|
ОМО ИЛИНДЕН - ПИРИН |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 25> |
Автор | |
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ке видиме може ОМО ке се прекрсти во ВИСА Илинден па место членски книшки ке дели кредитни картички
|
|
m__g__
Сениор Регистриран: 22.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 591 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
еве нещо топло топло
http://www.americanchronicle.com/articles/50566 Macedonians are not BulgarsJanuary 29, 2008 сега почвам да го чета и прво го пускам тука - незнам що пише сигурно е много интересно |
|
m__g__
Сениор Регистриран: 22.Август.2006 Статус: Офлајн Поени: 591 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браво на Донски
финалето е супер So there is some truth to the rumors that Macedonians and Bulgarians are the same people, or should we say similar people, since both partly descended from the ancient Thracians and they both speak dialects of languages that have Thracian words. |
|
Filip2
Нов член Регистриран: 16.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 26 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Супер е финалето ами како, ние цело време велиме дека потекнуваме од античките домородци на Балканот, а вие велите дека сте потомци на турко-монголи од Азиjа. Коj е прелажаниот тука?
Само Донски погрешил, требало да стои "Бугарите" (во наводници) зошто вистинските Бугари се турко-монголи, а овие кои само го прифатиле тоj етноним на Балканот не се - бар ce во помал процент (4-5% монголоидност зради тоа што се вкрстиле со Бугарите, Куманите, Печенезите). m_g: oстанува уште да се наречете со вистинското име Тракиjци или Македонци (вие кои што сте тoa), а бугарштината да им jа оставите на вистинските Бугари: Татари, Чуваши, Гагаузи, Башкири... А против туркизациjа (бугарштина) се бореле вашите водачи, Раковски на пример, ама немале историски аргументи зошто го прифатиле етнонимот "Бугар", па влегувале како и вие сега во апсурдни ситуации - 17 хипотези за вашето потекло за да ви се смеjат сите. P.S. А уште посупер ке биде финалето кога притиснати од овие историски вистини ке го признаете ОМО Илинден-Пирин... Изменето од Filip2 - 31.Јануари.2008 во 02:10 |
|
Палестинец
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 12129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Филип 2
Кои се Омо Илинден?
Кој им е спонзор?
Познаваш ли некој од Омо Илинден?
|
|
ZoranSk
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 05.Февруари.2006 Статус: Офлајн Поени: 193 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е работа во прв ред на невладините организации.
Владата преку нив може да турка проекти и активности. Македонија не може во овој момент да влегува во директен судар со Бугарија зошто треба да ја замоли за место во европскиот задник со нато тетоважа. Суштината зошто немаме резултати? 10000 невладини организации има регистрирано во РМ. Ако имаш идеја по одредено прашање во исто време на некој чуден начин ќе се регистрираат уште 100 такви организации и следниот ден се веќе на ТВ екраните. Дуализам, амортизација на силата на македонската мисла, кодошење, дезавуирање. Ефект, 0. И има уште еден дел исто така битен, МРЗА. |
|
moira
Сениор ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во 2005 година Европскиот суд за човекови права пресуди дека забраната
на партијата значи прекршување на членот 11 од Европската конвенција за
човекови права.
Оттогаш до денес поминаа повеќе од три години, но бугарските власти сè уште не ја спровеле пресудата на Судот од Стразбур. Сега се предлагаат нови законски измени што се во собраниска процедура во Бугарија се бара ОМО Илинден-Пирин да има воспоставено партиски разграноци во најмалку 2/3 од општините во државата, односно да има седишта во најмалку 176 општини. Со ова на партијата на македонското малцинство во Бугарија ѝ се заканува опасност целосно да биде избришана од политичката карта на Бугарија. Ете како се почитуваат европските и светските стандарди за човекови права и како се спроведува судска одлука на Европскиот суд за човекови права од страна на една земја членка на ЕУ! И ме интересира каква е реакцијата и дали воопшто има реакција од наша страна на оваа дрскост и непринципиелност од страна на нашиот источен сосед. Изменето од moira - 11.Октомври.2008 во 02:29 |
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СТАНИШЕВ ГИ НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИТЕ АКТИВИСТИ ВО БУГАРИЈА
Тие од ОМО барале само внимание!? Лидерите на партијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден-Пирин, прават се да не добијат регистрација за да бидат во центарот на вниманието, затоа што потоа нема да бидат интересни за јавноста. Вака бугарскиот премиер Сергеј Станишев го образложи фактот што судовите во Бугарија веќе 15 години одбиваат да ја регистрираат партијата и покрај неколкуте препораки од Судот во Стразбур. - Ако мислите дека некој во Бугарија е политички загрижен од регистрацијата на ОМО Илинден, тогаш се наоѓате во заблуда. Ако таа политичка партија се регистрира и излезе на избори, ќе има мал резултат. Треба да разберете дека политичка партија во Бугарија се регистрира во суд. Ние ги почитуваме одлуките на Европскиот суд во однос на правата на тие лица. Проблемот воопшто не е политички и Владата нема да се меша во судската одлука - изјави Станишев. Бугарија и Македонија се меѓу ретките соседи во југоисточна Европа кои се уште водат спорови за признавање на правата на малцинствата во двете држави. Бугарија одбива да признае дека постои македонско малцинство. Властите тоа го правдаат со резултатите од пописот на население во кој како Македонци се изјасниле само неколку илјади. Припадниците на македонското малцинство велат дека на пописот воопшто немало графа за малцинства, па на нивно инсистирање со молив биле внесени податоци за нивна припадност. Тие се сомневаат дека подоцна тие податоци се избришани и воопшто не се регистрирани. - Сите бугарски институции, медиуми и судови не ја признаваат легализацијата на ОМО Илинден-Пирин затоа што знаат дека ако дозволат нејзино регистрирање, ќе признаат дека постои македонско малцинство во Бугарија - вели Кирил Иванов, член на раководството на ОМО Илинден-Пирин. Конечната одлука дали Бугарија ќе дозволи регистрација на партијата на Македонците, Уставниот суд на Бугарија ќе ја донесе на 23 декември. Доколку не дојде до тоа, ОМО Илинден ќе треба да се регистрира според новиот Закон за партии, според услови кои тешко би можел да ги исполни. Според тој Закон, за да се регистрира како партија, на организацијата и требаат најмалку 5.000 членови и седишта во дури 170 општини во цела Бугарија. |
|
Georgija Kastriot
Група Регистриран: 12.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 53 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ништо ново,нема да остават да се регистрираат
|
|
МАРШАЛ
Сениор ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dobro be ludje .... edno nesto ne mi e jasno ? ..... STO OCEKUVATE OD EDNA ZEMJA KOJA NE GO PRIZNAVA MAKEDONSKIOT NAROD ? ...................
|
|
Vladimir88
Сениор "Arbeit macht frei" Регистриран: 20.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој сака ПИРИН да нема регистрација? ОМО „Илинден„- Пирин реагира на констатацијата на бугарскиот премиер Сергеј Станишев, дека партија не сака да го испочитува законот и да се регистрира и оти проблемот не е политички. Партијата на Македонците во Бугарија по повод изјавата на бугарскиот премиер во Скопје, прашува: - Зошто Станишев толку се труди да ја убеди македонската јавност, дека од ОМО „Илинден„-ПИРИН никој во Бугарија не се плаши, кога никој за тоа не го ни праша? - Ако ние не сакаме да бидеме регистрирани како се случи да бидеме регистрирани во 1999 г.? - Како тогаш успеавме да ја почитуваме законската процедура, а сега тоа никако да го постигнеме? - Има ли врска регистрацијата на партијата во февруари 1999 г. со поднесената истиот месец од Бугарија молба за добивање датум за почеток на преговори за прием во Европската унија? Има ли врска забраната на партијата во февруари 2000 г. со добивањето две недели пред тоа на бараниот датум за преговори? Како може да се објасни феноменот дека ниту пред тоа ниту после тоа не успеала во Бугарија да се регистрира ниту партија, ниту здружение, кое да си поставува за цел заштита правата на македонското малцинство во Бугарија? - Како е можно сите 350 регистрирани партии во Бугарија да можат да ја почитуваат процедурата, а само порано регистрираната ОМО „Илинден„-ПИРИН да не успева, без разлика на адвокатите што ги користи? Има ли тоа врска со фактот дека за разлика од регистрираните 350, ПИРИН единствена признава и се бори за правата на припадниците на македонското малцинство во Бугарија? Сергеј Станишев - Кој сака ПИРИН да нема регистрација - дали самата таа која се регистрираше во 1999 г. и досега има внесено 5 молби за регистрација, или државата што и ја одзеде регистрацијата и ги одбива сите нејзини молби? - Кој беше осуден од Европскиот суд за правата на човекот - ПИРИН или Бугарија? Ако Бугарија ја има исполнето пресудата на тој суд зошто Комитетот на министрите одбива да го затвори случајот? - Ако плаќањето на паричната казна значи исполнување на пресудата зошто Комитетот на министрите инсистира за реститутио интегриум (враќање на нарушената состојба)? - Имајќи го во предвид овој став на Комитетот на министрите што има направено Бугарија за да ја врати регистрацијата на ПИРИН? - Дали постојаното менување на законот, толерирањето на слово на омраза против Македонците во Бугарија, акциите за компромитирање на ПИРИН од службата за безбедност и викањето на сите членови на партијата во полицијата се диктирани од желба да се помогне и олесни нејзината регистрација или претставуваат саботажа на исполнувањето на пресудата на судот во Стразбур? Софија - Имајќи ја во предвид позицијата на Комитетот на министрите како поинаку може да се истолкува тврдењето на Станишев дека Бугарија ја има исполнето пресудата со плаќањето на паричната казна, освен како одбивање пресудата да се изврши и спротивставување на регистрацијата? - Ако владата не се меша во работата на судот и нема против регистрацијата на партијата зошто ги викаше сите членови во полицијата? - Ако Станишев не сака да се меша во работата на судот со кое право дава оценки како ги почитувала ПИРИН законските услови? - Дали поради малиот гласачки потенцијал на ПИРИН добро информираните бугарски служби на безбедност направија се за да ја спречат регистрацијата на ПИРИН? Осумнаесет години демократија а само една година допуштени на само едни избори! - На кој начин ПИРИН е центар на внимание кога во Бугарија таа е под капата на медиумско затемнување од веќе две години? Во времето кога беше „центар на внимание“ во Бугарија таа беше сатанизирана, навредувана и оклеветена во медиумите. Дали постои човек кој свесно би ги нарушувал правилата за да остане надвор од политичкиот живот од желба да биде жртва на таков вид „внимание“? - И после сето тоа, дали она што го кажа Станишев не е всушност доказ за постоење на силен ирационален, но сосема реален страв од македонското малцинство и од неговите заштитници во Бугарија? http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=101748 Кратко и јасно од мене....му ја затворија муцката. |
|
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas ama bas nisto...ne znam zosto voopsto i treba da ocekuvame..."na zapadu nista novo"...
|
|
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Груевски очекува Бугарија брзо да го затвори прашањето за ОМО Илинден Пирин
МИA Регистрацијата на партијата на Македонците во Бугарија зависи од судството, а не од Владата на источниот сосед Македонскиот премиер Никола Груевски очекува Република Бугарија брзо да го реши прашањето за регистрација на партијата на Македонците ОМО Илинден Пирин и смета дека тоа зависи од судството, а не од Владата на источниот сосед. „Регистрацијата на ОМО Илинден во Бугарија зависи од решенијата на судовите, а не од господинот Станишев. Јас и претходно разговарав со него на тет-а-тет средба за тоа прашање. Тој е уверен дека ако тие толку пати поднеле барање и толку пати тоа не било комплетирано, дека можеби тие всушност не сакаат да се регистрираат. Јас лично не верувам во тоа, но тоа е негово мислење и секој има право да си го каже својот став. Но, мислам дека Бугарија ќе најде начин да го реши тоа прашање што побрзо, тоа е и во нивни интерес. Чувствувам и кај политичарите желба да го затворат тоа прашање. Колку што можам да разберам, судовите го кочат на некој начин“, изјави премиерот Груевски. Претходно бугарскиот премиер Сергеј Станишев изјави дека доколку ОМО Илинден Пирин се јави на избори би добила многу малку гласови и дека намерно не сака да се регистрира за да остане во центарот на вниманието. |
|
mileg
Сениор Регистриран: 13.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 1758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Денеска истече законскиот рок во кој судот во Софија требаше да даде одговор на петтото барање за регистрација, иако во неформален разговор од овој суд на претставниците на ОМО-Илинден Пирин им било кажано да не се надеваат на одговор до крајот на новогодишните празници.
Софискиот суд пред еден месец не можеше да го одбие барањето бидејќи ОМО-Илинден Пирин ги исполнува сите критериуми. При последниот обид за регистрација, судиите ги убедуваа членовите на ОМО-Илинден Пирин да се регистрираат како невладина организација наместо како партија. Со ова продолжува стратегијата на Бугарија да не ја регистрира Македонската партија иако за тоа постојат и пресуди од Судот за човекови права во Стразбур. Бугарија брзо ќе го затвори прашањето за ОМО Илинден Пирин, смета премиерот Груевски, но таа одлука не зависи од политиката, туку од бугарските судови. Според неговите сознанија, кај политичарите во источниот сосед има желба да се затвори прашањето кое ги оптоваруваат односите Скопје-Софија, а кое го кочат само судските инстанци. Груевски не верува во навредливите тези на Станишев според кои партијата на Македонците намерно не сака да се регистрира за да го задржи вниманието на медиумите во Бугарија. „Тој е уверен, тоа е негово лично верување дека ако толку пати тие поднеле барање и толку пати не било комплетно со сите документи, дека можеби, тие не сакаат всушност да се регистрираат. Јас не верувам во тоа лично, но тоа е негово мислење и секој има право да си го каже својот став“, изјави премиерот Груевски. По предвидувањата на Станишев дека ОМО Илинден на избори би доживеала неуспех, опозициската СДСМ го обвини премиерот за двојни аршини кон Македонците во Грција и во Бугарија. Молкот пред Станишев е силен удар врз децениските напори на Македонците да ги остварат своите права во Бугарија. „Тој буквално го пушти низ вода ОМО Илинден Пирин. Со ваквото однесување стана јасно дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги користат проблемите на македонското малцинство во соседните земји само за дневно политички цели“, рече Емилијан Станковиќ, СДСМ. Либералдемократот Андреј Жерновски на собраниска седница денеска побара Парламентот да расправа за навредите упатени против партијата на Македонците во Бугарија од страна на бугарскиот премиер. Спикерот на Собранието врз основа на Деловникот го отфрли барањето за оваа тема да се расправа на денешната седница Изменето од mileg - 30.Декември.2008 во 14:03 |
|
Внеси реплика | страница <1 1213141516 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |