|
Проклетства во Библијата |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 02.Февруари.2008 во 15:49 |
Што мислите за овие проклетства од Св Писмо
Проклет да е оној човек што ќе направи изрезан или излиен идол, одвратност пред Господ, работа на уметнички раце, па го става на скришно место. Целиот народ да биде известен и нека рече: Амин Проклет да е оној што го навредува таткото свој или мајката своја. Амин Проклет да е оној кој ја поместува меѓата на ближниот свој. Амин Проклет да е оној кој одстранува слеп човек од патот. Амин Проклет да е оној кој криво суди придојден, сиромав или вдовица. Амин Проклет да е оној кој ќе легне со жената на таткото свој, зашто тој го открил крајот од покривката на таткото свој. Амин Проклет да е оној кој ќе легне со каков и да било добиток. Амин Проклет да е оној кој ќе легне со сестрата своја, со татковата ќерка или со мајкината ќерка. Амин Проклет да е оној кој ќе легне со тештата (Мајка на Жената) своја. Амин Проклет да е оној кој ќе легне со сестрата на жената своја. Амин Проклет да е оној што ќе го убие тајно ближниот свој. Амин Проклет да е оној што зема поткуп за да погуби душа и пролее крв невина. Амин Проклет да е секој кој не ќе ги исполни сите наредби од овој закон и не ќе постапи според нив. Амин А ако не го слушаш гласот на Господ твојот Бог, не ги пазиш и не ги исполнуваш сите негови заповеди и наредби што ти ги заповедам денес, ќе паднат врз тебе и ќе се збиднат сите овие проклетства. Проклет ќе бидеш во градот и проклет ќе бидеш во полето Проклети ќе бидат твоите житници и твоите остави Проклет ќе биде плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја, плодот на говедата твој и плодот на стадата овци твој Проклет ќе бидеш кога влегуваш и проклет кога излегуваш Нека ти испрати тогаш Господ скудност глад и уништување на секоја работа на рацете твои, каква и да вршиш додека не те истреби и додека наскоро не те погуби поради твоите лоши дела зашто си ме оставил. Господ нека испрати тогаш врз тебе и помор додека не те истреби од земјата во која одиш да ја наследиш Нека те порази Господ со истоштувања и огнови со треска и воспаление со суша со топол ветер и гламја по житата и тие ќе те гонат додека не загинеш. И небото над главата твоја ќе стане бакар а земјата под тебе железо, наместо дожд Господ нека и даде на земјата пепел, и земја од небото ќе паѓа, ќе паѓа врз тебе додека не те истошти додека не те истреби. Нека те предаде Господ на непријателите твој за да те поразат, по еден пат ќе излезеш против нив а по седум патишта ќе бегаш од нив и ќе бидеш расеан по сите земни царства. Твоите трупови ќе станат храна на сите птици небесни и на ѕверовите и не ќе има кој да ги истера Нека те порази Господ со Египетската лепра по домовите, со дива краста јадеж од кој не ќе можеш да се исцелиш, нека те порази Господ со беснило слепило и слабоумност. И ќе одиш дење со пипање како што оди слепиот со пипање во темнината, и патот твој нема да биде прав и ќе бидеш тогаш секогаш навредуван и ограбуван и не ќе има кој да ти помогне. Ќе земеш жена и друг ќе ти ја земе, куќа ќе изградиш и нема да живееш во неа, лозје ќе насадиш и нема да го обереш. Телето твое пред тебе ќе го заколат и нема да јадеш од него, оселот ќе ти го грабнат и нема да ти го вратат, овците твои ќе бидат дадени на непријателите твои и ќе нема никој да ти помогне. Синовите твои и ќерките твои ќе бидат предадени на друг народ, очите твои ќе гледаат и ќе чезнеат по нив но нема да имаш сила во рацете свои. Плодовите на земјата твоја и целиот труд твој ќе го јаде народ кого ти не го познаваш, и ќе бидеш само навредуван и измачуван преку сите денови. Ќе бидеш избезумен од тоа што ќе го гледаат очите твои. И нека те порази Господ со лоша повреда во колената и на листовите од кое не ќе можеш да се излекуваш, од стапалата на нозете твои и дури до главата твоја. Господ нека те одведе тебе и кнезовите твои што си ги избрал при народ кого не си го познавал ниту ти ниту татковците твои, и таму ќе служиш на други Богови дрвени и камени и ќе станеш таму за чудо, приказ и подигравка кај сите народи кај кои Господ Бог ќе те одведе. Многу семе ќе фрлиш во нивата а малку ќе собираш зашто ќе го јададат скакулци. Лозје ќе садиш и ќе го работиш и вино нема да пиеш и нема да се веселиш од него зашто црв ќе го јаде. Маслини ќе имаш во сите твои предели но со елеј нема да се помажеш бидејќи маслинките твои ќе паѓаат. Синови и ќерки ќе родиш но тие нема да останат при тебе зашто во плен ќе отидат. Сите твои дрва и сите жита на земјата твоја гламја ќе ги уништи. Придојдениот кој е кај тебе ќе се издига над тебе се повисоко а ти ќе паѓаш се пониско, тој ќе ти дава на заем а ти нема да му даваш на заем, тој ќе биде главата а ти ќе бидеш опашката. Ќе дојдат врз тебе сите овие клетви, ќе те гонат и ќе те стигнат, додека не те уништат затоа што не го послуша гласот на Господ твојот Бог и не ги запази заповедите и наредбите негови што ти ги беше заповедал. Тие ќе бидат врз тебе и твоето потомство знак и чудо довека. Зашто ти не му служеше на Господ твојот Бог со весело и радосно срце, поради изобилството во се ти ќе му служиш на непријателот свој што ќе ти го испрати Господ твојот Бог во глад и жед, во голотија и секаква скудност, тој ќе ти става на вратот железен јарем додека не те уништи. Ќе испрати Господ против тебе народ од далеку од крајот на земјата, како Орел ќе се спушти народот чиј јазик не го разбираш, народ бездушен кој не сака ни старо да почитува ниту младо да помилува и ќе го изеде тој плодот од добитокот твој и полодот од земјата твоја, нема да ти остави ни жито ни вино ни елеј, ниту од говедата твои ниту од овците твои додека не те погуби, и ќе те притеснува во сите твои градови додека не ги разруши во твојата земја твоите високи и јаки ѕидови на кои ти се надеваш, и ќе ти нанесе зло во сите твои градови во целата твоја земја која Господ твојот Бог ти ја даде. И ти ќе ги јадеш чедата од утробата твоја, телото на синовите и ќерките свои кои Господ твојот Бог ти ги даде во теснотијата твоја и во жалоста твоја во која ќе те стави непријателот твој. Мажите и младите при вас многу ќе му позавидат на братот свој, на саканата жена и на другите деца свои што му останале, и нема да му даде на ниеден од нив тело од децата свои кој тој ќе ги јаде зашто нема да му остане ништо друго во притеснетоста и во жалоста во кои ќе те постават непријателите твои во сите твои градови. Жена нежна и млада, убава, меѓу вас која поради убавината и младоста никогаш со нога не стапнала на земјата со безмилосно око ќе гледа на саканиот маж свој, на синот свој, на ќерката своја, и нема да им го даде последокот што излегува од бедрата нејзини на децата што ги родила зашто при скудноста во се таа ќе ги јаде тајно во притеснетоста во која ќе те стави непријателот твој во твоите градови. Ако не ги пазиш и исполнуваш сите зборови од законот напишани во оваа книга и не се боиш од ова чесно и чудесно име на Господ твојот Бог, Господ ќе те порази тебе и твоето потомство со необични порази, со порази големи и трајни и со болести лоши и долги и ќе ги навлече врз тебе сите лоши болести Египетски од кои се плашеше и тие ќе се залепат до тебе и секаква слабост и секаква рана незапишана и секаква запишана во книгата на овој закон Господ ќе испрати врз тебе додека не те истреби. И ќе останете на број малкумина, а не како кога бевте многубројни колку и ѕвездите небесни бидејки не го слушавте гласот на Господ вашиот Бог. И како што Господ се радуваше кога ви правеше добро и ве умножуваше, така ќе се радува Господ кога ќе ве погубува и ќе бидете изгонети од земјата во која одиш ти за да ја наследиш. И ќе те расее Господ твојот Бог по сите народи од крајот на земјата до крајот на земјата и таму ќе им служиш на други Богови кои не си ги знаел ниту ти ниту татковците твои, на дрво и на камен ќе им служиш. Но и меѓу тие народи нема да те успокои ниту ќе има место каде и да стапи ногата твоја, и таму Господ ќе го нажали срцето твое и ќе прати кратковидост на очите твои и душата твоја да гине, животот твој ќе виси пред тебе и ќе се плашиш и дење и ноќе и нема да бидеш сигурен за животот твој од стравот во срцето твое ќе се плашиш и од видот на очите твои, па наутро ќе кажеш: О што поскоро да се стемни. А навечер ќе велиш: О што поскоро да осамне. И Господ ќе те врати во Египет на кораби по оној пат за кој што ти кажав, ти нема повеќе да го видиш, и таму ќе бидете продавани на непријателите свои како робови и робинки но ќе нема кој да ве купи. Тоа се зборовите на заветот што Господ му заповеда на Мојсеј.. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е поентава на темава?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали мислите дека овие проклетства важат и денес или важеле само во времето на Мојсеј ?
|
|
Чико
Група Регистриран: 31.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 44 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
najverojatno da.
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ma,....za "sva" vremena,...
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!”
(Галатјаните 3:13)
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
какви се теми нема да извадат........
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а ги вадат откако ќе си направат нов идентитет на форумов, на пример новодојденецов Ники. Сите знаеме кои се тие што ги вадат темиве |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
јасно
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Koi se tie sto gi vadat temite ?
|
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова би требало да е реторичко прашање. Најповикан да одговори е авторот, во случајов ТИ
|
|
connected
Сениор Регистриран: 17.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 2787 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а јас па мислев има нови членови
|
|
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja sum Del od Ovaa strana
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |