IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 138>
Автор
Порака
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2008 во 17:06
Vo mene cuvam 5 sveta,za samo 1 angel od edno srce...od moevo srce skrseno koe place po tebe..i togas koga tie svetovi koi gi cuvam samo za tebe ke zgasnat,istoto toa srce ke prodolzi da cuka podaruvajki ti uste eden nov moment na zivot so sekoe negovo odcukuvanje..vremeto za mene zapre odkoga te izgubiv,a prodolzuva ponatamu da zivee samo spomenot moj za tebe...
Кон врв
Monuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2128
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Monuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2008 во 19:31
Не сум виновна. Иако ме обвинуваш за најголемото злосторство, иако ми ја припишуваш најголемата грешка што едно младо срце може да ја направи, сепак не сум виновна. Да, признав, за жал ја немам превртливоста и итрината на таа во чии раце си сега, моето срце не познава лага, а тоа... можеби тоа е мојата најголема грешка. И сега, додека мисливе ми тежнеат на душава и со секоја нова воздишка се молам да заборавам на понижувањето, на страдањата, ти си околу мене. Кога се будам со солзи од кошмарот, ти си морничавоста што не ми дава пак да заспијам. Кога сакам да погледнам кон светот, да заборавам на темнава соба во која едвај дишам, ти си студеното стакло од прозорецот. Кога сакам да врискам, да молам некој да ме чуе и да ме спаси, ти си дебелите ѕидовите со кои ја зароби мојата душа. Не, не може љубовта да е толку тежок грев. Не може нежностите, топлите допири, слатките зборови, да се толку страшни злосторства па да ја заслужам казнава која ми ја пресуди. Претпоставувам, и не може, доколку љубовта е возвратена. А ако не е, само копнежот што полека убива останува.
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
Кон врв
Tonchie Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Поискрен од Мона Лиза

Регистриран: 02.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 290
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tonchie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 00:27
Приказната на Тончи PART I
    
Беше лето 2002... долго фино лето... отидов во Кочани, градот од каде што е мојата мајка... градот каде што поминував прекрасни викенди за време на средно... И се случи година дена претходно да запознаам некои нови лица, интересни, шарени, кои ја слушаат мојата омилена музика... кои помалку или повеќе ги делат моите хобија... и сите ми спомнуваа една Драгица. И ете лето 2002 како и секое пред тоа отидов во Кочани, и една топла летна вечер, шетајки со другарчињата видоф едно мало кршливо бушаво девојче со подочњак до вилица и сјај во очите. Ја запознав Драгица... во тој момент таа помислила дека јас сум некој дилер од Кавадарци а не Тони за кој што и зборувале нашите другарчиња изминатава година. Сепак отидовме во еден малечок парк да седиме и да си правиме муабет и да пиеме Смедеревка. Драгица и другарка и Ивана отидоа да мочаат позади зграда, човекот од 3ти спрат ги гледал и кога завршиле почнал да пцуе по нив и им фрлил кофа вода. Драгица целата нак*рчена му кажа да му се исуши... ама не денес, утре да му се исуши... Потоа дојде марица и лада нива. Полицајците излегоа сите спремни да апсат и кога дојдоа видоа познати ликови... Драгица, па тоа си ти, Максимова и ти си тука... Сите ли сте од тука??? Јас кажав дека сум од Скопје и дека сум на гости кај дедо ми на ул. Руен. Полицаецот што ни е обрати прв не замоли да бидеме тивки и да се преселиме во другиот дел од паркот. Ние останавме таму, и продолживме со муабетот. Случајно падна тема филмот Титаник. Јас го немав гледано, само неколку трејлери, и денес сеуште го немам гледано. Драгица ја пружи раката кон мене (седевме на спротивни делови од кругот) како Кејт Винслет... Јас ја пружив мојата и ја повлеков во прегратка. Кога сите се разотидоа останавме да се бакнуваме во паркот до изгрејсонце. Наредната вечер нејзиниот несуден сопруг (невеста-бегалка), дојде во паркот. По долга расправија сепак си отиде без да биде насилен (изненадувачки од негова страна, од моја страна коските ми се тресеа). Потоа отиде типот исчезна..... Ние останавме, пиевме Смедеревка за сите пари што ги имавме. Таа ме зафркаваше затоа што не пиеф. Јас и викаф дека кршам семејна традиција, и ретко пијам. Таа само возврати, пиеш ретко, ама квалитетно и ми пружи полно шише. Јас испив половина во една голтка. Бефме пресреќни... Секоја вечер ни беше исполнета со многу алкохол и долго бакнување, секое утро ме болеше цела вилица Еден ден беф кај еден другар што има печатница, покрај тоа што му помагав во печатењето инхалирав од една боја за печатење што ја викавме спеарминт. Чувството беше како да ти бушат две бургии низ носот кон мозокот и кога ќе стигнат таму веќе е многу убава глетката пред тебе. Кога се поотрезнив малку излегов во град. Таа вечер таа ми предложи да спијам кај неа дома, јас прифатив, таа воскликна.... И стигнавме кај неа дома, собата и беше прекрасна, типична соба на слободен ликовен уметник. гледавме екстрим ТВ и почнафме да се бакнуваме... секс немавме... немавме кондом... Наредното утро беше најубавото будење во мојот живот, кога ги отворив очите пред мене беше најмилото суштество на планетава. Околу 12 почна да ѕвони телефонот како луд, без престан. Драгица стана од креветот и го прими повикот.... Тоа беше мојот братучед Никола (потајно вљубен во Драгица). Никола: Здраво Драгица Драгица: Здраво Никола Н: Шо праеш, да не знаеш кај е Тони Д: Знам Н: Каде? Д: Кај мене у кревет. Н: Доборо.... нека се јави дома... мајка му го бара... Д: Добро, чао Н: Чао... Кога отидов дома мајка ми фрикнала да не сум упаднал во некоја тепачка (честа појава за тој дел од Македонија, кога ќе се напијат младите момчиња од источна Македонија се тепаат меѓу себе... често има и смрт...) Се дружевме уште два три дена... Кога се враќав дома накај Скопје од возот забележав ВИНОЖИТО над полето околу Штип. End of Part One.

Ако не е страшна приказнава, ќе го постирам и вториот дел. :)
Немам потпис, ама имам профил на YouTube
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 01:08
Исчезнат

Слушнав дека те украле амазонки
(зар не беше тоа твој дамнешен сон?)
те заклучиле во црна палата
да не знаеш за ден и ноќ.

Слушнав дека нивната кралица
(некогашна отфрлена љубовница)
те казнува со дивите прегратки
на нејзините гладни поданички.

Слушнав дека шумите треперат
од твоето завивање и нејзината болка
(а ти се мајтапеше со својата машкост!)
и гргорливата смеа на твоите синови.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 07:36
Si pomisluvam, si zamisluvam
vo alcnosta svoja i nezasitna glad
kako bi bilo koga stihovi zenski
sto ovde gi gledam dur oci mi solzat
za mene samo bi bile so siot kopnez svoj.
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 14:28
Moj zivot...moja prikazna,moja taga,moja srekja,moja ljubov,
moj svet,moja iluzija,moja zelba,moja nesrekja,moja malinska,
moj kamen,moja nasmevka,moi solzi,moi deca,moja rutina,moja
muzika,moja mesechina,moe sonce,moe leto,moja bolest,moja borba,
moja glupost,moe sorry,moja gordost,,....moj,...moj...moja



Изменето од mamma - 12.Март.2008 во 15:25

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 17:44
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

Е,АЈ, ШТО ЧЕКАШ!


Стариот...Дел Прв

Сребрената коса беше добила чуден, сивкаст сјај, небаре ја исчадил некој стар оџак. Лицето беше бледо а образите виснати надолу...Сал в очите скриени зад бескрвните виснати клепки сеуште се наѕираше живот. Во собата која мисрисаше на мемла, ѕидовите одамна беа излуштени, па се наѕираа разни бои, од дамнешните животи.

До ѕидот имаше стар мијалник, а над него пожолтено огледало, во кое лик човечки можеше да се види само како низ магла.

Стариот бркна во џебот и извади ефтин, црн пластичен чешел. Плукна во сувите пожолтени дланки а потоа со нив мина по сивата коса и ја замазни.

Фрли поглед во маглосаното огледало и си помисли: Уште днаш само.
Светна стариот жар во испиените очи а исушеното тело доби крилја, па како да летна низ врата и се симна по скалите.

Но “Кино Вардар “ веќе не постоеше.
Некои нови дечки, модерни, натафрени, намирисани...
Некои нови места за излегување...
Некое ново, модерно време.

А?голема%20насмевка


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
Monuska Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2128
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Monuska Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 23:12
Ме следиш, ме прогонуваш како сенка, секогаш до мене, а никогаш на дофат. Ме воздигнуваш како прв бакнеж, ме лажеш и измачуваш како изневера. Мразам што сеуште затреперувам кога минуваш крај мене, што го помнам миризот на твојата кожа, мразам што те повикувам во сон. А сакам да мечтаам, да се лажам, да се надевам. Но најмногу од се сакам да заборавам. Зарем не си ти најсуров мачител? Доаѓаш и си одиш, ме галиш и ми ги разгоруваш мечтите, за да ме исмееш и фрлиш во калот на реалноста, никогаш не давајќи ми да се издигнам, понижена и изневерена но со трунка надеж. Надеж што сега ја нема, затоа што ти газиш врз секој мој обид да те оставам на заборавот. Да, ти си најсуров мачител. А во моите сни, таму каде што на реалноста вратите и се затворени, ти си мојот живот.
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...
Кон врв
Tonchie Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Поискрен од Мона Лиза

Регистриран: 02.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 290
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tonchie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 08:59
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

аплаузМладост-лудост ти е тоа. Браво за искреноста (ако е вистинска). Како свеж поветрец...

Фала намигнување
Еве го и вториот дел:
   
Поминаа месец дена, повторно добив можност да одам за Кочани, викендот пред да пријавувам испити на факултет. Се договорив со Драгица да се видиме позади киното уште во 8 саат бидејќи таа имала обврски подоцна. Кога стигнав позади киното таму на скалите седеа многу другарчиња. Седев со нив и кратко потоа дојде и таа. Се гушнавме силно... и тргнавме накај трговскиот, Драгица кажа дека имала некои обврски па да ги откаже за да можеме да се дружиме на раат. Јас ги прескокнав скалите зафрлувајќи ги нозете на страна и потчукнувајќи ги петиците, онака како што правеа американските комичари во немите филмови. Драгица забележа дека сум посебно среќен што ја гледам. Решивме книгата што требаше да и ја дадам да и ја дадам подоцна. Одејќи покрај реката се отвори едно бело југо. Од него излезе Актерот. Драгица си го гризна прстот онака како што прави кога претчувствува нешто лошо. Актерот кажа дека Васко излегол до трафика за да купи цигари и дека веднаш ќе се врати и ќе одиме некаде. Потоа се појави и Васко... малку понизок од мене не премногу развиен но се познаваа бицепсите на неговите раце. Дојде целиот окезен и ја бакна Драгица, забележав дека забите му се петарда, ко на хорсаш. Драгица промрморе.. нееее, не требаше вакаа... Тони... ова е мојот нов дечко.... и гласно кажа: Васко вечерва не можам со тебе, ми дојде другарот од Скопје сакам со него да се подружам малку, треба да ми даде една книга. Васко заповеднички кажа влегувајте во кола, и двајцата. Тој возеше мошне брзо за кочански стандарди, праша дали се плашам од брзо возење, јас само одвратив ова не е брзо возење... ова е сосема нормално возење по скопски стандарди... тој се насмеа. Отидовме во Оризари и се паркиравме пред една куќа во која сеуште имаше расположение на некоја голема семејна веселба. Излезе постара жена, се поздрави со нас и ни даде тепсии полни со месо и со благи работи. Потоа тргнавме кон Виница и по одредено време се паркиравме во една темна уличка. Се преместивме во „стокец“. Почнавме да кружиме низ градот и застанавме пред една кафана. Таму Васко и Актерот предадоа некоја роба. Решија да одиме кај новата црква. Излеговме од колата и ја гледавме панорамата на Виница ноќе. Светлата изгледаа како да се совршено поставени според знакот „ПУМА“. Се вративме во колата и почнавме јас и Драгица да сипуваме смедеревка во чаши. Момците напред смотаа 2-3 џоинта. На почетокот брзо пиев од смедеревката и почнавме муабет... Актерот се фалеше со авантурите на Малта со некоја Германка, па патешествијата со таа девојка низ Македонија. Дојдов јас на ред да кажам нешто... кажав дека сум од скопско село и дека студирам на шумарски и дека сум компјутерџија кој во слободно време кисне на баскет. Момците се насмеаја, а бре ти си бил примерно дете, јас само одвратив за недела дена ќе правев цела година „клин“, ал јебига... ќе се дружиме по пропис и повлеков длабок дим од џоинтот. Аааа мал но напреден... ќе те биде момче (другите беа 80та генерација, 3 години постари од мене). Потоа се симнавме во градот и влеговме во некоја куќа. Дојдоа уште двајца. Едниот го викаа џин. 2 метри високо момче облечено во ветровка од ЈНА со долги коса и брада, ист како Исус на иконите. Му се допадна моето војничко палто. Му кажав дека специјални единици во ЈНА носеле такви. Беше импресиониран. Другиот беше К`ли. Мошне кул момче. Актерот спои неколку ризли и направи две труби. Откако ги испушивме тргнавме кон некој нов кафич, рокерски клуб отворен пред некој ден во ценарот на Виница. Попат Драгица забележа дека и ги снемало еврата 20-30 евра. Не знаев од кого да се плашам... Се потсетив на настан половина час пред тоа. На среде улица беа застанати две коли, некоја застава и црн мерцедес, возачите си правеа муабет. Васко ја пушти главата низ прозор и се развика. Типот од мерцедесот, со избричена глава и златен ланец дебел колку ланецот на моето куче се сврте и само кажа: Извини Васко одма поаѓаме, и тргна напред за да направи место да поминеме со колата. Клубот беше окејз, на еден спрат 50-60 квадрати се на се. Првите 2-3 пива беа частење. Одеднаш изчезнаа Драгица, Васко и Актерот. Јас и К`ли пиевме скопско и грицкавме кикиритки. Забележав дека имам уште 50 денари и му кажав на К`ли дека веќе не можам да пијам, тој кажа дека и тој ги потрошил парите, па си продолживме само со муабетење. Одеднаш се појави Актерот. Ми кажа дека треба да ме носи кај Драгица, но местото е