IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 36>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 12:04

1650.- Во Стокхолм умре Рене Декарт, француски филозоф, математичар и физичар. Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се "Принципи на филозофијата", "Расправа за методите", "Геометрија" и други. Роден е на 31 март 1596 година.

1741.- Роден е Андре Ернест Гретри, француски композитор и музички писател, од белгиско потекло, најистакнат композитор на комични опери во 18. век. Негови познати дела се „Ричард Лавовско Срце“, „Карван од Каиро“ и други, а пишуваше и мемоари и есеи. Умре вна 24 септември 1813 година.

1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка, го усоврши телефонот, меѓу првите изгради електрична централа, прв ја примени филмската лента од целулоид и изгради прво филмско ателје во светот. Умре во 1931 година.

1879.- Умре Оноре Домие, француски сликар, графичар и вајар. Во своите дела, особено во графичките, беше силен сатиричар на своето време и аналитичар на негативните општествени и морални појаси. Вистинското значење на неговиот опус го сфатија дури и импресионистите. Роден е на 26 февруари 1808 година.

1929.- Со потпишувањето на Латеранскиот Договор меѓу папата Пие Единаесетти и Италија, основана е ватиканската држава - "Чита дел Ватикано". Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.

1945.- Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за "ослободена Европа" и се договорија за основање "општа меѓународна организација за мир и безбедност" во светот - Обединетите нации.

1963.- Во Љубљана умре Фран Алберт, истакнат словенечки писател, еден од најстарите есеисти и критичари. Роден е во Камник, на 17 ноември 1889 година.

1978.- Во Стокхолм умре Хари Едмунд Мартинсон, шведски писател и академик. Уште на 16 години стана морнар и низа години пловеше од Италија до Бразил. Меѓу најпознатите негови дела спаѓаат романите „Копривите цветаат“, „Заминување“, „Патување без цел“, „Кап Фарвел“ и други. Во 1974 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Јемсхег, на 6 мај 1904 година.

1985.- Во Лос Анџелес умре Хенри Матавеј, славен американски филмски режисер. Добитник е на еден "Оскар", но сними дури 66 филмови, меѓу кои најпознати се неговите вестерни "Наследството на пустината", "Напад на поштенската кочија", "Ѓаволска градина" и други. Роден е во 1899 година.

1990.- Во Скопје е основана Лигата за демократија. За претседател е избран Ѓорѓи Марјановиќ.

1992.- Во Штип умре Методи Докузов, легендарен музички педгог на овој град и еден од основоположниците на музичката култура во Македонија. Роден е во Штип, во 1917 година.

1992.- Во Сиетел умре Алекс Хајли, американски писател, автор на познатиот роман - хроника „Корени“, за кој во 1977 година ја доби Пулицеровата награда. Роден е во 1922 година.  

2001.- Во Тетово е поставен камен-темелник на Штуловиот колеџ, првиот приватен универзитет во Република Македонија.

2004.- Во Скопје умре Томе Саздов, професор по народна литература, научен работник и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на повеќе книги, меѓу кои: „Македонски народни приказни“, „Марко К. Цепенков како собирач на македонски народни умотворби“, „Македонска народна лирика“, „Усна книжевност на Македонците“, „Историја на македонската книжевност - усна народна книжевност“, „Непознатиот Прличев“ и други. Роден е во Скопје, на 8 февруари 1934 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2008 во 10:38

1570.- Папата Пие Петти ја екскомуницира од црквата англиската кралица Елизабета Прва, затоа што немаше влијание со нејзинот  цврст став врз Католичката црква и воопшто према католичките верници во Англија. Таа католиците ги сметаше за најголем политички проблем во земјата. Меѓу жртвите на репресиите беше и семејството на Вилијам Шекспир, изразито католичко, заради што за него денес има многу малку современи податоци.

1707.- Роден е италијанскиот писател Карло Голдони, обновувач на италијанската комедија. Дела: комедиите „Мирандолина“, „Рибарски караници“, „Коцкар“, драмата „Далматинка“.  

1723.- Умре англискиот архитект Кристофер Рен, основач на Кралевското друштво во Лондон и негов прв претседател од 1680 до 1682 година. По пожарот кој го опустоши Лондон во 1666 година, вклучувајќи и 53 цркви, проектираше низа зданија, меѓу кои и монументалната катерала „Свети Павле“.

1778.- Роден е аргентинскиот генерал и национален херој Хосе де Сан Мартин, ослободувач од шпанската колонијална власт на Аргентина, Чиле и Перу, кој заедно со Симон Боливар го предводеше јужноамериканското движење за независност. Тој го укина ропството, ја прокламира слободата на печатот, основа библиотеки и настојуваше култорно да го препороди народот.

1841.- Во Лимож е роден Огист Реноар, француски сликар, еден од најистакнатите претставници на импресионизмот. Разви сопствен израз карактеристичен по светлорозовите и модри тонови. Во последниот период од своето творештво се занимаваше и со вајарство. Најпознати негови слики се "Капачки", "Мулен" и "Лулашка". Со своите слики првпат се појави на изложба на импресионистите во Париз, во 1874 година. Умре во Кан, на 17 декември 1919 година.

1866.- Во Пескасерол е роден Бенедето Кроче, италијански филозоф, историчар, литературен критичар и државник. Се обиде да го ревидира макрсизмот и отворено истапуваше против него, а беше и противник на фашизмот. Најпознати негови дела се „Филозофијата како наука“, „Филозофијата на практиката, економијата и етиката“ и „Историјата како приказна за слободата“. Умре во Неапол, на 20 ноември 1952 година.

1873.- Роден е италијанскиот оперски пејач Енрико Карузо, еден од најголемите тенори во историјата на операта. Посебно беше ценет како изведувач на улоги во оперите на Ѓузепе Верди и Ѓакомо Пучини и интерпретатир на канцони. Тој е еден од првите пејачи кој снимил грамафонски плочи. Дела: „Спомени“, „Методи на пеење“.

1885.- Германија ја анектира Тангањика (Германска Источна Африка), која беше германска колонија до крајот на Првата светска војна. Денес Тангањика е составен дел на источноафриканската држава Танзанија, освен териториите на Руанда и Бурундија.

1899.- Умре основачот на британската новинска агенција Ројтерс, германскиот Евреин, Пол Џулијус фон Ројтер, по кого е наречена најстарата светска новинска агенција.  

1923.- Во Струмица е роден Александар Думов, доајен на Народниот театар во Струмица и еден од основоположниците на театарската култура во Македонија. Освен во театарот во Струмица, како артист и режисер, има работено и во театрите во Велес, во Битола и во Штип. Умре во Скопје, на 25 ноември 1989 година.

1944.- Во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција е убиен Кузман Јосифовски - Питу, народен херој на Македонија. Роден е во Прилеп, на 23 јуни 1915 година.

1948.- Комунистите во Чехословачка ја приграбија власта со „февруарскиот удар“, принудувајќи го претседателот на владата Едуард Бенеш да ги прифати оставките на некомунистите во владата.

1949.- Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24 април 1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет "Кирил и Методиј", а на 12 ноември 1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот "Кирил и Методиј" пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи "Свети Кирил и Методиј".

1954.- Египетскиот претседател Мухамед Нагиб беше принуден да поднесе оставка, а целата власт како премиер и претседател на Револуционерниот совет ја презеде Гамал Абдел Насер, негов близок соработник при соборувањето на кралот Фарук Први во јули 1952 година.

1956.- Во говорот на 20-иот Конгрес на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, Никита Хрушлов го осуди владеењето на Сталин.

1972.- Советскиот вселенски брод „Луна 20“ се врати на земјата со примероци од тлото на Месечината.

1976.- САД ставија вето на резолуцијата на Обединетите нации со која се осудува израелската анексија на источен Ерусалим.

1983.- Во Њујорк умре Тенеси Вилијамс, американски драмски писател, добитник на две Пулицерови награди и автор на многу познати драмски дела како што се „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“, „Нежна птица на младоста“, „Трамвај наречен желба“ и други. Роден е во Колумбос, во државата Мисисипи, на 26 март 1911 година.

1986.- Филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос, кој со Филипини владееше од 1965 година како претседател, а од 1972 година како диктатор, со поддршка од САД, поднесе оствка и побегна од земјата.

1991.- Во Будимпешта, Унгарија, министрите за надворешни работи и за одбрана на шест земји-членки на Варшавскиот договор (Советскиот Сојуз, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија и Унгарија) потпишаа Протокол за укинување на неговата воена организација, по 36 години постоење (14 мај 1955 година).

1991.- Ирачка ракета „скад“ во Заливската војна погоди касарна на американски маринци кај саудискиот град Дахран и при што усмрти 28 војници.

1993.- Бомбата која во њујоршкиот Светски трговски центар ја подметнаа исламски терористи уби шест и рани повеќе од илјада луѓе.

1993.- Ким Јонг Сам ја презеде должноста претседател на Јужна Кореја како прв цивил на чело на оваа азиска држава после 32 години.

1994.- Еврејскиот доселеник Барух Голдштајн со автоматска пушка и неколку бомби уби 43 муслимански верници во џамија во Хеврон, по што на лице место беше претепан до смрт.

1994.- САД го протераа рускиот дипломат Александар Лисенко, тврдејќи дека станува збор за руски разузнавач во Вашингтон.

1994.- Во Брисел официјално започна да работи Амбасадата на Република Македонија.

1995.- Лондонскиот весник „Гардијан“ објави дека босанските муслимани тајно се вооружени преку аеродромот во Тузла, со помош на НАТО, со што на најгруб начин е прекршена резолуцијата на ОН.

1998.- Должноста претседател на Јужна Кореја ја презеде Ким Де Џунг, поранешен долгогодишен дисидентски лидер во текот на воената диктатура во оваа азиска земја.

1999.- Народна Република Кина стави вето за продолжување на мандатот на УНПРЕДЕП уште шест месеци во Република Македонија. Од 1 март 1999 година УНПРЕДЕП ги прекина активностите во Република Македонија.

2003.- Умре италијанскиот филмски глумец и режисер Алберто Сорди. Играл во повеќе од 200 филмови, а дваесет режирал. Филмови во кои глуми: „Под римското сонце“, „Белиот шеик“, „Денгуба“, Херој на нашето време“, „Мојот син Нерон“, „Големата војна“, „Меид ин Итали“, „Малиот, сосема малиот граѓанин“, режија: „Извинете, дали сте за или против?“, „Итајлијанец во Америка“, „Помогни ми љубов моја“.

2004.- Собранието на Чешка одлучи 100 војници на чешката војска да испрати во Авганистан. Станува збор за прва борбена улога на чешките вооружени сили по Втората светска војна.

2005.- Умре британскиот правник Питер Бененсон, основач на меѓународната организација за заштита на човековите права - Амнести интернешнл.

2007.- Иранската Револуционерна гарда, уби 17 бунтовници на северозапад во Иран, недалеку од турската граница. Иран се соочува со проблеми од неколку етнички и верски мотивирани  бунтовнички движења.

2007.- Иран во орбитата успешно ја лансира првата ракета - носач на сателит, дело на домашни научници. Во соработка со Русија во 2005 година Иран го лансираше сателитот „Сина 1“.

2007.- Во самоубиствен напад во дворот на една багдатска образовна институција убиени се најмалку 40 и ранети 34 лица. Бомбашот со појас полн со експлозив, се обиде да влезе во дворот на Економскиот и административниот колеџ, но бидејќи обезбедувањето го запре, се дигна себе во воздух усмртувајќи студенти кои тука беа затекнати.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2008 во 09:54

280.- Роден е римскиот цар Флавиј Валериј Константин, наречен Константин Велики, прв римски цар кој поткрепа побара во христијанството. На првиот вселенски собир во Никеј во 325 година пресудно влијае на сузбивањето на аријанството. Во 324 година започна со изградбата на Константинопол (Цариград), кој во 330 година го прогласи за престолнина на Царството.

1807.- Роден е американскиот писател Хенри Водсворт Лонгфелоу. Дела: индијанскиот еп „Хијавата“, поемите „Евангелина“, „Поема за ропството“, сонетата „Боженствена комедија“.

1844.- Домениканска Република се одвои од Хаити, и стана независна држава. Во периодот од 1822 до 1844 година целиот остров беше единствена република, за тогаш да се издвои поранешниот шпански имот (Доминиканска република), од некогашниот француски Хаити. Меѓу 1861 и 1865 година Домениканска Република повторно беше под шпанска власт.

1846.- Роден е Франц Меринг, германски соицолог и историчар, една од водечките личности на левото крило на германската социјалдемократија и на „Сојузот на спартаковците“ и еден од основачите на КП на Германија. Од неговите дела најзначајни се „Легенда за Лесинг“, „Историја на германската социјална демократија“, и „Биографија на Карл Маркс“. Умре во Берлин, на 28 јануари 1919 година.

1847.- Родена е англиската театарска глумица Елен Алиса Тери, најголем толкувач на женските улоги во делата на Вилијам Шекспир во британскиот театар во втората половина на 19. и почетокот на 20. век.

1873.- Во Неапол е роден Енрико Карузо, италијански оперски пејач, тенор, еден од најголемите пејачи на сите времиња. Неговиот изведувачки репертоар е мошне богат. Настапуваше на повеќе оперски сцени: во Милано, Лондон, Њујорк и на други места. Автор е на книгите "Спомени" и "Методи на пеење". Умре во Неапол, на 2 август 1921 година.

1881.- Роден е исландскиот државник Свејн Бјернсон, прв претседател на Исланд по прогласувањето на оваа островска земја за република во 1944 година.

1887.- Умре рускиот композитор и хемичар Александар Порфириевич Бородин, припадник на неформалната музичка група „Големата петорка“ и втемелувач на руската симфонија и камерна музика. Од деството покажа вонреден уметнички талент и интересирање за природните науки. Како момче свирел на флејта и клавир, а подоцна и на виолончело. Дела: операта „Кнезот Игор“, симфонија бр. 2 („Багатирска симфонија“) , симфониска слика „Во средна Азија“.

1900.- Основана е британската Лабуристичка партија, со Ремзи Мекдоналд како секретар.

1902.- Во Салинас, Калифорнија, во САД, е роден Џон Ернст Стејнбек, американски писател. Најголем успех постигна со романот „Плодови на гневот“ во кој го прикажа експлоатирањето и трагичното страдање на земјоделските работници - безземјаши. Исто така познати се и неговите дела „Источно од рајот“, „Месечината зајде“, „Глувци и луѓе“ и други. Во 1962 година ја доби Нобеловата нагрда за литература. Умре во Њујорк, на 20 декември 1968 година.

1913.- Роден е американскиот писател Ирвин Шо. Во Втората светска војна како војник учествувал во Европа и во Африка. Дела: „Млади лавови“, „Луси Краун“, „Две недели во друг град“, „Гласови на летниот ден“, „Богат и сиромав“.

1932.- Родена е англиската филмска глумица Елизабет Тејлор. Дебитира во 1942 година во филмот „Леси се враќа дома“, станувајќи позната ѕвезда уште како девојче. Филмови: „Место под сонце“, „Ајванхо“, „Патека на слоновите“, „Дрво на животот“, „Џин“, „Baterfild 8“ (Оскар), „Клеопатра“, „Хотел Интернационал“, „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ (Оскар), „Одсјај во златното око“, „Тајна церемонија“.

1933.- Во пожарот што го подметнаа нацистите изгоре зградата на парламентот (Рајхстагот) во Берлин. За палењето на Рајхстагот властите ги обвинија комунистите (беа уапсени 1.500 комунистички функционери) дека го запалиле како сигнал за востание. На судскиот процес во Лајпциг, еден од уапсените комунисти, бугарскиот револуционер Георги Димитров ги разоткри плановите и суштината на нацизмот, така што судењето се претвори во јавна осуда на нацистичкото движење.

1936.- Умре Иван Павлов, руски научник, лекар-физиолог. Со својата теорија за условните рефлекси и со други трудови од областа на вишата нервна дејност ги удри темелите на материјалистичкото толкување на највисоките функции на кората на големиот мозок. Во 1904 година ја доби Нобеловата награда за медицина и за физиологија. Роден е на 14 септември 1849 година.

1939.- Обединетото кралство и Франција ја признаа владата на генралот Франко, наспроти легално избраната републиканска влада која ја загуби граѓанската војна. Франциско Франко Бахамонде воведе диктатура, за подоцна да ја обнови монархијата.

1952.- Одржана е првата седница на Обединетите нации во новото постојано седиште на светската организација во Њујорк.

1963.- Во Домениканската Република после 33 години заврши диктатурата од страна на избраниот претседател Хуан Бош, основач и водач на Револуционерната Доминиканска Партија, кој од 1930 година живеел во бегство.  

1968.- Долниот дом на парламентот го ограничи населувањето на „обоените“ во Велика Британија.

1976.- Ескимските лидери и предочија на канадската влада дека на нивниот народ му припаѓа половина милион квадратни километри од Канада.

1976.- Во некогашната колонија „Шпанска Сахара“  која владата во Мадрид им ја предаде на управување на Мароко и Мавританија, ослободителното движење „Полисарио“ го објавни основањето на Сахарската Арапска Демократска Република, позната како Западна Сахара.

1978.- Египет ги прекина поволностите за Палестинците во земјата, израмнувајќи ги со останатите Арапи.

1986.- По соборувањето од власт, филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос, долгогодишен штитеник на САД, допатува на Хаваи.

1990.- Нелсон Мандела допатува во Замбија, почнувајќи го патувањето во странство по 27 години поминати во јужноафриканските затвори.

1990.- Умре Михаил Петрушевски, македонски академик, филолог, еден од основачите на Филозовскиот факултет во Скопје на кој беше вонреден и редовен професор, како и прв декан на истиот, а подоцна и ректор на Скопскиот универзитет. Има објавено над 200 научни и стручни трудови од областа на класичната филологија. За македонската култура од особено значење е неговата преведувачка дејност на "Илијада" од Хомер, "Скендербег" од Григор Прличев и на други дела. Роден е во Битола, на 2 јули 1911 година.

1991.- Во Заливската војна меѓу Ирак и САД и сојузничките сили Ирак беше поразен. Ирачаните мораа да се повлечат од Кувајт, кој беше окупиран на 1 август 1990 година.

1994.- Во експлозија на бомба која исламски терористи ја подметнаа во маронитска црква во Либан загинаа 10 верници кои под олтарот чекаа да се причестат.

1996.- Република Македонија и Република Грција воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.

2002.- Муслиманите во државата Гуџарат во западна Индија запалија воз полн со хиндуистички верници и усмртија 58 луѓе. Тоа предизвика бран на насилства во државата во кои беа убени околу илјада луѓе.

2003.- Хашкиот трибунал ја осуди поранешната претседателка на Република Српска Биљана Плавшиќ на 11 години затвор.

2004.- Водачот на јапонската секта Аум шинрикјо Шоко Асахар осуден е на смртна казна со бесење поради оранизирање напади со гас во токиско метро, девет години порано, кога беа усмртени 12 луѓе.

2007.- Главнот обвинител на постојаниот Меѓународен кривичен суд во Хаг Луис Морено - Окампо ги обелодени имињата на двајцата обвинети за злосторство во суданската регија Дарфур, поранешениот судански министер за внатрешни работи и порашениот командант на локалната полиција.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2008 во 12:53

1133.- Роден е англискиот крал Хенри Втори Плантагенет, основач на династијата Плантагенет, кој во текот на владеењето од 1154 до смртта во 1189 година со реформата во судството значително ја зајакна кралската власт.

1534.- Умре италијанскиот сликар Антонио Алегри да Кореѓо, кој обработувал религиозни и митолошки теми. Најзначајни дела: Фреската и црквата „Свети Јован“ во Парма, сликата „Мистичното венчавање на Света Катерина“, „Јупитер и Антиопа“, „Богородица со Свети Ѓорѓи“.

1696.- Роден е италијанскиот сликар Ѓовани Батиста Тиеполо, последниот голем венецијански мајстор, еден од најголемите декоративни уметници на 18. век. Неговите главни трудови, фрески со големи димензии работени во манирот на рококо се во надбискуспката палата во Удине, во палатата Лаби во Венеција, бискупската резиденција во Вирцбург и во кралската палата во Мадрид.

1770.- Британските трупи во Бостон убија пет демонстранти. Овој случај познат под името „бостонски масакр“ ја забрза американската војна за независност.

1827.- Умре Алаксандар Волта, италијански научник-физичар. Занимавајќи се со електрицитетот, ги пронајде електрофонот, галванските елементи, батеријата на галванските елементи и други. Роден е во 1745 година.

1827.- Во Париз умре Пјер Симон Лаплас, француски математичар, физичар и астроном. Меѓу главните Лапласови дела се вбројуваат „Небесна механика“ и „Преглед на историјата на астрономијата“. Роден е во Бомонан Ож, на 28 март 1749 година.

1856.- Лондонскиот театар „Ковент Гарден“ цеслосно е уништен во пожар.

1871.- Родена е Роза Луксембург, една од организаторите на полското и на германското работничко движење. Во Берлин, во екот на теророт на КП на Германија, по ѕверското мачење, убиена е на 15 јануари 1919 година.

1910.- Роден е Момофуку Андоу, јапонскиот „крал на резанците“, пронаоѓач на „инстант резанците“, наменети за исхрана на астронаутите во вселената. Андо е роден во 1910 година на Тајван. Со производство на тестенини почна во Тајпеи, а подоцна продолжи во Осака. Во 1948 година ја основа фабриката „Нишин фуд“, првата фабрика која во 1958 година ги произведе резанците во вреќички, а потоа и други слични производи кои со време го освоија целиот свет.

1916.- Загинаа 455 патници и членови на екипажот од вкупно 588 колку што беа на шпанскиот патнички брод „Принц од Астурија“ во моментот кога бродот удри во карпа близу бразилскиот брег и потона за само неколку минути.

1923.- Во селото Големо Илино, Кичевско, е роден Ристо Лозановски, македонски академски сликар. Неговиот опус изнесува околу 150 слики во маслена техника, повеќе цртежи и графики. Умре во Белград, на 13 мај 1965 година.

1933.- Националсоцијалистичката работничка партија на Германија на Адолф Хитлер го освои мнозинството во Рајхстагот (собранието).

1845.- Американски трупи влегоа во Келн во Втората светска војна.  

1946.- Во Битола умре Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови трудови се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител е на "Илинденска споменица 1903", на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година. Роден е во селото Авдела, костурско, во 1880 година.

1953.- Во Македонија е организирана првата акција за доброволно дарување на крв.

1953.- Во Москва умре Јосиф Висарјонович Сталин, советски државник и политичар, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на вооружените сили на СССР, маршал и генералисимус. По Втората светска војна спрема социјалистичките земји спроведуваше хегемонистичка политика. Неговите злосторства беа осудени на 20-от и 21-от конгрес на КПСС. Роден е во Гори, Грузија, на 21 декември 1879 година.

1953.- Умре рускиот композитор и пијанист Сергеј Сергеевич Прокофјев, еден од најоргиналните музички автори во 20. век. Од 1918 година живее во западна Европа и во САД, а во 1932 година се врати во татковината. Дела: оперите „Заљубен во три портокала“, „Војна и мир“, „Огнен ангел“, балетите „Ромео и Јулија“, „Приказна за камениот цвет“, кантатата „Александар Невски“, симфониите „Класична симфонија“, „Петта симфонија“, музика за филмовите „Александар Невски“, „Иван Грозни“.

1960.- Претседателот Ахмед Сукарно го распушти индонезиското Собрание.

1966.- Британски патнички авион удри во јапонската планина Фуџи при што сите 124 патници и членови на екипажот загинаа.

1970.- Стапи на сила договорот за неширење на нуклеарното оружје кој го потпишаа 45 држави.

1984.- Умре италијанскиот пејач Тито Гоби, познат светски оперски баритон. Во оперите студиозно и префинето ги креираше водечките улоги, вклучувајќи ја и прочуената улога во „Тоска“ на Ѓакомо Пучини во која негов партнер беше Марија Калас.

1992.- Домот на младите "25 Мај" во Скопје го промени името во Младински културен центар.

1993.- Авионот од типот "Фокер 100" на авиокомпанијата "Палер Македонија", веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урна на 400-тини метри од крајот на пистата. Од 91 патник и членови на екипажот загинаа 80-ина.

1996.- Претседателот на САД Бил Клинтон во Израел испрати врвна опрема за откривање подметнати бомби и група технички ескперти како помош во борбата против арапските исламски терористи.

1998.- Во терористичките напади на тамилските бунтовници, кои во главниот град на Шри Ланка активираа минибус полн со експлозив, загинаа 37 луѓе.

2000.- Израел одлучи да ги повлече трупите од југот на Либан до јули, дури и во случај до тогаш да не биде постигнат мировен договор со Сирија.

2001.- Во текот на ритуалот каменување на ѓаволот, во стампедо на муслимански верници загинаа најмалку 35 луѓе на мостот Џамарат во близина на Мека.

2003.- Во самоубистивениот напад на автобус на палестинските исламски терористи во северноизраелското пристаниште Хаифа загинаа 15 луѓе, повеќето студенти.

2007.- Умре Анри Троа, еден од најпопуларните француски писатели на 20. век. Автор е на близу 100 дела. Троа надвор од Франција е најпознатиот по биографиите на француските и руските литературни и историски фигури, како што се Толстој, Пушкин, Флобер, Зола, Катерина Велика и Иван Грозни. Роден е како Лев Тарасов на 11 ноември 1911 година во Москва во имотно семејство. Наградата „Гонк*р“ ја доби за својата трета книга „Пајак“. Неговите книги се преведени на десеттина јазици, а во една анкета од 1994 година тој е прогласен за најпопуларен француски писател.

2007.- Најмалку 11 бунтовници на левицата и седум војници се убиени во борбите на југот на Колумбија. Владините сили запленија цел арсенал оружје во борбите со припадниците на марксистичката група „Револуционерни оружени сили на Колумбија“.

Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2008 во 17:01
На денешен ден во 2001 година од тетовското Кале одекна тросистичкото оружје со што на Македонија- македонскиот народ, и беше загрозена безбедноста, суверенитетот, територијалниот интегритет. Од овој ден започна борбата против тероризмот во Република Македонија.
Денес е навржуваат седум години од тој гнасен чин.
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
m__g__ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 591
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m__g__ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2008 во 01:38
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 15:53

Денеска се навршуваат 105 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Делчев е еден од најголемите идеолози на ослободителното движење на македонскиот народ од крајот на 19 и почетокот на 20-от век.

Роден е во Кукуш, Егејска Македонија на 4-ти февруари 1872 година, а загина на денешен ден пред 105 години, во селото Баница, во борба против османлиската војска.

По повод годишнината од смртта на овој револуционер, денеска во Собранието ќе бидат доделени наградите „Гоце Делчев“ на пет научни работници за особено значајни остварувања во области на науката.

Годинешната награда „Гоце Делчев“ им се доделува на академик Владимир Серафимоски, за трудот „Клиничка панкреатологија”; на д-р Фросина Ташевска Ременски, за трудот „Македонското национално малцинство во соседните земји” и на д-р Валентин Мирчески, д-р Шебојка Коморски Ловриќ и д-р Миливој Ловриќ, за трудот „Квадратно-бранова волтаметрија-теорија и примена” ("Sguare-Wave Woltametry: Teory and Application").

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 12:16

1626.- Холандскиот доселеник Питер Минуит од Индијанците го купи островот Менхетен - на кој подоцна е изграден Њујорк.

1758.- Роден е Максимилијан Робеспјер, еден од најзначајните водачи на Француската буржоаска револуција. Беше водач на јакубинците, најреволуционерна партија во тоа време која се бореше за општо право на глас, внесено првпат во јакубинскиот устав во 1793 година, за укинување на монархијата и за воспоставување република, како и за укинување на ропството во колониите. По контрареволуционерниот пресврт, на 27.07.1794 година. Робеспјер е гилотиран.

1840.- Пуштени се во оптек првите поштенски марки во Велика Британија - од еден и два пени со ликот на кралицата Викторија Прва.

1848.- Во селото Лазарополе, гостиварско, е роден Васил Апостолов Икономов, македонски училител, фолклорист, етнограф, печатар, преведувач, калиграф и црковен певец. Умре во Лазарополе, на 4 јуни 1934 година.

1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Негови најпознати дела се "Увод во психоанализата", "Кон психопатологијата на секојдневниот живот" и "Толкување на соништата". Умре во Лондон, на 23 септември 1939 година.

1859.- Умре Александар фон Хумболт, германски географ, астроном и истражувач, еден од основачите на научната географија. Прв го постави правилото за намалување на температурата со зголемување на надморската висина. Пионер е на системските трудови за магнетизмот и прв автор на изотермалната карта на Земјата. Роден е на 14 септември 1769 година.

1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата кула, една од најголемите знаменитости на градот. Конструктор на кулата е инженерот Густав Ајфел. Кулата е поставена на парискиот плоштад Шан де Марс и е висока 320 метри.

1919.- На Версајската мировна конференција по Првата светска војна на Германија и се одземени колониите во Африка.

1924.- Во Виена, ВМРО (об.) издаде Манифест кон македонскиот народ, кон организираното револуционерно население во Македонија и кон македонските револуционери, познат како Мајски манифест на ВМРО (об.). Во него како главни цели на револуционерната борба беа фиксирани "ослободувањето на раскинатите делови на Македонија во една наполно независна и самостојна политичка заедница" и демократизирањето и сојузувањето на балканските држави во една федерална заедница која "единствено може да го гарантира политичкото постоење на независна Македонија и независноста на другите балкански народи" и да ги парализира анексионистичките и империјалистичките стремежи на заинтересираните сили.

1952.- Во селото Лабуништа, струшко, умре Ангелко Крстиќ, македонски романсиер, раскажувач, драмски автор и учител. Најпознат е по романот "Трајан", објавен во 1932 година. Роден е во селото Лабуништа, на 1 ноември 1871 година.

1976.- Во северниот италијански град Удине во земјотрес загинаа 973 луѓе.

1978.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди Јужна Африка поради инвазијата во Ангола и побара повлекување на нејзините војници од земјата.

1991.- Во Сплит, Република Хрватска загина 19-годишниот војник од Кавадарци, Сашко Гешовски. На денот на загинувањето тој беше на должност стражар во командата на Военопоморската област во Сплит, каде што протестираа над 30.000 демонстранти. Гешовски беше првата македонска жртва во југословенската војна. Тој од 17 септември 1990 година служеше во воената полиција во Сплит. Околностите под кои загина Гешовски се уште не се разјаснети.

1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското име и е Марија Магдалена фон Лош), прочуена американска филмска актерка од германско потекло. Родена е во Берлин, на 27 декември 1901 година.

1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје, основоположник на дисциплината фонетика на англиски јазик. Роден е во Прилеп, на 27 јуни 1936 година.

1994.- Во Мексико, на Генералното собрание на Светската организација за нумерирање на артиклите (ЕАН), како редовен член е примена и македонската организација ЕАН-МАК.

1994.- Францускиот претседател Франсоа Митеран и англиската кралица Елизабета Втора го отворија тунелот под Ламанш.

1996.- Владата на претседателот на Гватемала Алваро Арсуо и лидерот на левичарската герила потпишаа договор за завршување на 35-годишната граѓанска војна во оваа средноамериканска земја.

1998.- Најмалку 150 лица загинаа од надоаѓање на реките поради поројните дождови во јужниот дел на Италија.

2002.- Со одлука на претседателот Џорџ Буш, САД го ставија надвор од сила потписот на поранешниот шеф на државата Бил Клинтон во декември 1999 година на меѓународниот договор за формирање Меѓународен кривичен суд за воени злосторства. Конгресот со резолуција го ополномошти американскиот претседател да употреби и вооружени сили при ослободување на американски државјани доколку бидат изнесени пред овој суд.

2002.- Во Холандија е убиен лидерот на холандската десница Пим Фортајн, што официјално претставува прво политичко убиство во оваа земја од 17. век. Фортајн е убиен од еден муслимански фанатик, наводно од верски причини.

2006.- Почина последната преживеана патничка на бродот Титаник, американката Лилијан Гертруд Асплунд. Според извештајот на американскиот Сенат, во несреќата загинаа 1.523 лица.

2007.- Почина Ѓорѓе Новковиќ, најтиражниот композитор на поп музика во поранешна југославија. Новковиќ во 60-тите години од минатиот век свирел со сараевската група „Индекси“, а потоа ја формираше групата „Про Арте“.

Кон врв
nedopirliviot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 220
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nedopirliviot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2008 во 19:28
06. мај 1991година
06. мај 2008година- Вторник,
17- години од погинувањето на Сашко Гешовски


ЗАВ-Кавадарци, во ,,отсуство,, на многу ,,релевантни субјекти,, во 2007 година ја одбележа 16. (шестнаесет) годишнината од погинувањето на Сашко Гешовски, а со тоа започна да ја негува историјата на современа и суверена Република Македонија.

Во суштина тоа беше и иницијатива за влез во историјата на самостојна Македонија, сеќавање на погинатите во 2001 година но, никако без погинатите во 1991 година.

САШКО ГЕШОВСКИ

роден 31.октомври 1971 година

погинат 06.мај 1991 година

........... во Сплит, Република Хрватска. Смртта го затекнува на отслужување на воениот рок, во време кога се кршат копјата околу тогашната СФРЈ.

–тој е прва жртва од Република Македонија.

–Со неговото погинување почнува втемелувањето на Суверена и Самостојна Македонија, на која после тоа и се случи 2001 година.

.................... 2006 година, на 15. години од самостојноста на Република Македонија подигнат е споменик на погинатите во 1991 година од Македонија.   

.................... 2007 година, покрај другото во ПРОГРАМАТА за тековната година се отпочна и со одбележување на датумите на погинатите во 1991 година се со цел да тоа прерасне во традиција. Сепак нели треба да ги почитуваме оние кои го дале својот живот за Македонија, а после тоа и да ствараме почитувачи и продолжувачи на нашата историја.

Денес 17- години од пгинувањето не бевме во можност да се собравме пред вечниот дом на Сашко за да му дадеме посебна почит.       

.................... Зошто?
Одговор треба да даде градоналаникот кој нема дослух за погинатите, а сепак се кандидира за Пратеник.
До Советот на Општина Кавадрци поднесовме иницијатива за:

1. Обележување на улиците, каде што живееат потесните семејства на погинатите (од 2001 и 1991 година), со нивните имиња.

2. Со нивните имиња да бидат обележани и поедини институции.   

3. Достојно уредување на местата каде се поставени нивните спомен бисти- доколку се поставени, а доколку нема тогаш ќе покренеме иницијатива под хитно да се направат и постават. Не смееме да дозволиме да бидат под рангот на борците од НОВ и борците од илинденската епопеја.    

4. Традиционално и достоинствено одбележување на датумите на поги- нувањето на борците од 1991 година и борците од 2001 година, како дел од поновата историја.

5. Грижа за нивните семејства. Да. Грижа за нивните семејства, нивните деца, нивните сопругу, нивните мајки и татковци, но и нивните браќа и сестри доколку немаат основано свое потесно семејство и немаат оставено потомство.

Ако сами се признаеме ќе не признаат; соседите, Европа и светот. Затоа да ги негуваме нашите спомени од од историското и културното наследство.

Но како другите да не признаат кога самите не ја почитуваме сопствената историја.


Изменето од nedopirliviot - 06.Мај.2008 во 19:32
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2008 во 12:10

337.- Умре римскиот цар Константин Први Велики, првиот римски цар кој дозволи слободен исповед на Христијанството. Тој е основачот на Константинопол (Цариград), новата престолнина на царството.

1455.- Со битката кај Сент Албанс, во која војската на династијата Ланкастер ги победи силите на Јорк, во Англија почна четиригодишната војна меѓу династиите наречена „Војна на две ружи“.

1813.- Во Лајпциг е роден Рихард Вагнер, германски композитор, реформатор на операта и централна личност во нејзиниот развој во третата половина на 19. век. Негови најзначајни дела се „Тристан“ и „Изолда“ и „Леогрин“. Умре во Венеција, на 13 февруари 1883 година.

1833.- Во Чиле е усвоен уставот со кој му е дадена поголема власт на претседателот, а римокатоличката вера е прогласена за државна религија.

1819.- Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Тоа беше првиот параброд кој за само 25 денови го преплови Атлантикот.

1859.- Роден е англискиот писател Артур Конан Дојл, лекар по професија, кој се прослави како автор на криминалистичките романи и раскази во кои главните јунаци Шерлок Холмс и неговиот пријател д-р Вотсон се измислени. Дела: „Спомените на Шерлок Холмс“, „Белиот одред“, „Изгубениот свет“, „Големата бурска војна“, „Историја на британските походи во Франција и Фландрија“, „Историја на спиритуализмот“.

1873.- Умре италијанскиот писател Алесандро Манцони. Пишувал лирски песни, трагедии и романи. Дела: „Вереници“, „Света химна“, „Грофот Кармањон“.

1885.- Во Париз умре Виктор Иго, француски писател, основач на францускиот романтизам во 19 век. Негови најпознати дела се романите „Клетници“, „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ и „Работници на море“. Роден е во 1802 година.

1885.- Роден е водачот на италијанските социјалисти Ѓанѓакомо Матеоти, кој во јуни 1924 го заробија и убија фаштистите, по говорот кој го одржа претходниот ден во парламентот во кој документирано ги разобличи фашистичките методи и насилија на изборите.

1903.- Во селото Могила, Битолско, во борба против турската војска и полицијата загина Андреја Петров Блажески - Расолкоски, познат како Дедо Андреја, македонски револуционер и војвода. Роден е во Мало Црско, во средината на 19 век.

1907.- Роден е англискиот театарски и филмски глумец, режисер и продуцент Лоренс Оливие, еден од најголемите толкувачи на ликови од делата на Вилијам Шекспир. Добитник е на најголемиот број награди „Еми“ за ТВ-творештво, наградуван е на фестивалот во Кан, а добил Оскар за филмот „Хамлет“. Останати филмови: „Хенри Петти“, „Ричард Трети“, „Три сестри“, „Оркански висови“, „Ребека“, „Леди Хамилтон“, „Кери“, „Отело“, „Спартак“, „Картум“, Маратонец“...

1915.- Во најголемата железничка несреќа во британската историја, во судар на два воза во Шкотска, загинаа 227 години.

1918.- Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град.

1939.- Двајцата диктатори, водачот на германските нацисти Адолф Хитлер и водачот на италијанските фашисти Бенито Мусолини, го потпишаа десетгодишниот „челичен пакт“ за политички и воен сојуз. 

1943.- Во Москва беше објавено распуштањето на Комунистичката интернационала, позната како Коминтерна, која беше основана во Москва во 1919 година.

1967.- Повеќе од 320 луѓе загинаа на пазар во стоковната куќа „Иновасион“ во белгиската престолнина Брисел.

1972.- Претседателот на САД Ричард Никсон допатува во Москва како прв шеф на САД кој го посетил Советскиот Сојуз.

1972.- Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка.

1979.- Официјално е верификувано основањето на битолскиот Универзитет.

1989.- Индија успешно ја испроба првата ракета земја-земја со среден домет, станувајќи една од малубројните држави која располага со балистички ракети.

1992.- Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина се примени во Обединетите нации.

2004.- Економистот и реформатор Манмохан Синг стана 13-иот претседатател на влада на Индија, прв Сик на оваа функција.

2004.- Шпанскиот престолонаследник принцот од Астурија Фелипе Бурбонски и поранешната најпопуларна шпанска телевизиска новинарка Летисија Ортис се венчаа во Мадрид. Церемонијата на првото кралско венчаваање на тлото на Шпанија после 98 години го обезбедуваа исклучително подготвени сили на полицијата и војската, вклучувајќи ги и силите на НАТО.

Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2008 во 10:31
На денешен ден во Росарио, Аргентина во 1928 е роден јужноамериканскиот револуционер и борец за слобода Ернесто Рафаел Гевара де ла Серна попознат како Че Гевара.


Изменето од Zajcef - 14.Јуни.2008 во 10:31
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2008 во 16:50
На денешен ден во 1919 во директен лет од Њу Фаундленд, во Северна Америка до Ирска, британските авијатичари Артур Браун и Џон Оклок први го прелетаа Атлантикот. Летот траеше 10 часа и 12 минути.
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
Zajcef Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
TOTENKOPF

Регистриран: 16.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1252
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zajcef Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2008 во 15:09
На денешен ден во 1971година е роден еден од најпознатите Американски рапери Тупак Амару Шак*р(2Pac) кој сеуште го држи рекордот во гинисова книга за најпродаван албум(продадени се околу 75 милиони примероци ширум светот).
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
Кон врв
dudulovski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 998
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dudulovski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2008 во 05:17
На денешен ден, 17 јуни 1929 година е роден еден прочуениот шаховски велемајстор и светски првак, Тигран Петросјан. Титулата остана кај него шест години. Умре од рак во 1984 година.

Изменето од dudulovski - 17.Јуни.2008 во 05:29
Еден литар ракија на ден и секогаш ќе бидеш здрав како дрен.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,298 секунди.