Испечати | Затвори го прозорот

Бањи

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=8563
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 21:32
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Бањи
Постирано од: Julija
Наслов: Бањи
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 22:48
Ако сте биле во некоја бања, било во Македонија или на некое друго место пишете за тоа.

Ако имате и некој линк, уште поубаво.

-------------



Коментари:
Постирано од: Цаци Галапчарот
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 22:52
Ja sm bil vo banja negorce

-------------
Еј, гулаби, гулаби бели.


Постирано од: Julija
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 22:55
Originally posted by Цаци Галапчарот Цаци Галапчарот напиша:

Ja sm bil vo banja negorce


Тоа е онаа кај Гевгелија? За што е таа бања? Што содржи водата? Колку плати за сместувањето? Телефон од местото имаш?



-------------


Постирано од: Цаци Галапчарот
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 23:08
za kukove i za banjanje, Ca, Fe, J, Sn (kalaj), Cu, Mg, H2, Zn, Pb, plati mi edna baba ss koj sm bil, a telefoni nikoja ne mi dade

-------------
Еј, гулаби, гулаби бели.


Постирано од: Julija
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 23:12
А бе пиши ако имаш телефон од местото, а не од бабата

-------------


Постирано од: mamma
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 23:15
http://www.terme-catez.si/ - http://www.terme-catez.si/

Redovno ednas godisno odam tamu.
Ni slucajno nesakam da sporeduvam so nasite banji.
Ova tuka sto go gledate ne e banja tuku odmoraliste.
Sekoj vikend ludjeto familijarno si odat kako na izlet.
Ako nekogas imate prilika da se najdete tamu,ne propustajte
tajlandska(thai) masazaThumbs%20Up


-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]


Постирано од: Цаци Галапчарот
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 23:24
Pa imam ga, ama kude babu e.

-------------
Еј, гулаби, гулаби бели.


Постирано од: mamma
Датум на внесување: 23.Јули.2007 во 23:43
http://www.terme-zrece.si/cgi-bin/cms.cgi?doc=12936&sid= - http://www.terme-zrece.si/cgi-bin/cms.cgi?doc=12936&sid=

Ovaa banja se naodja na planinata Pohorje i toa od stranata
na Celje i vo negova blizina.
So smestuvanje vo hotelot "Rogla"koj e na vrvot od planinata
i kade ima izvonredni skijacki tereni imate besplaten vlez i vo
banjata koja se naodja vo podnozjeto na planinata.
Prevozot e organiziran odi avtobus sekoj saat od gore do banjata
i obratno.
Ne tolku atraktivna kako Catez  no gi pruza istite uslugi
i za pomalku pari.Vodata e topla,ima bazeni i za mnogu mali deca,
isto i nadvoresni.
Zamislete nadvoresna temperatura od nekoi -10c,sneg sekade okolu
vas,a vie plivate vo bazen koj churi od toploto......


-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]


Постирано од: mamma
Датум на внесување: 24.Јули.2007 во 00:43
I za kraj eve informacija-bez sliki i linkovi-normalno,
zatoa sto nie ovde,kaj nas,vo Makedonija i pokraj mnogute
prirodni bogatstva,izobilie od ubavi mesta koi nekoj drug bi
gi napravil atrakcija,nemame so sto da se pofalime.
Katlanovska banja
Vo blizina na Skopje,vodata e mnogu lekovita,termalna so
temperatura na izvorot mislam okolu 70*C Vo bazenite se razladuva do
35-40.
Dobra e za skrsenici,postoperativna terapija i za mn.drugi bolesti.
Uslovite-mizerni.Se se raspadja,smestajot ne e za opisuvanje.
Ova cisto za sporedba so ona goreDead Da,ke zaboravev od lani
edniot od bazenite(maskiot)se renovirase kompletno.
Dale prodolzile i so drugiot-neznam.Da ne me razberete pogresno
bazenite  se so dimenzii okolu 6mX7m.Nesto kako djakuzito vo
banjite  vo pogornite linkovi.Na zdravje banjanje!!


-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]


Постирано од: Julija
Датум на внесување: 27.Јули.2007 во 14:11
Една моја пријателка пред скоро време беше во бањата Косоврасти и се врати многу задоволна и од условите на сместувањето и исхраната и од водата и терапиите.

Дебарски бањи - "Баниште"
тел. 046/831-092 и 046/832-680

Дебарски бањи - "Косоврасти"
тел. 046/842-095 и 046/842-222

Медицински индикации

Заболувања на локомоторниот апарат

Хронични ревматични заболувања, хроничен ревматичен полиартритис, анкилозантен спондилитис,ревматичен артритис, спондилоартрози, заболувања на еките ткива (периартрити, тендинити, миозити, мускулни атрофии, карпал тунел синдром), слеродермија.

Заболувања на нервниот систем

Заболувања на периферен нервен систем (компресивни парализи кои опфаќаат еден нерв или плексус; синдроми на брахиален плексус, парализа на фацијален нерв, лумбосакралнаарадикулопатија, полирадикулонеурити); мултипна слероза, паркинсонова болест, церебрална парализа, спиноцеребрална атаксиа (фриедерерихова болест)

Заболувања на гастр-интестиналниот систем

хроничен гастритис, гастродуденален чир, заболувања на жолчното ќесе и жолчните канали, запаление на слузницата на дебелото црево, долготраен запек (опстипација).

Заболувања на респираторниот систем

Хроничен бронхитис, Брохниална астма, заболување на горните дишни патишта (синусите, ринити, фарингити, ларингити).

Ендокрини заболувања

Шеќерна болест, Дебелина, Хиперурикемиа

Ортопедски заболувања и состојби после трауми

Рехабилитација после политрауми, рехабилитации на фрактури, рехабилитација на посттрауматични контрактури, пред и после оперативни дископатии

Кожни заболувања

Екцеми, псориазми, кожни инфекции (дерматити, кандидиази), херпес симплекс, хрепес зостер, акни и др.

Заболувања на уро-генитален систем

Хронични заболувања на бубрезите и бубрежните патишта, песок во бубрезите и мочните канали, заболувања на гениталните органи (вагинитис, цервицитис, ендометритис), овариална инсуфициенција, примарен и секундарен стерилитет

Пријателка ми ми кажа дека полн пансион чинел 20 до 25 евра, а во цената биле влучени и разни терапии (фанго, па рачни масажи) и некои други работи, не успеав да запомнам.




-------------


Постирано од: Julija
Датум на внесување: 27.Јули.2007 во 14:16
Eve edna studija za termalnite vodi vo Makedonija.


http://www.geothermie.de/egec-geothernet/igd2k1/Thermal%20spas%20in%20Macedonia.pdf - Thermal spas in Macedonia

-------------


Постирано од: jmama
Датум на внесување: 30.Јули.2007 во 16:44
Jas za edno 15 dena odam za Sandanski, Bugarija.
Prv pat u zivot idam vo banja na odmor. Ko penzionerka. Ke vidam kako ke si pominam pa ke pisam i za pridobivkite od odmor na banja. збунетост


Постирано од: Julija
Датум на внесување: 31.Јули.2007 во 13:45
Задолжително, те молам Колку те чинело, дали си одела преку агенција или индивидуално, како си прошла со визата , што се лечи таму, колкава температура има водата...

-------------


Постирано од: oblachinja
Датум на внесување: 31.Јули.2007 во 14:13
 

-------------


Постирано од: Dogi
Датум на внесување: 01.Август.2007 во 12:08
бевме летово во Цар Самуил с.Банско, до Струмица.
пансионот е 1120 без терапија, а 980 со некоја од терапиите, за споредба 70 ден. е една масажа.
се реновира моментално, ние бевме во соби од првиот спрат, кој е скоро реновиран.
а во нереновираните соби е 690 пансионот. ама нема телевизор таму намигнување
инаку водата е лековита и позната уште од дамнина.
таму има ископини од римско, па и постари.
имало бањи уште од тоа време.
ние сме чести гости таму, иако без некои посериозни проблеми, од видот скршеници, или слично, барем не во моментот кога сме биле таму.
син ми имаше три скршеници, на три пати ги кршеше рацете и мислам дека баш му е пријатно таму и за коските и воопшто.
има базен од 25х10 и уште еден помал од 10х5, така барем мислам дека се димензиите.
поголемиот е со температура од околу 30-35 С', а помалиот е пожежок.
во помалиот е забрането пливање, само се стои во него. мирно!


-------------
Јас сум мајстор!

http://widget.meebo.com/mm.swf?asMwhdKtFb" rel="nofollow - Кликни овде за комуникација со мене (потоа кликнете во полето 'Edit nickname' и впишете го вашето име)


Постирано од: jmama
Датум на внесување: 01.Август.2007 во 17:25

Juilija jas go najdov hotelot na internet www.interhotelsandanski.com

Na samata web strana najdov nekoi ponudi za letovo i im pisav. Oni mi odgovorija i ona sto mi go dadoa kako ponuda e 23 EUR nokevanje so dorucek vo hotelot vo toa e vklucen parking i koristenje na bazenite. I toa vo luksuzna soba (aj ke vidam sto e tolku luksuzno). Razlikata od obicna do luksuzna e 2 EUR. Za deteto plakam nesto pomalku odnosno za trocleno semejstvo so dete doaga okolu 63 EUR dnevno BB. (bed&brekfast).
Od hotelot mi ispratija potvrda za rezervacija od koga do koga ke sedam i so taa potvrda zakazav vo Bugarska ambasada za vadenje viza. Za razlika od Grcka ovde se malku poljubezni. Me ubacija malku pobrzo da ne cekam termin bidejki im objasniv deka sakam da odam za letuvanje i na 24.07 gi odnesovme dokumentite. (baraat samo slika, aplikacija, turisticko osiguruvanje i tolku). Nema dokumenti za rabota, plavi kartoni i slicno.
 
Na 7.08 ke odam da gi odnesam pasosite vo 9:00 i treba da gi zemam vo 16:00 casot. A zdravje boze na 13.08 odam. среќа
 


Постирано од: Julija
Датум на внесување: 01.Август.2007 во 22:01
Убаво да си поминеш и фала за информацијата

-------------


Постирано од: Lion
Датум на внесување: 01.Август.2007 во 22:53
 Moite odat vece 3godini vo Velingrad. Cena, privatno smestuvanje okolu 5evra od osoba. Velat deka e super. Mozebi niv, da, ama  ja mislam deka rano mi e za na banja среќа.
 Mislam deka imam i tel.broj od Velingrad, pa koga ce go najdam ke go pisam.


-------------
don't smoke and fly, take a bike and ride


Постирано од: ivan55
Датум на внесување: 11.Август.2007 во 11:42

Не знам зошто си барате бањи толку далеку кога ги имате најдобрите кај нас во Македонија.Дали знаете дека Дебаските бањи (Бниште и Косоврасти) кои се наоѓаат во Дебар заземат 1-во место во Европа и 3-то место во Светот за минералите оф кои е состоен минералната вода ? Јас озбилно да ви кажам не знаев за ова, ми кажа еден приател и мислев дека овој е некаков трик кои тиа го употребуваат за маркетинк. Погрешно си мислев, дури на 500 м далечина од самиот хотел си може да се мириса сулфурот.  Морам исто да наведам дека термо-минералната вода е 100% и достигнува температура од 35 до 40 целциузи.

Сега малку за хотелот. Јес бев сместен во хотел Баниште, убав хотел и речиси ништо не фалеше. Собите имаа телевизор, бања со топла вода и се беше ново бидејќи Дебарските бањи се приватизираа пред 3 години, и беа тотално реновирани. Цените беа навистина смешни, и изнесуваа оф 21 до 28 Евра(210-280 за 10 дневен пансион) ALL INCLUSIVE. Се друго беше бесплатно: сите терапии (фанготерапиа, електротерапиа, масажи, хидротерапа, .....),  3 појадока ( а храната беше СУПЕР не како во некои хотели хммм...., и нудеа 3 различни јадења при секое јадење, бесплатен влез во базен, 24 часа си имаше медицинска сестра, медицинска контрола од специалисти, фитнес, ... и други не можам сега да се сетам. Морам исто да напоменам дека и надвор хотелот беше убаво уреден, секој ден си одев на планинарење и беше незаборавно а луѓето си беа многу лубезни.
Го посетив и хотел Косовраст, кој беше сместен во близина на река Радика и Дебарското езеро, и исто и тој беше прекрасен. Цените во Косоврасти се движаат од 21 до 25 Евра за пензионери негде околу 18 или 19 евра не сум сигурен сум заборавил, ќе треба да чекам околѕ 10 години за да добијам од овој попуст хехехе.
 
Тоа е се драги пријатели, веќе 2 години по ред си одам во Дебар и мислам дека и во иднина ќе продолжам бидејки навистина многу подобро се чуствувам, и ногата не ми боли повеќе како порано, секоја година имам подобрување наместо влошување.
 
 
 
Поздрав за сега,
ИВАН
 


Постирано од: Bibi sk
Датум на внесување: 13.Август.2007 во 14:22
vo maj bev vo 2 banji vo Slovenija, vo Moravske Toplice i vo Zrece. Do togas si mislev deka banjite se za povozrasni lugje so zdravstveni problemi, ama stom vlegov vo prviot hotel, go smeniv mislenjeto! I na dvete mesta imase vnatresen i nadvoresen bazen, vodata cista, jacuzi na site strani, za noze, za race, ramena, grb, se po red....koga ke otides na nadvoresniot bazen, abe milina, vodata 40 stepeni, a nadvor svezo, okolu 18 stepeni...ako ne ti studi, legni na lezalka da se suncas...sauni od 40, 50 i 70!!!! stepeni, gi probav site 3 strasno!!! Dobivas TOPLA banjarka, korpi so jabolki na sekoj kjos...ako sakas + masaza,
se doplakja. Sobite - milina, mirisa na novo i cisto.
Jas sum voodusevena.
Problem e toa sto slovencite baraat viza...jas bev sluzbeno na nekoj kongres, pa lesno zemav viza...vo sekoj slucaj, ako imate prijateli vo turisticka agencija, moze da vi izdadat vaucer za rezervacija vo nekoja od banjite, pa da si izvadite viza polesno....
A prirodata, toa e drug muabet....mene mi bese prv pat vo Slovenija i sega da mi recat, odma bi otisla pak. Posle toa bev vo Italija, vo Rimini, i Italija moze voda da i nosi na Slovenjija!


Постирано од: jmama
Датум на внесување: 23.Август.2007 во 17:23
Jas eve se vrativ od Sandanski i samo mozam da kazam deka stvarno e prekrasno mesto.
Nikogas vo zivotot ne sum pomislila da odam na banja i sega se vrakam stvarno voodusevena. Kaj nas lugjevo seuste mislat deka banjite se samo za penzioneri. Katastrofalna greska. Vo vakvo stresno vreme vo koe ziveeme definitvno samo banja moze da pruzi vistinski odmor za dusata i teloto.
Sandanski ima prekrasna priroda i gostoprimlivi lugje.
Vodata e so 74 stepeni temperatura. Taa vo bazenite ja ladat na 35 stepeni. Mosne dobro i za mladi majki so bebinja.
Se vo se super si pominav.


Постирано од: Alekta
Датум на внесување: 26.Август.2007 во 14:18
jas sum bila vo ruska banja. site vo rusija so imaat kukja si imaat i banja i mnogu e poinaku odkolku kaj nas i mnogu e jako смеење

-------------
and you run and you run to catch up with the sun but it's sinking....


Постирано од: kaktus_oh
Датум на внесување: 23.Јануари.2008 во 19:20



Постирано од: Monuska
Датум на внесување: 28.Јануари.2008 во 17:18
Бев со моите во Велинград пред две години, малку е здодевно кога немаш друштво ама убаво место е, сум била и во Врњачка бања, ама одамна и не помнам веќе какво беше мислам дека беше убаво, а моите сами си одат во Сандански и секогаш се враќаат освежени значи им годи.

-------------
Сите го сакаме она што не можеме да го имаме. Вистинските луѓе знаат да се помират со тоа...


Постирано од: mozesk
Датум на внесување: 28.Јануари.2008 во 21:13
Na banja se odi so posebna licnost...Sto ke te masira, ke ti ja istrie kozata i ke ti ja napravi meka i tenka kako celogance.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 29.Јануари.2008 во 09:41
Порано сите оделе на бањи а не на море, па и ако оделе на море не се печеле на сонце. Не биле будали луѓето а не им мањкале ни пари. Далеку поздрава работа.