многу опасно и е полно со лоши луѓе. Не знаев дали трипува, или не, но морав да ја најдам Драгица, сепак Виница не е мојот град, мојата куќа е во Кочани. Поминавме по новиот плоштад во Виница, со сонцето на Вергина на него. Прекрасен мал плоштад. Одејќи по тесни темни улички стигнавме во куќата на Васко. Внатре беше Максимова, пријатно се изнанедив, со неа беа уште неколку луѓе. Сфатив дека се е во ред тука. Седнав до Актерот и бидејки немаше доволно чаши решивме да пиеме од една иста. Јас од жед тој од некоја негова причина пиевме без престан... Потоа си отидоа Максимова и друштвото нејзино, со нив и Актерот... Васко се сврте кон мене и почна да ми зборува... Ех момче младо, какви се луѓе има по светов, другар ми утрипан и сеуште у филм дека е со таа швабинката ми вика на мене ај пер да ја ебеме заедно Драгица, он на мене ми вика да ја ебе мојата женска... будала. Кога му ја акнав една падна на земја. Во тој момент на Драгица и текна на тебе, почна да вришти гласно: Кај е Тони, кај е Тони... и го испратив Актерот да те најде у кафичот и да те донесе. Како си помина ти у кафичот? -Па убо си поминаф, седеф со К`ли, тропавме глупости, слушавме рок музика... супер беше. Баш ми е мило кажа Васко и запали уште еден џоинт... којзнае кој беше по ред таа ноќ. Отидов во тоалет, кога ги миев рацете се погледнав во квадратното огледало. Очите ми беа коцкасти и мнооогу црни, лицето исто така ми беше коцкасто, остаткот од огледалото го зафаќаше моето „афро“. Кога се вратив Драгица и Васко пушеа нов џоинт и почнаа да се караат... не знаев дали да ги прекинам па пола од џоинтот испушив сам во еден здив... Станавме за Драгица по телефон да побара такси. Одејќи низ ходникот мене ми откажаа колената и се струполив на земјата како покосен. Не чувствував болка, но звукот беше чуден како да доаѓаше од далечина бидејки е многу гласен и стига до далеку... Некако станав и стигнав до креветот во сеобата каде што седевме претходно. Ги затворив очите... и да сакав да гледам нешто и најмалата светлина ми предизвикуваше силно печење како да гледам во летно сонце... Васко беше престрашен... Драгица го смируваше... -Ќе заглавам робија ако умре тука, не можам да си дозволам такво нешто... Јасно ги слушав што зборуваат. Потоа почнаа да се бакнуваат, Драгица даваше малку отпор... тој ја убедуваше ајде мило, колку повеќе се ебеме толку повеќе се сакаме... и почнаа да се ебат, тивко... Ги слушав нивните стенкања во темнината... се обидов да ги отворам очите, но светлината на уличното осветлување во далечина ми предивикуваше болка во очите... Се свртев, им ги гледав силуетите... Васко ја ебеше Драгица во мисионерска поза... Во главата почна да ми се мота мисла It should've been me... it should've been me.... После два оргазма на Драгица променија поза, сега анално ја обработуваше... Драгица доживеа уште еден оргазам... Васко не можеше ниту еден... премногу трева... Не. Премногу алкохол.... Не. Преголем страв.... Сеуште го држеше стравот.... Некако се облекоа. Јас се обидов да станам, веќе пееја петлите и беше осамнало утрото. Се подигнав и седнав на креветот. Васко беше насмеан, спиеше ли друже?? -Спиев, излажав...... Ауууу и ние спиевме, насмеан излажа и тој... Сеедно ми беше. Станав од креветот и со леснотија си ги обува патиките. Палтото Драгица ми го беше наместила како перница, а ранецот ми беше обесен на закачалката. Се средив и излегов надвор. Почекавме малку на улица и дојде такси. Васко се шегуваше на сметка на Драгица: Како ќе си идеш сега кога немаш пари? Ќе му го пушиш на таксистот... Влеговме во таксито, Драгица на предното седиште, јас на задното. Од ранецот ја извадив книгата што требаше да и ја дадам на Драгица, и ја дадов. Таа се заблагодари и се насмевна. Возејќи се забележав ВИНОЖИТО над полето... Таксито стигна на подножјето на ридот кај што е мојата куќа. Од скришно џепче на мојот новчаник извадив 500 денарка, планирана за да платам испити во понеделник на факултет. Таксистот извади 200 и неколку денари и кажа дека сме му први муштерии, нема ништо повеќе. Иако обично вози за 200 денари до Кочани, не може да ми врати целосно кусур. Јас само му кажав однеси ја оваа девојка дома, и задржи кусур. Се прибрав дома и заспав... спиев до доцна попладна, до зајдисонце. The End
Немам потпис, ама имам профил на YouTube
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 17:46
Originally posted by #Emili# #Emili# напиша:

Sto bilo...Koga ste bile iznervirani i ste se isturile na listot...Ili onaka, cisto, od zanimacija...Mora da ste napisale ...nesto! I glupo da e...голема%20насмевкатрепкање


Ех да си ми жива и здрава за “постнервозната“ тема. голема%20насмевка ЕВЕ ЕДНО МОЕ РАЗОЧАРУВАЊЕ КОЕ МИ ДОНЕСЕ ГОЛЕМ МИР.голема%20насмевка

Како громови на душа да удрија, срцето ќе ми пукнеше. Како некој близок да изгубив, а не изгубив ништо. Неколку усти помалку сосема доволно за повторно мир да е. Животот ме ужасна кога тие влегоа во него. Ах, тие погани усти, за кој дури речник сменив да успеат да ме разберат-и тоа беше префрлено. Ах, тие уличарски усти од кој научив и јас така да зборам, но не се предавам,  ќе го исчистам секој мој таков збор од речникот и ќе се покаам пред Бог што успеааја да ме понесат нивните гадости иако тоа беше сосема малце. Името ми го гнасеа, образот ми го валкаа со невистини, лаги проклети фрлаа над мене, а тие “непознатите“ како во суша дожд со отворени раце ги примаа. Имав и еден брат...кој во болка и борба не ме сфати. Знам дека и тој ќе се разочара, но што можам повеќе јас. Каде бевте кога паѓав?-да ме сопрете. Каде бевте кога паднав?-рака да подадете. Еден да имаше. Камен да беше, ќе омекнеше. Душа се немаше. Крварев внатре, однадвор плачев. Сите се смееја. Како толпа демони на мене гледаа. Со прст покажуваа, а вистина не знаеја. Лагите кошмар ми станаа.. Тој како водич со силно отворена челуст уста само како пиуни ги поместуваше. Свесно го гледав извртениот ум а во себе си велев-нека му е Бог на помош! Од друга страна ме обзеде бес. А сиот револт лежи овде, за после ова да се смирам. За сите кои поверуваа во лагите да ги закопам длабоко во себе и да им се исплачам само еднаш како на гроб таму длабоко во мене. Но гробот без крст ќе биде, за грешници кои човекот што се бори да не биде толку грешен барем, му го прекоруваа Христијанка, да тоа бев, тоа сум и ќе сум!!! Не треба никој да ме потсети!  Барем се трудам да не грешам толку-а тие лажно сведочат и судат. Сега настапува мирот и следи само ова-страдна ќе бидам, во Бога ќе верувам, гладна ќе бидам и покрај фурни леб нечист ќе поминам нема рака да подадам-во Бога ќе се крстам. Колку и да сте доказ за зло и болест-знам Бога има! Тој е вечен, ќе ме прати до последен миг и во тој миг кога душа ќе предавам, ќе Го љубам како сега, безрезервно и вистински, со каење за лошите дела. Тој ќе биде секогаш со мене, додека вие ќе заминете, ќе ве нема од мојот живот. Додека бев ударна точка, мета за моабети. Ме кревавте во облаци и од таму ме пуштавте да паѓам, џабе е се, пак сама станував и пак станав. Сама градев и пак ќе изградам се што вие срушивте. Да го прочитате ова пак ќе речете сакам внимание. Не! Тоа не е точно. Не ми треба вашето внимание. Не сакам ни миг да потрошите на ова. Ова е мое олеснување, а не обраќање до вас. Кој беше добар, тоа и остана, тој ќе биде следен од мене и во добро и во зло. Но погани усти замолкнете! Или барем јас да не ве слушам! Заборавете ме! Не допирајте до мене. Не ми се потребни вашите лаги за моите дела, измислените работи во кој вие ме убедувавте дека сум ги сторила, а не сум. Како може да убедуваш некого дека се качил на коњ а тој ни поглед не свртел накај коњот!? Како може да навалуваш, а да не го ни познаваш човек? Како можеш по се што тој направи за тебе! Епа  ви се може. Вашиот ум во злоба нема граници. Сте заборавиле на Бог, а го изустувате. Барем Него не го валкајте, зашто нема да успеете. Нека се смилува Тој на вас. Од мене веќе ни глас не слушате!


Изменето од blueprayer - 13.Март.2008 во 17:55
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 17:46
голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 19:46
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
RUSHKA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2837
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај RUSHKA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 20:15
UFFFFF....BLUEPRAYER OD PAMET ME IZVADI.SI POMISLIV STO TOA SE SLUCILO PA VAKA PISUVAS.аплауз ZA POSTOTзадоволство
4ISTA SOVEST=MIREN SON
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2008 во 20:26
тенкс мила тага
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,352 секунди.