IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Библијата и Археологијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Библијата и Археологијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Библијата и Археологијата
    Испратена: 09.Март.2008 во 03:58

Библијата и Археологијата

 

 

Библијата, меѓу другото, е вистинска ризница на географски, етнолошки и историски податоци. Еден од начините да се провери нејзината веродостојност е согласноста меѓу тие информации со фактите утврдени со научните истражувања во овие области. Делот од науката (или историјата) кој што се занимава ископувања и проучувања на разновидните материјали од човековата историја (градби, споменици, алати, монети и други предмети) се нарекува археологија.

Самиот збор, всушност, значи "наука за старините, за старите предмети".
Голем број археолошки истражувања се вршени на териториите на Израел и Палестина, Египет, Сирија и Ирак, бидејќи таму се одигрувале многу случки значајни за човековата цивилизација. Библијата има посредна и непосредна врска со археолошките изучувања на овие, а и на други територии (Турција, Грција, Италија, итн.). Од една страна, многу археолози се раководеле од Библиските податоци за местоположбата на определени градови, градби, и слично, а од друга страна, голем број од археолошките откритија ја потврдуваат веродостојноста на Библиските записи.

Секако, Библијата не е археолошки атлас, ниту учебник по историја, географија или етнологија. Нејзината основна намена е да му ја пренесе на човекот Божјата порака. Начинот на којшто Бог решил да го стори тоа преку луѓе. А тие живееле во определено време, народ и простор. Оттаму, во Библиските написи се провлекуваат илјадници имиња на луѓе, места и народи со бројни патемни податоци за времето и начинот на којшто тие живееле. Ако арехолошките истражувања ги потврдуваат Библиските податоци, тоа секако е придонес кон потврдувањето на веродостојноста на Библијата.

До овој момент, толкав е бројот на археолшките пронајдоци кои што на свој начин ја потврдуваат веродостојнаста на Библијата, што би можело да состави цела Библиска Археолошка Енциклопедија. Колку што нам ни е познато, на нашите поблиски простори постои само една книга која што поопширно и документирано опишува поголем број вакви археолошки пронајдоци. Тоа е книгата "Библија је у праву" од Вернер Келер. На заинтересираните им ја препорачуваме за проширување на сознанијата од оваа област. За намените на текстов, ние само бегло ќе споменеме некои археолошки податоци во врска со Библијата, кои допреле и до нашата јавност. Веруваме дека и тие ќе бидат доволни за еден општ увид во тој предмет.


  • Глинените плочи од Ебла

    До не толку одамна, меѓу безбожниците се тврдеше дека тоа не е можно Мојсеј да бил писател на првите пет книги од Библијата. Имено, тие сметале дека Мојсеј живеел околу 1500 години пред Христа (п.н.е), а науката, според нив, не познавала писменост на луѓето порано од околу 1300 години пред Христа. По којзнае кој пат, Библијата беше нападната како ненаучна и неточна.

  • Во 1964 година, д-р Паоло Матие и д-р Џовани Петинато, обајцата од Римскиот Универзитет, започнале со ископување во околината на Алепо, Сирија. По 10-годишна упорна работа, пронајдено е вистинското археолошко богатство: архива од 15 000 глинени плочи.
    Ова архолошко откритие беше вистинска сензација.

    Весникот "Нова Македонија" од 22. 01. 1979 г., објави напис во врска со тоа под наслов: "Глинена архива открила непознато царство". Пренесуваме само еден цитат од тој натпис:


    "Глинените плочи од Ебла расветлиле многу непознати или недостатно познати настани од историјата. Од нив се појавуваат повеќе од 500 географски имиња, меѓу кои и имињата на градовите за кои се верувало дека се основани многу подоцна: Бејрут, Вавилон, Дамаск и Газа, како и библиските легендарни градови Содом и Гомора".

     

    Според истиот натпис, овие глинени плочи потекнуваат од 23 век пред Христа. Какво е значењето на оваа библиотека од Ебла за веродостојноста на Библијата?


    Ебла (Сирија)

    Една од глинените плочи
    (Кликни на сликата за целосна големина)



    Како прво, овие откритија покажаа дека постоела многу уредна писменост уште 1000 години пред Мојсеј! На овие плочи од Ебла има голем број разновидни записи за трговски договори, хроника и географски имиња. Само на една плоча се појавуваат 260 географски имиња!

    Второ, меѓу имињата на градовите се наоѓаат и петте градови во Сидимска долина: Содом, Гомора, Адма, Севоим и Вела. Библијата ги цитира овие градови и нивните цареви (1 Мојсеј 14:2) по истиот редослед! Дури ни кажува дека старото име на петтиот град било Вела, а подоцнежното Сигор (или Зоар).
    Околу овие информации од Библијата порано се креваше голем прав. Видни историчари дури напишаа и книга против Библиската содржина. Така, познатиот германски историчар и професор по ориентални јазици на Универзитетот во Стразбур, Теодор Нолдеке (Theodor Noldeke, 1836-1930), признат по своите истражувања за Исламот, објави книга под наслов: "Неисторичноста на текстот од 1 Мојсеј 14". Во оваа книга тој главно докажува дека градовите Содом и Гомора се библиска легенда и дека никогаш не постоеле.

    Во 1918 година, и Вилијам Олбрајт има напишано слична книга под наслов: "Митски елементи во приказната за Јосиф" во која што вели дека 1 Мојсеј 14 глава е чист политички памфлет, со митски карактер. Но, глинените плочи од Ебла ги фрлија во заборав овие, за своето време "научни книги" од видни стручњаци.

    Трето, на плочите од Ебла има и поголем број други имиња на градови за кои зборува Библијата. Тоа се Салим (градот на Мелхиседек, 1 Мојсеј 14:18), Хазор, Лахиш, Мегидо, Газа, Јопа, Дамаск па и Ерусалим ("Урусалима"). Воедно, тоа е засега и најстариот документ за името Ерусалим. Се спомнува и градот Хархемиш, кој го спомнува пророкот Исаија (10:9).

    Четврто, има чести спомнувања за Хититите. Бидејќи Мојсеј пишува (во 1 Мојсеј 23) дека Аврам купил гробница (пештера ) од Хититите, постоеше и забелешка дека овој библиски запис не е веродостоен, бидејќи, наводно "научно е утврдено дека Хититите во времето на Аврам не постоеле" Уште еднаш се покажа дека Библијата е во право.

    Петто, на глинените плочи од Ебла се запишани голем број правни прописи за судење, казни итн. Дадени се и многу детали околу исплаќањето оштета за повреди, силувања итн. Ова е значајно, бидејќи на Библијата и се припишуваше нанаучноста кога се зборува за мошне развиениот правен систем, постоел во Ебла уште 1000 години пред Мојсеј!

    На крајот, да кажеме дека глинените плочи од Ебла потврдуваат и голем број други податоци од Библијата. Така на пример, на подолгата листа имиња кои се спомнувани и во Библијата, на плочите од Ебла се наоѓаат запишани: Микаилу (Михаел), Еасум (Исав), Даудум (Давид), Шаулум (Саул), Ишмаил (Исмаел) и други. Има и записи за договори (сојузништва) меѓу цареви од Ебла и од Асирија коишто се спомнуваат и во Библијата, а доскоро се сметаа за неверодостојни итн. Во секој случај, христијаните можат да бидат охрабрени. Плочите од Ебла не дадоа ништо ново кон христијанската вера, но замолкнаа многу злобни усти.



  • Резиденцијата на Понтиј Пилат

    Овој пример се однесува на Новозаветниот дел од Библијата. Го спомнуваме него, меѓу мноштвото други археолошки откритија бидејќи и за овој настан беше информирана нашата јавност. Во серијата "Исчезнати градови и цивилизации", објавувана во весникот "Нова Македонија", во подготовка на Миодраг Б. Шајковиќ, објавен е и написот: "Резиденцијата на Понтие Пилат беше пронајдена во Цезарија".
    Пренесуваме дел од овој натпис:
  • "Археолозите од јахтата "Си Дајвер", трагајќи по остатоците од древниот Тир, наидоа на уште еден антички град. Тоа беше Цезарија или Цезареа кој порано се викал Израел и бил престолнина на јудејското царство. Тоа веќе значи дека бибилиската легенда е заснована врз реален факт и имаше вистинска основа".
    "Во 1961 година нуркачите се спуштија подлабоко во морето и ги открија урнатините на некогашната бибилиотека. Таму е пронајдена и поставката на споменикот со натпис: '...tius Pilatus'. Не е тешко да се утврди дека станува збор за римскиот намесник Понтиј Пилат, кого го споменува Библијата... Значи, резиденцијата на Понтиј Пилат, еве, беше пронајдена во Цезарија".


    Така констатира авторот на натписот во "Нова Македонија".  Уште еднаш, Библијата беше во право!

     

  • Кодексот на Хамураби

    Во 1901 година, францускиот ориенталист Шил (Jean Vincent Sheil), во местото Суса ги открил денес познатиот Кодекс на Хамураби. Хамураби бил Вавилонски цар (1792-1750 пред Христа) и живеел пред Мојсеј. Неговиот Кодекс е, всушност, збирка од 282 закони кои го регулирале животот во речиси сите области. Големата строгост и правичност се одликите на овие закони. Ова откритие се чува денес во музејот во Лувр (Франција).

  • Од какво значење е откритието на Хамурабиевиот Кодекс?

    Се дотогаш, историчарите тврделе дека најстарите пишани закони датираат од Персисикиот период (538-331 година пред Христа). Согласно со ова тврдење, тие го прогласија Библискиот извештај за Мојсеевото законодавство (1500 години пред Христа) за измислено. Наводно, законодавството во тоа време не можело да постои.


    3-от закон од кодексот на Хамураби
    (Кликни на сликата за целосна големина)



    Хамурабиевиот кодекс, а подоцна и откритието на глинените плочи од Ебла, наполно ги фрлија во вода ваквите неосновани критики. И овој пат, Библијата не беше во расчекор со вистината, докажана со "corpus delicti".

    Во натамошниот дел од овој натпис, бегло ќе спомнеме уште само неколку од навистина големиот број археолошки пронајдоци кои на некој начин се однесуваат на Библиските извештаи.

    *** Во 1843 година , францускиот конзуларен советник Пол Емил Бота (Паул- Емиле Ботта, 1766-1837), копајќи во Хорсабад (Ирак), покрај реката Тигар, ги открива остатоците од палатата на Асирскиот цар Саргон, од "библиска легенда " наеднаш стана стварност. Дел од пронајдоците се чуваат во Лувр.

    *** Две години подоцна, англискиот мајор Лејард (Sir Austen Henry Layard, 1817-1894), го открива градот Халах, кој што бил познат само од Библиските податоци (1 Мојсеј 10:11-12), дека бил подигнат од Асур, којшто, пак, според Библијата, го подигнал и градот Ниневија (Нинива). Лејард открил и многу предмети од времето на Вавилонското и Асирското царство (9-7 век пред Христа). Неговите пронајдоци сопаѓаат меѓу најскапоцените експонати на Британскиот Музеј во Лондон. Градот Халах нема никакво значење во Библијата. Спомнат е само епизодно, патем. Но археолошките пронајдоци докажаа дека ни таквата "ситна работа" во Библијата не е измислена.
    Впрочем, Библијата е вдахновена од самиот Бог, од збор до збор и пишувана е од чесни луѓе и во неа не може да има измислици!

    *** Две години подоцна, англискиот мајор Хенри Ролинсон го открива градот Ниневија, главен град на Асирија, во времето на пророкот Јона(1:2) и големата библиотека на кралот Асурбанипал.

    *** Сер Леонард Вули (Woolles), во 1949 година ги објави своите резултати од пронаоѓањето на градот Ур. Тоа е првобитното живеалиште на Аврам (1 Мојсеј 11:31), кој живеел околу 1900 година пред христа. Градот Ур е пронајден 200 километри северно од Басра (Ирак), во 1924 година. Ур бил сумерски град, граден од цигли и високо развиен. Во ископините се пронајдени глинени плочи со записи за трговија, песни, па дури и математички формули!


    Зошто е важно сето тоа? Затоа што, пред овие откритија, непријателите на Библијата го сметаа и Аврам за Библиската легенда. И ако постоел, велеа тие, сигурно бил прост номад и неможел да патува плански од Ур во Ханаан, како што вели Библијата. Археолошките откритија, меѓутоа, покажаа дека Аврам излегол од мошне високо развиената сумерска култура!


    *** Од времето на царот Соломон, кој завзема видно место во Библиските написи, пронајдени се неговите штали за коњи, изградени во мошне современ стил, со резервоари за напојување од преку 10 000 литри вода! Пронајдени се и многу функционални печки за топење на метали.

    *** Историчарите тврдат дека евангелистот Лука (писателот на Евенгелието според Лука) не знаел географија, кога вели дека Дерва и Листра биле градови во Ликонија,  но не и Иконија (Дела Ап. 14). Наводно, тоа не се сложувало со некои записи од Ciceron. Но во 1910 година, Вилијам Ремзи открил еден споменик на којшто пишувало дека Иконија е град во Фригија- токму како што пишувал Лука.
    На Лука му се префрлаше и дека измислил некој си Галио, проконзул во Ахаја (Дела Ап. 18:12). Но, на еден напис пронајден во Делфи, пишува: "На Луциус Јуниус Галио, мојот пријател и проконзул на Ахаја..."
    Во делата на Апостолите 17:6, Лука спомнува градски старешини за кои го користи зборот "политарх". За овој збор Лука беше обвинет дека измислил нови зборови! Во поново време, пронајдени се 19 натписи со тој збор, а 15 од нив се однесуваат на Солун, во врска со кој Лука и пишува!

    *** Меѓу мноштвото археолошки откритија од Библиското Новозаветно време, покрај резиденцијата на Понтиј Пилат, која што веќе ја спомнавме, пронајден е и дворот на Пилат, каде што бил осуден Исус (Јован 19:13), потоа бањата Витезда (Јован 5:2) и многу други локации.

    *** Во октомври 2002 година, на интернет се појави сензационален извештај за новото археолошко откритие- камен ковчег во кој се чувале коските на починатите, со врежан текст: "Јаков, син на Јосиф, брат на Исус".
    Староста му е преценета на 2000 години, што значи дека се совпаѓа со времето во кое живееле Исус и Неговото семејство, вклучувајќи го и неговиот брат Јаков, за кој знаеме од Библијата (види Ев. Марко 6:3). Всушност, веќе претходно беше пронајден и ковчегот за коските на Кајафа, првосвештеникот за време на судењето на Исус - добро познато име и лик од Библијата.
    Повеќе за овие откритија може да се прочита на интернет, или во списанието Creation, Vol. 25 No. 2 (2003).

    *** Весникот "Дневник" од Скопје, на 18 август 2004 година, на стр. 24 објави напис под наслов: "Археолозите пронашле пештера во која проповедал Јован Крстител". Во поднаслов се вели:
    "...пештерата е можното најголемо откритие во библиската археологија".

    Всушност, има толку многу археолошки откритија кои на различен начин ја потврдуваат веродостојноста на Библијата, што во САД се издава специјализирано стручно списание наречено Biblical Archeology Review,како двомесечно списание.
    Од друга страна пак, до сега не е најдено НИТУ ЕДНО археолошко откритие кое ја оспорило Библиската веродостојнот. Ова е факт кој не смее да се занемари.

    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
    maria_magdalena Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    trouble seeker

    Регистриран: 25.Октомври.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 8706
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2008 во 04:18
    Браво Евангелос.
    Морам да кажам дека првата книга што почна да ме наведува да трагам по Бог, пред мноооогу  години, беше токму “Археологијата потврдува-Библијата е во право“. Оттогаш кај мене се разгоре жарот за вистината....и потрагата започна....за да на крајот откријам дека всушност не јас, но Бог трагал по менеголемо%20гушкање

    МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
    Кон врв
    anastasovi2004 Кликни и види ги опциите
    Група
    Група
    Лик (аватар)

    Регистриран: 08.Март.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 69
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anastasovi2004 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2008 во 13:59
    nAVISTINA OVA E DOBRO! sAMO GLEDAM NEMA MNOGU KOMENTARI! vEROJATNO LUGETO SE ZBUNETI I NE ZNAAT STO DA KAZAT, ZASTO SETO OVA E VSITINA, PA SE OBIDUVAAT DA SE IZVLECAT SO NE KOMENTIRANJE, KAKO DA NE JA PROCITALE! UZIVAJKI DA ZIVEAT VO NEVISTINA!ZA ZALENJE SME NIE LUGETO, KOLKU SME SEBICNI I SAKAAME DA SI ZIVEEME VO LAGI...
    Кон врв
    efendija Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 18.Декември.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 2175
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2008 во 14:04
    *** Во октомври 2002 година, на интернет се појави сензационален извештај за новото археолошко откритие- камен ковчег во кој се чувале коските на починатите, со врежан текст: "Јаков, син на Јосиф, брат на Исус".
    Староста му е преценета на 2000 години, што значи дека се совпаѓа со времето во кое живееле Исус и Неговото семејство, вклучувајќи го и неговиот брат Јаков, за кој знаеме од Библијата (види Ев. Марко 6:3). Всушност, веќе претходно беше пронајден и ковчегот за коските на Кајафа, првосвештеникот за време на судењето на Исус - добро познато име и лик од Библијата.
    Повеќе за овие откритија може да се прочита на интернет, или во списанието Creation, Vol. 25 No. 2 (2003).
    од ЕвАнгелос


    Е ова е веќе нешто.Браво ЕвАнгелос,со ова се докажува дека ВАШИОТ ГОСПОД имал брат.
    Сега ме интересира како ќе реагираат православните верници кои велат дека Марија немала деца по Исуса/
    "Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
    Кон врв
    efendija Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 18.Декември.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 2175
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2008 во 14:09
    Што мислите вие Анастасови 2004,за погорниов податок,со кој се докажува дека Исус имал брат?

    П.С. Сами рековте дека никој не се јавува да прокоментира,па јас си зедов за право и се јавив,и сега нестрпливо го чекам вашиот одговор.

    Поздрав.

    Изменето од efendija - 09.Март.2008 во 14:10
    "Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
    Кон врв
    efendija Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 18.Декември.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 2175
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2008 во 14:13
    *** Од времето на царот Соломон, кој завзема видно место во Библиските написи, пронајдени се неговите штали за коњи, изградени во мошне современ стил, со резервоари за напојување од преку 10 000 литри вода! Пронајдени се и многу функционални печки за топење на метали. од ЕвАнгелос

    Дали со сигурност се знае дека печките за топење на метали се од времето на Соломон,или пак има можност да се тврди дека тие се од времето на Давид.
    "Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
    Кон врв
    anastasovi2004 Кликни и види ги опциите
    Група
    Група
    Лик (аватар)

    Регистриран: 08.Март.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 69
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anastasovi2004 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2008 во 14:44
    Spored Biblijata Isus imal brat... toag e potvrdeno na mnogu mesta... i ne znaci deka pravoslavnata crkva e nepogresliva... nepogresiv e Bog i Biblijata cij avtor e sam bog!
    Кон врв
    efendija Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 18.Декември.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 2175
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2008 во 15:39
    Originally posted by anastasovi2004 anastasovi2004 напиша:

    Spored Biblijata Isus imal brat... toag e potvrdeno na mnogu mesta... i ne znaci deka pravoslavnata crkva e nepogresliva... nepogresiv e Bog i Biblijata cij avtor e sam bog!


    Ok.Toa e vo red,iako sum offtopic no zarem nuzno posle ova ne se nametnuva prasanjeto:Zarem tolku voocliva traga vo Biblijata(mislam pasusite koi govorat za toa deka Marija imala deca i po Isusa),pravoslavnite svestenici(naucnici) ne gi zabelezale,tuku onaka od rakav dale poinakvo tolkuvanje na problemot.Ili ima uste nesto?
    "Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
    Кон врв
    tofu Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 01.Февруари.2008
    Статус: Офлајн
    Поени: 328
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tofu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2008 во 13:20
    Па нормално дека археологијата ја потврдува веродостојноста на Библијата. И Шлиман ја прочита Илијадата од Хомер и тргна да ја бара Троја, и знаете што, ЈА НАЈДЕ! Во Турција! Одете посетете ја! Па јас Библијата ја сметам за нешто слично на Илијадата. Библијата е збирка легенди за Евреите, за луѓето што живееле во Јудеја, во Израел, во Палестина. Затоа и археологијата може да ја потврди нејзината веродостојност, се разбира, со тоа се потврудува дека она што го пишува во Библијата нема Божја природа. Ете и потопот го докажаа како природен феномен, и чудата на Мојсеј, кога го раздвои морето, се докажани како нешто нормално, ништо свето нема таму, ништо надприродно.
    It’s just unbelievable how many people think their version of reality is the only one that exists.
    Кон врв
    EvAngelos Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Doulos Evangelos

    Регистриран: 28.Февруари.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 9913
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2008 во 23:05
    Originally posted by tofu tofu напиша:

    Библијата е збирка легенди за Евреите, за луѓето што живееле во Јудеја, во Израел, во Палестина.
     
    Што мислиш кој е правилниот редослед...
    а) Да се критикува нешто пред да се прочита.
    или
    б) Да се прочита нешто па да се критикува.
     
    Originally posted by tofu tofu напиша:

    Затоа и археологијата може да ја потврди нејзината веродостојност, се разбира, со тоа се потврудува дека она што го пишува во Библијата нема Божја природа.
     
    Велиш "се разбира"... ај помогни ми на мене да "разберам" како тоа археологијата, која ја потврдува веродостојноста на Библијата, ја негира нејзината Божја природа?
     
    Originally posted by tofu tofu напиша:

    Ете и потопот го докажаа како природен феномен, и чудата на Мојсеј, кога го раздвои морето, се докажани како нешто нормално, ништо свето нема таму, ништо надприродно.
     
    Па дури ни во Библијата не пишува дека се појавила некоја видлива "Божја рака" која го раздвоила Црвеното Море, туку јасно си пишува таму дека задувал силен источен ветар кој го раздвоил морето за да поминат евреите.
    Но, светото нешто тука е во моментот кога задувал тој вертар и во моментот кога престанал. Тој задувал во моментот кога Мојсеј го кренал стапот и ја испружил раката над морето, а престанал кога евреите преминале на другата страна од морето, а фараоновата војска била сред морето.
    Оди ти и раздели го Црвеното море со едно обично кревање на рацете, па ќе се сложам со тебе дека нема ништо свето во тој настан.
     
    Тоа што ние ќе "откриеме" како Бог ги прави некои работи, тоа во никој случај не го негира Неговото постоење. Тоа што јас го открив рецептот на мајка ми за мојата омилена торта, тоа воопшто не го негираше постоењето на мајка ми. Се надевам дека сме на иста фрекфенција. 


    Изменето од EvAngelos - 10.Март.2008 во 23:23
    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
    efendija Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 18.Декември.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 2175
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2008 во 23:17
    Ме интересираат ЕвАнгелос две прашања во врска со Мојсеј и Фараонот.

    1. Според Библијата(или археолошките податоци,можеби во Библијата воопшто не се спомнува името на Фараонот,но како и да е:) дали Фараонот бил Рамзес или неговиот син Мернемптах, и:

    2. Според Библијата дали и Фараонот се удавил како и неговата војска,или тој останал жив.
    "Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
    Кон врв
    Templarius Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 12.Февруари.2008
    Локација: Macedonia
    Статус: Офлајн
    Поени: 2754
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2008 во 23:30
    Originally posted by efendija efendija напиша:

    Originally posted by anastasovi2004 anastasovi2004 напиша:

    Spored Biblijata Isus imal brat... toag e potvrdeno na mnogu mesta... i ne znaci deka pravoslavnata crkva e nepogresliva... nepogresiv e Bog i Biblijata cij avtor e sam bog!


    Ok.Toa e vo red,iako sum offtopic no zarem nuzno posle ova ne se nametnuva prasanjeto:Zarem tolku voocliva traga vo Biblijata(mislam pasusite koi govorat za toa deka Marija imala deca i po Isusa),pravoslavnite svestenici(naucnici) ne gi zabelezale,tuku onaka od rakav dale poinakvo tolkuvanje na problemot.Ili ima uste nesto?



    Imam intersni soznanija deka bratot Jakov, vsusnos mu e polubrat na Isus, ne se od ista majka.....
    Give me your secrets
    Bring me a sign
    Give me a reason
    To walk the fire
    See another dawn
    Through our son's eyes
    You give me a reason
    To walk the fire.
    Кон врв
    EvAngelos Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Doulos Evangelos

    Регистриран: 28.Февруари.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 9913
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2008 во 23:31
    1. Во Библијата не е наведено името на фараонот, а не ми е познато дали има некаков историски или археолошки податок за тоа кое било името на фараонот кога евреите го напуштиле Египет. Можеби постои таква информација, ама јас не сум се заинтересирал за неа.
     
    2. Според Библијата, фараонот се удавил заедно со неговата војска.
    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
    EvAngelos Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    Doulos Evangelos

    Регистриран: 28.Февруари.2007
    Статус: Офлајн
    Поени: 9913
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2008 во 23:33
    Originally posted by Templarius Templarius напиша:


    Imam intersni soznanija deka bratot Jakov, vsusnos mu e polubrat na Isus, ne se od ista majka.....
     
    Баш би сакал да ги дознаам тие сознанија, поточно изворите на тие сознанија.
    Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,156 секунди.