IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали Марија имала деца после Исус?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали Марија имала деца после Исус?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
Автор
Порака
efendija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај efendija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 01:26
Mislam deka si,posto ni jas ne sum sretnal dosega Hadis.
"Zadovolen sum Allah da mi bide Gospod,Muhammed pejgamber a Islamot vera"
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 01:33
Originally posted by connected connected напиша:

незнам што ми е по долно во оваа тема? дали мешањето во сексуалноста на ДЕВА МАРИЈА од страна на некои членови, или пак плукањето кон православната црква од некои верници,
просто да ти се згади болен
 
Според мене најдолно на оваа тема, како и на секоја друга, се оф-топиците т.е. коментарите кои не се во контекстот на темата.
Никој овде не и се меша во сексуалноста на Марија, ниту плука по одредена црква, туку се трудиме да дискутираме дали Марија родила или не родила деца после Исус.
Повели со својот став на ова прашање среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 01:49
Se slozhuvam so predlogot na EvAngelos. Lolita izvini sto ti go menuvam naslovot na temata, ama ova go pravam od najdobri nameri. Se nadevam deka ke mi prostish.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 05:21
Цитирај
Здраво на сите! големо%20гушкање
Иако одамна се решив да не шкртам по форумов, сепак не можев да одолеам на оваа тема голема%20насмевка
Прво би сакал да ја пофалам Lolita, која иако ја карав малку на ЛП бидејќи моите лични пораки до неа ги постира на форумов, сепак ме импресионира на оваа тема, која со своето скормно знаење успешно го брани библискиот став за девственоста на Марија и исто така добро ги разобличува небиблиските догми за вечната девственост на Марија.
 
Sard, решив моите коментари на оваа тема да ги започнам со реплика кон тебе, се разбира само на она што е он-топик на темава.
 
sard
Може ли еден по еден да ги изложите аргументите дека Богородица после Христовото раѓање продолжила со реализиран брачен живот.
 
Како што гледам, на оваа тема се наведени дваесетина библиски цитати кои дирекно и јасно докажуваат дека Марија имала и други синови и ќерки после Исус. Само во постот на Messenger на првата страна имаш десетина стихови кои според мене се доволни да ја затворат дискусијата на оваа тема.
А до сега не видов ниту еден единствен библиски стих од ваша страна кој тврди дека Марија си останала девица до крајот на својот живот.
Во твојот пост видов само еден библиски стих...
 
18 А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.
 
Но сеуште не успеав да одгатнам каде тоа овој стих вели дека Марија немала други деца после Исус. голема%20насмевка

Ако „вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ како тоа Бог толку да ја запостави својата Црква толку долго време да живее во лажни верувања. Како тоа во последните 500 години некои нови толкувања се раширија низ светот спротивни на оние кои беа неприкосновени во првите 1500 години од Христовата проповед. Како тоа пеколот ја доведе Црквата до такви заблуди толку долго време, па сега некои нови „цркви“ открија нови вистини. Не е ли тоа спротивно на пророкувањето дека подоцна со текот на времето ќе се појават нови толкувања кои ќе ги лажат луѓето угодувајќи им на нивните страсти. Така и сите овие нови учење сите до едно се снижување на критериумите што му одговара на острастениот човек.


Цитирај Јас сметам дека доколку еден човек е без предрасуди и недогматизиран од некоја ткн. црква, само еден стих е доволен да докаже дека Марија си имала и други деца после Исус. Од многуте би го издвоил следниов:

Сега ти оформи предрасуда за мене и за Црквата. Која предрасуда всушност и не е лоша. Бидејќи догматизираноста е ВЕРУВАЊЕ во исправноста на веќе некогаш разгледуваните и од Бога потврдените прашања. Таков треба и да биде пристапот на верникот кон Божјите тајни, да верува за да му се отвори смислата на одреденото. Затоа и неверникот не ја сфаќа верата, заради предрасудата на скепсата.

 
Цитирај "Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?" (Матеј 13:55)
 
Во изворниот старогрчки јазик на кој е напишан Новиот Завет, во горниот стих за зборот "браќа" се користи зборот "αδελφός" (adelphos), кој пак води корени од грчкиот збор "δελφυς" (delphus) што значи "утроба", а во контекстов "од иста утроба". Од тука недвосмислено следи дека Јаков, Јосиф, Симон и Јуда биле браќа на Исус од истата утроба на Марија.

Кое толкување е поверодостојно, она кое е временски блиску до моментот на настанот или она кое е временски далеку од моментот на настанот. Како тоа прочита значење различно од значењето на оние кои самите ја канонизирале Библијата. Бидејќи имено истите кои ја канонизирале Библијата ја утврдиле и целоживотната девственост на Дева Марија. Како тоа
денес „исправно“ ги читаат цитатите оние кои  толкуваат значењата, а  погрешно ги толкувале оние кои самите ги напишале текстовите кои се толкуваат.

Цитирај Друг интересен стих е следниов:
 
"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус." (Матеј 1:25)

Во топикот „Како се чита Библијата“ меѓу другото оставив за последните точки да запишам како треба да се чита Библијата и следното гледиште: луѓето кои ги пишувале книгите на Библијата многу од деловите кои ги пишувале не само што не го имале на ум значењето кое Светиот Дух го пренесувал туку често пати кога пишувале имале спротивно мислење од пораката која Светиот Дух преку пишуваното ја испраќа кон верниците. Меѓутоа Светиот Дух не дозволил да дојде до изричито искажување на пишувачот спротивно на Божјата волја. Треба да се знае соработката (синергијата) на Бог и човекот.

Пример прочитајте овде:

18 Чеда, настапи последен час, и како што имате слушнато дека антихристот ќе дојде, еве уште сега се јавија многу антихристи; по тоа знаеме дека е последниот час.

Не ви изгледа ли дека во позадина на напишаното самиот Апостол на Откровениото како да мисли дека Христовото доаѓање е блиску и дека ќе се случи набрзо дури и можеби во текот на нивните животи. „Последниот час“ трае веќе повеќе од 2000 години. Но дали тоа го мислел и Светиот Дух. Така напишаното останало како предупредување, но Духот не дозволил Апостолот иако во себе погрешно мислел изричито погрешно да напише „Антихристот ќе дојде во текот на нашите животи или за еден век“ и слично.
Така и во цитатот

"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус.

На Апостолот не му било се јасно, но Духот не дозволил да стои изричито „и откако го роди својот првороден син и го нарече Исус се доближи до неа“. Посебен пример на некој кој пишувал а не го знаел значењето на напишаното се Давидовите псалми. Давид ги пеел псалмите од чувство на љубов кон Бога и со сигурност може да се тврди дека многу малку или воопшто не наслутувал што всушност Духот зборувал преку неговите псалми.
Кажете ми, ако верувате дека Бог ја пишувал Библијата преку луѓе, зошто Бог за толку важно нешто не напишал децидно за да нема забуни. Штом толку се залагате за оваа тема тоа значи дека ја сметате за многу важна. Како тоа Бог не напишал децидно и дозволил Неговата Црква да живее во заблуда 1500 години. Не запишал бидејќи тоа не било вистина иако на околните не им била јасна длабочината на духовноста на Дева Марија. Како и многу свети луѓе значањето на нечија личност не се открива веднаш туку отпосле. Тоа е многу чест пример кај Православните Светители дури при смртта и веднаш после смртта како и подоцна со времето на околните им стане јасно всушност каков бил пред Бог човекот кој не го сфатиле во текот на неговиот живот. Сите го имаме примерот со Тоше Проески. Така и покрај почитта, целата големина на значењето и светиот живот на Дева Марија не им била јасна на оние кои живееле во нејзиното време. Се открива при нејзиниот премин како и после нејзиното заминување од овој свет.



Цитирај Две работи се интересни тука.
Прво, стихот јасно вели "додека". Доколку Јосиф и Марија никогаш немале односи, тогаш или немаше да го има ова "додека", или пак на негово место ќе стоеше зборот "никогаш". Но не е така, стихот јасно вели дека Јосиф и Марија немале односи ДОДЕКА таа не Го родила Исус, а потоа се разбира си имале (доказ за тоа се браќата и сестрите на Исус намигнување)

Дали некаде си сретнал Бог во Библијата да ги крие работите од читателот. Дали го крие Авраам, Мојсеј или Давид или Јуда, нивните деца со слугинките дури и со други жени, гревовите на нивните деца со нив (Лот) зошто Бог отворено не рекол „после Христос Марија роди и други деца“. Зошто Бог би криел. „Додека“ не го роди Христос Богородица немала односи не се подразбира дека имала после раѓањето. Нели верувате само на напишаното, ако не пишува изричито тогаш речете НЕ ЗНАЕМЕ, не е јасно кажано. А ние Православните ЗНАЕМЕ сигурно бидејќи покрај напишаното во Библијата ние го имаме континуитетот на Црквата и од нејзе пренесената вистина за сите настани до денес. Јадрото на Црквата ги оформува ставовите и не дозволува во него да влезе нешто кое не е согласно на почетниот Дух зачетник и следбеник на Црквата.


Цитирај Друга работа, што веќе беше дискутирана, е тоа дека Исус тука е наречен Првороден. Доколку Јосиф и Марија немале други деца Тој ќе беше наречен ЕДИНСТВЕН, но бидејќи имале, затоа е наречен Првороден.
Првенецот се нагласува како приемач на благословот Божји кој го добива првородениот и поради нагласувањето дека Богородица претходно нема деца. И повторно ваш заклучок, а не нешто кое го пишува. Дали тоа значи дека толкувате, а не читате како што пишува. Па нели велите Библијата не се толкува. Ние Православните тврдиме дека Библијата треба да се толкува и ја толкуваме со Светиот Дух во себе и во откривањата на Светите луѓе како и преку Преданието на Црквата пренесено до нас.
 

Цитирај Во ситуација кога Христијанската наука се шири толку масовно со до денес зачувани 10000 копии на Новиот Завет и со околу 25000 манускрипти тогаш неверојатно е да не се верува на општоприфатените ставови на тогашната Црква од век или два после Апостолите, а да се верува на аргументите на новите верувања кои изричито отфрлаат преданија, а од друга страна тврдат нешто кое го нема во Библијата.
Леле леле какво извртување на тезите. Сега испадна дека ние христијаните со нашите 10-20 библиски цитати тврдиме нешто што го нема во Библијата, а вие православните со единствениот библиски цитат ("ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат"... хммм па тука Марија не се ни спомнува? голема%20насмевка) тврдите нешто што го има во Библијата.

Еден или многу тоа не е битно бидејќи еден дециден стих е појасен од ХХтина нејасни. А во случајот  тоа не е единствен стих бидејќи и на други места Бог објавил дека Црквата никогаш нема да биде прекината до последниот ден. Исто така објавил дека како што ќе тече времето таа ќе се намалува, што значи ќе доживее експанзија па пад. Како Црквата во жижата на ширењето на христијанството да греши, а сега во забеганото и грешно време новите „цркви“ со своите нови учења да се во право.
Сакаш да кажеш дека и покрај силните жртви на христијаните во првите векови и покрај силниот интерес за Христијанското учење изразено во неверојатно големо пишано распространување на христијанското учење и покрај непостоењето на ниедна нормална црква надвор од единствената Католичанска Православна Црква се до 1054, а потоа  само во 2 претенденти се до 15-16 век, тие се цело време грешни, а некои за нас непознати христијани во некои непознати „цркви“ биле оние кои исправно верувале. Ако е така излегува дека пред доаѓањето Христос имал повеќе следбеници отколку отпосле.


 
Цитирај Друго, тие 25.000 манускрипти се делови или цели книги од Новиот Завет, а не од преданијата. Не знам зошто го изнесуваш овој аргумент, кога тој е против догмата дека Марија немала деца после Исус, бидејќи во Новиот Завет го пишува спротивното.

Бидејќи при толку големо ширење на учењето на верата отпаѓа аргументот дека самите луѓе верници не можеле да си прочитаат различно од она кое Црквата им го проповедала, туку читале сите исто и тоа и го оформило ставот на Црквата за Богородица.

 

[QUOTEsard]
sard
Па врз основа на што ќе ги извлечете аргументите.
Библијата.
 
Цитирај
sard
Нашиот став е добиен од преданието, од што го оформувате вашиот став.
Ставот на православните е од преданието.
Ставот на христијаните е од Библијата.

Надвор од умот е дека во толкувањето и откривањето на значењата на Библијата која пак треба да послужи како патоказ на примањето на Христос во себе може да се отфрли преданието. Токму она што сега го правиш Евангелос е формирање на Предание. Токму толкувањето што значат одредени зборови и цитати е ТОЛКУВАЊЕ на Библијата и формирање на ПРЕДАНИЕ. Кој тебе ти кажа што значи
αδελφός ако тоа не беше преданието од некој друг. Само што ние ги пренесуваме сите преданија уште од настанот, а вие протестантите стартувате со пренесување преданија од подоцнежен стартен момент и се што до тој момент е пренесено го отфрлате. Па ги отфрлате сопствените преданија и одново создавате нови.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 05:28
АКО ЈАС ГРЕШАМ ЗА БОГОРОДИЦА ИЛИ АКО ГРЕШЕА ПРЕТХОДНО ПРАВОСЛАВНИТЕ БОГ ЌЕ НИ ДАДЕШЕ ЗНАЦИ ЗА ГРЕВОТ. НАПРОТИВ СИТЕ ВИ СВЕДОЧИМЕ ЗА УБАВИНАТА НА МОЛИТВАТА КОН БОГОРОДИЦА, ЗА БОЖЈИТЕ ЗНАЦИ КОИ ЈА ПОТВРДУВААТ ПОЧЕСТА НА МАЈКАТА БОЖЈА НО ВИЕ НЕ ПРИМАТЕ И ПАК СИ ТЕРАТЕ ПО СУЕТАТА НА СВОЈОТ УМ.
ЕВАНГЕЛОС, ЛОЛИТА ЗОШТО СИ ЗЕМАТЕ ЗА СЛОБОДА ДА КОМЕНТИРАТЕ ЗА ТЕМА КОЈА Е ТОЛКУ ОПАСНО ДУШЕПОГУБНА ЗА ВАС!
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 12:54
sard, ова ти е веќе 3ти или 4ти пост како цитираш некого кој пишувал он-топик, а твојата реплика е оф-топик среќа
Зарем не гледаш дека темава е за тоа Дали Марија имала деца после Исус, а не за цркви, реформации и сл. Ако веќе тврдиш дека се водиш по Библијата, зошто не наведеш еден стих (како што ние наведовме 20тина) каде се вели дека Исус бил единец на Марија и дека таа не родила ниедно дете после Исус? Ако се водеше по Библијата до сега ќе наведеше, но наместо тоа ти ни филозофираш некоја си црковна дeмагогија.
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

"Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?" (Матеј 13:55)
 
Во изворниот старогрчки јазик на кој е напишан Новиот Завет, во горниот стих за зборот "браќа" се користи зборот "αδελφός" (adelphos), кој пак води корени од грчкиот збор "δελφυς" (delphus) што значи "утроба", а во контекстов "од иста утроба". Од тука недвосмислено следи дека Јаков, Јосиф, Симон и Јуда биле браќа на Исус од истата утроба на Марија.

Originally posted by sard sard напиша:

Кое толкување е поверодостојно, она кое е временски блиску до моментот на настанот или она кое е временски далеку од моментот на настанот.
 
Јас погоре воопшто не го толкувам стихот, туку давам појаснување на преводот.
Инаку, поверодостојно толкување е она кое е поблиску до настанот, а тоа се новозаветните книги од 1ви век, а не усните преданија кои доаѓаат со векови подоцна, или пак некои православни мислители од 7век и натака.

 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Друг интересен стих е следниов:
 
"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус." (Матеј 1:25)


Originally posted by sard sard напиша:

Кажете ми, ако верувате дека Бог ја пишувал Библијата преку луѓе, зошто Бог за толку важно нешто не напишал децидно за да нема забуни. Штом толку се залагате за оваа тема тоа значи дека ја сметате за многу важна. Како тоа Бог не напишал децидно и дозволил Неговата Црква да живее во заблуда 1500 години.
 
Sard, повторно ме цитираш, а не зоруваш за цитатот, туку си оф-топик. Ако мислеше на тоа дали Бог напишал дециден цитат во Библијата дека Марија имала и други синови и ќерки, па човече повеќе од 20 цитати ви напишавме, од јасни појасни, и слеп човек да беше ќе ги видеше голема%20насмевка Дури и по име ги пишува браќата на Исус, што сакате повеќе? И број на лични карти од нив? голема%20насмевка
Очигледно некои ткн. цркви не се воделе по Библијата, па затоа и не виделе 20 века. Да не те чуди ова, па ете и муслиманите не се водат по Библијата па и они не признаваат некои толку јасни работи во неа намигнување
 
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Две работи се интересни тука.
Прво, стихот јасно вели "додека". Доколку Јосиф и Марија никогаш немале односи, тогаш или немаше да го има ова "додека", или пак на негово место ќе стоеше зборот "никогаш". Но не е така, стихот јасно вели дека Јосиф и Марија немале односи ДОДЕКА таа не Го родила Исус, а потоа се разбира си имале (доказ за тоа се браќата и сестрите на Исус намигнување)

 
Originally posted by sard sard напиша:

Дали некаде си сретнал Бог во Библијата да ги крие работите од читателот. Дали го крие Авраам, Мојсеј или Давид или Јуда, нивните деца со слугинките дури и со други жени, гревовите на нивните деца со нив (Лот) зошто Бог отворено не рекол „после Христос Марија роди и други деца“. Зошто Бог би криел. „Додека“ не го роди Христос Богородица немала односи не се подразбира дека имала после раѓањето. Нели верувате само на напишаното, ако не пишува изричито тогаш речете НЕ ЗНАЕМЕ, не е јасно кажано.
 
Sard, Бог воопшто НЕ КРИЕЛ дека Марија имала и други деца и тоа го напишал ИЗРИЧИТО наведувајќи ги притоа и ИМИЊАТА на некои од браќата на Христос. ИЗРИЧИТО пишува дека Исус имал и браќа и сестри и незнам зошто се вртиш постојано во круг, какви преданија какви бакрачи, Библијата од јасно појасно го пишува тоа.
 
Originally posted by sard sard напиша:

А ние Православните ЗНАЕМЕ сигурно бидејќи покрај напишаното во Библијата ние го имаме континуитетот на Црквата и од нејзе пренесената вистина за сите настани до денес.
 
Вие немате никаков континуитет, а не сигурно од Апостолите кои се воделе по Библијата. Вие не се водите по Библијата, туку само по преданието. Да се водевте по Библијата оваа тема ќе имаше само 2 страни намигнување

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Друга работа, што веќе беше дискутирана, е тоа дека Исус тука е наречен Првороден. Доколку Јосиф и Марија немале други деца Тој ќе беше наречен ЕДИНСТВЕН, но бидејќи имале, затоа е наречен Првороден.
 
Originally posted by sard sard напиша:

Првенецот се нагласува како приемач на благословот Божји кој го добива првородениот и поради нагласувањето дека Богородица претходно нема деца. И повторно ваш заклучок, а не нешто кое го пишува.
 
хаха, јас сум толкувал кога велам дека првороденец значи прв роден, а ти не толкуваш кога велиш дека првороденец значи примач на благословот Божји.
А зошто повторно не го напишеш и примерот со синот на Фараонот кој покрај тоа што бил провороден  бил и единец а? голема%20насмевка
Или откако ја разобличив твојата ЛАГА дека никаде не пишува дека фараоновиот син бил единец, па сега не милуваш да го земаш за пример.
 
Сард запомни, ако Исус беше единец на Марија, во Библијата ќе го пишуваше тоа, но бидејќи не бил единец, затоа и во Библијата ИЗРИЧИТО пишува дека Исус имал и браќа и сестри и ги наведува некои од нив и по име.


Изменето од EvAngelos - 26.Јануари.2008 во 12:58
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 14:36
Цитирај
sard, ова ти е веќе 3ти или 4ти пост како цитираш некого кој пишувал он-топик, а твојата реплика е оф-топик среќа
Зарем не гледаш дека темава е за тоа Дали Марија имала деца после Исус, а не за цркви, реформации и сл. Ако веќе тврдиш дека се водиш по Библијата, зошто не наведеш еден стих (како што ние наведовме 20тина) каде се вели дека Исус бил единец на Марија и дека таа не родила ниедно дете после Исус? Ако се водеше по Библијата до сега ќе наведеше, но наместо тоа ти ни филозофираш некоја си црковна дeмагогија.

Јас тврдам дека Библијата не е децидна и соодветно на она кое го учи моето верување имам право да се повикувам на преданието. Така што немам нужност да наведам категоричен цитат ако го нема. Додека вие тврдите нешто кое не го пишува, извлекувате заклучоци кои ги нема во Библијата. Извлекувате заклучок, а не смеете да го правите според своето учење бидејќи тврдите Библијата нема потреба да се толкува, таа самата се објавува. А преданието кое кажува за животот на Марија, не сакате да го признаете затоа што не смеете, тоа не оди во прилог на измислиците.
 
Цитирај "Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?" (Матеј 13:55)
 
Во изворниот старогрчки јазик на кој е напишан Новиот Завет, во горниот стих за зборот "браќа" се користи зборот "αδελφός" (adelphos), кој пак води корени од грчкиот збор "δελφυς" (delphus) што значи "утроба", а во контекстов "од иста утроба". Од тука недвосмислено следи дека Јаков, Јосиф, Симон и Јуда биле браќа на Исус од истата утроба на Марија.

сард
Кое толкување е поверодостојно, она кое е временски блиску до моментот на настанот или она кое е временски далеку од моментот на настанот.
 
Цитирај Јас погоре воопшто не го толкувам стихот, туку давам појаснување на преводот.

А од каде научи за значењето на преводот ако тоа не ти го пренесе некој друг човек

Цитирај Инаку, поверодостојно толкување е она кое е поблиску до настанот, а тоа се новозаветните книги од 1ви век, а не усните преданија кои доаѓаат со векови подоцна, или пак некои православни мислители од 7век и натака.

За девствениот живот на Богородица стои уште од почетокот. Можеби има и документи на верниците кои пишуваат за тоа, но несомнено веќе на Првиот Вселенски Собор тоа е и потврдено во самиот Символ на Верата. Патем на истиот Собор се канонизирани книгите на денешниот Нов Завет. Па како оние кои го одредиле Новиот Завет истовремено погрешно го толкувале.

 
Цитирај Друг интересен стих е следниов:
"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус." (Матеј 1:25)


sard
Кажете ми, ако верувате дека Бог ја пишувал Библијата преку луѓе, зошто Бог за толку важно нешто не напишал децидно за да нема забуни. Штом толку се залагате за оваа тема тоа значи дека ја сметате за многу важна. Како тоа Бог не напишал децидно и дозволил Неговата Црква да живее во заблуда 1500 години.
 
Цитирај Sard, повторно ме цитираш, а не зоруваш за цитатот, туку си оф-топик. Ако мислеше на тоа дали Бог напишал дециден цитат во Библијата дека Марија имала и други синови и ќерки, па човече повеќе од 20 цитати ви напишавме, од јасни појасни, и слеп човек да беше ќе ги видеше голема%20насмевка Дури и по име ги пишува браќата на Исус, што сакате повеќе? И број на лични карти од нив? голема%20насмевка
Очигледно некои ткн. цркви не се воделе по Библијата, па затоа и не виделе 20 века. Да не те чуди ова, па ете и муслиманите не се водат по Библијата па и они не признаваат некои толку јасни работи во неа намигнување

Во тие цитати пишува Христови браќа и сестри, но никаде не пишува родени од Богородица. Зошто тогаш не стои како што веќе ти пишав: „после Христос Богородица имаше и други деца“ или „роди и други синови и ќерки покрај Богочовекот“. Не пишува бидејќи немало, ниту пак можело да има. Бог избрал личност со живот посветен кон Него, а не личност посветена на брачен живот со друг човек, па патем меѓу другите деца вметнал и свое. Прости ми Господи... Не знаете како повеќе да згрешите... Личноста удостоена со страшна и невидена чест ја третирате како инкубатор на Бог привремено употребен па фрлен...

 
Цитирај Две работи се интересни тука.
Прво, стихот јасно вели "додека". Доколку Јосиф и Марија никогаш немале односи, тогаш или немаше да го има ова "додека", или пак на негово место ќе стоеше зборот "никогаш". Но не е така, стихот јасно вели дека Јосиф и Марија немале односи ДОДЕКА таа не Го родила Исус, а потоа се разбира си имале (доказ за тоа се браќата и сестрите на Исус намигнување)
 
sard
Дали некаде си сретнал Бог во Библијата да ги крие работите од читателот. Дали го крие Авраам, Мојсеј или Давид или Јуда, нивните деца со слугинките дури и со други жени, гревовите на нивните деца со нив (Лот) зошто Бог отворено не рекол „после Христос Марија роди и други деца“. Зошто Бог би криел. „Додека“ не го роди Христос Богородица немала односи не се подразбира дека имала после раѓањето. Нели верувате само на напишаното, ако не пишува изричито тогаш речете НЕ ЗНАЕМЕ, не е јасно кажано.
 
Sard, Бог воопшто НЕ КРИЕЛ дека Марија имала и други деца и тоа го напишал ИЗРИЧИТО наведувајќи ги притоа и ИМИЊАТА на некои од браќата на Христос. ИЗРИЧИТО пишува дека Исус имал и браќа и сестри и незнам зошто се вртиш постојано во круг, какви преданија какви бакрачи, Библијата од јасно појасно го пишува тоа.

Пишува дека имал браќа и сестри, но не дека тие се РОДЕНИ од Богородица, туку негови роднини братучеди кои во тоа време се нарекувани браќа и сестри.

Цитирај
sard
А ние Православните ЗНАЕМЕ сигурно бидејќи покрај напишаното во Библијата ние го имаме континуитетот на Црквата и од нејзе пренесената вистина за сите настани до денес.
Вие немате никаков континуитет, а не сигурно од Апостолите кои се воделе по Библијата. Вие не се водите по Библијата, туку само по преданието. Да се водевте по Библијата оваа тема ќе имаше само 2 страни намигнување

Ова е тврдење. Докажи дека немаме континуитет, а ние можеме да ти го докажеме континуитет. МПЦ има евиденција за преносот на Христовиот благослов од епископ на епископ веќе за над 1000 години.
Види овде http://macbro.org/MK/istorija/Crkva/crkva.htm
А ако се изучува веројатно комплетно би се поврзал континуитетот до времето на добивањето на Господовиот благослов. Други посилно организирани Цркви веројатно и комплетно можат да го покажат преносот на свештеничкиот благослов.
Покажи ти континуитет на идентитетот на твоето Христово учење барем 150 години ако можеш. Кои се твоите претходници кои ти ја пренесле Христовата вера на начин како што веруваш.


Цитирај Друга работа, што веќе беше дискутирана, е тоа дека Исус тука е наречен Првороден. Доколку Јосиф и Марија немале други деца Тој ќе беше наречен ЕДИНСТВЕН, но бидејќи имале, затоа е наречен Првороден.
 
sard
Првенецот се нагласува како приемач на благословот Божји кој го добива првородениот и поради нагласувањето дека Богородица претходно нема деца. И повторно ваш заклучок, а не нешто кое го пишува.
 
хаха, јас сум толкувал кога велам дека првороденец значи прв роден, а ти не толкуваш кога велиш дека првороденец значи примач на благословот Божји.
А зошто повторно не го напишеш и примерот со синот на Фараонот кој покрај тоа што бил провороден  бил и единец а? голема%20насмевка
Или откако ја разобличив твојата ЛАГА дека никаде не пишува дека фараоновиот син бил единец, па сега не милуваш да го земаш за пример.

Ние православните тврдиме дека треба да се толкува и да се користат дообјаснувањата на преданијата пренесени од Црквата и чувани од Светиот Дух при разбирањето на Библијата. Така што кога јас толкувам јас сум логички доследен на своето учење. Меѓутоа ти кога толкуваш правиш противречност на презумпцијата дека Библијата нема потреба од толкување и дообјаснувања со надворешни информации (што е апсурдно). Самата противречност едно се отфрла, а истовремено се користи отфрленото, ја покажува недоследноста на учењето, што е секогаш присутно кај сите лажни учења, па и кај исламот како и кај протестантизмот.
 
