Проклетства во Библијата
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: АРХИВА
Име на форумот: Вероисповед
Опис на форумот: право на избор
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=11876
Датум на принтање: 29.Ноември.2024 во 09:04 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Проклетства во Библијата
Постирано од: Nikki
Наслов: Проклетства во Библијата
Датум на внесување: 02.Февруари.2008 во 15:49
Што мислите за овие проклетства од Св Писмо
Проклет да е оној човек што ќе направи изрезан или излиен идол, одвратност пред Господ, работа на уметнички раце, па го става на скришно место.
Целиот народ да биде известен и нека рече: Амин
Проклет да е оној што го навредува таткото свој или мајката своја. Амин
Проклет да е оној кој ја поместува меѓата на ближниот свој. Амин
Проклет да е оној кој одстранува слеп човек од патот. Амин
Проклет да е оној кој криво суди придојден, сиромав или вдовица. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со жената на таткото свој, зашто тој го открил крајот од покривката на таткото свој. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со каков и да било добиток. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со сестрата своја, со татковата ќерка или со мајкината ќерка. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со тештата (Мајка на Жената) своја. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со сестрата на жената своја. Амин
Проклет да е оној што ќе го убие тајно ближниот свој. Амин
Проклет да е оној што зема поткуп за да погуби душа и пролее крв невина. Амин
Проклет да е секој кој не ќе ги исполни сите наредби од овој закон и не ќе постапи според нив. Амин
А ако не го слушаш гласот на Господ твојот Бог, не ги пазиш и не ги исполнуваш сите негови заповеди и наредби што ти ги заповедам денес, ќе паднат врз тебе и ќе се збиднат сите овие проклетства.
Проклет ќе бидеш во градот и проклет ќе бидеш во полето
Проклети ќе бидат твоите житници и твоите остави
Проклет ќе биде плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја, плодот на говедата твој и плодот на стадата овци твој
Проклет ќе бидеш кога влегуваш и проклет кога излегуваш
Нека ти испрати тогаш Господ скудност глад и уништување на секоја работа на рацете твои, каква и да вршиш додека не те истреби и додека наскоро не те погуби поради твоите лоши дела зашто си ме оставил.
Господ нека испрати тогаш врз тебе и помор додека не те истреби од земјата во која одиш да ја наследиш
Нека те порази Господ со истоштувања и огнови со треска и воспаление со суша со топол ветер и гламја по житата и тие ќе те гонат додека не загинеш. И небото над главата твоја ќе стане бакар а земјата под тебе железо, наместо дожд Господ нека и даде на земјата пепел, и земја од небото ќе паѓа, ќе паѓа врз тебе додека не те истошти додека не те истреби.
Нека те предаде Господ на непријателите твој за да те поразат, по еден пат ќе излезеш против нив а по седум патишта ќе бегаш од нив и ќе бидеш расеан по сите земни царства. Твоите трупови ќе станат храна на сите птици небесни и на ѕверовите и не ќе има кој да ги истера
Нека те порази Господ со Египетската лепра по домовите, со дива краста јадеж од кој не ќе можеш да се исцелиш, нека те порази Господ со беснило слепило и слабоумност. И ќе одиш дење со пипање како што оди слепиот со пипање во темнината, и патот твој нема да биде прав и ќе бидеш тогаш секогаш навредуван и ограбуван и не ќе има кој да ти помогне. Ќе земеш жена и друг ќе ти ја земе, куќа ќе изградиш и нема да живееш во неа, лозје ќе насадиш и нема да го обереш. Телето твое пред тебе ќе го заколат и нема да јадеш од него, оселот ќе ти го грабнат и нема да ти го вратат, овците твои ќе бидат дадени на непријателите твои и ќе нема никој да ти помогне. Синовите твои и ќерките твои ќе бидат предадени на друг народ, очите твои ќе гледаат и ќе чезнеат по нив но нема да имаш сила во рацете свои. Плодовите на земјата твоја и целиот труд твој ќе го јаде народ кого ти не го познаваш, и ќе бидеш само навредуван и измачуван преку сите денови. Ќе бидеш избезумен од тоа што ќе го гледаат очите твои. И нека те порази Господ со лоша повреда во колената и на листовите од кое не ќе можеш да се излекуваш, од стапалата на нозете твои и дури до главата твоја. Господ нека те одведе тебе и кнезовите твои што си ги избрал при народ кого не си го познавал ниту ти ниту татковците твои, и таму ќе служиш на други Богови дрвени и камени и ќе станеш таму за чудо, приказ и подигравка кај сите народи кај кои Господ Бог ќе те одведе. Многу семе ќе фрлиш во нивата а малку ќе собираш зашто ќе го јададат скакулци. Лозје ќе садиш и ќе го работиш и вино нема да пиеш и нема да се веселиш од него зашто црв ќе го јаде. Маслини ќе имаш во сите твои предели но со елеј нема да се помажеш бидејќи маслинките твои ќе паѓаат. Синови и ќерки ќе родиш но тие нема да останат при тебе зашто во плен ќе отидат. Сите твои дрва и сите жита на земјата твоја гламја ќе ги уништи. Придојдениот кој е кај тебе ќе се издига над тебе се повисоко а ти ќе паѓаш се пониско, тој ќе ти дава на заем а ти нема да му даваш на заем, тој ќе биде главата а ти ќе бидеш опашката.
Ќе дојдат врз тебе сите овие клетви, ќе те гонат и ќе те стигнат, додека не те уништат затоа што не го послуша гласот на Господ твојот Бог и не ги запази заповедите и наредбите негови што ти ги беше заповедал. Тие ќе бидат врз тебе и твоето потомство знак и чудо довека. Зашто ти не му служеше на Господ твојот Бог со весело и радосно срце, поради изобилството во се ти ќе му служиш на непријателот свој што ќе ти го испрати Господ твојот Бог во глад и жед, во голотија и секаква скудност, тој ќе ти става на вратот железен јарем додека не те уништи. Ќе испрати Господ против тебе народ од далеку од крајот на земјата, како Орел ќе се спушти народот чиј јазик не го разбираш, народ бездушен кој не сака ни старо да почитува ниту младо да помилува и ќе го изеде тој плодот од добитокот твој и полодот од земјата твоја, нема да ти остави ни жито ни вино ни елеј, ниту од говедата твои ниту од овците твои додека не те погуби, и ќе те притеснува во сите твои градови додека не ги разруши во твојата земја твоите високи и јаки ѕидови на кои ти се надеваш, и ќе ти нанесе зло во сите твои градови во целата твоја земја која Господ твојот Бог ти ја даде. И ти ќе ги јадеш чедата од утробата твоја, телото на синовите и ќерките свои кои Господ твојот Бог ти ги даде во теснотијата твоја и во жалоста твоја во која ќе те стави непријателот твој. Мажите и младите при вас многу ќе му позавидат на братот свој, на саканата жена и на другите деца свои што му останале, и нема да му даде на ниеден од нив тело од децата свои кој тој ќе ги јаде зашто нема да му остане ништо друго во притеснетоста и во жалоста во кои ќе те постават непријателите твои во сите твои градови. Жена нежна и млада, убава, меѓу вас која поради убавината и младоста никогаш со нога не стапнала на земјата со безмилосно око ќе гледа на саканиот маж свој, на синот свој, на ќерката своја, и нема да им го даде последокот што излегува од бедрата нејзини на децата што ги родила зашто при скудноста во се таа ќе ги јаде тајно во притеснетоста во која ќе те стави непријателот твој во твоите градови. Ако не ги пазиш и исполнуваш сите зборови од законот напишани во оваа книга и не се боиш од ова чесно и чудесно име на Господ твојот Бог, Господ ќе те порази тебе и твоето потомство со необични порази, со порази големи и трајни и со болести лоши и долги и ќе ги навлече врз тебе сите лоши болести Египетски од кои се плашеше и тие ќе се залепат до тебе и секаква слабост и секаква рана незапишана и секаква запишана во книгата на овој закон Господ ќе испрати врз тебе додека не те истреби. И ќе останете на број малкумина, а не како кога бевте многубројни колку и ѕвездите небесни бидејки не го слушавте гласот на Господ вашиот Бог. И како што Господ се радуваше кога ви правеше добро и ве умножуваше, така ќе се радува Господ кога ќе ве погубува и ќе бидете изгонети од земјата во која одиш ти за да ја наследиш. И ќе те расее Господ твојот Бог по сите народи од крајот на земјата до крајот на земјата и таму ќе им служиш на други Богови кои не си ги знаел ниту ти ниту татковците твои, на дрво и на камен ќе им служиш. Но и меѓу тие народи нема да те успокои ниту ќе има место каде и да стапи ногата твоја, и таму Господ ќе го нажали срцето твое и ќе прати кратковидост на очите твои и душата твоја да гине, животот твој ќе виси пред тебе и ќе се плашиш и дење и ноќе и нема да бидеш сигурен за животот твој од стравот во срцето твое ќе се плашиш и од видот на очите твои, па наутро ќе кажеш: О што поскоро да се стемни. А навечер ќе велиш: О што поскоро да осамне. И Господ ќе те врати во Египет на кораби по оној пат за кој што ти кажав, ти нема повеќе да го видиш, и таму ќе бидете продавани на непријателите свои како робови и робинки но ќе нема кој да ве купи.
Тоа се зборовите на заветот што Господ му заповеда на Мојсеј..
|
Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 02.Февруари.2008 во 15:59
Nikki напиша:
Што мислите за овие проклетства од Св Писмо
Проклет да е оној човек што ќе направи изрезан или излиен идол, одвратност пред Господ, работа на уметнички раце, па го става на скришно место.
Целиот народ да биде известен и нека рече: Амин
Проклет да е оној што го навредува таткото свој или мајката своја. Амин
Проклет да е оној кој ја поместува меѓата на ближниот свој. Амин
Проклет да е оној кој одстранува слеп човек од патот. Амин
Проклет да е оној кој криво суди придојден, сиромав или вдовица. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со жената на таткото свој, зашто тој го открил крајот од покривката на таткото свој. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со каков и да било добиток. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со сестрата своја, со татковата ќерка или со мајкината ќерка. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со тештата (Мајка на Жената) своја. Амин
Проклет да е оној кој ќе легне со сестрата на жената своја. Амин
Проклет да е оној што ќе го убие тајно ближниот свој. Амин
Проклет да е оној што зема поткуп за да погуби душа и пролее крв невина. Амин
Проклет да е секој кој не ќе ги исполни сите наредби од овој закон и не ќе постапи според нив. Амин
................
| a?,....togash, ispagja deka sekoj za neshto e proklet,...a,bogami,...bajagi gi ima i takvi shto se prokleti i po ,...povekje tochki !
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 02.Февруари.2008 во 17:34
Што е поентава на темава?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 02.Февруари.2008 во 20:39
Дали мислите дека овие проклетства важат и денес или важеле само во времето на Мојсеј ?
|
Постирано од: Чико
Датум на внесување: 02.Февруари.2008 во 21:20
Постирано од: brza
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 13:18
ma,....za "sva" vremena,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 13:26
Христос нè откупи од проклетството на Законот, откако стана проклетство за нас, зашто е пишано: „Проклет да е секој, кој виси на дрво!”
(Галатјаните 3:13)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 13:28
какви се теми нема да извадат........
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 14:10
blueprayer напиша:
какви се теми нема да извадат........
|
а ги вадат откако ќе си направат нов идентитет на форумов, на пример новодојденецов Ники. Сите знаеме кои се тие што ги вадат темиве
------------- http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk
http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 14:14
јасно
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 17:13
Koi se tie sto gi vadat temite ?
|
Постирано од: Quentin
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 18:10
Ова би требало да е реторичко прашање. Најповикан да одговори е авторот, во случајов ТИ
------------- http://www.thirdchapter.blog.mk - http://www.thirdchapter.blog.mk
http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk - http://www.poetryandbeyond.blog.com.mk
|
Постирано од: connected
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 19:12
а јас па мислев има нови членови
-------------
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 22:15
Ja sum Del od http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/index01.htm - Ovaa strana
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 23:25
Nikki напиша:
Ja sum Del od http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/index01.htm - Ovaa strana |
Ники, што е пак сега ова? Нешто имам проблеми со серверот не ми отвара се само првата страна, кажи ни нешто за твојава “Мистична Теологија“. Во што верувате, првпта гледам ваква работа, а особено ме чуди она “мистична“ .
Нели е малку необично да веруваш во мистерија-кога Бог ни се објави (главом и брадом), го имаме Неговиот збор, нема никаква мистика во Него, се е јасно Кој е и што бара од нас...
Ај, појасни ни малку да видиме што е оваа работа...
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 23:33
Еднорози читам, па некоја икона (изворно “Пресвето срце Исусово“) фотошопирана и претворена во Богородица (ама некоја лоша верзија сте одбрале), па еротика.....каде ви е Бог?
Деноминација некоја ли сте, што ли нема Боже мили.....
(Изглеа ова чудово-планета стварно ќе не лупне скоро или мене нешто во главава ми се испомеша од кога ја видов странава)
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: efendija
Датум на внесување: 03.Февруари.2008 во 23:40
Православната Црква од Исток
Ники е веројатно член на оваа црква.
Се надевам дека ќе може со кратки црти да не запознае со суштината и учењето на оваа црква.
Ајде Ники,чекаме....
------------- "Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 00:33
Ne znam so ne vi e jasno
Ja sum pravoslavna, od MPC
Nekolku tolkuvanja
Nekolku pointeresni delovi od biblijata
Malku Muzika
Malku zdrava hrana
Se e jasno na mojata strana
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 00:42
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 00:48
Nikki напиша:
Ne znam so ne vi e jasno
Ja sum pravoslavna, od MPC
Nekolku tolkuvanja
Nekolku pointeresni delovi od biblijata
Malku Muzika
Malku zdrava hrana
Se e jasno na mojata strana |
Е добро де ај сеа објасни им ја на лугево темава и како автор и старо нов член дај прва мислење.
------------- Македонците верувале во Сонцето ВЕРУВАЈТЕ И ВИЕ.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 00:50
Што е смешно македон?
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 00:56
EvAngelos напиша:
Што е смешно македон? |
Па.....
Проклет да е секој кој виси на дрво.
------------- Македонците верувале во Сонцето ВЕРУВАЈТЕ И ВИЕ.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 01:05
Тоа е пророштво за распнувањето на Христос, кој со тој чин го зеде нашето проклетство (гревот) и метафорички го закова на крстот, со тоа што се жртвуваше за нас.
Не тој начин, како што вели стихот, Христос не ослободи од проклетството на Законот кој ја бараше нашата смрт, но ја доби Христовата. На тој начин сите кои веруваат во Христос се ослободени од осудата на Законот и од неговото проклетство, а имаат вечен живот.
Ова е согласно Библијата т.е. библискиот став.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 01:11
Смешно ми е тоа што во реченицава - Проклет да е секој кој виси на дрво.- можеш да извадиш заклучок дека и Исус висел на дрво и баш пордади тоа што е библиски став ми дојде многу смешно
------------- Македонците верувале во Сонцето ВЕРУВАЈТЕ И ВИЕ.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 01:17
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: MAKEDON-FILIP
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 01:21
maria_magdalena напиша:
|
??????????
------------- Македонците верувале во Сонцето ВЕРУВАЈТЕ И ВИЕ.
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 09:41
Исус не ослободува од проклетството, со својата жртва
Тој е замена за сите старозаетни жртви
До доаѓањето на Исус, луѓето требало да жртвуваат животни во храмот, за ослободување од грев
A после Христовата жртва, луѓето добиваат ослободување со исповед и причест на литургија
Tоa е замена за Старозаветната Жртва
Сепак тоа не значи дека сме ослободени до целосна слобода
Само тие што со покајание и нов живот пристапуваат на литургија добиваат простување
А во секој друг случај сме во опасност да не затечат сите проклетства што ги искажа Бог преку Мојсеј, на почеток на оваа тема
Надвор од верата и надвор од христовата црква и надвор од литургијата ние сме под страшно проклетство
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 15:31
Nikki напиша:
До доаѓањето на Исус, луѓето требало да жртвуваат животни во храмот, за ослободување од грев |
Старозаветните жртви не ги ослободувале луѓето од гревот, туку само го покривале, а Христос, како рамноправна жртва за човечкиот грев, не ослободи од гревот.
Nikki напиша:
A после Христовата жртва, луѓето добиваат ослободување со исповед и причест на литургија
|
После Христовата жртва луѓето добиваат ослободување од гревот и Вечен Живот преку искрено покајание и искрена вера во Исус Христос. Причеста претставува една комеморација на Христовата жртва (... правете го ова за Мој спомен... ) и самата не е поврзана дирекно со ослободувањето од гревот.
Храмската завеса не се раскина кога Христос ги причести Своите апостоли, туку таа се раскина кога Христос издивна на Голготскиот крст. Па така Христовата жртва е платата за сите наши гревови, од најмалиот, до најголемиот.
Секако, крштевањето и причестувањето се исто така многу важен дел во животот на христијанинот и доколку некој не ги прави овие работи, со тоа искажува непослушност кон Христос, а со тоа пак и неговата вера се става по знак прашалник. А знаеме дека таквата вера не е спасоносна.
Но сепак важно е да се напомене дека доколку некој на пример се покае за своите гревови и поверува во Христос ВО АВИОН, и ако моторите на авионот откажат и тој се урне, овој човек ќе биде спасен без разлика што не се крстил или пак не земал причест, бидејќи немал можност, ниту пак услови да го направи тоа.
Поздрав Nikki
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: efendija
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:14
Аман бе,ако човекот се покајал и поверувал во христа,пред да се урне авионот ќе се спасел,а што ако тој човек е Буш,кој убил иљадници невини луѓе,зарем и нему Христос ќе му прости?
------------- "Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:22
efendija напиша:
зарем и нему Христос ќе му прости? |
Ако искрено се покае, да и нему Христос ќе му прости. Христос умре за сите грешници. Христовата жртва е доволна за секој грев.
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
(Јован 3:16)
И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.’ (Дела 2:21)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Halid ibn Velid
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:29
EvAngelos напиша:
efendija напиша:
зарем и нему Христос ќе му прости? |
Ако искрено се покае, да и нему Христос ќе му прости. Христос умре за сите грешници. Христовата жртва е доволна за секој грев.
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
(Јован 3:16)
И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.’(Дела 2:21) |
Ti pisuvav Vcera no Ti , si najjakta lisica na Forumov,samo zaobikluvas Postovite...Kade be ,Kako moze be Adam da gresi a Isus da bide Raspnat,,Isus se raspnal i sega Vie Hristijani site Zivejte vo Mir se vi e Prosteno...Samo Poveruvajte vO Isusa.....Mozebi zatoa Bush,Amerikancite Site tie si veruvaat Vo Isus I zatoa Masakar pravat Vo svetov....Isus ke im prosti za Se...bidejcii Veruvaat Vo Isus...
Neli e bOlno ova Evangelos????
Spored Tvojata Logikapo Pasusite so gi pisa.....
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:31
Кога Библијата збори за вера мисли на искрена и делотворна вера, а не само декларативна вера. Доколку некој вика дека верува, а од друга страна убива, неговата вера е празна т.е. мртва вера и како таква таа не е спасоносна.
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: Halid ibn Velid
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:36
EvAngelos напиша:
Кога Библијата збори за вера мисли на искрена и делотворна вера, а не само декларативна вера. Доколку некој вика дека верува, а од друга страна убива, неговата вера е празна т.е. мртва вера и како таква таа не е спасоносна. |
И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси(B]Od Evangelos)
Navistina se potvrduvat ona sto ti go Kazav,evangelose!!!
Neli be Gledas pasusite i malo dete koe ke go procita ova ke svati deka Samo da si poveruvas vo Gospod i ke si bides spasen....
Znaci kaj vas ne trebaat dela???Samo vera so ZBOR ???
i
Zatoa ti kazav Evangelos,,Mozebi na ovoj pasus se pridrzuvaat Amerikancite i Srbite ,Ira,Eta.itn..itn..
Pred da odat vo borba si Go povikuvaat Gospoda i SITE NEMILI NEREDI GI PRAVAT...I Povtorno ke bidat spaseni od Boga...
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 16:39
Така е и со верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.
(Јаков 2:17)
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: efendija
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 20:20
EvAngelos напиша:
efendija напиша:
зарем и нему Христос ќе му прости? |
Ако искрено се покае, да и нему Христос ќе му прости. Христос умре за сите грешници. Христовата жртва е доволна за секој грев.
Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.
(Јован 3:16)
И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.’(Дела 2:21) |
Замисли сега:Исус ќе му простел и на Буш и на Хитлер,Мусолини,и на сите најголеми крвопијци во историјата на човештвото,поради тоа што се покајале пред да умрат!
Каде е тука правдата за невините жртви?
Убиените деца?
Силуваните жени?
Закланите мажи?
итн...итн....
Сега според твоево коментирање на Библијата,удрете сите по кражби,убиства,дрога,силувања,инцест,и се што е најгрдо,ПА ПОСЛЕ ПОКАЈТЕ СЕ,ИСУС ЌЕ ВИ ПРОСТИ И ЌЕ БИДЕТЕ ВО РАЈОТ.
Ете каков ќе ви биде крајот!
Се колнам во Бога,поизвитоперено толкување на Библијата,никогаш,никаде и од никого не сум сретнал.
Ти ЕвАнгелос очигледно имаш проблем со воочување на некои работи.
Но,паметен човек ќе разбере дека тоа не е така,добар верник ќе свати дека тоа не е така!......но,кога ќе сватиш ти ЕвАнгелос?
------------- "Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 20:58
Nikki напиша:
Ja sum Del od http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/index01.htm - Ovaa strana |
Ники, пак не одговори. Која е оваа деноминација на која припаѓаш? Велиш православна, ама јас велам не е.
Ваква слика ли, икона ли, што и да е нема да најдеш по православните канони.
http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/images/sline01.jpg
Друго, од она што го пролистав, покрај многуте невистини, ова ми падна во очи (ставено под поднаслов ЕРОТИКА) *
После абортирање
е многу лесно да
настане болест што се вика ендометриоза
Одкинување на парчиња од ендометриумот (ѕидот на матката) и нивно
фатално навлегување
во крвотокот-Ендометриозата не е последица на абортус. Тоа е состојба кога ткива идентични на утерус се наоѓаат “расфрлани“ на разни места (во органите на стомачната шуплина) па реагираат на хормонските промени како и матката. Но никако не се резултат на абортус. Крајно ненаучно. Кога ќе имам време ќе се осврнам и на другите работи, а ти дотогаш претстави ни ја оваа мистична вера.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 23:22
*Ако веќе сте решиле да направите дете, најдобро е тоа да го направите во
оние неколку денови кога сте најплодни-жената е плодна за време на овулацијата САМО, т.е. средина на циклус,а незнам за правење деца во неплодни денови?
Според некои книги, во ретки случаи децата што се зачнати ден два пред изливот
на жената, покасно абортирале(ако под излив мислиш на менструација, одма да ти кажам дека два дена пред мензис деновите се неплодни)
Ова укажува дека плодот недоволно бил зафатен, и затоа треба да се почитуваат
деновите кога жената е најплоднаНедоволно зафатен плод? Невестата ни е малку трудна?Нема такво нешто, те уверувам. Или е плодот “зафатен“ или не е.
Колку жената треба да се движи откако ќе зачне ?Слободно може да се движи, вежба, танцува, шета...освен ако подоцна не и се препорача поинаку, ако нема проблематична бременост...
Според некои книги потребно е шетање и умерен напор, а никако премор...Премор не е добар ни за небремените....
Ох мори мајко....ај да видам уште нешто па да си легнам. Девојко....жено....ме изнасмеа, ова ви проповедаат таму ил па ти ги измисли овие бисери?
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 04.Февруари.2008 во 23:31
*Ако си поголем,
кога влегуваш, не оди до крај
Бидејќи во утробата на жената после извесна длабочина се наоѓаат нежни органи
Кој ако се повредат може да дојде до фатални последици за здравјето
Постојат посебни
правила за однос, ако си многу голем, во кои потполно може да се ужива
За оваа тема треба да се разговара сериозно и отворено со искусни луѓе
Наизлгед е смешно, но премногу сериозно. Нема тука ништо наивно и ништо не е
безопасно
Машката гордост е ништо, а здравјето на
твојата Девојка и Жена е Најважно
Ако се сомневате дека постои ваква опасност, секако треба да разговарате со
стручни лица од оваа област(освен ако не се работи за некаков јунак за Гинис, јас ќе ти кажам дека женскиот полов орган е еластичен, нашиот Создател мислел на се т.е. направен си е по мера, така да не му се секирај,)
Теологијава навистина ти е мистична. Слатко ќе спијам.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 09:23
Текстот е преземен од некои постари книги
Има безброј книги од оваа област
Пишувани се многу редови
Целта на страната е да ги повика луѓето на одговорност и сериозност, и разговор со стручни лица
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 09:43
Nikki напиша:
Текстот е преземен од некои постари книги Науката оди напред. Има безброј книги од оваа област
Треба да се избере вистинската-пред да се напише било што. Пишувани се многу редови
Да, но квантитетот не е доказ за квалитет. Целта на страната е да ги повика луѓето на одговорност и сериозност, и разговор со стручни лица
Тоа не е спорно, спорни се неточните информации кои си ги напишала. Зошто неко жени имаат спонтан абортус ?
Е зошто де? Од разни причини. Но во ниеден случај не заради тоа што детето е “недовршено“. Од разноразни причини матката може да го отфрли плодот како туѓо тело...на пример некаква неусогласеност на генетскиот материјал на родителските полови клетки, хормонски нарушувања, некои заболувања и инфекции кај мајката, потоа, ризикот од спонтани абортуси е поголем кај “мајки“ кои пијат алкохол и се пушачи, ако бременоста е повеќеблизначка...... Но во повеќето случаи-причините се нејасни.
|
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 09:54
фАЛА ти марија
Ке послушам секој совет од тебе
Ако приметиш уште некоја грешка известиме да се поправиме
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:09
Секогаш си добредојдена-ако знам ќе ти одговорам.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:13
Еве емаил emibojana@gmail.com
прифаќам секакво пријателство, совети, критики, било што
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:19
Па еве овој форум е за такви нешта, пријателства, критики, по некоја зелена...но ти не ни кажа за Твојата страна како што велиш. Мислам, не ни ги кажа твоите верувања....
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:28
Мојата страна е инспирирана од учењето и убавината на православната црква.
Страната постои 7 години
Ја пишуваат повеќе луѓе
Во последно време ставивме и неколку страни за
Музика, Здрава Храна, Уметност, Технологија, Еротика
Бидејќи мислиме дека Господ го сака целиот свет
И не треба да се дели од било која тема
Малку беше чудно во почеток
Како тоа на една страна да се збори за технологија и за Господ
Но сега веќе не мислиме дека е чудно
Господ ја сака Технологијата Уметноста Љубовта, Знаењето
Тоа се гледа од
http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/ - ПОЧЕТНАТА СТРАНА
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:36
Тоа е во ред, Господ не направил и како сексуални битија, ни дал можности, ум, да откриваме закони на природата, да се оплеменуваме со уметност, музика....да се развиваме и созреваме, но не смееме да ОТСТАПУВАМЕ од Словото. И како што Бог е вистинољубив, така и ние треба да се стремиме кон вистината.
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: Nikki
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:38
Марија, дали припаѓаш на некоја црква ?
|
Постирано од: maria_magdalena
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:39
Да
------------- МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:49
Абе вие најдобри другарки ќе станете ако продолжите вака, чек да ве гушнам и двете за добро утро
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
Постирано од: La Ninja
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:51
а мене???????????????????
------------- Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
Постирано од: EvAngelos
Датум на внесување: 05.Февруари.2008 во 10:58
Која си ти?
хе хе хе... добро утро блууу
------------- Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|