IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ВЕРСКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВЕРСКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 86>
Автор
Порака
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2008 во 14:00

Се упокои, во Господа, Архиепископот атински г.г. Христодулос


На 28 Јануари 2008 год., во 5 часот и 15 минути, се упокои, во Господа, Неговото Блаженство Архиепископот атински и на цела Елада г.г. Христодулос.

Блаженејшиот Архиепископ г.г. Христодулос, е роден на 16 Јануари 1939 год., во Ксанти. Дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Атина 1962 год., а 1967 год., дипломирал Теологија.

Во ѓаконски чин е ракоположен 1961 год., а во презвитерски чин е ракоположен 1965 година. Девет години бил свештенопроповедник и духовник во храмот Успение на Пресвета Богородица во Фалиро, Атина, и седум години бил секретар на Светиот Архиерејски Синод на Црквата на Елада.

За Митрополит димитријадски е избран во 1974 год., а за Архиепископ атински и на цела Грција, на 28 Април 1998 година.

Докторирал на Теолошкиот факултет на Аристотеловиот универзитет во Солун, имал диплома за француски и англиски јазик, а ги познавал и италијанскиот, и германскиот јазик.

Напишал мноштво научни и пастирски книги. Добил почесни докторати на Универзитетите во Крајова, Јаши и Белград.

Архиепископот г.г. Христодулос беше особено познат по неговата работа со младите и приближувањето на Црквата кон современото општество.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2008 во 11:18

Осветување на новиот соборен храм на Рождество на Пресвета Богородица во Скопје (31.01.2008)

На левиот брег на реката Вардар во Скопје, во непосредна близина на кејот кај некогашната Градска автобуска станица, денеска на празникот Свети Атанасиј беше осветена обновената катедрална црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица.

Осветувањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Преспанско-пелагонискиот Митрополит г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополит г. Горазд и повеќе свештенослужители од скопската и другите епархии на МПЦ. По осветувањето беше отслужена Божествена Литургија, на која што покрај горенаведените Владици присуствуваше и Митрополитот Струмички г. Наум. На богослужбата, покрај многубројниот верен народ, присуствуваше и премиерот Никола Груевски.

Ктитор на обновениот храм е скопскиот градоначалник Трифун Костовски со чии средства целосно е возобновен храмот со камбанаријата, внатрешното и надворешното уредување. Тој од МПЦ го доби орденот „Свети Климент Охридски“ и благодарност за неговото дело.

- За мене и моето семејство ова претставува најголемо признание. Со денешниот чин се одолживме на нашите предци, а воедно овој чин е и завештение на идните поколенија. Убеден сум дека обновата на овој храм ги исполни срцата на сите скопјани, а воедно и на сите христијани во Република Македонија, рече Костовски.

Црквата, што се градеше четири години, е лоцирана на просторот на истоимениот храм осветен во 1835 година, кој во Втората светска војна во 1944 година беше опожарен и уништен. Храмот е со катедрални димензии. Останува да се доврши мермерниот иконостас и да се фрескописаат ѕидовите на храмот.

Ова е трета црква во Скопје посветена на Пресвета Богородица, позната како заштитничка на градот. 

 

Слово на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

 

ВОЗОБНОВЕНА ДУХОВНАТА ТВРДИНА НА СКОПЈЕ 

 

 

            Да Му благодариме на Бога, по молитвите на Пресвета Богородица, што ни го дарува овој ден за радост, за радост на благочестиви христијани во Скопје и Македонија, за радост на сите богољубиви луѓе, за радост на земјата и небото и на целата Божја Црква.

Храмот е дом Господен и претставува „парче небо на земјата!” Негова основна цел е да им Го доближува Бога на луѓето, како и тоа нив, луѓето, меѓусебно да ги зближува. А, градењето на сакрални објекти, на храмови и манастири, значи градење на вечност и вградување во неа.

Со денешниов чин на осветувањето, конечно, се исполнија желбите на многу побожни скопјани, кои посакуваа да се возобнови некогашниот катедрален храм, храмот кој со децении бил духовен столб и место за духовна поткрепа на многу скопски и македонски генерации. - Опожарен и разграбен, разурнат и потиснат од многу планови и желби на времето, со децении овој свет храм лежеше под своите урнатини и под тежината на нашата негрижа.

Ќе потсетам: неговата градба била оштетена од пожар при крајот на Втората светска војна како и од катастрофалниот земјотрес што го зафати Скопје во 1963 година. Но, овој храм најмногу настрадал од несовесното и безбожно однесување на оние кои го изгореа повеќе од пожарот и од оние кои на него удрија посилно и од земјотресот. Околу овој храм присутна е невидена противречност: истиот бил подигнат во време на Османлиите, во време кога со Скопје и со Македонија владееле друговерни, а бил урнат во солидарно Скопје и во слободна Македонија! Но, и овде се потврди тоа дека, и ако успееме да ја урнеме материјалната градба, останува светоста на храмот, останува духовниот пламен, од кои, кога ќе дојде време - ќе воскресне и ќе се возобнови тој храм. И, еве, се исполни времето и дочекавме пак да го слушнеме гласот на богородичните камбани во Скопје, дочекавме да ја видиме возобновена древната величествена духовна тврдина наспроти Скопското Кале и дочекавме да вкусиме од недотечливиот духовен источник покрај Вардар...

Овој прекрасен храм, посветен на Раѓањето на Пресвета Богородица, бил место во кој духовно се родиле, духовно прогледале и духовно израснале многу скопски генерации. Бил вистинско духовно пристаниште во многу невремиња и немирни години, во, можеби, најтешкиот период во историјата на Скопје и Македонија. Овој храм бил сведок и за многу радости, но запамтил и многу премрежја и црнила. Но, еве, дојде „бел ден” и за него, дојде ден за радост на неговите некогашни ктитори, градители и украсители. Затоа, на овој воскресенски ден за храмот, да си спомнеме за Хаџи Трајко - најголемиот дарител, за тајфата на мајсторот Андреја Дамјанов, за неуморниот Дичо Зограф и за сите коишто на свој начин се вградиле во градбата на првиот храм. Да си спомнеме и за сите кои се крстиле, венчале и погребале, за сите што се молеле и поклониле во некогашниот храм, за сите коишто овде Го сретнале и примиле Бога. Но, како христијани, да се помолиме и за оние коишто злотвореле, го урнале или сакале нешто друго да изградат на ова место, да се помолиме и ним Господ да им прости, а особено на оние што спроведувале туѓи наредби и желби. Исто така, на овој ден сакам да си спомнеме и за многу, особено повозрасни побожни скопјани, коишто со тажни воздишки, честопати прашуваа – „кога повторно ќе се изгради Пресвета Богоро­дица - желба ни е да го доживееме нејзиното возобновување...”

И, еве, даде Господ - дочекавме да ја видиме и да ја имаме возобновена црквата на Мајката Божја во сета нејзина духовна убавина и големина. А за тоа треба да му благодариме на благочестивото семејство на г. Трифун Костовски, со чии средства е целосно возобновен храмот со камбанаријата, внатрешното и надворешното уредување. Сѐ што е направено досега е со средства на семејството Костовски. Исто така, сакам да им заблагодариме на сите што помогнаа - на членовите на Одборот за обнова на храмот, на архитектите за проектот, а особено за стручната помош на покојниот Тодор Паскали, на Скопскиот Завод-Музеј, како и на членовите на МАНУ - на претходниот претседател академикот Цветан Грозданов и на академикот Крум Томовски, кои секогаш имаа време кога во парашање беа стручните совети околу изградбата на овој храм. Сакам да им заблагодариме на градителите, на каменоресците на овој прекрасен иконостас и на сите коишто учествуваа во неговото возобновување.

Ви благодарам и Вам - браќа архиереи и сослужители, Вам Ваши Екселенции, и на сите вас, возљубени во Господа, што дојдовте да се радуваме на овој ден за радост на Скопје и на сета Македонска православна црква.

Нека ни е честито осветувањето и нека биде вечен овој храм!

Амин! На многу години!

 

      

 

      

 

      

 

   

 

                         

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2008 во 17:14

  Денес е избран новиот Претстојател на Црквата на Грција. Поранешниот Митрополитот на Тива и Левадја г. Јероним е новиот Архиепископ атински и на цела Грција. За Архиепископ е избран со 43 гласа, на вонредното заседание на Јерархијата на Еладската Црква.

Архиепископот атински и на цела Грција г.г. Јероним е роден 1938 год., во Инофита Виотијска.

Студирал Теологија во Атина, а докторирал во Германија.

Во ѓаконски чин е ракоположен во 1967 година. Бил Протосингел на светата Митрополија на Тива и Левадја (1967 - 1978), и секретар на Светиот Синод (1978 - 1981).

Бива избран за Митрополит на Тива и Левадја во 1981 год., а денес, 7 Февруари 2008 год., е избран за Архиепископ на Атина и цела Грција.

Достоен! На многаја лета! Аксиос! Ис пола ети!


ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
aladin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2043
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aladin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2008 во 21:06

Грчкиот Архиепископ против мешањето на Црквата во политичките дела на државата .

Грчки архиереи, обединети околу Солунскиот митрополит Антим, побараа на претстојната седница на постојаниот Свет Синод на Грчката Црква да се донесе решение за свикување на масовни општогрчки митинзи против официјалното именување на Македонија. Солунскиот митрополит ја има поддршката од сите митрополити од Северна Грција.

Атинскиот Архиепископ Иероним изјави дека не сака првата седница на архиереите да е одбележена со поделби и образување на „свештени блокови“, но доколку тоа се случи, тој ќе го потврди својот негативен став кон митинзите и мешањето на Црквата во политичките дела на државата.

„Државата е одговорна за надворешната политика на земјата и најповеќе за националните прашања, кои бараат многу деликатни и прецизни дејствија“, изјави архиепископот Иероним во одговор на прашањата на новинарите на оваа тема.

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2008 во 11:11
 

Патријархот Вартоломеј и папата Бенедикт отслужија заедничка молитва (06.03.2008)

На 6 март папата Бенедикт XVI се сретна со Цариградскиот патријарх Вартоломеј. По завршетокот на средбата отслужија заедничка молитва во параклисот на Урбан VIII во Апостолскиот дворец.

Ова е трета средба на Римскиот папа и Цариградскиот Патријарх. Првата нивна средба се одржа за време на посетата на папата Бенедикт XVI на Истанбул во ноември 2006 година, потоа се сретнаа во Неапол, каде што Патријархот Вартоломеј зеде учество во Меѓународниот миротворен конгрес во ноември мината година.

Утрото Патријархот Вартоломеј претседаваше со академската церемонија на Папскиот Источен Институт, каде што тој во свое време добил докторско звање. Цермонијата беше посветена на 90-годишнината од Институтот.

На 4 март Патријархот Вартоломеј ја доби почесната титула “honoris causa” во сферата на меѓународните односи и дипломатија. Оваа награда беше доделена на Универзитетот Триеста (Северна Италија).

Патријархот Вартоломеј го придружуваа Митрополитот Италијански и Малтиски Генадиј, егзарх за Јужна Европа (Цариградска Патријаршија), Митрополитот Гелиуполски и Тиерски Атанасиј, а исто така ко-претседателот на Мешаната богословска комисија за екуменски дијалог меѓу Православната и Католичката Црква Митрополитот Пергамски Јован.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2008 во 11:27
 

Грчката Црква пренасочува средства заради отворање на центар за лекување од наркозависност (05.03.2008)

Грчкиот Архиепископ Иероним го сопре проектот за изградба на нов катедрален храм во Атина, што беше во план да се изгради уште пред 10 години, кога катедралната црква во грчкиот главен град пострада од силен земјотрес. Ремонтот и реконструкцијата не беа завршени, кога беше донесена одлука за изградба на нов повеличествен храм.

Архиепископот Иероним ќе пренасочи дел од спонзорските средства за овој храм, како и од средствата за новата синодална палата, кои се проценуваат на вредност од 17 милиони евра, за изградба на голем центар за лекување и превенција на наркозависност, како и за зајакнувањето на дејноста на веќе постоечките помали центри. Распространетоста на наркотиците меѓу младите луѓе е едно од основните удари на грчкото општество, а во Атина овој проблем достигна огромни размери. Неретка глетка на центарот на Атина е амбулантна кола која кон мртвачницата ја превезува жртвата на херионот.

За добротворни цели ќе бидат одделени и средства од продажбата на луксузната лимузина „Крајслер“ на Атинската архиепископија, која беше подарок на блаженоупокоениот архиепиепископ Христодул од познат бизнисмен.

При интронизацијата на новиот Архиепископ истакна дека социјалната дејност на Црквата ќе биде негов прироритет: „Не е можно да се наречеш христијанин и да не тие грижа за болните, за затворените, оние што неправедно страдаат, за голите, за гладните, за бедните, за измачените, за бегалците, за емигрантите, за психички болните. Секој еден страдалник е наш брат. И тоа од една единствена причина: сѐ што правам за овие, кои Христос ги нарече Свои најмали браќа, го правам за Него Самиот“.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 15:20
 

Православен крст на Северниот пол (10.04.2008)

Архиепископот Игнатиј Петропавловски и Камчатски, минатата недела отслужи Божествена Литургија на Северниот пол - прва во историјата. За таа цел беше инсталиран параклис блиску до кампот „Барнео“, каде што престојуваат руски истражувачи.

 

Специјално за потребите на богослужението двајца свештеници, придружници на архиепископот, претходно ја осветија оваа шатор-црквичка посветувајќи ја на Светите дванаесет апостоли. На -25 ° С ѓаконот Роман Никитин беше ракоположен за свештеник, а градоначалникот на административниот центар на Камчатската област Владислав Скворцов беше крстен.

 

Научници, пилоти и новинари се исповедаа и се причестија со Светите Тајни Христови. После службата беше поставен крст на Северниот пол.

 

        

 

       

 

        

 

        

 

       

 

Извор: http://www.pravkamchatka.ru/news/182/
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 17:29
 
 
Кумановец се заканувал на дипломат од САД

Горан НАУМОВСКИ

Триесет и тригодишен кумановец заврши зад решетки затоа што по електронска пошта му се заканувал на дипломатски претставник во Скопје. Неофицијално, од истрагата дознаваме дека заканите биле упатени кон дипломат од американското дипломатско претставништво во Скопје.
Заканувачот неколкупати во март годинава од интернет-кафето „Интиме“ во Куманово ја загрозил сигурноста на странски дипломат со сериозна закана по неговиот живот.
На 19 март, од интернет-кафето од имејл-адреса што ја креирал пред да ја пушти пораката, испратил порака во која имало заканувачка содржина дека набрзо ќе го убие дипломатскиот претставник, а заканата ја потпишал со терминот „Православни браќа“.
Пет дена подоцна, таква заканувачка порака со иста содржина, од истата имејл-адреса и од истото интернет-кафе, повторно испратил до дипломатско-конзуларното претставништво во Скопје.
Полицијата во меѓувреме била алармирана за заканите и почнала потрага по непознатиот. По добиените сознанија, полицајците извршиле претрес во интернет-кафето и ги откриле компјутерите од кои биле испраќани имејл-пораките. Потоа бил утврден и идентитетот на заканувачот.
Тој во периодот кога се испраќани заканувачките пораки работел на компјутерот со број 4, бидејќи е евидентиран дека должи пари за користење интернет-услуги. Компјутерите се пренесени во МВР за понатамошно вештачење.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
KGB Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KGB Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 17:35
Sto mu bil kriv amerikanecot?
Ova izgleda povrzano so imeto e, a?
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 18:15
 

Свечености во спомен на 180-годишнината од раѓањето и 100-годишнината од упокојувањето на светиот праведен Јован Кронштадски (05.04.2008)

Од 23 до 25 мај 2008 година во Санкт Петербург ќе се одржат свечености посветени на 180–годишнината од раѓањето и 100-годишнината од упокојувањето на светиот праведен Јован Кронштадски.

Во овие денови ќе се отслужат празнични богослужби во ставропигијалниот женски манастир посветен на светиот Јован во Краповк и во соборниот храм на Светото Преображение во Санкт Петербург, а исто така и во кронштадскиот соборен храм посветен на Владимирската икона на Мајката Божја.

Во рамките на свеченостите ќе се одржи акција за поддршка на изградбата на Тихвинската камбанарија и Андреевскиот соборен храм во Кронштад. Потоа, ќе се одржи Мeѓународна конференција „Свети праведен Јован Кронштадски и соборнaта возобнова на Русија“, V Научна конференција „Православното учење во Русија“, изложба на уметници и иконописци од Санкт-Петербург „Свети праведен Јован Кронштадски и Русија“, II Меѓународен музичко-поетски фестивал „Под Покровот на Пречистата“, Серуски творечки конк*рс „Свети праведен Јован Кронштадски во мојот живот, во животот на моето семејство и татковина“.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2008 во 18:16
 

Празникот Благовештение во Назарет (09.04.2008)

На 7 април 2008 година, на празникот Благовештение, Ерусалимскиот патријарх Теофил отслужи Божествена Литургија, после која се одржа литија околу православниот храм на Архангел Гаврил во Назарет. Овој храм е во надлежност на назаретската општина, која ја сочинуваат скоро 100% православни Арапи.

 

На торжественото богослужение и литија учество зедоа илјадници луѓе од целиот свет. Пред причестувањето практично целиот храм беше исполнет со рускојазични поклоници од Русија, Украина, Белорусија, а имаше и не малку претставници на духовништвото на Руската Православна Црква.

 

Литургијата се совршуваше на неколку јазици – грчки, арапски и руски, а забележително е обновувањето на традицијата на руско поклоништво на Палестина во деновите на големите христијански празници. Сега, според оценките на експертите, во Назарет доаѓаат околу 2,5 илјади рускојазични поклоници, како до времето на револуцијата во 1917 година.

 

На местото на Благовештението на денот на празникот се собираат до 10 илјади луѓе.

 

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
justinijan Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај justinijan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2008 во 15:21
     

Велигденска порака на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Возљубени празникољупци,



            Денот на Христовото воскресение од нашиот благочестив народ е наречен Велигден. И, навистина, нема друг ден - со таков настан, ден со таква победа и ден од кој се роди толкава радост!

            Христос воскрена - и се исполнија пророштвата, се остварија очекувањата и надежите станаа реалност.

            Тој ден е најзначајниот во сета историја на светот и човекот, зашто на тој ден блеснаа светлината и вистината и во тој ден изгреа од Христа Сонцето на правдата.

            Голем е тој ден оти победена е неправдата со правда, зашто со Воскресението и Евангелието извршена е преобразба во животот на луѓето.

            Голем и најголем е овој ден зашто е празник во кој торжествува животот и од кој што извираат љубовта и надежта.

Тој е денот кој ја роди и ја раѓа постојаната радост. А за да ја доживееме и ние радоста од празниот гроб, потребно ни е да се утврдуваме во вистината и правдата, да растеме во љубовта и благочестието, во трпението и милосрдието - да живееме во верата со добри дела. Само доколку нашиот живот го красат такви добродетели - тогаш сме ја разбрале смислата на Настанот од овој ден пред 2000 години.

            Ние сме народ кој знае да се радува на Велигден и на сите празници, како што знае и да трпи страданија, да поднесува голготи и распетија. На овој спасоносен ден посакувам Воскреснатиот Господ да ни дарува сили да истраеме во искушенијата и неправдите, да го зачуваме духовниот мир и националното достоинство, зашто така ни доликува како на древен, охристовен и богољубив, библиски и човекољубив народ, и да покажеме единство во верата и почитување во меѓусебните однесувања.

            Господ Сепобедителот, нека нè чува во радоста на празникот и во љубовта евангелска, за да можеме и да ги почувствуваме и да живееме постојано велигденски. Амин! Христос воскресе!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 16:47
Do sega ne navrakjav na ovaa tema bidjki smetav oti objavuvate aktuelni verski vesti od vash*te komuni i svetot, no sega zabelezhav deka pishuvate se i seshto, od chestitki za Prvi Maj, do izvestuvanja za nechii nekogashni pisma, ubivstva i istorii na drzhavi.

Site tie se brishat i vi svrtuvam vnimanie da se drzhite za temata.


Изменето од Messenger - 17.Мај.2008 во 16:49
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
DAIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 1668
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DAIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2008 во 18:35

Македонија

Битката за гласачи се сели во џамиите

Борбата за превласт помеѓу албанските партии се повеќе се заострува, а деновиве се пресели и во верските објекти. Со последните тензии во „Хатунџук-џамијата“ во скопската населба Гази Баба, повторно на виделина излегоа старите проблеми и поделби во Исламската верска заедница (ИВЗ).
- „Хатунџук-џамијата“ ја зазеле луѓе што се вахабити и немаат допирни точки со традиционалниот ислам. Нивната цел е да ја земат џамијата во свои раце и заради тоа го избркале оџата со зборовите „оди си или ќе ти летне главата“ - велат од Исламската верска заедница. Имамот што е избран од ИВЗ, Хамди Халили, е избркан и на негово место е донесен Егуп Адеми, функционер од општината Чаир, што на целата оваа работа и дава политичка димензија, велат од ИВЗ.
Проблемите во ИВЗ влечат корени уште од 2003 година, кога група вооружени лица со калашникови меѓусебно си поделиле решенија за работа како имами. За целиот случај е известено и Министерството за внатрешни работи и очекуваме тензиите да спласнат, тврдат во ИВЗ.
Месното население, Албанци од Гази Баби, каде што е сместена џамијата има сосема спротивставени мислења.
- Од ИВЗ со ништо не придонеле да се изгради џамијата. Не дале ниту едно евро. Местото што и припаѓа на џамијата му го издале на приватно лице за чајџилница. ИВЗ го уби исламот и тие луѓе седат таму само за пари. Прашуваме кој ги избрал нив - вели Агим Рамадани.
На тврдењата за политичка вмешаност во целиот случај, верниците што ги сретнавме во џамијата имаат став дека конците во ИВЗ се влечат од партиските штабови на ДПА.
Во оваа џамија одат и Македонци-муслимани и Албанци и Бошњаци и Турци и ние не правиме никаква поделба помеѓу нив, вели месното население. За изградба на џамијата најголема заслуга има градоначалникот на Чаир Изет Меџити. Од месното население исто така се собрани 80.000 евра, а од донација од Турција уште 140.000 евра, велат верниците. Со претседателот на Исламската верска заедница хаџи Сулејман ефенди Реџепи вчера не успеавме да поразговараме - беше на службен пат. Месното население од Гази Баба за денеска најави нов собир на кој ќе се обиде да ги расчистат сите нејаснотии околу ИВЗ.
Од пред неколку дена во сила стапи и новиот закон за правата на верските заедници и религиозни групи според кој се забранува секое лажно претставување за верски службеник и злоупотреба на верски униформи и обележја.


Во игра големи пари

Од исламската верска заедница велат дека во изминатиот период се реновирани голем број џамии. Медресата или средното верско училиште во Кондово е целосно реновирано. На прашањето од каде доаѓаат парите, во ИВЗ велат дека приливот на финансиски средства е од нивното работење, но и од спонзорства. ИВЗ добива големи средства од членарината.
- Годишно даваме по 1.000 денари. Само од парите од членарина од сите муслимани во Македонија се добиваат близу 2 милиони евра - велат верниците.


 

О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот нам и вам заеднички: никого освен Бог да не обожуваме и никого да не Му здружуваме!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4445464748 86>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,298 секунди.