Цитирај Сард запомни,
ако Исус беше единец на Марија, во Библијата ќе го пишуваше тоа, но бидејќи не бил единец, затоа и во Библијата ИЗРИЧИТО пишува дека Исус имал и браќа и сестри и ги наведува некои од нив и по име.

Не постои ниту едно ИЗРИЧИТО место каде Христос вели „Јас сум Бог“, дали тоа значи дека не бил. Но од напишаното, стореното и кажаното недвосмислено ТОЛКУВАМЕ и СФАЌАМЕ дека бил.
Ако фактот се подразбира, Бог најчесто не објаснува, туку ако луѓето имаат љубов кон вистината тоа самите треба да го СФАТАТ. Така и за девственоста на Дева Марија. Дали треба да се пишува за она кое е јасно дека после осенувањето со Светиот Дух Богородица не живее под силата на првородниот грев. Зарем ниеден од нејзините синови не ја сакал Богородица, па ја оставиле да живее „мајка им“ со толку добар карактер да биде згрижена од друг човек. Зарем „браќата и сестрите“ не поверувале, само Богородица „поверувала“ во нејзиниот син, па ги оставила своите синови и ќерки заради тоа. Ако тоа таа го сторила тогаш ајде да ги оставиме сите свои блиски кои се неверници.
Или се е разбирливо и складно дека како што денес има девојки кои го оставаат брачниот живот и му се посветуваат на Бог, дотолку повеќе така живеела жената која безгрешно Го родила Богочовечкиот Син.


Изменето од sard - 26.Јануари.2008 во 14:41
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 15:38
Originally posted by sard sard напиша:

Јас тврдам дека Библијата не е децидна и соодветно на она кое го учи моето верување имам право да се повикувам на преданието.
 
Значи според тебе, Божјиот Збор (Библијата) не е дециден, а Човечкиот Збор (преданието) е дециден.
ц ц ц ц, покај се мил пријателе додека имаш време. 
 
Originally posted by sard sard напиша:

Така што немам нужност да наведам категоричен цитат ако го нема. Додека вие тврдите нешто кое не го пишува, извлекувате заклучоци кои ги нема во Библијата.
 
Мило ми е што призна дека во Библијата нема категоричен став за твојата догма.
А тоа што ние христијаните го тврдиме и те како го пишува во Библијата. Еве ти само неколку примери:
 
"Не е ли Овој син на дрводелецот? Мајка Му не ли се вика Марија, а Неговите браќа: Јаков, Јосиф, Симон и Јуда? И Неговите сестри не се ли сите со нас?"
(Матеј 13:55)
 
"Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.”
(Матеј 12:46-50)
 
"А некој друг од апостолите не видов, освен Јаков, братот Господов."
(Галатјаните 1:19)
 
"Зашто ни Неговите браќа не веруваа во Него."
(Јован 7:5)
 
"Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена. "
(Јован 2:12)
 
"Тогаш Неговите браќа Му рекоа: „Замини оттука и оди во Јудеја, та и Твоите ученици да ги видат делата, што ги вршиш;"
(Јован 7:3)
 
"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус."
(Матеј 1:25)
 
"И кога влегоа во куќата, се искачија во горната одаја, каде живееја: Петар и Јован, Јаков и Анрдеј, Филип и Тома, Вартоломеј и Матеј, Јаков Алфеев и Симон Зилот, и Јакововиот брат Јуда. Сите овие еднодушно и постојано беа во молитва, заедно со некои жени и со Марија, Исусовата мајка, и со Неговите браќа."
(Дела 1:13,14)
 
А кој е вашиот библиски стих дека Марија немала деца после Исус?
Овој ли:
Originally posted by sard sard напиша:


18 А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат.

голема%20насмевка
 
Originally posted by sard sard напиша:

За девствениот живот на Богородица стои уште од почетокот. Можеби има и документи на верниците кои пишуваат за тоа, но несомнено веќе на Првиот Вселенски Собор тоа е и потврдено во самиот Символ на Верата.
 
Не е точно! Во символот на верата пишува дека Исус се отелотворил преку Светиот Дух и девицата Марија и станал човек. Но тоа се однесува за раѓањето на Исус, и не вели дека Марија и потоа останала девица.
 
Originally posted by sard sard напиша:

Во тие цитати пишува Христови браќа и сестри, но никаде не пишува родени од Богородица.
 
Хехехе да си жив и здрав сарде ме насмеа. Како може да се браќа и сестри на Исус, а да не се родени од Марија? Ако тие биле од друга некоја жена на Јосиф тогаш тие би биле полубраќа.
Во Црна Гора за братучеди велат браќа, но ниту Јосиф, ниту Марија не биле црногорци, туку евреи голема%20насмевка а кај евреите зборот "браќа" ("αδελφός" - adelphos) води корени од грчкиот збор "δελφυς" (delphus) што значи "утроба", а во контекстов "од иста утроба". Од тука недвосмислено следи дека Јаков, Јосиф, Симон и Јуда биле браќа на Исус од истата утроба на Марија. намигнување
 
Originally posted by sard sard напиша:

Ние православните тврдиме дека треба да се толкува и да се користат дообјаснувањата на преданијата пренесени од Црквата и чувани од Светиот Дух при разбирањето на Библијата.
 
Ако на вас православните преданијата ви ја толкуваат Библијата, тогаш кој ви ги толкува преданијата? голема%20насмевка


Изменето од EvAngelos - 26.Јануари.2008 во 15:40
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 17:09
Она кое како христијанин бев поттикнат и должен да го кажам го кажав. Нема повеќе да коментирам за да не ве предизвикувам и да не бидам виновен за уште повеќе да грешите. Од тука натаму Бог Самиот ќе се погрижи за кажаните зборови за личноста на Богородица.
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 17:20
Ти сарде го кажа тоа што имаше да го кажеш не како христијанин, туку како православен согласно твоите свети преданија и догмите на православна црква.
Јас го кажав тоа што имав да го кажам како христијанин, согласно Божјиот Збор - Библијата, и согласно Мојот Господ и Учител - Исус Христос, чии учења се запишани во таа Света Книга.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
sard Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Октомври.2005
Локација: Прилеп
Статус: Офлајн
Поени: 1440
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sard Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2008 во 22:18
Господ нека пресуди...
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2008 во 02:37

АМИН голема%20насмевка

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2008 во 12:08
не ми се верува колку добар христијанин е сард што се осмелил да ви реплицира на оваа тема (фала Богу сте го смениле и насловот, ама не и вашиот изопачен ум кој незнае да почитува свети), јас лично никогаш не би се осмелила да размислувам на ова ирелевантно прашање
и друго што е многу важно а треба да го знаете
неможе Евангелос никогаш да го разбере сард и таквите како сард само затоа што не ја доживува Богородица како што ја доживуваат православните и католиците

вашата сестра по вера Евангелос за нас православните е нешто повеќе од тоа, нешто што ти никогаш нема да го разбереш
и затоа ве разбирам тебе и Лолита кои немате друга попаметна работа отколку да отварате вакви глупави теми

и затоа подобро ќе биде да ја затворите темата лутина
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2008 во 12:36
Originally posted by connected connected напиша:

фала Богу сте го смениле и насловот, ама не и вашиот изопачен ум кој незнае да почитува свети
 
connected, воопшто не барам да ми се извиниш за навредата, но би те замолил, ако имаш време, да ги разгледаш моите постови на оваа тема и да ме цитираш каде тоа јас сум ја навредил Марија на оваа тема.
Се надевам дека навредата ти беше основана и дека ќе го направиш тоа.
 
Originally posted by connected connected напиша:

 јас лично никогаш не би се осмелила да размислувам на ова ирелевантно прашање

Зошто не би се осмелила? Забрането ти е да размислуваш на ова прашање?
Ирелевантно е дали човек ќе појадува бурек со сирење или пица бурек и сметам дека секој може да се осмели да размисли околу овој избор кога ќе влезе во бурекџилница, но не знам зошто ти не се осмелуваш да размислуваш околу ова прашање.
 
Originally posted by connected connected напиша:

и друго што е многу важно а треба да го знаете
неможе Евангелос никогаш да го разбере сард и таквите како сард само затоа што не ја доживува Богородица како што ја доживуваат православните и католиците

Тука си во право. Јас ја доживувам Марија онака како што ја презентира Божјиот Збор - Библијата, како моја блажена и благословена сестра по вера, додека сард, православните и католиците ја доживуваат Марија онака  како што им ја презентираат преданијата, како една општа Мајка за сите (и се обраќаат со Мајко), вечна девица, пославна од херувимите, најголема меѓу луѓето (дури и од Јован Крстител за кој Христос рече дека нема поголем човек од него), безгрешна, беспрекорна, спасителка (т.е. ко-спасителка заедно со Христос), слушателка на молитви итн итн.

Originally posted by connected connected напиша:

вашата сестра по вера Евангелос за нас православните е нешто повеќе од тоа, нешто што ти никогаш нема да го разбереш
и затоа ве разбирам тебе и Лолита кои немате друга попаметна работа отколку да отварате вакви глупави теми
 
conneced, јас можеби тебе не те разбирам и не разбирам како ти ја доживуваш Марија бидејќи досега само оф-топик пишуваш на темава и немаш храброст да го напишеш и твојот став (особено не аргументирано), а православните и католиците сосема ги разбирам како тие ја доживуваат Марија, сум џвакал доста на ова прашање, верувам дека подобро и од тебе ги разбирам православните како тие ја доживуваат Марија намигнување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.