|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 3637383940 146> |
Автор | |
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Го гледав почетокот на невремето
бура се спремаше насекаде облаците се стиснаа во своите бесконечни рамки како љубовници во мал кревет пиејки од иста чаша слушајки ги твоите зборови не ни забележував колку е веке часот не можев да се заситам од твоите прегратки. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немир
Во исчекување сум на судниот ден. Го чекам денот кога пискотот на горкиот плач ќе ја затресе почвата над мене. Тогаш ќе бидам сама, тогаш и проклетството ќе ме отпушти од своите прегратки. Небото ќе плаче, а ѕверот ќе се насладува на својата слатка одмазда. Неговата злобна смеа ќе ја зароби мојата душа која вечно ќе плаче гледајќи го немоќното неподвижно тело кое се борело против силите на злото, против демонот кој ми одзема многу. Мојата крв ќе му биде послатка и од медот на пчелите. Но, барем и двајцата ќе најдеме мир. Јас скапувајќи под земја ќе ја славам победата над стравот, а ѕверот ќе ја слави својата слатка одмазда. |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Недојдените На недојдените им беседам. "Не доаѓајте на светов!" Наредете му на вашето постоење да скита како аморфна маса меѓу димензиите. Ако се создадете овде, ќе ве распнуваат на крстови, ќе ве черечат на колови, ќе ви вбризгуваат идеологии. На недојдените им беседам. "Не доаѓајте на светов!" Пуштете ги своите души да лебдат спокојно, пуштете ги бездомнички нека бидат... Не допуштајте дом - тело да им биде. Ако дојдете овде, ќе се прашувате кои сте, ќе лутате незнајни и жедни за вистина и возвишување. На недојдените им беседам. "Не доаѓајте на светов!" Вселете се отаде ѕвездите и преспијте ја вечноста во нова форма. Останете завиткани во вашето прапостоење. И онака овде, ништо битно не пропуштате! |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако ми дариш насмевка само-
Сонцето твое ќе биде. Ако ме погледнеш само- ѓердан од ѕвезди ќе ти дарам. Ако ме прегрнеш пак- душата своја на длан ќе ти ја пружам. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Избркана од рајот
Сега мојата душа облечена во тело е само робинка во мракот. Кога заминував чекорите ми беа потешки од олово, болката ја претворив во облаци и солзите ја потопија земјата. Сега погледнувам кон небото и ги гледам туѓите ѕвездени очи вперени во мене. Половината месечина е Божјата насмевка. Српу небесен, вечно ли ќе ме сечеш? Не го барај моето покајание, нема да го добиеш. Прати ме во пеколот, ќе горам со сласт, нека гори се од мене, нека се сторам пепел како тутунот од испушена цигара а телото нека скапува како филтер фрлен не земја. Додека чекорев, а вие ми ги затворавте портите зад мене сфатив дека не припаѓам меѓу вас. Не ми требаат вашите крилја, не ми требаат сини очи и руса коса, не ми треба снежен замок како бајка. Бркајте ги таквите како мене, прогонувајте ги, нема да ви вратат со зло... моето проклетство е мој најдобар пријател тука на Земјата, болката е тука секогаш со мене. Таму, зад тие Ваши порти немав никој. Благодет е проклетството. Мојата лутина кон Вас е неизмерна а иронијата нека ја однесе ветрецот кон рајските порти. |
|
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
|
|
CONTESSA
Сениор Регистриран: 24.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 1620 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ekzi se zaprepastiv.................preubavi stihovi!
|
|
...Well...
Сениор ...ExtraVagant... Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 5231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...... |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АНГЛИСКА ФЛЕЈТА –
МАКЕДОНСКИ ДУДУК Свиралоте сето е надрочено од среќа Тој - живо богатство од манири на виртуоз што сака да побегне од фихармијата на заталканите патници низ времето невремено... очите – копнеж безнадежен како клинци се заковени во ѕидот на недостижната красотија на сонот да се врати во едноставното срце на природата ... прстите – скакулци огнени раскокани по дамарите на екстазата дури измамува медовина од флејтата англо - саксонска. страста е посилна од укорот на совеста огледалото е скршено тој не може да го види зад себе дудукот од чистокрвна македонска величенственост што ќе го врати на корените. со колку жар му го направив во мојата работилница Изменето од majstorce62 - 12.Март.2008 во 18:06 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЛАГОДАРНИЦА срце на дланка сервирано за најаска али за сувенир во насмевката постела за почивка од зборивите што ме истрошија што ме испразнија што ме заборавија... Изменето од majstorce62 - 12.Март.2008 во 10:20 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Топло-ладно
Топло ладно топло ладно топло ладно... Ккрррцц! Изменето од filmadzijka - 15.Март.2008 во 19:39 |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АБОРТУС НА ПЕСНАТА
и тоа може да се случи: жарче ќе фрлиш, ќе подметнеш среде пластови сено некосено, кај што срца нестоплени чемреат, во срцата извор ќе ископаш далги зариени ќе одриеш вода мевлемлија да потече... а ветрот спокој го најавнал меѓу лисјето, среде тревите в гумно зелено – почивало, жарчето гламја е, енего црно око неопулено. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ТООООО.....МАЈСТОРЕЕЕЕ....
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИСТО КАКО ТИ ДА СИ СРОЧУВАЛ... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ajde mastore kasnime
|
|
Внеси реплика | страница <1 3637383940 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |