|
На кого му платил ИСУС ? |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | |
Чико
Група Регистриран: 31.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 44 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Платата за гревот е смрт. (Битие 2:17)
"Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” " (Галатјаните 3:13) Последица за прекршување на законот(моралниот,декалогот) е смртта.Кога Адам и Ева згрешиле требало да загинат,но Бог им дадол ветување дака Друг ке го заземе нивното место.Тоа бил Христос.Тој не откупил од тоа што не следувало нас. |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве една илустрација која добро го илустрира ова откупување на човекот:
Томче и Перо биле најдобри другари во детството. Тие биле речиси неразделни до крајот на основното образование и многу се сакале. Но Перо се преселил во друг град, тие се запишале во различни средни училишта и полека се разделиле.
Перо се здружил со лошо друштво. Тој не го довршил ни средното образование, почнал да се пијанчи, да се дрогира, да краде, отпрво ситни работи, а потоа се зафатил и со сериозен криминал.
Томче пак од друга страна се запишал на правен факултет и бил најдобриот студент. Тој запишал и докторски студии и за неколку години станал најдобриот судија во земјата.
Сите биле фасцинирани од неговата некорумптивност и праведни пресуди. Тој не гледал кој е кој и секогаш пресудувал во интерес на правдата.
Но еден ден пред Судијата Томче се појавил еден злосторник кој имал направено сериозно кривично дело. Делото било толку очигледно што адвокатите не можеле ништо да сторат. Судијата го земал судиското чеканче и пред да чукне и да ја донесе пресудата, тој го погледнал во очи злосторникот и во тие очи го препознал својот другар од детството - Перо.
Очите на Судијата се насолзија. Додека очите на злосторникот му велеа на Томче: "другар, зарем ќе ме осудиш мене, твојот најдобар другар?". Судијата пред да чукне со чеканчето по масата, зема уште еден замав со него, чукна по масата и рече: "Пресудата се одложува за утре."
Новинарите, забеклежувајќи ги солзите во очите на Судијата, веднаш дознаа дека тој и злосторникот биле најдобри другари во детството и во утрешните весници, на насловоните страни се појави реченицата: "СУДИЈА ИЛИ ПРИЈАТЕЛ?"
Дојде и утрешниот ден. Скоро сите беа убедени дека Судијата, по еден ден мислење нашол некое решение за да го избави Својот пријател и дека конечно ќе биде пристрасен пријател кој ќе го избави својот најдобар пријател од детството.
Судијата го зема чеканчето, лупна со него по масата и му рече на злосторникот: "Виновен си и твојата казна е десет години затвор или 10 милиони долари"
Сите се шокираа. Очите на злосторникот Перо се вџашија од неочекуваната пресуда на својот најдобар другар. Се изненади и поротата, и новинарите, и сите кои беа таму присутни.
Но потоа се случи нешто што уште повеќе ги шокира таму присутните. Судијата ја соблече својата судиска наметка, го облече стариот џемпер, се симна од судиското столче, се доближи до Својот другар и му рече: "Јас ќе ја платам кауцијата за твое ослободување".
Во очите на Перо се појавија солзи. Тој отпрвин се срамеше да го погледне во очи својот пријател Томче, но откако собра сила, го погледна и му рече: "Прости ми Томче." А потоа тие се гушнаа.
На насловните страни од утрешните весници се појавији голем наслов со содржина: ПРАВЕДЕН СУДИЈА И НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
После вакво објаснение-секој коментар или прашање е излишен.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пак бегаш од одговорот
Кажи јасно Дали ни платил нас Дали му платил на Отецот Дали му платил на Ѓаволот Дали му платил на некој друг ЗАОКРУЖИ |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку се 2+2 а) 3
б) 5
в) 6
ЗАОКРУЖИ (и не бегај од одговорот)
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Niki-Одговорот е премногу јасен, што да ти одговори? Или пак сакаш некоја сопка да поставиш од твојата мистична теологија?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Или сум јас глупава или ме правите глупава
На кого му платил Исус КАЖИ СО ЕДЕН ЗБОР _______ ЧЕКАМ |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Законот. п.с. Тешко е ова да се сфати со еден збор, затоа и ти пишував километарски постови. Пробај да ги прочиташ внимателно, и овој погоре, и тие од 1ва страна, и меилот што ти го пишав. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи тешко е да се свати, треба повеќе да размислувам за оваа тема
И друг пат немој да кажуваш дека библиата е лесна за разбирање Да беше лесна сега сите ќе бевме едно Фала Изменето од Nikki - 07.Февруари.2008 во 11:54 |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Библијата не е претешка за разбирање. Таа е доволно плитка за и рибарче да ја чита и да го сфати Божјиот план за спасение, а воедно е и толку длабока за и искусни пливачи да нуркаат низ неа и никогаш да не го допрат дното.
Библијата не е причината за тоа што сите не сме едно. Проблемот е во тоа што некои се држат исклучиво до Божјиот Збор, а некои додаваат врз Него и Човечки Зборови (човечки преданија, житија, приказни од типот на г. Кронштатски кои контрираат на Божјиот Збор итн).
А исто така понекогаш причините се и политички, иницирани од волците кои во овчи кожи влегуваат во црквите и вршат раздори.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога сите би се држеле до Словото-можеби и до сега ќе бевме една црква Христова.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто Ап Павле заповедал жените да си ги покријат своите глави во Црква и да не зборуваат
Освен акок се постари жени, вдовици Ова секако не се почитува во ниедна црква Во МПЦ единствените редовни часови по веронаука ги држи млада девојка, во Соборниот Храм Значи немам цел да критикувам било која црква |
|
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И ова прашувам
Кој ќе ги измачува душите во пеколот |
|
Чико
Група Регистриран: 31.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 44 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересно размислување имаш,evangelos,се гледа дека ја истражуваш библијата.Дали е завршена со тоа темата?
|
|
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |