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,211 секунди.