IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 23>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
    Испратена: 04.Февруари.2008 во 16:03
Султана-ДЕЛЧЕВАТА МАЈКА

Една вечер Кољо ми рече:
- Третото машко ќе биде, Султано.
Беше малку на ќеф. Инаку тој со мене таков муабет никогаш не поведувал.
Сите велеа дека страв во коски ми има втерано. Не беше тоа страв. Вечерно време, кога се враќаше од крчмата, оддалеку му ги сеќавав стапалките. Срцето ќе ми затупкаше од радост. Го чекав со некаков трепет во градите. Сакав да е дома, оти тогаш животот ми беше многу убав. Како некоја подземна вода ме креваше угоре, угоре, угоре.
Откако ја сменив селската облека, Кољо скоро секој празник ми купуваше кадифен или копринен фустан и тоа многу скапи. И под широкиот фустан, се насетуваше новата рожба.
Господи, си мислев, како да му кажам, ја ако и овојпат не биде...
(Удира на колена и се ирекрсшува иобожно и молишвено.)
Една вечер Кољо ме спревари:
- Знам, знам, Султано, кога спиеш, си го допирам увото на мевот... Ова ќе ни биде машко.
Неговите лафови како пламени јазици навлегоа во моите гради. Богородице, си велев, ја ако не биде машко - во оваа куќа за мене живот не ќе има.
Ќе ми се кренеше сонот - со часови очи не затворав. Го чекав денот, часот, а кога дојде и тој миг, ги стегнав болките во грлото, глас не испуштив, а очите сум ги раширила накај килимот - гледам што ќе падне од мене...
Кога баба Лика рече дека е машко, думам, се свртев накај неа и викнав на сиот глас:
–Оди стрино Лико, кажи му на мој Кољо...
(Доаѓа до авансцената.)
Мојот домаќин ми го чул гласот, летнал накај сокакот гологлав без фес, дотрчал до крчмата и почнал да ги кани минувачите:
- Бујрум, браќа! Бујрум да ве честам! Господ крилја ми всади, син ми се роди!
Им зготвил и <чевирме>, асал кукушка софра им стокмил.
А другиот ден, со пијано срце од гордост, ги нагостил и пазарџиите од Мурарци. Со денови се раскажуваше по чаршијата дека
анџијата Кољо Делчев, го одврзал ќесето.
Нункото му го стави името Горѓи на детето, а Кољо со пцости го покори. Сакаше синот да му се вика Димитар, како татко му.

А јас, од првиот час си го завикав Гоце.

Ката Мисиркова – Руменова


04.02.1872.- Во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Гоце Делчев, прв меѓу првите револуционерни синови на македонскиот народ. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја НО борба на македонскиот народ, тој ја обиколи цела Македонија. Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледаа најголем непријател и се обидуваа на секој начин да го ликвидираат. Така, на 4 мај 1903 година, во борба против османлиската војска во селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија, загина великанот Гоце Делчев.


Изменето од Boogie - 04.Февруари.2008 во 16:13
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 16:09
Буги ти фали и денешната дата само голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 16:11
Знаеме сите дека Делчев е роден денеска,нелизбунетост
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 16:11
да да......ама си пишал и ден и година кога загинал па и oвој ден да го пишеше ..мож некој не знае од кај знаешголема%20насмевка 

Изменето од blueprayer - 04.Февруари.2008 во 16:13
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 16:13
Готовоголема%20насмевка
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 16:14
Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Готовоголема%20насмевка
е сега целосно можам да ти дадам едно аплауз денов треба да се слави....сепак се работи за наш поранешен херој
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 16:26

136 години од раѓањето на Гоце Делчев

Макфакс  
04.02.2008 14:09
Гоце Делчев

 

Македонија денеска со низа пригодни настани ја одбележува 136-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, еден од најголемите револуционери на македонскиот народ.

На неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје претпладнето цвеќе положија висока владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски, од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, Собранието, на Армијата на Македонија, Здружението на борци на Македонија, на МАНУ, како и на организации кои го носат неговото име.

По повод годишнината од раѓањето на Делчев, пригодна реч за неговиот лик и дело одржа професор д-р Марија Пандевска.

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија. По завршувањето на Воената академија во Софија во 1891 година, се враќа во Македонија како учител во Штип, каде се запознава со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО.

Како резултат на блиското пријателство меѓу двајцата, Делчев и се придружил на Организацијата во 1895 година, набрзо станувајќи еден од нејзините лидери.

Гоце Делчев загина на 4 мај 1903 година, во борба со турската војска во близина на селото Баница.

Меѓу поновата историографија нема дилеми дека Делчев бил предаден, но се уште нема јасни одговори од кого.

Неговите посмртни останки прво се пренесени во Бугарија, за на 11 октомври 1946 година да бидат пренесени во Скопје, во црквата Свети Спас.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 17:27
One of the most striking figures of the Macedonian revolutionary movement and its chief ideologist, was Goce Delcev. He matured into a real revolutionary , broad-minded and clear-sighted, person who became a synonym for the uncompromising, brave and honest freedom fighter.
Born on 04.02. 1872 in Kukus, he continued his education in Salonika, thus entering the world of science, literature and the first socialist ideas. He showed a wide interest in areas of social science, history, philosophy, socialist, and politics. His formation was influenced by educational ideas from the 18th century, bourgeois revolutions, the Paris Commune, and Russian revolutionary and democratic literature. He read the works of Marks, Engels, Kautsky, Chernyshevsky, Dobrolyubov, Herzen and others; a particularly deep impression was left on him by the views of Pisarev, which helped later to form his own.
Goce Delcev was not only a fearless revolutionary and patriot, devoted to improving the lot of his people, he was also a great visionary. He took a very cosmopolitan view of the world: " I see the world as an arena where the cultures of all nations compete ". This extremely humane message (which is still valid today), was typical of this great revolutionary humanist.
When Goce Delcev was killed on 4 May 1903 in the village of Banica near Stip, news of his death came as a painful blow to the whole of Macedonia.
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2008 во 17:40
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:


Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Готовоголема%20насмевка
е сега целосно можам да ти дадам едно аплауз денов треба да се слави....сепак се работи за наш поранешен херој


Зошто поранешен - зарем имаме нови херои од неговиот ранг. Гоце е херој на сите времиња: и минати и сегашни и идни.
Нека му е вечна слава!
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 01:55

ОДБЕЛЕЖАНИ 136 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ


По големите луѓе се препознава народ


Со почит кон ликот и делото на Гоце Делчев, свежо цвеќе на неговиот гроб положија премиерот Никола Груевски, делегација од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, како и претставници на Собранието, Град Скопје, општините и здруженија на граѓани од Скопје, другите делови на Македонија и надвор од границите на државата


Во присуство на голем број граѓани, свештени лица и претставници на Владата и државните институции, вчера во Црквата Св. Спас" во Скопје, беше одбележана 136-годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Со почит кон ликот и делото на Делчев, свежо цвеќе на неговиот гроб положија премиерот Никола Груевски, делегација од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, поранешниот претседател на Македонија Киро Глигоров, како и претставници на Собранието, Град Скопје, општините и здруженија на граѓани, од Скопје, но и од другите делови на Македонија и надвор од границите на државата.

-Со најголем пиетет молитвено се поклонуваме пред револуционерниот лик и дело на големиот македонски син и идеолог Гоце Делчев. Гоцевите возвишени визии, идеи и идеали беа најплодородното семе на кое требаше да раснеме за праведен соживот и демократски поредок и живот на нашите етнички македонски простори. Од тие Гоцеви идеи, традиционално негувани и љубоморно чувани, се напојуваме и надахнуваме и во нашето современо живеење и творење. Без големите луѓе и датуми се губи можноста за нашето препознавање меѓу нациите, бидејќи без нивните подвизи, дела и херојства би била празна историјата и културата на нашиот народ. Да ги чевствуваме нивните дела и да ја браниме спечалената државотворната и црковна слобода и по демократски пат да ја градиме иднината на европска Македонија, со цел да бидеме поставени на исто рамниште со сите мирољубиви и трудољубиви народи, кажа вчера митрополитот полошко-кумановски г. Кирил.

Според програмата на Меѓународната манифестација Гоцеви денови", реч за Гоце, корифејот на македонското национално ослободително и револуционерно движење, одржа и проф. д-р Мирјана Пандевска, која говореше за времето во кое тој живееше и дејствуваше.
Инаку, Делчев е роден 1872 година во Кукуш, Егејска Македонија. Како член, а потоа и водач на ТМРО, тој бил голем хуманист, учител и борец. Ја организирал Народноослободителната борба на македонскиот народ, при што ја обиколил цела Македонија. Животот го загубил на 4 мај 1903 година во борба против османлиската војска во селото Баница, Серско.

На гробот на Гоце Делчев вчера се поклонија и претставници од универзитети, политички партии од Егејска и Пиринска Македонија, како и од селото Подгорци, Струшко, каде што се одржуваат Гоцеви денови.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 12:00
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:

Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:


Originally posted by Boogie Boogie напиша:

Готовоголема%20насмевка
е сега целосно можам да ти дадам едно аплауз денов треба да се слави....сепак се работи за наш поранешен херој


Зошто поранешен - зарем имаме нови херои од неговиот ранг. Гоце е херој на сите времиња: и минати и сегашни и идни.
Нека му е вечна слава!
срц па тој и сеа е херој ама минато е сепак...иако ние ке го славиме секогаш....голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
naemnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 658
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај naemnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 12:09
Celebrating Gotse Delchev’s 136th Birthday

136 years have passed since our beloved hero Gotse Delchev was born on February 4th, 1872 in Kukush, a town in Greek occupied Macedonia only 35 kilometers north of Solun.
While celebrating Gotse’s birthday this year let us not forget where he comes from and more importantly let us not forget that after a century and a half from his birth Macedonians living in his town in Greece to this day have no right to call themselves Macedonian and lack even the most basic human rights the civilized world takes for granted.
Gotse gave his life for Macedonia, especially for the freedom of all the Macedonian people wherever they may live.
Let us not forget the Detsa Begaltsi (refugee children), victims of the Greek Civil War who were evicted en masse in 1948 by the tens of thousands under the pretense that it was only going to be a “temporary evacuation” and are still not allowed to return, not even to visit.
Let us also not forget the thousands of Macedonians who are blacklisted by the Greek State for “unknown reasons” and who are still not allowed to return, not even to visit their ailing relatives. Let us also remember the hundreds of thousands of Macedonians assimilated, persecuted, tortured, jailed and evicted from their homes by the Greek State for simply being Macedonian.
So, while we celebrate Gotse’s birthday this year, let us all also say a prayer for all our heroes who were born to suffer because they were born Macedonia.

Happy 136th Gotse

Risto Stefov
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 12:12

Прославени 136 години од раѓањето на Гоце Делчев

„Со целокупната своја дејност Гоце Делчев создал посебна традиција и оставил длабоки траги во историското паметење на народот во Македонија, што не можат да бидат избришани со фарисејските извртувања на историјата-рече меѓу другото во својата беседа проф. д-р. Марија Пандевска.

На свеченоста, која се одржа во црквата „Св. Спас“ во Скопје, во присуство на г.г. Стефан и претставници на Македонската православна црква, претставници на Владата, Собранието на Република Македонија, Здружението на борците на Македонија, претставници на Собранието на град Скопје, како и претставници на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, говореше г. Кирил, кој при тоа истакна дека: „Големите луѓе и нивните дела секогаш се светилник за својот народ. Така и Гоце Делчев беше светилник за македонскиот народ, чија земја е секогаш во виорот на случувањата на овие немирни балкански простори.

Во рамките на програмата која се одржа во организација на Меѓународната манифестација „Гоцеви денови“, настапи и женскиот хор при МКЦ, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, а потоа цвеќе на гробот на великанот положи премиерот Никола Груевски, делегација од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски, првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на Републичкото собрание, на Меѓународната манифестација „Гоцеви Денови“, , МАНУ, претставници на Здружението на борците на Македонија, на Друштвото на писателите на Македонија, политички партии, Собранието на град Скопје, на Собранието на општина Центар, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и други.
Кон врв
дуле Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај дуле Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2008 во 13:41


Според македонскиот историчар Иван Катарџиев: „Денес веќе нема никави дилеми од формална гледна точка, т.е. спрема Уставот и Правилникот, како во почетокот била именувана, од основачите, Македонската револуционерна организација. Како што соопштуваат Дамјан Груев и д-р Христо Татарчев под влијание на бугарската револуционерна литература таа „била оформена според образот на статутот на Револуционерната организација во Бугарија пред нејзиното ослободување“. Иако ниту Груев ниту Татарчев ниту пак другите спомнуваат како формално била именувана, тоа денес веќе се знае. Постоечките документи говорат дека таа била наречена „Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети“. Оваа име Организацијата го добила на својот прв Конгрес одржан во летото (15 август 1894) во Ресен. Меѓутоа, согледувајќи ја целата несоодветност на ова име со македонските услови и битие, од една и појавата на Врховниот комитет 1985 г. во Софија, на конгресот 1896 г. во Солун било решено името на Организацијата да се промени. Таа била наречена „Тајна македоно-одринска револуционерна организација“. Формално своето општо народно и трајно присутно име во свеста на Македонецот, „Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација“ (ВМОРO) го добила на Рилскиот конгрес есента 1905 г. ...во првиот Устав и Правилник (од 1894) се вели дека член на БМОРК може да биде секој Бугарин без разлика на пол, кој не е компромитиран“. Тоа значи дека во својата почетна активност појдовните основи на Револуционерната организација биле доста ограничени и националистички насочени. Таа требала да се потпира само на оној дел од македонскиот народ што бил под јурисдикција на Бугарската егзархија, т.е. под влијание на бугарската верска и просветна пропаганда. Македонците кои биле под грчка и српска или некоја друга слична пропаганда немале право на членство во организацијата. Треба да се каже дека брзо по оснивањето на Организацијата и особено по влегувањето на Гоце Делчев во нејзините редови (есента 1894), била согледена сета неподобност, сета штетност за македонските услови и македонското политичко битие крајно ограничувачките националистички основи на Организацијата и во практика биле напуштени. Две години подоцна, по решение на Солунскиот конгрес од 1896 г. во новите документи тие и формално ќе бидат отстранети. Новите цели на Организацијата, тие што трајно останале во меморијата на нејзините активисти, решително се ослободиле од секаков национализам давајќи и општонароден, интернационален карактер, лик што одговарал на народносните прилики во тоа време во Македонија.“ (Иван Катарџиев, Кон спомените на И.Х.Николов... Скопје 1995. 8-9 и 11-12)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.