IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - СВИТОЦИТЕ ОД МРТВОТО МОРЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СВИТОЦИТЕ ОД МРТВОТО МОРЕ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2007 во 15:32
ne mi e jasno, zosto ednostavno ne stoi LORD namesto YHWH,koja e razlikata? ako veke site zborovi se prevedeni od staroevrejski na angl. zosto ne se prevede i toj? koja e poentata? ili sum jas nemozam da sfatam?збунетостзбунетост
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2007 во 15:59
Originally posted by ACELERA ACELERA напиша:

YHWH  на оригиналниот хебрејски изгледа вака יהוה-тетраграматонот  го означува името на Бог.Точниот изговор не е познат.
Четирите хебрејски консонанти обично се преведени како YHWH во англискиот јазик
Со вметнување на самогласки се добива JAHWEH кое ние би го прочитале ЈАХВЕ и се однесува на Божјата присутност
 
 
Да ја надополнам малку АЦЕЛЕРА, (специјално за конектирана среќа)
 
YHWH или יהוה-е личното име на Бог кое во Библијата се спомнува скоро 7000 пати и во македонскиот превод е преведено како Господ, во англиските преводи како Lord. Во King James преводот личното Име на Бог се разликува од титулата Господ (Господар) по тоа што таму тоа е напишано со сите големи букви LORD.
 
Зошто е таму е преведено со LORD?
Кај евреите се појавила една ерес поттикната од Третата Божја заопвед (Не изговарај го напразно името на Бог) и тие толку буквално ја сватиле оваа заповед што воопшто не го изговарале Името на Бог. И затоа за да не паднат во искушение да го прочитаат Неговото Име при читањето на светите списи, они решиле во нив да го заменат со еврејскиот збор за Господ (Господар) - adonai. Па така во некои списи се среќава adonai, а во некои тетраграматонот YHWH.
 
Никој не знае како се изговара таа кратенка. Евреите при пишувањето не ги запишувале самогласките, туку само согласките. При читањето на списите, кога ќе дошле до името на Бог тие правеле една кратка пауза (2-3 секунди молк) и потоа продолжувале, а слушателите знаеле дека таму се спомнува името на Бог. Па оттаму ние денес не знаеме како точно се изговара името на Бог. Најчести претпоставки се Јехова и Јахве или Џехова што би рекли американци.
 
конектирана, во текстот што го читаше од Исаија стои YHWH затоа што тоа е многу стар текст и таму си стои тетраграматонот и преведувачите кои го превеле тој текст од еврејски на англиски го оставиле тоа YHWH за да се знае дека таму не е извршена промена на личното име на Бог со зборот Господ (adonai).
Се надевам сега ти е појасно.
Поздрав.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2007 во 16:14
"Кај евреите се појавила една ерес поттикната од Третата Божја заопвед"

za koi evrei stanuva zbor? za site ili...? i dali e uste taka?





Изменето од connected - 29.Август.2007 во 21:03
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 02:35
Originally posted by MAKEDON-FILIP MAKEDON-FILIP напиша:

По откривањето на ракописите од Мртво море ова е второ откритие што може од корен да го промени општо прифатеното учење за почетокот и суштината на ХРИСТИЈАНСТВОТО.
 
Ај прочитај ја темава и кажи ми како ова откритие може од корен да го промени општо прифатеното учење за почетокот и суштината на ХРИСТИЈАНСТВОТО? среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
MAKEDON-FILIP Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 731
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MAKEDON-FILIP Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 03:28
Originally posted by connected connected напиша:

ne mi e jasno, zosto ednostavno ne stoi LORD namesto YHWH,koja e razlikata? ako veke site zborovi se prevedeni od staroevrejski na angl. zosto ne se prevede i toj? koja e poentata? ili sum jas nemozam da sfatam?збунетостзбунетост




Не е пишувано на староеврејски па се што е преведено има погрешна смисла бидејки е пишувано на коптски јазик сличен на староеврејски но различна смисла , со самото тоа се прави грешка во четвртиот век при преводот на евангелијата и пишувањето на библијата па затоа денеска има многу чудни контрирања во самата библија. Било кое евангелие пребведено од коптски има вистинско значење и смисла како историски случувања во времето на Исус како за неговото царско потекло така и за неговите обиди за ослободување од римсклото ропство и повракање на татковината во рацете на Давидовиот внук ИСУС.



ГАЛИЛЕЈА И КАРИОТ Ернест Ренан во славниот Живот Исусов раскажува за пасторалното детство на Исус во Галилеја, северниот дел од денешен Израел. Различно од сувата Јудеја на југот, областа околу галилејското езеро Тиверија, Ренан ја опишува како рај на земјата. Повеста на фамозниот род Јуда, Робер Амбелен ја започнува со неговиот наводен дедо Езекиј, кого римскиот историчар Јосиф Флавиј го опишува како "страшен разбојнички главатар". Во 46 г. пред Христа, управителот на Галилеја, Ирод, после жестоки битки, успева да го зароби Езекиј, кој претходно ја опустошил Сирија (тогаш под римска власт). Ирод наредува Езекиј да биде распнат и оставен да умре. Штом се разбрало за таа постапка на римскиот гувернатор, духовниот водач на Израел, Хиркан, го повикал кај себе Ирода и остро го укорил поради распнувањето на Езекиј. Зошто? Затоа што Езекиј не бил разбојник, ами востаник и тоа миропомазан!! Тој бил од царски род, "син Давидов", а сите потомци на Давид, Евреите ги сметат за свои кралеви.
Тој Езекиј - син Давидов - и самиот имал син. Неговото име било Јуда Галилеецот. Исто како и татко му, и овој син Давидов, кога му дошло времето, дигнал востание на Евреите против римската власт. Седиште на неговата востаничка власт бил градот Гамала, кој се наоѓал на врвот на една планина источно од Тиверијадското Езеро. Затоа бунтовничкиот водач бил наречен Јуда Гамалиел. Во делата на античкиот историчар Јосиф Флавиј, кого го цитира Амбелен, пишува: "Јуда Галилеецот од градот наречен Гамала, го зеде со себе фарисејот Садок и го крена народот на бунт. Тие говореа дека пописот на населението служи само за зајакнување на ропството и ја вдахновија рајата да си ја брани слободата". (Јудејски древности). "Таму исто така беше и некој си Јуда, син на Езекиј, тој страшен разбојнички главатар, кој некогаш беше уловен од Ирод со големи маки. Тој Јуда собра во Галилеја војска од очајни селани и продре во царскиот дворец". "Тогаш еден Галилеец по име Јуда ги поттикнуваше своите сонародници кон бунт, ги кореше што им плаќаат данок на Римјаните и им велеше дека не треба да поднесуваат други господари освен Бог" (Јудејски војни).
Ако помисливте дека овој Јуда Галилеецот е нашиот Јуда Искариотски, се излажавте. Вториов е негов син, а прекарот "Искариотски" не доаѓа од некакво село Кариот (како што долго се мислело), оти такво село ни тогаш, ни сега, не постои. Зборот "искариот" е изведенка од "сикарија", што значи кама. Јуда £ припаѓал на верската секта сикариоти - "луѓе со ножеви" - кои како и востаниците на татко му и дедо му, сееле смрт меѓу Римјаните.
И сега, каква е врската помеѓу Јуда помладиот и Месијата Исус? Според Амбелен, а, богами, и според бројните апокрифни евангелија од типот на Јудиното, тие се браќа!!!

МЕНУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА Ваквите нови читања на историјата се потресни за официјалната црква. Целата христијанска доктрина е заснована на догмите формулирани од Иринеј и Августин, а сега ваму треба да се справуваат со хипотези дека Христос (воскресе) бил обичен еврејски крал. Особено што се намножија делата а ла Кодот на Да Винчи во кои се докажува дека имал и потомци, па дури и дека некои од нив се живи. За конзервативните теократи во католицизмот и православието, кои забрануваат употреба на презервативи, тоа станува вистински кошмар. Она што најмногу ги боли е што целата оваа операција за десакрализација на Богочовекот Исус ја водат нивните колеги протестантите, преку своите медиумско-публицистички филијали како Нешенел џеографик, Дискавери, Ден Браун, Мајк Бејџент итн. Причината за тоа е проста. За разлика од католичко-православна Европа, во која Хитлер успеа да искорени најголем дел од Јудиното племе на Евреите, во остатокот на христијанството, особено во англо-американските пространства, потомците на Давид и Соломон се бројни и влијателни.
Така, на европската спиритуална историја навистина и претстои едно длабоко и суштинско менување. Како една од важните фази во тоа редефинирање на нашето верско и културолошко минато, веројатно, ќе биде и Евангелието по Јуда, колку-годе високиот христијански клер да глуми ладнокрвност. Турбуленциите допрва претстојат.

Изменето од MAKEDON-FILIP - 29.Февруари.2008 во 03:43
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 08:49
Originally posted by postariot brat postariot brat напиша:

Navistina e vredno sto go spomnavte ova.
mnogu sum vi blagodaren Evangelos, i bi sakal da dodadam eden kratok citat za site muslimani i nevernicite ateisti koi tvrdat deka nikade vo stariot zavet nese spomnuva deka ke dojde bog ili sin bozji, , i deka Isus e samo mesija.

 

KNIGA NA PROROKOT ISAIJA 9. 6.

6. Zosto Mladenec ni se rodi-Sin ni se dade; Vlast e na ramenjata Negovi i ke Go narecat: Sovetnik, Chudesni,, Bog silen, Otec vecen, knez na Mirot.


Potar brate-Isa.a.s.(Isus) e samo Allahov Pejgamber....


Ne samo vo Stariot Zavet tuku Nikade Isus ne rekol deka E Gospod..Daj mi ti mene Citat kade Velet deka toj e Bog!

Citajse so si pisal...Ke go Narecat..Znaci nekoj Drug ke go narecet, a ne toj samiot,Kako sto i vie denes go Narekuvate,ama samiot Nikade ne rekol deka E Gospod..



Zatoa ne Trcaj!! I jas Mozam tebe da te narecam,Evangelos,no ti si sepak Postariot brat,Taka da nekoj go narekuval,a toj samiot nikade ne se Narekol Gospod,eve gledas i Isaija ne go Narekol Gospod ili Bozji sin,

Zosto Isaija ne rekol na Mesto ke GoNARECAT,da Recel TOJ E Sovetnik,Cudesni Bog.itn.itn.Zosto i toj sam ne go narekol so ovie Zborovi??Poso i toj samiot znael deka Isus ne e Nitu Gospod nitu Sin.

:“I spomeni kad Allah reče:“ O Isa, sine Merjemin, je sili ti rekao ljudima:“Uzmite mene i moju majku kao dva boga mimo Allaha? Reče Isa:“Ti si čist od onoga što ti ne doliči. Ja nejmam pravo reči ono što nije istina. Da sam ja to rekao, Ti bi to znao. Ti znaš šta je u meni, a ja ne znam šta je kod Tebe. Ti najbolje znaš ono što je nevidljivo(gajb).“ Ja im nisam rekao ništa drugo osim ono što si mi Ti naredio. Rekao sam:“Obožavajte Boga, moga Gospodara i vašeg Gospodara!“ Bio sam svjedok među njima dok sam bio među njima. A pošto si mi dušu uzeo, Ti si ostao promatrač njihovih djela. A Ti si svjedok svemu. Ako ih Ti kazniš, Tvoji su robovi , a ako im oprostiš, zaista Ti si moćan i mudar.“ (Maide 119-120)


''O SLJEDBENICI KNJIGE, NE PRETJERUJTE U SVOME VJEROVANJU I GOVORITE O BOGU SAMO ISTINU. MESIH-ISA, SIN MERJEMIN, SAMO JE BOŽIJI POSLANIK I NJEGOVA RIJEČ KOJU JE DOSTAVIO MERJEMI I DUH OD NJEGA. PA VJERUJTE U BOGA I NJEGOVE POSLANIKE I NE GOVORITE:"TROJICA SU! ALLAH JE SAMO JEDAN I JEDINI BOG. ON JE ČIST OD POTVORE DA BI IMAO DJETE. NJEMU PRIPADA SVE ŠTO JE NA NEBESIMA I ŠTO JE NA ZEMLJI. SAM JE BOG DOVOLJAN KAO SVJEDOK.'' (NISA 171)



Ti se Dopaga Postar!?


Изменето од Halid ibn Velid - 29.Февруари.2008 во 09:38
Кон врв
tofu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 328
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tofu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 10:12
Прашање за ЕвАнгелос,

Но меѓу Кумранските ракописи, кои датираат неколку века пред да се родат христијаните, се појави и еден текст со триумфална содржина за оние кои веруваат дека Христос бил распнат и погубен како жртва за нашите гревови.
На фрагментот е запишано...
"Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага."
(Исаија 53:7-9 ; Манускрипт околу 3 век пред Христос)

Како овој текст потврдува дека Исус бил распнат и дека страдал за човековите гревови? Тука само пишува дека некој човек бил мачен, убиен и закопан меѓу богатите. Не гледам дека е спомнато никакво распетие или страдање заради нечии туѓи гревови.
It’s just unbelievable how many people think their version of reality is the only one that exists.
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 10:48

Кумрански ракописи

 

     Историјата на пронајдените кумрански ракописи започнала кога во 1947 години бедуини во јудејската пустина наишле на пештера во која во повеќе големи ќупови биле сокриени свотоци. Во текот на следните години се вршени интензивни истражувања во околината на наоѓалиштето, делумно под раководство на научниците, а претежно тоа го правеле бедуините. Пребарани биле 1.000 пештери на планинските ледини, кои се наоѓале од јудејската пустина до Мртвото море. До 1956 година, во вкупно 11 пештери откриени се текстови и фрагменти, а најобемните и најзначајните во пештерите 1 и 4. Археолошките истражувања кои започнале од 1951-1956 во околината на пештерата, пронајдени се важни резултати, списи кои ја расветлуваат историјата на заедницата, кои биле пронајдени во пештерите во кои настанале или биле читани.

 

     а) Археолошки пронајдок

     Во близина на пештерите откриени во 1974 година, се наоѓал недалеку од Мртвото море еден мал брег во урнатини. Се востановило дека постои врска помеѓу ова место наречено [ирбет Кумран и пронајдените ракописи. Откопана е населба која била живеалиште на една јудејска заедница. Главната куќа со кула има димензии од 30х37 м. Пронајдена е една голема просторија што служела како собиралиште и се користела за заеднички обреди, а е пронајдена и главна трпезарија, просторија за грнчарство, писарница и работилница. Во населбата се наоѓале неколку цистерни кои биле полнети со дождовница преку водоводни цевки кои доаѓале од планината. Бидејќи во оваа наслеба немало просторија за смествување и спеиење, се претпсотавува дека членовите на заедницата преноќувале во пештерите кои ги има во голем број, а дење работеле во работилниците или се состанувале во просториите за собирање. Внимателно спакуваните свитоци во една пештера укажуваат на тоа дека овде било однапред приготвено скривалиште. А пак, големиот број на текстови и фрагменти во четвртата пештера ја дозволува претпоставката дека тука би можела да биде и библиотеката на заедницата.

     Според различните методи кои се пронајдени во населбата, точно може да се определи времето кога е таа основана. Најстарата монета потекнува од времето на Јован Хиркан (134-104 пред Христа), значи според тоа, населбата е основана некаде во средината на вториот век пред Христа или потоа. Според сведоштвото од другите пронајдени монети, населбата е користена во текот на еден цел век.

     Земјотресот кој според античките извештаи се случил во 31 г. пред Христа (Јосиф, Ф.-Јудејската војна 1), предизвикал големи урнатини, па едно време куќите не можеле да се населат. Големиот број на изгоретини укажуваат дека оваа населба била насилно срушена. Неја ја зазеле Римјаните во 68 година пред Христа, кога Веспазијан со своите трупи тргнал по должината на Јорданската котлина кон Мртвото море и земјата повторно ја привел под римска управа.

     Најверојатно веста за приближувањето на Римјаните ги натерало членовите на заедницата внимателно да ги спакуваат во ќупови и да ги сокријат големите свитови откриени во првата пештера, со надеж дека по завршувањето на војната ќе ги извадат. Но, до тоа не дошло, бидејќи Заедницата настрадала во војната. По војната, во Кумран едно време била сместена римската војска, а за време на востанието под водството на Бар Кохба, таму се сместиле и Јудејските востаници. После тоа завршува историјата на оваа населба, која подоцна како урнатина не привлекува внимание.

     На источната страна од населбата, имало гробишта со повеќе од 1.000 гробови, во кои биле погребувани членовите на заедницата. Археолошкиот пронајдок едногласно го определува времето во кое се напишани пронајдените ракописи: од средината на 2 век пред Христа во 68 година по Христа до кога постоела кумранската заедница. Оттука, не постои сомневање во тоа дека кумранските текстви потекнуваат од една јудејска заедница која за свој центар го имала Кумран во Христово време, и во текот на раното христијанство.

 

     б) Библиски текстови.

     Помеѓу ракописите и фрагментите пронајдени во кумранските пештери, се наоѓаат голем број на библиски текстови. Во првата пештера пронајдени се два големи свитока кои ја содржат книгата на пророкот Исаија. Едниот е одлично сочуван и ја содржи речиси целата книга, а другиот е потешко оштетен и по обемот заостанува зад првиот свиток. Овие ракописи се цел милениум постари од дотогашните најстари познати еврејски ракописи на Стариот завет. Воглавно текстот на книгата на пророкот Исаија во овие два свитока не е многу оддалечен од подоцнежниот масоретски текст. Кај другите библиски ракописи работите не стојат така, што докажува една верзија на книгата на пророкот Самуил, која повеќе се согласува со Септуагинтита отколку со масоретскиот текст. Бидејќи голем број на библиски ракописи и фрагменти сведочат за раниот стадиум на подоцнежниот масоретски текст, а други делумно се разликуваат од него. Тоа значи дека во времето на кумранската заедница сеуште не постоела единствена верзија на текстот од библиските книги. Помеѓу бројните библиски текстови се наоѓаат делови од сите книги на старозаветниот канон, со еден исклучок, книгата на Естир, која не е засведочена во Кумранот. Нејзиното отсуство може да се сведе на случајност, но може да се сведе и на тоа дека оваа книга претставувала свечен свиток за празникот Пурим кој кумранската заедница можно е да не го празнувала и почитувала овој празник, па така и книгата за Естир не била ни читана. Колку и да се библиските текстови од Кумран поучни за запознавање со преданието на старозаветните списи и претставуваат постепено поставување граница на канонот, уште позанвачајни небиблиските текстови откриени во кумранските пештери, зашто преку нив се запознаваме со една јудејска заедница, која го разработила учењето на правилен живот, според законот, и ова учење го спроведувала во дело.

 продолжува

    



Изменето од чаир - 29.Февруари.2008 во 10:49
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 10:48
продолжение


в) Јудејски текстови

     Од многубројните пронајдени текстови во Кумран, најкусо ќе ги опишеме само најважните, за да можеме да создадеме слика за верата и животот во заедницата.

     Правилникот на заедницата “- познат уште како Правилникот на сектата, е зачуван недопрен во ракопис од 11 столбови. Покрај овој, во четвртата пештера имало уште 11 примероци, но од нив постојат само мали делови. Правлиникот кој се состои од различни делови, започнува со богослужбени упатства и правила за годишниот празник Обнова на сојузот (заветот). Потоа, следува поучен дел за двата духа кои управуваат со човечкиот живот, за духот вистината и духот на расипаноста. Се наведуваат правила за уредување на заедницата како и низа казнени одредби за прекршување на законот. На крајот се наоѓаат упатства за молитвите и псалмите во кои се фали и исповедува божјата правда. Книгата е напишана на чист еврејски јазик, кој во заедницата бил негуван како јазик на законот. Покрај овој Правилник, зачувани се како прилози и два покуси текста. Во тнр. Правилник на друштвото, се даваат упатства за заедницата на Израилот наа крајот од денот. Тука се наведуваат прописи за воспитувањето на членовите на заедницата.

     ВоИзреките за благослов”, се наоѓаат зборови за благослов на верниците, првосвештениците, свештениците и кнезовите на заедницата. Најверојатно овие правила служеле како литургиски правила за времето што доаѓа за спасение.

     ТаканаречениотДамаскин спис”, откриен во 1896 година во Есдрината синагога во стариот дел на Каиро. Бидејќи во 4, 5 и 6 кумрански пештери се пронајдени цели фрегменти до Дамаскиниот спис, и нивната содржина покажува извесни допири со Правилникот на заедницата, се претпоставува дека Дамаскиниот спис настанал во кумранската заедница. Во столбовите од 1 до 8 се говори за почетокот и историјата на заедницата како и за историјата на Израилот.

     Свитокот на пофалните песни содржи 18 столбовни колумни. Кон нив се додадени уште 66 мали фрагменти од пештерата еден, и делови од други ракописи од истиот дел од четвртата пештера. По облик и содржина, песните се потпираат на старозаветните псалми.

     Борбата меѓу синовите на светлината и синовите на темнината е изложена во тн. “Борбен свиток”. Покрај овој свиток од 19 столбови, во пештерата 4 откриени се мали фрагменти од други ракописи. Во овие свитоци се говори за борбата во последните времиња, каде што се земени мотиви од светата војна со старозаветни фрази кои ги оживеале побожниците во времето на Макавејите.

     ТаканаречениотАпокриф на Битиего обработува старозаветниот текст сосема слободно, давајќи го во арамејска парафраза, притоа многу места значително ги проширува и дотерува. Се опишува раѓањето на Ное, се говори за Аврам и Сара.

     На еден лист пронајден во пештерата 4 се наоѓа мала збирка од старозаветни цитати, кои биле барани на основа на месијанското очекување. Содржат цитати од книгата 5 Мојсеја, 4 км.Мој Осија 6,26). Овој документ докажува дека во тогашното јудејство имало зборник на цитати кои прикажувале цитати од стариот завет, за да може овие цитати да се пронајдат во секое време и да ги применат во сопственото учење.

     Во пештерата 3 се наоѓалБакарен свитоккој содржел опис на ризнцата, и го наведува местото каде треба да се сокрие. Меѓутоа, количината била вкупно 200 тони и сребро, што е сомнително дека е скриено толкаво богатство.

     Во пештерата 11 е пронајденСвиток со псалми”, во кои покрај 41 библ.псалм, 7 небиблиски има и еден прозен текст за псалмите давидови, за кого се кажува дека испеал вкупно 4050 псалми.

     Палеографски, ракописите може да се поделат на 3 периода: 1.архаичен (предхаспмонејски) од крајот на 3 век до 150 година пред Христа

2. хасмонејски - околу 150 години пред Христа до 30 г. пред Христа;

3. иродијански - околу 30 години пред Христа до 68 години по Христа.


Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 10:54

Stradaweto i slavata na Bo`jiot Sluga.

 

53. Stradaweto i slavata na Bo`jiot Sluga.

 

 

1. Gospodi, Koj *poveruva na toa, {to go ~ul od nas i komu mu se

otkri silata Gospodova?

*Jovan 12,38;

2. Za{to iznikna On pred nego kako mlado drvce i kako steblence od

suva zemja; nema vo Nego ni izgled, nitu veli~ie; nie Go vidovme, i vo Nego nema{e izgled, {to }e n# privlekuva

kon Nego.

3. On be{e *prezren i ponizen me|u lu|eto, ma` na bolki i sviknat na stradawa, i nie go odvra}avme

od Nego liceto svoe; On be{e preziran, i nie za ni{to ne Go smetavme.

*Psal.21,6;

4. No On gi zede vrz Sebe

na{ite bolki i gi ponese na{ite slabosti; a nie mislevme, deka On be{e porazuvan, kaznuvan i ponizuvan od

Boga.

5. A On be{e iznaranet za na{ite grevovi i ma~en zaradi na{ite bezzakonija; kaznata za na{iot mir

padna vrz Nego, a preku Negovite rani nie se izlekuvavme.

6. Site nie bevme zabludeni kako ovci, se otstrani

sekoj od patot svoj, - i Gospod gi vozlo`i vrz Nego grevovite na site nas.

7. On be{e *izma~uvan, no strada{e

dobrovolno i ustata Svoja ne ja otvora{e; kako ovca On be{e odveden na kolewe, i kako {to e jagneto pred

stri`a~ite svoi bezglasno, taka i On ne ja otvori ustata Svoja.

*Dela 8,32;

8. On be{e li{en od praveden

sud. No rodot Negov Koj }e go objasni? Za{to be{e odzemen od zemjata na `ivite; zaradi bezzakonijata na Mojot

narod be{e osuden na smrt.

9. Mu opredelija grob so zlodejci, no On be{e pogreban kaj bogatiot, za{to ne be{e

 napravil grev i vo ustata negova nema{e laga.

10. No na Gospoda mu be{e ugodno da Go ponizi, i Go predade na

ma~ewe; a koga du{ata Negova Mu prinese milostivna `rtva, On }e vidi dolgove~no potomstvo, i voljata

Gospodova }e napreduva preku Negovata raka.

11. ]e se zaraduva poradi trudot na du{ata Svoja i }e vidi

svetlina. Pravedniot Sluga Moj }e gi opravda mnozina i grevovite nivni vrz Sebe }e gi ponese.

12. Zatoa Jas

}e Mu dadam golemo nasledstvo, so silnite plen }e deli, za{to du{ata Svoja na smrt ja predade, i me|u

zlodejcite be{e vbroen i gi ponese vrz Sebe grevovite na mnozina i za prestapnicite stana posrednik.

 

ова е правиод превод на 53 Исаија
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 11:04
Originally posted by tofu tofu напиша:

Прашање за ЕвАнгелос,

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Но меѓу Кумранските ракописи, кои датираат неколку века пред да се родат христијаните, се појави и еден текст со триумфална содржина за оние кои веруваат дека Христос бил распнат и погубен како жртва за нашите гревови.
На фрагментот е запишано...
"Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага."
(Исаија 53:7-9 ; Манускрипт околу 3 век пред Христос)


Како овој текст потврдува дека Исус бил распнат и дека страдал за човековите гревови? Тука само пишува дека некој човек бил мачен, убиен и закопан меѓу богатите. Не гледам дека е спомнато никакво распетие или страдање заради нечии туѓи гревови.
 
Прочитај го уште еднаш внимателно текстот. Во Христос се исполнува секоја реченица од горенаведениот текст.
 
-  Кога Исус го мачеа, Тој оставаше (не даде отпор)
 
-  Кога го испрашуваа Тој не ја отвори Својата уста (не одговараше)
"И (Ирод) Му поставуваше многу прашања, но Тој (Исус) не му одговори ништо."
(Лука 23:9)
"Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш?"
(Јован 19:10)
 
- Со сила и суд се ослободија од Него (Пилат и народот му судеа)
"Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам и дека имам власт да Те ослободам?"
(Јован 19:10)
"Пилат пак им рече: „Какво зло направил?” Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!”"
(Марко 14:15)
 
- Умре за гревовите на Неговиот народ (христијаните)
"Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот."
(Јован 3:16)
"Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот!"
(Јован 1:29)
"Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови."
(1 Јованово 4:10)
 
- Беше распнат меѓу двајца злочинци (разбојници)
"И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него."
(Матеј 15:27)
 
- Беше погребан меѓу богатите (во гробот на богатиот Јосиф од Ариматеја)
"А кога се стемни, дојде богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик; тој отиде при Пилата и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му биде дадено. И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно и го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа. И навали голем камен на гробната врата и си отиде."
(Матеј 27:57-60)
 
- Исус не направил ни една неправда во Својот живот.
- Исус не изусти ни една лага во Својот живот.
"А главните свештеници и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат, и не најдоа, иако дојдоа многу лажни сведоци."
(Матеј 26:59-60)
 


Изменето од EvAngelos - 29.Февруари.2008 во 11:31
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
tofu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 328
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tofu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 11:39
Па во историјата имало многу маченици кои биле мачени и умреле без да дадат никаков отпор. А повторно во тој цитат не се спомнува дека бил распнат!
It’s just unbelievable how many people think their version of reality is the only one that exists.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 11:50
Точно, во тој цитат не се спомнува дека е распнат. Христовото распнување е пророкувано во други делови од Стариот Завет.
Но сепак не постои друг маченик во историјата кој ги исполнил сите детали од тоа пророштво. На пример никој не загинал за гревовите за својот народ, нешто што во ова пророштво е експлицитно кажано.
Ајде погледни ги и другите детали и ќе видиш колку ова прецизно се однесува на Христос.
 
Ова се само 3 стиха од 53-то поглавје од книгата на пророкот Исаија. Ако го прочиташ целото поглавје, доколку ги имаш читано евангелијата, ќе видиш дека целото тоа се однесува на Христос. Јас не можам да ти помогнам да го увидиш тоа во целост, мора сам да прочиташ - евангелијата и пророкот Исаија.
Во 53-тото поглавје е најексплицитно кажано за Христос, инаку Исаија пророкува и во другите поглавја за Христос. Види 9-то погјавје, потоа 7:14, потоа 40-то поглавје итн.)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
tofu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 328
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tofu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Февруари.2008 во 12:04
Се фатив за тој цитат затоа што ти пред да го спомнеш велиш дека со него се потврдува дека Исус бил распнат. Затоа те прашав како тоа со тој цитат се потврдува дека Исус бил распнат, кога ништо такво не е спомнато.
It’s just unbelievable how many people think their version of reality is the only one that exists.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.