-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: BidiFit
Датум на внесување: 29.Јануари.2008 во 18:31
Бања,масажа,сауна.....

Мммм... екстра си е!!!

-------------
http://www.bidifit.com.mk - http://www.bidifit.com.mk


Постирано од: vrzalec
Датум на внесување: 30.Јануари.2008 во 06:43
Супер е Негорската бања.


Постирано од: orlov
Датум на внесување: 13.Февруари.2008 во 20:47
Originally posted by Julija Julija напиша:

Ако сте биле во некоја бања, било во Македонија или на некое друго место пишете за тоа.

Ако имате и некој линк, уште поубаво.



Посететеја МАТАРУШКА БАЊА (посебно апелирам до мажите) за да видат што е убавина.


-------------
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              


Постирано од: zagor
Датум на внесување: 13.Февруари.2008 во 20:58
..ТАМУ ОДАТ НЕРОТКИЊИТЕ БЕ... ORLOV

-------------
...zagor e ziv,se drugo e laga.


Постирано од: mamma
Датум на внесување: 13.Февруари.2008 во 21:11
Neodamna....da,Katlanovo.
Moram da pofalam,kako da ne e ona od lani.
Nov bazen,chisto,kulturno,kako da ne si vo
Makedonija.Bravo!!!!


-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]


Постирано од: ivan55
Датум на внесување: 18.Февруари.2008 во 10:14

http://www.bdcapa.com/web/index.php?lang=mk - http://www.bdcapa.com/web/index.php?lang=mk

Поздрав до сите


Постирано од: majstorce62
Датум на внесување: 18.Февруари.2008 во 11:06
УБАВА РАБОТА СЕ, АМА ЗА ПОСЛЕ ОДРЕДЕНА ВОЗРАСТ. УШТЕ НЕ СУМ ПОРАСНАЛ ТОЛКУ.

-------------
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ


Постирано од: Eli
Датум на внесување: 19.Февруари.2008 во 15:16
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

УБАВА РАБОТА СЕ, АМА ЗА ПОСЛЕ ОДРЕДЕНА ВОЗРАСТ. УШТЕ НЕ СУМ ПОРАСНАЛ ТОЛКУ.


hahaaa i ja isto..


Постирано од: nedopirliviot
Датум на внесување: 26.Март.2008 во 20:01
Banja Koviljacha.

-------------
,,воспитувани сме така за секогаш да сметаме дека се срамни успесите постигнати со лага...стрпливо ќе докажуваме дека чесноста е најдобра политика и дека само тогаш вистината мора да победи,,


Постирано од: mamma
Датум на внесување: 26.Март.2008 во 20:13
Originally posted by Eli Eli напиша:

Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

УБАВА РАБОТА СЕ, АМА ЗА ПОСЛЕ ОДРЕДЕНА ВОЗРАСТ. УШТЕ НЕ СУМ ПОРАСНАЛ ТОЛКУ.


hahaaa i ja isto..


MISLITE...DEKA BI IM PRECHELA PRIRODNO MINERALNA I TOPLA VODA OD 37,A NEKADE I POVEKE STEPENI,VO UBAVI BAZENI,...RACHNI MASAZI,...DZAKUZI,..I SHTO USHTE NE MA VASH*TE MLADI TELA...???намигнување



-------------
http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 28.Јуни.2010 во 20:42
http://www.mn.mk/turizam/2021-Debarski-Banji-Capa-vo-selo-Baniste - Дебарски Бањи Цапа - село Баниште





„Дебарските бањи”  се наоѓаат северно од Дебар, на падините на планината Крчин, на надморска височина од 870 метри. Планинскиот простор во кој се наоѓа не е пречка за да се дојде до оваа бања. Во нејзина близина се наоѓа регионалниот пат Скопје – Дебар – Охрид, од кој се двои асфалтен пат до бањата.

Овде има термални извори на алкално сулфурни води. Двата објекти што се привремено заштитени, се градени во различен архитектонски стил и веројатно во приближен период. Функционално не се поврзани, а според Павлов го одразуваат архитектонскиот стил на османлиското градителство од крајот на 18 и почетокот на 19 век во Македонија. Бањите од дебарското село Баниште поради своите евидентирани вредности, веќе една година се сметаат за добра под привремена заштита и се дел од Националниот регистар на културното наследство. 

„Горната бања, или како што ја споменува Јохан Хан во својот патепис – „старата бања” е формирана од две простории: џамеќан (аподитериум) – соблекувална (можеби во исто време служела како соуклук – ладна просторија - тепидаурум) и просторија во чиј средишниот дел се наоѓа базенот за капење (калдариум). Според стари фотографии видливо е функционално поврзување на двете простории, дел од објектите што денес се во урнатини. Долната бања („денешна бања”) е со квадратна основа и базен во внатрешноста, односно со различни архитектонски решенија, што упатуваат на можноста да била подигната нешто подоцна, веројатно поради зголемен број на посетители или од потреба да има посебен дел за капење – лекување на жени и посебен за мажи.

Она што им дава посебна вредност на бањите во Баниште, е нивната автентичност и амбиенталност, односно тие преставуваат единствен пример на термално лекувалиште со елементи и архитектонски решенија карактеристични за Османлиското градителство од овој вид во Македонија.


Физичко – хемиските  особини на водата во бањата Баниште  се основна атрактивно – мотивска вредност.

Во бањата се јавуваат три извори и тоа: Нова Каптажа, Горни Базен и Долни Базен. Овие извори се разликуваат според штедроста и според температурата и радиоактивноста на водата.

Највисока температура  на водата има изворот Долни Базен, која изнесува 39,3 °C. Најниска температура на водата има во Горниот базен, каде изнесува 36 °C, додека во Новата Каптажа има вредност од 38,8 °C.

Штедроста на Новата Каптажа изнесува преку 51 l/sec, во Долниот  Базен 35 l/sec, а во Горниот Базен 5,2 l/sec. Според тоа температурата на водата изнесува околу 38 °C, а количеството на вода околу 91 l/sec.

Радиоактивноста е  најголема во Новата Каптажа, каде изнесува 26,75 m.e, во Горниот Базен е 20,65 m.e, а  во Долниот Базен 16,89 m.e. Водата поседува анјони на сулфат, хлорид, хидрокарбонат, хидроборат и хидроарсенат, катјони на калциум, магнезиум, натриум, калиум, и железо, колоидни растворени оксиди на мангандиоксид и силициумдиоксид, растворени гасови на јагленороддиоксид, сулфурводород амонијак и сулфурдиоксид, потоа елементи на литиум, цезиум, рибидиум и флуор, како и слободни гасови на сулфурводород, јаглендиоксид, кислород и водород.

Бањата овозможува успешно лечење на следниве болести:

* Сите видови на субакутен и хронично воспалителен ревматизам;
* Дегенеративен ревматизам на сите зглобови и ревматизам во рбетниот столб;
* Сите форми на ревматични болести
* Сите вонзглобни ревматизми;
* Слабост на мускулите по траума на зглобовите и преломи на коски;
* Кожни болести, псорјаза габични и др;
* Долготрајни заболувања на желудникот и регулација на киселините;
* Заболувања на жолчката,
* Белодробни заболувања
* Песок и поситен камен во мочните патишта и канали;
* Лесни форми на шеќерна болест;
* И други видови заболувања.

Водите во ова лечилиште  може да се користат и во рекреативно  – превентивна и рехабилитациона  смисла.

Околниот простор  е проткаен со бројни видици кои  можат да се искористат за набљудување на дисецираниот релјеф и пејсажните вредности во долината на реката Црни Дрим, што овозможува целосна реституција. Освен тоа, медитеранските влијанија кои се чувствуваат во климата на овој простор и разновидните флористички елементи се погодности за прошетки во користењето на бањскиот простор за повеќе рекреативно – туристички активности.


-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 28.Јуни.2010 во 20:54
Катлановска Бања

Катлановска бања е природен национален капитал откриен пред неколку века. Уште на познатата Пајтингерова табла (tabula pentingeriana) била забележана патничката поврзаност на некогашен Ниш со Скопје, а понатаму со Стоби. На оваа табла имало знак на бања, тогаш и денес на патот Скопје-Стоби се наоѓа Катлановската бања.

Катлановска бања, уште за време на владеењето на Рим на овие простори имала неповратно значење како лечилиште. Тоа го потврдуваат длабнатините на карпите од просторот, каде течела термална вода и тоа од двете страни на брегот од реката Пчиња, на кои има испишани имиња од некогашната римска аристократија. До катастрофалниот земјотрес од 1963 година, во Катлановска бања беше поставена спомен плоча од 1898 година.


  (Катлановска бања во минатото)


На десниот брег од реката Пчиња, каде што е Бањскиот Рид, под овие височини, само на неколку метри од реката постои тераса и тука се наоѓа Катлановската бања.
Катлановска Бања се наоѓа на 25 километри југоисточно од Скопје во близината на село Катланово.  Бањата е лесно достапна од повеќе патни правци и се наоѓа на 4 километри од аеродромот “Александар Велики“. До неа се стигнува по автопатот Скопје-Велес, од кој е оддалечена само 2 километра.

Базенскиот комплекс користи термоминерална вода која по својот минерален состав е единствена во Европа. На германската скала на тврдина, водата котира на највисокото место поради изобилството на минерали. Водата во базените е природна и се донесува директно од изворот, кој се наоѓа на оддалеченост од 980 метри. Температурата на водата во изворот длабок 85 метри е околу 60 степени, но кога ќе пристигне до базените се лади и достигнува до 40 степени. Токму поради високата температура на водата е препорачливо една бања да трае од 10 до максимум 15 минути.

Составот на водата во Катлановска Бања е раритет во Европа и овозможува лекување на сите видови дегенеративни заболувања, хроничен ревматизам, воспалителен ревматизам, сите состојби на скршеници и трауматизми, сите состојби на постоперативни зафати, вештачка замена на колкови и колена. Бањата е особено позната по лекување на воспаленија на гениталните органи и стерилитет. "Имаме голем успех кај лечење на скршеници и брзото зараснување на фрактурите. Најекипирани сме и единствени што сме сертифицирани од страна на Министерството за здравство во нашата дејност.






-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 29.Јуни.2010 во 02:13
Ја су била на бања
су јала су пила
со мажи су спила

-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 29.Јуни.2010 во 02:16
lele mrzleeeeee.....голема%20насмевка голема%20насмевка
kako takaплазење


-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 29.Јуни.2010 во 02:25
Ете видиш за што се оди на бања

-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв


Постирано од: stefangvg
Датум на внесување: 28.Јануари.2011 во 17:51
Колку се длабоки базените во Цар Самоил ???


Постирано од: Assailant
Датум на внесување: 10.Февруари.2011 во 10:12
Imam odeno na Negorski bajni bidejki blisko e do Gevgelija zasega tolku

-------------
What is this, i don't even..


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 10:50

Топлите бањи во Сатурниа


Сатурниа, Тоскана, Италија. Популарниот спа-град постои на ова место уште од древни времиња. Најпознати од сите се бањите во Сатурниа, природните топли извори.

Според легендата, изворите биле создадени откако лутиот Јупитер сакајќи да го погоди Сатурн фрлајќи лути молњи кон него, го промашил по што биле создадени изворите.

Топлата вода (37.5 °C) не само што е прекрасно место за релаксација, туку е и исклучително здрава. Имено, минералите имаат терапевтски својства, поради што голем број на третмани и креми се направени благодарение на овие води.


Related image



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 11.Декември.2014 во 09:11

ТЕРМАЛНИТЕ БАЊИ SZÉCHENYI


Многумина ќе се согласат дека нема подобра комбинација од следнава: убаво патување исполнето со забава и истовремено уживање во бањи кои ќе го подобрат вашето здравје. Токму за ваква комбинација станува збор во продолжение.

Имено, термалните бањи Széchenyi се најголемите медицински бањи и едни од најголемите јавни бањи во Европа, сместени во северниот дел од Градскиот парк во Будимпешта.


Водата, со потекло од два термални извори, изобилува со минерали како што е сулфатот, калциумот, магнезиумот и значителна количина на флуор, материи кои што се смета дека имаат терапевтски ефект врз луѓето и ги ослободуваат од најразличните ортопедски болести и воспаленија.

Со оглед на тоа што водата е топла во текот на целата година, ова место претставува одлична дестинација за релаксација и уживање, особено во текот на зимата. Така, бањите Széchenyi се омилено место и за тамошните жители, но и за бројните туристи кои ја посетуваат прекрасната Будимпешта.


Првата термална бања на ова место била изградена во 1881 година и истата претставувала само мал базен во кој што можеле да се капат не многу голем број на луѓе.

Но, за сосема кратко време оваа бања станала толку популарна, што градскиот совет одлучил да изгради нова, поголема и поубава бања во која што луѓето ќе можат да уживаат во капењето, лекувањето и релаксацијата.




Така, термалната бања Széchenyi, уредена со ентериер од нео-барокот, била изградена во 1912 година, а во 1913 година целиот објект доживеал ново проширување, со нов 50 метри долг базен. Во средината на шеесеттите, бањите доживеале ново реновирање, вклучувајќи го и базенот наменет за групна термална терапија, како и отворањето на дневна болница за физиотерапија.

Денес во склопот на Széchenyi бањите се сместени 18 различни базени со различна температура на водата, вклучувајќи го и големиот базен на отворено. Во рамките на комплексот се сместени и просториите за масажа, џакузи и сауна, а во топлиот период од годината, посетителите можат да се сончаат топлес на самиот покрив од овој необичен објект.


Покрај тоа што претставува место каде што посетителите може да го пронајдат соодветниот третман за своите болести, во вечерните часови, ова место се претвора во вистинска оаза на забавата, па така, не ретко, во бањите се организираат најразлични забави, дури и во зимскиот период, па младите во костими за капење доаѓаат да уживаат во необичното дружење.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 21.Јануари.2015 во 14:40

БАЊА БАНСКО Струмица

Бања Банско претставува римска бања, која е термоминерално лекувалиште од античко време. Овој објект е одалечен околу 12 километри источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица . Откриен е во 1978 година, при копањето на темелите на хотелот „Цар Самуил“. На површина од 1000 м2 се откриени десет простории. Малите ниски простории се наоѓаат на источната страна, а на западната страна се наоѓаат повисоките простории. Ѕидовите се зачувани во височина од 2 метра до 6,70 метри.

Термата (бања) имала простории за соблекување, сауна, базени со топла, ладна и млака вода и.т.н. Бањата ги користела термоминералните води од изворот “Парило“, што се наоѓа 50 метри јужно од бањата. Термата најверојатно потекнува од III век, од времето на римскиот император Каракала (211- 217), кој подигал и обновувал терми низ империјата.

Бања Банско има забележителен капацитет како основа за развој на спа и бањскиот туризам. Водата на Банско спаѓа во групата на наѕтрумско-сулфурни, алкални и азотни  води кои во себе содржат ретки минерали . Таа е од јувенилно потекло, односно доаѓа од големи длабочини и нема атмосферски влијанија. Обилноста и температурата на водата не се менува што има посебно значење за нејзиното искористување.


ДЕБАРСКИ БАЊИ

Дебарската котлина и нејзиниот поширок дел, во кои се сместени и Дебарските бањи Цапа, се карактеризираат со постоење на многубројни минерални и термоминерални води, кои се од посебен интерес за развојот на овој регион. Покрај живописната река Радика и Дебарското езеро, на десна страна се наѓа хотелот Косоврасти, додека на подножјето на планината Крчин, 4 километри северозападно од Дебар, се наоѓа хотелот Бањишт, еден од најстарите бањи во Балканот. Најновите истражувања покажуваат дека овие лековити води се единствени во светот по богатата структура на минерали, и нивните лековити ефекти, и не може да се споредуваат со други. Богати се и со негативни јони на хидрогенот, затоа спаѓаат во категоријата alive waters, води кои имаат магични ефекти. И како да не е сето тоа доволно, Господ им подарил и оптимална температура за човековото тело од 39-40 степени Целсиусови. Хотел и спа Бањишт сместен на надморска висина од 880 метри, е идеално место за тие што сакаат да се релаксираат и уживаат во чистиот планински воздух, природната термо-минерална вода и прекрасната храна. Во вкупно капацитет од 126 соби, овој хотел е реновиран неколку пати од неговата приватизација, а со последното реновирање беа опфатени вкупно 72 соби и сите медицински простории (април 2012 година).




-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2018 во 09:05
Image result for photos of познати термални бањи LUTRAKI


Related image


Лутраки


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk