IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
Автор
Порака
naemnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 658
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naemnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 14:55
СТЕФАН ВЛАХОВ - МИЦОВ ОТКРИВА НОВ ФАЛСИФИКАТ НА БУГАРСКИ ИСТОРИЧАРИ
Јаворов ревидиран, Делчев побугарчен!

Во бугарските медиуми деновиве „грмна“ веста дека тамошни современи историчари, кои ги „уточниле“ стенограмите на Пејо Јаворов, најголемиот биограф на Гоце Делчев, го откриле „бугарскиот карактер“ на идеологот на македонската револуционерна борба. Професорот д-р Стефан Влахов - Мицов за „Време“ го анализираше „откритието“ на неговите бугарски колеги и еве до какви сознанија дојде. Со навидум ситни преправки, една клучна реченица на Гоце Делчев доби сосема поинаква смисла. Преправката е навистина „малка“. Од технички аспект, само зборот „секое“ станал „бугарско“. Најновиот историски фалсификат е направен во наводното „фототипско“ издание на личните дневници на поетот, подготвено по повод 130-годишнината од неговото раѓање. Со оглед на тоа дека постојат и претходни изданија на дневниците, лесно се докажуваат најновите наивни фалсифукувања на историјата во Бугарија. Најновата ѓурултија ја крена новото фототипно издание „Личните дневници на П. К. Јаворов“ по повод 130-годишнината од раѓањето на бугарскиот поет Пејо Јаворов. Во издание се сместени и куп измислени наслови, како што се „Откриени ајдучките архиви на Јаворов“, во рубриката „Сензационално“ на весникот „Стандард“ од 11 јануари 2008 година и „Непознати стихови и записи на Јаворов“ во весникот „Дневен труд“, од 13 јануари годинава, а пред тоа беа објавени и уште покатегорични написи, како оној: „Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин“. Зошто велам невистинити или неточни наслови? Бидејќи местото каде што е пронајден деветтиот бележник на поетот, не само што отсекогаш било познато, туку и дел од содржината е публикуван уште во времето на триесеттите и четириесеттите години на 20 век. Другиот дел што го засега македонскиот период на Јаворов, е познат од двете изданија на книгата „П. К. Јаворов - летопис за животот и делото“ од Ганка Најденова-Стојанова, роднина на поетот. Првото е печатено во 1959 година, а преработено и дополнето во 1966 година. Од 1995 година споменатите бележници се чуваат во Народната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија, па од споредбата се гледа дека тука нема ништо неизвесно и сензационално. Всушност, сензацијата почна пред неколку денови, со помпезната промоција во Народната библиотека на луксузно опремениот том „Личните белешки на П. К. Јаворов“, Софија 2008, во издание на „Захариј Стојанов“. И уште попрецизно, од една фраза на Гоце Делчев прочитана на нов начин, што Јаворов ја запишал во бележникот. Да појасниме: од деветте бележници на поетот два се пишувани со стенографско писмо. Јаворов изучувал стенографија во Пловдивската гимназија само една година. За толкав период може да се усвојат само основните принципи без да се постигне којзнае каква брзина при пишувањето. Поинаку речено, нема посебна разлика дали ќе ги запишувате зборовите стенографски или со обично писмо. Затоа и Јаворов не се обидувал да стенографира разговори за што е потребна брзина и техника, а запишувал одделни фрази, датуми и имиња. Следува логично прашање: Зошто поетот го користи стенографското запишување што не го владеел добро? Одговорот е во содржината на двата бележника. Означениот како Бележник број 4 е воден во периодот од шести јануари до 25 април и од 19 до 25 мај 1903 година, кога Јаворов бил во четите на Гоце Делчев, и потоа на Јане Сандански. Бележникот број 5, пак, го утврдува патувањето на Јаворов до Женева и Париз во 1904 година. Очебијно, Јаворов не сакал белешките да им бидат достапни на оние што во тоа време го одбегнувале, ниту пак на подоцнежните љубопитни погледи. Да не заборавиме дека во тоа време малкумина имале познавања од стенографијата. Многу подоцна, кога потписникот на овие редови активно се занимаваше со стенографија, интересирањата за стенографијата беа особено големи. Но, да се вратам на прочуената фраза на Делчев, запишана од Јаворов на 12 јануари 1903 година. Во досегашната редакција на Ганка Најденова - Стојанова „Летопис. . . . “, 1986 г. стр. 181 таа звучи вака: / Јас: Црното забулено. Дел/ ч/ев ќе го искинам тоа забулено. Ќе огрее сонцето на слободата, не на секое сонце. Јас. . . / Бидејќи Јаворов на повеќе места со стенографски запис ги запишува целите зборови, нивното прочитување не е воопшто тешко. Во контекст на дневната врева што ја покрена бугарската пропаганда изгледа дека проблемот е само во прочитувањето на зборот „секое“, кој според новата редакција е определен како „бугарско“. Практично, бомбата на дневните пропагатори отпорано ја фрли Најденова-Стоилова, а денес тие се држат за фитиљот. Утре: Големи фалсификати со една цртичка


Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 17:09
Originally posted by Izzie Izzie напиша:


Originally posted by Izzie Izzie напиша:

абе дуленце...и Гоце додека бил во воено училиште носел турско униформиче...а сите знаеме колкав турчин бил...намигнување
прочита?


Гоце Делчев и Гоце Имов како jункери во Софиjа

Верно е што Гоцето е носил бугарска униформа. Но тоj е носил во пероидот кога се е учил за офицер. За носенето на таа униформа плата не е получавал.
Докато... Димитар ПопГеоргиев е работил като бугарски полицески началник и е получавал плата за таа работа. Тази е разликата. Иначе и двоицата са дали клетва за верност на негово величество царот. (тогава е бил кнез, ама клетва пак е имало).
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 17:18
Па Гоцето е бил и бугарски учител Преподавал е историjа и географиjа во училиштето во Штип. Еве една бугарска диплома дето е виден потписот на Гоцето. Наj долу е видно што е писал две оценки ("Отличен" 6). Бил е много добар бугарски учител

Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 17:19
Originally posted by дуле дуле напиша:

Па Гоцето е бил и бугарски учител Преподавал е историjа и географиjа во училиштето во Штип. Еве една бугарска диплома дето е виден потписот на Гоцето. Наj долу е видно што е писал две оценки ("Отличен" 6). Бил е много добар бугарски учител


па нормално дека бил бугарски учител чим (само дали баш предавал на бугарскинамигнување)

знаеш,морал да работи нешто за да ја помага Организацијата...бидејки таа сакала да ја ослободи Македонија без ничија помош...поготово бугарска...
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 17:21
Originally posted by дуле дуле напиша:

Originally posted by Izzie Izzie напиша:


Originally posted by Izzie Izzie напиша:

абе дуленце...и Гоце додека бил во воено училиште носел турско униформиче...а сите знаеме колкав турчин бил...намигнување
прочита?


Гоце Делчев и Гоце Имов како jункери во Софиjа

Верно е што Гоцето е носил бугарска униформа. Но тоj е носил во пероидот кога се е учил за офицер. За носенето на таа униформа плата не е получавал.
Докато... Димитар ПопГеоргиев е работил като бугарски полицески началник и е получавал плата за таа работа. Тази е разликата. Иначе и двоицата са дали клетва за верност на негово величество царот. (тогава е бил кнез, ама клетва пак е имало).


Да не е ова дедо ти во војска???
Мене не ми личи на Гоце
Како и да е да Гоце бил во бугарското воено училиште...ама го напуштил поради бугарската пропаганда

Изменето од Vladimir88 - 05.Февруари.2008 во 17:21
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 17:29

Уставот на ТМОРО, напишан од Гоце Делчев






Изменето од macedon_alex - 02.Јули.2009 во 00:24
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 18:02
P.S.

Ustavot e od 1902 godina
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 20:02
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ ЕДИНСТВЕНО КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ ВО СВЕТОТ.
                                    ГОЦЕ

Кога бе сите вие ке се кренете над самите себе и ке ја сватите оваа космополитска мисла и порака на Гоце. Зошто го правите со сила Бугарин кога вие го убивте оти ви ја осуети намерата со Македонија. Гоце сакаше да биде граѓанин на светот и како таков славете го и почитувајте го неговото дело.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2008 во 11:50

Уставот на ТМОРО
Кон врв
Vladimir88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
"Arbeit macht frei"

Регистриран: 20.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4349
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vladimir88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2008 во 11:57


Ова е уставот напишан од раката на Гоце Делчев и Ѓорче Петров......



Art. 1. The Secret Macedonian-Adrianople organization has the goal of uniting all the disgruntled elements in Macedonia and the Adrianople region, regardless of their nationality, to win, through a revolution, a full political autonomy for these two regions.
Art. 2. To achieve this goal the organization fights to throw over the chauvinist propagandas and nationalist quarrels that are splintering and discouraging the Macedonian and Adrianople populations in his struggle against the common enemy; acts to bring in a revolutionary spirit and consciousness among the population, and uses all the means and efforts for the forthcoming and timely armament of the population with all that is needed for a general and universal uprising.

Chapter II. - Structure and Organization
Art. 3. The Secret Macedonon-Adrianoplitan revolutionary organization consists of local revolutionary organizations (bands) consisting of the members of local towns or villages.
Art. 4. A member of SMARO can be any Macedonian, or Adrianoplitan...

Изменето од Vladimir88 - 06.Февруари.2008 во 12:00
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 17:29
105 години од смртта на Гоце Делчев
Макфакс      Коментари (0)   
04.05.2008 14:00
Гоце Делчев


Денеска се навршуваат 105 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Делчев е еден од најголемите идеолози на ослободителното движење на македонскиот народ од крајот на 19 и почетокот на 20-от век.

Роден е во Кукуш, Егејска Македонија на 4-ти февруари 1872 година, а загина на денешен ден пред 105 години, во селото Баница, во борба против османлиската војска.

По повод годишнината од смртта на овој револуционер, денеска во Собранието ќе бидат доделени наградите „Гоце Делчев“ на пет научни работници за особено значајни остварувања во области на науката.

Годинешната награда „Гоце Делчев“ им се доделува на академик Владимир Серафимоски, за трудот „Клиничка панкреатологија”; на д-р Фросина Ташевска Ременски, за трудот „Македонското национално малцинство во соседните земји” и на д-р Валентин Мирчески, д-р Шебојка Коморски Ловриќ и д-р Миливој Ловриќ, за трудот „Квадратно-бранова волтаметрија-теорија и примена” ("Sguare-Wave Woltametry: Teory and Application").
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2008 во 23:18
Мене искрено ми е многу мило за наградата на д-р Фросина Ташевска Ременски бидејки лично ја имам запознаено и го имам прочитано нејзиното дело за Македонците во соседните земји.Самата помисла низ што се има поминато за да собере информации од Македонците во Албанија,Бугарија,Хрватска,Словенија,Црна Гора,Романија,Србија и Грција - може ли да си замислите?????????
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 10:58
ПОГРЕБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО СЕЛО БАНИЦА
Херојската и трагична смрт на овој македонски визионер, организатор и предводник на македонското национално ослободително движење се случила на 4 мај 1903 година во селото Баница.
По смртта, на иницијатива на началникот на серскиот гарнизон Тефиков, била дадена наредба неговото тело да се однесе во серската општина и таму да се погребе.
Но, и од Солун била испратена заповед телото да се врати во селото Баница и Гоце Делчев таму да биде погребан.
Три години подоцна, моштите на Гоце се ископани од страна на неговиот соборец Михаил Чаков и ставени во олтарот на црквата во селото Баница, а во 1917 година тој самоиницијативно ги пренел во Софија.
МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕНИ ГО ОПЛАКУВААТ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Подоцна, ставени во специјален дрвен резбан саркофаг, на кој била испишана пораката "Го заколнуваме поколението, овие свети коски да се однесат во престолнината на слободна и независна Македонија", ги презела Илинденската организација.
Тогаш саркофагот бил изложен во црквата "Света Недела" во Софија.
Илинденската организација во Софија повеќе од четврт век ги чувала моштите на Гоце, сè до октомври 1946 година.


КОНЕЧНО ДОМА

Така, точно 43 години (1903-1946) по смртта на Гоце Делчев, во заеднички компромисен и толерантен договор, меѓу македонската и бугарската власт во 1946 година, моштите на великанот Гоце Делчев тргнале на патешествие од Софија преку Пиринскиот дел на Македонија кон Скопје.

Конечно на 10 октомври 1946 година престолнината на слободна и независна Македонија ги пречекала земните останки на големиот борец и апостол на слободата на македонскиот народ, Гоце Делчев.

Граѓаните на Скопје и околината достоинствено и со пиетет ги дочекале дрвениот саркофаг и поворката која ги придружувала моштите на великанот Гоце.
"Со положувањето на Гоцевите мошти во оние октомвриски денови во 1946 година, придружувани од тогаш нему достојните воени и граѓански почести, се оствари историскиот аманет на неговите соборци.
Тие мошти вечно да почиваат во престолнината на Македонија.
Од тогаш овој споменик стана македонско светилиште, место на поколение пред споменот на Гоце и на сите Гоцеви знајни и незнајни соборци и македонски страдалници.
Црквата 'Свети Спас' стана негов вечен дом, во кој Гоце заслужено почива, но таа е и храм на ширење на македонските не само духовни, културни, туку и револуционерни традиции", ќе запишат авторите на книгата.

Во светлата и долга македонска историја изложена на воени и културно-цивилизациски влијанија од Исток и од Запад вткаени се животите на многу генерации и на многу дејци од културни и од научни центри, а надареноста на поединци да одржуваат чекор со времето, се одрази врз цивилизациските придобивки на сопствената земја и на светот општо.
Силното чувство на македонскиот патриотизам и свеста за посебноста на македонскиот национален идентитет беше најзначаен влог на револуционерите со особена надареност во поновата македонска историја, кои и покрај јавната верификација на нивните жртви и дела, останаа да ја делат судбината на својот неослободен народ.
Еден од плејадата на никогаш незаборавените македонски револуционери и вечни патоводители на македонскиот народ е големиот Гоце Делчев.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2008 во 12:37


Изменето од macedon_alex - 02.Јули.2009 во 01:53
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.