|
Бањи |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Посететеја МАТАРУШКА БАЊА (посебно апелирам до мажите) за да видат што е убавина. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
..ТАМУ ОДАТ НЕРОТКИЊИТЕ БЕ... ORLOV
|
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Neodamna....da,Katlanovo.
Moram da pofalam,kako da ne e ona od lani. Nov bazen,chisto,kulturno,kako da ne si vo Makedonija.Bravo!!!! |
||
ivan55
Нов член Регистриран: 11.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Поздрав до сите
|
||
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
УБАВА РАБОТА СЕ, АМА ЗА ПОСЛЕ ОДРЕДЕНА ВОЗРАСТ. УШТЕ НЕ СУМ ПОРАСНАЛ ТОЛКУ.
|
||
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
||
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
hahaaa i ja isto.. |
||
nedopirliviot
Сениор Регистриран: 26.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 220 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Banja Koviljacha.
|
||
mamma
Сениор Регистриран: 15.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9879 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
MISLITE...DEKA BI IM PRECHELA PRIRODNO MINERALNA I TOPLA VODA OD 37,A NEKADE I POVEKE STEPENI,VO UBAVI BAZENI,...RACHNI MASAZI,...DZAKUZI,..I SHTO USHTE NE MA VASH*TE MLADI TELA...??? Изменето од mamma - 26.Март.2008 во 23:37 |
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дебарски Бањи Цапа - село Баниште
„Дебарските бањи” се наоѓаат северно од Дебар, на падините на планината Крчин, на надморска височина од 870 метри. Планинскиот простор во кој се наоѓа не е пречка за да се дојде до оваа бања. Во нејзина близина се наоѓа регионалниот пат Скопје – Дебар – Охрид, од кој се двои асфалтен пат до бањата. Овде има термални извори на алкално сулфурни води. Двата објекти што се привремено заштитени, се градени во различен архитектонски стил и веројатно во приближен период. Функционално не се поврзани, а според Павлов го одразуваат архитектонскиот стил на османлиското градителство од крајот на 18 и почетокот на 19 век во Македонија. Бањите од дебарското село Баниште поради своите евидентирани вредности, веќе една година се сметаат за добра под привремена заштита и се дел од Националниот регистар на културното наследство. „Горната бања, или како што ја споменува Јохан Хан во својот патепис – „старата бања” е формирана од две простории: џамеќан (аподитериум) – соблекувална (можеби во исто време служела како соуклук – ладна просторија - тепидаурум) и просторија во чиј средишниот дел се наоѓа базенот за капење (калдариум). Според стари фотографии видливо е функционално поврзување на двете простории, дел од објектите што денес се во урнатини. Долната бања („денешна бања”) е со квадратна основа и базен во внатрешноста, односно со различни архитектонски решенија, што упатуваат на можноста да била подигната нешто подоцна, веројатно поради зголемен број на посетители или од потреба да има посебен дел за капење – лекување на жени и посебен за мажи. Она што им дава посебна вредност на бањите во Баниште, е нивната автентичност и амбиенталност, односно тие преставуваат единствен пример на термално лекувалиште со елементи и архитектонски решенија карактеристични за Османлиското градителство од овој вид во Македонија. Физичко – хемиските особини на водата во бањата Баниште се основна атрактивно – мотивска вредност. Во бањата се јавуваат три извори и тоа: Нова Каптажа, Горни Базен и Долни Базен. Овие извори се разликуваат според штедроста и според температурата и радиоактивноста на водата. Највисока температура на водата има изворот Долни Базен, која изнесува 39,3 °C. Најниска температура на водата има во Горниот базен, каде изнесува 36 °C, додека во Новата Каптажа има вредност од 38,8 °C. Штедроста на Новата Каптажа изнесува преку 51 l/sec, во Долниот Базен 35 l/sec, а во Горниот Базен 5,2 l/sec. Според тоа температурата на водата изнесува околу 38 °C, а количеството на вода околу 91 l/sec. Радиоактивноста е најголема во Новата Каптажа, каде изнесува 26,75 m.e, во Горниот Базен е 20,65 m.e, а во Долниот Базен 16,89 m.e. Водата поседува анјони на сулфат, хлорид, хидрокарбонат, хидроборат и хидроарсенат, катјони на калциум, магнезиум, натриум, калиум, и железо, колоидни растворени оксиди на мангандиоксид и силициумдиоксид, растворени гасови на јагленороддиоксид, сулфурводород амонијак и сулфурдиоксид, потоа елементи на литиум, цезиум, рибидиум и флуор, како и слободни гасови на сулфурводород, јаглендиоксид, кислород и водород. Бањата овозможува успешно лечење на следниве болести: * Сите видови на субакутен и хронично воспалителен ревматизам; * Дегенеративен ревматизам на сите зглобови и ревматизам во рбетниот столб; * Сите форми на ревматични болести * Сите вонзглобни ревматизми; * Слабост на мускулите по траума на зглобовите и преломи на коски; * Кожни болести, псорјаза габични и др; * Долготрајни заболувања на желудникот и регулација на киселините; * Заболувања на жолчката, * Белодробни заболувања * Песок и поситен камен во мочните патишта и канали; * Лесни форми на шеќерна болест; * И други видови заболувања. Водите во ова лечилиште може да се користат и во рекреативно – превентивна и рехабилитациона смисла. Околниот простор е проткаен со бројни видици кои можат да се искористат за набљудување на дисецираниот релјеф и пејсажните вредности во долината на реката Црни Дрим, што овозможува целосна реституција. Освен тоа, медитеранските влијанија кои се чувствуваат во климата на овој простор и разновидните флористички елементи се погодности за прошетки во користењето на бањскиот простор за повеќе рекреативно – туристички активности. Изменето од ФорумскаБаба - 28.Јуни.2010 во 20:56 |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Катлановска Бања
Катлановска бања е природен национален капитал откриен пред неколку века. Уште на познатата Пајтингерова табла (tabula pentingeriana) била забележана патничката поврзаност на некогашен Ниш со Скопје, а понатаму со Стоби. На оваа табла имало знак на бања, тогаш и денес на патот Скопје-Стоби се наоѓа Катлановската бања. Катлановска бања, уште за време на владеењето на Рим на овие простори имала неповратно значење како лечилиште. Тоа го потврдуваат длабнатините на карпите од просторот, каде течела термална вода и тоа од двете страни на брегот од реката Пчиња, на кои има испишани имиња од некогашната римска аристократија. До катастрофалниот земјотрес од 1963 година, во Катлановска бања беше поставена спомен плоча од 1898 година. (Катлановска бања во минатото) На десниот брег од реката Пчиња, каде што е Бањскиот Рид, под овие височини, само на неколку метри од реката постои тераса и тука се наоѓа Катлановската бања. Катлановска Бања се наоѓа на 25 километри југоисточно од Скопје во близината на село Катланово. Бањата е лесно достапна од повеќе патни правци и се наоѓа на 4 километри од аеродромот “Александар Велики“. До неа се стигнува по автопатот Скопје-Велес, од кој е оддалечена само 2 километра. Базенскиот комплекс користи термоминерална вода која по својот минерален состав е единствена во Европа. На германската скала на тврдина, водата котира на највисокото место поради изобилството на минерали. Водата во базените е природна и се донесува директно од изворот, кој се наоѓа на оддалеченост од 980 метри. Температурата на водата во изворот длабок 85 метри е околу 60 степени, но кога ќе пристигне до базените се лади и достигнува до 40 степени. Токму поради високата температура на водата е препорачливо една бања да трае од 10 до максимум 15 минути. Составот на водата во Катлановска Бања е раритет во Европа и овозможува лекување на сите видови дегенеративни заболувања, хроничен ревматизам, воспалителен ревматизам, сите состојби на скршеници и трауматизми, сите состојби на постоперативни зафати, вештачка замена на колкови и колена. Бањата е особено позната по лекување на воспаленија на гениталните органи и стерилитет. "Имаме голем успех кај лечење на скршеници и брзото зараснување на фрактурите. Најекипирани сме и единствени што сме сертифицирани од страна на Министерството за здравство во нашата дејност. |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ја су била на бања
су јала су пила со мажи су спила |
||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
lele mrzleeeeee.....
kako taka |
||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ете видиш за што се оди на бања
|
||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
||
stefangvg
Нов член Регистриран: 28.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Колку се длабоки базените во Цар Самоил ???
|
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |