IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша поезија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша поезија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 146>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2008 во 23:37
Го гледав почетокот на невремето
бура се спремаше насекаде
облаците се стиснаа во своите бесконечни рамки
како љубовници во мал кревет
пиејки од иста чаша
слушајки ги твоите зборови
не ни забележував колку е веке часот
не можев да се заситам  од твоите прегратки.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2008 во 23:50
Немир

Во исчекување сум на судниот ден.
Го чекам денот кога
пискотот на горкиот плач
ќе ја затресе почвата над мене.
Тогаш ќе бидам сама,
тогаш и проклетството
ќе ме отпушти од своите прегратки.

Небото ќе плаче,
а ѕверот ќе се насладува
на својата слатка одмазда.
Неговата злобна смеа
ќе ја зароби мојата душа
која вечно ќе плаче
гледајќи го немоќното неподвижно тело
кое се борело против
силите на злото,
против демонот кој
ми одзема многу.
Мојата крв ќе му биде
послатка и од медот на пчелите.
     
Но, барем и двајцата
ќе најдеме мир.
Јас скапувајќи под земја
ќе ја славам победата над стравот,
а ѕверот ќе ја слави
својата слатка одмазда.
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
Quentin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 763
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Quentin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 00:43

Недојдените

На недојдените им беседам.
"Не доаѓајте на светов!"
Наредете му на вашето постоење
да скита како аморфна маса меѓу димензиите.
Ако се создадете овде,
ќе ве распнуваат на крстови,
ќе ве черечат на колови,
ќе ви вбризгуваат идеологии.

На недојдените им беседам.
"Не доаѓајте на светов!"
Пуштете ги своите души да лебдат спокојно,
пуштете ги бездомнички нека бидат...
Не допуштајте дом - тело да им биде.
Ако дојдете овде,
ќе се прашувате кои сте,
ќе лутате незнајни и жедни
за вистина и возвишување.

На недојдените им беседам.
"Не доаѓајте на светов!"
Вселете се отаде ѕвездите и
преспијте ја вечноста во нова форма.
Останете завиткани во вашето прапостоење.
И онака овде, ништо битно не пропуштате!


Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 00:56
Ако ми дариш насмевка само-
Сонцето твое ќе биде.
Ако ме погледнеш само-
ѓердан од ѕвезди ќе ти дарам.
Ако ме прегрнеш пак-
душата своја на длан ќе ти ја пружам.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 02:17
Избркана од рајот

Сега мојата душа облечена во тело
е само робинка во мракот.
Кога заминував чекорите ми беа
потешки од олово,
болката ја претворив во облаци
и солзите ја потопија земјата.

Сега погледнувам кон небото
и ги гледам туѓите ѕвездени очи
вперени во мене.
Половината месечина е Божјата насмевка.
Српу небесен, вечно ли ќе ме сечеш?
Не го барај моето покајание, нема да го добиеш.
Прати ме во пеколот, ќе горам со сласт,
нека гори се од мене,
нека се сторам пепел како тутунот од испушена цигара
а телото нека скапува како филтер фрлен не земја.

Додека чекорев, а вие ми ги затворавте портите зад мене
сфатив дека не припаѓам меѓу вас.
Не ми требаат вашите крилја,
не ми требаат сини очи и руса коса,
не ми треба снежен замок како бајка.

Бркајте ги таквите како мене,
прогонувајте ги, нема да ви вратат со зло...
моето проклетство е мој најдобар пријател тука на Земјата,
болката е тука секогаш со мене.
Таму, зад тие Ваши порти немав никој.
Благодет е проклетството.
Мојата лутина кон Вас е неизмерна
а иронијата нека ја однесе ветрецот кон рајските порти.

Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
CONTESSA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1620
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај CONTESSA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 02:48
ekzi se zaprepastiv.................preubavi stihovi!
Кон врв
...Well... Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...ExtraVagant...

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5231
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ...Well... Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 03:24
Originally posted by ekszi88 ekszi88 напиша:

Избркана од рајот

Сега мојата душа облечена во тело
е само робинка во мракот.
Кога заминував чекорите ми беа
потешки од олово,
болката ја претворив во облаци
и солзите ја потопија земјата.

Сега погледнувам кон небото
и ги гледам туѓите ѕвездени очи
вперени во мене.
Половината месечина е Божјата насмевка.
Српу небесен, вечно ли ќе ме сечеш?
Не го барај моето покајание, нема да го добиеш.
Прати ме во пеколот, ќе горам со сласт,
нека гори се од мене,
нека се сторам пепел како тутунот од испушена цигара
а телото нека скапува како филтер фрлен не земја.

Додека чекорев, а вие ми ги затворавте портите зад мене
сфатив дека не припаѓам меѓу вас.
Не ми требаат вашите крилја,
не ми требаат сини очи и руса коса,
не ми треба снежен замок како бајка.

Бркајте ги таквите како мене,
прогонувајте ги, нема да ви вратат со зло...
моето проклетство е мој најдобар пријател тука на Земјата,
болката е тука секогаш со мене.
Таму, зад тие Ваши порти немав никој.
Благодет е проклетството.
Мојата лутина кон Вас е неизмерна
а иронијата нека ја однесе ветрецот кон рајските порти.



...среќа...
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 09:03
АНГЛИСКА ФЛЕЈТА –
       МАКЕДОНСКИ ДУДУК




Свиралоте сето е надрочено од среќа

Тој - живо богатство од манири
на виртуоз што сака да побегне
од фихармијата на заталканите патници
низ времето невремено...

очите – копнеж безнадежен
како клинци се заковени
во ѕидот на недостижната красотија на сонот
да се врати во едноставното срце на природата ...

прстите – скакулци огнени
раскокани по дамарите на екстазата
дури измамува медовина
од флејтата англо - саксонска.

страста е посилна од укорот на совеста
огледалото е скршено
тој не може да го види зад себе дудукот
од чистокрвна македонска величенственост
што ќе го врати на корените.

со колку жар му го направив
во мојата работилница


Изменето од majstorce62 - 12.Март.2008 во 18:06
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 10:02
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Ако ми дариш насмевка само-Сонцето твое ќе биде.Ако ме погледнеш само-ѓердан од ѕвезди ќе ти дарам.Ако ме прегрнеш пак-душата своја на длан ќе ти ја пружам.


БЛАГОДАРНИЦА

срце на дланка сервирано
за најаска али за сувенир
во насмевката постела за почивка
од зборивите што ме истрошија
што ме испразнија
што ме заборавија...


Изменето од majstorce62 - 12.Март.2008 во 10:20
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 13:02
Топло-ладно

Топло
ладно
топло
ладно
топло
ладно...
Ккрррцц!

Изменето од filmadzijka - 15.Март.2008 во 19:39
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 15:20
АБОРТУС НА ПЕСНАТА


и тоа може да се случи:

жарче ќе фрлиш, ќе подметнеш
среде пластови сено некосено,
кај што срца нестоплени чемреат,
во срцата извор ќе ископаш
далги зариени ќе одриеш
вода мевлемлија да потече...

а ветрот спокој го најавнал
меѓу лисјето, среде тревите
в гумно зелено – почивало,

жарчето гламја е, енего
црно око неопулено.

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 16:38
...ТООООО.....МАЈСТОРЕЕЕЕ....големо%20гушкање
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 16:43
Originally posted by zagor zagor напиша:

...ТООООО.....МАЈСТОРЕЕЕЕ....големо%20гушкање


ИСТО КАКО ТИ ДА СИ СРОЧУВАЛ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2008 во 16:44
Ajde mastore kasnime
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3637383940 146>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.