Испечати | Затвори го прозорот

На кого му платил ИСУС ?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11960
Датум на принтање: 25.Ноември.2024 во 15:59
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: На кого му платил ИСУС ?
Постирано од: Nikki
Наслов: На кого му платил ИСУС ?
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 11:30
Дали Исус не Откупил, на кого му платил ?

Грев, тоа е погрешна состојба, кога не веруваш во ништо (Амартиа, Промашена Цел)
Исус досол да ја врати верата во Господ преку чуда и знаци
Го вратил народот во состојба на Вера, Визија, Фантазија, Молитва, Мислење, Уметност ....
Преку верата ние примаме живот од Него самиот, од Господ Исус Христос

Ако Исус не откупил, на кого му платил ?
На гаволот ? Ептен гадно, господ да му принесува крв на ѓаволот
Или на Отецот, што е безврска, зошто би не откупувал од Татко му, не се Тие непријатели

Исус не изведува од незнаење во знаење, од смрт во живот, од пропаѓање во нераспадливост
Исус нас ни го дава Својот Живот, бидејќи ние немаме живот
Нас ни дава сила бидејќи немаме сила
Нас ни дава светлина бидејќи ние немаме светлина

Значи на кого му плаќа Исус ?
На нас. Нас ни дава живот, светлина, вистина, радост, се ни дава
Како можеме да примиме од неговиот живот, од неговата сила ?
Единствено ако се соединиме со него, како што прачката е соединета со лозата
Како што сите органи од телото се соединети преку сложени врски со главата
Според Православната Црква, соединувањето се случува на Литургија со Вера и со Причест
А Според Протестантските Цркви, со вера во Господ Исус Христос

Дали фино го напишав ова ?
Прифаќам секаква критика



Коментари:
Постирано од: Halid ibn Velid
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 18:12
I jas se prasuvam Isus Bil kaznat zaradi grevot na Adam!!!!

A zosto??? Adam si zgresil a Isus platil za Grevot na Adam....

Kakva pravda e toa??? Toa ti doaga vaka--na pr:Nekoe dete da napravet krivicno delo, i zatoa KLrivicno delo da go zemaat Tatkomu vo Zatvor????Dali toa go vikate pravda???? Jas Ne!!!! vie neznam,mozebi Da...

P.S. Zatoa koga gi prasame Hristijanite zosto tie nemaat Hristijanska Drzava,kako sto nije imame Serijat....Tie vikaat deka ne smee da se ima takva drzava spored Hristijanstvoto...........Ete so ti bila rabota..Sigurno ke rabotea po ovoj ZAKON....Tatko ti mavaj krivicni dela ,a Jas ke Go Krkam...


P.s.I zosto ako ete Isus navodno,Go raspnale na Krst zaradi Grevot na Adam(spored Biblijata),Zosto bas bil Praten na Evreite da go raspnat..?????Zosto?????

Adam ne gresil prema Evreite,Nitu pak Isus zgresil prema Niv....


Zosto bas tie da go kaznuvaat???Koga Adam ne im gresil na Niv,,,Poso nemalo togas Luge???Neli????koga gresil Adam ....


Blagodaram..


Постирано од: vd
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 18:27
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Ако Исус не откупил, на кого му платил ?
На гаволот ? Ептен гадно, господ да му принесува крв на ѓаволот
Или на Отецот, што е безврска, зошто би не откупувал од Татко му, не се Тие непријатели


Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Значи на кого му плаќа Исус ?
На нас. Нас ни дава живот, светлина, вистина, радост, се ни дава


Мислам дека малку ги имаш помешано работите . . . !



Постирано од: vd
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 19:06
Исус ни платил на нас . . ај сеа, нова теорија ова некоја? збунетост



Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 19:08
Епа ај кажете на кого платил, кога не искупил


Постирано од: vd
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 19:11
Некои велат на Отецот, други на Ѓаволот, има теории за борви во небесата  . . за ова што го велиш ти . . прв пат од тебе слушам!



Постирано од: brza
Датум на внесување: 06.Февруари.2008 во 19:43
otide duhovnosta,...se e znachi,...vo plakjanjeto!голема%20насмевка

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 00:04
Ајде евангелос, објасни ми на кого му платил ИСУС кога не откупил ?
Ти си добар познавач на писмата, очекувам добар одговор

мене не ми е јасно, само размислувам


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 00:40
ЕВЕ го библиското значење на зборот ОТКУПУВАЊЕ
Барам објаснување
Што значи тоа дека Господ не откупил
На кого му платил ?

Галатјани: 3:13 Христос нè откупи од проклетството на Законот

Псалм: 31:5 Во Твојата рака го предавам мојот дух; Ти ме откупи, Господи, Боже на вистината.

11:11 Во оној ден: Господ ќе ја испружи раката повторно за да го откупи

29:22 Затоа вака зборува Господ, Бог на Јакововиот дом, Кој го откупи Авраама:

Михеј: 4:10 Виткај се од болка и пискај, Сионска Ќерко, како жена што раѓа, зашто сега ќе излезеш од градот и ќе живееш во полето. Ти ќе отидеш до Вавилон, таму ќе се ослободиш, таму ќе те откупи Господ од рацете на твоите непријатели.

Битие: 38:20 Јуда го испрати јарето, преку својот пријател Одоламецот, да го откупи залогот од рацете на жената, но не можеше да ја најде.


Излез: 13:13 Секое првородено на ослињата откупи го со јагне или јаре. Ако не го откупиш, свиткај му го вратот. А секој првороденец меѓу своите деца откупи го.
15:16 Страв и трепет ги напаѓаа нив, силата на Твојата рака ги скамени додека, Господи, не помина Твојот народ, додека не помина Твојот народ, кого го откупи.
21:8 Ако не му се допадне на својот господар, кој ја одредил за себеси, нека ја остави да се откупи. Нема право да ја продаде на странци, кога не и бил верен.
21:30 Ако на сопственикот му биде одредена откупна цена, за да го откупи својот живот, нека плати колку ќе му се одреди.
34:20 Првороденото на ослицата откупи го со едно грло од ситниот добиток. Ако не го откупиш, треба да му го свиткаш вратот. А сите првороденци на своите синови откупувај ги. Никој да не стапува пред Мене со празни раце.”


Левит: 25:25 ‘Ако твојот брат осиромаши и ако продава од својата татковина, нека дојде неговиот најблизок роднина и нека го откупи она што го продава неговиот брат.
25:26 Ако нема некого да ја откупи, а после и самиот стане имотен и спечали средства за да ја откупи,
25:28 Ако нема средства за да ја откупи, тогаш продаденото нека остане во рацете на купувачот до јубилејната година. А кога ќе стапи во јубилејот, нека се врати на својата таткова земја.’
25:29 ‘Ако некој продаде куќа за живеење во град, заграден со ѕид, може да ја откупи додека не се наполни година по продавањето; и така, откупниот рок нека е една година.
25:30 Ако не ја откупи во рок од една година, тогаш куќата, во градот заграден со ѕид, им останува за секогаш на купувачот и на неговите потомци; нека не се враќа ни при прославата.
25:48 тој може да биде откупен и по продавањето. Нека го откупи некој од неговите браќа;
25:49 или, нека го откупи неговиот стрико, неговиот роднина или кој и да е од неговото семејство од неговата крв. Или, ако има средства нека се откупи сам.
27:13 Ако некој сака да го откупи нека додаде петина кон неговата процена.’
27:15 Ако оној, кој ја заветувал куќата сака да ја откупи, нека додаде една петина кон износот на нејзиното оценување, па нека биде негова.’
27:19 Ако оној што ја заветувал нивата посака да ја откупи, нека додаде петина кон износот на проценувањето, па нека му остане.
27:20 Ако не ја откупи нивата, туку ја продаде на друг, не може веќе да ја откупува.
27:28 Но ништо од „заветуваното”, од она што Му е заветувано на Господа, било тоа да е човек или животно или негово наследено земјиште; ништо што човек Му Го посветил со завет на Господа, не може ни да се продаде ниту да се откупи. Сè што е заветувано е најголема Господова светина.
27:31 Ако некој сака да откупи нешто од својот десеток, кон тоа треба да додаде една петина од цената.


Второзаконие: 13:5 А оној пророк или соновидец нека биде погубен, зашто поттикнуваше на отпаѓање од Господа, од вашиот Бог, Кој ве изведе од Египетската Земја и ве откупи од куќата на ропството. Оној сакаше да те заведе од патот по кој Господ, твојот Бог, ти нареди да одиш. Така треба да го откорнеш злото од својата средина.”
15:15 Спомнувај си како беше роб во Египетската Земја, и како Господ, твојот Бог, те откупи. Затоа ти го заповедам ова денес.


Рут: 4:4 Затоа одлучив да разговарам со тебе и да ти предложам да ја откупиш нивата пред овие кои седат тука и пред старешините на мојот народ. Ако имаш намера да ја откупиш, тогаш откупи ја; ако немаш намера, кажи ми, да знам. Зашто, пред тебе никој нема право на откуп; јас сум по тебе.” А оној рече: „Сакам, ќе ја откупам.”
4:6 Но роднината рече: „Е, тогаш не можам да бидам откупник, за да не го растурам своето наследство. Откупи ја ти, зашто јас не можам.”
4:8 И така и оној старател му рече на Воз: „Откупи ти!” па ја собу обувката и му ја даде.


2 Самуил: 7:23 Постои ли макар еден народ на земјата како Твојот израелски народ, заради кого Бог отиде да го избави за Свој народ, за да си прославиш така име со големи и страшни чуда, изгонувајќи ги кривобожечките племиња пред Својот народ, што го откупи од Египет?


1 Летописи: 17:21 Дали постои друг народ на земјата како Твојот Израелски народ, заради кој Бог одеше за да Си избави народ за Себе, за да си придобиеш така Име со големи и страшни чудеса, изгонувајќи ги кривобожечките племиња пред Својот народ што го откупи од Египет?


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 00:48
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Исус дошол да ја врати верата во Господ преку чуда и знаци
Го вратил народот во состојба на Вера, Визија, Фантазија, Молитва, Мислење, Уметност ....

 
Исус не го вратил народот во фантазија, туку во реалност.
Исус не го вратил народот во уметност, од каде пак ова?
 
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Дали Исус не Откупил, на кого му платил ?
 
Да Исус ги откупи оние кои ја прифатија и ќе ја прифатат Неговата откупнина.
Исус не откупи од ропството на гревот и од проклетството на Законот.
Човекот падна во грев. (Битие 3:6).
Платата за гревот е смрт. (Битие 2:17).
Законот бараше живот за живот. (Излез 21:23)
Законот ја доби смртта на човекот во Исус Христос (Лука 23:46)
 
Христос со својата смрт не откупи од Законот.
"Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” "
(Галатјаните 3:13)
 
Кога Христос издивна на Голготскиот крст, Неговото тело умре, жртвата беше дадена, престапот покриен, правдата задоволена, Адамовиот грев платен, Законот исполнет, Стариот Завет - завршен!


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 00:51
Сеуште не ми е јасно
Ако откупил значи платил
На кого му платил ?
Не ми јасно зошто требало да плаќа и на кого да плаќа ?

За да веруваш во ИСУС траба да имаш визија
Јасна слика за Неговата жртва чуда воскресение ...

За мене зборот визија и фантазија е исто
Можеби не го знам значењето на зборот фантазија


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 01:02

Nikki, еве ти ја Христовата исплатница:

Место на исплата:  Голгота.
Време на исплата:  околу 33 година.
Цена:                    Христовата Крв
Купувач:                Законот.
Исплатил:              Исус Христос.
 
 


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: vd
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 09:54
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Nikki, еве ти ја Христовата исплатница:

Место на исплата:  Голгота.
Време на исплата:  околу 33 година.
Цена:                    Христовата Крв
Купувач:                Законот.
Исплатил:              Исус Христос.
 
 
 
Nikki изгледа сака да праша . . . чиј закон? Божјиот? значи . . . Платил на: Господ!!
 


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 10:41

Законот е Божји, но Христос платил на Божјиот Закон, на Божјата правда, за да не се наруши беспрекорната Светост на Бог и Неговиот Збор.

Божјите ветувања се ДА и АМИН. Божјата казна му беше изречена на Адам, но пресудата ја зеде Адамовото семе, Човечкиот Син - Христос. Бог не е човек па да прогледува низ прсти, ниту па да плука на Својот Збор. Затоа и Христос мораше да плати со смрт, заради светоста на Божјиот Збор кој му рече на Адама - ќе умреш.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Чико
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:04
Платата за гревот е смрт. (Битие 2:17)

"Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!” "
(Галатјаните 3:13)

Последица за прекршување на законот(моралниот,декалогот) е смртта.Кога Адам и Ева згрешиле требало да загинат,но Бог им дадол ветување дака Друг ке го заземе нивното место.Тоа бил Христос.Тој не откупил од тоа што не следувало нас.


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:11
Еве една илустрација која добро го илустрира ова откупување на човекот:
 
 
Томче и Перо биле најдобри другари во детството. Тие биле речиси неразделни до крајот на основното образование и многу се сакале. Но Перо се преселил во друг град, тие се запишале во различни средни училишта и полека се разделиле.
 
Перо се здружил со лошо друштво. Тој не го довршил ни средното образование, почнал да се пијанчи, да се дрогира, да краде, отпрво ситни работи, а потоа се зафатил и со сериозен криминал.
 
Томче пак од друга страна се запишал на правен факултет и бил најдобриот студент. Тој запишал и докторски студии и за неколку години станал најдобриот судија во земјата.
Сите биле фасцинирани од неговата некорумптивност и праведни пресуди. Тој не гледал кој е кој и секогаш пресудувал во интерес на правдата.
 
Но еден ден пред Судијата Томче се појавил еден злосторник кој имал направено сериозно кривично дело. Делото било толку очигледно што адвокатите не можеле ништо да сторат. Судијата го земал судиското чеканче и пред да чукне и да ја донесе пресудата, тој го погледнал во очи злосторникот и во тие очи го препознал својот другар од детството - Перо.
 
Очите на Судијата се насолзија. Додека очите на злосторникот му велеа на Томче: "другар, зарем ќе ме осудиш мене, твојот најдобар другар?". Судијата пред да чукне со чеканчето по масата, зема уште еден замав со него, чукна по масата и рече: "Пресудата се одложува за утре."
 
Новинарите, забеклежувајќи ги солзите во очите на Судијата, веднаш дознаа дека тој и злосторникот биле најдобри другари во детството и во утрешните весници, на насловоните страни се појави реченицата: "СУДИЈА ИЛИ ПРИЈАТЕЛ?"
 
Дојде и утрешниот ден. Скоро сите беа убедени дека Судијата, по еден ден мислење нашол некое решение за да го избави Својот пријател и дека конечно ќе биде пристрасен пријател кој ќе го избави својот најдобар пријател од детството.
 
Судијата го зема чеканчето, лупна со него по масата и му рече на злосторникот: "Виновен си и твојата казна е десет години затвор или 10 милиони долари"
 
Сите се шокираа. Очите на злосторникот Перо се вџашија од неочекуваната пресуда на својот најдобар другар. Се изненади и поротата, и новинарите, и сите кои беа таму присутни.
 
Но потоа се случи нешто што уште повеќе ги шокира таму присутните. Судијата ја соблече својата судиска наметка, го облече стариот џемпер, се симна од судиското столче, се доближи до Својот другар и му рече: "Јас ќе ја платам кауцијата за твое ослободување".
 
Во очите на Перо се појавија солзи. Тој отпрвин се срамеше да го погледне во очи својот пријател Томче, но откако собра сила, го погледна и му рече: "Прости ми Томче." А потоа тие се гушнаа.
 
На насловните страни од утрешните весници се појавији голем наслов со содржина: ПРАВЕДЕН СУДИЈА И НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:15
После вакво објаснение-секој коментар или прашање е излишен.


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:36
Пак бегаш од одговорот
Кажи јасно

Дали ни платил нас
Дали му платил на Отецот
Дали му платил на Ѓаволот
Дали му платил на некој друг

ЗАОКРУЖИ


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:37

Колку се 2+2

а) 3
б) 5
в) 6
 
ЗАОКРУЖИ (и не бегај од одговорот) намигнување


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:38
Niki-Одговорот е премногу јасен, што да ти одговори? Или пак сакаш некоја сопка да поставиш од твојата мистична теологија?

-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:46
Или сум јас глупава или ме правите глупава

На кого му платил Исус
КАЖИ СО ЕДЕН ЗБОР _______

ЧЕКАМ


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:49

Законот.

п.с. Тешко е ова да се сфати со еден збор, затоа и ти пишував километарски постови. Пробај да ги прочиташ внимателно, и овој погоре, и тие од 1ва страна, и меилот што ти го пишав.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 11:53
Значи тешко е да се свати, треба повеќе да размислувам за оваа тема
И друг пат немој да кажуваш дека библиата е лесна за разбирање
Да беше лесна сега сите ќе бевме едно

Фала


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 12:03
Библијата не е претешка за разбирање. Таа е доволно плитка за и рибарче да ја чита и да го сфати Божјиот план за спасение, а воедно е и толку длабока за и искусни пливачи да нуркаат низ неа и никогаш да не го допрат дното.
 
Библијата не е причината за тоа што сите не сме едно. Проблемот е во тоа што некои се држат исклучиво до Божјиот Збор, а некои додаваат врз Него и Човечки Зборови (човечки преданија, житија, приказни од типот на г. Кронштатски кои контрираат на Божјиот Збор итн).
А исто така понекогаш причините се и политички, иницирани од волците кои во овчи кожи влегуваат во црквите и вршат раздори.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 12:03
Кога сите би се држеле до Словото-можеби и до сега ќе бевме една црква Христова.


-------------
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 14:12
Зошто Ап Павле заповедал жените да си ги покријат своите глави во Црква и да не зборуваат
Освен акок се постари жени, вдовици

Ова секако не се почитува во ниедна црква
Во МПЦ единствените редовни часови по веронаука ги држи млада девојка, во Соборниот Храм
Значи немам цел да критикувам било која црква


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 07.Февруари.2008 во 14:23
И ова прашувам
Кој ќе ги измачува душите во пеколот



Постирано од: Чико
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 11:24
Интересно размислување имаш,evangelos,се гледа дека ја истражуваш библијата.Дали е завршена со тоа темата?


Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 12:53
Isus nam ni platil so svojata smrt , i ne Bog ami nie go osudivme. Tocno e deka spored desette Bozji zapovedi nikoj ne smee da se narece Bog a nitu Sin Bozji zosto Bog e nedelliv i e Eden.
Sega dali nekade Isus se narekol sebesi deka e Bog, - ne ami sekade tvrdel deka e Sin Covecki, a edinstveno koga nekoj ke go narecel deka e Sin Bozji ili Gospod togas Isus go potvrduval toa so Blagoslov, i ne toj ami negovite dela a vo odredeni migovi i celoto nebo go objavuvalo kako Sin Bozji edinoroden. Znaci Isus e osuden od nas lugjeto zatoa sto site nie go osudivme deka se narekol Gospod. i toj nam ni plati so smrt zatoa sto ne toj ami nie go narekovme mesija i Sin Bozji. Desette Bozji zapovedi se dadeni od Boga za da nie ziveeme spored niv, no toa znaci sekoj od nas sam da se trudi da si zivee spored niv, a ne da ni sluzat za da gi sudime drugite, ami za da gi sakame. Sekoj od nas se fakja za raskata na drugiot ne svakjajki deka prvi i najvazni zapovedi se onie koi ja definiraat ljubovta i pocitta kon Boga roditelite i site blizni lugje vo svetot.
Ne Bog milostiviot, drag Nikki ne e toj sudijata i izvrsitelot na toa grozno raspnuvanje, tuku toj e zrtvata, i toj e na krstot, zatoa sto Bog se smiluva na nas i rece ne se vinovni smiluvaj se na niv ne znaat sto pravat so sto ni dava so primer kako treba da se sudi sovrseno so proshka i koj e spremen da go primi toj dar na milosta Bozja toj ja prifakja negovata zrtva, a toa e voedno nasata zrtva, znaci koga ke svatis sto napravil Isus za mene i tebe togas ke svatis deka jas i ti sega razgovarajki za negovata smrt sme vo uloga na negovi advokati i sudii a toa nase pravo nikade ne ni e dadeno vo bozjite zapovedi, naredeno ni e da sakame i pocituvame a ne i da sudime, ama nie lugjeto vsusnost postapuvame sprotivno na toa. Toa pravo da sudime ama ovoj pat so ljubov Bozestvena ni go dal Isus velejki ni deka site sme nie mali Bogovi i deka treba da bideme sovrseni kako Boga a toa e vozmozno dokolku se prepustime sebesi na sovrseniot mir koj osven za ljubov i razbiranje ne znae za sebicnost i gordost i suetnost i koj gi saka site kako sebe si, so sto povtorno ni kazuva deka site tie Bozji zakoni vazat za site pa i za Boga koj e edinstven koj ne gi prekrsil.
Za kraj uste ednas Bog ne go osudil nikogo, a najmalku Isus Svojot Edinoroden Sin, ami samo nie si se sudime edni so drugi a osobeno se osuduvame sebe si koga odbivame da prifatime deka se naokolu e del od sovrsenstvoto nareceno Bog i nie samo treba da imame vistinski odnos kon sekogo i se a toa e so ljubov, pocit i milost i tolku neli e toa mnogu lesno, samo sekako toa ne e lesno dokolku ni e povazno licnoto bogatstvo, ili bilo kakvi zemni zavisnosti i zadovolstva vo koi nie bi uzivale bez razlika dali so toa povreduvame nekogo a osobeno sebe, da sebe zosto ne moze da se saka nisto ako ne se sakame i sebe si . Znaci Bog ni veli da se sakame sebe si i svoite roditeli, i site lugje na planetava bez razlika dali se Makedonci, Albanci, Hristijani ili Muslimani A toa znaci i deka go sakame Bog,i deka se sto se slucuva taka mora da bide i toa e Bozjiot mir-vistinskata radost, koja ne uci da ne mu sudime so omraza nikogo, ami so milost da prostuvame a dokolku nekoj ne mrazi poradi toa toj nekoj samiot si se osudil a ne nie a osobeno ne Bog, so cija pomos do kraj na zivotot ke se molime za svojot tuzitel i sudija da Bog im prosti, i toj vo istiot mig ke im prosti no i ke se vsadi vo niv zrnoto na vistinaskata ljubov koe ke gi budi cel zivot i koe ke gi natera da se prasuvaat dali navistina postapile pravilno koga ne osudile.



-------------
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.


Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 12:57
obavezatelno da se pogleda :efendija
http://www.youtube.com/watch?v=3qb4MvTq-eM - http://www.youtube.com/watch?v=3qb4MvTq-eM


-------------
http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН


Постирано од: postariot brat
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 13:05
Miroslav q8 zosto moras ova da go pokazuvas vo ovoj forum pa toa ne e za vo veroispoved odi so toa vo politika ili seks .

Uzas. Tazna e postapkata na toj ocaen tip na slikata ama tvoeto ocigledno sitenje motivirano od nacionalna omraza mislam deka ja nadminuva negovata postapka. Ne veruvaf deka nekogas ke pobaram da se izbrisi nekoj post ama ova e navistina degutantno, bi molel odkako ke se izbrisi negoviot post da go izbrisat i ovoj.


-------------
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.


Постирано од: diogenskopje
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 13:16
Sigurno na inkasatorot za struja ..onoj od EVN...lele kolku uporen tip e toj...nema sansi Isus da se izvlekol..mozebi i so kamata mu platilсреќасреќа

-------------
When I die, I want to go peacefully like my grandfather did, in his sleep. Not yelling and screaming like the passengers in his car."


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 21:52
Koj e pogolem Isus ili Otecot, ili Svetiot Duh

Zatoa sto na edno mesto pisuva Otecot e pogolem od mene
A na drugo, Jas i Otecot sme Edno






Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 21:54
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Koj e pogolem Isus ili Otecot, ili Svetiot Duh

Zatoa sto na edno mesto pisuva Otecot e pogolem od mene
A na drugo, Jas i Otecot sme Edno
 
Срц, а да го смениш ти насловот на оваа тема во: "Прашања и Одговори" па потоа да дискутираме, шо викаш м? Или уште подобро, отвори нова тема (а мислам и дека веќе има таква).
Ај направи нешто од овие две, па ќе ти одговорам големо%20гушкање


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: misterX
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 22:50
Ej decki jas ne gi razbiram mnogu rabotive pa ke ve prasam da mi objasnite nekolku raboti se razbira dokolku znaete. Relativno sum nov na forumov i bas se potrudiv da procitam sto sekoj od vas ima napisano i kako razmisluva. Mnogu e dobro sto vie diskutirate i sakate da pokazete koj kolku go saka Boga i kolku znae za nego.
Jas kako nedovolno zapoznat so nekoi raboti povrzani so Hristijanstvoto ke ve zamolam da mi objasnite zosto vo vasite iskazuvanja Isus sekogas go narekuvate poinaku od prethodniot pat:

Sinot bozji
Coveckiot bog- Hristos
bogocovekot isus
Bog ne osudil nikogo a najmalku Isus -svojot ednoroden sin
Bozjiot pratenik Isus
Sinot bozji -gospod- Isus Hristos
ima uste mnogu ama nemozam da gi dobrojam pa mislam deka e dovolno ova sega za sega.
E tuka pocnuva nesto da me buni.Bi sakal da mi objasni nekoj zosto ako Isus e bog ednostavno ne pocnete da go narekuvate Bog i tolku,ili pak ako e bozji pratenik togas kako moze da bide i bog. Spored ova bog imal i majka a majkamu se vikala Marija. A tatkomu se vikal Josif ama ne mu bil tatko zatoa sto tatko mu bil Bog.
Jas kolku sto znam vo site religii i sekogas site nie se narekuvame i sme bozji deca i sinovi(ako veruvame deka bog sozdava se togas avtomatski nie sme sinovi na onoj koj ne sozdal). Dali toa mozebi ni dva i pravo da si se narekuvame bogovi.
Aj sega za sega tolku ke cekam nesto da mi razjasnite pa ke ve potprasam pak uste nesto ako ne mi e jasno


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 08.Февруари.2008 во 22:56
Originally posted by misterX misterX напиша:

Relativno sum nov na forumov
 
Бидејќи си релативно нов на форумов, дозволи ми да ти објаснам едно од правилата тука, а за другите работи обрати му се на модераторот.
Ова е интернет форум. Тука сите дискутираме на темите. Дискусијата секогаш треба да се води во рамките на насловот на темата.
На пример, оваа тема гласи "На кого му платил Исус?" и доколку имаш свое мислење на ова прашање, слободно сподели го со другите, но гледај да биде во рамките на темата.
 
За неврзани прашања со темата или отвори нова тема или искористи ја веќе отворената тема "Прашања за Религиите", мјислам дека е многу посоодветна од оваа тема каде што ги поставуваш прашањата.


-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: misterX
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 00:16
Epa dobro de. jas citav sto se vie pisuvate i vie me zbunivte. E sega kako da mi odgovori moderatorot koga top ne me zbuni tuku ti mi bese nejasen najmnogu. Ajde kazi kade da ti gi postavam prasanjava i ke gi postavam.
Za da znam na kogo i zosto mu platil Isus ke moras da mi objasnis nekoi raboti.
Sega za sega jas mislam deka nikomu ne platil tuku se vratil kaj Gospoda posle izvrsenata misija na zemjata.
Ti odgovorimi na prethodnite prasanja za da mozam podobro da se vklucam vo temava.
Ok?


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 10:28
Jas ne gledam nisto nejasno
Isus e podednakvo Bog kako Sozdadel na Zemjata
I podednakvo covek, kako roden od Marija
Zatoa se vika Bogocovek
Kako i da go nareces nema da zgresis
On e i prorok,bidejki prorokuval za krajot na zemjata
On e i Angel, bidejki Angelos znaci Pratenik Bozji
Praten e da ne spasi od grevot i smrtta so svoeto ucenje


Постирано од: misterX
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 11:28
OK tebe mozebi se ti e jasno no veruvaj mene ova voopsto ne mi e jasno. Ova poveke mi izgleda na prikazna otkolku na vistina. Te molam koga veke tolku znaes kazimi vo koj del od Biblijata pisuva deka isus e bogocovek, kade vo stariot zavet pisuva deka "ke dojde uste eden i toj ke bide bog" ili pak kje dojde bogocovekot. Jas kolku sto znam tamu jasno e najaveno doaganjeto na bozjiot pratenik a ne na boga. Jas sto pati sum gi gledal filmovite za isus(iako ne sum hristijanin) i imam citano ilustrirana biblija a i nekoi drugi raboti od internet. Nikade do sega ne sum proictal deka isus samiot sebe se narekuval bog ili bogo covek i nesto slicno. Toj samiot sebe se narekuval sin bozji isto kako sto sinovi bozji gi narekuval site onie koi ke gi sretnel. Raspnat e poradi greskata na covekot koja jasno ja znael. A platil za site zatoa sto toa bila negovata zadaca- da uspee da go pobedi grevot koj vladeel na zemjata. Toa sto nekoi go pravat ramen na boga i go narekuvaat bogocovek, vo 100% ja menuva negovata misija na zemjata. Jas znam deka vie sekogas ke si veruvate taka kako sto sakate no smetam deka treba malku poinaku da gi razgledate nestata i sto pobrzo na religijata da poglednete kako na vistina a ne kako prikazna.


Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 13:36
Ima mnogu mesta i vo star i no nov zavet koi kazuvaat deka Isus e Vistinski BOG

Stihovite ke ti gi posoci Evangelos
Deckoto gi znae na pamet
Ja ne gi ucam na pamet, samo gi citam



Постирано од: misterX
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 17:23
Ok ajde ke cekam. bas sakam da vidam sto pisuva
Pozdrav


Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 20:06
EvAngelos ќе ги посочи стиховите ако сака да ги посочи, но сигурно нема да ги посочи на тема несоодветна за тоа. На муслиманов misterX веќе му објаснив погоре како се коментира на форумов, доколку не сака да ги прифати правилата нека не смета на мене како соиграч.

-------------
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.


Постирано од: misterX
Датум на внесување: 09.Февруари.2008 во 22:34
Ok. Gi prifakam tvoite pravila samo kazimi kade da procitam.
POzdrav



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk