IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 68>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2008 во 18:51
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


Искрено, петпати би размислила пред да се подбивам со некој кој си го дал својот живот за одбрана на верата.
Па макар било тоа и некаква традиција, незнаење, што ли веќе...



maria, никој не ви го чепка Трифун Маченикот. Ние си биеме мајтап со свети Трипун Пијаницата 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2008 во 02:09
Originally posted by mali simo mali simo напиша:



Извадисија гредата од твоето око потоа барај ја раската во окото на брат ти.познато ти е .....си го размислил ова.... ај оди....треба да заминеш на работа.....и не ги ремети темите ...... досаден си како...Денес се слави Светиот Маченик Трифун.


A neli samo Imeto Gospodovo treba da se SLAVI????

Zarem vo Hristijanstvoto se Slavat i drugi Pokraj Boga???? I toa obicni Luge????   

Изменето од Halid ibn Velid - 15.Февруари.2008 во 02:20
Кон врв
Halid ibn Velid Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1145
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Halid ibn Velid Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2008 во 02:18
Originally posted by hr.lucky hr.lucky напиша:

porano pa i denes starite lud'e pa i mladite nekoi polski raboti gi vrzuvaat so denovite na svetcite kako na primer na petrov den zree nekoe jabolko i po toj den jabolkoto e nareceno petrvce ima mnogu takvi primeri kako se orientirale lud'eto po denovite na svetcite taka na denesen den se pocnuvalo so kroenje lojze pa ostanal obicaj ako klimata e malku pomerena i ne odgovara da se kroi barem da se zakroi ama povtorno napomnuvam toa e obicaj pa posto od lozjeto se pravi vino lud'eto si naod'aat asociacija vo toa koja gi inspirira da si ja pivnat iako nema vrska so svetecot.


E i Grozje ima na Lozjata, E zosto ne go Vikale Tripun Grozjarot,Zosto bas Tripun Pijanicata???

Zosto covekot ne si jadel Grozje,Si sakal Vino,i si se Pijanel..

P.s. neli bese Zabraneto so Biblija pijanenjeto????,samo malku bilo dozvoleno(mislam deka taka imavte pisano)

E sega kako moze Svetec da Bide Pijanica????
Кон врв
mali simo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1132
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mali simo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2008 во 10:24

http://www.spc.yu/sr/system/files/u6/Sretenje.jpgСретение Господово

Во четириесеттиот ден по Рождество Пресветата Дева Го донесе својот Божествен Син во ерусалимскиот храм за, според Законот, да Му Го посвети на Бога, а самата да се очисти (Левит. 12, 2 - 7; Исход 12, 2). Иако не беше потребно ни едното ни другото, сепак Законодавецот никако не сакаше да се огреши кон Законот којшто Самиот го беше дал преку Својот слуга, Пророкот Мојсеј. Во тоа време во храмот држеше чреда првосвештеникот Захариј, таткото на Свети Јован Предвесник. Тој Ја смести Богородица не на местото за жени, туку на она за девојки. Во таа прилика во храмот се јавија две необични личности: старецот Симеон и Ана, ќерката Фануилова. Праведниот старец го зеде на своите раце Месијата и рече: „Сега отпушти го Твојот слуга, Господи, зашто го видоа очите мои спасението Твое“. Уште рече Симеон за Младенецот Христос: „Глеј, овој лежи за подигање и паѓање на мнозина во Израилот“. Ана пак, која од младоста Му служеше на Бога во храмот во пост и молитва и самата Го позна Месијата, па Го прослави Бога и им објави на ерусалимјаните за доаѓањето на Долгоочекуваниот. А фарисеите, присутни во храмот, штом видоа и слушнаа се, се разгневија на Захарија зашто ја постави Дева Марија на местото за девојки и му јавија за тоа на царот Ирод. Уверен дека тоа е Новиот Цар за когошто говореа ѕвездогледците од Исток, Ирод брзо испрати да Го убијат Исуса. Но во меѓувреме Божественото семејство веќе поодмина од градот и според упатство на ангел Господов се упати кон Мисир. Денот Сретение меѓу христијаните се празнува уште од самиот почеток, но торжественото празнување на овој чудесен ден е особено востановено во 544 година, во времето на царот Јустинијан.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ

Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2008 во 10:28
Halid...

Животот на овој светител е една работа-а македонските народни приказни се нешто сосема трето.
(Патем, мислам дека  Ѓорѓи Колозов го има играно и дотичниот, нешто као си го пресекува носот, а му било кажано да не крои тој ден и слично).

Приказна е тоа Халиде, гачка, создавана во ноќите без струја или при групните лупења пченка....

Сето тоа нема врска со вистината...исто како што постојат и Библиски приказни (кои немаат врска со вистината).

Е сега што некои како што убаво си кажа Еван “атеистички православци“ користат гужва па си дозволуваат вакви приземности-тука-никој неможе ништо.
Те уверувам-човеков не бил пијаница...

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2008 во 21:23

Свети Вукол, епископ Смирненски

Ученик на Св. Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господ.

Светата маченичка Фауста

Пострада за Христа во времето на царот Максимијан (помеѓу 305 и 311 година). Со своето јунаштво ги восхити и ги обрати кон христијанство своите мачители: осумдесетгодишниот жрец Евиласиј и епархот Максим. Кога судијата ѝ се закани на Фауста со уште пострашни маки, таа му рече да изработи нејзина икона со изобразба на сите оние маки со коишто ѝ се заканува. Кога беше готова иконата и ѝ ја покажаа, Света Фауста рече: „Како што оваа икона не чувствува никакви маки така ни моето тело не ги чувствува маките од твоите казни, зашто душата моја е утврдена во Бога“. Судијата ја фрли во котел со врела вода и во него ова тринаесетгодишно девојче претрпе смрт и со молитва на усните отиде со душата во Рајот.

Светата маченичка Доротеја

Угледна и прекрасна девица од Кесарија Кападокиска. Управникот на областа Саприкија им ја даде Доротеја на двете незнабожечки сестри Христина и Калиста за да ја одвратат од Христа. Но се случи обратно: Доротеја успеа да ги обрати обете сестри во верата Христова. Налутен Саприкиј нареди и ги врзаа овие две сестри со плеќите една за друга, па ги фрлија во каца со смола и ги запалија. Тогаш ја осудија на смрт Доротеја. Таа радосно ја ислуша пресудата и возвикна: „Ти благодарам, душељубецу Христе, што ме повикуваш во Твојот Рај и ме воведуваш во пресветите дворци Твои!“ Некој присутен големец Теофил ѝ се насмае на Доротеја за овие зборови и ѝ довикна: „Чуј, невесто Христова, испрати ми јаболки и цвеќе од шипинките од Рајот на твојот жених!“ „Навистина ќе ти испратам!“, му одговори маченичката. Кога Доротеја беше на губилиштето одеднаш се појави едно прекрасно момче со три чудесни јаболка и три црвени цвета од шипинки. Тоа беше ангел Господов. А беше зима. Доротеја му рече на ангелот да му ги однесе на Теофил и да му рече: „Еве ти што бараше!“ Кога Теофил ја прими пораката и го виде дарот, сиот го обзеде страв. И сѐ се преврте во него, па тој, закоравен незнабожец, стана христијанин. Беше и мачен и убиен за Христа, а отиде со душата во Рајот на Господ Исус набрзо после Света Доротеја.

Свети Фотиј, патријарх Цариградски

Голем светилник на Црквата. Роднина на царот и внук на славниот патријарх Тарасиј. Крепостен заштитник на Црквата од папското властољубие и од другите римски изопачувања на верата. За шест дена ги помина сите чинови од лаик до патријарх. Стана патријарх на Божик, 857 година, а се упокои во Господ во 891 година.

Преподобните Варсонуфиј и Јован

Големи подвижници од Газа, проѕорливци и чудотворци. Ја составија прочуената книга „Одговори“ за многу прашања од духовниот живот. Живееја во 6 век.

Светите маченички Марта и Марија и нивниот брат Ликарион

Сите тројца беа распнати на крст за Христа, па потоа избодени и умртвени со копја.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2008 во 11:45

Светиот великомаченик Теодор Стратилат

Драгоценоста на маченичкиот подвиг зависи од величината на богатството што ќе го напушти христијанинот примајќи страдање наместо тоа богатство; и од величината на страдањето што ќе го поднесе заради Христа. Свети Теодор, римски војвода, во војската на царот Ликиниј и градоначалник на градот Хераклеја, ја презре својата младост и убавина и војводскиот чин и царската милост и наместо тоа на себе прими страшни маки заради Христа. Најпосле беше биен, прими шестотини удари по грбот и петстотини по стомакот; потоа го подигнаа на крст и го издупчија со стрели. На крајот го убија со меч. Сето тоа го претрпе зашто Го љубеше Христа над сѐ на светот. Го презре глупавото суеверие на царот Ликиниј, ги урна сребрените и златни идоли и парчињата од нив им ги раздаде на сиромасите; мнозина ги обрати во верата Христова и го повика самиот цар Ликиниј да се одрече од идолите и да поверува во единствениот жив Бог. За време на мачењето Свети Теодор непрестајно говореше: „Слава Ти, Боже мој, слава Ти!“ Пострада на 8 февруари 319 година во три часот попладне и се пресели во Царството Христово. Се смета за заштитник на војниците што го повикуваат на помош. Неговите чудотворни мошти ги пренесоа од Евхаити во Цариград и ги погребаа во црквата Влахерна.

Светиот пророк Захарија

Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим на младенче од ослица; и предавството на Јуда за триесет сребреници; и бегањето на апостолите од Христа во времето на Неговото страдање - ќе удрат по пастирот и овците ќе се разбегаат (13, 7). Пророкот Захариј се нарекува и Срповидец, зашто во визија виде срп како слегува од небото за да ги покоси неправедните, особено крадците и хулителите на Божјото име. Се упокои во последната година од царувањето на Дариј Хистасп, околу 520 година пред Христа.

Свети Сава II, архиепископ Српски

Син на кралот Стефан Првовенчан, а внук на Свети Сава Први. Пред монашењето се викаше Предислав. Следејќи го примерот на својот голем чичко, Предислав се замонаши и ревносно се предаде на подвиг. Беше избран за архиепископ српски после Св. Арсениј. Под името Сава Втори, управуваше со Црквата со голема предаденост и љубов. Се упокои во 1268 година. Моштите му лежат во манастирот во Пеќ.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2008 во 10:43

Светиот свештеномаченик Власиј

Родум од кападокиската област. Богобојазлив и кроток уште од раното детство. Заради своите големи добродетели беше избран за епископ на градот Севастија. Во тој незнабожечки град Св. Власиј беше големо духовно светило. Во времето на тешкото гонење на христијаните Св. Власиј го храбреше своето стадо и ги посетуваше Христовите маченици по затворите, меѓу кои особено се истакнуваше славниот Евстратиј. Кога градот Севастија остана сосем без христијани - едни пострадаа, други побегнаа - тогаш старецот Власиј се повлече во планината Аргеос и таму се насели во една пештера. Дивите ѕверови го познаа светиот човек и се приклонија кон него и ги милуваше. Но гонителите го најдоа светителот и во неговото скривалиште и го поведоа да му судат. Патем Власиј исцели едно момче на кое му беше застанала коска во грлото; и на поплаката на една вдовица дека волкот ѝ го грабнал прасето направи со силата на својата молитва и волкот го врати украденото. Мрачните судии го мачеа жестоко, го биеја и го стружеа. Со својата непоколебливост во верата Свети Власиј многумина ги обрати кон Христа. Заедно со него беа затворени седум жени и две деца. Прво ги заклаа жените, а потоа и чудесниот Власиј со децата. Пострадаа и се прославија во 316 година. Народот му се моли на Св. Власиј за здравјето на добиците и за заштита од ѕверовите.

Светиот маченик Георгиј Кратовски

Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

Света Теодора

Грчка царица, сопруга на злобниот иконоборен цар Теофил. По смртта на овој цар царицата Теодора се зацари со својот син Михаил III. Веднаш го воспостави иконопочитувањето на Соборот во Цариград во 842 година. Во таа прилика беше востановено и празнувањето на победата на Православието коешто оттогаш се врши во првата недела на Чесниот пост. Оваа света, за Црквата заслужна жена, Му ја предаде својата душа на Бога на 11 февруари 867 година. Во тоа време на потполно торжество на Православието над сите ереси, според прекрасната Божја Промисла меѓу Словените беа испратени Светите браќа Методиј и Кирил како христијански мисионери.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2008 во 19:19

Преподобен Симеон Мироточив

Стефан Немања, голем владетел на српскиот народ, бранител на Православието, истребител на ересите. Беше прво крстен во латинската црква, но подоцна се ослободи од неа и стана член на православната Црква. Кога ја утврди државата и православната вера во неа, тогаш по примерот на својот син Сава прими монашки чин во манастирот Студеница во 1195 година и го доби името Симеон. Неговата жена Ана исто така прими монашки чин, го доби името Анастасија и се повлече во женски манастир. По две години монаштво во Студеница Симеон замина на Света Гора. Овде се насели прво во манастирот Ватопед заедно со Сава. Таткото и синот ги минуваа ноќите и деновите во молитва. Изградија таму шест параклиси: на Спасителот, на Бесребрениците, на Св. Георгиј, на Св. Теодор, на Св. Јован Предвесник и на Св. Николај. Ги купија урнатините на Хилендар и изградија прекрасен манастир, во кој Симеон поживеа само осум месеци па се упокои. Кога беше на издивнување, според неговата желба Сава го положи на рогозина. Со очите управени кон иконата на Пресвета Богородица со Спасителот, блажениот старец ги изусти овие зборови: „Всјакое дихание да хвалит Господа!“ И се пресели кај Господ на 13 февруари 1200 година.

Преподобен Мартинијан

Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што сѐ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди! Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена Ковчежна во Кападокија и таму поживеа дваесет и пет години во пост, молитва и бденија и во борби со многу искушенија. Кога дојде да го искушува една жена а тој виде дека ќе падне во грев со неа, скокна бос во оган и стоеше внатре додека болката не му навре солзи на очите и не уби во него секаква похот. Кога надојдоа други искушенија тој побегна на една осамена карпа сред морето и таму живееше. Но кога при еден бродолом и на оваа карпа доплива една жена, тој скокна во морето за да се удави, но го дочека еден делфин и по Божја Промисла го изнесе на грб на брегот. Тогаш реши повеќе нигде да не се населува трајно, а постојано да патува. Така за две години измина сто шеесет и четири града, исправајќи ги и советувајќи ги луѓето. Најпосле пристигна во Атина и таму се упокои во 422 година.

Светите Зоа и Фотинија

Зоа беше најпрво развратна жена и искушувачка на Св. Мартинијан, па кога го виде овој испосник како скока во оган за да убие секакво сладострастие во себе, таа горко се покаја, отиде во еден манастир во Витлеем, каде што јуначки се подвизуваше како испосничка и затворничка. Кога ги покаја своите гревови доби од Бога дар на чудотворство. Света Фотинија морската бура ја исфрли на островот на којшто се беше осамил Св. Мартинијан. Тој веднаш се оддалечи од островот, а Фотинија се упокои таму во пост и молитва.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2008 во 10:25

Светиот апостол Онисим

Еден од Седумдесеттемина. Му беше роб на Филимон, човек богат и угледен во градот Колосај во Фригија, но нешто му згреши на својот господар и побегна во Рим, каде што од апостолот Павле го слушна Евангелието и се крсти. Па со оглед дека Павле претходно го имаше приведено и Филимон кон вистинската вера, тој сега ги измири овие двајца, Филимон и Онисим, господарот и робот, пишувајќи му посебно послание на Филимон, еден од најтрогателните пишани состави кои воопшто постојат во Светото Писмо. „Те молам“, пишува, „за мојот син Онисим, кого го родив во оковите свои ...Можеби затоа се раздели од тебе на некое време, за да го добиеш вечно, не повеќе како роб а повеќе од роб, како брат возљубен“. Трогнат од ова писмо Филимон навистина го прими Онисим како брат и го ослободи од робувањето. Подоцна Онисим од самите апостоли беше поставен за епископ и по смртта на апостолот Тимотеј ја прими Ефеската Столица. Тоа се гледа од посланието на Св. Игнатиј Богоносец. Во времето на Трајановото гонење Онисим веќе беше старец. Го уапсија и го одведоа во Рим. Овде одговараше пред судијата Тертул, одлежа затвор и најпосле го убија со меч. Неговото тело го зеде некоја богата жена, го положи во сребрен ковчег и чесно го погреба во 109 година.

Преподобен Евсевиј

Сириски пустиник. Најпрво се подвизуваше под раководство на свети мажи, а подоцна се оддалечи и се осами во пустина. Се хранеше исклучиво со растителна храна. Дури ни овошје не вкусуваше. Целото време го минуваше под ведро небо во молитва, трпејќи секаква временска непогодност. Доживеа старост од деведесет и пет години и мирно се упокои во Господ во 440 година.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2008 во 23:43

Светите Дванаесет маченици
што пострадаа во времето на Диоклецијан

Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа. Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Мисир, се враќаа од осуда од рудникот Киликиски во својата татковина, но на портата од градот Кесарија изјавија дека се христијани, заради што ги изведоа на суд. На прашањето како се викаат, рекоа: „Незнабожечките имиња што ни ги даде мајка ни ги отфрливме и се нарековме Илија, Исаија, Еремија, Самуил и Даниил“. На прашањето од каде се, рекоа: „Од Горниот Ерусалим“. Сите беа убиени, а со нив пострада и момчето Порфириј, кое ги побара нивните тела за да ги погреба. Тие беа убиени со меч, а него го изгореа во оган. Уште и Селевкиј, кој пријде и ги бакна мачениците пред мечот да падне врз нивните глави. Пред ова Селевкиј беше офицер. И старецот Теодул, слуга на римскиот судија, бидејќи при погребната поворка бакна еден од мачениците. Најпосле и Јулијан, кој ги целиваше мртвите тела на мачениците и ги фалеше. И така дадоа мало за големо и евтино за скапоцено и смртно за бесмртно и се преселија кај Господ во 308 година.

Свети Марут

Епископ на градот Тагрита во Месопотамија. Прочуен по верата и добрината. Го ублажи гневот на персискиот цар Издегерд кон христијаните, ги испроси од него моштите на четиристотини маченици во Персија и основа посебен град, Мартиропол, каде што ги положи тие Свети мошти. Во тој град се упокои и самиот во 422 година и замина кај Господ.

Преподобниот маченик Роман

Прост и неписмен селанец од Карпенис. Кога дозна за славата и јунаштвото на Христовите маченици, а беше млад - и самиот посака мачеништво. Отиде во Солун и почна да Го фали Христа по улиците, а Мухамед да го нарекува празнословец. Турците жестоко го изнамачија, па му го продадоа на некој капетан на една галија. Христијаните го откупија од капетанот и го испратија на Света Гора, каде што Роман стана монах кај прочуениот Старец Акакиј. Но тој и понатаму беше желен за мачеништво за Христа. Со благослов на Старецот отиде во Цариград, се направи луд и почна да води куче по турските улици. На прашањето што прави, одговори дека го храни кучето како што христијаните ги хранат Турците. Турците го фрлија во сув бунар и таму помина четириесет дена без леб. Потоа го извадија и го заклаа. Од неговото тело три дена избиваше светлина. Еден Англичанец го зеде телото и го однесе во Англија. А еден монах натопи една крпа со крвта на маченикот. Па таа крпа и денес се чува во манастирот Дохијар. Овој славен Христов војник пострада во 1694 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2008 во 18:15

Светите апостоли Архип, Филимон и Апфија

Архип беше еден од Седумдесеттемина. Апостол Павле го спомнува во Посланието до Колосјаните и во Посланието до Филимон, нарекувајќи го другар во војувањето. Во градот Колоси центар на христијанството беше куќата на Филимон. Овде христијаните се собираа на молитва. Ова го нарекуваше Св. Павле пишувајќи му на Филимон: „твојата домашна црква“. Во тоа време апостолите ги ракополагаа своите ученици за епископи, и тоа некои од нив на постојани места, а некои како патувачки мисионери по разни места. Филимон беше од овие последниве. Неговата жена Апфија постеше и ѝ служеше на домашната Црква. Во времето на еден празник на незнабожната божица Артемида сите верни во Колоси беа собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците дознаа за ова собрание, навалија и ги испофаќаа христијаните. Филимон, Архип и Апфија како водачи прво ги избија, потоа ги закопаа до појас во земја и почнаа да ги каменуваат. Вака ги убија Филимон и Апфија, а Архип го извадоа од дупката одвај жив, за разонода на децата. Децата сиот го избодија со ножеви. Така овој Павлов другар во војувањето добро го заврши својот подвиг и патот на земниот живот и се престави кај Господ.

Преподобен Доситеј

Ученик на славниот авва Доротеј, којшто живееше во киновијата на Преподобните Серид, Јован и Варсонуфиј Велики. Доситеј беше роднина на еден војвода и во Ерусалим дојде да ги види Светите места. Еднаш додека гледаше во сликата на Страшниот Суд во една црква, му се приближи една жена во порфирен фустан и му објаснуваше. А најпосле, при разделбата му рече дека ако сака да се спаси треба да пости и често да Му се моли на Бога. Ова беше Пресвета Богородица. Срцето на младиот Доситеј се разгоре и посака монашки живот. Доротеј го прими за негов ученик и му нареди наполно да ја отсече сопствената волја и да го слуша својот духовен отец. Неколку дена му даваше да јаде колку што сака, по извесно време му скратуваше по една четвртина, по некое време уште по една, сѐ дури не го навикна на најмало количество храна, постојано велејќи му: „Јадењето е навика и кој колку ќе навикне толку и јаде“. Свети Доситеј се спаси и се прослави преку послушанието. Остана засекогаш за пример на монашкото послушание и предаденост на својот духовен отец. Овој млад светител живееше во 6 век.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2008 во 10:27

Светиот свештеномаченик Поликарп, епископ Смирненски

Овој голем апостолски маж се роди како незнабожец. Во верата Христова го воведе и го крсти Свети Јован Богослов. Во раното детство Поликарп остана сираче и според некој нејзин сон го зеде една благородна вдовица Калиста, којашто го подигна и го воспита како сопствен син. Поликарп беше благочестив и милосрден од детството. Се трудеше со животот да го подражава Св. Вукол, тогашниот епископ во Смирна, а и Светите апостоли Јован и Павле, коишто ги познаваше и ги слушаше. Св. Вукол го ракоположи за презвитер, а пред смртта го покажа за свој наследник во Смирна. Апостолските епископи што се собраа на погребот на Вукол го хиротонисаа Поликарп за епископ. Поликарп имаше дар на чудотворство од самиот почеток. Така го изгони демонот од слугата на некој кнез, со молитва го запре силниот пожар во Смирна во она време. Гледајќи го ова мнозина незнабожци во Смирна го сметаа за еден од боговите. Низведуваше дожд сред сушно време, исцелуваше болести, прорекуваше итн. Пострада во времето на царот Марко Аврелиј. Три дена пред смртта Св. Поликарп прорече: „За три дена ќе бидам фрлен во оган заради Господ Исус Христос!“ И кога војниците го фатија третиот ден и го поведоа на суд, возвикна: „Нека биде волјата на Господа Бога мој!“ Кога судијата го советуваше да се одрече од Христа и да ги признае римските богови, Поликарп му рече: „Не можам да менувам подобро за полошо!“ Евреите посебно го мразеа Поликарп и настојуваа да биде изгорен. Кога го врзаа и го положија на кладата, тој долго Му се молеше на Бога. А беше многу стар, белокос и светол како ангел. Луѓето сите видоа како пламенот го обвива, но не го допира. Исплашени од оваа појава незнабожните судии му наредија на џелатот низ пламенот да го убие со копје. Кога беше прободен од него истече толку многу крв, што сиот оган изгасна, а телото остана цело и ненагорено. Наговорен од Евреите судијата нареди мртвото тело на Поликарп да се запали според елинскиот обичај. Така нечестивите го запалија мртов оној когошто жив не можеа да го запалат. Св. Поликарп пострада во 167 година на Велика сабота.

Преподобен Дамјан

Монах на манастирот Есфигмен на Света Гора. Му беше современик и другар на великиот Козма Зографски. Се подвизуваше на гората Самарија меѓу Есфигмен и Хилендар. Се упокои мирно во 1280 година. Откако се упокои од неговиот гроб четириесет дена избиваше прекрасно благоухание.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
rome1 Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rome1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2008 во 10:32
dali mozes malce na engleski da kazes i plus najvaznoto e od kade gi zemvas informaciite.posto samo to sto e vo biblijata go vervam za verbata vo Bog Isus .
a za drugite kako apostolite i prorocite tie e vrsele rab na Bog i ne mislam nikade da pise za da ima slaveme na niv .ama ako pise te molam kazi mi kade za da ne gresam dusa.
no ako ne pise razmisli moze da greses dusa .
i drugi da gi zavodes kon tvojot grev.
potoa nivnata krv Bog ke ja bara od tvoite racce.
zato pls za da se uveram i da ne gresam kazi mi dokaz za sto pises ama na engleski ili kade e vo biblijata da proiveram.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4041424344 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.