|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 2627282930 146> |
Автор | ||
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ТИ СИ МОЈА СРЦКА, НАЈУБАВА НА ЦЕЛ СВЕТ
|
||
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МЕЧОТ НА ЗБОРОТ
ЈА ДЕРЕ КОЖАТА НА СПОКОЈСТВОТО, И ГЛУВИОТ ЌЕ ПРОСЛУША И СЛЕПИОТ ЌЕ ПРОГЛЕДНЕ, САМО НЕМИОТ ЌЕ СИ ОСТАНЕ НЕМ И ПРИ ДАРБА ЗА ГОВОР. |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не се плашам да минам низ твојата улица
не се плашам да стапнам во твојот двор не се плашам од твоите крволочни пци не се плашам да влезам во твојата темнина низ подотворената врата без квака и клучалка се плашам од твоето покајание Изменето од filmadzijka - 27.Февруари.2008 во 23:20 |
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МИНИЈАТУРА
Време фатено во расчекор и бигоросан миг, скаменет во рамката на вечноста, сето останато е вселенска илузија |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од filmadzijka - 15.Март.2008 во 19:52 |
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ИЗМАМА
Како ѕвон на бисери, сронети од ниска на скожурен врат на стара благородничка, тропкаат чекорите на времето по мермерниот плоштад на мислата. ги барав дупките во кои мислев дека се скрило, оставајќи му ги тажните очи чички чичкосани во мојот тил, а тоа пред меме било... Зарем сето време сум се гледал со неговите очи вкопан во почетокот на моето постоење? |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Нинче, Нинче развигорче, ти си како бистра вода планинска која чисти поарно од доместос и го освежува форумов како ОУСТ. не мораш ништо да напишеш доста е да кажеш добровечер |
||
diogenskopje
Сениор Регистриран: 27.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2063 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ponoć je budila osećaje. Pogledaj me jedina i oseti sve to,što gori u meni. Kao žar same iskre vatre,kao lepu reč koja se uzdiže do tvojih milih usana. Videćeš snagu i sigurnost koja te štiti, videćeš sjaj Sunca koja te nežno dodiruje svojim toplim dahom. Videćeš lepotu koja nosi ovaj dan... I znaćeš.....šta to srce govori. Bez ijedne reči. I uvek ću tu biti,da osetiš tu bliskost i kad suze padaju i lede,i kad osmeh se prolama. Sve jeste samo snaga u toj nevinosti, koja nas obuzima,opojni mirisima sladostrasti. I neka pitanja izgube svaki smisao jer mi će mo biti taj odgovor. I kad nisam tu,kao da jesam mislima te milujem kao vetar tvoju kosu. I deo moje duše spava na tvome uzglavlju štiteći te od svakog zla i nevolje. Dan se polako spuštao...kao ove moje misli snevač otvorenih očiju bio sam, cigara je polako dogorevala... Reči su polako gasnule. Dok tvoj mio lik mi se ljupko i veselo smešio pred mojim licem. Ljubav je to...prošaptah tiho zažmurih i poljubih tvoju čistu dušu. |
||
KaLiNa
Сениор Регистриран: 25.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 8416 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
mene mi e mnogu zal, ama stvarno ne mozev da gi ostavam postovite...sepak, ne zavisi samo od mene i si ima nekoi pravila na forumot koi mora gi pocituvame...koga ostavam postovi sum kritikuvana zosto gi ostavam, koga gi brisam-zosto gi brisam...ama toa e
|
||
kuliraj
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ВО РУДНИКОТ НА ЗБОРОТ
Копачите на тишината Го препознаваат звукот На ударите на старите времиња Во гранитните карпи на мислата. Во рудникот на времето Некој пред мене ја експлоатирал Златната жица на совршенството, за да остави траг на кората на севременоста. Некои честички златна прашина, Скржаво скриени под ноктите, Бараат излез од мемливите ходници На погребалните псалми, Копнежливо загледани кон прегратките На воскреснатите предизвици. Изменето од majstorce62 - 29.Февруари.2008 во 00:51 |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ВО СОБАТА НА СРЦЕТО
Залудно тропаш на вратата од собата во која одамна никој не живее. Завесите од насмевки висат на прозорците како скожурени образи на старица; тапетите на спомените се изглодани од стаорците на мртвите сенки; по крцкавиот паркет стружат само чекорирте на повампиреното его како во сцена од излитен хорор во која публиката очекува шилката на глогот да влезе во срцето на монструмот како угорена жица во грутка путер. Залудно чекаш некој да ти отвори, со радост во очите да нацрта килим по која величенствено ќе се вратиш на тронот; чкрипење на рѓосано железо и застоен воздух да ги заматат водите на страста и презирот во кои се траќаат како на суво последните риби на непреболот, на непрегорот - огнените јазици на себеизгорот оставиле непоправливи траги на секоја страница на книгата на гордоста, па секое твое тропање се впива како ехо на одамна преклано грло на нечија надеж. Залудно тропаш на вратата на собата во која никој не сака да живее, од мртвите усни на срцето одвет нема да добиеш. |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
МЕЃУ СОНОТ И ЈАВЕТО
Во мојата мисла расцутува цветот На првата воздишка - Розов мирис под прав на пожолтена хартија. Утрото е широка ливада По која пасат немирните срни на детството, Барајќи ги кладенчињата на твоите очи Од кои сите сакавме да ја угасиме жедта На првороденчињата на љубовта. Плетенката што ја плетевме сите заедно Од маглите на сонот И ветриштата на јавето, Скриени секој под сенката на сопствената ѕвезда, Ја чувам сеуште неоскрнавена Во кивотот на ноќта како прва причесна И последна тајна вечера. Ништо не е исто и се е како тогаш: И црешите во дворот на соседите, И песната на првите темјанушки, И мирисот на дождот во липите... О колку сум жеден, колку прегорен, По капка вода од кладенчињата на твоите очи! |
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
KaLiNa
Сениор Регистриран: 25.Јули.2006 Статус: Офлајн Поени: 8416 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
за да нема повеќе кавги...отворив нова тема ВАША ПОЕЗИЈА II, за поезијата која сакате да ја споделите со нас, а не е на македонски.
|
||
kuliraj
|
||
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ja mnogu kalini sakam,
koga ke sozreat, edvaj gi cekam i pod slivata sedam i vo niv gledam, dur da bidnat, dur da mi mignat. |
||
Внеси реплика | страница <1 2627282930 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |