![]() |
|
Ферари“ против „ферари најбрзата лимузина насветот |
Внеси реплика ![]() |
Автор | |
Polaris ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 07.Март.2008 во 21:47 |
На сопственикот на најбрзата лимузина на светот, „ферари“ долго речиси седум метри, што постигнува брзина од 270 километри на час, компанијата „Ферари“ му се заканува со тужба поради кршење на авторските права. Ден Коулеј има 14 дена да ги отстрани сите симболи на „Ферари“ од својата лимузина, а забрането му е за лимузината да говори како за модел на „Ферари“.Адвокатите на „Ферари“ тврдат дека, откако Коулеј го преполовил моделот „360 модена“ и го продолжил со речиси три метри долгиот, рачно изработен дел направен од јаглеродни влакна, тоа едноставно не е повеќе „ферари“. Ден, пак, се брани дека ја контактирал управата на „Ферари“ пред да започне со промената вредна 200 илјади фунти и дека оттаму му кажале да прави што сака, бидејќи автомобилот е во негова сопственост. Иако лимузината со осум седишта малку изгуби од силата, бидејќи е потешка за 160 килограми од оригиналот, што тежи 1.390 кг, силниот 3,6 литарски мотор и натаму може да постигне брзина од нула до 100 километри за шест секунди. Максималната брзина што може да ја постигне изнесува 268 километри на час, што е за незначителни 28 километри помалку од брзината во оригиналната изведба. Ден (36) има своја работилница во англискиот град Манчестер и ова не му е прва промена на автомобил од позната марка. Во негова сопственост се и најдолгиот „хамер“ во Европа, на осум тркала и издолжениот „ренџ ровер спорт“, „крајслер 300“ и други возила. Тој најавува дека не се откажува и дека ќе се бори против автомобилскиот џин на суд. Лимузината може да се изнајми за 700 фунти за час, а била потребна цела година да се преправи моделот. Оваа лимузина е внесена во Гинисовата книга на рекорди како најбрза лимузина на светот. |
|
![]() |
|
Izzi ![]() Сениор ![]() ![]() BRAINIAC Регистриран: 18.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4475 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
интересен customizing,мора да се признае
![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
Tonchie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Поискрен од Мона Лиза Регистриран: 02.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 290 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Одлично е лимузинчево.
|
|
Немам потпис, ама имам профил на YouTube
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
барем нема црвена боја, ќе требаше да ја префарбува
![]() |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
![]() |
|
alekso_2000 ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Март.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 523 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Абе јас сум љубител на Ферари ама Многу претервет!
Штом е купам колата , што сакам ке правам со неа и како сакам ке ја викам!!! |
|
car's freack
|
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ново летечко Ферари пристигнува до крајот на 2010 година,ова чудо од автомобил ќе постигнува брзина од 170км/ч на пат и 240км/ч во воздух.
![]() |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Ферари ти дава криљааааааааааааа ![]() |
|
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
|
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |