Испечати | Затвори го прозорот

Ферари“ против „ферари најбрзата лимузина насветот

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Технологија
Име на форумот: Автомобили и моторцикли
Опис на форумот: Модели, карактеристики, новости, олдтајмери
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=12565
Датум на принтање: 16.Февруари.2025 во 15:57
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ферари“ против „ферари најбрзата лимузина насветот
Постирано од: Polaris
Наслов: Ферари“ против „ферари најбрзата лимузина насветот
Датум на внесување: 07.Март.2008 во 21:47

На сопственикот на најбрзата лимузина на светот, „ферари“ долго речиси седум метри, што постигнува брзина од 270 километри на час, компанијата „Ферари“ му се заканува со тужба поради кршење на авторските права. Ден Коулеј има 14 дена да ги отстрани сите симболи на „Ферари“ од својата лимузина, а забрането му е за лимузината да говори како за модел на „Ферари“.Адвокатите на „Ферари“ тврдат дека, откако Коулеј го преполовил моделот „360 модена“ и го продолжил со речиси три метри долгиот, рачно изработен дел направен од јаглеродни влакна, тоа едноставно не е повеќе „ферари“.  Ден, пак, се брани дека ја контактирал управата на „Ферари“ пред да започне со промената вредна 200 илјади фунти и дека оттаму му кажале да прави што сака, бидејќи автомобилот е во негова сопственост. Иако лимузината со осум седишта малку изгуби од силата, бидејќи е потешка за 160 килограми од оригиналот, што тежи 1.390 кг, силниот 3,6 литарски мотор и натаму може да постигне брзина од нула до 100 километри за шест секунди. Максималната брзина што може да ја постигне изнесува 268 километри на час, што е за незначителни 28 километри помалку од брзината во оригиналната изведба.  Ден (36) има своја работилница во англискиот град Манчестер и ова не му е прва промена на автомобил од позната марка. Во негова сопственост се и најдолгиот „хамер“ во Европа, на осум тркала и издолжениот „ренџ ровер спорт“, „крајслер 300“ и други возила. Тој најавува дека не се откажува и дека ќе се бори против автомобилскиот џин на суд. Лимузината може да се изнајми за 700 фунти за час, а била потребна цела година да се преправи моделот. Оваа лимузина е внесена во Гинисовата книга на рекорди како најбрза лимузина на светот.




Коментари:
Постирано од: Izzi
Датум на внесување: 08.Март.2008 во 17:33
интересен customizing,мора да се признае голема%20насмевка

-------------


Постирано од: Tonchie
Датум на внесување: 08.Март.2008 во 23:34
Одлично е лимузинчево.

-------------
Немам потпис, ама имам http://www.youtube.com/user/tonchie23 - профил на YouTube


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 08.Март.2008 во 23:35
барем нема црвена боја, ќе требаше да ја префарбува газење%20од%20смеење

-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: alekso_2000
Датум на внесување: 15.Април.2008 во 22:30
Абе јас сум љубител на Ферари ама Многу претервет!
Штом е купам колата , што сакам ке правам со неа и како сакам ке ја викам!!!

-------------
car's freack


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 11.Јули.2010 во 15:44
Ново летечко Ферари пристигнува до крајот на 2010 година,ова чудо од автомобил ќе постигнува брзина од 170км/ч на пат и 240км/ч во воздух.

ferarig.jpg


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: Iron Man
Датум на внесување: 11.Јули.2010 во 22:43
изненадување

Ферари ти дава криљааааааааааааа голема%20насмевка


-------------



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk