IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 146>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 11:22
МАГИЈА

Метастазите на магијата
се расчаталиле низ зглобовите
низ крвотокот фрчат експресните возови
на последна рожба
на сопствената прескакулица,
на последното себенадминување,
последното себенадраснување,
очите на чинкифрлачката талкаат
по хоризонтите на повампирената надеж
таму кадешто оживуваат
од здивот на великомачениците
мртвите птици
на замолчените илуминации

Слушај, слушај како набабрува
воздухот на пролетното утро
од румените мириси на метафорите!

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 14:48
ajde malce i drug jazik

za tie sto ne znaat... ova e na germanski

Begreifst Du?

Ich möchte dich fühlen,
doch ich kann nicht.
Ich möchte dich sehen,
doch es geht nicht.
Ich sage, “Ich liebe dich“,
doch du verstehst „ich mag dich“.

Du füllst meinen Liebestank
Einem Satz, ein Wort
Und ich bin hin und weg

Ich kann es nicht beschreiben,
wieso kannst DU es nicht begreifen?
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 14:51


Mojata prva MAKEDONSKA poezija, se nadevam za prvpat ne e losa


ANGEL


plavo, vitkano kose,
svetlo, nezno lice,
ukraseno so beli lkrija...
tolku cisto, tolku nezno
neopislivo ubavo i slatko

mislev toa e Angel
no gresev.


temno,pravo kose,
temno, nezno lice,
nema krilja
no, tolku cisto, tolku nezno
neopislivo ubavo i slatko.

so nasmevka me cekas,
vo pregarka mi trcas.

Angelce moe,
toa si ti.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 15:35
аплаузаплаузаплауз
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 17:22
Gi slusam tvoite cekori
mislam vrapci se sobrale po skalite,
mislam sekoja skala e muzicka
i deka orkestar te prati.
Vo moeto srce lupaat tapani
vo sklad so grizenje na usnite
dodeka pot me obliva.
A sepak na tuga vrata zvonis,
sepak tuga nasmevka slusam
sto ti se raduva i ceka
so sigurnost za dobivka.
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 20:00
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

   МАГИЈА

Метастазите на магијата
се расчаталиле низ зглобовите
низ крвотокот фрчат експресните возови
на последна рожба
на сопствената прескакулица,
на последното себенадминување,
последното себенадраснување,
очите на чинкифрлачката талкаат
по хоризонтите на повампирената надеж
таму кадешто оживуваат
од здивот на великомачениците
мртвите птици
на замолчените илуминации

Слушај, слушај како набабрува
воздухот на пролетното утро
од румените мириси на метафорите!



Super,super! I love it!
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 21:15
магдаленче, се надминуваш самата себе...во фаза на себенадраснување си...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 21:26
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Мајсорче, убавото е убаво, тука нема место за суета. Уметноста е возвишена, а кога уметникот заслужува ваков громогласен аплауз-нема простор за размислување “да се симне шешир или не“намигнување


тоа и јас го мислев...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
OUST Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Јануари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 6653
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај OUST Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 22:38
Originally posted by Quentin Quentin напиша:


Недојдените

На недојдените им беседам.
"Не доаѓајте на светов!"
Наредете му на вашето постоење
да скита како аморфна маса меѓу димензиите.
Ако се создадете овде,
ќе ве распнуваат на крстови,
ќе ве черечат на колови,
ќе ви вбризгуваат идеологии.

На недојдените им беседам.
"Не доаѓајте на светов!"
Пуштете ги своите души да лебдат спокојно,
пуштете ги бездомнички нека бидат...
Не допуштајте дом - тело да им биде.
Ако дојдете овде,
ќе се прашувате кои сте,
ќе лутате незнајни и жедни
за вистина и возвишување.

На недојдените им беседам.
"Не доаѓајте на светов!"
Вселете се отаде ѕвездите и
преспијте ја вечноста во нова форма.
Останете завиткани во вашето прапостоење.
И онака овде, ништо битно не пропуштате!




СЕКОЈА ЧЕСТ!
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 22:41
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Мајсорче, убавото е убаво, тука нема место за суета. Уметноста е возвишена, а кога уметникот заслужува ваков громогласен аплауз-нема простор за размислување “да се симне шешир или не“намигнување


Ти благодарам најискрено. Без оглед на нашите минати несогласувања, во име на уметноста поради која сите сме собрани овде, се' можеме да простиме и да забораваме.



Изменето од Quentin - 13.Март.2008 во 22:44
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 22:48
МОСТ

на А.К. (девојчето со носталгична топлина во очите)

Камен во воздухот....
Згрутчена каловина
во дамарите на светлозорната
песна на славејот од незнајните далечини...
Огледало -
ликови одамна изедени
Сенки -
се будат неволничките револтирани,
јарички што не застаруваат,
да распретаат во буништето на глупоста
какол – житото да го пронајдат -
должник за одговор што им остана.

Сонце во ноќта...
серенада на отфрелена лач
ги отвора со трепет ќепенците на срцето
во бигорот длапка што издлабило...
Два шпила карти со различни симболи
меша судбината на маса
со простирка од меланхолични очи...
Крик -
од обата рида на страданието...
Камен во воздухот...
Хаосот како мост телото го нуди...


Изменето од majstorce62 - 13.Март.2008 во 23:18
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 00:50
Приказна

Зад секој лик стои приказна.
Знаеш ли дека на улица,
изгубени во градската толпа,
рамениците си ги потчукнуваат
мојата и твојата приказна?
Го впиваат краткиот миг,
додека со очи се прекоруваме
за пешачката немарливост.
Во некоја книга за авети, магии и судбини
ќе стои запишано дека на тој датум,
под тоа сонце, на тој свет, во тој живот,
се споиле нашите приказни.
Можеби она што мигот ни го кажува,
во универзумот е безвременско повторување.
Можеби таму некаде, случајноста го изгубила
баналното значење коe и' го даваме,
и некоја мајка му ја спомнува на своето доенче
како измислена приспивна, што ветува сон.
Можеби ќе останеме заробени во нашите прекорувачки погледи,
не знаејќи дека сме и' ја пресекле папочната врвка
на една цела нова приказна.



Изменето од Quentin - 14.Март.2008 во 00:57
Кон врв
ZeZnAtA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Power

Регистриран: 26.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 19172
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZeZnAtA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 00:54
Originally posted by Quentin Quentin напиша:

Приказна

Зад секој лик стои приказна.
Знаеш ли дека на улица,
изгубени во градската толпа,
рамениците си ги потчукнуваат
мојата и твојата приказна?
Го впиваат краткиот миг,
додека со очи се прекоруваме
за пешачката немарливост.
Во некоја книга за авети, магии и судбини
ќе стои запишано дека на тој датум,
под тоа сонце, на тој свет, во тој живот,
се споиле нашите приказни.
Можеби она што мигот ни го кажува,
во универзумот е безвременско повторување.
Можеби таму некаде, случајноста го изгубила
баналното значење кои и' го даваме,
и некоја мајка му ја спомнува на своето доенче
како измислена приспивна, што ветува сон.
Можеби ќе останеме заробени во нашите прекорувачки погледи,
не знаејќи дека сме и' ја пресекле папочната врвка
на една цела нова приказна.

 
                                                                                 мечтаење
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 01:09
So deka kazav, samo ja usrav,
deka sum umren i gotov
dur mirisot na zemja svezo izbiva
i za koj ednistveno znam.
Moeto srce skapano ne cuka za nikogo
pa ni za mene
koj sum roden vo dolinata na senkite
od kade nikogas ne izleguvam
i kade se budam so pesnata na liljacite.
Mislev denot nov zivot ke mi dade
no kako i sekogas si se lazev
zosto nesporedliva e zastitata na mrakot

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,264 секунди.