IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Српска пропаганда и окупација на Македони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Српска пропаганда и окупација на Македони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 33>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 11:15
Македонците ученици во Солунската гимназија свесни дека се под бугарска пропаганда ја напуштаат истата во октомври 1888 година. Истовремено поднесуваат молба до министерот за просвета на Србија мислејќи дека таму нема да бидат изложени на таква жестока асимилација. За жал подоцна ќе се уверат дека и Србите не се ништо подобри од Бугарите па ќе ја напуштат и Србија. Меѓу учениците има и подоцнежни познати македонски револуционери како што е основачот на ТМОРО Даме Груев. Тие минејќи низ двете пропаганди на најдобар начин ја увидеа целта на Србија и Бугарија, а во однос на македонскиот народ и токму затоа до крајот на својот живот добар дел од нив ќе се борат против истите.

The%20image%20“http://www.macedonium.org/userfiles/image/Srpski%20dokumenti/Pismo-od17-makedonski-uceni.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

Македонците ученици зафатени од спрското пропагандно друштво „Св. Сава“ се допишуваат со министерот за просвета на Србија и Главниот одбор на „Св. Сава“.

The%20image%20“http://www.macedonium.org/userfiles/image/Srpski%20dokumenti/Pismo-od17-makedonski-ucen2.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.

Димитрија Мирчев, Македонец родум од Прилеп ученик во VI одделение на српската гимназија му пишува писмо на претседателот од српското друштво „Св. Сава“ со известувања за напредокот на српската пропаганда во Македонија но и барање за парична помош. (декември 1888 година)

The%20image%20“http://www.macedonium.org/userfiles/image/Srpski%20dokumenti/Pismo-od-Dimitrije-Mircev-o.jpg”%20cannot%20be%20displayed,%20because%20it%20contains%20errors.
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 14:29
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 14:58

ИЛИЯ ГАРАШАНИН.МИЛОШ МИЛОЕВИЧ.СТОЯН НОВАКОВИЧ



Изменето од macedon_alex - 02.Мај.2009 во 16:07
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 15:01

Божидар Димитров го цитираше Новаковиќ....
Значи вие викате дека Новаковиќ е оној кој ја измислил нашата нација..
Новаковиќ не зборува за измислување македонска нација


Изменето од macedon_alex - 02.Мај.2009 во 16:08
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 15:03


карта на Велика Србия на три морета

Изменето од macedon_alex - 02.Мај.2009 во 16:10
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 17:36
Originally posted by дуле дуле напиша:

Темата беше за српската пропаганда... да се се вратим на темава?


Е ајде де....


Српски пропагандни тела 1903-1905 год
Printprijatel

Со цел за освојување што повеќе позиции и симпатии за српската пропаганда во Македонија а користејќи го моментот на погром по востанието и немоќ на македонските револуционерни сили, Србите одат понатаму.

Така во “помагателската” фаза за залекување на лузните од востанието, тие формираат нови облици на “братска помош”.

“КОЛО СРПСКИХ СЕСТАРА” - се формира речиси веднаш со Извршните одбори, т.е во август 1903 год., во Белград, за лекување на немоќни, болни осакатени и други ранети но и гладни бегалци од Македонија.

Набргу ова “Коло”, ќе развие свои “Кола” по цела Србија во внатрешноста и особено кон границата накај Македонија. Овие “Кола” иако се организираат по принципот на “Извршни одбор”, сепак се во навидум похумана, а со тоа поненаметлива и посуптилна форма на српската пропаганда.

“СРПСКА БРАЌА”, “СВЕТИ САВА”, “БЕОГРАДСКА ЗАДРУГА” (акционерско друштво) и “ТАЈНИ ФОНД СРПСКЕ ВЛАДЕ” - се продолжителни нови форми на делувањето од српската пропаганда кон Македонија и меѓу Македонците. И овие организации и друштва “само помагаат” со облеки, храна, лекување, сместување, по некое вработување, финансиски поддршки и сл. такви форми.

Српската влада заради заострените односи со Австро - Унгарија, тензичните и несредени внатрешни односи кои ќе кулминираат со атентат врз кралот Александар Обреновиќ во истата 1903 год., четништвото во Македонија официјално сеуште не го одобрува.

Така и ако се јавуваат одредени такви форми тоа е повеќе под влијание на силни внатрешни екстремни елементи, што не значи дека Српската влада не е запозната, само одговара дека не стои зад истите. Но тоа е барем тогаш, подоцна е нешто друго.

Затоа во тоа време српската влада ќе настојува на договор со Бугарија за интересни сфери и подоцнежна поделба на Македонија.

Изменето од Vladimir88 - 11.Февруари.2008 во 17:38
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 17:46
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

Originally posted by дуле дуле напиша:

Темата беше за српската пропаганда... да се се вратим на темава?


Е ајде де....



Ама подалеку да почнам - не од 1903 г. Да знаеш коj е Христо Македонски? (спокоjно - знам што не знаеш) Тоj е учесник во ослободителното дело на Србите во Белград и член на бугарската легиjа на Раковси. Ето дел од спомените :
Христо Македонски

Изменето од macedon_alex - 02.Мај.2009 во 16:28
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2008 во 17:54
Originally posted by дуле дуле напиша:

Ето дел од спомените :
Христо Македонски


Ме мрзи се ова да го читам на бугарски

Кажи што сакаш да кажеш ти на кратко...

Изменето од macedon_alex - 02.Мај.2009 во 16:30
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 13:49
Originally posted by Vladimir88 Vladimir88 напиша:

Здраво до сите Бугари особено до Танас........оваа тема е за познатиот Стојан Новаковиќ кој    ете според ТАНАС и СПОРЕД БОЖИДАР ДИМИТРОВ ја измислил македонската држава.....ЕВЕ Танас СПЕЦИЈАЛНО ЗА ТЕБЕ И ЗА ДИМИТРОВ ДА СЕ УВЕРИТЕ Дека НОВАКОВИЌ НЕ ЗБОРУВА ВО НЕГОВОТО ПИСМО ЗА ИЗМИСЛУВАЊЕ МАКЕДОНСКА НАЦИЈА ТУКУ ЗБОРУВА ЗА СОСЕМ ТРЕТА РАБОТА.А НА ТЕБЕ ТАНАС МОЖАМ да ти кажам Дека Божидар ДИМИТРОВ ТЕ ЛАЖЕ!! КАКО МАЛО ДЕТЕ...ЛАЖЕ БРСНАТИОТ ТАТАР, нека чита и нека пукне од МАКА!Тоа што го КАЖУВА ОН ВО ДЕСЕТТЕ ЛАГИ НА МАКЕДОНИЗМОТ НЕ Е ВИСТИНА!!







Факсимал од писмото на Стојан Новаковиќ до Министерот за просвета и црквени работи во кое му ги изнесува своите предлози


Заради бугарската пропаганда која најлегално е во Македонија вкоренета и слободно си работи под закрила на црквата, а по добиеното право врз Македонија, истата зема се повеќе адепти и има успех во одредени средини. Српската, немајќи своја црковна или друг вид закрила не може да се носи еднакво со бугарската пропаганда. Новаковиќ во писмото до Министерот анализирајќи го сето ова наведува дека по 1870 година па натаму македонизмот како автохтона идеја на Македонците би било најдоброто оружје со кое Македонците би се отргнале од бугарската пропаганда заради што препорачува првична поддршка на истиот. Со текот на времето во македонизмот би се уфрлале се повеќе српски елементи во што Новаковиќ гледа како краен резултат посрбување на Македонија.

Во пимото тој вели:

„Бидејќи бугарската идеја како што ни е на сите познато фати длабоки корени во Македонија јас смеатм дека е скоро невозможно да се поколеба изнесувајќи ја наспроти само српската идеја. Таа идеја се плашам не би била во состојба како чиста и гола спротивставеност да ја потисне бугарската идеја и заради тоа на српската идеја од помош ќе и е некаков сојузник кој би бил ОСТРО ПРОТИВ БУГАРИЗМОТ, А КОЈ БИ ИМАЛ ВО СЕБЕ ЕЛЕМЕНТИ КОИ НАРОДОТ И НАРОДНИТЕ ЕМОЦИИ МОЖАТ СО СЕБЕ ДА ГО ПОВЛЕЧАТ отцепувајќи го од бугаризмот. Тој сојузник јас го гледам во МАКЕДОНИЗМОТ или во извесни мудри граници обележено негување на македонскиот дијалект и македонските посебности. НИШТО НЕМА ТОЛКУ СПРОТИВСТАВЕНО НА БУГАРСКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ КАКО ТОА, СО НИШТО БУГАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ДОЈДАТ ВО НЕПОМИРЛИВА ПОЗИЦИЈА ОТКОЛКУ СО МАКЕДОНИЗМОТ. Опасности во овие операции за српската идеја нема никакви за тоа, оти Македонизмот како таков нема со што да се одржи, тој нема елементи за развој и по природниот тек на работите во оној час би му помогнал на србизмот штом бугаризмот се одвои и со истото би се помешал...“


Од ова се гледа дека и Новаковиќ е свесен за непомирливоста на македонскиот народ со бугаризмот за што и вели она за што е свесен : "НИШТО НЕМА ТОЛКУ СПРОТИВСТАВЕНО НА БУГАРСКИТЕ ТЕНДЕНЦИИ КАКО ТОА, СО НИШТО БУГАРИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ДОЈДАТ ВО НЕПОМИРЛИВА ПОЗИЦИЈА ОТКОЛКУ СО МАКЕДОНИЗМОТ".

Се поставува прашањето за бугарските пропагандисти - Зошто би бил македонизмот толку во непомирлива позиција со Бугарите и нивните тенденции за бугаризација на Македонија , ако се си Македонците "Б`лгари по род"?!

Нели си е најприродно - да си го прифатат ако навистина се ис тоа ?!.. Но не се, за што е свесен и Новаковиќ, па гледа да влезе во спорот и незадоволството да го сврте на своја српска воденица.

Значи по ова Новаковиќ свесно влегува во амбиција да го посрби македонскиот народ подоцна со други видови пропаганда, а надевајќи се на тоа што истиот нема своја државност, а со тоа и иднина за да може да развие свои училишта и образовен систем. Затоа во истото писмо тој ги нафрла чекорите кои веднаш ќе следат потоа, а тоа е издавање на „македонски буквар“, во кој пак во други писма кога пред истиот ќе се отпечати ќе препорача еден многу пропагандно-зол систем за посрбување на Македонија. Имено како што ќе се виде и од букварот на многу перфиден начин истиот и навистина на македонски јазик, меѓутоа уфрлени се 20% српски зборови точно како и што препорачува Новаковиќ во тие писма. За наредните препечатувања овие проценти се предвидувало да се зголемуваат се дури и целосно не се истисне македонскиот јазик. За ова печатење на букварот визионерски уште во ова писмо тој пишува:

„„Македонскиот буквар“ кој наскоро се надевам ќе го отпечатиме во Цариград ќе ги удари основите на оваа работа, макар што потребата од тој буквар се правда и од многу други потреби и погледи. Но освен „букварот“ добро би било да работата пошироко се негува и изразито се зајакнува“






Страна 39 од букварот од која исто се гледа првичното продирање на српски зборови во македонскиот јазик


Насловна страница на Читанка за II одделение отпечатена во Цариград 1890 година, а со цел понатамошно придобивање на македонскиот народ на српска страна



Прва страна на Читанката за II одделение од која се приметува понатамошно продирање на српски зборови во македонскиот јазик, за свои пропагандни српски цели



П.С.Ова го постирав специјално за оние кои го тупат на форумов со тој Новаковиќ...Еве ви го Новаковиќ...никаде не спомнува дека треба да се измисли македонска нација, тоа се глупости на БРСНАТИОТ ТАТАР!!!
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 13:49
Великосрпската пропаганда своите корени ги влече од "Начертанието" на Илија Гарашанин од 1844 година. Во овој програмски документ за надворешната политика на Србија особено е нагласена потребата Кнежевството Србија да води перманентна политика во рамките на своите граници да ги "приклучи сите српски народи што го опкружуваат", програмско начело кое во следните децении и децении Србија ќе ја вовлече во повеќе воени катастрофи. "Српската држава...", подвлекува во "Начртанието" Гарашанин, - "која мора да се распространи и да се зајакне, своја цврста основа и темел има во богатата и славна српска историја... значи нашата сегашнина нема да биде без сојуз со минатото, туку ова ќе претпоставува една зависност, составена и устроена целина, и затоа српството, неговата народност и неговиот државен живот, стои под заштита на светото историско право...". Податоците говорат дека дури по 1868 година, кога српската влада го "отвори кесето", почнува нејзината заинтересираност да го надополни она што во изминатите години не го направи. Тогаш во Белград беше формиран Просветен одбор, чија задача беше отворање српски училишта во Стара Србија (Косово и Метохија) и Македонија. Само за пет години овој Одбор отвори повеќе од 60 училишта на овој простор.

Нов замав на српската пропаганда, која по српско-турските војни од 1876 до 1878 година мораше да се повлече, започна, како во Грција и Бугарија, впрочем, по Берлинскиот конгрес. Настаните на Балканот ја принудија Србија да почне со планска пропаганда во Македонија. Таа се сврте кон оние кои беа против ширењето на егзархиското влијание на балканскиот простор.

Српските претензии кон Македонија се протегале на југ до Лерин и Струмица. Првите знаци на пожива активност на великосрпската пропаганда беа одржаните митинзи во Белград, Ниш и Врање, на кои беа донесени резолуции со кои се осудуваше великобугарската пропаганда и се тврдеше дека народот во Стара Србија и Македонија е дел од српскиот народ, а Стара Србија и Македонија делови на српската земја.

Летото 1886 година Друштвото "Свети Сава" отворило две училишта во Белград: Светосавското вечерно училиште, наменето за описменување на возрасни македонски печалбари (него во учебните 1887-1890 год. го завршиле 700 до 800 луѓе), и Светосавското подготвително училиште, преку кое требало да се подготват (за две учебни години) учители за српските училишта во Македонија.

Ова училиште за две учебни години го завршиле 467 ученици. Само во текот на 1887 и 1888 година во Македонија биле отворени 37 основни училишта во кои почнале да работат 54 учители.

Тие месеци штотуку поставениот српски пратеник во Цариград, Стојан Новаковиќ, ангажирал луѓе, кои почнале да работат на "Македонски буквар" на македонски јазик. Целта на Букварот, според тоа како Новаковиќ ја формулирал, изгледала вака: "... тој би требало да се подготви за ширење на српската писменост и српскиот јазик во Македонија". Букварот излегол во печат на 18 мај 1889 година и бил растурен во Битолскиот и Солунскиот вилает, иако таму немало ниту едно српско училиште. До крајот на годината бил отпечатен и календарот "Голуб" со делумна употреба на македонскиот јазик, а нешто подоцна и Читанката за основни училишта, исто така на македонски јазик.

Од сето ова може да се добие погрешен впечаток дека српската пропаганда ја ширела свеста за посебноста на македонскиот јазик, ако не се знае намерата на Стојан Новаковиќ, образложена во три точки до владата во Белград: дека македонскиот дијалект е различен и од српскиот и од бугарскиот, дека има нешто заедничко и со едниот и со другиот. Второ: дека бугарскатата пропаганда вложила големи напори да ја искаже разликата меѓу македонскиот дијалект и српскиот јазик и, трето, дека е во интерес на Србија "трпеливо, солидно и систематски" да тргне по истиот пат, докажувајќи дека нема разлика меѓу српскиот јазик и македонскиот дијалект, значи, спротивно на бугарските стремежи и настојувања.

На тој начин српската пропаганда влегува во нова фаза, кога станува збор за нејзиното освојување на македонската територија. За тоа Новаковиќ му пишуваше на тогашниот српски министер за просвета д-р Владан Ѓорѓевиќ: "Бидејќи бугарската идеја... фатила длабоки корени во Македонија, сметам дека речиси е невозможно да се расколеба, изнесувајќи ја наспроти неа само српската идеја... Па од помош ќе им биде некаков сојузник, кој остро би бил против бугаризмот, а кој во себе би имал и елементи што можат да ги повлечат со себе народот и народните чувства, отцепувајќи го од бугаризмот. Тој сојузник јас го гледам во македонизмот, или во извесни мудро негувани граници, во негувањето на македонскиот дијалект и на македонската посебност. Нема ништо толку спротивно на бугарските тенденции како фактот дека Бугарите не можат со никого да дојдат во понепомирлива положба отколку со македонизмот".

Двајца агитатори на српството во Прилеп, д-р Светислав Правица и Шпиро Копривица, изготвиле програма за дејствување на српската национална пропаганда и во август 1878 година ја доставиле до Белград. Во десетте точки на програмата, меѓу другото, се предлагало "да се искористи незадоволството на македонското население од Бугарската егзархија, да се помогне настојувањето на македонските црковни општини да се отцепат од неа, а на свештениците, учителите и црковноучилишните општини, што ќе с го свртат грбот на Егзархијата, да им се дава постојано материјална помош". Програмата содржела и предлог да се печати весник на македонски јазик, да се испраќаат српски учители во Македонија, да се "печатат учебници и книги на српско-македонски дијалект", како и да се организира вонучилишна работа на учителите за просветување на народот.

Во меѓувреме, во 1886 година, српската влада во Софија стапила во врска со неколку члена на Тајниот македонски комитет. Поточно, Наум Евро, Коста Групчев, Васил Карајовов и Темко Попов, раководители на Тајниот македонски комитет од Софија, и се обратиле на српската влада со молба да ја помогне нивната активност за елиминирање на бугарската пропаганда од Македонија. Истата година во Цариград, со благослов на Стојан Новаковиќ, било формирано Друштво на Србо-Македонците во кое влегле и членовите на Тајниот македонски комитет од овој град. Во програмата на Друштвото, во која, меѓу другото, се бара од Високата порта издавање весник на чисто македонски јазик, стои (во политичкиот дел) дека весникот ќе го "подигне црковното прашање за откажување на Македонија од бугарскиот Егзарх", ќе се бара обновување на Охридската архиепископија, која, навистина, ќе биде под Цариградската патријаршија, меѓутоа, под која ќе бидат обединети сите македонски епархии. Весникот, исто така, ќе му докажува на македонскиот народ "дека не е бугарски, дека со Бугарите нема веќе никакви врски, дека Бугарите се непријатели на македонскиот народ". Весникот ќе треба "да води сметка за своите народни особини, јазикот и обичаите" итн. Што се однесува до филолошката страна на весникот, во него "ќе се пишува на чисто македонски јазик".

Се разбира, покрај оваа чисто национална димензија што ја карактеризира Програмата на Друштвото на Србо-Македонци од Цариград, не може да се избегне српското присуство во неа. Имено, токму во членот 1 од филолошкиот дел, каде што се вели дека во весникот ќе се пишува на чисто македонски јазик, се додава: "... но бидејќи македонскиот јазик не е книжевно обработен, да се исфрли секој бугарски израз, а да се воведе српски...".

Оваа група членови на Тајниот македонски комитет, од страна на бугарската пропаганда беа наречени "македонски сепаратисти". Според тесните национални погледи на бугарската историографија, оваа појава во развитокот на македонскиот народ е оквалификувана како "македонски сепаратизам", затоа што Македонците одбиваат да се вклучат и самите, и својата татковина, во границите на Бугарија, туку се борат за самостоен културен и политички развој. По Берлинскиот конгрес ова Движење доби такви размери што стана едно од главните опасности за грчките и бугарските национални интереси во Македонија.

По договорот за соработка со српската влада, Наум Евров и Коста Групчев тргнале за Цариград да работат на издавањето на весникот "Македонски лист", а Васил Карајовов и Темко Попов тргнале за Македонија. Во Солун, каде што се населил, Попов се поврзал со српскиот генерален конзул, кој побарал од него да направи програма што ќе ја помага Белград. Во Привремената програма (28 јуни 1887 година) Темко Попов побарал да се назначат 12 учители во Македонија кои, по можност, ќе предаваат на македонско наречје. Натаму, во Програмата, се предвидува "сите нивни настојувања да се стремат кон будење на народот од лажната идеја за остварување на Севкупна Бугарија и промовирање на една друга, сосема спротивна: Македонија за Македонците!". Освен ова, Попов предлага во Солун да се отвори читалиште, во кое ќе се "зближуваат идеите" и кое со текот на времето ќе се "претвори во централно друштво". Негови филијали да се отворат во поважните пунктови на Македонија. Покрај барањето во Солун да почне да излегува неделник "под надзор на овдешниот Генерален конзул", Попов во Привремената програма предлага да се разгледа и црковното прашање, под што подразбира "вложување најголеми усилби да се уништи" Егзархијата, која незаконски постои! И "наместо неа да се установи Охридската архиепископија".

Додека неговата Привремена програма беше земена во постапка, Темко Попов напиша подолга статија "Кој је крив", мошне интересен документ за општествените движења во Македонија во тие години. Во "Кој је крив", тој ја развива идејата во Македонија, наместо бугарско и грчко свештенство, да биде именувано исклучително македонско, како и идејата од Дебарската, Охридската, Прилепската, Велешката, Скопската, Воденската и Приштинската епархија да се повлечат грчките владици, а наместо нив да се избираат "кандидати за митрополити измеѓу својите сограѓани и еднородници", а Патријархот "само да ји ракоположује... без да има влас даји променује или сосема даји отфрла без саканје на народот". Интересно е гледањето на Попов дека "помегју нас Македонциве нема интелигенција, а си сме шоролопчји готоачи"... Па продолжува: "Ама ако во едно општество, во еден народ, нема интелигенција, тогај тоа општество не се вели општество, тој народ не се вели народ, туку збирштина. Денеска, кога светов се печали не да има интелигенција во својот народ, а сијот народ да је таков, није сиромаси си одиме као ракот! Не за фалење ќе кажа оти ние Македонциве од натурата не сме дарцјани да валиме и не валиме кон назад, кон мрак, а, напротив, наш отличен белег бил ије: бистрина на умот, љубов кон науката и кон друзи трговски завзиманја. А пак сега што не зеде матната и сме олку ништи духом!... Ами коаје таке, која е причината на оваа наша нараствена мртвост, на оваа наша голема заспаност? Којаје причината за оваа наша умствена тромост?... Велам је Егзархијата и егзархијските милости..."

На 26 јули 1887 година Наум Евро и Коста Групче се обратија до претставниците на големите сили во Цариград барајќи од нив поткрепа на барањето да се одобри во престолнината излегување на весник, преку кого македонското население ќе му објави на светот дека е "посебен народ, со посебна историја, нарави и обичаи' (подвлечено во оригиналот - з. н.) и дека нема ништо општо со околните државички - "па според тоа, никој нема право да претендира на Македонија.И таа останува на Македонците". (подвлечено во оригиналот - з. н.).

На 9 мај 1888 година Темко Попов му пишуваше на Деспот Баџовиќ: "... да не се лажеме, Деспоте, националниот у Македонија до такво дередже денеска је стигнал, што то и сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е блгарин или србин, освен оние Македонци у кои веќе пропагандата блгарска се има вкоренено".
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2009 во 16:00
Почнувајќи од Берлинскиот конгрес од 1878 година, на кој Србија добила независност, а Бугарија автономија, на подрачјето на денешна Република Македонија почнува ин тензивна пропаганда на двете држави помеѓу тамошното население. Двете пропаганди имале за цел идентификација на тамошното население со Срби, односно Бугари. Еден од видовите пропаганда биле и стипендиите со кои идните интелектуалци и идни видни луѓе станувале заговорници на една од страните. Во конфликтот се вмешала и Грција која преку Цариградската Патријаршија, на чие чело стоел Грк, се обидувала да врши хеленизација.
Конфликтот се заострил и крајот на XIX век, а посебно во правта деценија на XX век прераснал во отворен спор меѓу Комитите ( Србите и српските подржувачи ) и бугарските подржувачи кои несмалено се водел и по селата и градовите на денешна Република Македонија. Посебен фактор претставувала турската власт која на почетокот на XX век настојувала да го истреби Православното население во своите земји, па така Албанците ( Арнаути ) кои се ширум Косово, Метохија, Рашка па и денешна Република Македонија убивале и го краделе населението само затоа што било Православно, а на тоа турската власт гледала благонаклоно.


Изменето од macedon_alex - 29.Април.2009 во 16:54
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 15:35
Великосрпската пропаганда

За разлика од великогрчката, организираната великосрпска пропаганда во Македонија датира од 1868 година. Меѓутоа, до Берлинскиот конгрес таа се уште не била прецизно одредена. Дури по Конгресот и посебно со потпишувањето на тајната конвенција (1881) со Австро-Унгарија, со која на Србија и биле затворени вратите спрема Босна и Херцеговина, Србија го свртела посериозно своето внимание кон Македонија. Првите чекори што ги презела Србија биле барањата да се дозволи отворањето на српски училишта во Македонија и да се постават Срби за владици во Скопје, Велес, Дебар, Битола и Охрид.

Кон посистематско ширење на својата пропаганда во Македонија, Србија пристапила по Српско-Бугарската војна од 1885 година. Во 1886 година за таа цел било организирано посебно друштво ,,Свети Сава". Во негова надлежност била дадена дејноста на ширење на српската просвета во Македонија. Исто така била засилена дејноста и на дипломатски план. Србија успеала да издејствува потпишување на конзуларна конвенција со Османската Империја, според која добила можност да отвори свои конзулати во Солун, Скопје (1887) и Битола (1888).

Во осумдесеттите години на XIX век, сеуште незајакната врз своја посебна црква во Турција, каква што имале Бугарија и Грција, српската пропаганда, за да се инфилтрира полесно во Македонија, ја побарала соработката на оние македонски кругови кои биле еднакво незадоволни и од Патријаршијата и од Егзархијата и кои се бореле за своја македонска политичка, просветна и црковна самостојност, нудејќи им ја својата поддршка. Така, врз основа на оваа соработка во 1886 година во Цариград е создадено друштвото ,,Србо-Македонци" во чија програма е предвидено издавањето на весник на чисто македонски јазик. Весникот требал да се вика ,,Македонски весник". Во програмата на друштвото стоело дека ќе се залага за обновување на Охридската архиепископија. Се во исто време дошло до контакт помеѓу претставниците на ,,Тајниот македонски комитет" во Софија и српската влада во Белград. Меѓу двете страни бил постигнат договор за заедничка работа врз следниве основи:

Борба за обновување на Охридската архиепископија под заштита на Цариградската патријаршија;
Издавање на еден весник во Цариград под името ,,Македонски глас" на македонски јазик;
Отворање на училишта во Македонија во кои ќе се поставуваат учители што ќе предаваат на народен јазик и
За потребите на македонските училишта и народ да се печатат учебници и книги на македонски јазик.
Настојувајќи преку спомнатите кругови да осигури пат на своето влијание во Македонија, таа во 1889 година во Цариград го помогнала издавањето на еден буквар, а потоа и на читанка во кои 2/3 од текстот биле пишувани на македонски јазик, а 1/3 на српски.

Меѓутоа, со се поцврстото загнездување во Македонија, српската пропаганда се повеќе ја намалувала поддршката на македонските сили што се бореле за своја независност. Од 1890 година и таа тргнала по стапките на своите ривали во Македонија: пренесување на пропагандната активност во надлежност на Министерството за надворешни работи во Белград и на новоотворените конзулати во Македонија; постојано, од година на година, зголемување на средствата за пропаганда итн. Како резултат на тоа, во почетокот на XX век таа имала во Македонија 217 училишта, во кои учеле 9.179 ученици.

Кон врв
cupeto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 206
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај cupeto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2009 во 14:27
kolku tekst naprazno
zarem ne e dovolno sto do den denesen
so svoja kakva takva drzava MAKEDONIJA(mila i napatena)
se slusa nasekade samo srpska muzika
i vo najubavite momenti
koga ke se cuknes so casite si posakuvame
,, ZIVELI,, ??

Изменето од cupeto - 19.Јуни.2009 во 14:28
Кон врв
пивце Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 71
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај пивце Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јуни.2009 во 18:19
Јас не се користам со линкови и преданија од некого кого не го знам, посебно не од блгарчето ченто. После турското мојата фамилија и мојот регион биле слободни и третирани како рамноправни државјани на Србија со сите права и обврски исти како и некој од Крагујевац или од Белград.
Е сега, задоените со бугарска пропаганда, нормално дека сакале Ганчовци да дојдат, па затоа се бунеле. И нормално, како и секој друг кој има нешто против државата и нејзиниот суверенитет, биле казнувани. Не гледам ништо чурно тука.
Прашањето на патриотизам е прашање на време. Ако јас денес се борам за независно Скопје, ќе бидам оквалификуван како предавник. Ако утре Скопје стане независно, ќе бидам херој.
Не можеш да осудиш некого дека после турското се чувствувал како Бугарин или како Србин.
Навигатор Цветко
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 33>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.