СВИТОЦИТЕ ОД МРТВОТО МОРЕ
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8955
Датум на принтање: 28.Ноември.2024 во 19:18 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: СВИТОЦИТЕ ОД МРТВОТО МОРЕ
Постирано од: EvAngelos
Наслов: СВИТОЦИТЕ ОД МРТВОТО МОРЕ
Датум на внесување: 22.Август.2007 во 15:02
Свитоците од Мртвото Море
(најголемото манускриптно откритие досега)
Едно бедуинско овчарче, во 1947 год. шетајќи се по северозападниот брег на Мртвото море на 13 милји источно од Ерусалим, барајќи ја својата изгубена овца наишло на темна пештера каде фрлајќи камен за да ја провери внатрешноста на пештерата слушнало звук сличен на оној кога се крши некоја вазна или некој ќерамички сад. Збунето и зачудено овчарчето влегло внатре во пештерата да види што било тоа што го скршил. Кога се приближило до скршениот објект, видело дека станува збор за некакви стари садови во кои биле згрижливо сместени некакви папирусни ролни и ролни од животински кожи на кои било напишан текст на неразбирлив јазик за него.
Откако ги повикал стручњаците (археолозите) тие утврдиле дека станува збор за многу стари манускрипти чија старост датира неколку векови пред нашата ера. Со понатамошната акција на археоозите, во периодот од 1947-1956, во 11 пештери, најдени се околу 850 свитоци составени од неколку десетици ијлади фрагменти. Ова откритие го привлече љубопитното око на скоро сите археолози од целиот свет. Анализата започна...
Зошто се овие стари свитоци толку важни?
Свитоците на Мртвото море се најголемото и најважното манускриптно откритите во последниве векови. На нив посебно им се израдуваа христијаните. Имено во богатството на оваа "библиотека", меѓу другите текстови, најдени се и многу библиски манускрипти, па дури и цели библиски, нормално старозаветни, книги. Од 39 книги (коклу што ги има во Стариот Завет) најдени текстови од 38 книги, значи сите книги, освен книгата на Естира.
- Големиот Свиток на Исаија
Зачудувачки е што таму, меѓу големото богатство на библиски манускрипти, најдена е и целата книга на пророкот Исаија. Сите 66 поглавја! со неверојатна идентичност на текстот кој ние го читаме денес. Беа направени неколку анализи на нејзината старост и беше утврдена околу 3 век пред нашата ера. Оваа старост на овие манускрипти и нивната неверојатна идентичност со текстот што денес го читаме во нашите Библии ја затвори устата на скептиците кои веруваат дека со текот на препишувањето на Библијата голем дел од нејзината содржина бил променет.
Интересно, а верувам и не случајно, е тоа што меѓу овие библиски книги е најдена во целост книгата на пророкот Исаија. Зошто? Исаија е старозаветен пророк чија книга изобилува со месијански пророштва (пророштва за Христос) највеќе од сите други библиски пророци. Во неговата книга се наведени неверојатни детали (пророштва) за животот, смртта и делото на Исус Христос. Таму е проречено дека ќе се роди од девица, дека ќе биде Бог, дека ќе пострада, дека ќе го даде Своето тело како жртва за гревовите на луѓето, дека рацете и нозете ќе Му бидат прободени, дека ќе биде распнат меѓу злосторници, а погребан меѓу богатите (Исаија 53-то поглавје) итн итн.. сето ова е најдено напишано околу 3 века пред да се роди Оној за кого сето ова е пророкувано - Христос!
Овие пророштва кои целосно се исполнети во евангелијата на индиректен начин ја потврдија и нивната веродостојност и сите заедно ја затворија устата на сите оние кои тврдат дека христијанските книги (старозаветни и новозаветни) биле корумпирани (наместени, изменети) за да Го воздигнат Христос.
Муслиманите на пример веруваат дека христијаните и евреите ги измениле книгите на Стариот Завет и ги "прилагодиле" пророштвата согласно нивната приказна за Исус Христос, секако немајќи ни еден единствен доказ за таквиот претпоставен заговор на христијаните или евреите.
Но се поставува прашањето: Како е можно христијаните да се вратиле назад во 3 век пред нашата ера и да ги изменат овие свитоци од Мртвото море? Се надевам дека ќе понудат одговор надвор од филмот: "Враќање во иднината"
Повеќе за овие свитоци можете да прочитате на следниов линк: http://www.allaboutarchaeology.org/dead-sea-scrolls.htm - http://www.allaboutarchaeology.org/dead-sea-scrolls.htm
EvAngelos
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Коментари:
Постирано од: аџија
Датум на внесување: 22.Август.2007 во 17:06
Фала ти Евангелос што ме потсети на едно од најубавите искуства што сум ги имал, кога за прв пат ја здогледав таа прекрасна, моќна, победосна книга на пророкот Исаија.
Еве за тие што не виделе, како тоа изгледа денес. Kнигата е манускрипт во вид на ролна, обвиткана од почеток до крај околу столбот (на сликата десно).
Поздрав.
-------------
|
Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 22.Август.2007 во 23:57
Navistina e vredno sto go spomnavte ova.
mnogu sum vi blagodaren Evangelos, i bi sakal da dodadam eden kratok citat za site muslimani i nevernicite ateisti koi tvrdat deka nikade vo stariot zavet nese spomnuva deka ke dojde bog ili sin bozji, , i deka Isus e samo mesija.
KNIGA NA PROROKOT ISAIJA 9. 6.
6. Zosto Mladenec ni se rodi-Sin ni se dade; Vlast e na ramenjata Negovi i ke Go narecat: Sovetnik, Chudesni,, Bog silen, Otec vecen, knez na Mirot.
------------- Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 23.Август.2007 во 13:10
Еве за сите заинтересирани превод (англиски) на еден фрагмент од свотиците кој го содржи 53-то поглавје од книгата на пророкот Исаија, а паралелно, за споредба, ќе го наведеме текстот кој денес го читаме во нашите Библии.
Свиток од Мртвото море
(3 век пред Христос)
|
Денешен превод на текстот
(1999год.)
|
5. Who has believed our report and the arm of YHWH (LORD) to whom has it been revealed And he shall come up like a suckling before him 6. and as a root from dry ground there is no form to him and no beauty [+to him+] and in his being seen and there is no appearance 7. that we should desire him. He is despised and rejected of men, a man of sorrows and knowing grief 8. and as though hiding faces from him he was despised and we did not esteem him. Surely our griefs he 9. is bearing and our sorrows he carried them and we esteemed him beaten and struck by God 10. and afflicted. and he is wounded for our transgressions, and crushed for our iniquities, the correction 11. of our peace was upon him and by his wounds he has healed us. All of us like sheep have wandered each man to his own way 12. we have turned and YHWH has caused to light on him the iniquity of all of us He was oppressed and he was afflicted and he did not 13. open his mouth, as a lamb to the slaughter he is brought and as a ewe before her shearers is made dumb he did not open 14. his mouth. From prison and from judgment he was taken and his generation who shall discuss it because he was cut off from the land of 15. the living. Because from the transgressions of his people a wound was to him 16. And they gave wicked ones to be his grave and [a scribbled word probably accusative sign "eth"] rich ones in his death 17. although he worked no violence neither deceit in his mouth And YHWH was pleased to crush him and He has caused him grief. 18. If you will appoint his soul a sin offering he will see his seed and he will lengthen his days and the pleasure of YHWH 19. in his hand will advance. Of the toil of his soul he shall see {+light+} and he shall be satisfied and by his knowledge shall he make righteous 20. even my righteous servant for many and their iniquities he will bear. Therefore I will apportion to him among the great ones 21. and with the mighty ones he shall divide the spoil because he laid bare to death his soul and with the transgressors 22. he was numbered, and he, the sins of many, he bore, and for their transgressions he entreated. |
Кој да му поверува на она што ни е објавено, кому му се откри Господовата рака?”
Израсте пред Него како нежно стебло, како корен од сува земја. Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него, ни милозливост за да би ни се допаднал.
Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдањата, од Кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме.
А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува.
За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме.
Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.
Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста.
Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт.
Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага.
Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него.
Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе.
Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.
|
Зарем не е зачудувачка идентичноста на текстот? Иако едниот е пишуван околу 3 век пред наша ера, а другиот 23 века подоцна, текстот е скоро идентичен, а суштината и неговото значење апсолутно ист.
Јасно читаме и од двата текста дека Христос бил предаден на грешниците, бичуван, мачен и распнат за нашите гревови - евангеилето од А до Ш.
Некои велат дека сите овие работи христијаните ги измислиле отпосле, дека не бил Христос распнат туку Јуда, дека Христос се оженил со Марија Магдалена, па имал деца со неа итн итн еден куп цртани филмови... но имајќи го овој триумфален манускрипт од 3 век пред нашата ера, останува прашањето:
Како е можно христијаните од 1 век по Христос, да се вратат во 3 век пред Христос и да ги изменат свитоците од Мртвото море?
Има ли некакви траги од таа "временска машина"?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 23.Август.2007 во 17:52
Svitocite od Mrtvoto more ili poznati i kako Kumranski rakopisi, koi bea pronajdeni sosema slucajno 1947, ja sodrzat komletnata sodrzina na Knigata na prorokot Isaija, kako i segmenti na skoro site Starozavetni knigi. Najgolemiot del od ovie segmenti se odnesuvaat na sodrzinata na knigata na prorokot Isaija i na Mojseevoto Petoknizenie. Tuka istotaka se sodrzani i Prvata i Vtorata kniga na Samuil (no ovie rakopisi se vo mosne losa sostojba, skoro iskinati), kako i celi dve poglavja od Knigata na prorocite. Celosni rakopisi ima samo deset, ostanatite rakopisi pronajdeni se delovi od tekst so po edna ili dve bukvi ili pak so nekolku zbora. Edna tretina od svitocite pretstavuvaat bibliski rakopisi, i kako sto navedov pogore zastapen e Stariot zavet koj gi sodrzi site prvokanonski knigi, sem knigata za Estera. Nekoi rakopisi se mnogu stari i se napisani so fenikijsko pismo, koe kako sto e poznato Evreite go napustile vo tretiot vek pred Hrist.
Ovie svitoci datiraat od okolu 100 godina pred Hrista, i najznacajno za niv e sto so nivnoto otkrivanje se ovozmozmozi da se sporedat Mazoretskite hebrejski tekstovi, so sto i se potvrduva nivnata validnost.
Kumranskite raskopisi i Mazoretskite hebrejski tekstovi, od koj najstariot socuvan datira 1000 godini po pisuvanjeto na Kumranskite rakopisi, se skoro identicni, so nekoi mali, no nebitni razliki koi ne ja menuvaat voopsto sodrzinata na Mazoretskite hebrejski tekstovi.
Pri sporedbite koi se vrseni na Knigata na prorokot Isaija, glava 53, sodrzana vo Kumranskite rakopisi, so mazoretskite hebrejski tekstovi, se pokazale otstapki vo samo 17 bukvi od Mazoretskiot tekst na istata. Od toa samo 10 bukvi pretstavuvaat razlicno zapisuvanje na eden ist zbor, taka da voopsto ne se menuva znacenjeto na zborot, 4 bukvi prestavuvaat mnogu minorni razliki koi imaat poveke stilsko otkolku sodrzinsko znacenje, a ostanatite 3 bukvi po koi se razlikuvaat ovie dva rakopisa se bukvi so koi se oznacuva hebrejskiot zbor “svetlost”.
Kumranskite rakopisi, kako sto jas poveke miluvam da gi imenuvam, se od ogromno znacenje za naukata kako literaturata, istorijata, arheologijata, no pred se za nas hristijanite bidejki preku niv se potvrduva vistinitosta na Svetoto Pismo, a vo celost se negiraat tvrdenjata deka so tek na vreme i po potreba se menuval tekstot na Stariot zavet, koj kako sto znaeme go najavuva doaganjeto na nasiot spasitel. Nivnata avtenticnost e neosporna.
Taka da moze so sigurnost da tvrdime i kazeme deka doaganjeto na nasiot spasitel Isus Hristos e najaveno vo Stariot zavet, a vo Noviot zavet e objaveno.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 24.Август.2007 во 02:02
Кумранските ракописи исто така ги изненадија и муслиманите и конечно ставија точка на дебатата "Дали Христос бил навистина распнат" за кој муслиманите упорно и тврдоглаво тврдеа дека Исус не бил распнат, туку дека таа приказна ја вметнале христијаните во своите евангелија.
Но меѓу Кумранските ракописи, кои датираат неколку века пред да се родат христијаните, се појави и еден текст со триумфална содржина за оние кои веруваат дека Христос бил распнат и погубен како жртва за нашите гревови.
На фрагментот е запишано...
"Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага."
(Исаија 53:7-9 ; Манускрипт околу 3 век пред Христос)
Ако некој не го прочита тоа што е во заградите, сигурно ќе помисли дека ова е текст од евангелијата. Неверојатно е колку била јака визијата на пророкот Исаија, кој иако бил неколку века пред Христос, спеак се чини како да го набљудува Христос низ Via De La Rosa и Голгота.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: vd
Датум на внесување: 25.Август.2007 во 15:49
EvAngelos, Свитоците од Мртвото Море ништо не докажуваат позитивно за Христијанството нити за Библијата, напротив, тие создаваат кризи за Христијанството, за Христијанските доктрини, за Библијата.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 26.Август.2007 во 22:50
mist напиша:
EvAngelos, Свитоците од Мртвото Море ништо не докажуваат позитивно за Христијанството нити за Библијата, напротив, тие создаваат кризи за Христијанството, за Христијанските доктрини, за Библијата.
|
BEEЕЕЕЕP! Неточен исказ!
Со мали корекции...
EvAngelos, Свитоците од Мртвото Море ништо не докажуваат позитивно за Исламот нити за Коранот, напротив, тие создаваат кризи за Исламот, за Исламските доктрини, за Коранот. |
Е сега е добро
Зошто? Епа прочитај го предходните постови, да не се повторувам.
Selam
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: moira
Датум на внесување: 27.Август.2007 во 01:32
mist напиша:
EvAngelos, Свитоците од Мртвото Море ништо не докажуваат позитивно за Христијанството нити за Библијата, напротив, тие создаваат кризи за Христијанството, за Христијанските доктрини, за Библијата.
|
Nevozmozni i totalno neuki ste. Namesto da negirate citajte i obrazuvajte se malku za promena. Sega i svetskata naucna elita pojma nema neli?
|
Постирано од: vd
Датум на внесување: 27.Август.2007 во 14:17
EvAngelos напиша:
BEEЕЕЕЕP! Неточен исказ!
|
EvAngelos, вакви искази како твоите, страмота е некој христијанин да истапи пред луѓе и да ги кажува.
Но, ако истапи, тој или сака да каже колку е неук, колку не ја познава својата религија, или сака да каже дека се тоа што го кажува се основа на лага.
иншАлах, кога ќе се видиме, ќе подебатираме и за овие работи.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Август.2007 во 03:38
mist напиша:
EvAngelos, вакви искази како твоите, страмота е некој христијанин да истапи пред луѓе и да ги кажува. |
Моите искази како што можеш да видиш погоре се аргументирани, со места, локации, години, дати, бројки, факти мисте факти, научни факти, археологија на блискиот исток, црно на бело... нешто што им недостига на твоите неосновани критики, забелешки... или колку само да се кажело нешто.
Ако имаш нешто да додадеш на темава бујрум. А за тоа какви се моите искази, верувај знам зошто не ти се допаѓаат, боли вистината понекогаш, а и не секој е спремен да се соочи со неа
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: connected
Датум на внесување: 29.Август.2007 во 13:49
ova YHWH se cita jahova? ne mi e jasno sto znaci ova? drugo ime za Gospod? barem taka zakluciv citajki go tekstot na angliski i mk кога цитирате , цитирајте ДЕЛ од текстот, не мора цел пост, тоа се вика спам и за тоа се добива суспенд.
-------------
|
Постирано од: Gideon
Датум на внесување: 29.Август.2007 во 14:52
connected напиша:
ova YHWH se cita jahova? ne mi e jasno sto znaci ova? drugo ime za Gospod? barem taka zakluciv citajki go tekstot na angliski i mk
|
Pa vaka YHWH e edno od nekolkute hebrejski iminja za Boga i se cita Jah-veh so znaci Bog!Zanci najizvornoto i najoriginalnoto ime za Boga onaka ko sto e dadeno vo Stariot Zavet!
------------- In God we Trust!
God Bless our Land!
|
Постирано од: Isis
Датум на внесување: 29.Август.2007 во 15:14
YHWH на оригиналниот хебрејски изгледа вака יהוה-тетраграматонот го означува името на Бог.Точниот изговор не е познат. Четирите хебрејски консонанти обично се транслитерирани како YHWH во англискиот јазик Со вметнување на самогласки се добива JAHWEH кое ние би го прочитале ЈАХВЕ и се однесува на Божјата присутност
-------------
|
Постирано од: connected
Датум на внесување: 29.Август.2007 во 15:32
ne mi e jasno, zosto ednostavno ne stoi LORD namesto YHWH,koja e razlikata? ako veke site zborovi se prevedeni od staroevrejski na angl. zosto ne se prevede i toj? koja e poentata? ili sum jas nemozam da sfatam?
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Август.2007 во 15:59
ACELERA напиша:
YHWH на оригиналниот хебрејски изгледа вака יהוה-тетраграматонот го означува името на Бог.Точниот изговор не е познат. Четирите хебрејски консонанти обично се преведени како YHWH во англискиот јазик Со вметнување на самогласки се добива JAHWEH кое ние би го прочитале ЈАХВЕ и се однесува на Божјата присутност
|
Да ја надополнам малку АЦЕЛЕРА, (специјално за конектирана )
YHWH или יהוה-е личното име на Бог кое во Библијата се спомнува скоро 7000 пати и во македонскиот превод е преведено како Господ, во англиските преводи како Lord. Во King James преводот личното Име на Бог се разликува од титулата Господ (Господар) по тоа што таму тоа е напишано со сите големи букви LORD.
Зошто е таму е преведено со LORD?
Кај евреите се појавила една ерес поттикната од Третата Божја заопвед (Не изговарај го напразно името на Бог) и тие толку буквално ја сватиле оваа заповед што воопшто не го изговарале Името на Бог. И затоа за да не паднат во искушение да го прочитаат Неговото Име при читањето на светите списи, они решиле во нив да го заменат со еврејскиот збор за Господ (Господар) - adonai. Па така во некои списи се среќава adonai, а во некои тетраграматонот YHWH.
Никој не знае како се изговара таа кратенка. Евреите при пишувањето не ги запишувале самогласките, туку само согласките. При читањето на списите, кога ќе дошле до името на Бог тие правеле една кратка пауза (2-3 секунди молк) и потоа продолжувале, а слушателите знаеле дека таму се спомнува името на Бог. Па оттаму ние денес не знаеме како точно се изговара името на Бог. Најчести претпоставки се Јехова и Јахве или Џехова што би рекли американци.
конектирана, во текстот што го читаше од Исаија стои YHWH затоа што тоа е многу стар текст и таму си стои тетраграматонот и преведувачите кои го превеле тој текст од еврејски на англиски го оставиле тоа YHWH за да се знае дека таму не е извршена промена на личното име на Бог со зборот Господ (adonai).
Се надевам сега ти е појасно.
Поздрав.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: connected
Датум на внесување: 29.Август.2007 во 16:14
"Кај евреите се појавила една ерес поттикната од Третата Божја заопвед"
za koi evrei stanuva zbor? za site ili...? i dali e uste taka?
-------------
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 02:35
MAKEDON-FILIP напиша:
По откривањето на ракописите од Мртво море ова е второ откритие што може од корен да го промени општо прифатеното учење за почетокот и суштината на ХРИСТИЈАНСТВОТО. |
Ај прочитај ја темава и кажи ми како ова откритие може од корен да го промени општо прифатеното учење за почетокот и суштината на ХРИСТИЈАНСТВОТО?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 03:28
connected напиша:
ne mi e jasno, zosto ednostavno ne stoi LORD namesto YHWH,koja e razlikata? ako veke site zborovi se prevedeni od staroevrejski na angl. zosto ne se prevede i toj? koja e poentata? ili sum jas nemozam da sfatam?
|
Не е пишувано на староеврејски па се што е преведено има погрешна смисла бидејки е пишувано на коптски јазик сличен на староеврејски но различна смисла , со самото тоа се прави грешка во четвртиот век при преводот на евангелијата и пишувањето на библијата па затоа денеска има многу чудни контрирања во самата библија. Било кое евангелие пребведено од коптски има вистинско значење и смисла како историски случувања во времето на Исус како за неговото царско потекло така и за неговите обиди за ослободување од римсклото ропство и повракање на татковината во рацете на Давидовиот внук ИСУС.
ГАЛИЛЕЈА И КАРИОТ Ернест Ренан во славниот Живот Исусов раскажува за пасторалното детство на Исус во Галилеја, северниот дел од денешен Израел. Различно од сувата Јудеја на југот, областа околу галилејското езеро Тиверија, Ренан ја опишува како рај на земјата. Повеста на фамозниот род Јуда, Робер Амбелен ја започнува со неговиот наводен дедо Езекиј, кого римскиот историчар Јосиф Флавиј го опишува како "страшен разбојнички главатар". Во 46 г. пред Христа, управителот на Галилеја, Ирод, после жестоки битки, успева да го зароби Езекиј, кој претходно ја опустошил Сирија (тогаш под римска власт). Ирод наредува Езекиј да биде распнат и оставен да умре. Штом се разбрало за таа постапка на римскиот гувернатор, духовниот водач на Израел, Хиркан, го повикал кај себе Ирода и остро го укорил поради распнувањето на Езекиј. Зошто? Затоа што Езекиј не бил разбојник, ами востаник и тоа миропомазан!! Тој бил од царски род, "син Давидов", а сите потомци на Давид, Евреите ги сметат за свои кралеви.
Тој Езекиј - син Давидов - и самиот имал син. Неговото име било Јуда Галилеецот. Исто како и татко му, и овој син Давидов, кога му дошло времето, дигнал востание на Евреите против римската власт. Седиште на неговата востаничка власт бил градот Гамала, кој се наоѓал на врвот на една планина источно од Тиверијадското Езеро. Затоа бунтовничкиот водач бил наречен Јуда Гамалиел. Во делата на античкиот историчар Јосиф Флавиј, кого го цитира Амбелен, пишува: "Јуда Галилеецот од градот наречен Гамала, го зеде со себе фарисејот Садок и го крена народот на бунт. Тие говореа дека пописот на населението служи само за зајакнување на ропството и ја вдахновија рајата да си ја брани слободата". (Јудејски древности). "Таму исто така беше и некој си Јуда, син на Езекиј, тој страшен разбојнички главатар, кој некогаш беше уловен од Ирод со големи маки. Тој Јуда собра во Галилеја војска од очајни селани и продре во царскиот дворец". "Тогаш еден Галилеец по име Јуда ги поттикнуваше своите сонародници кон бунт, ги кореше што им плаќаат данок на Римјаните и им велеше дека не треба да поднесуваат други господари освен Бог" (Јудејски војни).
Ако помисливте дека овој Јуда Галилеецот е нашиот Јуда Искариотски, се излажавте. Вториов е негов син, а прекарот "Искариотски" не доаѓа од некакво село Кариот (како што долго се мислело), оти такво село ни тогаш, ни сега, не постои. Зборот "искариот" е изведенка од "сикарија", што значи кама. Јуда £ припаѓал на верската секта сикариоти - "луѓе со ножеви" - кои како и востаниците на татко му и дедо му, сееле смрт меѓу Римјаните.
И сега, каква е врската помеѓу Јуда помладиот и Месијата Исус? Според Амбелен, а, богами, и според бројните апокрифни евангелија од типот на Јудиното, тие се браќа!!!
МЕНУВАЊЕ НА ИСТОРИЈАТА Ваквите нови читања на историјата се потресни за официјалната црква. Целата христијанска доктрина е заснована на догмите формулирани од Иринеј и Августин, а сега ваму треба да се справуваат со хипотези дека Христос (воскресе) бил обичен еврејски крал. Особено што се намножија делата а ла Кодот на Да Винчи во кои се докажува дека имал и потомци, па дури и дека некои од нив се живи. За конзервативните теократи во католицизмот и православието, кои забрануваат употреба на презервативи, тоа станува вистински кошмар. Она што најмногу ги боли е што целата оваа операција за десакрализација на Богочовекот Исус ја водат нивните колеги протестантите, преку своите медиумско-публицистички филијали како Нешенел џеографик, Дискавери, Ден Браун, Мајк Бејџент итн. Причината за тоа е проста. За разлика од католичко-православна Европа, во која Хитлер успеа да искорени најголем дел од Јудиното племе на Евреите, во остатокот на христијанството, особено во англо-американските пространства, потомците на Давид и Соломон се бројни и влијателни.
Така, на европската спиритуална историја навистина и претстои едно длабоко и суштинско менување. Како една од важните фази во тоа редефинирање на нашето верско и културолошко минато, веројатно, ќе биде и Евангелието по Јуда, колку-годе високиот христијански клер да глуми ладнокрвност. Турбуленциите допрва претстојат.
|
Постирано од: Halid ibn Velid
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 08:49
postariot brat напиша:
Navistina e vredno sto go spomnavte ova.
mnogu sum vi blagodaren Evangelos, i bi sakal da dodadam eden kratok citat za site muslimani i nevernicite ateisti koi tvrdat deka nikade vo stariot zavet nese spomnuva deka ke dojde bog ili sin bozji, , i deka Isus e samo mesija.
KNIGA NA PROROKOT ISAIJA 9. 6.
6. Zosto Mladenec ni se rodi-Sin ni se dade; Vlast e na ramenjata Negovi i ke Go narecat: Sovetnik, Chudesni,, Bog silen, Otec vecen, knez na Mirot. |
Potar brate-Isa.a.s.(Isus) e samo Allahov Pejgamber....
Ne samo vo Stariot Zavet tuku Nikade Isus ne rekol deka E Gospod..Daj mi ti mene Citat kade Velet deka toj e Bog!
Citajse so si pisal...Ke go Narecat..Znaci nekoj Drug ke go narecet, a ne toj samiot,Kako sto i vie denes go Narekuvate,ama samiot Nikade ne rekol deka E Gospod..
Zatoa ne Trcaj!! I jas Mozam tebe da te narecam,Evangelos,no ti si sepak Postariot brat,Taka da nekoj go narekuval,a toj samiot nikade ne se Narekol Gospod,eve gledas i Isaija ne go Narekol Gospod ili Bozji sin,
Zosto Isaija ne rekol na Mesto ke GoNARECAT,da Recel TOJ E Sovetnik,Cudesni Bog.itn.itn.Zosto i toj sam ne go narekol so ovie Zborovi??Poso i toj samiot znael deka Isus ne e Nitu Gospod nitu Sin.
:“I spomeni kad Allah reče:“ O Isa, sine Merjemin, je sili ti rekao ljudima:“Uzmite mene i moju majku kao dva boga mimo Allaha? Reče Isa:“Ti si čist od onoga što ti ne doliči. Ja nejmam pravo reči ono što nije istina. Da sam ja to rekao, Ti bi to znao. Ti znaš šta je u meni, a ja ne znam šta je kod Tebe. Ti najbolje znaš ono što je nevidljivo(gajb).“ Ja im nisam rekao ništa drugo osim ono što si mi Ti naredio. Rekao sam:“Obožavajte Boga, moga Gospodara i vašeg Gospodara!“ Bio sam svjedok među njima dok sam bio među njima. A pošto si mi dušu uzeo, Ti si ostao promatrač njihovih djela. A Ti si svjedok svemu. Ako ih Ti kazniš, Tvoji su robovi , a ako im oprostiš, zaista Ti si moćan i mudar.“ (Maide 119-120)
''O SLJEDBENICI KNJIGE, NE PRETJERUJTE U SVOME VJEROVANJU I GOVORITE O BOGU SAMO ISTINU. MESIH-ISA, SIN MERJEMIN, SAMO JE BOŽIJI POSLANIK I NJEGOVA RIJEČ KOJU JE DOSTAVIO MERJEMI I DUH OD NJEGA. PA VJERUJTE U BOGA I NJEGOVE POSLANIKE I NE GOVORITE:"TROJICA SU! ALLAH JE SAMO JEDAN I JEDINI BOG. ON JE ČIST OD POTVORE DA BI IMAO DJETE. NJEMU PRIPADA SVE ŠTO JE NA NEBESIMA I ŠTO JE NA ZEMLJI. SAM JE BOG DOVOLJAN KAO SVJEDOK.'' (NISA 171)
Ti se Dopaga Postar!?
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 10:12
Прашање за ЕвАнгелос,
Но меѓу Кумранските ракописи, кои датираат неколку века пред да се родат христијаните, се појави и еден текст со триумфална содржина за оние кои веруваат дека Христос бил распнат и погубен како жртва за нашите гревови.
На фрагментот е запишано...
"Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага."
(Исаија 53:7-9 ; Манускрипт околу 3 век пред Христос)
Како овој текст потврдува дека Исус бил распнат и дека страдал за човековите гревови? Тука само пишува дека некој човек бил мачен, убиен и закопан меѓу богатите. Не гледам дека е спомнато никакво распетие или страдање заради нечии туѓи гревови.
------------- It’s just unbelievable how many people think their version of reality is the only one that exists.
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 10:48
Кумрански ракописи
Историјата на пронајдените кумрански ракописи започнала кога во 1947 години бедуини во јудејската пустина наишле на пештера во која во повеќе големи ќупови биле сокриени свотоци. Во текот на следните години се вршени интензивни истражувања во околината на наоѓалиштето, делумно под раководство на научниците, а претежно тоа го правеле бедуините. Пребарани биле 1.000 пештери на планинските ледини, кои се наоѓале од јудејската пустина до Мртвото море. До 1956 година, во вкупно 11 пештери откриени се текстови и фрагменти, а најобемните и најзначајните во пештерите 1 и 4. Археолошките истражувања кои започнале од 1951-1956 во околината на пештерата, пронајдени се важни резултати, списи кои ја расветлуваат историјата на заедницата, кои биле пронајдени во пештерите во кои настанале или биле читани.
а) Археолошки пронајдок
Во близина на пештерите откриени во 1974 година, се наоѓал недалеку од Мртвото море еден мал брег во урнатини. Се востановило дека постои врска помеѓу ова место наречено [ирбет Кумран и пронајдените ракописи. Откопана е населба која била живеалиште на една јудејска заедница. Главната куќа со кула има димензии од 30х37 м. Пронајдена е една голема просторија што служела како собиралиште и се користела за заеднички обреди, а е пронајдена и главна трпезарија, просторија за грнчарство, писарница и работилница. Во населбата се наоѓале неколку цистерни кои биле полнети со дождовница преку водоводни цевки кои доаѓале од планината. Бидејќи во оваа наслеба немало просторија за смествување и спеиење, се претпсотавува дека членовите на заедницата преноќувале во пештерите кои ги има во голем број, а дење работеле во работилниците или се состанувале во просториите за собирање. Внимателно спакуваните свитоци во една пештера укажуваат на тоа дека овде било однапред приготвено скривалиште. А пак, големиот број на текстови и фрагменти во четвртата пештера ја дозволува претпоставката дека тука би можела да биде и библиотеката на заедницата.
Според различните методи кои се пронајдени во населбата, точно може да се определи времето кога е таа основана. Најстарата монета потекнува од времето на Јован Хиркан (134-104 пред Христа), значи според тоа, населбата е основана некаде во средината на вториот век пред Христа или потоа. Според сведоштвото од другите пронајдени монети, населбата е користена во текот на еден цел век.
Земјотресот кој според античките извештаи се случил во 31 г. пред Христа (Јосиф, Ф.-Јудејската војна 1), предизвикал големи урнатини, па едно време куќите не можеле да се населат. Големиот број на изгоретини укажуваат дека оваа населба била насилно срушена. Неја ја зазеле Римјаните во 68 година пред Христа, кога Веспазијан со своите трупи тргнал по должината на Јорданската котлина кон Мртвото море и земјата повторно ја привел под римска управа.
Најверојатно веста за приближувањето на Римјаните ги натерало членовите на заедницата внимателно да ги спакуваат во ќупови и да ги сокријат големите свитови откриени во првата пештера, со надеж дека по завршувањето на војната ќе ги извадат. Но, до тоа не дошло, бидејќи Заедницата настрадала во војната. По војната, во Кумран едно време била сместена римската војска, а за време на востанието под водството на Бар Кохба, таму се сместиле и Јудејските востаници. После тоа завршува историјата на оваа населба, која подоцна како урнатина не привлекува внимание.
На источната страна од населбата, имало гробишта со повеќе од 1.000 гробови, во кои биле погребувани членовите на заедницата. Археолошкиот пронајдок едногласно го определува времето во кое се напишани пронајдените ракописи: од средината на 2 век пред Христа во 68 година по Христа до кога постоела кумранската заедница. Оттука, не постои сомневање во тоа дека кумранските текстви потекнуваат од една јудејска заедница која за свој центар го имала Кумран во Христово време, и во текот на раното христијанство.
б) Библиски текстови.
Помеѓу ракописите и фрагментите пронајдени во кумранските пештери, се наоѓаат голем број на библиски текстови. Во првата пештера пронајдени се два големи свитока кои ја содржат книгата на пророкот Исаија. Едниот е одлично сочуван и ја содржи речиси целата книга, а другиот е потешко оштетен и по обемот заостанува зад првиот свиток. Овие ракописи се цел милениум постари од дотогашните најстари познати еврејски ракописи на Стариот завет. Воглавно текстот на книгата на пророкот Исаија во овие два свитока не е многу оддалечен од подоцнежниот масоретски текст. Кај другите библиски ракописи работите не стојат така, што докажува една верзија на книгата на пророкот Самуил, која повеќе се согласува со Септуагинтита отколку со масоретскиот текст. Бидејќи голем број на библиски ракописи и фрагменти сведочат за раниот стадиум на подоцнежниот масоретски текст, а други делумно се разликуваат од него. Тоа значи дека во времето на кумранската заедница сеуште не постоела единствена верзија на текстот од библиските книги. Помеѓу бројните библиски текстови се наоѓаат делови од сите книги на старозаветниот канон, со еден исклучок, книгата на Естир, која не е засведочена во Кумранот. Нејзиното отсуство може да се сведе на случајност, но може да се сведе и на тоа дека оваа книга претставувала свечен свиток за празникот Пурим кој кумранската заедница можно е да не го празнувала и почитувала овој празник, па така и книгата за Естир не била ни читана. Колку и да се библиските текстови од Кумран поучни за запознавање со преданието на старозаветните списи и претставуваат постепено поставување граница на канонот, уште позанвачајни небиблиските текстови откриени во кумранските пештери, зашто преку нив се запознаваме со една јудејска заедница, која го разработила учењето на правилен живот, според законот, и ова учење го спроведувала во дело.
продолжува
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 10:48
продолжение
в) Јудејски текстови
Од многубројните пронајдени текстови во Кумран, најкусо ќе ги опишеме само најважните, за да можеме да создадеме слика за верата и животот во заедницата.
“Правилникот на заедницата “- познат уште како Правилникот на сектата, е зачуван недопрен во ракопис од 11 столбови. Покрај овој, во четвртата пештера имало уште 11 примероци, но од нив постојат само мали делови. Правлиникот кој се состои од различни делови, започнува со богослужбени упатства и правила за годишниот празник Обнова на сојузот (заветот). Потоа, следува поучен дел за двата духа кои управуваат со човечкиот живот, за духот вистината и духот на расипаноста. Се наведуваат правила за уредување на заедницата како и низа казнени одредби за прекршување на законот. На крајот се наоѓаат упатства за молитвите и псалмите во кои се фали и исповедува божјата правда. Книгата е напишана на чист еврејски јазик, кој во заедницата бил негуван како јазик на законот. Покрај овој Правилник, зачувани се како прилози и два покуси текста. Во тнр. Правилник на друштвото, се даваат упатства за заедницата на Израилот наа крајот од денот. Тука се наведуваат прописи за воспитувањето на членовите на заедницата.
Во “Изреките за благослов”, се наоѓаат зборови за благослов на верниците, првосвештениците, свештениците и кнезовите на заедницата. Најверојатно овие правила служеле како литургиски правила за времето што доаѓа за спасение.
Таканаречениот “Дамаскин спис”, откриен во 1896 година во Есдрината синагога во стариот дел на Каиро. Бидејќи во 4, 5 и 6 кумрански пештери се пронајдени цели фрегменти до Дамаскиниот спис, и нивната содржина покажува извесни допири со Правилникот на заедницата, се претпоставува дека Дамаскиниот спис настанал во кумранската заедница. Во столбовите од 1 до 8 се говори за почетокот и историјата на заедницата како и за историјата на Израилот.
Свитокот на пофалните песни содржи 18 столбовни колумни. Кон нив се додадени уште 66 мали фрагменти од пештерата еден, и делови од други ракописи од истиот дел од четвртата пештера. По облик и содржина, песните се потпираат на старозаветните псалми.
Борбата меѓу синовите на светлината и синовите на темнината е изложена во тн. “Борбен свиток”. Покрај овој свиток од 19 столбови, во пештерата 4 откриени се мали фрагменти од други ракописи. Во овие свитоци се говори за борбата во последните времиња, каде што се земени мотиви од светата војна со старозаветни фрази кои ги оживеале побожниците во времето на Макавејите.
Таканаречениот “Апокриф на Битие” го обработува старозаветниот текст сосема слободно, давајќи го во арамејска парафраза, притоа многу места значително ги проширува и дотерува. Се опишува раѓањето на Ное, се говори за Аврам и Сара.
На еден лист пронајден во пештерата 4 се наоѓа мала збирка од старозаветни цитати, кои биле барани на основа на месијанското очекување. Содржат цитати од книгата 5 Мојсеја, 4 км.Мој Осија 6,26). Овој документ докажува дека во тогашното јудејство имало зборник на цитати кои прикажувале цитати од стариот завет, за да може овие цитати да се пронајдат во секое време и да ги применат во сопственото учење.
Во пештерата 3 се наоѓал “Бакарен свиток” кој содржел опис на ризнцата, и го наведува местото каде треба да се сокрие. Меѓутоа, количината била вкупно 200 тони и сребро, што е сомнително дека е скриено толкаво богатство.
Во пештерата 11 е пронајден “Свиток со псалми”, во кои покрај 41 библ.псалм, 7 небиблиски има и еден прозен текст за псалмите давидови, за кого се кажува дека испеал вкупно 4050 псалми.
Палеографски, ракописите може да се поделат на 3 периода: 1.архаичен (предхаспмонејски) од крајот на 3 век до 150 година пред Христа
2. хасмонејски - околу 150 години пред Христа до 30 г. пред Христа;
3. иродијански - околу 30 години пред Христа до 68 години по Христа.
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: чаир
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 10:54
Stradaweto i
slavata na Bo`jiot Sluga.
53.
Stradaweto i slavata na Bo`jiot Sluga.
1.
Gospodi, Koj *poveruva na toa, {to go ~ul od nas i komu mu se
otkri silata
Gospodova?
*Jovan 12,38;
2. Za{to iznikna
On pred nego kako mlado drvce i kako steblence od
suva zemja; nema
vo Nego ni izgled, nitu veli~ie; nie Go vidovme, i vo Nego nema{e izgled, {to
}e n# privlekuva
kon Nego.
3. On be{e
*prezren i ponizen me|u lu|eto, ma` na bolki i sviknat na stradawa, i nie go
odvra}avme
od Nego liceto
svoe; On be{e preziran, i nie za ni{to ne Go smetavme.
*Psal.21,6;
4. No On gi zede
vrz Sebe
na{ite bolki i gi
ponese na{ite slabosti; a nie mislevme, deka On be{e porazuvan, kaznuvan i ponizuvan
od
Boga.
5. A On be{e
iznaranet za na{ite grevovi i ma~en zaradi na{ite bezzakonija; kaznata za
na{iot mir
padna vrz Nego, a
preku Negovite rani nie se izlekuvavme.
6. Site nie bevme
zabludeni kako ovci, se otstrani
sekoj od patot
svoj, - i Gospod gi vozlo`i vrz Nego grevovite na site nas.
7. On be{e
*izma~uvan, no strada{e
dobrovolno i
ustata Svoja ne ja otvora{e; kako ovca On be{e odveden na kolewe, i kako {to e
jagneto pred
stri`a~ite svoi
bezglasno, taka i On ne ja otvori ustata Svoja.
*Dela 8,32;
8. On be{e li{en
od praveden
sud. No rodot
Negov Koj }e go objasni? Za{to be{e odzemen od zemjata na `ivite; zaradi
bezzakonijata na Mojot
narod be{e osuden
na smrt.
9. Mu opredelija
grob so zlodejci, no On be{e pogreban kaj bogatiot, za{to ne be{e
napravil grev i vo ustata negova nema{e laga.
10. No na Gospoda
mu be{e ugodno da Go ponizi, i Go predade na
ma~ewe; a koga
du{ata Negova Mu prinese milostivna `rtva, On }e vidi dolgove~no potomstvo, i
voljata
Gospodova }e
napreduva preku Negovata raka.
11. ]e se
zaraduva poradi trudot na du{ata Svoja i }e vidi
svetlina.
Pravedniot Sluga Moj }e gi opravda mnozina i grevovite nivni vrz Sebe }e gi
ponese.
12. Zatoa Jas
}e Mu dadam
golemo nasledstvo, so silnite plen }e deli, za{to du{ata Svoja na smrt ja
predade, i me|u
zlodejcite be{e
vbroen i gi ponese vrz Sebe grevovite na mnozina i za prestapnicite stana
posrednik.
ова е правиод превод на 53 Исаија
------------- Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 11:04
tofu напиша:
Прашање за ЕвАнгелос,
EvAngelos напиша:
Но меѓу Кумранските ракописи, кои датираат неколку века пред да се родат христијаните, се појави и еден текст со триумфална содржина за оние кои веруваат дека Христос бил распнат и погубен како жртва за нашите гревови. На фрагментот е запишано... "Го измачуваа, а Тој оставаше, и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење; како овца нема, пред оние што ја стрижат, не ја отвори Својата уста. Со сила и со суд се ослободија од Него, и кој ќе го искаже Неговиот род? Да, од земјата на живите го отстранија Него, за гревовите на Неговиот народ, го ранија на смрт. Му го одредија погребението меѓу злочинците, а Неговиот гроб беше при богатите, иако не направи неправда, ниту пак устата Му изусти лага." (Исаија 53:7-9 ; Манускрипт околу 3 век пред Христос) |
Како овој текст потврдува дека Исус бил распнат и дека страдал за човековите гревови? Тука само пишува дека некој човек бил мачен, убиен и закопан меѓу богатите. Не гледам дека е спомнато никакво распетие или страдање заради нечии туѓи гревови. |
Прочитај го уште еднаш внимателно текстот. Во Христос се исполнува секоја реченица од горенаведениот текст.
- Кога Исус го мачеа, Тој оставаше (не даде отпор)
- Кога го испрашуваа Тој не ја отвори Својата уста (не одговараше)
"И (Ирод) Му поставуваше многу прашања, но Тој (Исус) не му одговори ништо."
(Лука 23:9)
"Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш?"
(Јован 19:10)
- Со сила и суд се ослободија од Него (Пилат и народот му судеа)
"Затоа Пилат Му рече: „Мене ли не ми зборуваш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам и дека имам власт да Те ослободам?"
(Јован 19:10)
"Пилат пак им рече: „Какво зло направил?” Но тие извикаа уште посилно: „Распни Го!”"
(Марко 14:15)
- Умре за гревовите на Неговиот народ (христијаните)
"Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот."
(Јован 3:16)
"Утреден Јован Го виде Исуса како доаѓа при него и рече: „Еве Го Божјото Јагне, Кое ги зема гревовите на светот!"
(Јован 1:29)
"Љубовта е во ова: не дека ние сме Го возљубиле Бога, туку Тој нè возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови."
(1 Јованово 4:10)
- Беше распнат меѓу двајца злочинци (разбојници)
"И со Него распнаа двајца разбојници; едниот оддесно, а едниот одлево, до Него."
(Матеј 15:27)
- Беше погребан меѓу богатите (во гробот на богатиот Јосиф од Ариматеја)
"А кога се стемни, дојде богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој и самиот беше Исусов ученик; тој отиде при Пилата и го побара Исусовото тело. Тогаш Пилат нареди да му биде дадено. И Јосиф го зеде телото, го завитка во чисто платно и го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа. И навали голем камен на гробната врата и си отиде."
(Матеј 27:57-60)
- Исус не направил ни една неправда во Својот живот.
- Исус не изусти ни една лага во Својот живот.
"А главните свештеници и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исуса, за да Го убијат, и не најдоа, иако дојдоа многу лажни сведоци."
(Матеј 26:59-60)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 11:39
Па во историјата имало многу маченици кои биле мачени и умреле без да дадат никаков отпор. А повторно во тој цитат не се спомнува дека бил распнат!
------------- It’s just unbelievable how many people think their version of reality is the only one that exists.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 11:50
Точно, во тој цитат не се спомнува дека е распнат. Христовото распнување е пророкувано во други делови од Стариот Завет.
Но сепак не постои друг маченик во историјата кој ги исполнил сите детали од тоа пророштво. На пример никој не загинал за гревовите за својот народ, нешто што во ова пророштво е експлицитно кажано.
Ајде погледни ги и другите детали и ќе видиш колку ова прецизно се однесува на Христос.
Ова се само 3 стиха од 53-то поглавје од книгата на пророкот Исаија. Ако го прочиташ целото поглавје, доколку ги имаш читано евангелијата, ќе видиш дека целото тоа се однесува на Христос. Јас не можам да ти помогнам да го увидиш тоа во целост, мора сам да прочиташ - евангелијата и пророкот Исаија.
Во 53-тото поглавје е најексплицитно кажано за Христос, инаку Исаија пророкува и во другите поглавја за Христос. Види 9-то погјавје, потоа 7:14, потоа 40-то поглавје итн.)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 12:04
Се фатив за тој цитат затоа што ти пред да го спомнеш велиш дека со него се потврдува дека Исус бил распнат. Затоа те прашав како тоа со тој цитат се потврдува дека Исус бил распнат, кога ништо такво не е спомнато.
------------- It’s just unbelievable how many people think their version of reality is the only one that exists.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 12:12
tofu напиша:
Се фатив за тој цитат затоа што ти пред да го спомнеш велиш дека со него се потврдува дека Исус бил распнат. Затоа те прашав како тоа со тој цитат се потврдува дека Исус бил распнат, кога ништо такво не е спомнато. |
Јас не реков дека во тој цитат пишува дека Исус бил распнат, туку реков дека тој текст е со триумфална содржина за оние кои веруваат дека Христос бил распнат. (наспроти верувањето на муслиманите дека некој друг бил распнат на местото на Исус, а на таму присутните им се причинило дека тоа бил Исус, а всушност Исус не бил погубен туку Аллах го земал кај себе.)
Мала разлика, но сепак доволна за да ме оправда дека не лажам нели?
EvAngelos напиша:
Но меѓу Кумранските ракописи, кои датираат неколку века пред да се родат христијаните, се појави и еден текст со триумфална содржина за оние кои веруваат дека Христос бил распнат и погубен како жртва за нашите гревови. |
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: tofu
Датум на внесување: 29.Февруари.2008 во 16:43
------------- It’s just unbelievable how many people think their version of reality is the only one that exists.
|
Постирано од: DAIJA
Датум на внесување: 02.Март.2008 во 22:53
Prasanjeto e dali e toa Isus?
Apostolite se otkazale od Isus u start.
Kako?
Pa ete Petar, na primer, koj trebal da bide kamen temelnik na crkvata Isusova se otkazal od nego 3 pati!!!
Nikoj ne smeel da izleze da go beani ni da gleda raspetie ili sl, zasto vrielo od rimska vojska, po naski dzandari....
Toj sto bil raspnat, otkako umrel, celiot bil vo rani, i tersko go poznale tie sto go motale vo carsafi za pogreb, taka sto ne znam dali moze da se potvrdi deka tokmu Isus bil toa....
A za rakopisite, se dodeka ne naucite jazikot i pismoto na koi bile napisani, pa sami da vidite so svoi oci vo originalot, sekoj kje ve mtka na svoja strana.... a prasanje e sto ostanalo od niv, ko svajcarsko sirenje, recenici so mnogu dupki....
Dajte ve molam, prikaznite na Andersen se pointeresni i pologicni....
------------- О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Март.2008 во 01:11
DAIJA напиша:
Prasanjeto e dali e toa Isus?
|
Во контекст на темава, пророкот Исаија прецизно кажува дека тоа бил Исус, затоа што НИКОЈ ДРУГ не ги исполнува во целост сите детали на пророштвото.
DAIJA напиша:
Pa ete Petar, na primer, koj trebal da bide kamen temelnik na crkvata Isusova se otkazal od nego 3 pati!!!
|
Се откажал, но потоа горко се покајал. Исус му простил и работите продолжуваат напред!
DAIJA напиша:
Nikoj ne smeel da izleze da go beani ni da gleda raspetie ili sl, zasto vrielo od rimska vojska, po naski dzandari....
|
Напротив! Римјаните го вршеле распнувањето ЈАВНО за да ги држат во страв сите потенцијални бунтовници против Римската власт.
Во евангелијата пишува дека сите познаници на Исус биле таму, а Јован дури и експлицитно е спомнат дека бил многу блиску до крстот.
"А сите Негови познати стоеја подалеку, и жените, кои дошле по Него од Галилеја - го гледаа тоа. "
(Лука 23:49)
"А Исус, штом ја виде мајка си, и покрај неа, ученикот, кого го љубеше, и рече на мајка си: „Жено, ете ти син!"
(Јован 19:26)
DAIJA напиша:
Toj sto bil raspnat, otkako umrel, celiot bil vo rani, i tersko go poznale tie sto go motale vo carsafi za pogreb, taka sto ne znam dali moze da se potvrdi deka tokmu Isus bil toa....
|
Приказни за мали деца.
Денес успешно ги препознаваат и цели луѓе изгорени (во авионски несреќи), а камо ли некој што е само бичуван и тепан.
Второ, во тој ден не распнале илјадници луѓе, туку само тројца. Сите кои биле присутни виделе кој бил крстот на Исус, а впрочем повеќето и не се ни мрднале од таму додека Исус не бил симнат од крстот.
Трето, на крстос на Исус имало натпис напишан на грчки, еврејски и латински јазик: "Ова е Јудескиот Цар".
Четврто, смешно е да наведувам повеќе докази
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: zidarski
Датум на внесување: 03.Март.2008 во 05:22
Daija - a be ti mozhe ne znaesh dali mozhe da se potvrdi deka bil Isus toa, ama neli majka mu bila tamu, zaedno so Marija Magdalena i so najbliskiot uchenik - Jovan... Celo vreme pri toa...
No - kakva vrska ima seto toa so temava?!
|
|